Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 2.88 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗОШТО МОЛЧЕА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ ????
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:“Лустрацијата” како процес на ревизија на работата властите и нивните тајни служби

значи “Лустрацијата” треба да е процес на ревизија на работењето на државните власти и нивните тајни служби, од 1944. година до денешен ден. Цел да и’ е исправање на неправди, доклку се докажат. Полза треба да има целото општество, бидејќи, злосторниците се далеку помалубројни од оштетените. Овој процес мора да се води од перспекивата на жртвите

Овој текст ќе се занимава со предизвикот на спроведувањето на процесот на “Лустрација”. Пред да навлеземе во самата тема, накратко ќе потстетиме зошто е потребна токму “лустрација”. Имено, противниците на овој процес нагласуваат дека истиот е непотребен, па дури и дека е закана кон човековите права на оние кои ќе бидат опфатени од овој процес.

Тие велат дека Извршителите, Налогодавачите и Соработниците на тајните служби за време на југословенската држава (1944-1991) работеле според законите на државата. Но, токму тука се крие тајната на потребата за процес на ревизија на работата властите и нивните тајни полиции. Пред нас ги немаме сите Законици на Титова Југославија, но со доза на сигурност можеме да кажеме дека во нив нема да се најдат закони кои дозволуваат убиства и измачувања. Нема да се најдат закони кои дозволуваат наместени судски процеси. Нема да се најдат закони кои охрабруваат нечовечки и неправедни постаки. Но, и да постојат, овој процес пред се’ треба да е исправање на неправдите на еден неправеден систем.

За последователниот период на Независност, противниците на “Лустрацијата” велат дека бил донесен демократски Устав, кој ги гарантирал правата и слободите на граѓаните. Тоа е точно. И токму тоа е она што ја прави неопходноста од ревизија дотолку поголема. Токму во тој период постојат лица на кои им се кршени правата и слободите загарантирани од тој Устав. Законите на Република Македонија предвидуваат дека, доколку постојат индиции, т.е. доколку вест за кршење на законите стане јавна, тогаш Јавното обвинителство е обврзано да спроведе истрага по тие индиции.

Таа вест ја допира јавноста, односно Јавното обвинителство, повеќе од десет години - од моментот на отварањето на досиеата, според Законот кој беше донесен од страна на Владата на Љубчо Георгиевски. Потелкото на овие индиции не е од шпекулации, туку, од досиеа на СДБ, кои претставуваат официјални државни документи. Тоа значи дека Јавното обвинителство веќе повеќе од десет години ја занемарува својата должност да ја спроведе таа истрага. Поради оваа заштита на прекршувачите на законите од страна на државните апарати, отпаѓа одбраната на застареност на кривично дело. Едноставно, поради тие прекршоци направени пред 10,15, 20 или повеќе години, жртвите сеуште страдаат, додека прекршувачите сеуште ги уживаат плодовите на своите злодела.

Значи “Лустрацијата” треба да е процес на ревизија на работењето на државните власти и нивните тајни служби, од 1944. година до денешен ден. Цел да и’ е исправање на неправди, доклку се докажат. Полза треба да има целото општество, бидејќи, злосторниците се далеку помалубројни од оштетените. Овој процес мора да се води од перспекивата на жртвите.

За жртвите

Прво и основно, ќе мора да се отворат сите архиви на досиеа, во процес сличен на оној од 1999. година. Ова од причина што имаме доволно причина да веруваме дека дел од досиеата кои се моментално достапни или кои беа достапни во периодот на важење на Законот, сеуште се активни. Секој сегашен или поранешен граѓанин на Република Македонија да има пристап до своето досие, доколку тоа постои.

Ние предлагаме да се формира Комисија за рехабилитација, репатријација и репарација на жртвите на прогонот. Таа комисија да е тело до кое поседувачите на досиеа ќе можат да поднесат барање за рехабилитација, репатријација и репарација. Прво, доколку комисијата утврди дека дадената индивидуа била неправедно прогонувана, на индивидуата да и’ се одреди и обезбеди обештета, т.е. репарација.

За периодот од 1944-1991. година да има еден дополнителен чекор, кој нема да е потребен за периодот на Независност. Во тој период (1944-1991) имало прогон на две основи. Прогон на:
- идеолошка основа – комунисти гонеле други комунисти; и на
- национална основа – дејците за независна Македонија биле гонети од пропонентите на југословенската политика.
(Во периодот на Независност, според нашите сознанија валиден е само вториот случај.)

Рехабилитацијата на жртвите би била процесот кој ќе ги издвои едните од другите. Ова треба да се стори од причина на докажување на континуитетот на македонската национална ослободителна борба, како и за соборување на разните негации на македонскиот идентитет. Воедно да им се оддаде честа и признанието на оние кои се заслужни за оставрување на идеалот на македоскиот народ за своја држава.

Следно, на првата страница на досието се имињата на Извршителите на досието. Тоа се лицата вработени во МВР. Тие имиња да се достават до специјален Совет за ревизија на работењето на државните власти и нивните тајни служби. Овој совет би бил во склоп на Министерството за правда, би бил сочинуван од судии и би бил полноправен судски орган. Откако имињата на Извршителите ќе бидат доставени до Советот, Советот би отпочнувал судски процес против тие поединци. Бидејќи нивната вина веќе ќе биде утврдена во претходната комисиска постапка, нивно ќе е да се докажат за невини. Ова значи дека Комисијата за рехабилитација, репатријација и репарација на жртвите на прогонот, ќе треба да е барем делумно составена од стручни лица од правната област.

Во судската постапка, како дел од својата одбрана, Извршителите ќе треба да ги достават имињата на своите Налогодавачи. Односно, колку повеќе соработуваат со Советот, толку поголема прилика за да им се ублажат казните. Налогодавачите треба да се лесни за утвдување. Тоа се “Премиери и Претседатели на државата, кои издавале наредби за прогон на одредени лица. Во оваа категорија пригаѓаат и партиските врховници и тела кои донесувале одлуки за прогон на политички протинвници.”

Соработниците се луѓе кои се одбирани специфично по даден случај. Кога Извршителот поготвувал “обработка” на даден “предмет”, тој, како кројач кој го крои костумот спрема муштеријата, одбирал луѓе од опкружувањето на неговиот предмет. Затоа Соработниците се луѓе вон институциите на МВР. Советот ќе ги открие Соработниците со отварањето на Регистарот на соработници, кој постои во МВР.

Доволна ќе е една пресуда против Соработник, Извршител или Налогодавач за истиот да биде “лустриран”, т.е. осуден за своите злодела.

Комисијата и Советот, би требало да имаат повеќе екипи во себе, при што би биле во можност да се разледуваат повеќе случаи симултано.

За Трансформацијата на општествениот капитал

Во минатата статија го пренесовме изнесувањето на поранешниот Адмирал Бранко Мамула, кој во својата книга "Случај Југославија" во детали го објаснува идејниот, програмскиот и спроведувачкиот пристап на ЈНА, како политички фактор во југословенската државна заедница. Според нас, ова е доволно сериозно изнесување, односно, основ за индиции според кои мора да се отпочне истрага од страна на Јавното обвинителство.

Во случајов, бидејќи како и погоре, Јавното обвинителство во досегашниот тек на настаните се има докажано себе си како неефективно, ние би предложиле, една од екипите на Советот за ревизија работењето на државните власти и нивните тајни служби да ја превземе оваа одговорност.

Доколку се докаже дека дело за време на приватизацијата на општесвениот капитал од деведесетите години на минатиот век е направено тенденциозно, тогаш тоа дело да биде поништено и превратено. Ренационализираниот капитал после одредено време да се приватизира според ваучерскиот метод. Истовремено, овој капитал би бил искористен во процесот на репарација на жртвите на прогонот.

Конечно, и над се’, ревизијата на работата на властите помеѓу 1991-1998. година и нивните тајни служби е неопходна поради уште еден значаен факт. Гарнитурата која стана власт во тие години беше онаа која по сведочења на Андов и Богоевски била инсталирана по налаог на странска држава и се спротивставуваше на прогласувањето на независност во 1991. година. Уште повеќе, оваа гарнитура јавно се залагаше за внесување на Македонија во нов сојуз на југословенски републики. Тоа според нас се доволни индиции за преипитување на одлуките кои беа донесени од гранките на Власта во тој период.

Според овој пристап, доволни ќе бида сосема мали измени во постоечките закони на Република Макеоднија.

Комитет за Демократизација на Република Македонија

Шакале и
Јордан Петровски (Претседател)
22-01-2011, 07:45 PM
Reply