Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 9 Vote(s) - 3.78 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОЛКУ ЧИНИ СТРУЧЊАКОТ И "СТРУЧНОТО" МИСЛЕЊЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,363
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

(10-03-2011, 09:41 PM)Makedonec Wrote: Е ај бе Јордане кажи дали Мирка овојпат не беше во право за се што кажа???


Зависи како гледаш на изјавата на Мирка. Мое мислење е вадење нож на мртов германец.
Фоуере си замина. За Фоуере требаше да се пишува додека беше тука. Требаше да се пишува за онаа што ке предизвикаше ефект во ушите на евроинституциите и европарламентарците.

Изјавите за Рикер. Тие сега му се светат на САД преку Рикер за понижувањето кое по Грујовото мислење го доживеал Груица при посетата на САД.

Грујо мислел со Xилари ке зборува како со Ставревски или Јанакиевски...Таму те примаат со почест а те испраќаат по умот кој ке го покажеш во времето предвидено за посета
(This post was last modified: 11-03-2011, 01:38 AM by ЈорданПетровски.)
11-03-2011, 01:37 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,363
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22



Quote:САД е доследна, името решете го сами

Американската политика е непроменета и ниту еден американски официјален претставник не влијае како да се реши прашањето со името, изјавил портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер, на редовниот брифинг во Вашингтон

[Image: marktoner1.jpg]

Марк онер - Стејт департмент

Оваа изјава се доведува во врска со наводите на Ристо Никовски, член на Советот за меѓународни односи на претседателот Ѓорге Иванов, дека сегашната администрација на САД, за разлика од претходната на Џорџ Буш, има поцврста линија и притиска за промена на името, или во спротивно Македонија нема да влезе во НАТО.

- Американската политика е многу доследна и смета дека до Македонија и до Грција е да ги решат нивните разлики за прашањето за името. Ги поттикнавме двете страни да бараат можности да тргнат напред. Ниту амбасадорот Рикер, ниту кој и да е друг американски официјален претставник никогаш не се обидел да диктира како треба да го сторат тоа - изјавил Тонер.

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во врска со оцените на амбасадорот Никовски деновиве изјави дека секој поединец има право на сопствено мислење и дека ориентација на владата е стратегиско партнерство со САД.
11-03-2011, 01:06 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#23

(08-03-2011, 11:17 PM)acko Wrote: Мене ова многу оркестрирано ми делува, посебно по млаките реакции на власта. Сите луѓе што распалија по ’западните’ дипломите се повеќе или помалку блиску до власта... Луѓето и државите до кои е пратена пораката не се мутави, па Груевски да ги мафтосува со фрази дека има слобода на мислење и секој си кажува што мисли. Секој кажува што мисли, но секој треба да си понесе одговорност за кажаното, а одговорност треба да понесат и институциите за кои работат овие, како што е институцијата Претседател и неформалните соработници на власта. А, од таму немавме скоро никакви сериозни деманти.

Кога веќе се зборува за предавници, странски платеници, соработници на странски држави и служби, мене ме интересира какви се контактите на Никовски со Русија? Зошто сите бараат платеници на западните држави, а никој не побара источни? На кого му одговараат вакви работи кои што се против ’западњаците’?

П.С. Како се станува експерт со тапија за ’идентитетски прашања’ од типот на Никовски? Зошто неговото тврдење за тоа што е штетно, а што не за македонскиот идентитет мора да биде вистинито?

Новинарите , потписници на писмото, се гласници на политичкиот курс на власта. Никола Младенов во наслов на својата најнова колумна го потврдува тоа: Времето за рок-енд-рол заврши,Груевски командува казачокIcon_surprised

11-03-2011, 02:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,363
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24

(11-03-2011, 02:06 PM)hristo Wrote: Новинарите , потписници на писмото, се гласници на политичкиот курс на власта. Никола Младенов во наслов на својата најнова колумна го потврдува тоа: Времето за рок-енд-рол заврши,Груевски командува казачокIcon_surprised


Јордан Петровски: Груевски заради сопствената величина го откажа ужичкото и го заигра казачокот. Во емисијата кај Јанко тој даде една многу силна изјава. На прашањето зошто Русите праваѕ промената на трасата на гасоводот Јужен Тек и тој сега КЕ поминува низа Македонија тој како причина за промената на трасата било БАРАЊЕТО НА ВЛАДАТА НА ГРУЈО.

Чујте ја изјавата 1 час и 36 минути



11-03-2011, 02:31 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#25

(11-03-2011, 02:31 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(11-03-2011, 02:06 PM)hristo Wrote: Новинарите , потписници на писмото, се гласници на политичкиот курс на власта. Никола Младенов во наслов на својата најнова колумна го потврдува тоа: Времето за рок-енд-рол заврши,Груевски командува казачокIcon_surprised


Јордан Петровски: Груевски заради сопствената величина го откажа ужичкото и го заигра казачокот. Во емисијата кај Јанко тој даде една многу силна изјава. На прашањето зошто Русите праваѕ промената на трасата на гасоводот Јужен Тек и тој сега КЕ поминува низа Македонија тој како причина за промената на трасата било БАРАЊЕТО НА ВЛАДАТА НА ГРУЈО.

Чујте ја изјавата 1 час и 36 минути




Па нели, ужичкото оро и казачок се играат заедно? Од кога почнаа да се делатSmajlitoSmajlitoSmajlito
11-03-2011, 05:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,363
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26



Quote:Пофалба на хипокризијата


„Гревот“ на Никовски е што како колумнист и пензионер не бил дипломат, т.е. не зборувал со Езопов јазик, туку без ракавици, и што наводно ги навредил нашите пријатели во Европа и во САД. Прогресивната јавност повеќе се шокира од тоа што Никовски го напиша, отколку што Стејт департментот реагираше на колумна


Повторно дилема! Која тема е поважна: говорот на омраза, говорењето вистина или лагата и хипокризијата? Говорот на омраза е тема што, за жал, станува актуелна пред и за време на избори, кога секој со прст покажува на другиот, но никогаш не помислува на сопствената реторика и пораки што ги испраќа во јавноста. Ова е доволна причина за загриженост. Но еднакво ме мачи и тоа што некои луѓе немаат „стомак“ за вистината. Таа ги боли, а тие се фини и претпочитаат куртоазија, иако знаат дека сето тоа е дел на една проѕирна претстава. Говорот на омраза, за жал, не е само локален, наш, туку глобален феномен. Неодамнешниот масакр во Тусон (Аризона) покажаа дека говорот на омраза не е само фактичка злоупотреба на слободата на говорот, туку е и специфичен (вербален) акт на насилство. А чекорот до фактичкото насилство е многу мал. Во ситуација на безидејност и/или отсуство на вистински алтернативи за проблемите, политичарите посегнуваат по докажано ефикасно средство за политичка комуникација, а тоа е емоционализацијата на политичкиот говор. Ако на оние што се несреќни или исплашени им се понуди „легитимна цел“ за напад (т.е. непријател), тие се будат од апатијата и политички се мобилизираат. Проблемот е во тоа што тие што користат говор на омраза и не мора да веруваат во тоа што го говорат, но врз нивната публика тоа има поинаков ефект. Таа понекогаш се чувствува „повикано“ да дејствува (од страв или од омраза, или парадоксално - од љубов кон вредности за кои и се вели дека се загрозени). Малкумина од оние што говорат помислуваат на сопствената одговорност или на тоа дека нивните „стилски фигури“ некој може да ги сфати буквално и да постапи според нив. Говорот на омраза често погрешно се поистоветува со отсуството на политичка култура или непристојниот, вулгарен и навредлив говор на јавна/политичка сцена. Ваквиот говор кај нас е дури и „нормален“, вообичаен. Го употребуваат и политичарите и медиумите и јавните личности, па дури и свештените лица. Она што говорот на омраза го одделува од „обичниот“ вулгарен политички речник е имплицитниот или експлицитниот повик за отстранување на оние што се стигматизираат како изроди, предавници, корумпирани или крадци (терминологијата и етикетите зависат од случај до случај - заедничко е тоа што „другите“ се посочуваат како непријатели кон „нашите“ вредности и виновници за „нашата“ несреќа).

Кај оние што претендираат дека се интелектуална елита, хипокризијата е многу попожелен, па и доминантен облик на јавна (па и приватна) комуникација. Таа креира параметри на политичка коректност, па дури и да се претвори во автоцензура. На вакво размислување поттикнува т.н. случај „Никовски“, кој ја разбранува јавноста, и како цунами стигна до Вашингтон. Дека колумништвото не е така наивна работа сум го искусила одамна, уште кога некој науми да ме исфрли од Хелсиншкиот комитет, а неодамна се повтори во вид на дисквалификации од колеги-професори, и тоа поради став искажан во колумна. Сум видела како најголемите волтеријанци се претвораат во одмаздливи ликови, само ако бидат допрени во болната точка или ако се препознаат во некој збор, дури и кога воопшто не биле инспирација за кажаното. Од бескомпромисни борци за демократија, човекови права и слобода на говор се претвораат во службеници на „Министерството на вистината“. Според Орвел, во време на општа измама кажувањето на вистината е револуционерен чин. Но „шокантноста“ на толку цитираната колумна на колегата (колумнист) се открива во фактот што станува збор за дипломат во пензија и за (сега веќе бивш) член на Советот за меѓународни односи на претседателот. Од аспект на неговата втора функција до некаде би разбрала ако неговиот „шеф“ од Водно се возбудеше и му ги истегнеше ушите. Но да му го одземете правото на пензиониран дипломат да пишува во свое име и да изнесува сопствени ставови ми се чини претерано! Сомневањата одат дотаму што врвен дипломат (а такви имаме многу малку) се смета за гласноговорник на политичките центри на моќ, па дури и за „спијач“ (во разузнавачки жаргон). Никој не се скандализира што проф. Мухиќ, во времето кога беше советник на претходниот претседател, имаше (и сé уште има) цврст став по однос на прашањето за непроменливост на името. Неговото објаснување беше дека своите ставови му ги изложил на тогашниот претседател, кој, пак, ги отфрлил идеите на советникот како неприфатливи. „Гревот“ на Никовски е што како колумнист и пензионер не бил дипломат, т.е. не зборувал со Езопов јазик, туку без ракавици, и што наводно ги навредил нашите пријатели во Европа и во САД. Прогресивната јавност повеќе се шокира од тоа што Никовски го напиша (без оглед дали е вистина или не, без оглед дали има слобода на говор), отколку што Стејт департментот реагираше на колумна (!?). Дисциплината на кичмата зела толкав замав што се смета дека сите треба да бидеме дипломати, да пазиме што и како зборуваме, а хипокризијата станала национална дисциплина. Знаеме дека во колумната има голема вистина, ама не било згодно да ја кажуваме гласно. Треба да шепотиме и „газиме по јајца“ од страв да не ја загубиле наклонетоста. Ако од нешто ми се преврте утробата, беше притисокот врз Никовски јавно да „признае“ колку добрини сме виделе, особено од Америте. Рефренот „Тенкју Америка“ е срамно ехо на понижувачкиот чин од ноември 2004-та, кога организирано се славеше признавањето на уставното име од страна на САД. Ни тогаш, а ни сега мислам дека некому треба(ше) да му пееме на плоштад во знак на благодарност што ни „признава“ нешто што е инхерентно природно право (според сите меѓународни норми), а уште помалку кога тоа име го користи само кога ни бара војници за Авганистан. Во однос на Фуере (со кого не се поздравив затоа што не бев меѓу поканетите на прием на кој беше дури и Груби) и јас напишав колумна во 2006 година. Опишав сцена во која јас и Исо Руси, среде лето, во 8.30 наутро, бевме на „пеглање“ поради критичките ставови во постизборниот извештај на Хелсиншкиот комитет, во кој се констатира замешателството во формирањето на владината коалиција. „Состанокот“ траеше многу кратко, затоа што не дозволивме да нé третираат со методи на некаков западнодемократски Це-Ка, но нема да го заборавам зацрвенетото од бес лице на Фуере, кој замина - без поздрав. Во пристојни земји, граѓаните не се заморуваат со имињата ни на своите политичари, а не пак со странски амбасадори. Но ние им дозволуваме да нé третираат небаре магариња, кои чекаат или стап или морков, виновни сме што ги помакедончуваме и пред нив се однесуваме со страхопочит, па дури и буренца со вино им местиме само да бидат задоволни и да кажат некој добар збор во Брисел/Вашингтон. Бах, авторот на „Галебот Џонатан Ливингстон“, вели дека најлоши се лагите што си ги кажуваме самите себеси. Поради нив живееме во одрекување на она што го чиниме, или дури и на она што го мислиме. Сега чекам реакции од „меѓународната“, разузнавачите, политички коректните... Дали сум и јас „спијач“, нечиј гласноговорник, или само некој што не е лицемер?

Авторката е универзитетски професор

Автор: Билјана Ванковска
14-03-2011, 02:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,363
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27



Quote:Кој е Вашиот став за големиот наплив на кампањи против европските институции и нивните претставници?

Павле Трајанов : Анти-европските ставови како и нападите кон дипломатските претставници на САД, и покрај тоа што се ставови на поединци или групи, се загрижувачки и спротивни на нашите стратешки определби и цели. Ние го респектираме секој искажан став, но исто така имаме полно право да искажеме несогласување, затоа што сметаме дека во меѓународните релации многу тешко се создаваат пријатели, а лесно се губат. ДС не се сложува со ставовите на самопрогласените интелектуалци „дека постои меѓународен заговор против Македонија, дека сите се против нас и дека за тешките економски и други состојби се одговорни другите, а не ние“. Тие што се убедуваат да ја амнестираат власта за некои евидентни слабости во државата ни прават лоши услуги и ваквите ставови е повеќе од сигурно дека ќе имаат негативни последици за Македонија. Нашите стратешки партнери, пред се САД, ја признаа Република Македонија под уставното име, вложија многу во јакнењето на демократските институции, во реформите во одбраната, како и јакнење на самостојноста и независноста на Македонија.
14-03-2011, 02:20 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#28

(14-03-2011, 02:20 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Кој е Вашиот став за големиот наплив на кампањи против европските институции и нивните претставници?

Павле Трајанов : Анти-европските ставови како и нападите кон дипломатските претставници на САД, и покрај тоа што се ставови на поединци или групи, се загрижувачки и спротивни на нашите стратешки определби и цели. Ние го респектираме секој искажан став, но исто така имаме полно право да искажеме несогласување, затоа што сметаме дека во меѓународните релации многу тешко се создаваат пријатели, а лесно се губат. ДС не се сложува со ставовите на самопрогласените интелектуалци „дека постои меѓународен заговор против Македонија, дека сите се против нас и дека за тешките економски и други состојби се одговорни другите, а не ние“. Тие што се убедуваат да ја амнестираат власта за некои евидентни слабости во државата ни прават лоши услуги и ваквите ставови е повеќе од сигурно дека ќе имаат негативни последици за Македонија. Нашите стратешки партнери, пред се САД, ја признаа Република Македонија под уставното име, вложија многу во јакнењето на демократските институции, во реформите во одбраната, како и јакнење на самостојноста и независноста на Македонија.

Павле се враќа кон матицата. Мислам дека дефинитивно покажува откажување на лојаност кон коалициониот партнер.
14-03-2011, 03:46 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#29

(14-03-2011, 02:06 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Пофалба на хипокризијата

Говорот на омраза, за жал, не е само локален, наш, туку глобален феномен. Неодамнешниот масакр во Тусон (Аризона) покажаа дека говорот на омраза не е само фактичка злоупотреба на слободата на говорот, туку е и специфичен (вербален) акт на насилство.
Авторката е универзитетски професор

Автор: Билјана Ванковска

Инцидентот во Тјусон, Аризона немаше никаква политчкa позадина. Сторителот е дуќевно заболен пациент, кој не бил згрижен. Значи проблемот е од поинаква природа.
14-03-2011, 03:49 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#30

(10-03-2011, 09:41 PM)Makedonec Wrote:
(10-03-2011, 07:58 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:






Е ај бе Јордане кажи дали Мирка овојпат не беше во право за се што кажа???

Quote:Kako segasniot golem vospevac na"likot i deloto"na Nikola Gruevski-Mirka Velinovska go portretirase vo 2006g.------POLITICKI ...

Nikola Gruevski, kandidat za iden premier na Makedonija, lider na opozicijata so uverenie koe mu go dade vlasta, nasa najnova politicka nadez, na 3 meseci od izborite ni pokazuva deka e politicka jalovina,makedonski tranziciski proizvod so "muvlosan kvalitet", samo uste edno zapce vo barustinata na SKM. Uste edno sitno dusice koe e proizvedeno vo specificni politicko-ekonomsko-socijalni uslovi so edinstvena cel da go odrzi fosiliziran ambientot vo ova zapadnobalkansko mocuriste. Gruevski do sega ne pokaza deka e politicar od kalibar. Precesto dozvoluva da go predribla onoj grogiran SDSM,a potoa javno place deka go"izigrale". Negovata glavna politicka karakteristika e postojano da se zali deka mu zabivaat nozevi v grb, a toj kutriot, nevin goa angelce. Toj na ovie izbori ke pobedi. Ne zosto e kvalitet, tuku zosto bioloskiot casovnik na SDSM mu otcukuva. Ovaa negova pobeda za RM nema da znaci nisto. Oti izborite ne se organiziraat za nejzin prosperitet, tuku za kontinuitet na "nistaviloto".
15-03-2011, 05:05 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#31

Quote:Пишува Душан Петровски
Личeн став

С Р А М О Т А ! ! !

„Интелектуалците“:

Во Република Македонија, „интелектуалците“ и „борците за човекови права“ застанаа на патот на Законот за лустрација, со изговор дека законот ќе им ги повредел личните слободи на криминалците. Според умот на овие недоквакани празноглави кокошки, не треба да се казнуваат ниту крадењето, убивањето или нанесувањето на телесни повреди. Всушност, во Република Македонија овие дела и не се казнуваат, туку се наградуваат! Доколку се мачите да ја разберете логиката на овие празни тикви, ќе ви ја олеснам маката: сите овие „интелектуалци“ се комунисти: нивната филозофија не признава приватна сопственост... на некој што не се тие. Приватната сопственост постoи само за НИВ: сѐ што e нивно—е нивно; сѐ што не е нивно—е нивно! Ништо чудно, оти оваа класа е создадена токму во зенитот на југословенскиот Комунизам, кога една од првите лекции во основно училиште беше дека „нема мое-твое, сѐ е наше“... за жал никогаш не ни кажаа кои се „ние“!

Токму околу четвртиот текст од тековниот фељтон, од страна на воздушните напади над Либија, беше убиен синот на тиранинот, инаку Титов ученик, полковникот Гадафи. Животот на човек кој ветуваше дека крвта на либијските бунтовници ќе се лее низ улиците на Триполи, за г-ѓа Билјана Ванковска (некаков си професор на еден од безбројте безвредни македонски универзитети) беше повреден од животот на еден Македонец за разлика од Гадафи и неговите синови не може да се пофали дека одзел нечиј живот, и кој сѐ уште страда на рацете на тајната полиција. На 1. мај 2011. година, мојот татко ја имаше следнава размена со споменатава Титова пионерка, која, доколку обрнете внимание, многу вешто сѐ уште се користи со титовистичкиот жаргон и манипулативен стил на дискусија:

Quote:Билјана Ванковска: Колатерална штета е она што ке го кажат од НАТО, или можеби дури и тоа е излитена фраза?

У нападу НАТО-а убијен Гадафијев син и нјегово троје дјеце“

Јордан Петровски: Госпоѓо Ванковска, време е да престанеме да се грижиме/грижите за проблемите во светот. Ве тагнувам Вас и уште дваесетина интелектуалци со написите од серијалот ‘ДЕСТРУКТИВЕЦ’, сите молчите. Кој очекувате да ги направи промените во Македонија, или и Вие сте задоволни од овој ‘игроказ’ наречен МАКЕДОНСКА ДЕМОКРАТИЈА. Игроказ во кој се сменуваат само куклите, наречени премиери, а суштински сѐ останува како во ‘убавата’ 1949 година.“

Билјана Ванковска: Г-не Петровски, ви благодарам за тагувањето, но со многу тези од васите написи не се сложувам, па и не влегувам во дискусија. Всушност, многу ретко дискутирам на туѓи ФБ профили (имам доста работа овде). Јас дејствувам на свој начин, вие на свој. Но, вашето локал-патриотско гледање на нештата, мене ми е туѓо. Јас сум првенствено човек, а дури потоа Македонка.“

Јордан Петровски: Госпоѓо Ванковска во серијалот ‘ДЕСТРУКТИВЕЦ’ се работи за десетици илјади ЧОВЕЧКИ судбини. Вие обвинувате за смрта на синот и внуците на Гадафи, а одбегнувате да разговарате и да ги обвините виновниците за смрта на илјадници работници, кои се обиде да ги заштити Блажо Стојановски. Смрта на тие илјадници избркани од работа ЛУЃЕ/ЧОВЕЦИ беше агонија која траеше со години, многумина од нив умреа од недоволно храна.

Секогаш е полесмо да разговараме за ‘МОНСУНСКИТЕ ДОЖДОВИ ВО САХАРА’ отколку за проблемите дома. Интернационализмот е само маска за стравот од соочување со реалните проблеми кои нѐ опкружуваат. Страв за позицијата стекната во системот.

Еве дел од колумната на вашиот колега Кекеновски, кој многу убаво отсликува како кај нас се стасува до врвот без крилја.

‘Се нашле соколот и полжавот на највисокиот врв на планината и наместо соколот да го праша полжавот како стигнал до тука, толку високо, полжавот е тој кој го прашува соколот. - Братче, па како ти дојде волку високо на планинава - прашува полжавот. И соколот почнал да се чуди, но, сепак, решил да му одговори. - Па, зарем не гледаш, полжаву, дека имам крила и мене ми е многу лесно да долетам секаде каде ќе помислам. Јас можам дури и повисоко! Туку кажи ми ти, полжаву, како дојде до врвот - прашува соколот. На тоа полжавот одговара: - Што има толку да се чудиш, соколу. Со лигавење, полека. Со лигавење, соколу! И тука на сцената стапува нашиот пријател Рагип Биби, кој сакаше да ни докаже дека крилјата не секогаш помагаат да се дојде до врвот.’

Оваа е финалето на пораката:

‘Човекот со вредности не е само човек кој прочитал безброј книги и поседува мноштво информации, туку се работи за личност која има сопствена претстава за светот во кој живее, човек кој има свои доблести, а нормално и по некоја мала мана. Се работи за човек кој има разбирање, кој поминал и видел сешто во животот и сето тоа го цени кај другите. Тие луѓе имаат свој личен став за она што се случува околу нив, свој стил и начин на живот. Своите размисли ги изнесуваат отворено, без страв од судот на околината или од политичкиот естаблишмент. Тие се вистински иницијатори и промотори на јавното мислење и иницијатори за разрешување на проблемите.’

П.С.

Госпоѓо Ванковска, МАКЕДОНЦИТЕ се ЧОВЕЦИ и се сепак ваше опкружување... дел од нив одвоил за вашата едукација очекувајки дека ќе се борите за нивните ЧОВЕЧКИ ПРАВА...“

Билјана Ванковска: Јордан, колку што ми е мене познато за моето образование исклучиво издвојувал мојот татко, работник-линотипер. Не знам што тоа очекувате од мене? Чинам сѐ што можам да секој човек го третирам како човек, и за секоја неправда да ја нотирам колку што можам. Но, нема потреба јавно, ниту вам ниту на било кого да му положувам сметки. Впрочем во вашиот серијал станува збор за историски ретроспективи, а јас имам пред себе млади луѓе на кои им го посветувам животот. Освен тоа, вие не барате борба за човекови права, туку за национални права. Отворено ви кажувам немам време за вашите серијали и би ценела ако во иднина не ме тагувате“

Јордан Петровски: Во серијалот не се работи за историски ретроспективи туку за денешнината и утрешнината. Тие луѓе кои ги репресираа Блажо и останатите се денешната власт и понудата за утрешната власт. Јас не барам да ми поднесете на мене отчет, тоа не ми е ни на крај на умот. Треба да си попднесете отчет пред самата себе и пред вашите децата и внуци... пред вашите поколонениjа.

Да кажам и збор два за вашата загриженост за Гадафи и семејството. Дали Гади дојде по демократски пат на власт? Дали сиве овие години е реизбиран на демократски избори? Како ги спечали седумдесетината милијарди долари, пари кои ги има на сметките по омразениот капиталистички свет?

И главното прашање какви се тие луѓе кои сопствените деца и внуци ги чуваат во командните центри? Места од каде командуваат со убивање на СОСТВЕНОИТ НАРОД.“

Билјана Ванковска: Добро бре Јордане! Кој ѓавол те фати мене да ме обвинуваш за сите зла на македонскиот народ?? Арен ли си? Или така, ти дојде, ти треба некој да го покажеш со прст? Во однос на Гадафи, станува збор за кршење на меѓународното право човече, ама тебе тоа не те интересира, зошто Блажо ти е на ум и на срце!“

Јордан Петровски: Јас Госпоѓо Ванковска не ве обвинив за соучесништво, само посочив дека врз судбината-случувањата во Либија, македонските граѓани немат никакво влиание. За разлика од судбината-случувањата во Либија, македонските граѓани имаат влиание врз случувањата и судбината на Македонија. Ви се обратив Вам бидејќи пишувате колумни, а со тоа покажувате дека сакате да влиаете врз јавното мнение. Очекував и очекувам дека ќе ги оспорите моите ставови со факти. Ќе посочите каде е тој мој локал национализам или и тој, мојот локал национализам е во вашето видување дека Блажо ми на ум и во срцето. Вакви обвинувања, обвинувања без факти, се за да го пренабрегнете фактот од реалноста оти во Македонија се кршени Уставни права на граѓаните. Во ниедна држава каде што не се почитуваат индивидуалните човекови права нема демократија и нема иднина.“

Идејниот предводник на прогонот чија жртва е Блажо Стојаноски, како 3.000-5.000 други семејства, експертутката над сите експертутки, господинот за кој Фројд би можел да посвети работен век, Фрчолина, како и обично се крие како зајак во дупка. И покрај де-факто признанието од Јавното обвинителство на два наврати дека тој е чинител на криминално дело, господинот се спасува од одговорност поради „застареност на кривичното дело“. Зајаков, кој го патролира „Фејбук“ под лажен профил немаше достоинство да се соочи на дебата ниту под сигурноста на неговиот таинствен идентитет.

Неговата загарка, Најчевска, не можеше да оддолее на можноста уште еднаш да ја претстави својата органиченост, заслепеност и зацементираниот мозок по калапот на идеологијата на Маршалот:

Quote:Мирјана Најчевска: Јордан, дали ако денес пријавам до соодветните државни органи луѓе кои работат против самобитноста на Македонија и интегритетот на нашата држава, треба или не треба да бидам лустрирана. Според законските измени на кецарошите од ВМРО-ДПМНЕ, а спротивно на Уставот и на законите кои самите тие ги донесле, токму тоа треба да ми се случи. Ако успеете (што знам дека е работа која очигледно ги надминува вашите сили) да ја симнете копшрената на личната омраза, ќе видите за што зборувам. И не, не е точно дека биле прикривани случаи кои доаѓале пред Хелсиншкиот комитет. Не биле прифаќани случаи за кои немало релевантни правни податоци и кои биле замисли во главите на луѓето или за кои немало соодветна процедура со која би можело да им се помогне на заинтересираните.“
Прашањето госпоѓо „интелектуaлка“ е дали сте свесна дека Република Македонија е ГРАЃАНСКА држава? Тоа значи Граѓанинот е тој што ја сочинува самобитноста на републиката, и заштитата на неговите права е задача „Број еден“ на целиот Државен апарат!

Да ја наречам македонската „интелектуална елита“ ороспии би било навреда дури и за најевтините и истрошени ороспии што ги одработуваат своите последни денови пред хотелот „Бристол“!
02-06-2011, 03:49 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#32

Па добро бе во цел нормален свет комунистите важат за најголемо зло кое го снашло човештвото, само кај нас истите ни се продаваат како интелектуалци, борци за човекови права, демократи...Вриштат сите колективно и во хор-Диктатурата на Груевски,диктатурата на Груевски, а кога станува збор за ликот, делата и постапките на комунистите, "тоа било во интерес на државата и за тоа не смее да се зборува".
Па до кога вака?
02-06-2011, 11:20 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#33

(02-06-2011, 11:20 AM)Nikola Wrote: Па добро бе во цел нормален свет комунистите важат за најголемо зло кое го снашло човештвото, само кај нас истите ни се продаваат како интелектуалци, борци за човекови права, демократи...Вриштат сите колективно и во хор-Диктатурата на Груевски,диктатурата на Груевски, а кога станува збор за ликот, делата и постапките на комунистите, "тоа било во интерес на државата и за тоа не смее да се зборува".
Па до кога вака?

Па...додека не расчистиме со тоталитарната матрица ( комунизмот)

02-06-2011, 11:31 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,363
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#34

[quote='ЈорданПетровски' pid='35262' dateline='1299512534']
[quote]
Фуере, Рикер и сличните, што побргу да си отидат. Ако може и без поздрав

Дека амбасадорите можат да дадат свој печат на политиките потврдува и Рикер. Свесен дека никој нема три чисти да му тропне на маса, тој на моменти се однесуваше како наш неизбран гувернер

Протоколот во дипломатијата има нагласена улога и е силно оружје. Го користат најчесто моќните бидејќи - можат. Преку протоколот најлесно се демонстрираат сите нијанси на дипломатијата - од нагласено пријателство до крајна нетрпеливост.

Назадоволството на власта од работата на претставникот на ЕУ наиде на остри осуди. А бојкотот на коктелот, одбивањето да се прими во посета..., беа јавна оцена за неговата работа. Само власта е меродавна за тоа. Сите други пофалби и признанија се ирелевантни. Тоа беше и легитимна порака за Брисел, без други импликации.

Истите што се згрозени од заслужениот третман на Фуере, триумфираат што премиерот морал пресот во Вашингтон да го држи на улица. Тоа беше протоколарна демонстрација на сила. Јавно покажаа незадоволство од „тврдоглавоста“ на Груевски, кој ги игнорира нивните обиди да нé прекрстат и да го затворат, засекогаш, „македонското прашање“. Сигурно сериозно му замеруваат и што не ја есапи ниту подготвеноста на опозицијата веднаш да свитка кичма. Тие што тврдат дека во Вашингтон се зборувало за демократијата, медиумите во земјава... не ги разбираат работите. Или имаат други интереси.

Според дипломати, политичари, новинари..., ние треба да се покажуваме пред сé како добри домаќини, без оглед какви се гостите. На таквите како Фуере, Рикер..., кои бескрупулозно ни се мешаат во сé и ни кажуваат што и како да правиме, се разбира, според интересите на тие што ги претставуваат - ние, демек, треба да им оддаваме признанија. Ако навистина бидеме толку сервилни, на што некои инсистираат, и треба да нé газат и плукаат.

Фуере не заслужи наша особена почит. Напротив. Од аспект на нашите интереси, неговиот ефект е во добра мера - негативен. Британец, голем познавач на состојбите во регионот, го оцени како националист за кого Македонците (кон Албанците) биле исти како Британците спрема Ирците. Тоа можеби објаснува некои негови потези.

Неспорен факт е дека Фуере направи повеќе чекори за кои требаше да биде дури и протеран од земјава. Набргу откако дојде, по изборите во 2006 година, јавно побара да коалицираат победниците од македонскиот и албанскиот блок. Тоа беше флагрантно мешање во нашите внатрешни работи и повик за федерализација на државата. Кој со кого ќе коалицира не е, ниту може да биде негова работа, ниту на Брисел. Барем јавно.

Во декември 2009 година, Фуере и неговите од Мисијата, во голем тираж дистрибуираа леток преку дневните весници - „Безвизно патување за граѓаните на Поранешна Југословенска Република Македонија“. Тој нé прекрсти и дома, прекршувајќи го нашиот Устав, во кој е прецизирано и името на државата. Тоа повлекува кривична одговорност. А, според резолуцијата на СБ на ООН, со која ни е наметната референцата, „п“ од „поранешна“ и „ј“ од „југословенска“, се со мали букви, а не големи, што е суштинска разлика. Тоа не важи за Фуере.

Го потпиша и познатото писмо, заедно со Рикер и други слични на нив, во кое македонскиот јазик, со апсолутно прецизна намера, го прекрстија во „државен“. Повторно кршење на Уставот, за што се протерува.

Односот кон Фуере, макар на крајот од мандатот, охрабрува дека сепак се освестуваме. Тоа што премиерот сепак го прими, неверојатно потсетува на слична ситуација во Тирана, во почетокот на 2002 година. Заминуваше шефот на Мисијата на ОБСЕ, нам познатиот амбасадор Герт Аренс. Албанците не беа задоволни од неговата работа и на прошталниот прием не се појави никој важен. Одеднаш, пред самиот крај, еве ти ги и претседателот на државата, и спикерот, и премиерот... Претседателот веднаш отиде до микрофонот и му предаде одликување! По кратката церемонија, веднаш си отидоа. Сите бевме збунети. Утредента сé се разјасни. Амбасадорот на САД извршил жесток притисок да му се оддаде признание на Аренс. Домашните немале избор, ама останале доследни - одликувањето го предале без декрет потпишан од претседателот! Му предале парче метал.

Дека амбасадорите можат да дадат свој печат на политиките потврдува и Рикер. Има силни индикации дека тој, во реализацијата на политиката на САД, одеше чекор напред. Свесен дека никој нема три чисти да му тропне на маса, да го опомене дека не е на родео, тој се силеше. Со јавното пропагирање да си го смениме името си земаше право, кое нема никаква врска со неговата функција. На моменти се однесуваше како наш неизбран гувернер. Тоа што има и поддршка, не ја намалува неговата одговорност.
Вашингтон очигледно ја ценеше неговата одлучност што поскоро да нé дотолчи и го награди со скок во кариерата. На наша сметка. Бидете уверени дека неговото испраќање ќе биде гламурозно, иако сите надлежни мора да се свесни за негативната улога што ја одигра. Тоа само ќе потврди дека самопочитта не ни е силна страна.

Крајно време е да се соочиме со вистината. Некои се самозалажуваат, други пропагираат дека САД се наш стратегиски партнер. За жал, не е така. Тие не се наш, туку ние нивни. Подготвени сме да гинеме за нивните каузи во Авганистан и Ирак и (речиси) ништо не добиваме за возврат. Освен инсистирањето да се прекрстиме. Ако националниот идентитет на македонскиот народ е сериозно загрозен, а САД се главниот поборник да се самообезличиме, во што е нивното партнерство? САД се клучни и за блокадата и уцената која ни ја испорачува НАТО - или ќе се прекрстите, или нема членство. Кога би биле тие против таквиот пристап, нашата позиција би била сосема поинаква. Оваа американска политика е дијаметрално спротивна од таа на Буш.

Зошто им пречиме на САД?

П.С. Рикер докрај ги отвори картите. Не му се верува дека премиерот веднаш не ги спровел „пораките“ (читај: директивите) на Вашингтон! Навистина премногу го толериравме и со право нé третира(ат) како банана-држава.

Авторот е поранешен амбасадор

Автор: Ристо Никовски

[/quote]




[quote]
предавањето на Неговата екселенција г.Ристо Никовски



Силен е впечатокот дека сеуште не сме свесни што ни се случува. Внатрешните политички поделби, толку карактеристични (и судбински) за Македонците, не блокираат до степен да не ги сфаќаме игрите кои се водат со и околу нашава земја. Иако индикаторите и фактите недвосмислено покажуваат дека, после распадот на СФРЈ, во процес е сериозен обид, еднаш за секогаш, да се затвори “Македонското прашање”, ние тоа не го забележуваме. Настаните низ кои врвевме последниве 20 години потврдуваат дека не само за Грција туку и за клучни меѓународни фактори, Македонија и нејзиниот народ беа прифатливи само како дел од федерација. Не како засебна, целосно независна држава. Друго логично објаснување за се што ни се случи – нема.



Да одиме по ред.



Кај нас сеуште се смета дека нашиот противник е – Грција. Дека таа ни го оспорува името, народот, јазикот... Дека од таму дојдоа и блокадата на приемот во НАТО, и почетокот на преговорите со ЕУ, и уцените прво да се промени (реши) името а после да продолжи интеграцијата. Тоа е само начелно точно. Формално, Атина го отвори проблемот и стои како заинтересирана страна зад него. Tаа сама, единствено ни ја блокираше границата, нанесувајки и огромни штети на економијата. Се друго против нашата држава спроведуваа други, многу посилни фактори.

Не е воопшто спорно дека Атина има проблем со постоењето на македонски народ, јазик... Имаме премногу документи за тоа. Тие еден век ги учеле и воспитувале сите свои генерации дека нас не нема. Затоа, сосема е погрешно да се тврди дека спорот околу нашето име за нив е ирационален. Тој е реален и сериозен. Некој што за нив не постои, одеднаш станува реалност. Прв сосед. Целосно независната држава неибежно ќе го афирмира македонскиот народ, како рамноправен партнер на меѓународната сцена. А тоа беше неприфатливо за Атина. И не само за неа. Ако ние опстоиме, а друг избор немаме, тие ќе мораат да ја преиспитуваат сопствената историја која била заснована на антимакедонизмот и, уште полошо, ќе мораат да ги менуваат и своите сознанија и убедувања. Изборот не им е голем: или нас ќе не прекрстат (а не можат) или ќе мораат да признаат дека стотина години живееле со лаги и манипулации.

Сепак, грчките фрустрации не треба да се нашиот главен проблем. Клучно за нас е што Атина не е единствена што има проблем со постоењето на Македонците како издвоена нација. Бугарија да ја оставиме настрана. Беспоговорната подршка која Атина ја добива, потврдува дека зад проблемот стојат и други, позначајни интереси. Годините на целосно независна Македонија недвосмислено покажуваат дека САД, подржани од ЕУ (Франција, Германија...), не само што стојат зад грчката политика туку се носители на истата.

Не треба посебно да се докажува дека токму Вашингтон го менаџира овој процес, кој се сведува на програмирано разнебитување на македонскиот народ. Гледано наназад, не треба голема мудрост за да се забележи дека има сериозни, недискутабилни индикации дека во прашање е добро разработено, долгорочно сценарио кое се прилагодува на ситуацијата, со желба да се постигне можниот максимум. Аргументите се пресилни за да се игнорираат.

И површна анализа на периодот од распадот на СФРЈ до денес покажува постојано, со филигранска прецизност одземање на делови од самобитноста на македонскиот народ и од неговата држава. Прво го оспорија името, потоа идентитетот на народот а македонскиот јазик стана државен. Во меѓувреме, државата беше скоро две години со блокирана граница, со цел да се уништи стопанството. Во 2001 година, со употреба на сила, радикално е променет Уставот на земјата и девалвиран нејзиниот македонски карактер. Албанизирани се нејзини делови... Постепено, ама упорно се бришеше македонштината секаде каде беше можно. А кога ќе се прекрсти еден народ, него го снемува. Во конретниов случај, ако тоа (дозволиме да) се случи, апсолутно непотребна станува и неговата држава, која името и го добила од народот.

Примерите кои следат доволно јасно го потврдуваат заклучокот дека, после распадот на СФРЈ, повторно на маса е “Македонското прашање”. Зошто инаку би се прекрстувале Македонците ако не е целта ова прашање еднаш за секогаш да се затвори?

1. Ткн. Бадентерова комисија, формирана од тогашната ЕЕЗ, сметаше дека само Словенија и Македонија ги исполнуваат условите да бидат признати како независни држави. Комисијата беше составена од пет врвни правници, претседатели на уставни судови на земјите членки, меѓу кои беше и Роман Херцог, подоцнежниот претседател на Германија. Точно на инсистирање на Берлин, место Македонија беше призната Хрватска. Грција беше дел од ЕЕЗ ама главната улога во спречувањето на нашето признавање ја одигра Германија. Берлин беше нагласено заинтересиран за католичка Хрватска ама тоа не мораше да биде на сметка на Македонија. Нема индикации дека Атина одиграла било каква позначајна улога во геманската блокада. Тоа можело да биде само резултат на пошироки консултации со Вашингтон, Париз, Лондон...

2. Во Лисабон, во јуни 1992 година, ЕЕЗ ја формулираше максималистичката позиција – да не смееме да го користиме името Македонија. Носител беше Самарас ама тоа беше прифатено од Франција, Британија, Германија, Италија... Апсурдноста на таквата позиција беше набргу согледана и – напуштена. Само јавно. Истата политика се спроведува се до денес, само во прикриена форма. Според Нимиц, зборот Македонија можеме да го користиме ама не како име. Фактички, тоа не враќа на Лисабон, во малку ублажена форма. Поразителен е фактот дека таму другите 14 држави се согласиле со бесмислената политика. Грчката улога тука е неспорна ама одговорноста ја носат други. Позадината не може да го крие само грчкиот интерес. Се работи за стратегиско прашање кое не може да го диктира Атина.

3. Иако Македонија побара прием во ООН на 29 јули 1992, тоа беше игнорирано се до декември истата година. Се држеше во фиока Тоа е невиден преседан. Очигледно, некому не му се брзаше. Само една земја може да преземе таков чекор. САД.

4. Кога процесот за прием започна, веднаш беше поставен ултиматум: или без име, или нема членство. Оваа порака му беше пренесена на нашето раководство директно, без никакво политичко ублажување. Впрочем, истото ни се случува и денес. Школски се повторува истата политика: или помена на името, или нема влез во НАТО и ЕУ. Ја живееме втората етапа на истиот процес. Прво ти го оспоруваат името, потоа те присилуваат да го промениш. Голема наивност е потребна да не се помислува дека зад сите овие потрези мора да се крие некаква стратегија. Без оглед дали ќе ја наречеме сценарио, или не.

Токму сегашната политика кон нашата земја потврдува дека се бесмислени сите критики на тогашното наше раководство дека, при приемот во ООН, го продале името. Тогаш,



Македонија немаше никакви капацитети да се спротивстави на агресивната политика на силите кои доминираа со светот. Од никого не призната, без никакви девизни резерви, со изгубени пазари и Илириди, земјата немаше маневарски простор да се спротивстави на најсилните. И подобро да се одиграше, што е секогаш можно, резултатот немаше да биде многу поинаков.

За разлика од тогаш, денес Македонија има реални можности да ги одбрани своите фундаментални интереси.

5. Името на државата беше официјално оспорено во СБ на ООН и беше наметната референца. Иако беа исполнети сите критериуми за прием, флагрантно беше прекршена Повелбата (Уставот) на светската организација, со цел да се оспори меѓународниот правен легитимитет на Македонија. Со ситни превари, дека е тоа привремено, за неколку месеци, државата остана без име. Во тоа време, Грција не беше (привремена) членка на СБ.

Само САД може да ги изведе горните две операции во СБ. Никоj друг. Другите можат само да и помогнат.

6. И Времената спогодба беше креација на САД. Исто како и изборот на медијаторите чија логистика, цело време, беше и останува Стејт департментот. А што се ни сервираше Нимиц, добро е познато. Чекор по чекор, тој го ширеше фронтот од името на државата - на идентитетот на народот, неговиот јазик... Даваше дури и смешни предлози: транскрипција на името од македонска кирилица на латиница и на англиски, без превод. Излегувањето од мандатот, прецизиран со резолуциите на СБ на ООН, сигурно не беше негова желба. Тоа го потврдува и неговата изјава, дадена пред да ја добие функцијата, дека ние сме Македонија и тоа ќе си останеме. Тој само ги одработува задачите кои му се поставени.

7. Војната во 2001 никако не може да се гледа одвоено од проблемите симболизирани во оспореното име на државата. Напротив. Познато е дека Охридскиот договор го подготвија САД ама треба да се испита дали нацртот бил скициран (во центрите за стратегиско планирање) пред да започне конфликтот, или за време на истиот? Со него е направен можеби клучен исчекор во дерогирањето на државата на македонскиот народ. Сеуште немаме ниту начелна претстава зошто ни се случи 2001-та? Тоа е пред се задача на историчарите. Десет години се доволно отстојање за независно длабинско истражување. Без да се дефинираат тие настани нема да бидеме во можност да ги согледаме корените на политиката која моќните ја водат према нашата земја. Не само Арачиново туку и многу други индикатори покажаа колку длабоко зад тие настани беше инволвирана единствената светска супер сила. Целта одлично се вклопува во мозаикот кој доволно се наѕира.

8. Со Охридскиот договор, државата е така рекомпонирана што, во не така далечна иднина, лесно може да се покаже нефункционална (Бадентер). Договорот е крајно едностран бидејки не предвидува никаква обврска за албанската страна. Единствено беше подржан унитарниот карактер на државата (а друга опција не смееше да има) кој, од тогаш наваму, систематски се игнорира и прашање е само на време кога ќе стане и ирелевантен.

9. Дел од сценариото за иднината на нашата земја се артикулираше и во 2004-та. Настанот е контрадикторен и е сегмент од (нај)висока политика. САД делумно, само за билатерална употреба, го признаа историското и уставно име на државата. Првиот впечаток наведуваше на наш голем успех како што и сите го доживеавме. Набргу, меѓутоа, се покажа дека во прашање беше, шаховски кажано, краткорочна жртва за долгорочна добивка. Референдумот замислен за спречување на погубно замислената нова административна поделба, не успеа точно како резултат на овој потег на Вашингтон. Со прекројувањето на државата, крајно непотребно се албанизираа делови од земјата и се воведе двојазичност за Скопје, што значи и за целата администрација на државата, која е тука концентрирана,

Една од причините зошто сега САД инсистираат на што поскоро решение на проблемот со името е и хипотеката што ја презедоа со признавањето на нашето име. Тие ќе бидат првите што ќе го прифатат новото име, ако ние капитулираме. Ќе го анулираат претходниот чин со кој не израдуваа а албанизацијата на делови од земјата и двојазичноста ќе си останат. Тие се ирверзибилни. Мајсторски одиграно, зар не.

10. И самитот на НАТО во Букурешто, во 2008-а има своја позадина. Факт е дека Буш лично се заложи да бидеме примени под референцата, обидувајки се да го зацврсти јужното крило на НАТО и тоа да биде негова заслуга. Меѓутоа, тој остана осамен не само во алијансата туку пред се кај своите. За наша несреќа, неговиот мандат истекуваше и администрацијата го дезавуира претседателот. Сигурно биле свесни дека нашиот влез ќе ги девалвира намерите да се затвори “Македонското прашање”. Доколку станевме членка, меѓународната позиција на земјата значително ќе зајакнеше. Со тоа, и маневарскиот простор за урнисување на македонизмот во голема мерка ќе се намалеше. Планерите тоа не смееја да го дозволат. Веројатно нема сличен пример американски претседател да биде демантиран во рок од 24 часа. Доколку Буш не беше осамен во намерите, ќе проработеше американската булдожер политика која не признава никакви (грчки или слични) пречки.

11. После Букурешт политиките кон нашата земја стануваат уште поочигледни. Настапува целосен пресврт. Барањето за промена на името на државата, а со тоа и идентитетот на народот, станува политика на НАТО. Главен заговорник на новата политика се - САД. Рикер јавно бараше да се прекрстиме. Истата политика веднаш ја прифаќа и ЕУ. Се поставува блокада на нашите интегративни процеси, со уцена – ако сакате членство, сменете го името. Ако се реши спорот, беше одлучено, приемот може да се ефектуира и на амбасадорско ниво, без да се чека самит на алијансата. На прв поглед, тоа изгледаше во наша корист. Подлабоко погледнато тоа значи дека алијансата е таа која го условува нашиот прием со промена на името. Грција веќе не го прекршува член 11 од Времената спогодба.

12. За да нема повеќе заблуди, се погрижи новиот амеркански амбасадор, Пол Волерс. При сослушувањето во Конгресот тој прецизно рече дека проблемот е идентитетски. Можеби несвесно, тој ја откри позадината на целата операција, започната после распадот на Југославија. Волерс ни стави до знаење дека во прашање е идентитетот на народот. Со негово прекрстување, “Македонското прашање” прашање би заминало во историјата.

13. Уште еден податок заслужува внимание. САД ја признаа Македонија на 8 фебруари 1994, набргу откако во декември 1993 тоа го стори водечка група земји од ЕЕЗ. Вашингтон, меѓутоа, дипломатските односи ги воспостави дури на 13 септември 1995. Се тактизираше и со претварањето на Канцеларијата за врски во Амбасада. Тоа се случи во февруари 1996 а првиот амбасадор дојде во јули 1996.

Чекањето и оклевањето бара одвоена анализа, кога се знае дека германски, британски, италијански и француски амбасадори имаше во Скопје веќе на почетокот на 1994. Американскиот “задоцни” скоро две и пол години.

Вашингтон прати свои војници во мисијата на УНПРЕДЕП а амбасада не отвораше. Зошто? Нивната амбасада ќе беше најдиректна и најсилна подршка на независноста на земјата.



Сите овие примери зборуваат дека нешто крупно се случува зад завесите. Мозаикот кој е се повидлив, мора да не загрижува и да не тера на акција. Во политката ништо не е случајно. Впрочем, како и во животот и во се друго. Толерирањето на негативни тенденции води во пораз. Ако навреме не се реагира, шансите за успех се намалуваат. Ние веќе премногу прилики пропуштивме и веќе немаме право на нови грешки. Рескираме да ги уништиме вековните стремежи и соништа на нашите претци. Такво право немаме.





* * * * *



На крајот, кратко околу перспективите за излез. Прво, грешка е што се прифаќа билатералниот карактер на спорот. Тој е од самиот почеток интернационализиран и со него се занимаваат ООН, НАТО, ЕУ... Името ни го оспори Советот за безбедност, каде ни ја наметнаа и референцата. Блокадите и уцените доаѓаат од Брисел... Со таквите потези, оставени без име и под блокади и уцени, САД и Брисел не хендикепираа и не ставија во инфериорна позиција. Сега, такви, не тераат - договорете се со Атина. Тоа е за нас неприфатливо. Со Грција ние нема никогаш да се договориме.

Досегашниот развој на настаните недвосмислено покажува дека Вашингтон е центарот на одлучување. Концептот за надминување на спорот се дефинира во Стејт департментот. Не во Атина. Таму мораме да се избориме за решение кое би било прифатливо за нас. Во кое не само што нема да се доведува во прашање националниот идентитет на Македонците, туку многу повеќе. Ние не смееме да дозволиме во истото да не бидат вклучени сите отворени прашања меѓу двете земји. Меѓу нив се признавањето на малцинските права во Грција, имотите на протераните, оштета за двогодишната блокада и слично. Кога тоа ќе се постигне, треба да се финализира процедурата во Њујорк.

Формално, на крајот ќе биде вклучена и Атина. Тоа може да биде преку замена на Времената спогодба со трајна. Меѓутоа, и таа формалност во моментов не е возможна. Потребна е голема наивност да се верува дека до такво нешто може да дојде додека трае кризата во Грција. Кога куќата гори, а цела Грција е во пламен, само гасењето на пожарот може да биде тема. Лагите и злоупотребите на Атина го доведоа во прашање еврото а преку него и иднината на Унијата. Никој нормален во Брисел или Вашингтон нема да бара од Атина ништо друго туку да го стега каишот и да помогне во надминување на кризата. А таа ќе трае. Десетина години.

Ова прашање веќе не е ниту на агендата на Атина. Тоа нема да биде најмалку ни следните четири, пет, шест... години. Кој политичар таму ќе бара компромис со Македонија во услови кога народот е незадоволен и осиромашен, без работа и без перспектива? Нив не им се брза. За прв пат, сега времето работи за нив.

Наша задача е да ги увериме Брисел и Вашингтон дека решавањето на проблемот мора да се одложи поради кризата во Грција и дека мора да се бара премостување на блокадите и уцените на кои сме изложени. Оставајки ја Македонија предолго во таква позиција, свесно или не, тие ја ризикуваат стабилноста и безбедноста и на Македонија ама и на целиот регион. Балканот е сеуште буре барут. И мала искра може да предизвика голем зијан. Финалната разврска на постјугословенската криза сеуште не е завршена и дестабилизација на Македонија може само да ги мултиплицира опасностите. А тоа не е ничиј интерес. Само преку една таква офанзива можеме да отвориме излез од сегашниот ќорсокак во кој сме доведени. Во спротивно, лошо ни се пишува.



Ристо Никовски


[/quote]




Човекот кој учествувал, бил вработен во МНР, во одлуките за прифаќање на промена на името сега ги обвинува сите други ама никако Глигоров и екипата околу Денко Малевски чии дел беше и тој.
Никој Македонија не ја натера со сила да ја прифати референцата. Да се потсети Никовски на еуфоријата и митингот на плоштадот во Скопје и тој беше во одборот за пречек на "херојот" Глигоров по врашањето од Њујорк каде што го смени името
21-11-2011, 02:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,363
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#35

Quote:Апел до Иванов да се откаже од неуставното џебно вето

проф. д-р Светомир Шкариќ
[Image: svetomir-skarik-200x250.jpg]

04.07.2018
Указите за прогласување на законите што се повторно изгласани во Собранието треба да ги потпишеш. Тоа ти го налага Уставот, многу јасно. Станува збор за императивна норма која мораш да ја почитуваш така како што е напишана, независно од твоите „благородни цели“.
Џебното вето се појави и во Република Македонија. Причината за неговото појавување е Законот за употреба на јазиците што Собранието на РМ го донесе во јануари 2018 година. Со помош на ова вето, претседателот на Републиката донесениот закон го „држи во џеб“ со желба да го фрли во траен заборав. Извесно е дека така ќе постапи и со Законот за ратификација на Преспанскиот договор од јуни 2018 година. Станува збор за измислено вето кое создава правен хаос во земјата и навестува тежок судир помеѓу претседателот и законодавната власт, со непредвидливи последици за земјата.
Џебното вето постои само во уставноста на САД
Џебното вето е раритет во споредбеното уставно право. Првпат е воведено во Уставот на државата Њујорк од 1777 година, а десет години подоцна и во Уставот на САД, на барање на Александар Хамилтон и Џемс Медисон (pocket veto). Под нивно влијание, џебното вето влегува и во федералниот устав, заедно со суспензивното вето, како паралелни вета, при што суспензивното е редовно, а џебното е исклучок. Се користи под одредени услови, кога претседателот на САД нема време да ги разгледа и потпише законите во рок од десет дена, не по своја вина. А тоа се случува кога Конгресот донесува поголем број закони при крајот од својата работа, кога ги прекинува седниците или кога му завршува легислативниот мандат.
Немајќи доволно време да ги разгледа законите, претседателот прибегнува кон комоција, односно законот го „става во џеб“, без да образложува зошто го прави тоа. На неактивноста на Конгресот одговара со своја неактивност. На тој начин, пасивно се брани од законодавната власт која сака да го стави под своја контрола, да биде слаб претседател.
Џебното вето заедно со суспензивното, Уставот на САД (член 1, секција 7) ги става во надлежност на претседателот на САД: „Секој законски предлог кој ќе биде усвоен во Претставничкиот дом и во Сенатот, пред да стане закон, се поднесува до претседателот на Соединетите држави; ако е согласен, тој ќе го потпише; ако не, тој со своите забелешки ќе го врати во оној дом од кој законскиот предлог потекнува; овој дом забелешките во целост ќе ги внесе во свој записник и ќе пристапи кон повторно разгледување на законскиот предлог. Ако при вториот претрес две третини од членовите на тој дом се согласат да го усвојат законскиот предлог, тогаш таквиот закон, заедно со сите забелешки, ќе биде доставен до вториот дом, во кој исто така ќе биде повторно разгледуван и ако биде прифатен со двотретинско мнозинство во тој дом, ќе стане закон. Но, во сите такви случаи изјаснувањето во двата дома ќе биде со да или не и имињата на лицата што гласале за и против законскиот предлог ќе бидат внесени во записникот на соодветниот дом. Ако претседателот не врати некој законски предлог во рок од десет дена откако му е поднесен (не сметајќи ги неделите), законскиот предлог ќе стане закон како да е потпишан, освен ако Конгресот со одлагањето на својата работа не го спречи неговото враќање; во тој случај предлогот нема да стане закон“.
Џебното вето во суштина е апсолутно вето, бидејќи под негово дејство заборавениот закон престанува да постои, не произведува правни последици, но не се става во траен заборав. На наредната седница, Конгресот повторно ја применува целата постапка, од иницијативата, преку разгледување во одборот, три читања во домовите и на крајот усвојување. Тоа ја забавува законодавната дејност, но во исто време ја дисциплинира работата на Конгресот, го присилува подобро да ја планира својата законодавна дејност.
Првото џебно вето е употребено во 1812 година од страна на претседателот Медисон. А шампион по бројот на поднесени вета е Френклин Рузвелт. Во долгиот претседателски мандат од 12 години, тој се одлучил за 260 џебни и 370 суспензивни вета. Во последно време џебното вето одумира и станува реликт во уставната историја, од што најмногу добива Конгресот на САД.
Апсолутно и суспензивно вето
Ветото е право на забрана кое некој орган го има во врска со актите на некој друг орган. Во овој случај, станува збор за правото на шефот на државата да ги забрани актите на законодавниот дом. Забраната може да има две основни форми - апсолутно и суспензивно вето. Право на апсолутно вето има монархот, а право на суспензивно претседателот. Апсолутното вето му припаѓа на минатото, на времето на римските трибуни и средновековните монарси, а суспензивното на времето на парламентарната демократија, на поделениот суверенитет.
Апсолутното вето значи право на монархот да го отфрли во целост законот без никакви ограничувања или слободно вето (liberum veto). Без негова согласност, донесениот закон не може да стане закон. Тоа монархот го прави отворено, без обврска законот да го стави во џеб или да го врати на доносителот. Тој е носител на суверенитетот и неговата волја е закон, онака како што тоа Улпијан го кажува за римскиот принцепс: „Тоа што принцепсот го сака има сила на закон“.
Суспензивното вето само го одлага влегувањето на законот во сила. Тоа го прави претседателот како носител на извршната власт. Суспендираниот закон влегува во сила по повторното усвојување во парламентот, со исто мнозинство со кое што е донесен или со квалификувано мнозинство гласови, во различни варијанти. Законот може да се оспорува, но не може да се запре неговото донесување, ниту може да се промени неговата содржина, ако со тоа не се согласува законодавниот орган. Кога би било така, тогаш не би можело да се зборува за поделба на власта, од парламентот не би останало ништо, би морала да се повтори „Славната револуција“ од Англија и во македонски услови.
Суспензивното вето е повеќе политичко отколку правно прашање. Затоа треба да се користи претпазливо, со голема предострожност, бидејќи може да предизвика длабоки поделби во општеството, да влече кон лична власт на претседателот, да биде мртва точка во политиката и да биде фактор на блокада на промените зад кои стои парламентарното мнозинство. Последиците можат да бидат уште потешки, ако суспензивното вето еволуира во џебно вето, во варијанта која ја користи македонскиот претседател или која му се сугерира од група помлади правници.
[Image: apel-do-ivanov-da-se-otkaze-od-neustavno...o-veto.jpg]Извор: index24.mk

Суспензивното вето во Уставот на РМ
Со суспензивно вето располага и претседателот на Македонија. Уставот (чл. 75) му го гарантира тоа право, заедно со обврската да го потпише указот по повторното усвојување на законот од страна на Собранието: „Указот за прогласување на законите го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието. Претседателот на Републиката може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот. Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот.“
До јануари 2018 година, суспензивното вето се користело уставно од страна на претходните претседатели, со мали исклучоци. Првото прекршување го направи Киро Глигоров кога во 1997 година одби да го потпише указот за прогласување на Законот за кривична постапка кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, закон за кој не е предвидено суспензивно вето. Второто прекршување е поврзано со Борис Трајковски кога во 2001 година одби да го потпише указот за прогласување на Законот за привелегиите на пратениците, по неговото повторно изгласување во Собранието.
Последниот случај е осамен случај на непотпишување на указот за прогласување на законот за кој двапати е гласано во Собранието. Овој случај не може да се користи како оправдување за претворање на суспензивното вето во џебно вето. За да се случи тоа, потребни се повеќе прекршувања и поширока поддршка од јавноста и уставното право како наука (opinio iuris).
Односот на сегашниот претседател кон суспензивното вето е поинаков. Повеќе од осум години на претседателската функција тој не вложил ниту едно суспензивно вето. А потоа, со промената на парламентарното мнозинство, прави нагол пресврт кој нема уставна основа. Суспензивните ги претвора во џебни вета, со апсолутно дејство, еднакво на дејството на ветото на римските трибуни и на Домот на лордовите на Велика Британија до 1911 година.
Првото суспензивно вето го вложи против Законот за употреба на јазиците од јануари 2018 година. Во уставниот рок од седум дена ги даде своите забелешки, со оспорување на називот на законот и на 19 члена, осврнувајќи се пошироко на неуставноста, на мешањето на диспозитивните и императивните норми и на изземањето на Уставниот суд од организацијата на државната власт, не криејќи ја својата одбојност кон албанскиот јазик. Во образложението, претседателот користи стручна експертиза и повикува на потребата да „се слушнат мислењата на стручните луѓе од областа“, а во првиот претседателски мандат не одржа ни еден состанок со советниците што сам ги избрал (Укажувања кон текстот на ЗУЈ, 17.01, 2018).
Расправата по неговите забелешки и 35.000 поднесени амандмани од страна на опозицијата се прашања од интерен карактер на Собранието, а оценката на уставноста на законот е во надлежност на Уставниот суд. Претседателот не треба да се меша во внатрешните работи на Собранието, ниту има уставна основа да се чувствува како поголем „чувар“ на уставниот поредок од Уставниот суд.
Второто суспензивно вето претседателот го вложи против Законот за ратификација на Преспанскиот договор од јуни 2018 година. Ова вето е поделикатно од првото, особено ако заврши со џебно вето. Кога се во прашање законите за ратификација на меѓународните договори треба да се има предвид дека оценката на нивната уставност не е предвидена како надлежност на Уставниот суд. Поради тоа, Уставниот суд во повеќе наврати одбивал да ја оценува нивната уставност, држејќи се за доктрината „политичко прашање“ (political question).
Слично размислувал и Хамилтон кога го предлагал суспензивното вето. Тој сметал дека надлежноста за склучување на меѓународните договори не спаѓа строго ни во законодавната ни во извршната власт. Но, сепак, сметал дека тие се поблиски до природата на законодавната власт отколку до извршната: „Во републиката би било потполно несигурно и неприфатливо на извршниот орган да му се даде исклучиво право да склучува меѓународни договори. Тоа би им дало можност на амбициозните претседатели да ја злоупотребуваат власта.“
Особено деликатни се меѓународните договори со геополитичка содржина, како што е Преспанскиот договор. Овој договор нема значење само за потписниците, туку и за Европа, а и пошироко. Пред геополитиката правото отстапува и чека подобри времиња. Тоа се гледа најдобро од „случајот Сунигава“, во врска со уставноста на Договорот за безбедност меѓу САД и Јапонија од 1951 година. Регионалниот суд од Токио застана на страната на Уставот на Јапонија (чл. 9) кој забранува постоење на странски воени бази на јапонската територија. Врховниот суд на Јапонија ја укина пресудата на Регионалниот суд и застана на страната на природното право, со образложение дека јапонскиот народ има право на безбедност (Фукасе, Шкариќ, Мирот и уставите).
Обраќање до претседателот Иванов
Указите за прогласување на законите што се повторно изгласани во Собранието треба да ги потпишеш. Тоа ти го налага Уставот, многу јасно. Станува збор за императивна норма која мораш да ја почитуваш така како што е напишана, независно од твоите „благородни цели“. Веќе си го искористил правото на суспензивно вето за законите со чија содржина не се согласуваш. Јасни се и твоите забелешки. Нив ќе ги земе предвид Уставниот суд кога ќе ја оценува уставноста на законите, а веќе се и предмет на научна анализа од повеќе агли. Треба да се огласи и Јавното обвинителство во врска со чл. 308 од Кривичниот законик кој не ти дозволува да го потпишеш Законот за ратификација на Преспанскиот договор. Доволно од твоја страна. Но, внимавај на чл. 353 од КЗ да не те допре, наспроти твоето тврдење дека „целосно“ го почитуваш Уставот, двапати повторено во твоите писма до Собранието.
Огледај се на однесувањето на претседателот на Грција Прокопиј Павлопулос, исто така универзитетски професор, како и ти. Познат е по екстремни гледишта за спорот со името, а сега од него нема ни збор, по потпишувањето на Преспанскиот договор. Обајцата сте доктори на науки, ти по политички науки, а тој по јавно право. И тој припаѓа на конзервативната идеологија како и ти. На Ципрас и на неговата влада не ѝ прави проблеми, а ти си лут противник на Владата на Заев и на парламентарното мозинство.
Ако не ги потпишеш указите, сепак, оспорените закони ќе го пробијат патот до „Службен весник“. По сила на Уставот (чл. 51) кој непосредно се применува и кој мора секој да го почитува, вклучувајќи те и тебе. Потоа законите ќе дојдат на „гилотина“ пред Уставниот суд. Тоа е патот што и ти мора да го следиш, немој да мислиш дека си принцепс. Не подлегнувај на мислењето што ти се сервира дека указот има „конститутивно дејство“ и дека без твој потпис нема закон. Зарем тоа не би те навредило, да е така. Тогаш ти би бил нешто друго, а не претседател, не би бил човек од науката кој гледа пошироко, посебно кога е во прашање политолог.
Не се наметнувај на Собранието, повикувајќи се на бројот на добиените гласови на претседателските избори во 2014 година. Така правеше Наполеон Бонапарта кога стана император на Франција, сметајќи дека има посилен легитимитет од пратениците. Ако не можеш да го носиш товарот на функцијата и ако се судруваш со морални дилеми, тогаш излезот барај го во оставката како морален чин, а не во дерогирањето на законодавната власт и запирањето на промените во општеството. Ти си универзитетски професор, не живееш од политика, како претходните претседатели. Врати се на факултетот, како што се врати проф. Денко Малески, со големо задоволство, по престанок на мандатот амбасадор во ООН. Се осеќаше слободен, дишеше длабоко. Тоа го видов со свои очи, без да забележи дека некој го гледа како се радува.
Можеш да го направиш и тоа што не го направи Киро Глигоров во 1998 година, кога за време на консултациите во неговиот кабинет, проф. Ѓорѓи Марјановиќ побара од него да поднесе оставка, ако по неговото суспензивно вето Собранието повторно го изгласа Законот за амнестија заради сензибилирање на јавноста. По апелот, Глигоров остана и натаму смирен, но замислен, како секој државник. Беше на самиот крај од мандатот, како и ти. Но пред тебе се нови виорни времиња, особено ако Референдумот за Преспанскиот договор биде успешен. А ти не си државник, време е да го сфатиш тоа по многуте прекршувања на Уставот и сервилност кон партијата што те доведе на власт. Особено сега, кога Македонија е пред раскрсница, како ретко досега во поновата историја.
Поздрав од „Библиотеката во Дојран“, од местото каде што со задоволство навраќаше и како асистент и како претседател и од каде започна кампањата за твојот прв претседателски мандат, на твое барање. Тогаш ти беше чест што бев твој професор, а од мене се оддалечи во првата минута откако дојде на власт, како двете ќерки што се оддалечија од кралот Лир, по преземањето на власта, со негова согласност.
Не се лутам за тоа. Тоа е познато од дамнина, уште од времето на Хесиод, од неговото дело „Дела и дни“. Но, ме јаде јанsа што ќе се случи со тебе, бидејќи требаше да продолжиш натаму, откако застанав во 2006 година. Последниот пат во библиотеката го виде вториот том (среден век), а брзо ќе го видиш и третиот том (нова доба), но овој пат без твое име како коавтор, бидејќи сакаш да бидеш политичар, а не професор.
(This post was last modified: 05-07-2018, 06:01 PM by ЈорданПетровски.)
05-07-2018, 05:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,363
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#36

Quote:Како говореше Проф. Шкариќ за името? – Кога науката станува пазар

[Image: -Шкариќ.jpg?resize=696%2C333]


25.06.2018
Еден од најпринципиелните професори во историјата на правниот факултет во Скопје деновиве ја шокираше јавноста со своите ставови за договорот за името со Грција.
Светомир Шкариќ, човекот што со децении тврдеше дека Македонија поради низа правни, политичи и историски причини не смее да прифати менување на името сега од непознати причини го тврди спротивното.
Во неговите трудови има огромен број на забелешки и ставови кои што се дијаметрално спротивни на тоа што сега го заговара професорот по уставно право. Сега Шкариќ смета дека со договорот не се крши ниту уставот ниту меѓународното право иако голем дел од својата кариера дури и многу побенигни предлози за името ги сметаше за национално предавство и спротивно на македонскиот устав и закони.
Во својот труд насловен како „ Името Македонија во македонско-грчките односи“ на страна 101 и 102 професорот Шкариќ пишува:
„Во таков контекст, Република Грција со предложеното име всушност се залага за дезинтеграција на Република Македонија и за нејзиното исчезнување како самостојна држава…
Грчкиот монопол врз името е неодржлив и од следниве причини:
Прво, дел од регионот на Македонија за прв пат во историјата дојде под грчка валст во 1913 година, по втората балканска војна, односно поделбата на Македонија со Букурешкиот мировен договор;
Второ, Република Македонија со вкупната своја територија е сместена во Македонија, а северната грчка провинција која сега го носи името Македонија само е еден мал дел од вкупната територија на Грција
И трето, македонскиот народ своето име го носи со векови, а неговата држава се означува како македонска повеќе од педесет години, што не е случај со грчката северна провинција.
Парадоксално е една провинција да има предност во однос на меѓународно призната држава! Парадоксот станува уште поголем во услови кога барањата на Грција за промена на името Република Македонија немаат ниту правна, ниту исторска основа.
Спротивно од Грција, Република Македонија нема никакви аспирации за монопол на името Македонија, иако на нејзина страна се историските и правни аргументи. На Република Македонија не и пречи што северната грчка провинција се вика Македонија, исто како што на Велика Британија не и пречи што областа Бретања во Франција или на големото војводство Луксембург, провинцијата Луксембург во Белгија. На Република Македонија, меѓутоа, многу и пречи што таа е единствената држава во историјата на меѓународните односи чијшто прием во ООН е условен со промената на сопстевното име“.
Ова професорот Шкариќ го објавил во свој труд но најверојатно тоа веќе не важи. Тој сега молчи и се крие од јавноста да објасни зошто врвен интелект како него ги сменил ставовите преку ноќ. Само пред два месеци тој имаше сосема поинакви ставови од тие што ги прокламира деновиве.
05-07-2018, 06:04 PM
Reply