Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 7 Vote(s) - 4.14 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МАКЕДОНСКИ МЕДИУМИ ?
Author Message
mungos
Unregistered

 
#1

Од секогаш сум барал ваков форум каде ќе можи да се напиши збор два за нашите медиуми,пишани и тв.

Значи каква е состојбата кај нив и кој какви користи извлекол со тоа што поседува вакво средство?


Велија Рамковкси сопственик на весници Шпиц,Време,Сега;Крема и на телевизијата А1.
Оваа се коси со сите закони во Република Македонија затоа што не е дозволено сопственик на телевизија и весник.

Ѕинго сопственик на весникот Вечер преку Латас и сопственик на Сител.

Трифун Костовски сопственик на Утрински весник


Милчо Јорданов сопственик на Нова Македонија

Стојменов сопственик на Канал 5

Ако си види какви се не дела имаат направено овие личности мислам дека е нормално да сме на ова тереџе,и дека сликата за Македонија нема никогаш да се смени додека состојвите во јавното мислење се вакви.


За кој други врски знаете?
14-02-2010, 08:07 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#2

Да те исправам малку...

Трифун повеќе не е газда на Утрински, сега заедно со Вест и Дневник се во ВАЦ... За Македонија главен во ВАЦ е Срѓан Керим, значи уште една ’чудна’ личност на чело на медиуми. А, интересно е што ВАЦ во Србија сораборува(ше) со Цане Суботиќ, еден од главните играчи за шверцот со цигари на Балкан (заедно ја држат Политика). Керим најави дека ВАЦ во Макдонија ќе почне да инвестира и во електронски медиуми, но првин ќе почекале да се смени законот (штом планираат и чекаат сигурно некој им најавил дека ќе го менуваат законот, можеби другар му Мијалков му ветил дека ќе има промена на законот)... До тогаш останува соработката со Канал 77 и најава за нови интернет портали.

Вечер е на Бојо Андрески, а исто така тој е сопственик и на телевизијата АБ Канал... За да биде чист пред законот за сопственик на Вечер си го стави зетот.

Штерјо Наков, еден од синонимите за македонската криминална транзиција е споственик на Алфа.

Телма во сопственост на МакПетрол.

14-02-2010, 11:17 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#3

ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР: Бобан БОГДАНОВСКИ АНДРЕСКИ

Главен и одговорен уредник: Драган ПАВЛОВИЌ ЛАТАС

e-mail: latas@vecer.com.mk

Заменик гл. и одговорен уредник: Ивона ТАЛЕВСКА

e-mail: ivona@vecer.com.mk

Помошник гл. и одговорен уредник: Весна МИЌИЌ БОЖИНОВСКА

e-mail: vesna.bozinovska@vecer.com.mk

Пом. директор за фин. и маркетинг: Валентина КОЧОВСКА

e-mail: valentina.kocovska@vecer.com.mk

Уредници:

Ивона ТАЛЕВСКА (Политика)

Радмила Ј. НИКОЛОВСКА (Економија)

e-mail: radmila@vecer.com.mk

Ѓорѓи ЛИЧОВСКИ (Фотографија)

e-mail: gorgi.licovski@vecer.com.mk

Октај ОМЕРАГИЌ (Дизајн)

e-mail: oktaj.omeragik@vecer.com.mk

Игор ПЕНЕВ (Webmaster)

e-mail: penev@vecer.com.mk

Иван БАРЈАКТАРОВ (IT Management & System Administration)

Вечер=Сител
18-02-2010, 01:43 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#4

Соросоидите фатени во незаконско единство на печатени и електронски медиуми. Плус, и во советот за радиодифузија!


Од финансирањето на А1 телевизија, како и дневниот весник Дневник, над петнаесет години фондацијата Сорос на Владе Милчин (функционер на СДСМ), и неговите соработници, вршат контрола и злоупотреба на медиумите, и најголем дел од невладиниот сектор. Секако, без исклучок во полза на една партија, на СДСМ... Поставувањето на Горан Гаврилов од Канал 77 (син на трикратен градоначалник на СДСМ во Карбинци) - за директор на Огледало - Медиа Принт (Дневник, Вест и Утрински весник), и новоименуваниот член Столе Наумов во Советот за радиодифузија, дрскоста оди дотаму што соросоидите отворено го прекршија и законот за недозволена раководна и имотна поврзаност на пишуваните и електронските медиуми


Денес се потсетуваме на проектот ФАБРИКА, со кој пред четири години, тогашниот премиер од СДСМ Владо Бучковски, во соработка со маркетинг агенција на Петар Арсовски, собра група новинари кои имаа задача, за надомест од владини пари, да создаваат и објавуваат вести и информации со кои се фали Бучковски, Владата и СДСМ. Проектот беше откриен, а учесниците во него објавени. Со тоа пукна срам дека наводно добрата слика за СДСМ не била резултат од нивната работа, како и од јавно спротивставени информации и мислења, туку порачана и платена од наши, јавни пари.

Петар Арсовски, од агенцијата ФАБРИКА, е син на актерот Перо Арсовски кој е член и активост на СДСМ.

Во проектот ФАБРИКА, помеѓу останатите, се објавија имињата на Борјан Јовановски, кој потоа од Сител замина во А1 Телевизија, Сабина Факиќ и Герман Филков уредници од А1 Телевизија, Бранко Геровски тогаш уредник од Дневник а денес во Шпиц ... накусо, имиња и медиуми кои, по задача, и ден-денес во јавноста се најостри застапници на ставовите од полза на СДСМ.
Бучковски, таа навика да создава лажна слика за себе и за СДСМ, и нарачана критика на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, веќе ја имаше пробано во пракса. Имено, беше фатен и дека негови соработници од Министерството за одбрана, од владини телефони, се јавувале на анкета во Чуму, А1 телевизија - за да ги наштимаат резултатите од анкетата во полза на СДСМ и Бучковски. Во таа анкета на А1, нормално, СДСМ и Бучковски имаа поддршка од јавноста. Но, веднаш потоа, група новинари кои не се под контрола на Сорос и СДСМ, со изводи од телефонските сметки докажаа дека гласањето во телефонската анкета било манипулирано. Формално, Бучковски го смени надлежниот началник од Министерството за одбрана, без никакави понатамошни последици по истиот.

Оттогаш, Милчин со фондацијата Сорос, како и новинарите и медиумите блиски до него, ја интензивираат активноста. Нескриено и упорно водат брутална јавна битка против своите неистомисленици. Собираат трибини против медиуми и новинари кои не се на нивна линија. Здруженито на новинари, кое се кофинансира со проекти и од парите на Сорос Фондацијата, а имаат дури и заеднички функционери, преку Судот на честа на ЗНМ, редовно јавно објавува осуди и пресуди на новинарски текстови од автори кои не се на линија на Сорос фондацијата... се до поттикнување колективни тужби против новинар кој со години бара одговорност од Милчин за узурпација, партизација, компромитација и криминализација на медиумскиот и невладиниот сектор од страна на соросоидите, а за потреби на една партија, на СДСМ.

Сорос фондацијата финансира и билтен Огледало, НВО-информатор кој, божем, следи што пишуваат медиумите за одредени прашања па прави оценка на пишувањата која ја испраќа до јавноста и дипломатите. Нормално, во тие оценки, медиумите и новинарите кои финансиски се најблиски до Милчин и Сорос - се демократски и проевропски ориентирани, а другите се тенденциозни, субјективни и евроскептични. Така, по скратен пат, дипломатите добиваат подготвена оценка за квалитетот и објективноста на медиумите, и создаваат свои ставови.
Но, сите пари потрошени за активностите на соросоидите, а тоа се пет милиони евра од Фондацијата Сорос секоја година, плус партиските пари од СДСМ, не даваат очекуван резултат. На СДСМ не му оди, медиумите кои се блиски до нив се исто така во криза, и стануваат се порадикални и поекстремни во настапите, а Фондацијата Сорос обезличена, прочитана, станува веќе предмет на јавен срам, без моќ и потенцијал да влијае, освен со финансиска интервенција.
Од тие прични, откако сите пари и инструменти во медиумите и невладиниот сектор не дадоа резултат, соросоидите преминуваат кон дрскост која е јавно кршење на законот - само да се добие дополнителна контрола врз медиумскиот простор, и да се ажурира активноста во полза на СДСМ.

Деновиве, по неколку години успешна работа, досегашниот директор на Огледало - Медиа Принт (Вест, Утрински и Дневник) Миле Јовановски ја напушти таа функција. На негово место, на општо изненадување, дојде Горан Гаврилов од Штип. Гаврилов, со Гордана Стошиќ, уредничката на Утрински Гордана Дувњак, поранешниот уредник на Дневник, а сега на Шпиц Бранко Геровски, и неколку други лица, важат за главни соработници на Владимир Милчин, извршен директор на Сорос фондацијата, и функционер во СДСМ над десет години.

Горан Гаврилов е директор и газда на приватното национално радио Канал 77, и никогаш ниту бил новинар, ниту има врска со печатени медиуми за да биде директор на Медиа принт, кој се занимава токму со тоа. Тука, освен стручен, се појавува и функционален проблем. Директор на Медиа принт е човек кој контролира продажба на рекламен простор и во Дневник, Утрински и Вест и во своето радио Канал 77. Прашање е на претпоставки колку конфликтот на интереси, можно пренасочување на огласувачи, ќе дојде до израз.

Бидејќи на Гаврилов не му се препораки ниту стручноста во пишуваните медиуми, ниту новинарското искуство, останува прашањето што го препорачало за директор на Огледало - Медиа принт. Остануваат уште двата други фактори. Моќта на Сорос со која располага делегирана од Милчин, и блискоста со СДСМ. Имено, неговиот татко е трикратен градоначалник на СДСМ во Карбинци, село блиску до Штип. Но, има и други, законски пречки за Горан Гаврилов да биде директор на Огледало - Медиа принт. Тоа е имотната и раководна поврзаност на електронски и печатени медиуми, која со закон не е дозволена.

Имено, Горанчо Гаврилов од Штип од 17.2.2010 година е новоназначен директор на ОГЛЕДАЛО ДОО Скопје, фирма регистрирана во 2000. година - на улица "11 Октомври" број 32, Скопје. (ЕМБС 5412684). Фирмата се занимава со новинско-издавачка дејност, и основана е од Дончо Мирчев, Горан Михајловски, ФЕРШПЕД Скопје и ОСТ Холдинг од Австрија.

Истиот Горанчо Гаврилов е и единствен основач, и управител, на ГБЦ Комуникации ДООЕЛ Штип, фирма основана во 1989 година. (ЕМБС 4124189). Оваа фирма од 1989. година е сопственик на националната радио станица Канал 77 од Штип (ЕМБС 5225329).
Фирмата ОГЛЕДАЛО, на која е Горан Гаврилов управител, е основач на МЕДИА ПРИНТ МАКЕДОНИЈА, издавач на Дневник, Вест и Утрински. МЕДИА ПРИНТ е основана во Скопје, во 2003 година. (ЕМБС 5807913).

Непобитно е дека постои раководна и имотна поврзаност на Горан Гаврилов, од електронските медиуми, со печатените медиуми, пред се со весникот Вест, кој е издаван од Медиа Принт Скопје.
Побаравме став за овие незаконски појави од првиот човек на Медиа Принт групацијата, Срѓан Керим. Одговорот ни е најавен за утре.

Сега треба да реагира Советот за радиодифузија. Оној Совет, во кој седеа братот на Јани Макрадули, и шефицата на кабинет на Ристо Пенов... чиј претседател е Зоран Стефановски, дојден таму по предлог на Тале Герамитчиоски, функционер - заменик-министер од СДСМ... Зоран Стефаноски, чија жена беше на листата на СДСМ на последните избори во Прилеп. Тој Совет сега треба да реагира, и да влијае: или разрешување на Горан Гаврилов од местото директор на Огледало - Медиа Принт групацијата, или повлекување на концесијата за националното радио Канал 77. Трето нема.

Или има. СДСМ и Сорос навреме мислеле на се, па и на тоа како цврсто и целосно да се задржи контролата врз невладиниот и медиумски простор. Во Советот за радиодифузија е новоименуван член - уредник од Канал 77 од Штип, Столе Наумов! Сега Столе Наумов треба да носи одлука со која се нанесува штета на неговиот газда од Канал 77, и шеф, Горан Гаврилов.
И тоа токму во време во кое Столе Наумов, Горан Гаврилов, Роберто Беличанец, Бранко Геровски, Борјан Јовановски, Милчин... организираат генерациска смена. Во тек е акција за замена на првите луѓе во Советот за радиодифузија, на кој треба да шефува токму Столе Наумов, и во Здружението на новинари, кое треба да падне под Борјан Јовановски и Бранко Геровски, странично помогнати од уредниците на ФОКУС, неделник близок до СДСМ, како и до Љубе Бошковски и Љубчо Георгиевски.
Што ќе следи?!
19-02-2010, 05:41 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#5

Немајте страв kotle.ca е независен. Yea Yea YeaParty3
19-02-2010, 06:17 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#6

Mnogu e opasna tendecijata koja e zapocnata vo Makedonija so mediumite bidejki mediumite se informatori i kreatori na javnoto mislenje a so taa slika tesko nekoj da ima sansa da pomisli za nekakva svetla idnina i ke ima losa pretstava za svetot okolu nego.
Sto se odnesuva pak do mediumite sto bea drzavni mnogu se pogresi sto se privatiziraa, no tie zavrsija kaj nekoi partiski poslusnici vo poznatiot ni Gligorov sistem ala Putin Sistem.
Inaku vo Evropa, Kanada, Britanija kade postojat i drzavni i privatni mediumi, drzavnite mediumite se finansiraat od drzaven dzep, i nivnata rabota e javna.
Postojat zakoni za mediumi i toj vazi za site podednakvo. Imeno za drzavni mediumi se smetaat tie sto se formirani od drzavata i se finansiraat od drzavata ili naplakaat pretplata.
Za privatni se smetaat tie sto se samo finansiraat i prodavaat reklami, tie podlezat kako i drzavnite mediumi na kontrola od finansiskite sluzbi na drzavata kako i sovet za radiodifuzija.
(This post was last modified: 20-02-2010, 01:29 AM by basilius_2.)
20-02-2010, 01:29 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#7

ДПМНЕ сака сите што се против нив, да ги направи дека се за СДСМ, а целта е да се угуши секаква критичка мисла против нив, или доколку не е можно тоа, барем да се направи црно-бела слика, како во партизанските филмови... Со таа цел е и текстот во Вечер...

20-02-2010, 09:57 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#8

Тоа е познато, но оваа е само слика за катастрофалната состојба во медиумите,весниците.Оваа е и одраз на состојбите во Македонија.

Предавници-Патриоти


Неможи да си патриот а да ја критикуваш власт,или си со нив или против нив.Тито е мало дете за македонските политичари од 1991 година па на ваму.
20-02-2010, 12:13 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#9

Гледам како постојано се кршат законите во Македонија, па решив и јас (повеќе од зезање) да исправам ’криви Дрини’... Па седнав и пишав mail до Советот за радиодифузија, за да се пожалам затоа што неколку пати на ден, на ТВ Сител, се емитува програма (Големиот брат) на српски јазик (нормално ниту е титлувано, ниту синхронизирано на македонски). Значи секој ден Сител го крши Законот за радиодифузија...

И се изненадив колку бргу ми одговорија од Советот. Еве што пишаа:

Quote:Почитуван г-дин ...,



Во врска со испратениот е-маил, евидентиран во Уписникот за претставки и предлози во Советот за радиодифузија УПП бр. 03-34, во кој наведувате дека "неколку пати дневно Сител врши вклучување во куќата на Големиот брат, а притоа нема синхронизиран превод на македонски", Ве известуваме за следното:

Советот за радиодифузија на Република Македонија од своја страна веќе постапи, согласно своите надлежности утврдени во Законот за радиодифузната дејност.

Имено, пред да започне емитувањето на шоуто, Советот за радиодифузија имаше состанок со раководните лица во Трговското радиодифузно друштво "Телевизија Сител" ДООЕЛ Скопје, и Трговското радиодифузно друштво "Телевизија Сител 3" ДООЕЛ Скопје, на кои им укажа како треба да се емитува шоуто, согласно Законот за радиодифузната дејност.
Со оглед дека врз основа на спроведениот мониторинг над програмските сервиси на наведените Трговски радиодифузни друштва, Советот за радиодифузија констатираше дека Законот за радиодифузната дејност не се почитува, им упати укажувања, на ден 09.02.2010 година, и тоа на:
- Трговското радиодифузно друштво "Телевизија Сител" ДООЕЛ Скопје, укажување бр. 10-439/1;
- Трговското радиодифузно друштво "Телевизија Сител 3" ДООЕЛ Скопје, укажување бр. 10-440/1.

Ви благодариме на соработката.

Со почит,


Совет за радиодифузија на Република Македонија

Значи, првин седнале и им објасниле како треба да се работи по закон, но Сител си тера по свое и повторно пушта програма (на српски) без превод на македонски, по што овие на 9-ти овој месец им упатиле укажување, но Сител повторно си тера до ден-денес по свое.

Кабелските телевизии мораат да обезбедат македонски превод на каналите кои што ги емитуваат, а до тогаш не смееја да продолжат да ги пуштаат српските, хрватските и бугарските преводи... Се побунија, но постапија по одлуката. И покрај тоа што на тие канали (претежно се со документарна програма) има доста корисно да се види и да се научи, за разлика од српскиот ’Брат’ со кој не торпедира Сител по цел ден.

Не можеме да ги натераме да емитуваат програма според закнот, а не па да уведеме ред во сопственичката структура на телевизиите!

(This post was last modified: 21-02-2010, 02:31 PM by Администратор.)
20-02-2010, 03:14 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#10

Quote:
(20-02-2010, 03:14 PM)acko Wrote: Значи, првин седнале и им објасниле како треба да се работи по закон, но Сител си тера по свое и повторно пушта програма (на српски) без превод на македонски, по што овие на 9-ти овој месец им упатиле укажување, но Сител повторно си тера до ден-денес по свое.

Кабелските телевизии мораат да обезбедат македонски превод на каналите кои што ги емитуваат, а до тогаш не смееја да продолжат да ги пуштаат српските, хрватските и бугарските преводи... Се побунија, но постапија по одлуката. И покрај тоа што на тие канали (претежно се со документарна програма) има доста корисно да се види и да се научи, за разлика од српскиот ’Брат’ со кој не торпедира Сител по цел ден.

Не можеме да ги натераме да емитуваат програма според закнот, а не па да уведеме ред во сопственичката структура на телевизиите!

Во континуитет Совет за радиодифузија врши суптилна подршка на јазична србизација на Македонија, со знаење на сите досегашни влади. ТВ Сител, само предначи во тоа. Режимот се плаши од културното осамостојуваење на Македонците.Icon_lol
21-02-2010, 12:21 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#11

Mungos, sekoj ima pravo da kritikuva bidejki toa e poenta na edno demokratsko opstestvo otvorena debata pa i sloboden govor vo dozvoleni granici. Mediumite se sredstvo preku koe komunicirame, dobivame novi informacii i gledame i ucime razlicni kulturi od nas nivnite obicai i veruvanje pa i nivnite vrednosti.
A vo demokratski drzavi toa e sredstvo i preku koe se iskazuva i javno pa i licno mislenje. Sega ako nekoj ja pretera da povikuva na verska, etnicka omraza toa e kriminal na omraza.
Vo Makedonskite mediumi poradi toa sto postojat zakoni no ne se izvrsuvaat doaga do vakvi problemi.
Eve vo Kanada i pokraj toa sto granici so SAD ima svoi mediumi (vesnici, televizi, internet, forumi, blogovi, teatri, kino sali,knigoizdavacki kuki) koi odlicno se sprotistavuvaat na ekonomski jakite Amerikanski mediumi.
Edno vreme vo pocetokot na 19 vek, mnogu od drvata i hartijata se izvezuvala vo Amerika no Kanadskata vlada donela zakon so koj go regurila izvozot vo Amerika na hartija.
Sega odlicno se sprotistavuva i po donesuvanjeto na NAFTA, pak izleguvaat Kanadski vesnici i televizii.
(This post was last modified: 25-02-2010, 06:44 PM by basilius_2.)
25-02-2010, 06:41 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#12

Неможи да си патриот а да ја критикуваш власт,или си со нив или против нив.Тито е мало дете за македонските политичари од 1991 година па на ваму.
[/quote]

Оваа е парадоксалната состојба во Македонија,каде си со нив или против нив нема насрединаCostumed2
25-02-2010, 07:01 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#13

Коха“ и „Арена“ заминале поради уцените од Рамковски

Откако не прифативме да го напаѓаме Ахмети, Рамковски ги почна кавгите и во бизнисот, вели Лирим Дулови
Весникот „Коха“ и неделникот „Арена“, двата на албански јазик, ја прекинаа соработката со Велија Рамковски, кој се обидел да влијае на нивната уредувачка политика и со кого имале проблеми и во бизнис-односите.

Сопствениците Арбен Раткоречи и Лирим Дулови велат дека досегашната соработка - печатење и реклама - со сопственикот на „А1-телевизија“ и на неколку печатени медиуми ја засновале на усмен договор.

„Коха“ и „Арена“ почнаа да се печатат во МПМ, а вработените, привремено сместени во „Вебигруп“, бараат простории за работа.

- Рамковски сега почна да се меша и во уредувачката политика. Бараше постојано да вршиме притисок врз Али Ахмети за да ја напушти Владата и да го прикажуваме како предавник на Албанците, дури и инсистираше на тоа како некому да дал збор. Рековме дека такво нешто не доаѓа предвид по што почнаа кавгите и во делот на бизнисот - ни изјави Лирим Дулови.

Тој појаснува дека со Рамковски немале писмен договор. Според него, трошоците за печатење и за плати требало да ги сносат двете страни, а на половина требало да се дели добивката од реклами и од тиражот.

- Откако не го послушавме, Рамковски дојде со закана земи или остави. Требаше во рок од три дена да потпишеме дека за по 100.000 евра ќе му ги отстапиме брендовите, во спротивно, нема да ги печати ни весникот ни неделникот. Не се согласивме ниту ние ниту вработените. Со оглед дека цела година ни немаше дадено ни денар од рекламите, што за лани, во економски кризна година, изнесуваа 200.000 евра, решивме да си го побараме нашиот дел, по што скокна и неговата понуда од сто на 200.000 евра. Излезе дека намерно не го исполнувал договореното за да бидеме економски слаби и зависни од него, по што разделбата беше неминовна. Сега му дадов рок до петок да ми исплати 75.000 евра - вели Дулови.

Тој нагласува дека Рамковски вршел и се' уште врши секојдневни притисоци врз вработените за да склучат договори и да останат кај него, но досега никој не прифатил.

Рамковски, пак, вели дека „Коха“ и „Арена“ престанале да ги исполнуваат обврските за печатење и рекламирање кон печатницата и „А1-телевизија“, со што ги зголемиле долговите, па сега претстои порамнување на сметките. Признава дека не постои писмен, туку целата соработка се одвивала врз основа на усмен договор, што сега ја остава дилемата дали и како ќе бидат намирени меѓусебните долгови.

- Ни знам ни збор албански, не сме дискутирале за некој текст, ниту сме разговарале за уредувачката политика. Тоа никогаш не ме интересирало - вели Рамковски.

Според Дулови, ниту имало ниту може да има фактури за печатење и за рекламирање, зашто токму врз таа основа Рамковски дал збор дека ќе учествува со 50 отсто во бизнисот.


Што треба повеќе од оваа.Секоја чест за слободното новинарство во светото кое кај нас го нема.Ќе пишиш како газдата ќе рече.
25-02-2010, 07:02 PM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#14

Ovaa e del od kolumnata na KOTLE :


Quote:Kако тргнаа Грците, може навистина нешто вакво да им текне, гледајќи како легендарниот дипломат Теодорос Пангалос неодамна го прекрши правилото на Базил Фолти - “И немој некој да ја спомнал војната”. Човекот доби идеја дека ако на Германците им го спомне златото што го испокрале од Грција во Втората светска војна, ќе ја придобие нивната јавност да им ги покријат буџетарите и пензиите за март.......Celiot tekst



A ova e novinarski tekst od Dnevnik:


Quote:Грчко-германска војна за воените репарации

Спорот го отворија грчки медиуми, кои објавија дека Германија и' должи воени репарации од 70 милијарди евра на Грција
Берлин ги отфрли како неточни тврдењата на Атина дека Германија се' уште и' должи на Грција воена отштета за уништувањата во Втората светска војна.

- Должен сум да ги отфрлам таквите тврдења како неточни - изјави Андреас Пешке, портпарол на германското министерство за надворешни работи, додавајќи дека исплаќањето на воените репарации меѓу двете земји е регулирано со договор уште во 1960 година.

Според овој договор, тогашна Западна Германија на Грција и' исплатила 115 милиони германски марки како компензација за штетите предизвикани за време на Втората светска војна.

- Дебатите за минатото нема да и' помогнат на Грција да ги реши проблемите и тоа нема никаква врска со актуелната криза во која се наоѓа земјата - рече Пешке.

Според него, Германија преку фондацијата „Сеќавање, одговорност и иднина“ им исплатила вкупно 4,4 милијарди евра отштета на 1,7 милион Грци, кои нацистите ги однеле на принудна работа. Згора на тоа, Германија по 1960 година на билатерално и на европско ниво, на Грција и' доделила помош од околу 32 милијарди германски марки, за да го помогне интегрирањето на земјата во Европската економска заедница, додаде Пешке.


Dnevnik deneska -utre ke izvesti za Grchko-Germanskiot spor. KOTLE za toa veke ima kolumna gotova ushre vchera.....
(This post was last modified: 27-02-2010, 12:02 AM by mara-popara.)
27-02-2010, 12:01 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#15

Дали некој знае во кој медиум сега работи Александар Дамовски?

05-03-2010, 04:24 PM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#16

(05-03-2010, 04:24 PM)acko Wrote: Дали некој знае во кој медиум сега работи Александар Дамовски?



Vo nikoj.
05-03-2010, 08:23 PM
Reply
NACIONALIST Offline
Senior Member
****

Posts: 485
Joined: Dec 2009
Reputation: -11
#17

(05-03-2010, 04:24 PM)acko Wrote: Дали некој знае во кој медиум сега работи Александар Дамовски?


Vo nikoj, kako pes seta po kantite
06-03-2010, 03:19 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#18

Quote:И така, „авторитетите“ во македонското новинарство собрани во прокомунистичкиот неделник „Глобус“, го сликаа Радникот или открија на фотката од некој друг, дека човекот носел часовник од 20 до 25 илјади евра. Веднаш, за два дена, на сторијата се налепија сите можни телевизии, весници, билтени и билтенчиња и сите се расприкажаа околу тоа од каде му пари на човекот да купи толку скап часовник. А овој, иако самиот прекар кажува дека е многу вреден, ги „шупчи“ на свој начин, изјавувајќи дека часовникот е фалсификат и кинеска реплика на оргиналот и дека го продава за 50 долари на заинтересирани. Ете, тоа е нивото на македонското истражувачко новинарсто денес, во глобала
Celiot tekst TUKA
11-04-2010, 06:54 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#19

(11-04-2010, 06:54 PM)mara-popara Wrote:
Quote:И така, „авторитетите“ во македонското новинарство собрани во прокомунистичкиот неделник „Глобус“, го сликаа Радникот или открија на фотката од некој друг, дека човекот носел часовник од 20 до 25 илјади евра. Веднаш, за два дена, на сторијата се налепија сите можни телевизии, весници, билтени и билтенчиња и сите се расприкажаа околу тоа од каде му пари на човекот да купи толку скап часовник. А овој, иако самиот прекар кажува дека е многу вреден, ги „шупчи“ на свој начин, изјавувајќи дека часовникот е фалсификат и кинеска реплика на оргиналот и дека го продава за 50 долари на заинтересирани. Ете, тоа е нивото на македонското истражувачко новинарсто денес, во глобала
Celiot tekst TUKA

Далеку сме од сите демократски стандарди. Предусловот е расчистување со минатото. Ние , за жал сеуште, робуваме на старите стереотипи. Младите, кои треба да бидат авангарда во опшеството, не се доволно мотивирани. Политчките елити ги интересира само пари и власт.
11-04-2010, 07:49 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#20

Христо, што врска има „аферата„ со кинескиот часовник со расчистување со минатото,стереотипи,робување,старо-младо,мотивација,бизнис,демократски стандарди итн...
би ли ми објаснил?
13-04-2010, 05:48 PM
Reply