Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 7 Vote(s) - 3.86 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЛУСТРАЦИЈА ПОВТОРЕН ОБИД ДА СЕ СОКРИЈАТ ЗЛОДЕЛАТА БЕЛГРАДСКИТЕ СЛУГИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Многу убаво што и власта понуди своја нова верзија на закнот на лустрација. Го пренесов онаа што е излезено во весник за да можме да ја воочиме разликата помеѓу онаа што по наша проценка треба да го стори лустрацијата и онаа што сака да ни го понуди владата.



Quote:Лустрација и за новинари, академици, професори...

Имињата на лицата за кои комисијата за лустрација ќе утврди дека биле соработници на службите ќе бидат ставени во посебен регистар откако процесот на лустрација ќе заврши. Увид во него ќе имаат Собранието, Владата, како и сите граѓани што ќе докажат дека имаат интерес да видат кој бил кодош


Соработниците на тајните служби што кодошеле поради идеолошки и политички причини за лична корист нема да се бараат само меѓу актуелните функционери. На проверка пред комисијата за лустрација ќе треба да поминат и поранешни функционери што се живи, а повеќе не се на функција. Пратениците на владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги стокмија измените на Законот за утврдување дополнителен услов за вршење јавна функција што беа најавени уште пред три месеци.

Освен ретроактивното дејство на законот за лустрација за поранешните носители на јавни функции, власта остана на ставот да ја продолжи лустрацијата сé до овој момент.

По укинувањето на дел од одредбите на законот од Уставниот суд и инсистирањето процесот да го опфати само периодот пред 1991 година, со измените се утврдува само почетен момент од кој ќе се трага по кодошите.
- Бидејќи нема лимит, односно завршен рок, лустрацијата ќе се спроведува од 2 август 1944 година до важењето на законот - објаснува Силвана Бонева, координаторка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и потписничка на измените.

Практично, тоа би значело дека лустрацијата ќе трае уште осум години, додека трае и комисијата за лустрација.

Власта нашла компромисно решение и за јавното објавување на соработниците на тајните служби. Имињата на функционерите за кои комисијата за лустрација ќе утврди дека биле соработници на службите ќе бидат ставени во посебен регистар. Откако процесот на лустрација ќе заврши, регистарот ќе биде префрлен во Државниот архив, а увид до него ќе имаат Собранието, Владата и сите граѓани што ќе докажат дека имаат интерес да видат кој бил кодош.

Според измените, задолжително ќе се лустрираат и новинарите и уредниците на сите медиуми, членовите на МАНУ, вработените на државните и приватните факултети, верските заедници, невладините организации, политичките партии.

Иако беше најавено зајакнување на капацитетите и надлежностите на комисијата за лустрација преку директен увид на членовите на ова тело во архивите на службите што ги поседуваат информацијата и досиејата за нивните соработници во редовите на функционерите, такво решение во измените нема.
Наместо тоа, се утврдува обврска на службите да ги достават податоците што ги бара комисијата во рок од 30 дена, а доколку тие не го сторат тоа, Собранието ќе одлучува какви мерки да се преземат. Комисијата ќе може да работи само врз основа на оригинални документи, што всушност е барање на владејачката ДУИ откако за лустрација во копија беа доставени досиејата „Мама“, „Вујко“, „Стрелец“ и „Ибар“, кои се однесуваа на челниците на оваа партија.

- Во интерес на лустрацијата сметаме дека треба да се доставуваат оригинали. И никаде во светот нема фотокопии за лустрација, така што секако дека со овој предлог нашата намера е лустрацијата да се врати во институциите - вели Рафиз Алити од ДУИ.

Како што објаснуваат од власта, целта е да се овозможи правичен процес во кој луѓе на клучни позиции во земјата ќе бидат поминати низ процесот на лустрција. И ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се надеваат дека овој пат Уставниот суд нема да има забелешки на законот.

Опозициската СДСМ смета дека предложените измени се проект на премиерот Никола Груевски, а не резултат на консензус на сите политички партии како што почна процесот на лустрација.

Пратеникот Стојан Андов од Либералната партија, предлагач на веќе постојниот закон смета дека измените се добри и дека не го нарушуваат постојниот концепт на лустрацијата. Сепак, Андов смета дека треба сите пратенички групи да излезат со свои забелешки и предлози пред законот да биде ставен на гласање.


Автор: Катерина Нешкова
13-01-2011, 01:03 PM
Reply