Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 3.75 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЈЕВРОПА И МАКЕДОНСКИТЕ ЈЕВРОПЕЈЦИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Колумнава на нашиов Леонов заслужува посебна тема. Малку да подискураме гледајки ги македонските интереси од МАКЕДОНСКИ АГОЛ. На форумов има веке неколку мислања кои зборуваат за еден сосама нов пристап кон проблемот со неинтегрирањето на Македонија во НАТО и ЕУ. Мислењата на:В. Костов, Леонов, Шакале, Бачев, Попески ...

Quote:ЈЕВРОПА И МАКЕДОНСКИТЕ ЈЕВРОПЕЈЦИ



Целиот проблем со наводно антиевропско расположение во Македонија е фактот што ЕУ падна во замката на македонските комуњари, т.е. за единствени проевропски сили да се сметаа само оние кои се партиски поврзани со СДСМ по разноразни основи. Така, ЕУ си направи огромна штета на својот углед во Македонија


Долги години во Македонија трае манипулацијата со тоа кој е проевропски, а кој антиевропски настроен. Притоа, во игра се не цивилизациски, културолошки, геостратегиски или други релевантни разлики, туку чисто партизирана, вулгарна и малограѓанска расправа, ако воопшто може да се нарече така.

Изместеноста, поточно замената на тезите влече корени уште во почетокот на 90-те, кога се донесуваше првиот Устав на независна и самостојна Македонија. Тогаш веќе исеолошки превртената Црвена буржоазија, во ликот на СДСМ, наметна една поделба дека приврзаниците на „граѓански“ устав се напредните, прогресивни и проевропски сили, додека поддржувачите на „национален“ устав беа оквалификувани како сељачки, националистички и регресивни.




Новите господари и старите слуги



Клучниот момент е дека во годините кои следеа, во практикувањето на власта сдсмовската црвена камарила, покрај тоа што го ограби Македонскиот народ, не направи ниту еден-единствен суштински чекор кон евроатлантските интеграции. Причина: тоа ќе го осуетеше грабежот, шверцот, создавањето на партиската финансиска олигархија и енормното богатење на неколкуте стотини семејства во јадрото на комуњарската каста.

Години подоцна, кога реалноста гои наметна евроинтегрирањето како приоритет (ние не навлегуваме овде дали е тоа добро или не), во „државотворната“ партија се случи едно преструктуирање, фаќање на последниот воз, па од поранешни заколнати непријатели на западот под водство на работничката класа, преку опструктори на интегрирањето заради лукративно-пљачкашки цели, инстантно се претворија во најголеми „јевропејци“ што овие простори некогаш ги виделе.

Вечните слуги на разноразни тотеми ги најдоа своите нови господари во Брисел. Ритуалното бакнување на бриселските задници се случи во период 1998-2002, и особено за време на конфликтот во 2001, кога СДСМ изведе една од своите најголеми предавнички мисии, опструирајќи ја одбраната на земјата.




ЕУ во комуњарска шема



Во тој период, за првпат наголемо се инсталираа таканаречените НВО-и, организирани и дрилувани од Владимир Милчин по налог на свопјот партиски шеф, а во сериозен дослух со некои факторти од меѓународната заедница, главно левичарски. Потоа се инсталираше и денес многу позната мрежа на фабрикувани и морално ничкосани новинари и уредници низ сите медиуми, главно лустрациски материјал од комуњарски времиња, преземени како стока од криптокомунистите.

Партиската политика на СДСМ се претвори во ороспија која за сметка на свое опстојување, беше подготвена да ги исполнува сите можни барања на разноразни „европски“ интереси, многу често антимакедонски. Најсрамна епизода е пропагандата против референдумот против новата територијална поделба од 2004.

Сакам да го кажам следново: целиот проблем со наводно антиевропско расположение во Македонија е фактот што ЕУ падна во замката на македонските комуњари, т.е. за единствени проевропски сили да се сметаа само оние кои се партиски поврзани со СДСМ по разноразни основи. Така, ЕУ си направи огромна штета на својот углед во Македонија.

Погледнете само кои се најголемите јевропејци во Македонија: поранешните комунисти, мрежата од партиски невладини организации со прилично антицивилизациски настапи, а самото постоење на НВО со име ГЕМ (Граѓани за европска Македонија), со сурати од типот на Геровски, Фрчолина, Милчин и компанија имплицира дека останатите граѓани и организации се антиевропски.

Според таа извитоперена логика, пиљарот Рамковски посекако треба да биде прогласен за „јевропејац године“, со посебни заслуги за воведување тип на журнализам кој, пакувајќи манипулации и лаги, отсега натаму ќе се именува како „пакување смоки“. Честитки за новинарите. Ајде и нека се пакерите од разен маштаб, би рекле, но проблемот е што сите тие се во служба на партиска политика, која манипулира со нивните судбини и ги тера да ја брукаат државата, а ЕУ сето тоа безрезервно го поддржува.




Малограѓански менталитет



Тогаш, нека ЕУ не се изненадува што се случуваат реакции како онаа на Влатко Ѓорчев на сметка на евроамбасадорот Фуере, бидејќи впечатокот што тој го остава е дека работи за интересите на СДСМ, а не за интересите на стратегиска релација помеѓу Македонија и ЕУ. Затоа, настапот на Ѓорчев е целосно оправдан, принципиелен и во служба на македонското достоинство.

Се разбира, на тоа веднаш наскокаа пријателите на СДСМ (самопрогласени пријатели на Македонија) од Словенија, Јелко Кацин и Зоран Талер, па во режираниот „Еврозум“ под водство на Борјан Шутракот истурија невидена антивладина пропаганда, повторно во служба на СДСМ. Впрочем, тие и двајцата се членови на поранешната словенечка комуњарска партија, па не е чудно што партискиот мегафон со европска маска ги повика само нив во емисијата.

(Извештаите, пак, од Брисел на неговата внука Тања Милевсдка за А1 се антологиски журналистички срам, произведен од суштество на кое и без да му го видиш ликот знаеш дека е полно со омраза кон својата земја, затоа што ја смета за заостаната. Во заднината на оваа психолошко пореметување стои робовскиот менталитет на личност која длабоко пати што не е припадник на некоја од „големите“ европски нации, туку на една мала земја, соочена со омаловажувања ос страна на се уште присутниот европски расизам).

Во суштина, споменатите профили на просдсмовски јевропејци од Македонија, се класичен приказ на еден тешко заглибен малограѓански менталитет, менталитет на неуки, недостоинствени луѓе без идентитет, кои паѓаат ничкум во транс на обожување пред секој третокласен серко од Брисел, колку и да е тој во служба против интересите на нашата држава. Заедничка карактеристика им е длабок недостиг на општа култура, самопочит, човечко и национално достоинство. Тие се грдото лице на Европа кај нас и нивното дејствување создава најголеми штети на релација Скопје-Брисел, колку и да сакаат да прикажат поинаку.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ
13-12-2010, 04:22 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#2

Колумната е во главно супер, но Леонов има една маана која ја манифестира во секој негов текст. Можеби таа маана е резултат на некаква недоискажана борбеност, но во овој текст ја манифестира преку поддршката за идејата на Никовски. Според мене, од неколкуте идеи кои процурија изминативе месеци, оние на Групацијата, на Попевски, Бачев и слично, идејата на Никовкси е најнеиздржана, бидејќи се темели на уличарско прекршување на Привремената спогодба. Иако самата Спогодба, како што тоа стручно го објаснуваат Бачев и Попевски, е прекршување на низа конвеции, правила и договoри, се' додека таа е на сила, таа е правосилна. Така да, како држава, Македонија не може да си дозволи намерно кршење на истата, зашто тоа само ни штети нам.
13-12-2010, 05:06 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#3

Quote:Датум: 23.12.2010, 11:50

пресек

Ангели и демони

No free lunch знаат со право да кажат економистите. Се добива впечаток дека изминативе денови и недели како да се засилува една поширока кампања за рушење на идеализмот кај Албанците и нарушување на нивниот углед.

Денес популарниот поим „Западен Балкан“ никогаш не бил автохтон принцип на поделба на полуостровот. Народите на Балканот никогаш не се делеле по таа основа - Источен или Западен Балкан. Имало и ќе има различни видови други поделби врз основа на историските, колонијалните, верските, етничките и други карактеристики, но поделба на Источен и Западен Балкан никогаш. Оваа поделба, иако има чисти географски одредници, воопшто не е географска, туку целосно исполитизирана поделба што ја наметна ЕУ. Ваквата поделба има само една и единствена цел - да ги издвои преостанатите седум држави на Балканот од оние четири држави на полуостровот што веќе се членки на ЕУ.

Доказ за супремацијата на политизацијата над географијата во случајов е фактот дека најзападната балканска држава, а тоа е Словенија, воопшто не се спомнува како дел од „Западниот“ Балкан, исто како и најјужната држава, а тоа е Грција, која еднакво спаѓа и во Западниот и во Источниот Балкан. Од друга страна, пак, најисточната држава, а тоа е Турција (нејзината територија на Балканот е поголема од онаа на Македонија, на пример) не претставува дел од „Источниот“ Балкан. Таканаречениот Западен Балкан со своите над 20 милиони жители е двојно помал од таканаречениот Источен Балкан со над 40 милиони жители. Ваквата неприродна и наметната поделба на Балканот, за жал, веќе ја прифатија сите други меѓународни организации и тела.

На тој, таканаречен Западен Балкан цели 12 години, почнувајќи од 1990 година, беснееја меѓуетнички, меѓуконфесионални, па и граѓански конфликти, вклучувајќи и отворени војни во кои постојано се вмешуваа меѓународни воени сили предводени од ООН или од НАТО. Сите нации што се вплеткаа во тие валкани конфликти и војни ги заслужија сите обвинувања од целиот нормален свет. Но во тие конфликти некои нации, како на пример српската, најчесто ги навлекуваа гневот и несимпатиите од целиот свет, а некои, како на пример албанската, ги навлекуваа на себе симпатиите. Едни постојано беа „лоши момци“, а други постојано беа прогласувани за праведни борци за слобода и човекови права со напредни идеи. Како такви, тие беа поддржувани од светот и тогаш кога за тоа немаше никаква потреба или оправдување, па дури и кога требаше силно да бидат прекорени. Трети нации, меѓу кои и македонската, останаа некаде во средината меѓу предупредувањата, заканите и поддршката од светот - час малку поддршка, час малку повеќе одвратни подметнувања и притисоци.

Но нејсе, времињата поминаа, а животот, иако со тешки последици и проблеми, повторно се врати во некакви понормални и подносливи рамки на целиот полуостров. Многу отворени рани останаа да постојат, но и со нив може да се живее. Всушност на Балканот така се живеело отсекогаш. Македонија и Македонците се жив пример за тоа. Нивното опстојување е постојан напор и голема мака, а подносливоста на живеењето е само интервал меѓу две маки. Сите околу нас ја пружиле раката на Јуда кон оваа мала и напатена нација. Таква, или приближно таква е судбината и на Албанците на овие простори. Нивните маки можеби се и поголеми од македонските, иако во последните две децении Албанците живеат живот на етнос кој е постојано заштитуван од западните моќни држави од американскиот и од европскиот континент. Едноставно на Албанците, и тоа не само на оние во Албанија, им беше дозволено и овозможено с`. Историски и од долгорочна перспектива гледано тие добија најмногу. Дури и повеќе одошто самите се надеваа на почетокот од транзициските промени на Балканот.

Не беше тешко да се претпостави дека на таа нивна „среќа“ еден ден ќе ~ дојде крајот и дека сметката можеби ќе пристигне за наплата. No free lunch знаат со право да кажат економистите. Се добива впечаток дека изминативе денови и недели како да се засилува една поширока кампања за рушење на идеализмот кај Албанците и нарушување на нивниот углед. Албанците во Косово се соочени со очигледно оркестрирани и нималку наивни или безопасни напади врз дел од личностите што се симбол на освоената независност на државата. Точката на нападот е многу сензитивна и сериозна за нивното ослободително движење - организирани и извршувани убиства на луѓе од српската нација за комерцијална трговија со нивните човечки органи. Деновиве во таа верига на учесници и локации на настаните почна да се споменува и Албанија. Албанците, пак, во Македонија се соочени со, исто така, многу сериозни и тешки обвинувања за вмешаност и соработка на нивните највлијателни политичари со нивните најомразени разузнавачки и контраразузнавачки цивилни и воени служби - српските, но и некои други. Дали клопчето за Албанците на Балканот почна да се одмотува во спротивен правец? Дали дојде време, од засега и за нас с` уште непознати причини, во кое Албанците ќе треба да се соочат со самите себе и со светот околу нив на еден сосема поинаков начин? Ајде да почекаме, па да видиме, времето несомнено ќе покаже. Можеби веќе ништо нема да биде исто за нив.
Никола Поповски #
23-12-2010, 06:37 PM
Reply