Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 3 Vote(s) - 2.33 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
АНКЕТИ ИЛИ КОЈ ПОВЕКЕ НЕ ЛАЖЕ:БРАНКОВИСТИ ИЛИ ГРУЈОВИСТИ ??????
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,962
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Анкети објавени во ист ден ама со една голема разлика. Што мислите чија анкета епоблиску до реалноста.??



Quote:ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните продолжуваат да ни ја даваат нивната доверба


Вторник, 28 Декември 2010 16:45


Анкета на „Димитрија Чуповски“:

ВМРО-ДПМНЕ 23,4 %,

СДСМ 11%

ДУИ 6,2 %

ДПА 2,2%

НД 1,2 %

Доколку утре се одржат парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 23,4 проценти од избирачите, за СДСМ 11, за ДУИ 6,2, за ДПА 2,2, а за Нова демократија 1,2 отсто.

Tоа го покажуваат резултатите од телефонска анкета што во периодот од 23 до 26 декември за сопствени потреби ја спроведе Институтот „Димитрија Чуповски“ врз репрезентативен примерок од 1.104 испитаници.

На останатите политички партии отпаѓаат 2,9 отсто, а со не знам, односно, немам одговор се изјасниле 32,1 од испитаниците, додека 21 отсто рекле дека нема да гласаат, се наведува во соопштението од Аналитички центар на Институтот.




Quote:Граѓаните ја губат довербата кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ



- ВМРО-ДПМНЕ 22.1%

- СДСМ 19,2%

- ДУИ 8,2%

- ДПА 3,1%

- НД 1,9%

- ОМ 1,3%

- НСДП 0,8%

- ЛДП 0,5%

- Незнам / немам одговор 26,0%

- Нема да гласам 13,5%



- Никола Груевски 17,0%

- Бранко Црвенковски 10,5%

- Али Ахмети 5,7%

- Имер Селмани 2,3%

- Мендух Тачи 1,3%

- Ѓорѓе Иванов 0,8%

Ифимес: ВМРО-ДПМНЕ 22,1% - СДСМ 19,2%

Анкетата на словенечкиот институт за балкански студии, Ифимес, покажува дека македонските граѓани се повеќе се вртат кон опозициските партии. Имено, некогаш недостижните 30 насто доверба за ВМРО-ДПМНЕ се свела на само 22.1 додека на СДСМ е порасната на 19,2 и разликата сега е само три проценти.
За одбележување се и рејтинзите на ДУИ која со осум насто доверба и натаму води во албанскиот табор на партии пред ДПА која има три, Нова Демократија 1.9 доверба.

Во македонскиот блок зад ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се ОМ со 1,3 насто доверба, а потоа следуваат НСДП со 0.8 и ЛДП со 0,5 насто.

Бројот на неопределени е се уште голем, но се намалува и сега е 25 насто.

Премиерот Груевски се уште води на листата на политичари кон кого граѓаните имаат најмногу доверба, но и неговиот рејтинг се топи. Од последните 18, во анкетата на ИРИ сега е падната за еден насто и изнесува 17. Додека кај Бранко Црвенковски пак, за еден насто се зголемил од 9 на 10,5 насто. Рејтингот на останатите политичари е соодветен на рејтингот на партиите кои ги водат.

Ваквата позиција и резултати, можат да се објаснат со општото незадоволство што граѓаните ја покажуваат кон политиката на владата. Големо е незадоволството од она што таа го прави на економски план, дури 55 насто се изјасниле така, во однос на борбата со корупцијата дури 80 насто граѓани сметаат дека владата неуспешно се справува со тоа. 70 насто од граѓаните се уверени дека медиумите се под притисок на власта, и исто толку дека власта не ги почитува човековите права. Спорниот владин проект Скопје 2014 не го поддржуваат 70 насто од граѓаните на Македонија.

Анкетата била спроведена во периодот од 20 до 25 Декември на примерок од 1.204 испитаници.
(This post was last modified: 28-12-2010, 06:52 PM by ЈорданПетровски.)
28-12-2010, 06:51 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#2

Најверојатно ни двете анкети не се точни. Интересно е што се објавија во ист ден... Изгледа овие од ДПМНЕ знаеле дека сдсмовците ќе објават анкета, па овие веднаш ’направиле’ нивна...

28-12-2010, 07:09 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#3

Ми се гади више од СДС и А1...па толку мизерни да се стварно не сум знаел....а ВМРО мора да се спушта на нивно ниво бидејќи гаден противник има!!!

А ви текнува порано дека Груевски не се нафаќаше на дуел со Б.Ц, бидејќи не му се исплаќаше да биде дискредитиран со навреди од човек со 0 рејтинг...ама изгледа како што стојат работите овој пат Груевски ќе бара дуел!

Плус СДС=А1...така да сега ќе пукаат со сите куршуми што ги имаат само да останат "најобјективни" пред народот(а уште чекам а1 барем една реченица да пишат дека Хеди Рамковски е во бегство...нели објективно новинарство)

п.с треба Лупевска да направи емисија за љубовта меѓу Велија-ќелија и Б.Ц
(This post was last modified: 28-12-2010, 09:53 PM by Makedonec.)
28-12-2010, 09:49 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#4

Лажат и едните и другите, не треба да им се верува. Нека се појави некоја чиста опција на избори да видат кој има повеќе рејтинг. Да видат дали ќе ги гласа некој освен оние што имаат корист од нив. Олигархиски партии со олигархиски систем. А трошките за нивните полтрончиња. И по којзнае кој пат ќе прашам-Дали Грујо сериозно се грижи за нешто освен за рејтингот? Се кладам дека само рејтингот единствено го загрижува во политиката.
28-12-2010, 10:10 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#5

Го загрижува рајтенгиот, а го возбудуваат пари и моќ... Icon_razz

28-12-2010, 11:59 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#6

За лажење, СДСМ ем шо лажат ем со државни пари плаќаат на странци да им ги смислуваат лажгите. Значи лажење со увозен квалитет. Не дека ВМРО-ДПМНЕ се се` сами ангелчиња, ама за лажење сепак се поназад.
По однос на анкетите, паѓа в очи што странска агенција го става СДСМ на толку мало растојание зад ВМРО-ДПМНЕ. Исто така паѓа в очи што процентот на поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во обете анкети е скоро ист, голем е диспаритетот само во словенечката анкета околу рејтингот на СДСМ.
ИФИМЕС на прв поглед, барем според вработените не е полтронска дружба составена од анонимуси (Стипе Месиќ, Џејми Шеј и неколку видни словенечки интелекти). Интересно е што анкетава е дел од серија прашалници чија цел не е само мерење на рејтингот на партиите. Прашалници што се однесуваат на пример на поддршка на Охридскиот Договор, поддршка за решавање на името без промена на уставот (што и да им значи тоа на испитувачиве), генерално мислење за состојбата во државата итн.
Целата серија анкети е достапна од нивниот сајт:целиот прашалник
Боде ли боде очи следново:
1. 75.4% го поддржуваат Охридскиот Договор, според анкетава
2. 69.3% се против “Скопје 2014“, според анкетава.
3. Против антиквизацијата се 57.1%
Е сега сите ние знаеме кои тоа се за Охридскиот Договор и против “Скопје 2014“. Составувачите на анкетата тврдат дека се работи за случаен примерок, меѓутоа очигледно е дека примерокот е биран. Толку од Џејми, Стипе и Јанез. Јаз`к на дипломите и уката.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
29-12-2010, 05:26 AM
Reply
nikoj Offline
Member
***

Posts: 218
Joined: Dec 2010
Reputation: 6
#7

Ne lazat site majku im **** KOMUNISTICKA. Mene drugo mi e krivo. Seuste ima VOLOVI koi im veruvaat. I jas bev VOL ama se svestiv vo prvite tri meseci od 100te cekori.
DOBIV GREEN CARD FOR USA. VEKE SE OSEKAM KO AMERIKANEC.
29-12-2010, 11:14 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#8

(29-12-2010, 11:14 AM)nikoj Wrote: Ne lazat site majku im **** KOMUNISTICKA. Mene drugo mi e krivo. Seuste ima VOLOVI koi im veruvaat. I jas bev VOL ama se svestiv vo prvite tri meseci od 100te cekori.
Илјадапати повторената лага станува...
Нема не, има купуваш. Само мислиш дека си се свестил Icon_wink само си ја заменил лагата со друга.
Проблемот не е во воловите и лажговците, туку во погледот врз политиката. СДСМ против ВМРО или ДУИ против ДПА се доживува исто како фудбал маало на маало на мали голчиња.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
30-12-2010, 06:44 AM
Reply
nikoj Offline
Member
***

Posts: 218
Joined: Dec 2010
Reputation: 6
#9

(30-12-2010, 06:44 AM)МрачниотКоњаник Wrote:
(29-12-2010, 11:14 AM)nikoj Wrote: Ne lazat site majku im **** KOMUNISTICKA. Mene drugo mi e krivo. Seuste ima VOLOVI koi im veruvaat. I jas bev VOL ama se svestiv vo prvite tri meseci od 100te cekori.
Илјадапати повторената лага станува...
Нема не, има купуваш. Само мислиш дека си се свестил Icon_wink само си ја заменил лагата со друга.
Проблемот не е во воловите и лажговците, туку во погледот врз политиката. СДСМ против ВМРО или ДУИ против ДПА се доживува исто како фудбал маало на маало на мали голчиња.
Pa tuka i mislam deka se smeniv. Vo pogledot na politikata. Se trudam da citam medju redovi, da analiziram poveke, da citam poveke. Se trudam koga razgovaram so lugje da vidam sto mislat bez da nametnuvam stavovi koi ke gi isprovociraat nivnite custva okolu SEMOKTA I ISPRAVNOSTA NA NIVNITE LIDERI. I taka poln so informacii si kreiram moe mislenje bez nikoj da mi ja polni glavata so NEGOVOTO MISLENJE koe treba da se prifati kako tocno bez ogled na se.
DOBIV GREEN CARD FOR USA. VEKE SE OSEKAM KO AMERIKANEC.
30-12-2010, 07:02 AM
Reply