Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 14 Vote(s) - 3.07 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Стевче Јакимовски пристапи во СДСМ
Author Message
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#38

(25-01-2010, 09:07 AM)Владимир Wrote: Нема место за македонското знаме, а има место за џамии накај Нерези.А нели во државава имаше закон за ваквите, закон со кој негацијата на македонското знаме и идентитет се сметаат за кривично дело?!Или пак и овие од Влада (како и овој) не знаат кои закони ги има во Македонија??


Stevche treba pod itno da se apsi. Ovaa e voved edna mnogu opasna igra.



Quote:ВЛАДИНИТЕ ЈАРБОЛИ НЕПОЖЕЛНИ ВО КАРПОШ?

Знамето страда во партиска војна
Тони Ангеловски

Повеќе од една недела траат расправиите за поставувањето на јарболот со државното знаме меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ преку градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски и Владата, поддржувани секој со своја група граѓани. Јакимовски, како тазе кадар на СДСМ, со поддршка од група граѓани се спротивставува на упорните обиди за поставување на јарболот со образложение дека со тоа се уништуваат жардиниерите со темјанушки. Од друга страна, исто така, група граѓани протестираа против таквото однесување на градоначалникот. При тоа, во неколку пригоди се случи опасно кревање на тензијата меѓу двете групи. Јарболот со државното знаме што треба да се постави пред трговскиот центар „Лептокарија“ е идентичен со тие што се веќе поставени или се поставуваат во повеќето општини низ земјава. Но, Јакимовски не дозволува поставување на јарболот со образложение дека за тоа не постои градежна дозвола. Партијата ВМРО-ДПМНЕ, пак, на вчерашната конференција за печат повторно го нападна Јакимовски за неговото, како што велат, срамно однесување и објави дека до сега јарболи со државното знаме се поставени во Јажинце, Тетово, Сарај, Чаир, Охрид, Куманово, Битола, Штип, Прилеп, Центар, Аеродром, а во тек е поставувањето на државните знамиња и во општините Зајас, Струга и Маврово-Ростуше.- Јакимовски е единствениот градоначалник што се спротивставува на поставувањето јарболи со државното знаме. Ниту еден од овие градоначалници немаше ништо против поставувањето на македонското знаме во своите општини. Тој е единствениот што од поставувањето на јарболот за државното знаме се обидува да прави политика. Срамен и понижувачки е ваквиот однос на еден градоначалник кон сопственото државно знаме - вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.Celiot tekst
25-01-2010, 06:05 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Стевче Јакимовски пристапи во СДСМ - by mara-popara - 25-01-2010, 06:05 PM