Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3.33 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
1 ГОДИНА КОТЛЕ
Author Message
demmian
Unregistered

#41

(02-01-2011, 12:12 PM)Giovanni Wrote: Добро, шо е работава сега? Пак негативно разбран постов мој. Вие прашавте што ви се допаѓа а што не. Јас си го кажав своето мислење, а ти се правдаш овдека? Па јас не напаѓам за ти да се правдаш? А тоа дека сум направил листа, сум направил. Со факти треба да се разговара а не рекла казала како во Македонија.

Јас реков дека не е форумов толку критичен за Македонија ниту пак дека има некое влијание битно. И на тоа стојам, заради фактите. Тоа дека на членовите на ВМРО им е забрането да се регистрираат е тешко да се поверува. Интернет има од илјада места во Македонија. Секој може да се зачлени под било кој ник.

За Бугариве, еве, зедов во меѓувреме и од онаа листа од членови со над 100 им ги собрав сите постови. Скоро 10 000 се. 10 000 постови од само членови со над 100 постови. Другите Бугари не ги рачунав. 10 000 постови се рамно една третина од сите постови. На секој пост да има барем по еден одговор од Македонец тоа е веќе цифра. На пример само Тардин има 1300 постови во препирка со Бугарите. Лесно е да се предпостави дека МНОЗИНСТВОТО од постовите , значи повеќе од половина се во врска со Бугарското потекло на Македонецот, за Гоце Бугаринот, за некој камен од пред илјадници години на кој некој напишал Бугарин и останати глупости. Аргументот дека ете, ова се прави за да им се каже на Бугарите дека не е точно дека во МК се банираат Бугарски глупости, не го прифаќам. Прво, што не интересираат Бугарите, Македонците си го имаат проблемот во МК а не во Бугарија. Второ, широк е интернетов. Има бајаги форуми Бугарски каде идентично истово се пишува. Кој сака нека оди. Трето, банирањето нема да ја спречи вистината. На запад на пример, од работни места порно сајтови се банирани, фејсбук исто така, а и да не се банирани на многу места се следат посетите на таквите сајтови. Па пак, тоа се најпосетени сајтови. Ако се има желба, нема сила да ја спречи вистината. Проблемот е што Македонците не ги интересираат Бугарските вистини. Значи фактот дека ако ги банираме ќе ја спречи вистината не стои. Четвро, фактот што Бугарите учествуваат тука и никого немаат преубедено на форумов во нивните вистини пак зборува како потврда на претходните три аргументи. Петто, нема чоек на форумов кој истите Бугарски глупости не ги има слушнато илјада пати. Нема Македонец на ниеден МК форум кој истите глупости не ги има слушнато. И ефектите се нула за Бугарите. Исто како и под 4. Ова на котле е идентично со сите останати форуму на кој Бугарите се расправале. Перпетум мобиле околу Бугарски докази кој никогаш во ништо не резултирале. За мене, Бугарите влечат влијание. И на форумов како што се гледа имаат доминантен дел, најголемиот број на постовите се околу Бугарија. Но тоа е ваш избор.

Јас се обидов да дадам факти за успехот на форумот. Нема ниеден показател точен. Ти спомна за читаноста на форумот. Како тоа се мери? Еве сега гледам 100тина души невидливи читаат. Не знам како тоа се мери, ниту пак е битно. Но 100 од 2 милиони Македонци па дури и повеќе а знаеме дека има и Бугари тешко да може да се нарече одлучувачко влијание. Сега, пак, ова е добронамерна критика која ти не ја разбираш добронамерно, но што можам да правам. Ако сакаш ќе престанам да пишувам па седете си вака како сакате и правете си како сакате и мислете си дека сте најдобри. Тоа е секогаш поблагопријатно од било што друго.

Хахаххаха...многу интересна анализа си направил,што ме фасцинира.

Иначе не бери гајле за бугарите...мене цела година пробуваат да ме убедат дека прадедо ми бил бугарин,ама освен тоа уште повеќе да ги нејќам ништо друго и не постигнаа.

Едно време ми беше интересно да се ,,занимавам,, со нив и да ги ,,шамарам,, на ,,брза рака,, ама сега веќе ми се здосадија.

Така да take it easy.Icon_wink

Don^t worry,be happy.Icon_wink
03-01-2011, 01:26 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#42

Ne e vazen brojot tuku efektot sto taa grupa ke go predezvika.Kako eden od moderatorite na forumov,bi sakal da go kazam moeto mislenje za ucestvoto na Bugarite na forumot a toa e deka na ovoj forum na site im e dadeno pravoto da bidat del od diskusijata bez razlika na nivnata etnicka pripadnost.Del od demokratijata e sloboden govor bez ogranicuvanje,no zatoa ima i granica do koja se ke bide tolerirano.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
(This post was last modified: 03-01-2011, 01:29 AM by basilius_2.)
03-01-2011, 01:27 AM
Reply
Zoograf Offline
Senior Member
****

Posts: 643
Joined: Jul 2010
Reputation: 30
#43

(02-01-2011, 10:33 PM)Giovanni Wrote: Види вака Јордане. На онаа листа алекса виде што народот сака. Фејсбук, Јутубе, порно, заебанции најразни, бадијала.цом, забава.цом....Затоа сме таму каде што сме.
Јас ептем не сум бил во контакт со реалноста - скоро сите топ македонски сајтови ми се непознати...
Бензинoт e ваш, a идејите наши.
О. Б.
03-01-2011, 05:52 AM
Reply
Giovanni Offline
Member
***

Posts: 51
Joined: Jan 2011
Reputation: 3
#44

(03-01-2011, 01:19 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(02-01-2011, 10:33 PM)Giovanni Wrote: Најнормално е Фрчко да не ја прифати расправијата. Зошто би го правел тоа? Мал ефект, а голем беузур , голема работа и изтрошено време а може и евентуално да си наштети. Нема чоекот да дојде да ви го рекламира сајтот и да се расправа со еден без двајца. А на форумот нема победници, ќе се искараат ама никој не признава. На пример ако е за тебе факт дека сме Српска колинија, за мене не е. Ти ќе изнесеш некој докази , но за мене тие не се докази и обратно истото важи и за тебе. Ако сакаш навистина ефект од Фрчко, само на суд. И тоа е тоа. Форумите се заебанција.

Фрчко јас во писмото не го канам да дискутира на форумов. Така сум напишал во писмото, ако ти знаеш нешто друго кажи ми од каде ти е сознанието. Полемиката да ја водиме на страниците на ДНЕВНИК. Полемиката неможе да трае долго бидејки оваа не е детска работа па победникот ке се смета со тоа дали некој ке признае или не. Документите се единствено релевантна работа врз која се носи заклучок. Тоа што ти не признаваш документи незначи дека тоа е практика во правните и демократски држави и на луѓе воспиртани во таков дух.

Не сакам да ја одвлекувам темава од тоа за што е поставена ама кога ти како оснивач на форумов прашуваш само да ти одговорам на кратко. Право да ти кажам не пратам што и како полемики се водат. Ама тоа дека си му упатил покана во Дневник е исто како и на форум. Суштината на тоа што го кажав горе е иста. Не ја познавам динамиката меѓу вас двајца и не сакам да си ја грешам душата, но знам дека на сите можни форуми го имаш поставувано твојот случај. И предпоставувам дека Фрчко го повикуваш да ги разјасни работите околу твојот случај а преку тоа сакаш да укажеш на поголеми недостатоци во Македонија. Поправиме ако грешам. Пак значи се сведува да еден бивш министер дебатира со приватен граѓанин околу неговите приватни проблеми прво. Јас да сум на местото на Фрчковски би ти рекол, Јас не сметам дека има овде случај, а ти ако сметаш, повели на суд. Уствари и нема што тој да ти каже, тоа се подразбира. А ако мислиш дека на суд нема да ја истераш правдата , што е мошне веројатно затоа што МК не е правна држава, тогаш дефинитивно ни во Дневник нема да ја истераш. Јас пак да повторам, не ги знам деталите, но ако преку твојот случај се обидуваш да докажеш нешто, тоа е со многу помала тежина од тоа да собереш независни податоци за секој од крадциве и преку твојата групација да настапиш јавно и преку суд. Тоа далеку поголем маркетиншки поен ви дава. А еден ден, ако правдата завладее во МК, процесот во судот стои и тогаш само треба да се заврши. Тоа е мое мислење.

Уште нешто за неефикасностана форумите. Еве од твојот случај. Ти твојот случај под никот ванчевтодор го имаш представено на сите можни форуми во МК. Се сомневам дека си драстично бришен. Мислам дека на секого поентата му е позната но мал ефект од тоа. Луѓето приватни случаеви не ги интересираат. Сличен ефект е и на котле.

И уште нешто, споредбата со Шпиц и Котле не стои. Шпиц е долу затоа што неговата конкуренциа а тоа се само медијумите се поарно од него. Постои одреден процент во МК кој чита медијуми и тој се распределува меѓу сите медијуми. Кога има многу медијуми, а релативно мала популација на луѓе, јасно е дека одреден сајт кој пружа само едни содржини ќе биде долу. Вие сте сосема друга категорија. Тоа е исто ко да кажеш види каде е Њујорк Тајмс, многу подолу од гугле. Споредбата дека Тајмс е многу подолу од гугле не значи ништо. На котле му е конкуренција кајгана, идивиди, бадијала и останатите сајтови со форуми и известувања. Вашата стратегија е форумот и преку него да го известите населението. И тука треба да се тркате. Со други зборови ако сте се одлучиле за тесен дијапазон, тогаш поарно потрудете се да пораката ви одзвони многу посилно од другите.
03-01-2011, 10:19 AM
Reply
Giovanni Offline
Member
***

Posts: 51
Joined: Jan 2011
Reputation: 3
#45

(03-01-2011, 01:27 AM)basilius_2 Wrote: Ne e vazen brojot tuku efektot sto taa grupa ke go predezvika.Kako eden od moderatorite na forumov,bi sakal da go kazam moeto mislenje za ucestvoto na Bugarite na forumot a toa e deka na ovoj forum na site im e dadeno pravoto da bidat del od diskusijata bez razlika na nivnata etnicka pripadnost.Del od demokratijata e sloboden govor bez ogranicuvanje,no zatoa ima i granica do koja se ke bide tolerirano.

Ма никој не го спори тоа. Јас ти зборувам од гледна точка на муштеријата а ти си газда. Прашање е каков бизнис сакаш ти и како сакаш да ти оди. Значи имаш кафана и кафана. Во една кафана ќе влезеш, гледаш гунгула, се пуши и пие, Бугарски песни ечат , ти влегуваш да нарачаш пијачка, слушаш околу навреди, беседи. Велиш заеби ова. Одиш во друга кафана, мир, тишина, отменост, луѓе во ракавици кој ќе застанат некој што може да им го наруши редот. Си порачуваш пијачка и напраиш муабет со тој со кого сакаш за тоа што само тебе те интересира. Се е работа од тоа што сакаш да постигнеш. Каква кафана да имаш. Јас на пример никогаш не би влегол во кафана каде Цеца ечи. Ми смета на ушите. И ацко се сложи дека од Бугарите нема корист пошто и поркај тоа што го прават, немаат ништо подруго постигнато од било кој форум. Ама затоа има галама. Прашање е пак да повторам, каква кафана сакаш да имаш.

И уште нешто. На кој форум му се дава етикета Бугарски? Ако се земе критериумот дека повеќе од половината на постовите се Бугарски и околу Бугарија, значи мнозинството тогаш овој форум е Бугарски. За мене тоа не е критериум, но за некого можеби е. Прашање е на дефиниција само.
(This post was last modified: 03-01-2011, 10:30 AM by Giovanni.)
03-01-2011, 10:27 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#46

(03-01-2011, 10:19 AM)Giovanni Wrote: Не сакам да ја одвлекувам темава од тоа за што е поставена ама кога ти како оснивач на форумов прашуваш само да ти одговорам на кратко. Право да ти кажам не пратам што и како полемики се водат. Ама тоа дека си му упатил покана во Дневник е исто како и на форум. Суштината на тоа што го кажав горе е иста. Не ја познавам динамиката меѓу вас двајца и не сакам да си ја грешам душата, но знам дека на сите можни форуми го имаш поставувано твојот случај. И предпоставувам дека Фрчко го повикуваш да ги разјасни работите околу твојот случај а преку тоа сакаш да укажеш на поголеми недостатоци во Македонија. Поправиме ако грешам. Пак значи се сведува да еден бивш министер дебатира со приватен граѓанин околу неговите приватни проблеми прво. Јас да сум на местото на Фрчковски би ти рекол, Јас не сметам дека има овде случај, а ти ако сметаш, повели на суд. Уствари и нема што тој да ти каже, тоа се подразбира. А ако мислиш дека на суд нема да ја истераш правдата , што е мошне веројатно затоа што МК не е правна држава, тогаш дефинитивно ни во Дневник нема да ја истераш. Јас пак да повторам, не ги знам деталите, но ако преку твојот случај се обидуваш да докажеш нешто, тоа е со многу помала тежина од тоа да собереш независни податоци за секој од крадциве и преку твојата групација да настапиш јавно и преку суд. Тоа далеку поголем маркетиншки поен ви дава. А еден ден, ако правдата завладее во МК, процесот во судот стои и тогаш само треба да се заврши. Тоа е мое мислење.

Уште нешто за неефикасностана форумите. Еве од твојот случај. Ти твојот случај под никот ванчевтодор го имаш представено на сите можни форуми во МК. Се сомневам дека си драстично бришен. Мислам дека на секого поентата му е позната но мал ефект од тоа. Луѓето приватни случаеви не ги интересираат. Сличен ефект е и на котле.

Што ти е целта Giovanni.???? Ке поставиш невистинита теза и врз неа ке напишеш еден куп манипулации. Против Фрчковски и останатите СЕ "ВОДИ" СУДСКА ПОСТАПКА по моја тужба од 2007 година. Прочитај Giovanni тоа е напишано и во писмото за ДНЕВНИК.

Quote:Во име на вистината и демократијата апелирам до "Дневник" да ми ја овозможи можност за дебата со ЉДФ. Јас во 2007. год. поднесов кривична пријава против него и неколкумина други функционери на МВР. Фрчкоски и останатите обвинети влиајаат врз судот - еклатантен пример за нивното влиание е отфрлањето на кривичната пријава, поради наводна застареност - флагрантен фалсификат за кој прилагам скенирани докази. Имено застареноста настапува 10 години од последната службена белешка. Последната службена белешка е со датум 02.06.1998. Јавната обвинителка Драгица Михајловска како последна службена белешка зема белешка со која мојата кривична пријава за само дванасет дена ја фаќа застареност. Постапката која ја водам по правниот лек, кој ми е даден со отфрлањето на пријавата никако да се мрдне од мртва точка веќе три години - а, МРВ "не може да го најде" господинот Фрчкоски за да му ја даде поканата за сослушување со задолжениот судија. Затоа барам, од вашиот медуим да ми овозможи отворена дебата со господинот Фрчкоски, за да на овој начин јавно го проговориме овој случај и за да отпочне вистинско прочистување на македонското општество. Спротивно, човек кој учествувал во прогон на идеолошки и политички неистомисленици, а со тоа и човек кој нема морално право да говори за кршењето на човековите права, секоја седмица добива прилика да го омаловажува целото македонско општество.

Случајов воопшто не е приватен. Има уште неколку илјади досиеа.
03-01-2011, 02:49 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#47

Абе, Џовани, ич не си ми јасен!
Штом викаш дека ова не е битно, она не е битно; ова нема ефект, она нема ефект итн, зошто тогаш толку се мачиш и пишуваш реферати цели два дена - викендот си го трошиш!?

Ако kotle.ca е сајт без ефект - а сајт кој на тебе очигледно ти смета, тогаш, не гледам проблем или, пак, причина за грижа: проблемот ти е решен сам по себе. Или можеби не е баш како што сакаш да изманипулираш? Само форумот (без првата страница - Колумни) има постојана посетеност од 400-600 души во секој даден момент. Тоа за нас е голема работа, посебно ако се земе во предвид дека пред една година таа бројка беше под 100. Тоа што ние сакаме да го постигнеме, полека но сигурно, го правиме.
03-01-2011, 04:02 PM
Reply
jingiby Offline
Posting Freak
*****

Posts: 994
Joined: Aug 2010
Reputation: 15
#48

(03-01-2011, 10:27 AM)Giovanni Wrote: И уште нешто. На кој форум му се дава етикета Бугарски? Ако се земе критериумот дека повеќе од половината на постовите се Бугарски и околу Бугарија, значи мнозинството тогаш овој форум е Бугарски. За мене тоа не е критериум, но за некого можеби е. Прашање е на дефиниција само.

Е сега што да чинат модераторите! Da_ne_si_lud Да повикаме УДБА да ги затвори ли, што ли?

Ти да не си още в Югославия?
[Image: 03079b0284b1ec94.jpg]
03-01-2011, 04:41 PM
Reply
Giovanni Offline
Member
***

Posts: 51
Joined: Jan 2011
Reputation: 3
#49

(03-01-2011, 02:49 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(03-01-2011, 10:19 AM)Giovanni Wrote: Не сакам да ја одвлекувам темава од тоа за што е поставена ама кога ти како оснивач на форумов прашуваш само да ти одговорам на кратко. Право да ти кажам не пратам што и како полемики се водат. Ама тоа дека си му упатил покана во Дневник е исто како и на форум. Суштината на тоа што го кажав горе е иста. Не ја познавам динамиката меѓу вас двајца и не сакам да си ја грешам душата, но знам дека на сите можни форуми го имаш поставувано твојот случај. И предпоставувам дека Фрчко го повикуваш да ги разјасни работите околу твојот случај а преку тоа сакаш да укажеш на поголеми недостатоци во Македонија. Поправиме ако грешам. Пак значи се сведува да еден бивш министер дебатира со приватен граѓанин околу неговите приватни проблеми прво. Јас да сум на местото на Фрчковски би ти рекол, Јас не сметам дека има овде случај, а ти ако сметаш, повели на суд. Уствари и нема што тој да ти каже, тоа се подразбира. А ако мислиш дека на суд нема да ја истераш правдата , што е мошне веројатно затоа што МК не е правна држава, тогаш дефинитивно ни во Дневник нема да ја истераш. Јас пак да повторам, не ги знам деталите, но ако преку твојот случај се обидуваш да докажеш нешто, тоа е со многу помала тежина од тоа да собереш независни податоци за секој од крадциве и преку твојата групација да настапиш јавно и преку суд. Тоа далеку поголем маркетиншки поен ви дава. А еден ден, ако правдата завладее во МК, процесот во судот стои и тогаш само треба да се заврши. Тоа е мое мислење.

Уште нешто за неефикасностана форумите. Еве од твојот случај. Ти твојот случај под никот ванчевтодор го имаш представено на сите можни форуми во МК. Се сомневам дека си драстично бришен. Мислам дека на секого поентата му е позната но мал ефект од тоа. Луѓето приватни случаеви не ги интересираат. Сличен ефект е и на котле.

Што ти е целта Giovanni.???? Ке поставиш невистинита теза и врз неа ке напишеш еден куп манипулации. Против Фрчковски и останатите СЕ "ВОДИ" СУДСКА ПОСТАПКА по моја тужба од 2007 година. Прочитај Giovanni тоа е напишано и во писмото за ДНЕВНИК.

Quote:Во име на вистината и демократијата апелирам до "Дневник" да ми ја овозможи можност за дебата со ЉДФ. Јас во 2007. год. поднесов кривична пријава против него и неколкумина други функционери на МВР. Фрчкоски и останатите обвинети влиајаат врз судот - еклатантен пример за нивното влиание е отфрлањето на кривичната пријава, поради наводна застареност - флагрантен фалсификат за кој прилагам скенирани докази. Имено застареноста настапува 10 години од последната службена белешка. Последната службена белешка е со датум 02.06.1998. Јавната обвинителка Драгица Михајловска како последна службена белешка зема белешка со која мојата кривична пријава за само дванасет дена ја фаќа застареност. Постапката која ја водам по правниот лек, кој ми е даден со отфрлањето на пријавата никако да се мрдне од мртва точка веќе три години - а, МРВ "не може да го најде" господинот Фрчкоски за да му ја даде поканата за сослушување со задолжениот судија. Затоа барам, од вашиот медуим да ми овозможи отворена дебата со господинот Фрчкоски, за да на овој начин јавно го проговориме овој случај и за да отпочне вистинско прочистување на македонското општество. Спротивно, човек кој учествувал во прогон на идеолошки и политички неистомисленици, а со тоа и човек кој нема морално право да говори за кршењето на човековите права, секоја седмица добива прилика да го омаловажува целото македонско општество.

Случајов воопшто не е приватен. Има уште неколку илјади досиеа.

Намали малце! Пак со обвинение дека местам нешто. Јас ти реков дека воопшто ниту пратам ниту читам за твојот спор со Фрчко!! Колку пати тоа треба да го напоменам. Ти одговорив САМО на твојот пост во кој ти спомнуваш дека си го повикал Фрчко на дуел. Сега ново поставуваш за мене. И се гледа дека си го дал на суд. И пак ти велам, ако на суд како што гледаш не оди работата сигурно во дневник ни на форум нема да оди. Не знам што бараш ти од мене чоеку? Ти постави пост, а се однесуваш како јас сите детали да ги познавам и како да сум непријател број еден!!
03-01-2011, 05:05 PM
Reply
Giovanni Offline
Member
***

Posts: 51
Joined: Jan 2011
Reputation: 3
#50

(03-01-2011, 04:02 PM)Душан Јордан Петровски II Wrote: Абе, Џовани, ич не си ми јасен!
Штом викаш дека ова не е битно, она не е битно; ова нема ефект, она нема ефект итн, зошто тогаш толку се мачиш и пишуваш реферати цели два дена - викендот си го трошиш!?

Ако kotle.ca е сајт без ефект - а сајт кој на тебе очигледно ти смета, тогаш, не гледам проблем или, пак, причина за грижа: проблемот ти е решен сам по себе. Или можеби не е баш како што сакаш да изманипулираш? Само форумот (без првата страница - Колумни) има постојана посетеност од 400-600 души во секој даден момент. Тоа за нас е голема работа, посебно ако се земе во предвид дека пред една година таа бројка беше под 100. Тоа што ние сакаме да го постигнеме, полека но сигурно, го правиме.

Јас со месеци не се јавував. Сега за одмориве отворив пак и се јавив на постот КОЈ ВИЕ го отворивте со цел критики и пофалби. Ако сакате само пофалби уште еднашка да кажам, ОК. Бришете се што сум напишал и готово. А не се секирај, не сум тој калибар да виси по форуми па нема ни овде да останам долго како што не останав ни минатиот пат. Терајте си ја работата и уживајте. Поздрав.
03-01-2011, 05:07 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#51

Џовани,
критики не пречат, кога тие се конструктивни и темелни. Твоиве не се ни едното ни другото, туку се очигледни манипулации со кои сакаш да го дискредитираш сајтот. Тоа е причина за дебата.

П.С.
Ако не те интересира спорот на татко ми со Фрчолина, тогаш зошто коментираш?
(This post was last modified: 03-01-2011, 05:30 PM by Душан Јордан Петровски II.)
03-01-2011, 05:30 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#52

Џовани, што ти е целта? Да докажеш дека форумов е бесцелен? Да препорачуваш каков треба да биде? И да е бесцелен и без ефект, што па тебе тоа те интересира? И што ги внесуваш луѓето во графа Бугари? И тие се рамноправни членови на форумов, без разлика на националноста. И тие го прават овој форум, без разлика на нивните тези, предизвикуваат дискусија. Па и проценти си извадил...
03-01-2011, 05:34 PM
Reply
Giovanni Offline
Member
***

Posts: 51
Joined: Jan 2011
Reputation: 3
#53

(03-01-2011, 05:30 PM)Душан Јордан Петровски II Wrote: Џовани,
критики не пречат, кога тие се конструктивни и темелни. Твоиве не се ни едното ни другото, туку се очигледни манипулации со кои сакаш да го дискредитираш сајтот. Тоа е причина за дебата.

П.С.
Ако не те интересира спорот на татко ми со Фрчолина, тогаш зошто коментираш?

ОК, тогаш занемари ги сите мој постови. Да ми беше намера да го дискредитирам сајтов ќе висев тука! А башка ти кажав и што мислам за вас. Вие баравте пофалби и критики, ех сега ако се пофалби, ОК, ако е критика, сакаш сајтов да го дискредитираш. Па нели никој неможеда ве дискредитира, нели вистината сама си зборува и сајтот зависи само од чесните намери? Јас мислам дека е така, и да ли сајтов ќе биде лош , успешен или неуспешен најмалце зависи од МЕНЕ! Најмногу од вас. За Грчко, ТАТКО ТИ во одговорот до мене го спомена Фрчко а не ОБРАТНО! Основна култура е да му се одговори на соговорникот, и тоа и го сторив со напомена дека е одвлекување од темата и за нешто на кое немам намера да одоговарам! Не сум како Вова да си одговара само на тоа што него го интересира. Јас навистина не знам одкаде ваква параноја...И што навистина ти очекуваш од мене
03-01-2011, 05:37 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#54

Почна пак со "параноиците".

Татко ми го спомна Фрчко во друг контекст: дека го повикува на дебата во "Дневник", каде што тој е заштитен како бела мечка, да дискутираат на темата Човекови права, која што Фрчко ја "обработува" во врска со апсењето на Велија Рамквоски. Ти заврте дека татко ми сака да - да парафразирам - "го замара народот со неговиот случај, за кој никому не му е гајле".

Како што ти реков, критиката е секогаш добредојдена, но твоиве манипулации не се. Се обидуваш форумот да го обоиш како бугарашки, само заради тоа што форумот нема политика на банирање на бугари. Комплетно забораваш дека освен на подфорумот "Историја", Бугарите ретко, скоро никогаш не коментираат на темите за денешницата.

Се обидуваш да изманипулираш дека kotle.ca нема никакво влијание врз јавното мислење во Македонија. Доколку беше така, ти немаше да ги пишуваш овие реферати.
03-01-2011, 05:51 PM
Reply
Giovanni Offline
Member
***

Posts: 51
Joined: Jan 2011
Reputation: 3
#55

(03-01-2011, 05:51 PM)Душан Јордан Петровски II Wrote: Почна пак со "параноиците".

Татко ми го спомна Фрчко во друг контекст: дека го повикува на дебата во "Дневник", каде што тој е заштитен како бела мечка, да дискутираат на темата Човекови права, која што Фрчко ја "обработува" во врска со апсењето на Велија Рамквоски. Ти заврте дека татко ми сака да - да парафразирам - "го замара народот со неговиот случај, за кој никому не му е гајле".

Како што ти реков, критиката е секогаш добредојдена, но твоиве манипулации не се. Се обидуваш форумот да го обоиш како бугарашки, само заради тоа што форумот нема политика на банирање на бугари. Комплетно забораваш дека освен на подфорумот "Историја", Бугарите ретко, скоро никогаш не коментираат на темите за денешницата.

Се обидуваш да изманипулираш дека kotle.ca нема никакво влијание врз јавното мислење во Македонија. Доколку беше така, ти немаше да ги пишуваш овие реферати.

Јас реков што мислам, а ти прифати го како сакаш. Тоа е проблемот со расправии преку интернет, весници и форуми. Јас точно знам што сакав да кажам, но јас сметам дека ти го извртуваш моето а ти сметаш дека јас го извртувам твоето. Тоа е тоа.

За форумов, колку пати треба да ти кажам ДЕКА НЕ СМЕТАМ ДЕКА Е БУГАРАШКИ! Навистина, не знам како подруго да кажам.

За Фрчко , кажав што мислам, дека залудно е и мошне ми е очекувано неговото однесување и објаснив. Не ми е јасно зошто татко ти го спомна на темава која нема врска со Фрчко.

За форумов и неговиот импакт кажав и дадов моја анализа и некој факти. Не совршени, ама барем се единствените од сите учесници кој баратаат со бројки и цифри. Иако не совршено, бројката е најблиску до вистината. Повели ти ако сакаш на оваа тема да дискутираш дај факти и докази дека КОТЛЕ има голем импакт во јавното мнение. Поздрав.
03-01-2011, 05:56 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#56

(03-01-2011, 05:56 PM)Giovanni Wrote: Јас реков што мислам, а ти прифати го како сакаш. Тоа е проблемот со расправии преку интернет, весници и форуми. Јас точно знам што сакав да кажам, но јас сметам дека ти го извртуваш моето а ти сметаш дека јас го извртувам твоето. Тоа е тоа.

За форумов, колку пати треба да ти кажам ДЕКА НЕ СМЕТАМ ДЕКА Е БУГАРАШКИ! Навистина, не знам како подруго да кажам.

За Фрчко , кажав што мислам, дека залудно е и мошне ми е очекувано неговото однесување и објаснив. Не ми е јасно зошто татко ти го спомна на темава која нема врска со Фрчко.

За форумов и неговиот импакт кажав и дадов моја анализа и некој факти. Не совршени, ама барем се единствените од сите учесници кој баратаат со бројки и цифри. Иако не совршено, бројката е најблиску до вистината. Повели ти ако сакаш на оваа тема да дискутираш дај факти и докази дека КОТЛЕ има голем импакт во јавното мнение. Поздрав.

Фактите и бројките ти се дадени и на оваа тема и на темата "Ако Црвените Кмери лажат, Алеска не лаже".
03-01-2011, 06:25 PM
Reply
Giovanni Offline
Member
***

Posts: 51
Joined: Jan 2011
Reputation: 3
#57

(03-01-2011, 06:25 PM)Душан Јордан Петровски II Wrote: Фактите и бројките ти се дадени и на оваа тема и на темата "Ако Црвените Кмери лажат, Алеска не лаже".

Па добро де, Јас Алекса го искоментирав. Што и како мислам. Тоа горе пишува. И одговорот на тоа од тебе е дека сакам да го дискредитирам форумов? Еве пак да повторам, не знам што е дискредитација ако кажам дека на 400 и кусур место по популарност според Алекса дека не е некој огромен импакт врз јавното мнение. Ти вместо да ми одговориш на тоа со факти каде КОТЛЕ го има променето јавното мнение (како што тврдиш) со 400 и кусур место и каде просечниот Македонец го осетил тоа на своја кожа, ти ми велиш дека јас го дискредитирам форумов, нешто што само од вас зависи а не од мене. Дај факти и реплики со цифри и докази, а не осуди и напади. Поздрав.
03-01-2011, 06:36 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#58

(03-01-2011, 06:36 PM)Giovanni Wrote:
(03-01-2011, 06:25 PM)Душан Јордан Петровски II Wrote: Фактите и бројките ти се дадени и на оваа тема и на темата "Ако Црвените Кмери лажат, Алеска не лаже".

Па добро де, Јас Алекса го искоментирав. Што и како мислам. Тоа горе пишува. И одговорот на тоа од тебе е дека сакам да го дискредитирам форумов? Еве пак да повторам, не знам што е дискредитација ако кажам дека на 400 и кусур место по популарност според Алекса дека не е некој огромен импакт врз јавното мнение. Ти вместо да ми одговориш на тоа со факти каде КОТЛЕ го има променето јавното мнение (како што тврдиш) со 400 и кусур место и каде просечниот Македонец го осетил тоа на своја кожа, ти ми велиш дека јас го дискредитирам форумов, нешто што само од вас зависи а не од мене. Дај факти и реплики со цифри и докази, а не осуди и напади. Поздрав.

Бараш да ти дадам статистички бројки за како kotle.ca влијае врз јавното мнение? За такво нешто ти треба некоја баба Ванѓа или "медиум Трето око". Она што можам да го потврдам е дека како 450-то рангиран сајт во Македонија, kotle.ca има околу 20.000 посетители месечно. И знам дека сме на 150-200 места подобро рангирани од Воденица, каде што пишува Борче Трајковски-Бој, потоа, некој актуелен министер од Владата на Груевски, и мислам дека пак се обидуваат да го вратат Филип Петровски.
Немам ваква пракса, но, тука ја зарвшувам мојата дискусија со тебе. Читателите нека пресудат кој е прав, а кој не е.
03-01-2011, 06:52 PM
Reply
Вовата Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,978
Joined: Jan 2010
Reputation: 33
#59

(03-01-2011, 06:52 PM)Душан Јордан Петровски II Wrote:

Когато цифрите говорят и боговете молчат. Само удбашите повтарят мантри като развалени плочи.
03-01-2011, 10:03 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#60

(02-01-2011, 07:14 PM)Giovanni Wrote:
(02-01-2011, 12:46 PM)acko Wrote: Giovanni, не ти се правдав, туку одговорив... на твоите мислења дадов свои...

Не се замислуваме ние дека сме CNN или BBC... Се споредуваме со другите форуми во Македонија и со некои портали. Од една страна го имаме твојот впечаток, а од друга, бројките кои ги објавува Алекса. За мене вториот извор е померодавен.

За Бугарите си напишал најмногу, но има работи што ни се поклопуваат. Пример: ’фактот што Бугарите учествуваат тука и никого немаат преубедено на форумов во нивните вистини пак зборува како потврда на претходните три аргументи.’ Па тоа ми беше главната цел во однос на Бугарите во минатиот пост. Значи, која е потребата тогаш да ги бришеме и да велат дека во Македонија нема каде да се чуе ’вистината’ и дека сме во заблуда?

Мислиме дека сме најдобри? Немам таков впечаток... Си имаме замисла и си ја туркаме, некој ја прифаќа со симпатија, некој е рамнодушен, а на некој не му се допаѓа. И 1 000 000 луѓе да стојат позади нас и никој да не стои, ние пак ќе си ја туркаме приказната, затоа што веруваме дека е исправна.

Постов ти е 100% на место. Посебно последната реченица. Не е ни до квантитет ниту до нешто друго, туку до квалитет. Тоа е стапица слична на таа во која паѓа Христо - се слуша Српска музика во МК а зошто нема Бугарска. По тој тертек, класичната музика треба да биде број еден, а за нејзе никој не се бори иако се знае дека е најквалитетна музика.

За Бугарите само напоменав тоа што и ти го имаш заклучено - од нив никаква корист. Неутрален до негативен ефект за секој форум па и овој. Како што гледаш на секој форум исто со нив, и кога ќе се види дека најголемиот дел од постовите на секој форум се околу Бугарија - тажно е тоа, а тоа е само заради нив, Бугарите.

А инаку, уште еднашка се сложувам, ТЕРАЈТЕ НАПРЕД САМО ЗАТОА ШТО ТАКА ВИЕ МИСЛИТЕ. Тоа е најбитното, и да се надеваме дека тоа до подобро ќе донесе. Поздрав.

Џовани, добро дојде во Котле, повторно. Ни го зголемуваш статистичкиот показател.Icon_lolПред да започнам со одговорот, да ти кажам дека не те сметам како антимакедонски настроен. Никако. Внимателно ти ги прочитав сите постови, и се воодушевив со внимателноста и концентрираноста на аналитичкото пратење на дискусиите во Котле. Ти си класичен пример за тоа како се реализираат целите на Котле. А, тоа е доинформирање и просветлување на добронамерните граѓани на РМ. Со тебе сме завршиле половина работа, но треба да разбереш-во интернет просторот сме само година дена. Ако опстанеш на Котле, ценам дека ке ја реализираме и втората половина.Icon_cool Што се однесува на твојата добронамерна забелешка за мене “ Тоа е стапица слична на таа во која паѓа Христо - се слуша Српска музика во МК а зошто нема Бугарска“, мислам дека не си ми ја разбрал мојата политичка филозофија...што не е никаков грев. Затоа сме тука да дообјасниме, укажеме и расветлиме. Мислам дека не се работи за “ моја стапица“ како што сакаш ти да кажеш, туку за многу подлабоки работи. Инаку, мојата “опсесија“ со Бугарите и нивни ставови доаѓа од животната потреба на Македонија да ги расчистува работите со сите соседи, па и Бугарија. Веројатно знаеш дека еден од условите за прием во ЕУ е развој на добрососедски односи со соседите. Како што и самиот знаеш Бугарија ни е сосед.Тоа не условува да сите неразбирања со соседите, значи и Бугарите, ги извадиме на површина и решиме во обострана корист. Алтернатива е да робуваме на старите стереотипи и на секое јавување на Бугарите да ги прекинуваме со термини “ татари“, “ цигани“ и слично, така присатни во другите македонски форуми. Но, Котле има света задача да го брани и унапредува македонскиот државен интерес, затоа има друга стратегија. Инаку, ако сакаш ова прашање да го отвориш ( за Бугарите, за присаство на српска музика во МК и слично), можеш да отвориш тема.
03-01-2011, 10:41 PM
Reply