Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3.33 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
1 ГОДИНА КОТЛЕ
Author Message
Giovanni Offline
Member
***

Posts: 51
Joined: Jan 2011
Reputation: 3
#21

(02-01-2011, 11:50 AM)acko Wrote: Ај, да му ја земам работата на Администраторот за момент...

Како не те мрзеше да седнеш и да провериш кој колку напишал? Icon_razz Но, добро, си сакал да докажеш нешто. Подобро да направеше твоја листа за тоа кои форумџии најмногу ти оставиле впечаток и сл.

Уште од самиот почеток се појави една тенденција, форумот да биде несразмерно повеќе читан од што се постира на него. За посетеноста Јордан објави податоци од Алекса, каде се споредува со други форуми/портали од Македонија. Значи, не сме го измислиле ние тоа, туку вистина било. И тоа за една година, а другите постојат со години.

Формуот е избегнуван, посебно кога е во прашање постирањето, од партиските пиунчиња. И сам забележуваш дека тука скоро и да нема муабети кој е подобар, дали Бранко или Грујо, дали СДСМ или ДПМНЕ. Сум напишал неколку пати дека воопшто не ми е жал за тоа и не го сметам за потребно. Тука преферираме поинакви теми. Од друга страна, тие теми можеби не предизвикуваат многу дискутанти, но предизвикуваат посетители. Ако со малку постови сме предизвикале посетеност, значи дека постовите вределе нешто.

Уште од самиот почеток имавме намера да оставиме простор секој да напише што мисли, а да не биде бришан или баниран. Поставивме граници во однос на лични навреди. Токму примерот со Афион е доказ за тоа. Земи прочитај ги постовите на Афион да видиш со какви навреди се служел. Изигруваше психијатар, даваше дијагнози, главна цел му беше провокација и навреда, не се занимаваше толку со темите, колку што се занимавеше со одредени членови. Неколку пати Афион беше баниран, јас ’ургирав’ да се одбанира, но тој продолжуваше по старо. Ти гарантирам дека не постои форум во Македонија кој би прифатил такво однесување. ( На Афион уште му се преокупација одредени членови, па со нив ’расчистува’ по други форуми.) Но, со тоа што може да ти текне само на поединечни случаи што завршиле на овој начин зборува за нашата толерантност. Да не зборуваме за Александро, кој беше ненормално вулгарен, просто непријатно ти е да читаш такви вулгарности, па го оставивме за да расчистиме одредени работи ’face to face’.

Ние веруваме во македонскиот идентитет и во македонската вистина, сигурни сме во тоа што сме и пишувањата на Бугарите не ги сметаме како закана. Секој има право да напише што мисли, зошто со Бугарите би било поинаку?! Плус, вака паѓа и нивната теза, дека во Македонија не смеело да се чуе ’вистината’ и затоа ние сме Македонци. Еве им доказ дека не е така, си пишуваат слободно, а ние и понатаму сме Македонци. Мислам дека никој од Пт го нема подобро одбрането македонскиот јазик по форумите... И Дојкар е во таа категорија, го заборавив... Icon_razz

Добро, шо е работава сега? Пак негативно разбран постов мој. Вие прашавте што ви се допаѓа а што не. Јас си го кажав своето мислење, а ти се правдаш овдека? Па јас не напаѓам за ти да се правдаш? А тоа дека сум направил листа, сум направил. Со факти треба да се разговара а не рекла казала како во Македонија.

Јас реков дека не е форумов толку критичен за Македонија ниту пак дека има некое влијание битно. И на тоа стојам, заради фактите. Тоа дека на членовите на ВМРО им е забрането да се регистрираат е тешко да се поверува. Интернет има од илјада места во Македонија. Секој може да се зачлени под било кој ник.

За Бугариве, еве, зедов во меѓувреме и од онаа листа од членови со над 100 им ги собрав сите постови. Скоро 10 000 се. 10 000 постови од само членови со над 100 постови. Другите Бугари не ги рачунав. 10 000 постови се рамно една третина од сите постови. На секој пост да има барем по еден одговор од Македонец тоа е веќе цифра. На пример само Тардин има 1300 постови во препирка со Бугарите. Лесно е да се предпостави дека МНОЗИНСТВОТО од постовите , значи повеќе од половина се во врска со Бугарското потекло на Македонецот, за Гоце Бугаринот, за некој камен од пред илјадници години на кој некој напишал Бугарин и останати глупости. Аргументот дека ете, ова се прави за да им се каже на Бугарите дека не е точно дека во МК се банираат Бугарски глупости, не го прифаќам. Прво, што не интересираат Бугарите, Македонците си го имаат проблемот во МК а не во Бугарија. Второ, широк е интернетов. Има бајаги форуми Бугарски каде идентично истово се пишува. Кој сака нека оди. Трето, банирањето нема да ја спречи вистината. На запад на пример, од работни места порно сајтови се банирани, фејсбук исто така, а и да не се банирани на многу места се следат посетите на таквите сајтови. Па пак, тоа се најпосетени сајтови. Ако се има желба, нема сила да ја спречи вистината. Проблемот е што Македонците не ги интересираат Бугарските вистини. Значи фактот дека ако ги банираме ќе ја спречи вистината не стои. Четвро, фактот што Бугарите учествуваат тука и никого немаат преубедено на форумов во нивните вистини пак зборува како потврда на претходните три аргументи. Петто, нема чоек на форумов кој истите Бугарски глупости не ги има слушнато илјада пати. Нема Македонец на ниеден МК форум кој истите глупости не ги има слушнато. И ефектите се нула за Бугарите. Исто како и под 4. Ова на котле е идентично со сите останати форуму на кој Бугарите се расправале. Перпетум мобиле околу Бугарски докази кој никогаш во ништо не резултирале. За мене, Бугарите влечат влијание. И на форумов како што се гледа имаат доминантен дел, најголемиот број на постовите се околу Бугарија. Но тоа е ваш избор.

Јас се обидов да дадам факти за успехот на форумот. Нема ниеден показател точен. Ти спомна за читаноста на форумот. Како тоа се мери? Еве сега гледам 100тина души невидливи читаат. Не знам како тоа се мери, ниту пак е битно. Но 100 од 2 милиони Македонци па дури и повеќе а знаеме дека има и Бугари тешко да може да се нарече одлучувачко влијание. Сега, пак, ова е добронамерна критика која ти не ја разбираш добронамерно, но што можам да правам. Ако сакаш ќе престанам да пишувам па седете си вака како сакате и правете си како сакате и мислете си дека сте најдобри. Тоа е секогаш поблагопријатно од било што друго.
02-01-2011, 12:12 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#22

Giovanni, не ти се правдав, туку одговорив... на твоите мислења дадов свои...

Не се замислуваме ние дека сме CNN или BBC... Се споредуваме со другите форуми во Македонија и со некои портали. Од една страна го имаме твојот впечаток, а од друга, бројките кои ги објавува Алекса. За мене вториот извор е померодавен.

За Бугарите си напишал најмногу, но има работи што ни се поклопуваат. Пример: ’фактот што Бугарите учествуваат тука и никого немаат преубедено на форумов во нивните вистини пак зборува како потврда на претходните три аргументи.’ Па тоа ми беше главната цел во однос на Бугарите во минатиот пост. Значи, која е потребата тогаш да ги бришеме и да велат дека во Македонија нема каде да се чуе ’вистината’ и дека сме во заблуда?

Мислиме дека сме најдобри? Немам таков впечаток... Си имаме замисла и си ја туркаме, некој ја прифаќа со симпатија, некој е рамнодушен, а на некој не му се допаѓа. И 1 000 000 луѓе да стојат позади нас и никој да не стои, ние пак ќе си ја туркаме приказната, затоа што веруваме дека е исправна.

02-01-2011, 12:46 PM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#23

"...не ми пречат българите,ама треба да се банират!"Е немам думи!
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
02-01-2011, 01:34 PM
Website Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#24

Џовани, прво да ти посочам дека некои од луѓето што ги посочи не се тука цела година. Ѕирни натаму статистиките како стојат. :Р А инаку не се согласувам со тоа дека нема што да се научи од Бугарите. Не ги гледам како посебна фиока со валкани алишта која избегнувам да ја отворам пречесто. Меѓутоа ако нешто нивно прифатиш како аргумент, доказ или теза, не значи дека од утре ќе го повторуваш нивното „удбаши“, „србомани“, „коминтерновска нација“ итн. И пред да ме сфатиш погрешно како што си го сфатил Ацко, јас твоите забелешки ги сфатив како добронамерни и првиот пост што го напиша дури и ми се допадна, бидејќи си укажал на некои работи на кои немав помислено. Во вториот пост некои работи не ти требаа, ама не бери гајле, мислам дека никому тука нема да му се слоши од малку критика.
Let me hear you make decisions without your television.
02-01-2011, 01:41 PM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#25

(02-01-2011, 11:05 AM)Giovanni Wrote: ...........................
44. Zora 256 Bugarin
.........................
Smiley-happy068 Smiley-happy068 Smiley-happy068
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
02-01-2011, 02:41 PM
Website Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#26

Благодарам на анализата за форумов.
Форумов предизвикал интерес кај тебе па си вложил труд и време да направиш едно свое видување.

Да почнам со ред да ги разјаснам твоите погрешни видувања.

1. Ние не се сакаме да имаме лажна слика за тоа колку членови имаме и затоа е во тек бришењето на сите членови кои не се активни повеке од ТРИ МЕСЕЦИ. По таа основа е затворена и твојата сметка:

Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

2. Банирање:

- Мунгос не е баниран , сам го напушти форумот. Причина беше што обидот да потури фалсификат не му беше подржан од Администрацијата.
- Афион е еден од најтолерираните. Банот му е симнат пред нова година.

3. Вистинска статистика за форумот:

-резултати за ПОСЕТЕНОСТА-ЧИТАНОСТА:

(02-01-2011, 03:25 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Site Information for kotle.ca

Get Details Alexa Traffic Rank: 977,702 Traffic Rank in MK: 475 Sites Linking In: 2

Quote:Site Information for spic.com.mk

Get Details Alexa Traffic Rank: 436,706 Traffic Rank in MK: 276 Sites Linking In: 86

Quote:Site Information for macedonians.tv

Get Details Alexa Traffic Rank: 1,481,436 Traffic Rank in MK: 614 Sites Linking In: 18

Quote:Site Information for mn.mk

Get Details Alexa Traffic Rank: 1,420,871 Traffic Rank in MK: 1,103 Sites Linking In: 15

Котле има посетители, луѓе кои го читаат напишаното. Бројот на луѓе кои го читаат Котле зборува за квалитетт на напишаното. Вечер кој е на прво место по посетеност на нивното интернет издание има 36 000 посетители месечно, ние со нашите скоро 20 000 треба да сме презадоволни.
Еве ти неделен преглед , избрав неколку земји. Сите овие посетители се од посебни ИП адреси.

Quote:Macedonia [FYROM] 2,838
Canada 875
Bulgaria 201
Australia 115
Sweden 114
Italy 2

Целта на мојот пост е да дадам вистинита информација за посетеноста и рангираноста на Котле. Аlexa рангирањето го прави врз база на посетеност на сајтот, посетеноста е заради содржините. Giovanni значи сепак одлучува квалитетот на напишаното а не бројот на пишувачите.
02-01-2011, 03:02 PM
Reply
nikoj Offline
Member
***

Posts: 218
Joined: Dec 2010
Reputation: 6
#27

Gi citav predhodnite postovi pa sakam da dadam svoe viduvanje. Jas sum relativno nov clen ama mozam da kazam deka KOTLE go citav poveke od mesec dena pred da se resam da pocnam da pisuvam. Prvo vas site koi ste osnovaci il administarcija na KOTLE treba da ve pravi gordi sto nekoj potrosil najmalku eden cas da najde argumenti da ve minimizira i da ve predstavi beznacajni. Isto treba da ve pravi gordi sto spored ALEXA imate soliden rejting koj e postignat samo za edna godina rabota. Mora da bideme realni deka na mnogu lugje ne ima se dopagja to sto se pisuva na KOTLE i tie istite samo cekaat prilika da ve diskreditiraat. Ama treba da znaat deka lani nemalo ni eden da pisiuva na KOTLE sega ima 11 kako toj sto veli i 100 pasivni. 111 luge koi mislat so svoja glava, ljugje koi se dovolno educirani za da pisuvaat kolumni so argumenti, da imaat svoe mislenje. Toa e ogromen uspeh oti ne dzabe se reklo deka i najdolgiot pat pocnuva so prviot cekor. A za toa dali pisuvaat Bugari ili ne i toa da bidat banirani bugarite mora da priznaam deka sum iznenaden, toj komentar e za vo 19 vek. Sega sme vo 21 vek kade sto pocituvanjeto na drugite nacii okolu tebe e isto tolku vazno kako i pocituvanjeto na svojata nacija. Tie mozebi pisuvaat nesto sto na mene ili tebe ne ni se dopagja, mozebi nie pisuvame nesto sto na niv ne im se dopagja. Ama samo niz civilizirana debata i so argumenti ke pokazeme koj e vo pravo i koj gresi. I taka sekoj den ke bideme poeducirani i pouspesno ke gradime podobri megjusosedski odnosi vo civilizirana EVROPA. Prodolzete vaka i so gospod napred vo novata 2011.
DOBIV GREEN CARD FOR USA. VEKE SE OSEKAM KO AMERIKANEC.
02-01-2011, 03:32 PM
Reply
goran16ta Offline
локал патриот
***

Posts: 118
Joined: Oct 2010
Reputation: 8
#28

Прво среќен роденден на котле и сречна нова година и божиќни празници на сите на форумот
Како nikoj и јас некое време ве посматрам и читам па сега си реков да почнам и чак пат да пишам по нешто Icon_razz
друго прешав порано за бугарите и ми одговривте дека е форум без граници но сега би прашал дали има некое правило за јазикот на кој треба да се пишува на форумот ?
Pishtoldzija
02-01-2011, 04:16 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#29

(02-01-2011, 04:16 PM)goran16ta Wrote: Прво среќен роденден на котле и сречна нова година и божиќни празници на сите на форумот
Како nikoj и јас некое време ве посматрам и читам па сега си реков да почнам и чак пат да пишам по нешто Icon_razz
друго прешав порано за бугарите и ми одговривте дека е форум без граници но сега би прашал дали има некое правило за јазикот на кој треба да се пишува на форумот ?

Quote:13. Официјални јазици на форумот се Македонски и англискиот јазик,но тоа незначи дека останатите се забранени. Препорачливо е да се употребува кирилица.
http://www.forum.kotle.ca/showthread.php?tid=23
02-01-2011, 04:33 PM
Reply
Giovanni Offline
Member
***

Posts: 51
Joined: Jan 2011
Reputation: 3
#30

(02-01-2011, 12:46 PM)acko Wrote: Giovanni, не ти се правдав, туку одговорив... на твоите мислења дадов свои...

Не се замислуваме ние дека сме CNN или BBC... Се споредуваме со другите форуми во Македонија и со некои портали. Од една страна го имаме твојот впечаток, а од друга, бројките кои ги објавува Алекса. За мене вториот извор е померодавен.

За Бугарите си напишал најмногу, но има работи што ни се поклопуваат. Пример: ’фактот што Бугарите учествуваат тука и никого немаат преубедено на форумов во нивните вистини пак зборува како потврда на претходните три аргументи.’ Па тоа ми беше главната цел во однос на Бугарите во минатиот пост. Значи, која е потребата тогаш да ги бришеме и да велат дека во Македонија нема каде да се чуе ’вистината’ и дека сме во заблуда?

Мислиме дека сме најдобри? Немам таков впечаток... Си имаме замисла и си ја туркаме, некој ја прифаќа со симпатија, некој е рамнодушен, а на некој не му се допаѓа. И 1 000 000 луѓе да стојат позади нас и никој да не стои, ние пак ќе си ја туркаме приказната, затоа што веруваме дека е исправна.

Постов ти е 100% на место. Посебно последната реченица. Не е ни до квантитет ниту до нешто друго, туку до квалитет. Тоа е стапица слична на таа во која паѓа Христо - се слуша Српска музика во МК а зошто нема Бугарска. По тој тертек, класичната музика треба да биде број еден, а за нејзе никој не се бори иако се знае дека е најквалитетна музика.

За Бугарите само напоменав тоа што и ти го имаш заклучено - од нив никаква корист. Неутрален до негативен ефект за секој форум па и овој. Како што гледаш на секој форум исто со нив, и кога ќе се види дека најголемиот дел од постовите на секој форум се околу Бугарија - тажно е тоа, а тоа е само заради нив, Бугарите.

А инаку, уште еднашка се сложувам, ТЕРАЈТЕ НАПРЕД САМО ЗАТОА ШТО ТАКА ВИЕ МИСЛИТЕ. Тоа е најбитното, и да се надеваме дека тоа до подобро ќе донесе. Поздрав.
02-01-2011, 07:14 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#31

И јас самиот во последно време сум доста понеактивен на форумов, но редовно го посетувам. Ако веќе станува збор за критики и забелешки, би рекол дека понекогаш се прават грешки со „казнената“ политика на форумов, особено во последно време. Администраторот има среќа што има многу помалку работа од некои негови „колеги“, бидејќи многу од членовите тука се коректни и без тој да им виси над глава, па можеби затоа понекогаш (за мене изненадувачки) реагира и за малечки ситници. Меѓутоа наспроти тоа, барем до сега, секогаш имал доблест да ислуша и да испочитува на дело - нешто што би сакал да стане нормален критериум во Македонија. Ќе му порачам само дека колку што предничи овој форум во однос на толерантност и квалитет на дискусиите, толку може сето тоа да се расипе во многу кратко време, а тоа се случува обично кога ќе навјанат незрели дискутанти, а оние другите губат желба да продолжат да учествуваат. Јас лично можам да се сетам на уште еден форум (само еден), кој исто така го сметам за толерантен и слободен што се однесува до делот на администрацијата (од комерцијални причини не знам дали смеам да му го кажам името, не толку поради тоа што многу луѓе тука нема да се согласат со мене), меѓутоа неговиот состав на учесници направи дискусиите таму веќе на ништо да не личат, па скоро сите учесници што вредеа веќе ги нема, но само мал дел од нив дојдоа тука.
Let me hear you make decisions without your television.
(This post was last modified: 02-01-2011, 07:24 PM by Gnoj.)
02-01-2011, 07:19 PM
Reply
Giovanni Offline
Member
***

Posts: 51
Joined: Jan 2011
Reputation: 3
#32

(02-01-2011, 03:02 PM)Администратор Wrote: Благодарам на анализата за форумов.
Форумов предизвикал интерес кај тебе па си вложил труд и време да направиш едно свое видување.

Да почнам со ред да ги разјаснам твоите погрешни видувања.

1. Ние не се сакаме да имаме лажна слика за тоа колку членови имаме и затоа е во тек бришењето на сите членови кои не се активни повеке од ТРИ МЕСЕЦИ. По таа основа е затворена и твојата сметка:

Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

2. Банирање:

- Мунгос не е баниран , сам го напушти форумот. Причина беше што обидот да потури фалсификат не му беше подржан од Администрацијата.
- Афион е еден од најтолерираните. Банот му е симнат пред нова година.

3. Вистинска статистика за форумот:

-резултати за ПОСЕТЕНОСТА-ЧИТАНОСТА:

(02-01-2011, 03:25 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Site Information for kotle.ca

Get Details Alexa Traffic Rank: 977,702 Traffic Rank in MK: 475 Sites Linking In: 2

Quote:Site Information for spic.com.mk

Get Details Alexa Traffic Rank: 436,706 Traffic Rank in MK: 276 Sites Linking In: 86

Quote:Site Information for macedonians.tv

Get Details Alexa Traffic Rank: 1,481,436 Traffic Rank in MK: 614 Sites Linking In: 18

Quote:Site Information for mn.mk

Get Details Alexa Traffic Rank: 1,420,871 Traffic Rank in MK: 1,103 Sites Linking In: 15

Котле има посетители, луѓе кои го читаат напишаното. Бројот на луѓе кои го читаат Котле зборува за квалитетт на напишаното. Вечер кој е на прво место по посетеност на нивното интернет издание има 36 000 посетители месечно, ние со нашите скоро 20 000 треба да сме презадоволни.
Еве ти неделен преглед , избрав неколку земји. Сите овие посетители се од посебни ИП адреси.

Quote:Macedonia [FYROM] 2,838
Canada 875
Bulgaria 201
Australia 115
Sweden 114
Italy 2

Целта на мојот пост е да дадам вистинита информација за посетеноста и рангираноста на Котле. Аlexa рангирањето го прави врз база на посетеност на сајтот, посетеноста е заради содржините. Giovanni значи сепак одлучува квалитетот на напишаното а не бројот на пишувачите.

Од 3 те точки кој овде ги обработуваш, за првите две не ни пишував нешто повеќе ниту посебно ниту пак го сметам тоа битно.

ОК, се работи сега за факти. Колку нешто има влијание. Јас се обидов да извадам некој заклучок. Сигурно не е идеален, ама кажува дека десетина се само заинтересирани сериозно да дискутираат.

Сега, од ваша страна ги има статистиките на Алекса. Дај да ги разгледаме и нив. Според Алекса еве ги топ 100 сајтови во Македонија:

http://www.alexa.com/topsites/countries;0/MK

Најпопуларен Македонски сајт е - Кајгана! На 6 место. Пред тие сајтови се странски сајтови јутуб, гугл, фејсбук итн.

Сите други форуми практички се во првите 100 сајтови колку можам да видам. Вечер е на 31 место а Котле на 448 место.

448 место по популарност барем според мене, не е сајт којшто е влијателен. На онаа листа од 100 сајтови, пред крајот се сајтови за кој немам ни слушнато. Што ли за 448 место. Прашање е колку вкупно сајтови има Македонија.
02-01-2011, 07:26 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#33

Интересно е што Џовани се нафатил да направи ваква анализа - за која не му спорам дека има право да ја прави - но за залкучоците секако дека имам.

Велиш дека не етикетираш, но токму целта на твојот реферат е да докажеш дека има премногу Бугари на форумот и дека тие го создраваат големиот дел од содржината. Со тоа цел ти е да сугерираш дека овој форум е пробугарски. Точно е дека има многу Бугари на форумот, но имаше и некој што се делкарираше како Србин во Македонија. Тој напиша еден пост, сличен на твојава анализа, и соочен со одговорите на форуимџиите, воопшто не ни реплицираше. Еве ја темата, па пресудете самите каква беше дискусијата:

http://forum.kotle.ca/showthread.php?tid...5#pid26425

Не е баш така ни со "УБД-ашите". Како што напиша Ацко, еиткетирањето обично почуваше од оние кои сега веќе се заминати од форумот. А богами имаше и тешки навреди. Еве некои од твоите постови од пред неколку месеци:

(05-04-2010, 12:19 AM)Giovanni Wrote: Жално е ова, но пред се за овој форум. Од проста причина што Македонскиот народ не е веќе ни по Србите ни по Бугарите. А овдека, ма за која личност да се работи , една тема, Бугарска провејува. Соколи , демек е Албанец, ама идол се Бугарите и се што Бугарија има направено за неалбанците е за чудење. Македонците ги нема. Србите нормално се најомразнатите. Сите овие ставови се идентични со тие на денешна Бугарија и Бугарите. Христо, е на идентично мнение со Соколи. Ништо лошо за Бугарија. Јордан, големо разочарување, самиот си поставува документи дека службата му нашла и ќе продолжи да ги открива неговите контакти со ВМРО -СМД...

За нивна жал, готово е со тие работи. Македонија никогаш нема ни Бугарска ни Српска да биде.

(05-04-2010, 10:45 AM)Giovanni Wrote: Напишав дека Македонците ги нема во смисол на мнението на Соколи а не дека ги нема на форумов. За Соколи освен Албанците, постојат како најдобар народ Бугарите, а најомразен Србите. Македонци кој не сакаат Бугари и Срби нема. Тоа е идентичното мнение на Христо, а и на Бугарите по сите форуми. Горан е чоек на место. Сите постови му се одлични и логични. Од друга страна има или болни психички луѓе кој сметаат дека Македонија денеска е управувана од Србија (која прво себе си неможеше да се одржи во таква состојба какава сакаше па не успеа ни да преживее ама затоа пак кај нас сите конци ги држи ЕПТЕМ успешно, толку успешно што ние ни неможеме да сетиме) или пак имаат некоја намера.

Ама не се секирај, нас иако не има милиони во Македонија никој нема намера да му наштети на никого овде. Нас не ни се потребни тајни служби, ниту пак сметаме дека Бугарите и Србите ни се пречка во постоењето и опасност и треба сила на нив да употребиме. Вас ако ви е целтта форумов да стане место од каде сите Македонци одеднаш ќе прогледаат дека се Српски слуги, не сте на добар пат. Времето ќе ви покаже. А не ние. Одсекогаш Македонија имала илјада фракции и тежненија, кон Бугарија, кон Србија, кон Грција, ама никогаш Македонецот масовно немал некоја желба за никого посебно освен за себе си. Денеска да му трубиш дека Бугарија му е најголемиот пријател, и дека Србија се уште владее со него предизвикува само реакција обратна од очекуваната.

(05-04-2010, 03:29 PM)Giovanni Wrote: Се патриот до патриот, сите страдале од тајни служби , и сите се залагаат за некаква Македонија која по нив е Македонија како треба да изгледа. Е која е таа Македонија? Сите изјавуваат исто, тоа е Македонија не под Српска управа.

Фактите се , да сите овие на форумов што тврдат дека се жртви на странските служби, не успеале во ништо, биле опркужени со партии и политичари кој се докажаа како отров за Македонија а сега се надвор и мрчат против србокомунистите а ќутат за Бугарија. Како што оди поговорката која народот си ја кажал - Со кој си таков си! Си бил опкружен со странски служби и денеска докажани бугарофили или отворени бугари, таков си.

Што се однесува до Македонија , земјата да ли е независна или не се цени по тоа што секој може да си каже јас сум Македонец засебен од Бугаринот и од Србинот и за тоа да не странда како под Српското или како во денешна Бугарија. Се цени по тоа што имаш независна странска политика и воена. Никаква Србија која сама не знае да си ја зачува територијата нити пак странска служба чиј интерес е Србија управува со Македонија. Љупчо бугаринот беше на власт, што не ја размонтира тој Српската удба во Македонија? Или иако е и тој Бугарин, се е тоа инструирано од УДБА и Кос...?

(06-04-2010, 10:17 AM)Giovanni Wrote: Јордане не е битно под кое име ги поставуваш едните те исти работи за службата, лустрацијата итн. Тој си ти. И нема некаде да си забрануван и бришен. Кој сака ќе чита, ама повеќемината не читаат затоа што не гледаат никаков бенефит од тебе. Едно е Ченто кој загинал за независна Македонија и таа останала во состав на Југославија.Службата успеала (иако и тоа е дискутабилно). Друго се исто така Хрватските емигранти кој исто биле ликвидирани од УДБА , КОС затоа што се бореле за независна Хрватска која останувала во рамките на Југославија. Посебно што народот на Хрватска одсекогаш НЕСКАЛ во Југославија.

Во твојот случај, на Македонија и се случува токму она што народот го сакаше и сака во смисол на независност. Македонија СТАНА независна, и ти ги напишав горе кој се атрибутите на таа независност. На луѓето им е преку таквото од криминал во МК а не тоа што тебе те гонела службата од кој знае кој причини. Поготово кога и од твојот случај се гледа денеска дека службата била донекаде право во смисол на бугарски елементи.

Во Македонија и ден денеска не е можно да станеш богат поштено со сопствен труд. А посебно не е можно да се стане во тоа време во кое си давал десетици илјадници марки за ВМРО. Нема таков чоек кој не прекршил закон и не шурувал. Можеби ти си станал или бил поштен па затоа те уништиле. Не знам. Ама си имал пари, и си бил опкружен со луѓе денеска докажани како отров за МАкедонија. Самото читање на настаните од твое перо веднаш кај секого буди импресија дека не си чист, дека муваш нешто. Таков ти е профилот. Независно од тоа што тебе ти се случувало, Македонија стана и е независна држава, која не е диригувана од Белград. Затоа не те читаат Јордане, затоа. На секого му е јасно дека има корупција и криминал и тоа ги боли иинтересира луѓето. А да ги убидеш дека не се независни и дека се и ден денеска под Србија, тоа , не се фаќа. Тешко е пошто е премногу очигледно. Како што е очигледно и за Ченто.

(07-04-2010, 07:21 AM)Giovanni Wrote:
(07-04-2010, 02:59 AM)Душан Јордан Петровски II Wrote: И уште една работа, Џовани (интересно ми е што си го одбрал тој ник, бидејќи коинцидира со прекарот на нашиот адвокат во Македонија... за време раније): Му велиш на Јордан - ЦРНИ дека никој не го чита. Па, очигледно дека ти го читаш...

Не се секирај параноику, се однесуваш како да си ја имаш мувата на капата. Немам јас никакви врски со тајни служби и адвокати ниту пак со никого на форумов. Како што и самиот занеш (знаете) живеам во Италија. Името ми е Јован, на Италијански Giovanni. Се јавив на форумов затоа што преку таквото ми е од флудирање на секаде едно те исто. И како што ти реков, немам никаква намера да останам овдека подолго. Си имам работа во животот, секој ден леб треба да вадам. Јасен е форумов, пробугарски. Никот ванчевтодор се кажува. Христо е докажан бугарин. Се е ова палмудење тајни служби и србија за да се прикрие желбата кон Бугарија. На други форуми луѓе ќе се караат, и на крај бегаат. Исто ќе е и со овој форум. Пар МПОвци, радковци и отворени бугари. Ако Ванчо Михајлов и Тодор Александров пред 80 години не успеаа, тешко дека денеска ванчевтодор ќе успее бугарската кауза да ја истера.

Во врска со посетеноста на форумот. Зошто ти е толку битно да докажеш (и покрај фактите) дека котле не е посетен?

Во првите 100 сајтови во Македонија, според алекса, има 4-5 медиуми. Сите тие се етаблирани од многу одамна. Котле за една година ги надмина некои од постарите форуми, а полека почнува да ги стига и медуимите, како на пример Шпиц, кој е на 250 место. Котле веќе има посетеност од околу 20.000 месечно, а Вечер, кој е рангиран во првите 30-тина 38.000.
(This post was last modified: 02-01-2011, 08:36 PM by Душан Јордан Петровски II.)
02-01-2011, 08:33 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#34

И уште нешто: во изминативе месец дена форумот доби нови 7-8 члена, како Никола, Никој, Црниот Коњаник, горан16та... да не ги набројувам сите. Логично е тие да немаат преку 100 поста, пошто се нови. Многу ти е манипулантна "анализата".
02-01-2011, 08:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#35

(02-01-2011, 07:26 PM)Giovanni Wrote: Од 3 те точки кој овде ги обработуваш, за првите две не ни пишував нешто повеќе ниту посебно ниту пак го сметам тоа битно.

ОК, се работи сега за факти. Колку нешто има влијание. Јас се обидов да извадам некој заклучок. Сигурно не е идеален, ама кажува дека десетина се само заинтересирани сериозно да дискутираат.

Сега, од ваша страна ги има статистиките на Алекса. Дај да ги разгледаме и нив. Според Алекса еве ги топ 100 сајтови во Македонија:

http://www.alexa.com/topsites/countries;0/MK

Најпопуларен Македонски сајт е - Кајгана! На 6 место. Пред тие сајтови се странски сајтови јутуб, гугл, фејсбук итн.

Сите други форуми практички се во првите 100 сајтови колку можам да видам. Вечер е на 31 место а Котле на 448 место.

448 место по популарност барем според мене, не е сајт којшто е влијателен. На онаа листа од 100 сајтови, пред крајот се сајтови за кој немам ни слушнато. Што ли за 448 место. Прашање е колку вкупно сајтови има Македонија.

Giovanni, споредбите не ти се баш најдобри.

Ние не велиме дека сме најдобри но зад нас се многу други постари сајтови од нас.
Која е бројката на македонски сајтови незнам но кога првпат проверив за Котле на Аlexa бевме на 3 654 место.
Шпиц е 276 место а ние со стаж од една година 170 -180 места полоши.
Дали знаеш кој се тие што доаѓаат и го читат сајтот. Дали за тебе е еднаква тежината на посетел и читач на форумот на еден универзитетски професор или некое момче од 17-18 години. Еден од водечките колумнист во Македонија или некој од типот на афион.

Велиш дека нема страв!! Не е така, на темата за мојата отворена покана за полемиkа со Фрчко и на Facebook и на форумов е молк.

"Онаа што ме зачудува е молкот околу улогата на Фрчковски во запирањето на демократските процеси. Искрено очекував овдека повеке коментари. Причина за такво очекување е тоа што полемиката помеѓу мене и Фрчковски всашност ке е спроведување на лустарцијата од 1991 година па до денеска. Сите оние кои се заинтересирани за да се спроведе лустрација треба да извршат притисок на клучниот актер и сведок, господинот Фрчковски да се натера иокуражи и да ја прифати фрлената ракавица."
02-01-2011, 09:02 PM
Reply
Giovanni Offline
Member
***

Posts: 51
Joined: Jan 2011
Reputation: 3
#36

(02-01-2011, 08:33 PM)Душан Јордан Петровски II Wrote: Интересно е што Џовани се нафатил да направи ваква анализа - за која не му спорам дека има право да ја прави - но за залкучоците секако дека имам.

Јас ако сум го навредил некого еве ЈАВНО СЕ ИЗВИНУВАМ! Никогаш таква намера не сум имал. Ако сум навредил, сигурно било во афект. Придавката параноик (грешна од мене) е заради ставот што сум таен агент и му сакам зло на форумов. Не е така. Инаку, се уште стојам на ставот дека Македонија не е управувана од Србите. Тука се разидуваме, ама не е ни битно.

За Бугарскиот карактер на форумов, уште еднашка да се дообјаснам. Не мислам дека е пробугарски или антимакедонски. Сметам дека сите овде а посебно вие сакаат најпосле Македонија да ја видат во подобри времиња. Но нормално дека луѓе ќе кажат дека бугаризмот провејува кога најголемиот број на постови се од Бугари и околу Бугарското потекло на Македонецот, работи кој воопшти не се пресудни за Македонија денеска. Каде и да се сврти, Бугарија. Аман веќе, со што ги ранеле во Бугарија за време на комунизмот...Администрацијата го толерира фактот да најголемиот дел на постови им се околу Бугарија. И ОК, не значи дека форумов е Бугарско уште еднашка да напоменам. Тоа е одлука на администрацијата за се да се дискутира иако се знае каков спам и нервози присуството на Бугарите предизвикува со нивните мастодонско комунистички концепти. И затоа некој што од надвор ќе дојде и ќе види дискусија зад дискусија, жешки расправии околу небитни работи околу Бугарија ќе заклучи дека форумов е пробугарски, што повторувам НЕ Е ТОЧНО, но на почетокот така изгледаше а и сега ако некој не ве знае.
02-01-2011, 10:22 PM
Reply
Giovanni Offline
Member
***

Posts: 51
Joined: Jan 2011
Reputation: 3
#37

(02-01-2011, 08:40 PM)Душан Јордан Петровски II Wrote: И уште нешто: во изминативе месец дена форумот доби нови 7-8 члена, како Никола, Никој, Црниот Коњаник, горан16та... да не ги набројувам сите. Логично е тие да немаат преку 100 поста, пошто се нови. Многу ти е манипулантна "анализата".

Па не е тоа битно. Има и форумџии што се зачлениле пред година дена па пак немаат сто постови. Мојата анализа е сумма суммарум на целата година. Прашање од тие што ги наброја колку ќе стигнат до 100 постови. Не е битно. Секој форум има експоненцијален раст, после одредено време ќе остане јадро на учесници каде степенот на напуштање ќе биде спор. Ама кога тогаш најголемиот дел си оди од овие или оние причини. Според мене, форумите не се најдобро средство за постигнување на одредена цел. Но тоа е друга тема.
02-01-2011, 10:25 PM
Reply
Giovanni Offline
Member
***

Posts: 51
Joined: Jan 2011
Reputation: 3
#38

(02-01-2011, 09:02 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(02-01-2011, 07:26 PM)Giovanni Wrote: Од 3 те точки кој овде ги обработуваш, за првите две не ни пишував нешто повеќе ниту посебно ниту пак го сметам тоа битно.

ОК, се работи сега за факти. Колку нешто има влијание. Јас се обидов да извадам некој заклучок. Сигурно не е идеален, ама кажува дека десетина се само заинтересирани сериозно да дискутираат.

Сега, од ваша страна ги има статистиките на Алекса. Дај да ги разгледаме и нив. Според Алекса еве ги топ 100 сајтови во Македонија:

http://www.alexa.com/topsites/countries;0/MK

Најпопуларен Македонски сајт е - Кајгана! На 6 место. Пред тие сајтови се странски сајтови јутуб, гугл, фејсбук итн.

Сите други форуми практички се во првите 100 сајтови колку можам да видам. Вечер е на 31 место а Котле на 448 место.

448 место по популарност барем според мене, не е сајт којшто е влијателен. На онаа листа од 100 сајтови, пред крајот се сајтови за кој немам ни слушнато. Што ли за 448 место. Прашање е колку вкупно сајтови има Македонија.

Giovanni, споредбите не ти се баш најдобри.

Ние не велиме дека сме најдобри но зад нас се многу други постари сајтови од нас.
Која е бројката на македонски сајтови незнам но кога првпат проверив за Котле на Аlexa бевме на 3 654 место.
Шпиц е 276 место а ние со стаж од една година 170 -180 места полоши.
Дали знаеш кој се тие што доаѓаат и го читат сајтот. Дали за тебе е еднаква тежината на посетел и читач на форумот на еден универзитетски професор или некое момче од 17-18 години. Еден од водечките колумнист во Македонија или некој од типот на афион.

Велиш дека нема страв!! Не е така, на темата за мојата отворена покана за полемиkа со Фрчко и на Facebook и на форумов е молк.

"Онаа што ме зачудува е молкот околу улогата на Фрчковски во запирањето на демократските процеси. Искрено очекував овдека повеке коментари. Причина за такво очекување е тоа што полемиката помеѓу мене и Фрчковски всашност ке е спроведување на лустарцијата од 1991 година па до денеска. Сите оние кои се заинтересирани за да се спроведе лустрација треба да извршат притисок на клучниот актер и сведок, господинот Фрчковски да се натера иокуражи и да ја прифати фрлената ракавица."
Види вака Јордане. На онаа листа алекса виде што народот сака. Фејсбук, Јутубе, порно, заебанции најразни, бадијала.цом, забава.цом....Затоа сме таму каде што сме.

Форумите се амалска работа. Многу труд вложен, мал ефект. Луѓето не сакаат да мислат, не сакаат да се запрашаат што и зошто е така. Уште еднашка - затоа сме таму каде што сме. Лично мислам дека енергијата треба да си ја трошиш ако можеш власт да фатиш во МК, а не на форуми, затоа што и форумите се популарни не заради сериозни дискусии туку заради заебанции а и ако има сериозна дискусија тие се поврзани со навреди. Како што илјада пати се има видено.

Најнормално е Фрчко да не ја прифати расправијата. Зошто би го правел тоа? Мал ефект, а голем беузур , голема работа и изтрошено време а може и евентуално да си наштети. Нема чоекот да дојде да ви го рекламира сајтот и да се расправа со еден без двајца. А на форумот нема победници, ќе се искараат ама никој не признава. На пример ако е за тебе факт дека сме Српска колинија, за мене не е. Ти ќе изнесеш некој докази , но за мене тие не се докази и обратно истото важи и за тебе. Ако сакаш навистина ефект од Фрчко, само на суд. И тоа е тоа. Форумите се заебанција.
02-01-2011, 10:33 PM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#39

(02-01-2011, 10:33 PM)Giovanni Wrote: .... Форумите се заебанција.
Ти го рече!И ми не е ясно за какво си загубил толкова време да броиш постове и да вадиш никому ненужни статистики?!Ясно,че и един българин смита на такива като тебе,камо ли десетина-петнаесе човека на едно место...Само,че погледни пак добре и виж дали има некой българин да е писал в политическите ви подфоруми?Нема,нали!Немаме право да ви се мешаме и не го правим!Кой ви управлява днес-проблема си е ваш-вие сте си го избрали,вие ще си берете гайлето!
Българите пишат тук в "История",защото всички македонски форуми се бранят параноично от всичко,различно от македонските учебници,защото в много други форуми банират българите за едното "Ъ" и дълго след това се сипят обиди -секой бие вързано куче!
Тук никой не е останал длъжен и всеки си е казал каквото има да си казва-не виждам нищо лошо!Ти се чувстваш засегнат от нещо си-свободен си да отговориш аргументирано!Не приемате,че в този форум не важат "татар,монгол,жолт,зелен..."-сори,брат!Някои не са свикнали със свободното изразяване,защото по е лесно да забраниш на някой да говори отколкото да го изслушаш,когато говори за нещо,което не ти отърва...
Аз лично искам един ден нашите и вашите историци да седнат и да напишат една обща история,защото историята ни е обща-без значение дали това ни харесва или не.Нито вие,нито ние сме виновни за нещо си,дето се било случило некога си.Миналото не можем да променим,но само от нас зависи "днес",за да имат децата ни своето "утре".
и да не забравяме,че
(02-01-2011, 10:33 PM)Giovanni Wrote: .... Форумите се заебанција.
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
(This post was last modified: 02-01-2011, 11:49 PM by TATAP.)
02-01-2011, 11:47 PM
Website Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#40

(02-01-2011, 10:33 PM)Giovanni Wrote: Најнормално е Фрчко да не ја прифати расправијата. Зошто би го правел тоа? Мал ефект, а голем беузур , голема работа и изтрошено време а може и евентуално да си наштети. Нема чоекот да дојде да ви го рекламира сајтот и да се расправа со еден без двајца. А на форумот нема победници, ќе се искараат ама никој не признава. На пример ако е за тебе факт дека сме Српска колинија, за мене не е. Ти ќе изнесеш некој докази , но за мене тие не се докази и обратно истото важи и за тебе. Ако сакаш навистина ефект од Фрчко, само на суд. И тоа е тоа. Форумите се заебанција.

Фрчко јас во писмото не го канам да дискутира на форумов. Така сум напишал во писмото, ако ти знаеш нешто друго кажи ми од каде ти е сознанието. Полемиката да ја водиме на страниците на ДНЕВНИК. Полемиката неможе да трае долго бидејки оваа не е детска работа па победникот ке се смета со тоа дали некој ке признае или не. Документите се единствено релевантна работа врз која се носи заклучок. Тоа што ти не признаваш документи незначи дека тоа е практика во правните и демократски држави и на луѓе воспиртани во таков дух.
03-01-2011, 01:19 AM
Reply