Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3.33 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
1 ГОДИНА КОТЛЕ
Author Message
goran16ta Offline
локал патриот
***

Posts: 118
Joined: Oct 2010
Reputation: 8
#61

administrator - значи може да се зборува на било кој јазик ОК(до душа не баш ок за мене ама нема врска ваш форум ваши правила)
Govanni -дека оваа страна и овај форум зема се поглоем замав нема збор за тоа и дека е квалитетен е и не мора да значи бројката и не за друго оти ретко кој го знај форумот а тој што го дознава ако не пишува барем чита.Форумот дека нема никаков ефект си се излажал начисто друже до душа повеќе на фб се доби овај форум со популарност од колку од нешто друго но тука секој може да пиши без своето име и презиме односно само со ник
Душан - веќе кога со напаѓаш ѓовани за тоа дека ширел манипулации треба да видиш на темите за историја каде што татарите се си зедоја за нивно тоа се манипулации на форумот а не тоа што ѓовани си даде свое мислење за форумот а вие му влеговте во реплики да му објансувате требаше само да го оставите што сака нека си каже нели е овај форум без граници и без цензура со тоа што никој не навреди можеше само да не му обренте внимание на неговиот пост и крај
hristo - немој молимте за зборуваш за европски принципи и добор соседки односи !Кој бе христо принципи кој да не ги почитуваат тие во еу ?за кој соседи збораш ?за србите што не ни признаваат црква кој се во колација со гејците кој не ни признваат име на држава(геноцид и неможноста да се изјаснат како македонци) и заедно со северните соседи пуштаат тука некој поп зоран да дели пропаганда за кој соседи забораш за татарите кој признваат држава без народ и јазик( тие за политичка парија очиу вадат) или за албанците кој се во две држава косово и албанија и сите соседи не имаа поделено и сега сите не сакаат да не видат на колена и да не постоиме или ако постоиме не како Македонци,со држава Македонија со Македонски јазик и Македонска православна црква
Во врска во татарите на форумот вие како сакате сфатете но со тоа што ги оставте да пишуваат на нивниот јазик губите кај голем дел од тие што ве читаат и го декларираат како про бугарски(се оставаат да шират пропаганда) пробајте вие да отидете на бугарски форум и да пишете нешто за нивната историја па да видите дали едне ден ќе останите без бан.Друго неле вие како дисиденти се изјаснувате за Македонија и се борите против србската пропаганада и УДБА инсталација во нашата држава исто треба да се осврнете и на тараите односно нивната политика спрема нас пример со омо илинедн пирин и не признавањето наша акко народ потоа ако сте за Македонија исто треба да се осврнете и спрема УЧк однопсно алнаците кај нас и нивното барање прењку леб погача .Трето можеби нај битно лошо е што на форумот се заваќа страна со америка односно вие повеќето сте таму некада па морате но сепак мислам дека е лошо што се гледа само едната убавата страна на јенките и европа а грдата ја нема на форумот

Во секој случај има ефект форумот кај мене во позитивна смисла и научив некој работи за кој не знаев и се двоумама дали да не му обрнвам внимание на татарите и да продолжам да пишувам на форумот или не :D
Pishtoldzija
04-01-2011, 02:31 AM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#62

(04-01-2011, 02:31 AM)goran16ta Wrote: administrator - значи може да се зборува на било кој јазик ОК(до душа не баш ок за мене ама нема врска ваш форум ваши правила)

Во врска во татарите на форумот вие како сакате сфатете но со тоа што ги оставте да пишуваат на нивниот јазик губите кај голем дел од тие што ве читаат и го декларираат како про бугарски(се оставаат да шират пропаганда) пробајте вие да отидете на бугарски форум и да пишете нешто за нивната историја па да видите дали едне ден ќе останите без бан.


Ние бефме свесни дека дозволата на употреба на други јазици освен Македонскиот ке предизвика реакции а ке биде и злоупотребена во кампања против форумот. Но учењето на демократија има цена, ние решивме да платиме дел од таа цена и уште нешто, документите на нашите херои Александров, Делчев, Сандански, Петров ... се пишувани на тој јазик, голем дел од нашата историја, историјата на ВМРО е пишувана на Бугарски јазик, како ке го разбереме напишаното, како ке го разбереме документот кој ке ни го скенираат или треба и документот да не дозволиме да се скенира.?

Бугарите секогаш не обвинуваа и тоа со право за немање демократија на нашите форуми и за преголема цензура. Зошто велам со право не обвинуваа, до вистината неможеме да стасаме со ЦЕНЗУРА и без плурализам на мислења. Ние сме сигурни и имаме докази, нашите дела и минато се дел од тие докази, дека МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА не е коминтерновска творба .
Треба да се открие заверата на наводно нашите патриоти кои не држеа во заблуда дека треба да се плашиме од отворена дискусија. Зошто го правеа тоа, за добро на Македонија сигурно НЕ.


Полека на форумов се формира една солидна екипа:Dojkar, Zoograf, Македонец, Мисла-кој мора да биде многу по смирен и да не дозволува така лесно да биде испровоциран. Кога ке се врати Пѫт , Kasnakovski и кога Зора ке го зголеми бројот на постовите, форумот ке има dream team.
04-01-2011, 03:38 AM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#63

(04-01-2011, 02:31 AM)goran16ta Wrote: Друго неле вие како дисиденти се изјаснувате за Македонија и се борите против србската пропаганада и УДБА инсталација во нашата држава исто треба да се осврнете и на тараите односно нивната политика спрема нас пример со омо илинедн пирин и не признавањето наша акко народ


потоа ако сте за Македонија исто треба да се осврнете и спрема УЧк однопсно алнаците кај нас и нивното барање прењку леб погача .


Трето можеби нај битно лошо е што на форумот се заваќа страна со америка односно вие повеќето сте таму некада па морате но сепак мислам дека е лошо што се гледа само едната убавата страна на јенките и европа а грдата ја нема на форумот


Ние сме легалисти почитуваме закон, ако законот во Бугарија вели дека треба да има 4 000 или 5 000 пописи, тоа мора да се стори . Да се обезбеди тој услов. Да се обезбеди тој услов не би требело да е проблем. Имено имаме толку многу организации во Македонија чии усти се полни со грижа за Македонците во Бугарија. Се прашуваме зошто таа грижа не ја покажат на дело. За тоа не треба да одат во Бугарија, нели има 50-60 илјади граѓани на Македонија со Бугарски пасоши, нека ја соберат од нив потребната бројка и решен проблем.


Албанците е нормално да бараат и додека е ваква власта нивните барања никогаш нема да престанат. Уставот кој е наводно граѓански е устав кој треба да ја разнебити Македонија. Секаде во демократскиот свет се ПРИЗНАВААТ И ПОЧИТУВААТ ИНДИВИДУАЛНИ ПРАВА. Нашиот устав признава права на етнички заедници. Секое зборување со ваков Устав кое е против Албанците е само продавање лажен патриотизам.

Сме живееле, патувале и на Исток и на Запад а и во Латинска Америка. Црните страни на САД, Канада, ЕУ се ништо во однос на црноите старни на Исток.
04-01-2011, 03:59 AM
Reply
Zoograf Offline
Senior Member
****

Posts: 643
Joined: Jul 2010
Reputation: 30
#64

Честито годишница! Следната година да бидете најпопуларен мк форум!
Бензинoт e ваш, a идејите наши.
О. Б.
04-01-2011, 06:22 AM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#65

(04-01-2011, 02:31 AM)goran16ta Wrote: Душан - веќе кога со напаѓаш ѓовани за тоа дека ширел манипулации треба да видиш на темите за историја каде што татарите се си зедоја за нивно тоа се манипулации на форумот а не тоа што ѓовани си даде свое мислење за форумот а вие му влеговте во реплики да му објансувате требаше само да го оставите што сака нека си каже нели е овај форум без граници и без цензура со тоа што никој не навреди можеше само да не му обренте внимание на неговиот пост и крај


Трето можеби нај битно лошо е што на форумот се заваќа страна со америка односно вие повеќето сте таму некада па морате но сепак мислам дека е лошо што се гледа само едната убавата страна на јенките и европа а грдата ја нема на форумот

Горан, форумот е без цензура и до тоа се држиме. Затоа со Џовани дискутираме - а, не му ги бришеме или цензурираме постовите. Бришењето би било цензура. Јас, а и другите форумџии, не му дозволуваме да манипулира. А тоа најдобро се прави преку докажување на вистината. Тој е односот и спрема Бугарите на форумот (иако јас, како што можеш да забележиш исклучиво се занимавам со политика). Татко ми Јордан, е еден од основачите на форумот и е личност кој најмногу се напаѓа од страна на одредени членови. Но, наместо администрацијата да ги банира тие членови, ние преку дискусија докажуваме кој е во право.

А, со Џовани си имаме стар муабет од пред 6-7 месеци. Така да, точно знам која му беше намерата со тој манипулаторски пост. Неговата "анализа" беше тотално арбитрарна, зашто нема константа... но тоа е друг муабет.

Околу нашата наклонетост кон Америка:
Прво и основно е дека кон Америка како водечка држава на светот и НАТО/ЕУ како водечки организации, Македонија мора да гради сојузништво кое ќе е од нејзина полза. На пример јас живеам близу до Торонто, Канада. Овој регион има околу 5 милиони жители, со просечни примања од скоро 100.000 долари по домаќинство. Со остварени добри сојузнички односи, целото македонско стопантсво може да живее од соработка само со овој регион. Следно, со кого мислиш дека треба алтернативно да се врзуваме? Со Русија? Погледни што се случуваше на Србија последниве 20 години, па ќе ти биде јасно што сојузник е Русија. Кина, Индија, Бразил итн, тоа се американски сојузници, кои без САД и ЕУ, ќе банкртираат (зашто Западот им должи премногу пари).

Доколку си ги разледал сите теми, ќе најдеш извадок од весник (Њу Јорк Тајмс) каде многу јасно е опишан одност на САД спрема името на нашата Татковина, и кој е вистинскиот извор на порблемот.
04-01-2011, 03:31 PM
Reply
goran16ta Offline
локал патриот
***

Posts: 118
Joined: Oct 2010
Reputation: 8
#66

administrator - зошто бе само ние да шириме демократија ?!кога тие како држава работата против нас зошто само ние секогаш мора да бидеме убави и фини и да дозволуваме секој да не гази или да шири пропаганди а ние ништо да ен преземаме .Каде има поголема демократија од кај нас во која држава од соседите ?кај нас сите ги имаат своите права а нашите никаде кај нив
Друго на што ќе личи сега да се уклучат неколку албанци ан форумот и тие да пишуваат на албански шо ќе биде тоа па србите на нивни јазик и што ќе правиме цело врме на gogoole translete ќе одиме Глупаво е на Македонски форум да се пишува на туѓ јазик
Што ако историјата на врмо и документите се на бугарски јазик никој ен рече да не се скенираат органали туку дека постовите треба да бидат на Македоски за да се разбереме а не вака да пишат нешто што само дел ќе го разберат
Никој не ви вели да ги цензурирате туку да се знај на кој јазик да се пишува зошто сигурен сум дека 90% од бугарите на форумот знаат Македоски и нема д а му биде тешко да пишуваат

Душан - за американците што викаш добор е да имаме некој сојузник но друже ако тие сакаа да ни помогнат до сега можеја д ане направат лас вегас однсоно ние како мала држава со само 2 миљона народ со дестина инвестиции можеја да не кренат на нозе но тие што направија ?си играа полицајци и првен правеја војни кој потоа тие ги завршуваа со дејтонски договор со кумновски и на крја со охридски договор со тоа кажувајњи му на европа дека не е до расаната за да се мери со нив и тоа на наша(балканска) кожа
Ако сакаш дај ми линк од тој извадокот на њујорк тајмс да видам што толку е јасно оти барав не моаж да најдам
Pishtoldzija
04-01-2011, 08:32 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#67

(04-01-2011, 08:32 PM)goran16ta Wrote: Душан - за американците што викаш добор е да имаме некој сојузник но друже ако тие сакаа да ни помогнат до сега можеја д ане направат лас вегас однсоно ние како мала држава со само 2 миљона народ со дестина инвестиции можеја да не кренат на нозе но тие што направија ?си играа полицајци и првен правеја војни кој потоа тие ги завршуваа со дејтонски договор со кумновски и на крја со охридски договор со тоа кажувајњи му на европа дека не е до расаната за да се мери со нив и тоа на наша(балканска) кожа
Ако сакаш дај ми линк од тој извадокот на њујорк тајмс да видам што толку е јасно оти барав не моаж да најдам

За името можеш да видиш тука:
http://forum.kotle.ca/showthread.php?tid...0#pid12980

САД не може од Македонија да прави "Лас Вегас", зашто РМ е самостојна, суверена држава, која што од САД никогаш официјално не побарала протекторат. Башка, што на денешницава, не верувам дека САД воопшто би се нафатиле на таков квази-имепријалистички чекор. Поентата ми е, македонските Влади никогаш не побарале помош од САД (освен кеш пари) за решавање на проблемите со криминалот и надворешната политика. Споредено со тоа колку од нив бараме, премногу ни даваат.

Еве пример за како работи македонската дипломатија (има и линкови за ова, но искрено да ти кажам, не можам да ги барам, па земи ми го зборот): Во август 2009, му обезбедивме официјална посета на Груевски на Канада. Беше пречекан со сите почести и мирудии. Во делегацијата беше и Љубен Тендовски, кој 2-3 месеци подоцна стана амбасадор тука. Минатиов Илинден, прв на Тендовски тука, наместо да ги надогради добрите односи кои почнаа да се градат (благодарение на млада Македонка која е личен советник на Премиерот на Канада), Тендовски не покани никој канадски официјален претставник на коктелот за 2-ри август. Да биде резилот поголем, на советничката и' се јавил еден тип од "Дијаспората" да ја праша дали таа ќе биде коктелот, иако знаел дека амбасадата нема испратено покана до нејзе (друарчиња се со Тендовски). Озгора на тоа, прочитав во блогот на Ристо Стефов дека амбасадорот прибирал германски туристи од улица за коткелот. И после бараме некој да ја почитува или помага Македонија.

И за крај, амбасадорот Тендовски откако е назначен во Отава, пред година дена, мислам дека нема поминато повеќе од 2-3 месеци тука. Секако, времето го минува во метрополата Торонто, бидејќи главниот град Отава, каде што се сите канадски политичари, му е премногу здодевен - додека во Торонто има Македонци кај кои може да оди на гости.

На човек само можеш да му земеш...

Бо врска со Бугарите. Мој принцип е да не влегувам во дискусии каде што не ми е познат јазикот или материјата...
(This post was last modified: 04-01-2011, 09:44 PM by Душан Јордан Петровски II.)
04-01-2011, 09:42 PM
Reply
Вовата Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,983
Joined: Jan 2010
Reputation: 33
#68

(04-01-2011, 08:32 PM)goran16ta Wrote: Каде има поголема демократија од кај нас во која држава од соседите ?кај нас сите ги имаат своите права а нашите никаде кај нив

Ако е тоа искрено кажано, во голема заблуда си. Ако не е искрено, си јасен - игнорирај го мојот одговор...
05-01-2011, 04:59 AM
Reply
goran16ta Offline
локал патриот
***

Posts: 118
Joined: Oct 2010
Reputation: 8
#69

(05-01-2011, 04:59 AM)Вовата Wrote:
(04-01-2011, 08:32 PM)goran16ta Wrote: Каде има поголема демократија од кај нас во која држава од соседите ?кај нас сите ги имаат своите права а нашите никаде кај нив

Ако е тоа искрено кажано, во голема заблуда си. Ако не е искрено, си јасен - игнорирај го мојот одговор...
нај искрено Yea
зошто прашаваш и што не тие јасно кој е во заблуда?ти или јас
ти тука живееш во Македонија ?
кои права на било кој му се ускратени по национлна основа партиска и лична ( не ги рачунам само педрите) па и полова сите имаат еднакви права дури и некој националности кај нас имаат повеќе од тоа што треба ако јас се прашвам
Кажи кое и на кој му е ускратено се разбира има исклучоци но за разлика од сите соседи ние сме нај толерантни и стално сме попуштале што мене воопшто не ми се допаѓа Icon_wink
Pishtoldzija
05-01-2011, 07:14 AM
Reply
goran16ta Offline
локал патриот
***

Posts: 118
Joined: Oct 2010
Reputation: 8
#70

Душан - Мислам дека се разбираме не сакам јас буквално да не направат лас вегас и јасен тие муабетот да додјат со неколку фирми тука и да краниме глава во економијата да направат некоја фабрика на тие големи копании што секој ден ги гледаме на тв не ни требаат нас (на народт ) пари какао кеш туку ако не сакаат и сакаат да ни помогант се знај дека треба да направат фабрики друго ништо повеќе
Ниту воена ниту финасиска помош ни треба нас па уште помалку некој да ни наредва од страна прв пат по кој знае колку векови дојдовме до држава сега па уште ние самите да ставеме некој друг да ни изиграва шерив тука Nenene доста ни е од вазали и дежурни полицајци
за случувањата со амбасадорот немам комнетар но сигурен сум дека не ме лажеш односно имаме и бетер амабасадори од тој што го спомна па што сакаш ти кога министри имам помали до мене со два часа искуство за амбасадори ќе ми збораш Icon_wink
Pishtoldzija
05-01-2011, 07:23 AM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#71

Кажете му на овој погоре да се научи да користи интерпункциски знаци. Мисла на неделата: „Зошто само ние да шириме демократија?“ SmeshkoPosPos23
Let me hear you make decisions without your television.
05-01-2011, 11:20 AM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#72

(02-01-2011, 11:50 AM)acko Wrote: Ај, да му ја земам работата на Администраторот за момент...

Како не те мрзеше да седнеш и да провериш кој колку напишал? Icon_razz Но, добро, си сакал да докажеш нешто. Подобро да направеше твоја листа за тоа кои форумџии најмногу ти оставиле впечаток и сл.

Уште од самиот почеток се појави една тенденција, форумот да биде несразмерно повеќе читан од што се постира на него. За посетеноста Јордан објави податоци од Алекса, каде се споредува со други форуми/портали од Македонија. Значи, не сме го измислиле ние тоа, туку вистина било. И тоа за една година, а другите постојат со години.

Формуот е избегнуван, посебно кога е во прашање постирањето, од партиските пиунчиња. И сам забележуваш дека тука скоро и да нема муабети кој е подобар, дали Бранко или Грујо, дали СДСМ или ДПМНЕ. Сум напишал неколку пати дека воопшто не ми е жал за тоа и не го сметам за потребно. Тука преферираме поинакви теми. Од друга страна, тие теми можеби не предизвикуваат многу дискутанти, но предизвикуваат посетители. Ако со малку постови сме предизвикале посетеност, значи дека постовите вределе нешто.

Уште од самиот почеток имавме намера да оставиме простор секој да напише што мисли, а да не биде бришан или баниран. Поставивме граници во однос на лични навреди. Токму примерот со Афион е доказ за тоа. Земи прочитај ги постовите на Афион да видиш со какви навреди се служел. Изигруваше психијатар, даваше дијагнози, главна цел му беше провокација и навреда, не се занимаваше толку со темите, колку што се занимавеше со одредени членови. Неколку пати Афион беше баниран, јас ’ургирав’ да се одбанира, но тој продолжуваше по старо. Ти гарантирам дека не постои форум во Македонија кој би прифатил такво однесување. ( На Афион уште му се преокупација одредени членови, па со нив ’расчистува’ по други форуми.) Но, со тоа што може да ти текне само на поединечни случаи што завршиле на овој начин зборува за нашата толерантност. Да не зборуваме за Александро, кој беше ненормално вулгарен, просто непријатно ти е да читаш такви вулгарности, па го оставивме за да расчистиме одредени работи ’face to face’.

Ние веруваме во македонскиот идентитет и во македонската вистина, сигурни сме во тоа што сме и пишувањата на Бугарите не ги сметаме како закана. Секој има право да напише што мисли, зошто со Бугарите би било поинаку?! Плус, вака паѓа и нивната теза, дека во Македонија не смеело да се чуе ’вистината’ и затоа ние сме Македонци. Еве им доказ дека не е така, си пишуваат слободно, а ние и понатаму сме Македонци. Мислам дека никој од Пт го нема подобро одбрането македонскиот јазик по форумите... И Дојкар е во таа категорија, го заборавив... Icon_razz

Ачко дали не ти беше срам кога ја пишеше оваа порака,од сите членови ме направи највулгарниот и најгнасниот член,иако во форумот презентирав огромен број на документи и водев и ќе продолжам да водам дискусија со црни но со факти,а не со рекла казала.Nee_takaNenene
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
05-01-2011, 05:47 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#73

(05-01-2011, 05:47 PM)афион Wrote: Ачко дали не ти беше срам кога ја пишеше оваа порака,од сите членови ме направи највулгарниот и најгнасниот член,иако во форумот презентирав огромен број на документи и водев и ќе продолжам да водам дискусија со црни но со факти,а не со рекла казала.Nee_takaNenene

Какви факти и документи си понудил ти? Те молам дај ми барем 3 примери.
05-01-2011, 05:50 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#74

А ако ти ги дадам што ќе направиш??? Која е цената за што ќе ја платиш?
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
05-01-2011, 05:52 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#75

-Не ми беше срам..

-Не те направив највулгарен, пред тебе сум го ставил Александро... Icon_razz

-Точно е дека си имал добри постови... но, и навредите и провокациите се доста бројни... посебно провокации кои што немаат за цел да предизвикат да се отворат одредени дебати, туку лично да се пресметуваш со одредени членови...

05-01-2011, 05:57 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#76

Аха..
Е фала тогаш ,па се надеваме дека новата година ќе ја започнеме подобро,или за прочка пак ќе си простуваме Icon_razz
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
05-01-2011, 06:01 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#77

(05-01-2011, 05:52 PM)афион Wrote: А ако ти ги дадам што ќе направиш??? Која е цената за што ќе ја платиш?

Честа со со пари не се купува.
05-01-2011, 06:02 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#78

Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
05-01-2011, 06:12 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#79

(05-01-2011, 06:12 PM)афион Wrote: http://forum.kotle.ca/showthread.php?tid=377

http://forum.kotle.ca/showthread.php?tid=397

http://forum.kotle.ca/showthread.php?tid=501

http://forum.kotle.ca/showthread.php?tid=382

http://forum.kotle.ca/showthread.php?tid=313

http://forum.kotle.ca/showthread.php?tid=459
....
Значи честа твоја е доведена во прашање
Icon_razz
Ќе ме мачиш да го барам твојот пост каде што велиш дека писма и книги не признаваш за "документи". Следно, од твоиве линкови, само еден е скен, другото е пишувано од тебе. Следно, ти конретно рече дека во твојата борба против Црни ќе се служиш со доклументи и факти. Од приложеново, ниту едно не е во дискусија со Црни.
05-01-2011, 06:19 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#80

Па потруди се да докажеш.А на Црни доста факти му имам приложено,види ја темата за осудени за Македонија,а секаде каде пишував постови за историја има и од каде се повикувам.Како со темата за црквата.
Ајде потруди се сега ти Icon_razz
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
05-01-2011, 07:15 PM
Reply