Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 9 Vote(s) - 2.78 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Милчо Манчевски
Author Message
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,469
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#1

Интервју за Студио А2
Целото интервју е интересно, но, жешка е 12:15 минута
Quote:

Quote:

Секоја Чест Милчо
An inch today is tomorrow’s mile.
20-11-2010, 11:57 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,469
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#2

Како реагира Краставата Жаба од дното на барата кога Коњот ќе и го засолни сонцето
Quote: ПОНЕДЕЛНИЧКИ

Мали луѓе

Лоша судбина на малите луѓе е што пола од нивната енергија ја трошат на тоа како да им угодат на големите луѓе. А, ако погледнат малку подобро, ќе видат дека ниту се тие мали ниту големите се толку важни колку што им се чини.

Секој човек во себе носи своја хемија и своја судбина.
Што ќе биде од сето тоа, на крајот од краиштата, зависи од него. А он, самоосудениот мал човек, ден за ден живее дека му е направена неправда. А ако тој потроши пола живот за да им угоди на некои кои ги смета за големи, отиде животот бадијала. Плус што на тие, божем големите, око не им трепнува за него.

Кај малите народи, кои не градат самопочит, дисциплина и кретивност се повторува истото. Како и самоосудениот мал човек и тие имаат постојано чувство дека им е направена неправда. Се гетоизираат себеси во тој филм.

Уште како прилично млад, на оние винилски плочи, го слушав, и запамтив, Раде Шербеџија кога рецитира:
На малите народи им се потребни големи поети. Малите глумци се расфрлаат со големи гестови. Малите театри играат историски теми...".

И така, ми остана тоа запамтено. До ден-денес.
Мојот, македонски народ, за жал, се самоосудил себеси дека е мал народ. Постојано живее со чувство дека треба да им угоди на големите. Тоа ни е опсесија. Дека ни е направена неправда. И патиме постојано поради тоа.

Кога би имале некој светол пример наоколу, можеби би било поинаку. Но, за жал, и Србите ја издржуваат истата самопресуда. Албанците, исто така. Тие пак, под филмот дека им е направена неправда, пукаат секаде каде што ги има ширејќи ја територијата под своја контрола на штета на сите други.

И тие, постојано, се трудат да им угодат на големите. Па пукаат и за нив.
Кај Словенците, кај Австријците, кај Чесите... кои се, исто така, мали народи, како мојот народ - не е така. Зошто е поинаку, е долга приказна. Но, поинаку е.

Само на мал народ може да му се случи трагикомедијата наречена Милчо Манчевски. Еден средноталентиран лик со натпросечен талент за манипулации. Аскетизам и склоност кон грабање туѓи пари. Особено ова последново.

Го познавам човекот од млади денови. Лош ученик, непримерен другар, тип што никогаш, ама баш никогаш, не ги плаќа пијачките во кафана, туку тоа за него мора да го направи некој друг. Шконтер, кој заглави свои соработници при снимањето на "Прашина", користејќи нивни мобилни, за кои не ги плати сметките во висина на годишна плата. Ладно си отиде за Америка... Никогаш не практицирал вредности како пријатели, семејство, татковина, соработници... земал, товарел што се нашло наоколу и бегал.

Направи еден добар филм, во 1994 година. "Пред дождот". Доби награда на фестивалот во Венеција. Никогаш потоа, иако направи три филма, ниту еден не предизвика дури ни просечно внимание. Заклучно со последниот, "Мајки".

Како мал народ ние имаме потреби од големи поети. По секоја цена.
Па така, од еден пристоен филм како "Пред дождот" имавме потреба да создадеме легенда. Притоа, кај нас не ги пренесувавеме критиките кои пишуваа дека филмот е просечен, со одлична фотографија и музика, и добра глума на Раде Шербеџија... дека успехот го должи на воената и етничка тема на просторот на биваша Југославија... тема кон која, во тоа, време беа свртени сетските погледи и чекаа докази дека сме багра која ужива да се коле меѓусебно.

Не им требаме ние со Александар Велики, Блаже Конески, Мартиновски или Личеноски, со Леб и сол, Тоше или Калипои. Им треба доказ за нивните предрасуди дека ова овде е стока на која и треба цврста, и тоа нивна власт.

И Милчо им го испорача. Особено со последниот филм, "Мајки".
Критиките дека Милчо Манчевски е добар за спотови, но филм е нешто друго... тоа не го пренесувавме во нашите весници. И, создадовме мит од човек кој не е тоа. Лажен мит кој никогаш, потоа, не се докажа себеси.

Таа лажна легенда, Милчо Манчевски, направи уште три филма. Плус еден обид за филм кога уште на стартот продуцентот го избрка од снимање, што е блам кој ретко им се случува на режисерите.

Ниту еден филм на Милчо, потоа, не беше дури ни просечен.
А за сите филмови, и тоа без штедење, добиваше државни, македонски пари. Како и за последниот, "Мајки", за кој доби милион и кусур евра. Филм од кој треба да се срами секој Македонец. Особено Македонка. Попримитивно претставени Македонци немам видено во ниту едно друго авторско дело. Блам.

Сега плаче дека не му давале повеќе пари.
Море, марш од тука! За мои пари ќе ме бламираш пред цел свет.?!
Кога држава дава пари, треба да дава на млади таленти кои допрва треба да се докажуваат и за национални теми од кои државата има интерес.

Ако Милчо верува дека е толку добар, нека прави филм од свои или од пари на продуценти кои, види богати, не даваат пари за неговите филмови.

Ако е толку добар, зошто мора да бара државни пари за лични теми?
Кога ќе заработи од филмот, тој не ја дели заработката со нас. Не. Парите ги става на своја сметка. И чека нова прилика.

Милчо не е ограбувач само на државната каса и на македонскиот углед. Тој е ограбувач и на македонската филмска историја. Поради него се заборава на Бранко Гапо, Столе Попов, Димитрие Османли, Љубиша Георгиевски, Кирил Ценевски... луѓе кои имале номинација за Оскар, меѓународни награди. Публика.

Луѓе кои биле и луѓе и уметници. И од чии сцени не се срамиме.
Малите народи имаат потреба од големи поети. Да, ама Милчо е мал.

Пишува: Драган П. ЛАТАС
http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID=3...D0798B9F8B
An inch today is tomorrow’s mile.
22-11-2010, 04:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(22-11-2010, 04:12 PM)montehristo Wrote: Како реагира Краставата Жаба од дното на барата кога Коњот ќе и го засолни сонцето

Текстов на Латас ке беше во ред да беше напишан бајаги порано. Уште по премиетата на "ПРЕД ДОЖДОТ"
22-11-2010, 10:51 PM
Reply
Bobby Peters
Unregistered

#4

Ne mi e jasno samo edno neshto: "Kako moze eden krajno somnitelen "chovek", na kogo mu nedostasuvaat rechisi site performansi koi mora da gi poeduva edno chovekliko bitie, na vakov nachin zboruva za edinstveniot dosegashen makedonski kandidadat za "Osakar"? Tuka, choveku, mora neshsto mnogu da smrdi, Do otruvachka!
23-11-2010, 03:57 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:ЕДИТОРИЈАЛ

Кофа и за Милчо

Стигна кофа и за Милчо Манчевски. Според димензиите договорени во штабот на ждановистичкиот агитпроп, кофата е иста како онаа за Владо Таневски. Завиткана е само формално во новинарска хартија, а фактички е испорачана од Министерството на вистината (МНВ). Не сте чуле за МНВ? И не треба. Според правилата, само тоа треба да знае за вас.

Во земја со вакво демократско изобилие каква што е нашава, секој може да има свое мислење за разни луѓе, па и за филмскиот режисер Милчо Манчевски. Но, ако постои макар и трошка сомневање дека погрешно сте го процениле или прецениле, МНВ ќе ви помогне да се коригирате и правилно да се позиционирате. Во случајов, граѓаните кон Манчевски од денес треба да се однесуваат во согласност со следниве наоди на МНВ:

„...Трагикомедијата наречена Милчо Манчевски е средноталентиран лик со натпросечен талент за манипулации... Лош ученик, непримерен другар, никогаш не си ги плаќал пијачките во кафеана, бил шконтер кој заглавил соработници... Никогаш не практицирал вредности како што се пријатели, семејство, татковина..,туку само товарел што се нашло и бегал...“

Дури и се' да е точно, дали забележувате дека сето ова нема никаква врска со уметноста што ја создава Манчевски? Но, ако преродбеничката естетика лабораториски докажала дека човек што не си ги плаќа пијачките не може да биде добар режисер, тоа треба да го прифатите како ноторен факт.

Со оглед на тоа колку долго Манчевски се вртеше на МТВ во кампањата „Знаењето е сила, знаењето е моќ“, прашувам за колку пари нашите деца секојдневно биле индоктринирани со примерот на еден толку „лош ученик“? Кој ќе ни го испере срамот што таков апатрид ни го направил и спотот „Македонија вечна“, за кој Владата тврдеше дека не' ставил во редот на туристичките топ-дестинации? Кој му дозволи на човекот што толку многу не си ја сака татковината да го допре чувствителното „егејско прашање“ во филмот „Сенки“? Кој некритички со години го глорифицирал овој „талент за манипулации“?

Хм... Тоа е истото Министерството на вистината, кое смета дека со сумата што ја финансира автоматски ги купува и авторските души, но и правото да си нарачува филмски гоблени на тема „пастирска идила“, а не некакви „мајки“ кои забиваат шајки во преродбеничкиот обид реалноста да се прикаже поубава отколку што е. Манчевски, кој многу добро знае дека нема бесплатен ручек, сега ќе го плати големиот цех на своите мали компромиси - од времето кога во манир на антички поданик дозволи да го беатифицираат во „државен (субвенциониран и патриотски расположен) режисер“, за денес да стигне до титулата „отпадок“ поради филм некритички перцепиран како „антипатриотски“. Во земја во која уметноста се третира како помошен мотор на политиката, во која нема ни златна ни критичка средина, туку или си-или не си (со нив), постојат само два вида одликувања - ордени и кофи. На реномираниот македонски режисер, МНВ категорично му порача: „Море, марш од тука! За мои пари ќе ме бламираш пред цел свет!?“

Манчевски е одличен режисер, но му забележувам што во своите ѕвездени моменти го игнорираше фактот дека во оваа земја, сепак, се знае кој е главниот режисер и по чие сценарио се снима овој црно-бел филм, во кој едни секогаш имаат позитивна, а други само негативна улога. Не е важно што бил и што е, Манчевски отсега ќе биде најголемиот негативец, а негативот на овој филм - најпродаваната „прашина“ в очи и пред дождот и по него.
Катерина Блажевска
23-11-2010, 02:25 PM
Reply
Администратор Online
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#6

(23-11-2010, 03:57 AM)Bobby Peters Wrote: Ne mi e jasno samo edno neshto: "Kako moze eden krajno somnitelen "chovek", na kogo mu nedostasuvaat rechisi site performansi koi mora da gi poeduva edno chovekliko bitie, na vakov nachin zboruva za edinstveniot dosegashen makedonski kandidadat za "Osakar"? Tuka, choveku, mora neshsto mnogu da smrdi, Do otruvachka!

Of-topic

Bobby Petrs, ти пожелувам добредојде на форумов од екипата на КОТЛЕ.
28-11-2010, 02:47 AM
Reply
stater Offline
Junior Member
**

Posts: 8
Joined: Jul 2010
Reputation: 0
#7

a be da vi kazam iskreno nieden film ne e po moj vkus.Se nesto te Sutka snimaat te konflikti so albancite te crni scenarija.aloooooo!!!!Vo Makedonija ima i drug zivot!!!
A jas pak za moite pari go sakam poubaviot del od makedonskata realnost.!!!
28-11-2010, 03:27 AM
Reply
Администратор Online
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#8

(28-11-2010, 03:27 AM)stater Wrote: a be da vi kazam iskreno nieden film ne e po moj vkus.Se nesto te Sutka snimaat te konflikti so albancite te crni scenarija.aloooooo!!!!Vo Makedonija ima i drug zivot!!!
A jas pak za moite pari go sakam poubaviot del od makedonskata realnost.!!!

Of-topic

Stater, ти пожелувам добредојде на форумов од екипата на КОТЛЕ
28-11-2010, 04:14 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#9

Quote:Лоша судбина на малите луѓе е што пола од нивната енергија ја трошат на тоа како да им угодат на големите луѓе. А, ако погледнат малку подобро, ќе видат дека ниту се тие мали ниту големите се толку важни колку што им се чини.

Секој човек во себе носи своја хемија и своја судбина.
Што ќе биде од сето тоа, на крајот од краиштата, зависи од него. А он, самоосудениот мал човек, ден за ден живее дека му е направена неправда. А ако тој потроши пола живот за да им угоди на некои кои ги смета за големи, отиде животот бадијала. Плус што на тие, божем големите, око не им трепнува за него.

Кај малите народи, кои не градат самопочит, дисциплина и кретивност се повторува истото. Како и самоосудениот мал човек и тие имаат постојано чувство дека им е направена неправда. Се гетоизираат себеси во тој филм.

Уште како прилично млад, на оние винилски плочи, го слушав, и запамтив, Раде Шербеџија кога рецитира:
На малите народи им се потребни големи поети. Малите глумци се расфрлаат со големи гестови. Малите театри играат историски теми...".

И така, ми остана тоа запамтено. До ден-денес.
Мојот, македонски народ, за жал, се самоосудил себеси дека е мал народ. Постојано живее со чувство дека треба да им угоди на големите. Тоа ни е опсесија. Дека ни е направена неправда. И патиме постојано поради тоа.

Кога би имале некој светол пример наоколу, можеби би било поинаку. Но, за жал, и Србите ја издржуваат истата самопресуда. Албанците, исто така. Тие пак, под филмот дека им е направена неправда, пукаат секаде каде што ги има ширејќи ја територијата под своја контрола на штета на сите други.

И тие, постојано, се трудат да им угодат на големите. Па пукаат и за нив.
Кај Словенците, кај Австријците, кај Чесите... кои се, исто така, мали народи, како мојот народ - не е така. Зошто е поинаку, е долга приказна. Но, поинаку е.

Само на мал народ може да му се случи трагикомедијата наречена Милчо Манчевски. Еден средноталентиран лик со натпросечен талент за манипулации. Аскетизам и склоност кон грабање туѓи пари. Особено ова последново.

Го познавам човекот од млади денови. Лош ученик, непримерен другар, тип што никогаш, ама баш никогаш, не ги плаќа пијачките во кафана, туку тоа за него мора да го направи некој друг. Шконтер, кој заглави свои соработници при снимањето на "Прашина", користејќи нивни мобилни, за кои не ги плати сметките во висина на годишна плата. Ладно си отиде за Америка... Никогаш не практицирал вредности како пријатели, семејство, татковина, соработници... земал, товарел што се нашло наоколу и бегал.

Направи еден добар филм, во 1994 година. "Пред дождот". Доби награда на фестивалот во Венеција. Никогаш потоа, иако направи три филма, ниту еден не предизвика дури ни просечно внимание. Заклучно со последниот, "Мајки".

Како мал народ ние имаме потреби од големи поети. По секоја цена.
Па така, од еден пристоен филм како "Пред дождот" имавме потреба да создадеме легенда. Притоа, кај нас не ги пренесувавеме критиките кои пишуваа дека филмот е просечен, со одлична фотографија и музика, и добра глума на Раде Шербеџија... дека успехот го должи на воената и етничка тема на просторот на биваша Југославија... тема кон која, во тоа, време беа свртени сетските погледи и чекаа докази дека сме багра која ужива да се коле меѓусебно.

Не им требаме ние со Александар Велики, Блаже Конески, Мартиновски или Личеноски, со Леб и сол, Тоше или Калипои. Им треба доказ за нивните предрасуди дека ова овде е стока на која и треба цврста, и тоа нивна власт.

И Милчо им го испорача. Особено со последниот филм, "Мајки".
Критиките дека Милчо Манчевски е добар за спотови, но филм е нешто друго... тоа не го пренесувавме во нашите весници. И, создадовме мит од човек кој не е тоа. Лажен мит кој никогаш, потоа, не се докажа себеси.

Таа лажна легенда, Милчо Манчевски, направи уште три филма. Плус еден обид за филм кога уште на стартот продуцентот го избрка од снимање, што е блам кој ретко им се случува на режисерите.

Ниту еден филм на Милчо, потоа, не беше дури ни просечен.
А за сите филмови, и тоа без штедење, добиваше државни, македонски пари. Како и за последниот, "Мајки", за кој доби милион и кусур евра. Филм од кој треба да се срами секој Македонец. Особено Македонка. Попримитивно претставени Македонци немам видено во ниту едно друго авторско дело. Блам.

Сега плаче дека не му давале повеќе пари.
Море, марш од тука! За мои пари ќе ме бламираш пред цел свет.?!
Кога држава дава пари, треба да дава на млади таленти кои допрва треба да се докажуваат и за национални теми од кои државата има интерес.

Ако Милчо верува дека е толку добар, нека прави филм од свои или од пари на продуценти кои, види богати, не даваат пари за неговите филмови.

Ако е толку добар, зошто мора да бара државни пари за лични теми?
Кога ќе заработи од филмот, тој не ја дели заработката со нас. Не. Парите ги става на своја сметка. И чека нова прилика.

Милчо не е ограбувач само на државната каса и на македонскиот углед. Тој е ограбувач и на македонската филмска историја. Поради него се заборава на Бранко Гапо, Столе Попов, Димитрие Османли, Љубиша Георгиевски, Кирил Ценевски... луѓе кои имале номинација за Оскар, меѓународни награди. Публика.

Луѓе кои биле и луѓе и уметници. И од чии сцени не се срамиме.
Малите народи имаат потреба од големи поети. Да, ама Милчо е мал.

Пишува: Драган П. ЛАТАС

Што може да се очекува од Латас-“ скапаница од новинар “ ( Ацо КабрановIcon_lol)!? Искомплексирано кусулче кое кога играло баскет носело со себе столица...за да може да ја забива топката. Логороично и брзозборувачко човече што мисли дека брзината и количината на зборови е еднакво на мудра и длабока мисла. Платеник кој новинарската етика, доблест и општествена одговорност ја заменил со плукање по вистината...омрсен со убави пари. Човече чиј политички идол му бил Слободан Милошевиќ-балканскиот касап кај кого, кога сите се дистанцираа, ова “ скапаница од новинар“ му одеше на поклонение со својот газда. Човече кој строго работи против македонскиот државен интерес. Манипулатор на кого му веруваат... само денеска родените. Фрустрирано човече на кој најголем културен дострел му е Цеца. Тепан од сите како мал, а излезе на улица добивал чврги од кого стигне, најголем машки идол му станува Аркан. Промотор на српската кауза во Македонија. Афирматор на српскиот кич и некултура во Македонија. Српската половина во него ја мрази Бугарија и Албанија, а макдонската половина плаче за Лазар Колишевски и дружината. Човече, за кого демократија е само нива која треба добро да се ора ... а никогаш да се засее.
28-11-2010, 08:41 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#10

Ти симнувам капа за коментаров, Христо. Но, кога сме кај Милчо Манчевски, мене искрено овој филмов Мајки ми е срање од најголем калибар. Понуди бе човеку веќе нешто добро со тие твои филмови исполнети со Шутки, просење, мрачни страни на Македонија, де корупција, де руини, гомнарии...Та па преку куров веќе од тоа. Што не се направи некој позитивен филм. Страшното е што е дебело нафатиран баш за овие филмови. А од негова страна дволично е, што правеше реклами Macedonia timeless, нарачани од владата ни розова, исто така за грдни пари. Не ми се допаѓа човеков, да бидам искрен. А Латаска си е друга приказна. Тој со оваа колумна докажа дека тој како добар патриота не го информирал Грујо за милчовите мани на време, него кења отпосле, откако овој ги избрука па ајде сега да му вратиме. Проѕирна, перфидна, дволична игра...
07-12-2010, 05:19 PM
Reply