Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 2.6 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Предлог до Администраторот.
Author Message
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#1

Имам еден предлог до Администраторот на Котле,за отварање на една тема на историја.

Имено дали е возможно да се поканат по неколку форумции од сите соседни држави и да се отвори една тема на историја или политика во која ќе се дебатира за случувањата во Балканот преку погледите на сите балкански народи.

Да се испратат покани до Хрвати,Босанци,Срби,Црно Горци ,Македонци ,Бугари ,Албанци ,Грци.

Како што Котле сака да рзабие некој бариери во Македонија да пробаме да ги разбиеме шовинистичките и националистичките погледи кај балканските народи.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
27-01-2011, 10:41 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#2

Поканите да бидат официјални од Форумот Котле до личности за кои вие сметате дека со здрава дебата ќе допринесат за помрднување на односите кај сите балкански народи.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
27-01-2011, 10:42 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#3

(27-01-2011, 10:42 PM)афион Wrote: Поканите да бидат официјални од Форумот Котле до личности за кои вие сметате дека со здрава дебата ќе допринесат за помрднување на односите кај сите балкански народи.


Добра идеа. Направи избор на учесници, ние ке ги упатиме поканите.
28-01-2011, 02:09 AM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#4

Тоа треба да е ваша работа,вие сте објективни и подобро ги знеате состојбите по форумите од мене.

Би можело да има по три претставници од секоја земја.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
28-01-2011, 12:18 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#5

Знам дека никој не ме праша за мислење, ама штом веќе темата е јавна, ќе си дозволам да си кажам што мислам за сето ова: Освен некои од соседите, јас не гледам смисол да се покануваат трети страни. Прво, нема да бидат заинтересирани. Второ, сигурно ќе доминираат дискусиите меѓу Србите и Хрватите, а во нив обично како навивачи се вклучуваат Македонците. Зошто ни е такво нешто на македонски форум? Трето, ако веќе се покануваат Албанци, тоа може да бидат единствено македонски Албанци. Со Албанците од Албанија немаме никакви односи и не знаеме ништо едни за други. За што би разговарале ние со нив, освен да си покажуваме слики од градови и патишта кој до каде стигнал и колку изградил во последно време? Devil3 Срби - во принцип може. Грци исто така може, но некои луѓе тука уште веднаш ќе се фатат за нивното ословување на Р. Македонија. Тогаш како ќе може еден Грк да дискутира со нас откако ќе му бидат поставени граници да ја „почитува нашата земја“? „Македонија не смее да се вика Македонија затоа што...“??? Или ќе бараме од оние Грци што немаат проблем со нашето име? Во таков случај - ништо од муабетот. А ако на Грците не им се постави ограничување како да ја ословуваат земјава, тогаш зошто Бугарите, кои веќе ги имаме тука во добар број и состав, секогаш се предупредувани за истата работа?
Let me hear you make decisions without your television.
(This post was last modified: 28-01-2011, 01:29 PM by Gnoj.)
28-01-2011, 01:25 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#6

Дојкар во принцип си во право,но ако се отвори една засебна тема во која ќе се дискутира со однапред повикани гости кој ќе бидат поканети од Администраторот само за таа тема ,каде ќе се разговара за состојбите во Балканот и во минатото и во сегашноста,но со ладни глави а не со провокации,можи ќе се успее на еден форум во балканот некој да најде заеднички јазик.

Еве на пример ти си смирен , непровоцираш , и добро дебатираш.Дали како тебе нема поединци во србија,грција,хрватска,босна,бугарија,црна гора и албанија?

Или можи и со етнички албанец,босанец,србин,хрват,бугарин,македонец,влав,ром,евреин,романец итн.Па сигурно ќе најдеме во Балканот припадници кој не се националисти или шовинисти.

Што се однесува до името со самото учество на форум од Република Македонија учесниците треба да го почитуваат домаќинот.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
28-01-2011, 01:35 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#7

(28-01-2011, 01:35 PM)афион Wrote: Дали како тебе нема поединци во србија,грција,хрватска,босна,бугарија,црна гора и албанија?

Што се однесува до името со самото учество на форум од Република Македонија учесниците треба да го почитуваат домаќинот.

Има многу такви луѓе. Меѓутоа што значи тоа „да го почитуваат домаќинот“? Да размислуваат исто како него? Еве ти пример: Доаѓа Грк кој е културен, дебатира смирено и аргументирано, а неговиот став во однос на името сепак се совпаѓа со официјалниот став на неговата држава. Тоа е и целта воопшто да викнеме некој Грк - отворено и цивилизирано да разговараме за споровите како овој. Почнува реченица која се однесува на нашата земја, сака да се искаже, а не му е дозволено да употреби друго име освен Македонија! А истовремено сака тебе да ти објасни, а ти да го ислушаш, зошто не се согласува земјава да ја нарекува Македонија без некоја географска додавка. Како ќе го направи тоа? Како да ја ослови земјава со името Македонија, ако се обидува да ти даде контра-аргумент против таквото ословување? „Тази дупка не е дупка“ ли? Мене не ми е мило името БЈРМ, но не го ни сметам за некоја навреда или непочитување. Исто како што Американец (државјанин на САД) не се лути што во Средна и Јужна Америка го нарекуваат Северноамериканец или Гринго. Но, тука ве има луѓе кои понекогаш ја занемарувате суштината на разговорот преку кој некој се обидува да стигне до некоја поента, а вие веднаш му се фрлате в гуша „почитувај ме, признај ме, не ме навредувај, зошто администраторот му дозволува на татаров/јунистанецов да си ја шири неговата пропаганда?“. Лесно е од другиот да се бара толерантност за различни мислења, но каде е твојата во ваков случај? Просечниот Грк, нарекувајќи нѐ БЈРМ, не ги има твоите сознанија и нема намера да те навреди со тоа, туку му доаѓа како природна дистинкција од неговата Македонија. Не е свесен дека тоа кај нас се смета за навреда, затоа што самите сме се согласиле на привремената употреба на тоа име. Можеме ли да го обвиниме што мисли така? На јутуб имам прочитано коментар од Грк кому му се допадна македонската песна за Евровизија (ланската), а коментарот беше „Браво ФИРОМ, една од најдобрите песни оваа година.“ Дали тоа ти звучи како човек кој сака да провоцира? Кога разговараш со Грк од Атина на пример, разговорот обично е смирен и ако му кажеш дека си од Македонија, најверојатно ќе ти рече „па добро, ние тука ве викаме Скопиа, ама се разбираме. Еј, а како се вика вашиот главен град?“. Ти дури и таквиот Грк можеби ќе го наречеш националист или шовинист, затоа што не ти го признава правото да се нарекуваш Македонец. Во неговата свест и ти си шовинист, затоа што не му ја признаваш историјата која тој ја учел за себе. Бугаринот те смета за уште поголем шовинист, затоа што тој ти го признава Гоце Делчев за твој, а ти врескаш и не го признаваш за истовремено и негов. Ти ако го напишеш твојот став на бугарски форум, ќе им замериш ако те банираат. А истовремено не можеш да поднесеш спротивниот став напишан на македонски форум.

Имај на ум дека кога се обраќам во второ лице со „ти“ или „вие“, не ти се обраќам задолжително лично тебе.
Let me hear you make decisions without your television.
(This post was last modified: 28-01-2011, 03:04 PM by Gnoj.)
28-01-2011, 02:59 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#8

Јасно дека не се однесува за мене Icon_razz

Сега ако сакаш објасни како би можело да се направи според тебе една ваква дебата?

Дали можи да се дебатира без спомнување на името на државата или да се дебатира без навредување ако некој те условува со официјалното име признаено од неговата држава.

Значи за сите соседи да важи Република Македонија ,а само за Гркот во духот на добрососедските односи да важи Поранешна Југославенска Република Македонија?
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
28-01-2011, 03:27 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#9

(28-01-2011, 03:27 PM)афион Wrote: Јасно дека не се однесува за мене Icon_razz

Сега ако сакаш објасни како би можело да се направи според тебе една ваква дебата?

Дали можи да се дебатира без спомнување на името на државата или да се дебатира без навредување ако некој те условува со официјалното име признаено од неговата држава.

Значи за сите соседи да важи Република Македонија ,а само за Гркот во духот на добрососедските односи да важи Поранешна Југославенска Република Македонија?

Многу едноставно: Да се остави да нѐ ословува кој како сака. Ако Гркот приговара ние самите да се нарекуваме Македонија, а при тоа ние не му приговараме ако нѐ нарекува ФИРОМ, тогаш негов проблем - нека крши глава. Јас лично, во комуникација со него, во случаи кога е потребна некаква дистинкција на поимите, би го додавал само зборот „Република“. Иако јас сум сигурен дека откако ќе му се образложи убаво нашето гледиште зад самоименувањето Македонија, и самиот тој ќе нема проблем да нѐ ословува така. Just let me do the talking. Icon_cool Впрочем, оној примерот за Гркот од Атина што го споменав, е мое лично искуство. Самиот почна да нѐ нарекува Македонија, без да се обидам да му објаснувам било што. Е сега, за да функционира сево ова, не треба да се дозволат двојни стандарди. Затоа велам дека треба да се остави секој да нѐ ословува како сака, без разлика дали е Грк или не. Не се плашете од демократија и слобода бе луѓе, и без ограничувања и цензура ќе направиме сите без резерва да се служат со името Македонија. Барем на интернет форум тоа е изводливо. Ако те загрижуваат Бугарите, прво ќе ти кажам дека тие името БЈРМ (БЮРМ) го користат само во одредени контексти во однос на функционирањето на оваа држава, и тоа како знак на протест и иронија, а не затоа што не ни го признаваат името. Па и ние самите понекогаш се самоиронизираме на истиот начин, исто како што и тие самите понекогаш државата си ја нарекуваат „Абсурдистан“. А биди сигурен дека во комуникацијата меѓу нив, не користат друго име освен Македонија. Со нив е лесно. Особено со истиот толерантен пристап, за кој кажав погоре. Толку.
Let me hear you make decisions without your television.
(This post was last modified: 28-01-2011, 04:17 PM by Gnoj.)
28-01-2011, 04:13 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#10



Дај те предлози кого да поканиме.
31-01-2011, 05:17 PM
Reply
nuleg Offline
Junior Member
**

Posts: 19
Joined: Jan 2011
Reputation: 0
#11

Администраторе барам од вас ставање на мојот предлози во кодексот и правилата за форумот а тоj предлог е:
дерато-Да не се спамираат теми.Членм што ке спамира тема да се банира од 1 до 2 дена по наредба на одговорниот модератор
Ве молам разгледајте го мојот предлог со модераторите и ако е добар ставете го во правилата за форумот.
01-02-2011, 08:03 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#12

(01-02-2011, 08:03 PM)nuleg Wrote: Администраторе барам од вас ставање на мојот предлози во кодексот и правилата за форумот а тоj предлог е:
дерато-Да не се спамираат теми.Членм што ке спамира тема да се банира од 1 до 2 дена по наредба на одговорниот модератор
Ве молам разгледајте го мојот предлог со модераторите и ако е добар ставете го во правилата за форумот.


Опушти се, форумот е за забава и релаксација, ке го ставиме тој член. Додуша погледнав денска најмногу банови биле заради спам.
02-02-2011, 02:23 AM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#13

@Administrator

Кога веќе на форумов можат да пишуваат гости, не може ли да се направи форумот да ги разликува еден од друг според IP адреса или слично? На пример да излегуваат како Guest0001, Guest0002, 0003 итн, и кога Guest0204 на пример го напише својот втор пост да биде препознат и автоматски испишан како Guest0204? Вака изгледа како да пишува еден ист човек и не можеме да ги разликуваме. Icon_razz Не мора ни да бидат нумерирани, за да биде позабавно може на пример системот да им генерира случајно избрано смешно име после првиот напишан пост. Се разбира ако не мислиш дека така би било премногу дискриминаторски. Icon_razz Така ако не им се допадне доделеното име/аватар/опис може да бидат поттикнати да се регистрираат. :P
Let me hear you make decisions without your television.
(This post was last modified: 27-06-2011, 01:31 AM by Gnoj.)
27-06-2011, 01:28 AM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#14

Не може ли да се премахне опцията за изтриване на регистрацията на хора,които три месеца не са участвали в дискусии?Все пак щом пишат гости ,мисля,че е честно да се оставят участниците,които са имали поне желание да се регистрират.
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
18-07-2011, 11:25 AM
Website Reply
Guest
Unregistered

 
#15

Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!
APSOLUTNO TOCNA PRESTAVA ZA VISTINATA - Zaspijeni razbudete se (Pozdrav za Crnita nedostasuva doma)
20-07-2011, 12:19 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

(20-07-2011, 12:19 AM)Guest Wrote: Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!
APSOLUTNO TOCNA PRESTAVA ZA VISTINATA - Zaspijeni razbudete se (Pozdrav za Crnita nedostasuva doma)



Незнам на кого можам да недостасувам. Оние што ми пружаа секош подршка и што не се откажаа од мене се со мене.
20-07-2011, 07:15 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#17

Мислам дека треба да поставите Капча за секој пост и зачленување.
Овие се или професионални маркетинг спамери или ботови.
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
15-08-2011, 02:36 AM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#18

(15-08-2011, 02:36 AM)montehristo Wrote: Мислам дека треба да поставите Капча за секој пост и зачленување.
Овие се или професионални маркетинг спамери или ботови.



Ке го оставиме засега така форумот. Да видиме колку ке бидат истрајни.
15-08-2011, 03:09 AM
Reply
Guest
Unregistered

 
#19

Bravo za crni pa i da znaes da folis u odnosno doma, Pozdrav od Majora ne sam te zabravija , a i deca ni ucesva zaedno. (veterani na vmro DPMNE od Kumanovo, poz i od trakatrana]
20-08-2011, 08:30 PM
Reply
Вовата Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,978
Joined: Jan 2010
Reputation: 33
#20

(28-01-2011, 02:59 PM)Gnoj Wrote:
(28-01-2011, 01:35 PM)афион Wrote: Дали како тебе нема поединци во србија,грција,хрватска,босна,бугарија,црна гора и албанија?

Што се однесува до името со самото учество на форум од Република Македонија учесниците треба да го почитуваат домаќинот.

Има многу такви луѓе. Меѓутоа што значи тоа „да го почитуваат домаќинот“? Да размислуваат исто како него? Еве ти пример: Доаѓа Грк кој е културен, дебатира смирено и аргументирано, а неговиот став во однос на името сепак се совпаѓа со официјалниот став на неговата држава. Тоа е и целта воопшто да викнеме некој Грк - отворено и цивилизирано да разговараме за споровите како овој. Почнува реченица која се однесува на нашата земја, сака да се искаже, а не му е дозволено да употреби друго име освен Македонија! А истовремено сака тебе да ти објасни, а ти да го ислушаш, зошто не се согласува земјава да ја нарекува Македонија без некоја географска додавка. Како ќе го направи тоа? Како да ја ослови земјава со името Македонија, ако се обидува да ти даде контра-аргумент против таквото ословување? „Тази дупка не е дупка“ ли? Мене не ми е мило името БЈРМ, но не го ни сметам за некоја навреда или непочитување. Исто како што Американец (државјанин на САД) не се лути што во Средна и Јужна Америка го нарекуваат Северноамериканец или Гринго. Но, тука ве има луѓе кои понекогаш ја занемарувате суштината на разговорот преку кој некој се обидува да стигне до некоја поента, а вие веднаш му се фрлате в гуша „почитувај ме, признај ме, не ме навредувај, зошто администраторот му дозволува на татаров/јунистанецов да си ја шири неговата пропаганда?“. Лесно е од другиот да се бара толерантност за различни мислења, но каде е твојата во ваков случај? Просечниот Грк, нарекувајќи нѐ БЈРМ, не ги има твоите сознанија и нема намера да те навреди со тоа, туку му доаѓа како природна дистинкција од неговата Македонија. Не е свесен дека тоа кај нас се смета за навреда, затоа што самите сме се согласиле на привремената употреба на тоа име. Можеме ли да го обвиниме што мисли така? На јутуб имам прочитано коментар од Грк кому му се допадна македонската песна за Евровизија (ланската), а коментарот беше „Браво ФИРОМ, една од најдобрите песни оваа година.“ Дали тоа ти звучи како човек кој сака да провоцира? Кога разговараш со Грк од Атина на пример, разговорот обично е смирен и ако му кажеш дека си од Македонија, најверојатно ќе ти рече „па добро, ние тука ве викаме Скопиа, ама се разбираме. Еј, а како се вика вашиот главен град?“. Ти дури и таквиот Грк можеби ќе го наречеш националист или шовинист, затоа што не ти го признава правото да се нарекуваш Македонец. Во неговата свест и ти си шовинист, затоа што не му ја признаваш историјата која тој ја учел за себе. Бугаринот те смета за уште поголем шовинист, затоа што тој ти го признава Гоце Делчев за твој, а ти врескаш и не го признаваш за истовремено и негов. Ти ако го напишеш твојот став на бугарски форум, ќе им замериш ако те банираат. А истовремено не можеш да поднесеш спротивниот став напишан на македонски форум.

Имај на ум дека кога се обраќам во второ лице со „ти“ или „вие“, не ти се обраќам задолжително лично тебе.

Завидувам ти на логиката. Длабока, со визия... Администраторите - ставите два бутона како на Фејсбукот: Лайк и дислайк, та да не отвараме нов пост секой пат кога ни се нешто бендиса...
20-08-2011, 11:06 PM
Reply