Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 9 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КЛУЧОТ КОЈ НИЕ ГО НАРЕКУВАМЕ ЛУСТРАЦИЈА И КАКО ДА ГО УПОТРЕБИМЕ I
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:КЛУЧОТ КОЈ НИЕ ГО НАРЕКУВАМЕ ЛУСТРАЦИЈА И КАКО ДА ГО УПОТРЕБИМЕ


Лустрација - церемонијално духовно прочистување

Впрочем целта на една ваква "лустрација", каква што ја предлага Власта е понатмошно туркање на општеството во транзициската магла. Целта на таа лустрација е заштита на вистинските виновници – профитерите од "трансформацијата на општествениот капитал". Според нас, ниту еден обид за лустрација кој нема да биде сконцентриран на Извршителите и особено на Налогодавачите и Соработниците, нема да е сериозен


Нова година, и нова манипулација од Власта. Да, манипулација. Тоа е новиот предлог-закон за лустрација кој ВМРО-ДПМНЕ го обзнани минатата недела. Ќе се гонеле сите кодоши од АСНОМ до 2019. година. За крупните "ѕверки" ниту збор. Овој предлог-закон не е ништо повеќе од очајнички обид да се купи време, во кое повторно ништо нема да се сработи.


Новиов предлог-закон е воглавно копија на постоечкиот Закон за дополнитен услов за извршување должност. Разликата помеѓу постоечкиот Закон и прелог-законот се состои во оние делови кои беа отстранети од Уставниот суд. СДСМ веќе најавува дека нема да го поддржи предлогот, а тоа значи дека нема да има општ концензус по прашањето.


Значи, прво и основно, доколку овој предлог се усвои во Собранието, тоа би било еднострано, и затоа можеме да очекуваме да го снајде истата "соросоидна" судбина како претохникот. Но, уште пред да се случи тоа, колку време ќе треба да мине во повторни превирања и дискуcии во Собранието пред воопшто предлог-законот да се стави на гласање?


МАМКАТА


Но, ајде да бидеме оптимисти, и да речеме дека коалицијата која ја сочинува Владата е определена да го заврши овој процес. Да речеме и дека има стратегија како да ги надмине пречките кои го снајдоа постојниот Закон од страна на Невладините организации. Сепак, овој предлог има големи промашувања, бидејќи:

- не прави разлика помеѓу прогоните од 1944-1991. година кои се на два различни основи - идеолошки и национален; и прогонот од 1991. година, кој е на национална основа;
- не предвидува рехабилитација на жртвите на прогонот; и
- се темели врз гонењето на Кодоши, заборавајќи ги вистинските виновници: Сорабоднитците, Извршителите и Налогодавачите.


Било кој ефективен Закон за лустрација мора соодветно да ги издефинира термините Кодош, Соработник, Извршител и Налогодавач. Еве, во кратки црти како ние ги толкуваме:

- Кодошите не добивале надомест за доставувањето информации до МВР, туку, информациите кои ги давеле, биле изнудени или незнајно дадени. Секако, мора да се очекува дека има значаен број на Кодоши кои станале Соработници;
- Соработници се оние поединци кои не биле вработени во тајните служби на МВР, но кои, како надворешни тела, извршувале задачи за СДБ (УДБ, КОС) кои биле на штета на други поедници и на националните интереси, а за возврат добивале надомест од пари, привилегии, унапредувања итн;
- Извршители се Директори на СДБ, Министри на МРВ, инспекторите на СДБ (УДБ, КОС), кои ги спроведувале наредбите на Налогодавачите;
- Налогодавачите се Премиери и Претседатели на државата, кои издавале наредби за прогон на одредени лица. Во оваа категорија пригаѓаат и партиските врховници и тела кои деонсувале одлуки за прогон на политички протинвници.


Прогонот на Кодоши е гаранција за нов лов на вештерки, и едното злодело го менува со друго. Кодошите обично немале избор дали ќе доставуваат информации до МВР или не. Ќе посочиме два примери од досиејата кои ни се познати. Во досието на Трако Трајковски П.О. "Жеглигово", еден од најпроминентните Кодоши е неговата сопруга. Како? Низ седумдесетите и осумдесетите години на минатиот век Трајковски има поминато неколку години сам во Германија и САД, додека неговата сопруга живеела во Куманово. Од време на време, таа, како сопруга на човек од интерес за УДБ (СДБ) била повикувана на информативни разговори во просториите на МРВ. Таа немала избор. Секој нејзин збор завршил во досието на Трајковски.


Во досието на Јордан Петровски П.О. "Црни" постои една долга белешка за разговор обавен помеѓу извршниот инспектор и сопругата на Петровски. Разговорот е обавен на улица, без сознание на госпоѓа Петровска дека она што таа му го соопштува на инспекторот ќе заврши на страниците на досието на нејзиниот сопруг. Таа воопшто не знаела дека СДБ води досие за Јордан Петровски. Во двата случаи станува збор за Кодоши. Во двата случаи имињата на Кодошите не се заштитиени. Но, секој разумен човек може да заклучи дека лустрацијата на госпоѓите Трајковска и Петровска ќе е безпредметна и македонското општество нема да се помрдне ниту милиметар напред.


КЛУЧОТ


Впрочем целта на една ваква "лустрација", каква што ја предлага Власта е понатмошно туркање на општеството во транзициската магла. Целта на таа лустрација е заштита на вистинските виновници – профитерите од "трансформацијата на општествениот капитал". Според нас, ниту еден обид за лустрација кој нема да биде сконцентриран на Извршителите и особено на Налогодавачите и Соработниците, нема да е сериозен. Лустрацијата мора да биде чин кој ќе му го врати достоинството на македонскиот народ.


Зборуваме за сериозните соработници. За Љубислав Иванов – Ѕинго, Минчо Јорданов, Ванчо Чифлиганец, Трифун Костовски, Илија Камчев, Велија Рамковски, Борис Стојменов, Штерјо Наков, Свето Јаневски - Пивара, Ристо Гуштеров, Глигорие Гоговски и ним сличните. Тие се оние кои заради своите заслуги го добија општественото богатство, кое го користат за го продолжат животот на УДБ-а (СДБ,КОС) и кои во соработка со истата сеуште го угнеруваат народот.


Во следниве неколку реда се крие клучот на Лустрацијата. Адмиралот Бранко Мамула, во својата книга "Случај Југославија" во детали го објасни идејниот, програмскиот и спроведувачкиот пристап на ЈНА, како политички фактор во југословенската државна заедница. Планот бил да се задржи "статустот кво" додека да се смири антикомунистичкото движење во Европа.


Како неопходна мерка за остварување на оваа цел е створена широка мрежа на агенти на КОС низ просторите на бифша Југославија. Воспоставувањето на широка мрежа на свои соработници КОС ја започнува во 1989. година, а ја продолжува интензивно низ 1990. и 1991. година. Во тој период полковникот на КОС, Кумановчанецот Д.С. – М., по долгогодишен ангажман од Белград се враќа во Македонија. Мрежата со подоцнежното делување се шири низ сите пори на цивилното општество. Цели се телата на власта, полицијата, медиумите, образовните институции и секако центрите на финансиската моќ.


Анте Марковиќ ја добива улогата на волшебник, кој треба да и’ овозможи на бившата комунистичка елита приватизирање на сиот општествен имот - без пари, при што ќе и’ овозможи таа да стане новата класа на големи капиталисти. Македонија во Владата на Анте Марковиќ ги делегира своите "најдобри синови" и проверени чувари на Југословенството. Имено, Киро Глигоров му беше советник на Анте Марковиќ, додека Владо Камбовски и Срѓан Керим беа членови на Владата. Секако, да не заборавиме дека во Република Македонија беше спроведена приватизација според идејните предлози на Анте Марковиќ.


Спрегата беше воспоствавена. Договорот направен: "Црвените капиталисти" мораа да ја финансираат КОС, а за возврат КОС да им го чува богатството. Значи денешната олигархиска класа потпаѓа под терминот "Соработници". Чувањето на богарството КОС го правеше на многу сигурен начин, бидејќи изборот на власта беше стого под нивна контрола. За тоа сведочи Стојан Андов во интервјуа за "Фокус" и "Сега", во кое потврдува дека Експертската влада беше формирана под диктат на Белград. Сведочење кое сеуште не е демантирано од никој од директните учесници во збиднувањата. Понатамошното контролирање на Власта се изврши преку изборниот фалсификат во 1994. година, и полседователното компромитирање и корумпирање члениците на партијата ВМРО-ДПМНЕ, кои од противници на планот за зачувувањето на "статусот кво", станаа негови соработници.


Лустрацијата мора да се темели врз расветлувањето оваа мрежа. Таа мора да е возило за преврат на неправдите кои се направени за целите на сочувувањето на југословенскиот "статус кво". Ваквата лустрација нема да врти брат протв брат, или сопруг против сопруга; нема да лустрира ѓубраџии и чистачки; нема да ги казни жртвите, а да ги награди виновниците со ослободување од одговорноста која им следува. Ваквата лустрација нема да го задржи "статусот кво" поради кој Република Македонија тоне во живиот песок, туку, конечно ќе и' овозможи на Татковината да отпочне јуриш кон подоброто утре.

Спроведувањето на лустрацијата, како што ние ја подразбираме, ќе биде предмет на нашата следна статија.


Комитет за Демократизација на Република Македонија

Шакале и
Јордан Петровски (Претседател)
19-01-2011, 10:36 PM
Reply