Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Poll: ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ОДРЖАТ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
This poll is closed.
ДА
10.00%
1 10.00%
НЕ
90.00%
9 90.00%
Total 10 vote(s) 100%
* You voted for this item. [Show Results]

Thread Rating:
  • 12 Vote(s) - 3.75 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ДА ИЛИ НЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

(08-12-2010, 07:23 PM)Solenik Wrote: Љубчо Георгиевски нема бугарски пасош


Што ке значи оваа информација баш во деновите кога се натегаат ке има или ке нема предвремени избори. Мислам дека некој му пракја порака на Грујо дека и Љупчо ке влезе во изборна трка и ке му земе малку гласови. Ако не повеке ама 50 илјади сигурно. Значи оние 500 илјади кога ке се стави и Љубе со 50 илјади се 400 илјади. Уште едно 100 илјади незадоволни од неговото владеење, ке останат 300 илјади. Работата не чини за Грујо.
(This post was last modified: 08-12-2010, 09:01 PM by ЈорданПетровски.)
08-12-2010, 08:59 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#22

(08-12-2010, 08:59 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(08-12-2010, 07:23 PM)Solenik Wrote: Љубчо Георгиевски нема бугарски пасош


Што ке значи оваа информација баш во деновите кога се натегаат ке има или ке нема предвремени избори. Мислам дека некој му пракја порака на Грујо дека и Љупчо ке влезе во изборна трка и ке му земе малку гласови. Ако не повеке ама 50 илјади сигурно. Значи оние 500 илјади кога ке се стави и Љубе со 50 илјади се 400 илјади. Уште едно 100 илјади незадоволни од неговото владеење, ке останат 300 илјади. Работата не чини за Грујо.

Јордан, тогаш како резонираш за фактот дека веста потекна од А1? Дали можеби СДС навистина не сака избори, туку, само се обидуваат со разноразни р'вања и малверзации да се докрепат до власат, ала Татковинската војна?
08-12-2010, 09:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

(08-12-2010, 09:51 PM)Solenik Wrote:
(08-12-2010, 08:59 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(08-12-2010, 07:23 PM)Solenik Wrote: Љубчо Георгиевски нема бугарски пасош


Што ке значи оваа информација баш во деновите кога се натегаат ке има или ке нема предвремени избори. Мислам дека некој му пракја порака на Грујо дека и Љупчо ке влезе во изборна трка и ке му земе малку гласови. Ако не повеке ама 50 илјади сигурно. Значи оние 500 илјади кога ке се стави и Љубе со 50 илјади се 400 илјади. Уште едно 100 илјади незадоволни од неговото владеење, ке останат 300 илјади. Работата не чини за Грујо.

Јордан, тогаш како резонираш за фактот дека веста потекна од А1? Дали можеби СДС навистина не сака избори, туку, само се обидуваат со разноразни р'вања и малверзации да се докрепат до власат, ала Татковинската војна?



Ке видиме овие денови. Еден од најсериозните показателите што ке се случи ке биде и тоа дали Филип ке ја формира или не неговата Демократска Десница. Демократска Десница составена и финансирана од Марксисти-Стаљинисти.
08-12-2010, 10:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24

Quote:ВМРО-ДПМНЕ: Нема предвремени избори, продолжуваме со исполнување на ветеното


Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа седница на која по темелната дискусија и анализа на предлогот на СДСМ за предвремени парламентарни избори, истакна дека доколку сега се распишат предвремени парламентарни избори предноста на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија ќе овозможи најмалку двојно повеќе пратеници на ВМРО-ДПМНЕ отколку СДСМ и сигурен нов 4 годишен мандат.

[Image: vmrostab240.jpg]
- Во 2008 година македонскиот парламент беше блокиран и од тие причини ВМРО-ДПМНЕ прифати предвремени избори со цел деблокирање на собранието и продолжување на реформите. Во моментот не постојат никакви објективни причини и оправданост за прекинување на доверениот 4 годишен мандат од страна на граѓаните за остварување на ветените проекти во програмата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според наведеното, за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо само поради едно блефирање и покерашкиот пристап во политиката на Бранко Црвенковски целосно да се дефокусира енергијата насочена кон спроведувањето на ветената 4 годишна програма, борбата против криминалот и корупцијата, справувањето со последиците од светската економска криза, напорите за реализација на евроатланските аспирации и напорите за остварувањето на сите останати државни и национални интереси.

Од владејачката партија додаваат дека се свесни дека СДСМ и Бранко Црвенковски оваа одлука на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обидат да ја злоупотребат за сопствено политичко поентирање и воедно им порачуваат дека ќе бидат разочарани на следните избори кога ќе се соочат со реалноста.
09-12-2010, 02:25 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#25

Па уште поарно. Ќе ги оставиме да се дозакопаат со нивните и досега видени катастрофални потези и ќе ги казниме 2012. А за ова " продолжуваме со исполнување на ветеното " ми доаѓа да се утепам од смеење. Јас не се сеќавам дека ни беа ветувани споменици, без-мадњи лавови и Хунзифицирање и Србизирање на Македонија. Ни беа ветувани економски бумови, инвестиции, здравство итн. Во 2008 насетија дека ја имаат поддршката и затоа ги направија изборите. Воделе борба против криминал и корупција...Епа прости им Боже, не знаат што прават ни што зборат!
09-12-2010, 03:31 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#26

Немало до сега вака добро организирана и единствена група, како сега во ДПМНЕ, мислам кога се гледа од страна... Ниту една информација на излегува од кај нив. На времето кога се држеа вакви средби по партиите знаевме пред да донесат одлука што ќе биде... па, кој за што се заложил, кој со кого се скарал... како да имаат дадено завет на молчење, ни една инсајдерска информација не излегува од кај нив... или многу се сакаат, па нема што да се пресметуваат преку медиуми... Icon_razz

09-12-2010, 04:59 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

(09-12-2010, 04:59 AM)acko Wrote: Немало до сега вака добро организирана и единствена група, како сега во ДПМНЕ, мислам кога се гледа од страна... Ниту една информација на излегува од кај нив. На времето кога се држеа вакви средби по партиите знаевме пред да донесат одлука што ќе биде... па, кој за што се заложил, кој со кого се скарал... како да имаат дадено завет на молчење, ни една инсајдерска информација не излегува од кај нив... или многу се сакаат, па нема што да се пресметуваат преку медиуми... Icon_razz


Страв е во прашање. Кадровската селекција која ја изврши Грујо во овие години сега се гледа на дело.
Дали може Пачко да има сопствено мислење.


Quote:СДСМ ја оцени како кукавичка одлуката на ВМРО ДПМНЕ
09.12.2010
СДСМ денеска најави дека ќе продолжи во битката за предвремени избори, по како што велат, кукавичката одлука на ВМРО ДПМНЕ. Потпретседателот на оваа опозициска партија Гордан Георгиев изјави дека ќе ги искористат сите средства да ја соборат владечката партија од власт. Тој додава дека покрај барањата за исмени на законот за избори во собарнитео ќе продолжат и со протести и маршеви .
09-12-2010, 03:01 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#28

(09-12-2010, 03:01 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(09-12-2010, 04:59 AM)acko Wrote: Немало до сега вака добро организирана и единствена група, како сега во ДПМНЕ, мислам кога се гледа од страна... Ниту една информација на излегува од кај нив. На времето кога се држеа вакви средби по партиите знаевме пред да донесат одлука што ќе биде... па, кој за што се заложил, кој со кого се скарал... како да имаат дадено завет на молчење, ни една инсајдерска информација не излегува од кај нив... или многу се сакаат, па нема што да се пресметуваат преку медиуми... Icon_razz


Страв е во прашање. Кадровската селекција која ја изврши Грујо во овие години сега се гледа на дело.
Дали може Пачко да има сопствено мислење.


Quote:СДСМ ја оцени како кукавичка одлуката на ВМРО ДПМНЕ
09.12.2010
СДСМ денеска најави дека ќе продолжи во битката за предвремени избори, по како што велат, кукавичката одлука на ВМРО ДПМНЕ. Потпретседателот на оваа опозициска партија Гордан Георгиев изјави дека ќе ги искористат сите средства да ја соборат владечката партија од власт. Тој додава дека покрај барањата за исмени на законот за избори во собарнитео ќе продолжат и со протести и маршеви .


А зошто не го употребат Уставот и не соберат 200.000 потписи?
09-12-2010, 04:44 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#29

Quote:А зошто не го употребат Уставот и не соберат 200.000 потписи?
Do toa kje e rabotata, sto ne bi mozele da gi soberat.
An inch today is tomorrow’s mile.
09-12-2010, 05:11 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#30

Па знаете зошто не го користат Уставот па они нели си се изјаснија дека повеќе им е кеиф на недемократски начин да ја рушат власта...
09-12-2010, 06:13 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#31

Па да, тие се државотворна партија, (т.e.) над уставот и правото (т.е) правото не важи за нив.
Некако познато звучи, како една нивна која одеше вака: Што ќе ми е држава ако ја немам оваа партија.
Интересно, тие сеуште си мислат дека ова е нивен прчварник, но зошто така си мислат?
Доколку то нивно мислење нема поткрепа, луѓето би ги бргу прогласиле дека се луди.
Но, онаа пуста приватизација ним им дава поткрепа,изгледа, да се тие однесуваат така бахато.
Можеби грешам, но, што ако не грешам?
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 09-12-2010, 07:43 PM by montehristo.)
09-12-2010, 07:39 PM
Reply
NACIONALIST Offline
Senior Member
****

Posts: 485
Joined: Dec 2009
Reputation: -11
#32

Abe kakvi izbori, ali jas bi raspisal izbori za dootepuvanje na mracnata tranzicija, a od druga strana ne bi raspisal zatoa sto znam deka povtorno VMRO DPMNE ke pobedi, ali za inaet od komunjarite nema izbori, samno tie neka si laat i neka vregaat drugo i onaka neznaat
10-12-2010, 01:50 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#33

(10-12-2010, 01:50 AM)NACIONALIST Wrote: Abe kakvi izbori, ali jas bi raspisal izbori za dootepuvanje na mracnata tranzicija, a od druga strana ne bi raspisal zatoa sto znam deka povtorno VMRO DPMNE ke pobedi, ali za inaet od komunjarite nema izbori, samno tie neka si laat i neka vregaat drugo i onaka neznaat


Наци не било баш така како што велиш ти. Грујо ја правел оваа пресметка:


(08-12-2010, 08:59 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Што ке значи оваа информација баш во деновите кога се натегаат ке има или ке нема предвремени избори. Мислам дека некој му пракја порака на Грујо дека и Љупчо ке влезе во изборна трка и ке му земе малку гласови. Ако не повеке ама 50 илјади сигурно. Значи оние 500 илјади кога ке се стави и Љубе со 50 илјади се 400 илјади. Уште едно 100 илјади незадоволни од неговото владеење, ке останат 300 илјади. Работата не чини за Грујо.

Прочитај ја и колумнава:


Quote:ГРУЕВСКИ ЗНАЕ ДЕКА ВЕЌЕ НЕМА ДА ИМА АПСОЛУТНА ВЛАСТ !


За повеќето аналитичари на прв поглед останува нејасно зошто Груевски одби да зачука волеј кога Црвенковски му ја нафрли на "десна" и зошто не распиша втори предвремени избори? - Одговорот е едноставен: не е сигурен дека повторно ќе има апсолутна власт.
10-12-2010, 03:21 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#34

Koga Gruevski dade izjava po sednicata na IK kaza deka nema da svika "izbori koga ke mu se kefne na Branko C."
So vakvata izjava Gruevski saka da gi postigne slednive raboti:
1.Da pokaze cvrstina deka e cvrst kako kamen,bidejki sekoj poteg sto ke se pokaze deka ne e siguren site bi se posomnevale vo negovata cvrstina kako lider,i negovata sposobnost da gi izdrzi najgolemite krizi i udari od strana.
2.Po nesupesnosta i nivnata neodlucivost se prasuvaat sto da pravat po neuspesniot obid da se legimitizira A1 kako nezavisen medium.Saka da se otslika kako resitelen vodac.Vakvite akcii,kako sto napisa i samiot Janko Bacev vo svojata kolumna se vrsat sekogas koga treba da se svikaat predvremeni izbori.
3.Deka e spremen da se bori so site konkurenti za negoviot prestol,a i maliot odziv na mitingot na B.C. Gruevski ne e zaplasen od SDSM.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
10-12-2010, 07:39 PM
Reply
NACIONALIST Offline
Senior Member
****

Posts: 485
Joined: Dec 2009
Reputation: -11
#35

(10-12-2010, 03:21 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Што ке значи оваа информација баш во деновите кога се натегаат ке има или ке нема предвремени избори. Мислам дека некој му пракја порака на Грујо дека и Љупчо ке влезе во изборна трка и ке му земе малку гласови. Ако не повеке ама 50 илјади сигурно. Значи оние 500 илјади кога ке се стави и Љубе со 50 илјади се 400 илјади. Уште едно 100 илјади незадоволни од неговото владеење, ке останат 300 илјади. Работата не чини за Грујо.

Прочитај ја и колумнава:


Quote:ГРУЕВСКИ ЗНАЕ ДЕКА ВЕЌЕ НЕМА ДА ИМА АПСОЛУТНА ВЛАСТ !


За повеќето аналитичари на прв поглед останува нејасно зошто Груевски одби да зачука волеј кога Црвенковски му ја нафрли на "десна" и зошто не распиша втори предвремени избори? - Одговорот е едноставен: не е сигурен дека повторно ќе има апсолутна власт.



Ne ne Joce ne se plasi Grujo od tulumbarot i bugarofilot, kako prvo nema da zemat po 50 000 glasovi i toa sigurno, jas mislam deka tulumbarot voopsto nema ni da vl;eze vo parlamentot, a Ljubco bugarco ke ima eden ili dvajca pratecici i toa e se, a tie nezadovolnite pak ke si glasaat za VMRO DPMNE, jas nevelam deka nema razocarani, ali nema sirurno da mu dadat glas na ROSAVIOT ili na tuluimbarot, da kako sto velis nezadovolstvo ima, ali glasanbjeto e seriozna rabota.
10-12-2010, 08:34 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#36

Quote:Марш на референдум за враќање на еднопартискиот систем!

Предлагам, наместо на избори, да си излеземе на референдум и да си го вратиме комунизмот, а со тоа и природното право на „авангардата“ СДСМ да владее вечно. Или тоа или да го преземеме искуството на Брегот на Слоновата Коска, па на фингирани избори да си прогласуваме два победника. Едниот секогаш да биде СДСМ, кому тоа право ќе му го гарантира Уставот, без оглед дали го смачкале како шлепер жаба

М акедонија идната година ќе слави 20 години независност. Две децении, еј бре, дваесет години и уште се занимава со одртавени политички пубертетлии, кои најмалку трипати си го сменија името, најмалку петпати го редизајнираа симболот под кој настапуваат, а уште толку пати и боите по кои ни самите веќе не се препознаваат. Само во едно се бетон. Не ја менуваат својата тоталитаристичко-болшевистичка суштина.

Успешно ја прекинаа почнатата дебата за правна држава, за примена на законите, за нивниот квалитет, за функционалноста на институциите и, користејќи ги т.н. слободни медиуми на кои повторно им ставија свирче в уста, го натераа општеството да се занимава со нив и нивните најубави и најмногубројни митинзи и маршеви. Романското сценарио за соборување легално избрана власт, спакувано во стратегијата „Надеж“ преку Перо Наков бб, отстапи пред „забеганото“ транзитирање на Скопје од провинциска касаба во темен балкански вилает во горе-долу пристојна европска престолнина.

Новинари, кои работниот век го минуваат исто како Тито Петковски во политиката, значи, како трајни неидентификувани објекти, и овој пат одвај дочекаа уште една епизода од култната турбосапуница под наслов „балван-револуција“. Зашто тие не се склони да ризикуваат и претеруваат, да бидат јасни и резолутни, им се виде спасоносно пак да ја мавтосуваат јавноста со петпарачки политикантски ефемерии.

Мислев дека јубилејот в година ќе значи и наше општествено полнолетство. Џабе! Штом како клен на дудинка ни се фаќаат „слободоумните“ медиуми, кои надолго и нашироко го информираат народот за „забеганиот“ проект „Скопје 2014“ и за дилетантските исфрустрирани коментари на неговите критизери. Внимавајте! Веќе не е тема поразителниот факт дека во „државата со сите нишани“, од кои едниот е постојната Дирекција за храна, може низ сите самопослуги и „дуќанчиња“, што би рекол Велија, со години да се продава див производ, кој се произведува и пакува во „најслободољубивата и најистинољубивата“ А1, и тоа со помош на новинари. Не е тема ни што правеа и што прават државните институции, кои со години толерираат политички етаблирани газди, кои своите вработени ги исплаќаат на рака, а од нога ги пријавуваат како пакувачи на смоки или слично? Може ли некоја жолта маичка, некое свирче и некој исфрустриран Јани, Бучко, Радмила и Шема, кои редовно застануваат во одбрана на криминалот, а против правната држава, да го скријат срамниот факт дека новинарите - самопрогласени борци за сечија слобода и човечки права - се тотално неспособни да ги одбранат своите, и тоа пред транзициски „пиљари“. Да гледа човек и на очи да не си верува! Па тие заедно со СДСМ навалија на државата, која одвај собра храброст да му влезе во домашниот даночен рај на Рамковски! Наместо да ја искараат што толку долго чекала, па да ги селектираат политичарите што биле закрилници на криминалот, излегоа кабает институциите и луѓето што законски си ја вршеа работата.

Откако ја отслушав расправата за „Скопје 2014“, имам потреба да го изнесам моето гледиште дека Македонија во својот дваесетгодишен јубилеј не треба да влезе без чиста позиција по однос на своето општествено уредување. Мислам дека ни е потребен референдум со кристално јасно прашање: „Дали сте за реставрирање на еднопартискиот комунистички систем?“ До толку повеќе што плурализмот кај нас сé уште се третира како туѓо тело, кое често се манифестира преку мотото „еден е изборот“.

Се надевам дека ова решение трајно ќе ја спаси нацијата од последиците на предменструалниот синдром (партиска криза) од кој страда СДСМ кога не е на власт. И ќе биде многу поевтино од цената што две децении ја плаќаме како општество: веќе си имаме партија која и онака тврди дека е државотворна зашто никој не и кажува дека државотворни се само народите; која наводно е антифашистичка иако расистички верува дека само таа има ПРИРОДНО право да владее. За народот од кого очекува гласови на избори и онака мисли дека е македоноиден, коминтерновски, па како таков, смета дека тој не само што нема право да решава и мисли за своето име, туку нема право ни на континуирана историја, на свои споменици, на свој барок, антиквизација, односно ренесанса, на свои легенди и митови. Си го имаме и Темпо, „најмилиот брат“, во форма на Ерван Фуере. Имаме и т.н. интелектуално-експертско-новинарска јавност, која ваквите чудовишни изјави никогаш јавно и одлучно не ги исмеа и осуди за СДСМ да сфати дека мора да се трансформира во нормална политичка партија со пристојни луѓе, кои имаат елементарен интегритет, одговорност и чувство на срам. Напротив, на СДСМ во тие кругови сé уште доминантно се гледа со симпатии, што е доказ повеќе во прилог на оживувањето на еднопартискиот систем. Така, одбраната авангарда вечно ќе си владее, а еднаш приватизираниот општествен капитал не ќе може преку пазарната економија да се редистрибуира кај неподобни вмровски капиталисти!

И вториот мој предлог е освежително симпатичен. Бидејќи доминантниот дел од нашата еднопартиска јавност е склон кон мимикрија, ајде да го преземеме искуството на Брегот на Слоновата Коска и на фингирани избори редовно да прогласуваме два победника. Не, не мислам на по еден етнички македонски и албански победник на ЕДИНСТВЕНИ избори во УНИТАРНА држава, што е идиотизам пар екселанс (со помош на бриселската скудна памет, го промовираше Бранко Црвенковски), туку на уставно загарантирана привилегија за историскиот губитник СДСМ, кој и кога на избори ќе го згазат како шлепер жаба, сака да се „осеча“ како победник. Впрочем, нема нешто особено да смениме од практиката, а што не го искусуваме како реалност во континуитет. Само ќе ослободиме од непотребен стрес поради постојаната атака на ресетираните тоталитарци врз здравиот разум и логиката.

Автор: Мирка Велиновска


Коментарите ги поставувам поради релевантноста на едниот од нив.


Quote:apologet

zosto da pravime referendum za vrakanje na ednopartiskiot sistem.pa nie
go ziveeme sega.mirka go saka ednoumieto samo koga e "Made in
Grujo".Od nego samo toa i dobivame.

todorka

Sto ve cudi. pa demokratijava e zamorna za "plavata" krv od
Makedonija. Pozzoltea od maka sto duri sest godini ke bidat vo
opozicija . Sepak zree demokratskata javnosti i rabotite poleka ama
sigurno se menuvaat.


dilan

Steta samo sto ne go sfativte mentalitet na makedonecot Mirka -pa toj
saka i se voodusevuva na barabi,kradci,mangupi,"sposobni" taka da za
nekolku godini SDSM ke si se vrati na vlast ic da ne se sekiras ovoj
narod podobro i ne zasluzuva!!!! pozz


Kire

Mene ne mi e jasno , a i na groto od narodov nas napaten, dali se videle
na TV ,ovie cirkuzanti vo zolti maici so kratki rakavi srede zima, deka
izgledaat mizerno i deka ama bas nikoj ne im veruva i da ima izbori ke
izgubat uste poubedlivo nego vo 2008g.Kolku se pametni kazuva faktot
deka eden nivni clen izjavuva ako se stopela edna noga od lavovite ke se
resele iljadnici ocijalni slucai, poveke komentar e izlisen, sto bi rekol
narodot vidimugo umot kroj mu kapa.


Никола

Мирка е во право, овие комуњарите сосе тоа квази новинарите од
Перо Наков бб, се за у лудница... па со тие жолтите маички се
созреани за во ментална институција. Мислам дека и во Брегот на
Слонова Коска има повеќе социјал демократија отколку во СДСМ.
Не знам само тие будалите пензионери што одеа на "маршот" што
сакаат да направат, пак ли 8% да му подарат на БЦ од пензиичките
нивни?


забеган.

Мирке и јас се слагам да се одржи референдум.Аме не само дасе
врати кумунизмот туки да има уште едно прашајње а тоа е Дали
Сакаме да нисе сервира владејнето на МУГАБЕ.Нели е поштено а?.


Тито

Моја скоевке,што се случува со тебе?Спремна си да ја дадеш власта
на ревизионистите од СДСМ?И тоа сега,кога вистинските
болшевици од ВМРО-Комунистичка ги имаат сите полуги,а сите
внатрешни и надворешни непријатели ги напикавме во глувчешка
дупка? Сега кога другарот Мугабе е на наша страна?Те фатила
малодушност?Мавни едно виски,ќе ти пројде!


Realen

Ni levo ni desno,sve e isto,dali si glasal za SDSM ili za VMRO,nema
nikakva vrednost,se e isto.Mirka neka ne se pravi "naivna"sigurno ne e
tolku.Komunjarite i nivnite deca se na vlast ovie 20 g vo
Makedonija,dali se od VMRO ILI SDSM,ne igra uloga.Totalitarniot
mrak se uste trae vo Makedonija.Tuku treba totalno novi luge vo
politikata,koj ke gi poapsi ovie banditi kako kako
Crvenkovski,Gruevski,Zingovci i dr.pljackasi na Makedonija.Treba novi
luge koi ke ja vodat Makedonija po Evropskite principi i
vrednosti.TREBA NOVA PARTIJA so novi luge,ako sakame da se
trgneme od totalitarizmot zasekogas.So ovie VMRO ILI SDS,ne gledam
nisto novo,samo: sjasi Kurto,uzjasi Murto..Za slednite 100g ne gledam
izlez od totalitarizmot i komunjarite,tie se se uste na vlast..i uste dolgi
godini ke bidat-za zal i nesreka na narodot,zatoa narodot ke bega azil i
ke zimaat Bugarski pasosi..toa e poradi starite komunjari vo novo ruvo..
An inch today is tomorrow’s mile.
10-12-2010, 08:34 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#37

Mirka partizanka...defintivno prolupala. Eve, ja sega kaj kauboecot Milenko Nedelkovski kako si lafat. I dvajcata, nezavisni novinari, prosto zaboravija koj e na vlast zadnite 5 godini.Icon_lol
10-12-2010, 09:25 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#38

Националист, мислам дека грешиш... 50.000 е минимум од она што ќе му го скинат Љубе и Љубчо на Грујо. И двајцата заедно можеби тежат и околу 120.000 гласови. НП во 2006 без скоро никаков ангажман освои 6 пратеника. Мислам дека 15 пратеници е бројката која дпмне ќе ја загуби од пратеничките редови и тоа само од десницата. Да не правиме муабет за неопределените, од каде Грујо и сега има загубено. Ако има редовни избори во 2012 Грујо го чека, според мене, убедлив пораз. Ако има предвремени, а ако ги има тоа ќе биде на пролет 2011, ќе победи но со помало мнозинство.
10-12-2010, 09:38 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#39

Хахахаха, дада, Мирка и Миленко ги зафатила очигледно некоја состојба на заборав...Невидена работа, само кај нас позицијата глуми опозиција.
10-12-2010, 09:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#40

(10-12-2010, 09:40 PM)Nikola Wrote: Хахахаха, дада, Мирка и Миленко ги зафатила очигледно некоја состојба на заборав...Невидена работа, само кај нас позицијата глуми опозиција.



Така било од секогаш само сега почнавме тоа го гледаме. Грујо заради самобендисаноста и децата околу него го прави ептен на вулгарен начин.
10-12-2010, 10:19 PM
Reply