Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Poll: ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ОДРЖАТ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
This poll is closed.
ДА
10.00%
1 10.00%
НЕ
90.00%
9 90.00%
Total 10 vote(s) 100%
* You voted for this item. [Show Results]

Thread Rating:
  • 12 Vote(s) - 3.75 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ДА ИЛИ НЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#41

Quote:Избори – ДА, но подобро да – НЕ!

13.12.2010 | Никола Тасев (политичар)

Од центарот на Скопје, минатата седмица беа испратени две јасни политички пораки. Најпрвин, опозицискиот СДСМ од својот протестен марш и порача на власта: „Подготвени сме за избори!“ Подоцна и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, по низата „консултации“ со коалициските партнери донесе одлука: „И ние сме подготвени, но избори – нема“.
Пораката е јасна - власта се плаши од избори, но по се изгледа, од избори се плаши и СДСМ.

Кој е стравот кај СДСМ?

Тие од 2002 година немаат здрава победа, само губат! Дури и победата на нивниот лидер на претседателските избори во 2003 година беше плод на низа договори и притисоци, подместувања и консултации, па дури и премолчена согласност од тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ и на најверојатниот притисок од меѓународниот фактор за успех на претседателските избори. (Да потсетам доколку немаше излезност од над 50 отсто изборите ќе беа неуспешни, а на изборите излезноста беше само неколку 1.000 гласа над цензусот). СДСМ значи веќе со години на грбот си носи огромен губитнички товар и доколку изгубат уште еден изборен натпревар и добијат нови 4 опозициски години, голема е можноста да се соочат со опасност партијата уште толку да ја изгуби поддршката кај избирачите. Или пак можно е некој нов лидер, некоја нова партија од левицата да им го земе приматот. Впрочем, пред неколку години тоа се обиде НСДП со Тито Петковски, но безуспешно, што не значи дека во наредните години некој нов обид нема да биде успешен. Сепак, сега ситуацијата
им е многу подобра од минатите години, рејтингот им е во блага нагорна линија, пред седум дена на улица извадија народ како што немаа од 2002 наваму, но пак, доколку сега има избори тие се свесни дека нивниот резултат нема да биде како што очекуваат и како што им ветуваат на своите гласачи. Избори сега, за СДСМ ќе значат нов неуспех!

Кој е стравот на ВМРО-ДПМНЕ?

Откога Никола Груевски е на чело на ВМРО-ДПМНЕ партијата само победува: по двапати на парламентарни и локални и еднаш на претседателски. Како победа на ВМРО-ДПМНЕ дури можам да го препишам и изборот на Црвенковски за претседател на РМ, поради ставот на поголемиот дел од тогашното раководство на партијата да се излезе на избори, иако однапред се знаеше дека секое излегување на гласачките кутии, дури и да се гласа против, е глас за Црвенковски.
Но, сите победи на ВМРО-ДПМНЕ од избори на избори, како одминуваат годините владеење, ако се пресметуваат бројот на гласовите се понеубедливи. Сегашните рејтинзи покажуваат дека партијата има доверба од над 20 проценти, што е се уште мошне високо за партија која веќе 5 години е на власт. Но пред две години довербата беше над 30 проценти што значи дека и кај нив тркалото почнало да оди надолу. Затоа очекував дека ќе организираат игра во која ќе распишеа избори за почетокот на февруари и ќе го фатеа неопределеното гласачко тело на спиење и во празнична еурофорија. А плус и ако дојдеше некое снегче и минусни температури, плус за нив. Оттука ме зачуди леснотијата со која беше отфрлена идејата за вонредни избори. Во ВМРО-ДПМНЕ треба да се свесни дека со секој ден, со секој месец, одлагање на изборното соочување, губат гласачи.
Следната година ќе биде уште потешка од оваа.
Значи, нови незадоволници и ново намалување на рејтингот. Европа излегува од кризата, а во Македонија ќе трае уште неколку години. Оваа влада покажа дека нема решенија за економско заживување на државата, затоа беа потребни избори.
Иако во целава оваа игра се обидуваа и од едната и од другата страна да ја вметнат и ВМРО-Народна партија, ние јасно го кажавме нашиот став дека избори треба да има, но не заради СДСМ или заради ВМРО-ДПМНЕ, туку заради Македонија, и заради граѓаните. Покрај двата големи блока, единствена партија, надвор од коалициите која може да обезбеди значајна улога во парламентот ќе биде ВМРО-НП и ниту едните, ниту другите не ќе може да формираат влада без ВМРО-НП.
Луѓето кои сега се во ВМРО-Народна партија, ја имаа можноста да ја водат државата во периодот од 1998 до 2002 година, период за кој се уште се оквалификува како економски најуспешен во Македонија. И тогаш државата ја преземавме во крајно лоша економска кондиција, но за една година веќе се почувствуваа ефектите од мерките што ги презема тогашната влада на Љубчо Георгиевски. Така и сега, иако на ВМРО-НП и одговара да има редовни избори, за да може што повеќе од вмровското гласачко тело да се врати во матичниот извор и да се освои што поголем број гласови, но сепак сметаме дека државниот интерес е над партискиот. Избори мора да има - веднаш! Да се измешаат картите во шпилот и со нова влада во која ќе партиципираат и членови од ВМРО-НП Македонија да се извлече од кризата.
Извор
13-12-2010, 02:52 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#42

Има право човекот, редовни избори ќе си чекаме. Доста веќе со тие предвремени. Во 2012 дополнително ќе се избелат некои работи. Иако кога Грујо рече кој последен се смее, најслатко се смее, ми заличува како да ќе ги направи на пролет 2011, кога веќе ќе има покачени пензии и нови вработувања во администрација. Ако може нешто да му се признае на човекот, е дека добро се грижи за својот рејтинг, бидејќи тоа е и единственото негово гајле. За народ не му чуе ама ич, ама таков самобендисан човек знае што прави за себе.
13-12-2010, 03:06 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#43

Quote:Датум: 10.12.2010, 08:46

ЗАКАЧАЛКА

Злате Лозановски

Немаме избор

Трагичното во македонските состојби не е тоа што нема избори - некогаш ќе бидат распишани - туку тоа што народот ја отпиша надежта дека некогаш ќе може да направи вистински избор
Една работа која, каква-таква, сепак не' одржува во илузијата дека живееме во демократија, нема да се одржи. Комитетот на владејачката партија реши да нема избори и така, во ситните ноќни часови, навреме спречи нацијата целосно да ја дефокусира енергијата од државниот и национален интерес - спроведување на нејзината четиригодишна програма. Тоа, според неа, значи борба против криминалот и корупцијата, справување со последиците од светската економска криза и напорите за реализација на евроатлантските аспирации. За партијата е неприфатливо сето тоа да се жртвува „само поради едно блефирање и покерашкиот пристап во политиката на Бранко Црвенковски“ (опозиција, м.з.).

Кога веќе не сака, а тврди дека може, насилно да ја освојува власта („кој ќе го спречи овој народ да влезе во Собранието“, праша-констатира Б. Ц.), работа на опозицијата е секогаш и во секое време да бара мирновременско решение - избори. Исто како што е должност на власта да ги организира, дури и по цена да ги изгуби. Така е во развиени демократии, каква што е британската, во која неодамна, кратко, пријателски и незадолжително се најде и нашиот премиер.

Бидејќи ние тешко може да го оправдаме епитетот демократија, уште потешко развиена, неподносливо лесно одбиваме избори и тоа со аргументи според кои тие треба да се одржат уште вчера. Доволно е да се погледнат црните хроники за да се види дека од ден на ден губиме во борбата против криминалот; дека корупцијата напредува барем со исто темпо со кое државата се качува по некое место на светската листа со впечатоци (државни функционери победуваат на државни тендери на кои наддаваат татковци и синови, фирми-луѓе способни за секоја работа, а странците не се ни обидуваат да конкурираат, ако некој не им гарантира дека ќе добијат, што е врвен доказ за корупција); со светската економска криза не справуваме, туку оправдуваме се', па и најмали селски кризи; а резултатот од напорите за реализација на евроатлантските аспирации е поразителен: зачленувањето во ЕУ и во НАТО стана невозможна мисија, евроскептицизмот невидено расте, Фуере има поголеми шанси да се спаси од нападите на локалните моќници, отколку европските вредности потопени во доминантната филозофија на паланката.

Оттаму, клучен, единствен и несоборлив аргумент зошто не треба да има избори останува спроведувањето на партиската програма. И тоа токму деловите со кои е надградена, а не се наведени во образложението на Комитетот: дораспродажба на атрактивно државно земјиште; триумф на капијата; лиење споменици, топење восок; перење мозок, задушување на јавниот збор; проширување на администрацијата; целосна државно-партиска посветеност на опозицијата; сечење ленти, местење тендери, дигање рејтинзи, разбивање демонстранти, поддржување Хунзи, делби на предавници и патриоти, на наши и ваши...

Ако владее таква енергија, тогаш не само што е легитимно барањето за предвремени избори, туку е судбински важно таа да се „дефокусира“, да престане коцкањето со државните интереси, макар и со блеф и со други покерашки трикови. Но, главните причини се само параван, спореден изговор за главниот мотив: власт.

Трагичното во македонските состојби не е тоа што нема избори - некогаш ќе бидат распишани - туку тоа што народот ја отпиша надежта дека некогаш ќе може да направи вистински избор. До таму стигна нашиот плурализам, нашата пирова победа против едноумието. Влевањето страв во коски кај гласачкото тело и натаму е скелет на режимот, а умот на лидерот единственото што се почитува, беспоговорно. Народот веќе нема друга волја - дури и да ја има тоа е нешто скриено, длабоко интимно - освен неговата. Затоа и звучи логично, демократски, нормално, кога не бомбардира со ултиматумот да се почитува волјата на народот.

Со гласањето ние, се' уште, го заокружуваме, го легитимираме истиот распоред на силите против нас, го затвораме маѓепсаниот круг од кој толку сакаме да излеземе. Секогаш мислиме дека полошо од ова не може и речиси секогаш сме се излажале. Но, тоа искуство, фала богу, не е пресудно: благонадежната илузија дека нешто ќе смениме (на избори) е посилна од суровата реалност. #
13-12-2010, 06:06 PM
Reply
NACIONALIST Offline
Senior Member
****

Posts: 485
Joined: Dec 2009
Reputation: -11
#44

(06-12-2010, 10:32 PM)Администратор Wrote: Заради актуелноста на прашањето да направиме и тука анкета.

Би ве замолил да дадете и коментар зошто НЕ, зошто ДА


E aj da dadam moe viduvanje za predvremeni izbori sto gi baraat komunjarive, a molat boga da ne gi dobijat,
Pa vaka jas sum za izbori vo sekoe vreme, i vo sekoe vreme ke go dobieme na celo so nasiot pocituvan premier, mozda nema so 63 pratenika kolku sto se sega ali so 59 ili 60 sigurno, ali ne bi raspisal vo ovoj moment ne kako sto rekov deka se plasime od izbori tuku prvo od inaet za komunjarite, i kako vtoro, sega e vladata vo polovina od svoj mandat, so 63 pratenici, bez nikakva parlamentarna i vladina kriza, vladata e posvetena na programata sto ja veti pred graganite i ako sega bi raspisale izbori bi bile skroz neseriozni, taka izbori ke ima vo 2012 leto gospodovo, do togas zdravje i samo sreka da ne prati i so gospod napred vo 2012 gio dobivame izborite so poveke pratenici otkolku sega.
14-12-2010, 03:00 AM
Reply