Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 4 Vote(s) - 3.75 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДИМИТАР МИРЧЕВ-РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО И ИДЕНТИТЕТОТ
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#1

Димитар Мирчев, познат универзитетски професор и дипломат, човек близок до власта и подржувач на нејзините политики даде можно решение за проблемот со името и како тој проблем да се надмине без да се промени името и идентитетот:

Quote:Датум: 26.11.2010, 10:42

КОЛУМНА

Димитар Мирчев

Конфедералната иницијатива

Засега, не ги отворам другите прашања на конфедерализацијата. На пример: Како ќе живееме заедно со некои други, конфедералци? Колку ќе не' чини тоа? Ништо. Тоа би била една економична, евтина, рационална, демократска конфедерација. Ќе живееме заедно. Па и во Унијата е така

Последниве денови - едно море иницијативи за тоа како да се реши спорот за името и како што побрзо да влеземе во Унијата и во НАТО. Тука не ја вбројувам главната, внатрешната иницијатива за ургентен компромис, оној со два потега и промена на името без референдум; и потоа промптно влегување во двете интеграции. А бидејќи на оваа ненародна власт тоа не и' паѓа на крај памет, тогаш веднаш - вонредни избори! Власта паѓа и новата власт го потпишува компромисот. И отидовме во рајот, односно во парадајсот. Сценариото сепак има една фалинка. Откако ќе стигнеме во рајот, ако на граѓанството таму не му се допадне, пак ќе има вонредни избори и рајската партија пак ќе падне од власта. А можеби има и друга фалинка: на вонредните избори ќе изгубиме повеќе од шест месеци, односно сосе формирање на рајската влада, ќе изгубиме една година, а во таква година не се преговара за име, за Унија итн. И потоа пак ќе ни биде виновна Унијата, Нимиц и др.

Но, има и други иницијативи што се сериозни. Всушност заеднички именител на иницијативите е: дајте вие иницијатива и не губете време, а ние ќе ја поддржиме иницијативата. Тоа пред некој ден го вели Талер за „Дневник“, а ден подоцна и амбасадорот Рикер. Иницијативите се главно за посредување. Се понудија пред извесно време и Тадиќ и Моратинос, а иницијативи за Балканот и за нас, освен Грците, според Друцас, имале и Австрија, Словенија, Италија и Шпанија. Грчката, иницијативата „Солун-2“ сепак наводно била посериозна; Друцас во Брисел ја нарекол „специфична, амбициозна и реалистична цел“ за да се комплетира процесот на евроинтеграција на Балканот. Тоа откако „Солун-1“ не успеа, а и проектот „Балканот во Европа до 2014 г.“ - се покажа како далеку од реалноста. Сега, Друцас ќе бара морков за сите земји: да им се определи однапред датумот на влез во Унијата. Да се охрабрат и да ги завршат внатрешните реформи до тие датуми. Пак, чисто нереално, зошто тоа не е во склад со процедурите на Унијата.

Но, сеедно, тоа се разбира не се однесува на нас. Скопје, вели Друцас, продолжува да лае, а на тоа, јас двапати ја пружам раката на пријателство... Просто да се трогнеме од толкави изливи на пријателство. А грчкиот воз вози понатаму. Сите даваат иницијативи за посредување, па и Унијата сама или барем третина членки, но Друцас го одбива европското посредништво. И ние остануваме во клунот на компромисот и големите иницијативи за компромис со самите себеси, со својот идентитет, чест и достоинство. Па има ли излез од тоа?

Има еден, макар што не е толку лесен. Конфедерација со некоја членка на Унијата или барем со кандидатка што има изгледи брзо да влезе во Унијата. Конфедерален договор кој би не внесол во Унијата, особено ако ги исполниме и последните критериуми и ако се изедначиме со поредокот на Унијата. Знаете на кои членки или кандидатки мислам?

Формално-правно е можно и остварливо. Меѓународното право го овозможува тоа, а правото и стожерните акти на Унијата ниту го забрануваат, ниту го уредуваат ниту, пак, се мешаат во државно-правниот статус на своите членки. Тие, на пр. може да се здружуваат меѓусебно или со други земји (кипарскиот проблем има таква перспектива на разрешување), може внатрешно да се раздружуваат, може државно-правно да се преуредуваат. На пр., ако не дај Боже, Белгија се реструктурира, Унијата тоа само ќе го земе „на знаење“. Што добиваме ние? Влез во Унијата и во НАТО. Непроблематичен влез. Можеби ќе трае извесен период, една, две години; ќе изискува институционални и процедурални постапки, но Унијата не ќе се меша во тоа. И потоа, според меѓународно-правниот автоматизам, сме во Унијата и во НАТО. Целосно со се': со името, јазикот, идентитетот, историјата, со културата...

Ако е за нашиот влез во Унијата и во НАТО, доволно е. Нели сме многу посветени и стратешка определба ни е токму тоа? Правно-политичките и правно-техничките проблеми на „конфедерализирањето“, вистина можеме да ги решиме. Барем во еден разумен период. Не ме прашувајте што е тоа разумен период? Како што некои безумници го прашуваа претседателот - што е тоа разумен компромис? Речиси сум сигурен дека нашата јавност и граѓанство, сосе албанскиот фактор кој е многу посветен на што побрзиот влез во Унијата и НАТО, ќе ја поддржат таа иницијатива. Но, да разгледаме два мали, хипотетички проблема. Едниот е - дали нашиот потенцијален конфедерален партнер ќе се согласи со тоа, односно дали неговото граѓанство, јавност, носители на национално-државниот интерес би го прифатиле тоа? Тоа е главна работа на информирање и подготвување на јавноста, па и на политичката волја. Може да се надвладеат. Вториот е - дека, сепак, и доколку се' биде во ред, конфедерацијата значи една држава, еден субјект, еден глас. Дали и партнерот и ние ќе се согласиме на тоа, а потем да се согласиме како ќе го делиме тој глас?

Подоцна, се разбира и во Унијата и во НАТО, можеме да бараме одделен статус, два гласа итн. Может да се бараат најразлични варијанти за статусот; но доколку, како што вели и опозицијата, најбитната работа е да се влезе во интеграциите, да одиме на таа иницијатива? Многу се надевам дека иницијативата сериозно ќе се разгледа. Особено на страната на потенцијалните конфедерални партнери. Има некои такви, позитивни сигнали. Да не помислите дека ова го пишувам „од ракав“. Засега, не ги отворам другите прашања на конфедерализацијата. На пример: Како ќе живееме заедно со некои други, конфедералци? Колку ќе не' чини тоа? Ништо. Тоа би била една економична, евтина, рационална, демократска конфедерација. Ќе живееме заедно. Па и во Унијата е така.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=ABF32A...6464F93CE5
17-12-2010, 11:59 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#2

Е, па нема што, нашите бранители се ненадминати... Таман си решил да загинеш за идентитет, јазик и држава, која што ќе биде најсуверена на свет, тие најавуваат конфедерација. Конфедерација со кого? Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово? Косово не е на пат да влезе во ЕУ, значи отпаѓа, Бугарија нели не негира по најбитините прашања кои што нашите бранители ги даваат, значи и таа варијанта не им е на памет... Грција нели е нашиот милениумски непријател, зарем преку нив ќе го заштитиме идентитетот!? Албанија или Србија? Не верувам дека некој мисли на Албанија, освен Албанците, тука е стравот кај неалбанците од Голема Албанија... зарем од соседите остана само Србија!? Icon_razz А можеби ќе ја бараме и подалеку, голема е Европа... Icon_razz

И што правиме со тоа дека нели ЕУ не била вечна? ЕУ можеби не е вечна, но конфедерацијата наша зошто да не е... Пак ќе го зезнеме светот... Кој не тераше да правиме држава ’91, кога успехот и зашитата на толку зборениот идентитет ти бил во конфедерација... Киро повторно за претседател, на почетокот на девеесетите тој излезе со ваква идеја, би требало сега тој да го турка овој проект...

И какви се тие позитивни сигнали? Зарем нашите веќе бараат конфедерални партнери? Или Мирчев реши малку да не забавува, ако веќе и Дедо Мраз решил да не изолира, па ќе не одмине за новогодишните празници, нема забава за малите и големите... Доколку е изолација ќе јави Милевска од анонимни бриселски извори...

Мирчев не пишувал ’од ракав’... пишувал ’од гаќи’...

17-12-2010, 02:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,215
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(17-12-2010, 11:59 AM)hristo Wrote: Има еден, макар што не е толку лесен. Конфедерација со некоја членка на Унијата или барем со кандидатка што има изгледи брзо да влезе во Унијата. Конфедерален договор кој би не внесол во Унијата, особено ако ги исполниме и последните критериуми и ако се изедначиме со поредокот на Унијата. Знаете на кои членки или кандидатки мислам?

„Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.
17-12-2010, 06:58 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#4

(17-12-2010, 06:58 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:

Интригантна е дилемата на Мирчев “ Знаете на кои членки или кандидатки мислам?“. Тоа го кажува толку едноставно и сигурно, да ме остави збунет. На кои членки мисли Мирчев? Дали треба да лицитираме! Јордан Петровски се изјасни за потенцијален сојуз со Србија, како втор дел од референдумското изјаснување за независност од 1991 година. Но, Мирчев зборува во множина за потенцијалните членки или кандидатки држави. Јас, како разбирам, мислам дека кога се збори за конфедерација се мисли за соседски држави. Значи се работи за Србија, Бугарија, Косово, Грција или Албанија. За кои ли држави мислел Мирчев? Дека работите не се небитни укажува неговиот статус на еден од неофицијалните портпароли на владините политики. Мислам дека Мирчев го сондира расположението на македонската јавност. Досега, сем од Стојан Андов во денешната негова колумна во ФОКУС, немам чуено коментар на неговиот предлог. Е, да беше Љубчо Георгиевски колку ке беше коментиран. Вака, никој нема храброст да го коментира Мирчев...веројатно поради неговата блискост со македонската влада.
17-12-2010, 08:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,215
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

(17-12-2010, 08:14 PM)hristo Wrote:

Да беше Љупчо ке имаше коментари бидејки неговиот предлог ке беше разбран како конфедерација со Бугарија. Предлогот доаѓа од "проверен кадар" нема реакции. Оваа е уште еден доказ дека имаме "независно" новинарство и "слободномислечка" интелегенција

Quote:Црна Гора доби кандидатски статус за ЕУ
17.12.2010

Црна Гора денеска направи голем чекор напред на патот кон Европската унија. Шефовите на држави и влади на ЕУ на вториот ден од самитот во Брисел донесоа одлука на земјата да и` доделат кандидатски статус.
17-12-2010, 08:31 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#6

(17-12-2010, 08:31 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:

Ете, Конфедерација на “ западен Балкан“ на повидокIcon_lol!
17-12-2010, 08:37 PM
Reply
Marko_Polog Offline
Member
***

Posts: 86
Joined: Jan 2010
Reputation: 6
#7

Imav prilika nekade 2005-06 da se zapoznam so Mircev, predavashe vo Pittsburgh, uste edno komunjarsko djubre koj plache za neshto drugo...
17-12-2010, 08:42 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#8

Абе да кажеше Љубчо до сега ќе го отераа сто пати во Благоевгради, Ќустендили, Софии, кај ти не. Зошто никој не реагира на ваквите пишувања? Не можеме значи да се излечиме од двојниот аршин.
18-12-2010, 01:15 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#9

(18-12-2010, 01:15 PM)Nikola Wrote: Абе да кажеше Љубчо до сега ќе го отераа сто пати во Благоевгради, Ќустендили, Софии, кај ти не. Зошто никој не реагира на ваквите пишувања? Не можеме значи да се излечиме од двојниот аршин.

Изгледа, за жал, Латас повеќе дрма во Македонија отколку ние ,вистински, знаеме и размислуваме.
19-12-2010, 07:37 AM
Reply
jingiby Offline
Posting Freak
*****

Posts: 994
Joined: Aug 2010
Reputation: 15
#10

Щом България е кренала ръце от Македония, Албания и Косова са опасни соседи, а Гърция е враг № 1, то верно остана само Сърбия. Явно Македония я чака за общо влизане в ЕУ по 7-8 години. Предполагам, че до 2-3 години ще влезе Хърватска. Сърбия и Черна Гора ще влязат заедно като бивша Югославия. Македония ги изчаква като верен пост-югославски ортак! Pishtoldzija
[Image: 03079b0284b1ec94.jpg]
19-12-2010, 10:10 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,481
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#11

(19-12-2010, 10:10 AM)jingiby Wrote: Щом България е кренала ръце от Македония, Албания и Косова са опасни соседи, а Гърция е враг № 1, то верно остана само Сърбия. Явно Македония я чака за общо влизане в ЕУ по 7-8 години. Предполагам, че до 2-3 години ще влезе Хърватска. Сърбия и Черна Гора ще влязат заедно като бивша Югославия. Македония ги изчаква като верен пост-югославски ортак! Pishtoldzija

Има и такви сценарија за Македонија, ама за тоа ќе летаат глави или ќе се кршат кичми уште повеќе.
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 19-12-2010, 03:15 PM by montehristo.)
19-12-2010, 03:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,215
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

(19-12-2010, 03:14 PM)montehristo Wrote:
(19-12-2010, 10:10 AM)jingiby Wrote: Щом България е кренала ръце от Македония, Албания и Косова са опасни соседи, а Гърция е враг № 1, то верно остана само Сърбия. Явно Македония я чака за общо влизане в ЕУ по 7-8 години. Предполагам, че до 2-3 години ще влезе Хърватска. Сърбия и Черна Гора ще влязат заедно като бивша Югославия. Македония ги изчаква като верен пост-югославски ортак! Pishtoldzija

Има и такви сценарија за Македонија, ама за тоа ќе летаат глави или ќе се кршат кичми уште повеќе.

Кој знае дали ке летаат. Глигоров беше награден со уште еден мандат. Црвенковски трипати премиер и еднаш председател на држава. Грујо има најголем рејтинг.

Quote:ПРЕДАВНИКОТ ЦРВЕНКОВСКИ ПРОТИВ ПАТРИОТОТ ГРУЕВСКИ
ИЛИ
ПАТРИОТОТ ЦРВЕНКОВСКИ ПРОТИВ ПРЕДАВНИКОТ ГРУЕВСКИ
КАКО ДА СВРТИШ ИСТО МУ ДОЈДЕ

Некако нема логично објаснување, бидејки крајната цел на политичко-полициското подземје е да нема самостојна и демократска МАКЕДОНИЈА.
За многумина вашето коалицирање и правење влада 2006 година со партијата на Тито Петковски беше необјаснив чин. ИНСТАЛАЦИИТЕ го објаснија со тоа дека Тито бил премногу лут на Бранко. Кумановци викаат "Жми да те л'жу". За помладите, ова е веќе видено. Партијата Демократска Алтернатива по налог и помош на инсталациите ја основаа најтврдокорните членови на Сојуз на Комунисти-Движење за Југославија (Србија), а причина за основање беше тоа што во ВМРО-ДПМНЕ по Кичевскиот Конгрес, сепак успеа да остане по некој вистински ВМРО-вец и со тоа да внесе повторно страв кај инсталациите. Потрошија толку пари,толку луѓе и пак работата незавршена. ВМРО-ДПМНЕ ке остане на ВМРОвци. Ве именуваа Вас за председател на ВМРО-ДПМНЕ, веројатно како цената која мораше да ја плати Љубчо Гергиевски за да не го гибаат инсталациите. Вашето доаѓање на чело на ВМРО ДПМНЕ значеше дека ширум се отворени вратите за кадрите на СК-ДЈ да ги освојат раководните општински и републички функции во ВМРО-ДПМНЕ.
Cо победата на изборите 2006 година и коалицирањето со Тито Петковски, кој никогаш не се откажа од СКЈ, и е вистинскиот лидер на СК-ДЈ во Македонија во сиве овие години, дојдовте на власт и така новата генерација на СК-ДЈ која своето искуство со "патриотизмот" и наводната ВМРОВШТИНА ја стекна преку студенско/средношколските демонстрации, кои по се се дело на инсталациите. Со што ja приведовте кон крај смена на генерациите што ја почнаа полициските инсталации донесувајќи го Бранко Црвенковски за председател на СДСМ. Единствено смена на генерациите нема во судската власт.
ИНСТАЛАЦИИТЕ увидоа дека разнебитувањето на Македонија преку смена на името нема да помине. Граѓаните на Македонија не го дозволија тоа. Затоа на сцена е втората, "ПАТРИОТСКАТА ВАРИЈАНТА" (со брат Љубе како резервна патриотска инсталација доколку Вашата не успее). Не правите ништо да го решите проблемот со името, а тоа води повторно кон разнебитување на Македонија. И Вие патриотите, и предавниците, играте на ист диктат. Диктат на ИНСТАЛАЦИИТЕ .
19-12-2010, 04:06 PM
Reply
Misla
Unregistered

#13

(17-12-2010, 08:14 PM)hristo Wrote:
(17-12-2010, 06:58 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(17-12-2010, 11:59 AM)hristo Wrote: Има еден, макар што не е толку лесен. Конфедерација со некоја членка на Унијата или барем со кандидатка што има изгледи брзо да влезе во Унијата. Конфедерален договор кој би не внесол во Унијата, особено ако ги исполниме и последните критериуми и ако се изедначиме со поредокот на Унијата. Знаете на кои членки или кандидатки мислам?

„Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

Интригантна е дилемата на Мирчев “ Знаете на кои членки или кандидатки мислам?“. Тоа го кажува толку едноставно и сигурно, да ме остави збунет. На кои членки мисли Мирчев? Дали треба да лицитираме! Јордан Петровски се изјасни за потенцијален сојуз со Србија, како втор дел од референдумското изјаснување за независност од 1991 година. Но, Мирчев зборува во множина за потенцијалните членки или кандидатки држави. Јас, како разбирам, мислам дека кога се збори за конфедерација се мисли за соседски држави. Значи се работи за Србија, Бугарија, Косово, Грција или Албанија. За кои ли држави мислел Мирчев? Дека работите не се небитни укажува неговиот статус на еден од неофицијалните портпароли на владините политики. Мислам дека Мирчев го сондира расположението на македонската јавност. Досега, сем од Стојан Андов во денешната негова колумна во ФОКУС, немам чуено коментар на неговиот предлог. Е, да беше Љубчо Георгиевски колку ке беше коментиран. Вака, никој нема храброст да го коментира Мирчев...веројатно поради неговата блискост со македонската влада.

MOZAM DA BIDAM ISKREN DEKA PRV PAT SLUSAM VAKVO PREDLOG-RESENIE, AKO MOZE KAKO TAKVO DA SE NARECE ONA STO GO IZNESUVA MIRCEV I DEKA LICNO MENE VOOPSTO NE SAMO STO NE MI SE DOPADJA, TUKU NESAKAM NI DA RAZMISLUVAM ZA TAKVO RESENIE.
KRATKO KE SE OBIDAM SAMO DA GI "ISKOMENTIRAM" KOMENTARITE NA KOLEGITE BLOGERI ILI "FORUMDZII" NA OVOJ PREDLOG, OD PRICINA STO SPORED MENE TIE SE PORESPEKTABILNI OTKOLKU SAMOTO ONA STO MIRCEV GO NAPISAL VO OVAA STATIJA, IAKO ZA PROFESOROT MIRCEV IMAM DOBRO MISLENJE I SEKAKO SO OVOJ NEGOV STAV NE BI GO PROMENIL MOETO MISLENJE SPREMA NEGO.

AKO VOOPSTO SE ZBORUVA ZA TOA MAKEDONIJA PREKU KONFEDERACIJA ILI SOJUS SO DRUGA DRZAVA DA BIDE CLENKA NA EVROPSKATA UNIJA, ILI POTOCNO SOSTAVEN DEL NA EU I PRI TOA DA NE GO SMENI IMETO TOA E KONFEDERACIJA SO GRCIJA. GRCIJA NEMA DA DOZVOLI MAKEDONIJA DA SE VIKA MAKEDONIJA NITI KAKO POSEBEN "ZASELOK" VO RAMKITE NA NEKOJA DRZAVNA ZAEDNICA, OSVEN AKO NE BIDE SO NEA, PA OTUKA SO DRUGI ZBOROVI: "AKO NEMOZES DA SE DOGOVORIS SO KOMSIJA, TOGAS VLEZI MU VO KUKATA"....
INAKU OVA NE E NOVA IDEJA, PRV PAT VO IZMINATITE DVE GODINI BESE SPOMENATA VO ANEKSOT NA PISMOTO-PETICIJATA KOE "500 UNIVERZITETSKI PROFESORI MU GO UPATIJA NA US PRETSEDATELOT OBAMA", SODRZINATA VI E POZNATA I TOA KOJ JA SPONZORIRASE. OD DRUGA STRANA OVAA IDEJA NE TREBA DA SE POVRZUVA SO NEKAKVA SI IDEOLOGIJA NA GOCE DELCEV I OSTANATITE MAKEDONSKI REVOLUCIONERI ZA NEKAKVA SI "BALKANSKA KONFEDERACIJA" KADE MAKEDONIJA KE BIDE POSEBNA DRZAVNA CELINA, KE IMA SVOJ IDENTITET I OD TOA DA SE BARA OPRAVDUVANJE.

MAKEDOIJA, ISTO KAKO I HRVATSKA I SLOVENIJA NA POCETOKOT NA 20 VEK JA IMAA KAKO IDEOLOSKA ZADACA SOJUZ SO DRUGI ZEMJI ZARADI FORMIRANJE NA SVOJA NACIONALNA DRZAVA, KOJA POINAKU SAMOSTOJNO NIKOGAS NE MOZELE DA JA SOZDADAT, SAMO KAKO PREODNO RESENIE. ASPIRACITE NA SRBIJA KON SOSEDNITE TERITORII JA NAPRAVIJA IDEJATA DA SE OSTVARI, A NE DRUGA IDEOLOGIJA, TUKA NEMASE SOVPADJANJE NA IDEOLOGIITE, TUKU BESE ZAEDNICA KOJA JA POVRZUVAA KONTRASTITE. IDEJATA ZA FORMIRANJE NA JUGOSLAVIJA E HRVATSKA, A POKASNO I SLOVENECKA IDEJA, A NE SRPSKA, SRBIJA VO TOA VREME E DRZAVA. sOJUZOT VO JUGOSLAVIJA SE POKAZA KAKO USPESNA RABOTA BAREM VO TOJ PRV STADUIM, IZGRADBA NA NACIONALNI DRZAVI, ODNOSNO BAZA ZA POTPOLNA SAMOSTOJNOST.
SEGA ZOSTO VE ZAMARAM SO NESTO STO E ISTORIJA, NE MI E CELTA DA VE POTSEJKAM NA NESTO, TUKU SAKAM DA POTVRDAM DEKA MAKEDONIJA SVOJATA PRVA FAZA KOGA I TREBASE ZA SOZDAVANJE NA SVOJA NACIONALNA DRZAVA "PRAVNO I POLITICKI" JA OSTVARI PREKU JUGOSLAVIJA I 50 GODINI BEA DOVOLEN PERIOD DA IGRADI SVOJA BAZA I SVOJ PAT KAKO POTVRDA DEKA NEMA VRAKANJE NAZAD.
SEGA MONOGU POGRESNO MISLI I RAZMISLIVA SEKOJ AKO SMETA DEKA MAKEDONIJA NADVOR OD EU NE E DRZAVA I DEKA MORA DA NAJDE NACINI NE VODEJKI SMETKA ZA CENATA SAMO DA BIDE CLENKA NA EU.
ZOSTO NASATA NEZAVISNOT I DRZAVNOST JA VRAKAAT NA POCETOK, ZOSTO GI RUSAT OSNOVITE NA OVAA DRZAVA VO KOI IMA I PROLEANA KRV NA MNOGU NASI PREDCI ZA OVAA STVAR DENES?

SAMO ZARADI POTSETUVA NA ONIE KOI GI ZABORAVILE OVIE TEMELNI PRINCIPI KOI MAKEDONIJA GI OSTVARILA PRED 65 GODINI I NA KOI OSNOVI STOI OVAA DRZAVA DENES, BEZ RAZLIKA NA CUATA KOI POKASNO SE SLUCUVALE. (textot e na angliski)

Background of existence of Modern Macedonian state and the name

The decision for re-construction of Yugoslavia on the federal principle.

Decision of II Session of AVNOJ 29 November 1943 in Jajce

2nd Paragraph To achieve the principle of sovereignty of the people of Yugoslavia, that Yugoslavia represents a true homeland of all its peoples, and never again to become hegemonic domain of any clique, Yugoslavia what we created and we will build on the federal principle, which will ensure full equality of: Serbs, Croats, Slovenes, Macedonians and Montenegrins, i.e. the people of Serbia, Croatian, Slovenian, Macedonia, Montenegro and Bosnia and Herzegovina. (Source: Arhiv Jugoslavije)

Declaration (Manifesto) of ASNOM - 02 August 1944

ASNOM became and remained the biggest event of Macedonian struggle for national freedom and sovereignty. The most important decision at the First Session of ASNOM was the decision to proclaim ASNOM the supreme legislative and executive body representing the Macedonian people, and the pinnacle of state authority in Macedonia. It incorporated initial guidelines on constituting the Macedonian state, creating the "constitutional, legal document, upon the basis of which the Macedonian federal state is to be established and built." The decision also provided for constituting the people's administration,” the government of the Macedonian state, the functions of which were, for the time being, to be performed by the Presidium of ASNOM". Furthermore, in structuring executive authority, this document provided for the formation of "a required number of departments for the various branches of state administration" which were to perform the function of ministries until a government was established. This initial constitution for Macedonia was further supplemented by ASNOM with a definition of essential and guaranteed civil rights. The Declaration on Citizens' Rights stated that all citizens of Macedonia "are equal before the law, irrespective of their nationality, sex, race and religion." The Declaration also guaranteed the rights of ethnic minorities "to a free national life." The minorities are further mentioned in the ASNOM Manifesto, wherein the freedom and equality of all nationalities in Macedonia is proclaimed." (source: Mi-Am publishing)

The Constitution of Federal People’s Republic of Yugoslavia 31/01/1946

FEDERAL PEOPLE'S REPUBLIC OF YUGOSLAVIA

Article 1

Federal People’s Republic of Yugoslavia is a Republican form of Federal State, the community of equal peoples, those who on the basis of the right to self-determination, including the right to secede, expressed their willingness to live together in a federal state.

Article 2

Federal People's Republic of Yugoslavia consists of: People’s Republic of Serbia, People's Republic of Croatia, People's Republic of Slovenia, People's Republic of Bosnia and Herzegovina, People's Republic of Macedonia and People's Republic Montenegro. People's Republic of Serbia has in the composition of : Autonomous Province Vojvodina and the Autonomous region of Kosovo-Metohija . BASIC RIGHTS OF PEOPLES AND PEOPLES REPUBLICS

Article 9

The sovereignty of national republics within the Federal People's Republic of Yugoslavia is limited to only the rights that this Constitution has been transferred to Federal People's Republic of Yugoslavia. Federal People's Republic of Yugoslavia protect and defend the sovereign the right people's republics. Federal People's Republic of Yugoslavia protecting the safety and social and political regulation of people's republics.

Article 10

Contrary to the Constitution, any act directed against the sovereignty, equality and national freedom of the people of the Federative People's Republic of Yugoslavia and its people's republics.

Article 11

Each People's Republic has a Constitution. People's Republic brings its own Constitution. Constitution of the People's Republic of Republics reflects the characteristics and needs be in accordance with the Constitution FPRY. (Source: Arhiv Jugoslavije)

The first constitution of People Republic of Macedonia 31/12/1946

The first constitutional period of Macedonia in a formal sense began with the introduction of the Constitution of Popular Republic of Macedonia on the 31st December 1946. The first constitution of Macedonia was passed and proclaimed by the Constitutional Assembly of the Popular Republic of Macedonia, which, after having passed the Constitution, continued its work as a regular assembly. Apart from its constitutional and legal significance as the highest act of the country, this constitution also had a particular political importance, because it was a document through which the Macedonian state was constitutionally established, and therefore, generally recognized. The constitution of 1946 first set out the character of the state and the way in which it was to be administered. The People's Republic of Macedonia was established as a people's state in a republican form, in which the Macedonian people, expressing their free will, joined together with the other nations of Yugoslavia and their people's republics on the principle of equality to form a common federal state - the FPRY. This definition of the republic exclusively expressed its state legal element, which was necessary and justified during that period, in order to express its constituting as a state. In this definition, there are also elements of the principle of self-determination of the people, expressed in a voluntarily and freely expressed will to join together with the other nations of Yugoslavia. (source: CONSTITUTIONAL HISTORY OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA Dr. Cvetan Cvetkovski, Ass. Professor, Faculty of Law, Skopje)
19-12-2010, 04:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,215
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Теута АРИФИ

Алтернативи

Втората алтернатива е да бараме регионален пристап и излез во решавањето на спорот со името. Да размислиме за варијанта на градење на заедништво со другите соседни држави според моделот на Бенелукс. Со што би се бајпасирал и проблемот со името. Еден мини-шенген договор на групата А4 за Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово, со поддршка и менторство на САД, може да претставува еден интересен регионален одговор на овој нерационален спор кој бара рационален одговор.
Целата колумна

Дали Мирчев ја отвори пандорината кутија.?
20-12-2010, 04:36 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,481
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#15

(20-12-2010, 04:36 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Теута АРИФИ

Алтернативи

Втората алтернатива е да бараме регионален пристап и излез во решавањето на спорот со името. Да размислиме за варијанта на градење на заедништво со другите соседни држави според моделот на Бенелукс. Со што би се бајпасирал и проблемот со името. Еден мини-шенген договор на групата А4 за Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово, со поддршка и менторство на САД, може да претставува еден интересен регионален одговор на овој нерационален спор кој бара рационален одговор.
Целата колумна

Дали Мирчев ја отвори пандорината кутија.?

Ако може Теута да предлага Алтернативи, може ли јас да предложам отворени граници меѓу Македонија,Албанија, Бугарија и Грција?
Што мислите за предлогот?
An inch today is tomorrow’s mile.
20-12-2010, 05:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,215
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

(20-12-2010, 05:07 PM)montehristo Wrote:
(20-12-2010, 04:36 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Теута АРИФИ

Алтернативи

Втората алтернатива е да бараме регионален пристап и излез во решавањето на спорот со името. Да размислиме за варијанта на градење на заедништво со другите соседни држави според моделот на Бенелукс. Со што би се бајпасирал и проблемот со името. Еден мини-шенген договор на групата А4 за Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово, со поддршка и менторство на САД, може да претставува еден интересен регионален одговор на овој нерационален спор кој бара рационален одговор.
Целата колумна

Дали Мирчев ја отвори пандорината кутија.?

Ако може Теута да предлага Алтернативи, може ли јас да предложам отворени граници меѓу Македонија,Албанија, Бугарија и Грција?
Што мислите за предлогот?

Единствена алтернатива за успешен опстанок на Македонија е онаа за која се залагала ВМРО ПРАВДА-МАКЕДОНИЈА под ПРОТЕКТОРАТ НА САД.
20-12-2010, 05:33 PM
Reply