Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 12 Vote(s) - 2.33 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ZA MAKEDONCKITE RABOTI
Author Message
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,475
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#1

Quote:Мислења

Кој има корист го огромните профити

Ден Дончев

Цементарницата „Усје“ остварува огромни профити, дели големи дивиденди и отпушта работници

Завчера владата на Канада донесе одлука да го спречи реализирањето на зделката вредна 40 милијарди американски долари, недозволувајќи преземање на „Поташ корп“ од страна на австралискиот „БХП Билитон“.

Неколку месеци наназад се водеше голема битка меѓу најголемата рударска компанија во светот - австралиската „БХП Билитон“ и најголемата рударска компанија за експлоатација на суровината поташ во светот, канадската „Поташ корп“. Поташ е суровина составена од калиум хлорид што, главно, се користи како основен материјал за производство на вештачко ѓубриво во земјоделството, при што околу 95 проценти од глобалното производство на поташ се користи исклучиво за таа цел. Канадската компанија „Поташ корп“ контролира околу 25 проценти од глобалните резерви на оваа исклучително важна основна суровина. Понудата од „БХП Билитон“ до акционерите на „Поташ корп“ изнесуваше вкупно 40 милијарди американски долари, што претставуваше една од најголемите понуди во историјата за преземање рударска компанија.

Меѓутоа, се случи голем отпор од страна на разни групации и институции во Канада спрема намерата на „БХП Билитон“ да ја купи „Поташ корп“. Причините за отпорот беа различни. Синдикатот на вработените во поташ-индустријата изразија загриженост околу безбедноста на работните места. Одредени лоби-групации изразија загриженост за тоа колку „БХП Билитон“ ќе инвестира во овој сектор во иднина, па дури се разви и сеопфатна општествена дебата за степенот до кој Канада е подготвена да ги продава своите компании на странски инвеститори. Сепак, најголемата дебата се водеше околу фактот дека со продажбата на оваа компанија, значаен природен ресурс се дава во рацете на странска компанија.

Никој не спореше дека понудата од 40 милијарди долари е фер и повеќе од адекватна, имајќи ја предвид сегашната профитабилност на „Поташ корп“. Фактот дека овој значаен природен ресурс, кој го има Канада, би отишол под контрола на странски инвеститор, сепак, беше пресуден момент што ја стави владата на Канада под притисок за да се инволвира во трансакцијата и да пресече дека преку нејзините институцијални можности и да не дозволи реализација на зделката.


Не сакам и не можам да коментирам дали одлуката на канадската влада е исправна или не. Сигурно не била лесна одлука да се одбие влез на странски инвеститор од калибарот на „БХП Билитон“ со 40 милијарди долари странска инвестиција. Впрочем, 40 милијарди долари за Канада претставува три отсто од нејзиното бруто домашно производство и тоа би го постигнала со продажба на само една компанија. Тоа би било еднакво на влез на поединечен инвеститор во Македонија, кој со една трансакција би вложил 200 милиони евра.

Меѓутоа, тоа што овој пример покажува е дека одговорни држави и одговорни влади водат посебна сметка кога е во прашање продажбата на своите природни ресурси. Во случајот на Канада, тамошната влада одби понуда што спрема сите релевантни аналитичари претставувала фер вредност за компанијата „Поташ корп“. Но, владата сметала дека локалната контрола врз оваа стратегиска суровина е многу поважна за државата отколку моментните економски бенефиции што би следеле по приливот од 40 милијарди евра од странската инвестиција.

Овој пример, почитувани читатели, ми е вовед во тоа што моментно се случува во една од најпрофитабилните македонски компании, која, исто така, користи природни ресурси - Цементарница „Усје“. За приватизацијата на оваа компанија, како и за нејзината продажба од страна на вработените и менаџерскиот тим на „Титан“ од Грција сум пишувал неколку пати.

За потсетување, фактите за „Усје“ се следниве: во 1998 година „Титан“ од Грција плати 27 милиони евра кон тогашните акционери на Цементарница „Усје“ АД и се стекна со сопственост на 94,84 отсто од акциите на „Усје“. Вкупната добивка на Цементарница „Усје“ АД за 11 години (периодот од 1999 до 2009 година) изнесува најмалку 220 милиони евра; за периодот 1999 до 2009 година вкупната дивиденда исплатена кон „Титан“ од Грција од страна на „Усје“ изнесува фантастични 136 милиони евра; до крајот на 2010 година „Усје“, најверојатно, ќе исплати нова дивиденда од околу 30 милиони евра кон „Титан“, со што вкупната досегашна дивиденда исплатена кон „Титан“ ќе изнесува најмалку 160 милиони евра.

Овој абнормален профит „Усје“ го остварува експлоатирајќи македонски природни ресурси. Основен елемент за производство на цемент е варовникот. Македонија си ги дала своите природни ресурси на странска компанија, но за разлика од канадскиот „Поташ корп“, цената што странскиот инвеститор ја платил ни случајно не може да се нарече дека била фер вредност. Напротив, била една од најглупавите трансакции што воопшто настанале во историјата на Република Македонија. Ама, нели минатото не може да се промени и се' што останува е да се соочиме со последиците и да се бориме за подобра иднина.

Затоа, бев изненаден од неодамнешната посета на премиерот Никола Груевски на „Усје“. Што точно му беше целта на премиерот со оваа посета? Што сакаше да постигне?

Можеби одговорот е дека немал никаква друга цел, освен да биде сликан во работничко одело и заштитен шлем.

Пред неколку дена, во неделникот „Фокус“ излезе шокантна вест дека Цементарница „Усје“ во текот на минатата година отпуштила 180 вработени под изговор дека компанијата е во криза поради глобалната рецесија. За оние вработени што доброволно ја прифатиле понудата од „Усје“ и си заминале сами, нема што да се коментира, бидејќи сами си ја донеле одлуката. Но, од изјавите во медиумите произлегува дека има и значаен број отпуштени работници од „Усје“, кои биле отпуштени против својата волја, со закани и притисоци. Некои од тие вработени денес водат судски спорови против компанијата „Усје“. За да биде трагедијата уште поголема, а со тоа и иронијата при официјалната понуда до вработените за откуп на нивните акции од страна на грчки „Титан“ децидно било напишано дека работните места на сите акционери/вработени се гарантирани се' додека компанијата е профитабилна.

Профитот на „Усје“ во 2009 година изнесуваше 25 милиони евра. Не само што во „Усје“ немаше криза, туку споредено со профитот од 21 милион евра за 2008 година, фактички компанијата имаше поуспешна година. Всушност, исплатената дивиденда од 35 милиони евра кон „Титан“ во 2009 година е најголема потврда дека каква било светска рецесија воопшто не ја погодила „Усје“.

Затоа, време е премиерот повторно да оди и да ја посети „Усје“, но овој пат место да се слика во работничко одело и со заштитен шлем, цврсто да застане во заштита на отпуштените работници од оваа компанија и недвосмислено да бара почитување на тоа што било понудено до акционерите/вработените од страна на „Титан“ во 1998 година.

За жал, Република Македонија нема да може да го следи примерот на Канада во случајот со трагикомичната продажба на „Усје“. Но, најмалку што нашата Влада може денес да направи е да го врати достоинството на оние вработени што против своја волја се отпуштени од „Усје“.

(Авторот е економски аналитичар)
http://utrinski.com.mk/?ItemID=8D0C5F9C4...D391BAE2A3


Dali???!!!


Quote:минатото не може да се промени и се' што останува е да се соочиме со последиците и да се бориме за подобра иднина
????!!!


Od pogore iznesenoto, dali nekoj vo vlasta e dovolno pameten i mokjen da pogledne deka Makedonija mora da se osloni na sopstveni sili i zastane na noze kako drzava


Quote:Тепачка за инвестиции во македонските патишта

Пет конзорциуми составени од компании од Израел, Индија, повеќе европски земји и од Македонија секвалификуваа да учествуваат на тендерот за концесии врз 370 километри патишта по Коридорот 8



Пет конзорциуми составени од повеќе компании од Израел, Франција, Грција, Индија, Португалија, Австрија, но и од Македонија ги исполниле условите за понатамошно учество во постапката за добивање концесија за изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарини и користење на патните правци по Коридорот 8. Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски вчера информира дека првата фаза ја поминале конзорциумот предводен од израелската компанија „Шиком Бинуи“ во соработка со „Групо Суарез де Коста“ од Португалија, конзорциумот предводен од француската компанија „Буик Траво“ заедно со ДТП „Терасмент“ од Франција и „Интертол Јуроп“ од Унгарија, конзорциумот составен од австриската компанија „Штрабах“ и домашната компанија „Гранит“, конзорциумот на грчката компанија „Актори акто консешнс“ и конзорциумот предводен од „Алпине Бау ГМБХ“ од Австрија заедно со турската „Лимак“ и „Сома ентерпрајз“ од Индија.

Пешевски вели дека до крајот на месецов предквалификуваните фирми ќе можат да ја подигнат тендерската документација, а првите понуди се очекуваат во првиот квартал од наредната година. Дали некоја од нив ќе биде избрана ќе зависи од висината на концесискиот надомест што треба да го добива државата, но и од субвенциите кои ќе ги бараат поради недоволната фреквентност на македонските патишта. Патиштата треба да бидат изградени во рок од седум години по потпишувањето на договорот за концесионирање. Петте конзорциуми се квалификувале за двата пакета патишта предвидени за концесионирање, од кои за првиот пакет предмет на концесија се патните правци Крива Паланка – Романовце, Кочани – Штип, Миладиновце – Штип, како и патната делница Миладиновце - Штип преку Свети Николе. Вкупна должина на првиот пакет изнесува 138 километри. Во првиот пакет се вклучени и патните правци Миладиновце – Скопје – Хиподром и обиколницата околу Скопје со должина од 38 километри. Вториот пакет го сочинуваат патните правци Стенковец – Блаце, Гостивар – Ќафасан, Требениште – Охрид, Струга - Подмоље, патната делница Гостивар – Букојчани – Кичево, Кичево – Требениште – Охрид, Требениште – Струга – Ќафасан и Струга – Подмоље со вкупна должина од 141 километар. Во вториот пакет влегува и веќе изградениот автопат Скопје – Тетово – Гостивар со должина од 54 километри.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески вели дека цената на патарините ќе се утврдува со методологија која ја носи Владата на Република Македонија. Владата е должна да ја заврши и постапката за експропријација пред почетокот на градбата на патиштата. Евентуалниот концесионер патиштата ќе ги добие на управување со рок од 35 години и според процените ќе треба да вложи околу милијарда евра за трансверзалата Исток – Запад.

- Со овој проект Владата на Република Македонија има цел да ја унапреди и развие патната инфраструктура, односно да се постигне модерен транспортен сектор што директно ќе влијае на подобрување на сувоземните врски и пораст на економијата - рече Јанакиески.

Запрашан дали давањето под концесија нема да значи и затворање на „Македонија пат“, министерот Јанакиески рече дека јавното претпријатие ќе продолжи да ги одржува патиштата од Коридорот 10, како и регионалните и магистралните патишта.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22135


Ostanuva da vidime sto od ova kje se izrodi.
Samo da potsetam:
Nezavisna drzava e onaa koja:
Ima suverena kontrola nad Infrastukturata.
Moze da se prehrani samata.
Vodite gi koristi mudro.
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 18-11-2010, 01:59 AM by montehristo.)
18-11-2010, 01:55 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,475
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#2

Quote:Коридорите колатерална корист од грчката криза

Во услови кога солунското пристаниште е единствено и скапо решение, кое сé почесто станува проблематично поради кризата во Грција, Коридорот 8 можеби конечно ќе се активира. Коридорот 10 има уште една незавршена делница, од Демир Капија до Смоквица, а Коридорот 8, кој е во фаза на мирување, засега е најбараното и најитно решение

[Image: Obikolnica[3].jpg]

Македонија мора да се врзе во европскиот сообраќаен јазол и да се вклопи во транспортната мрежа доколку сака да си загарантира економски напредок и секакво друго вмрежување со светот. Коридорите 8 и 10 со тоа стануваат неопходност, која мора што побрзо да се реализира. Коридорот 10 има уште една незавршена делница, од Демир Капија до Смоквица, решение што не е ни малку едноставно и евтино, бидејќи се работи за изградба на сосема нова траса паралелна со веќе постојната, во должина од 28,2 километри и вредност од околу 250 милиони евра. Коридорот 8, пак, засега е во мирување, иако тој е најбараното и најитно решение, кое на македонските фирми треба да им даде алтернатива во преносот на стоки, што сега се одвива претежно во насока север - југ. Во услови кога солунското пристаниште е единствено и скапо решение, кое сé почесто станува проблематично поради кризата во Грција, Коридорот 8 можеби конечно ќе се активира.

Немањето сопствени пари за вака големи потези и за тие што побрзо да се изградат наметнува решение што опфаќа нивно доделување под концесија. Експертите коментираат дека наредниов период нашите власти треба да се изборат и да излобираат кај европските партнери повеќе пари за инфраструктурата во државава, бидејќи сепак ние сме центарот на Балканот, што, пак, нé прави наједноставно и најевтино решение за поврзување помеѓу север и југ и исток и запад. Важноста од квалитетно сообраќајно поврзување ја сфатија нашите соседи, кои во голем дел и ги изградија делниците на нивните територии што влегуваат во маршрутата на коридорите. Историјата и сегашноста покажале дека изградбата на инфраструктура во една држава е од суштинско значење за економски пораст и засилена урбанизација на сите населени места на таа територија. Модерните автопати освен што нам ќе ни ги олеснат транспортот и сообраќајот, отвораат и многу можности за друг вид заработка од странците што ќе ги користат.

Коридор 10

Табановце - Куманово

Со изградбата на делниците Табановце - Куманово што заврши пред десетина дена и Демир Капија - Смоквица, за чија изградба веќе има распишано тендерска постапка, на територијата на Република Македонија Коридорот 10 ќе биде целосно изграден како автопат.

Делницата Табановце - Куманово е долга 7,5 километри, а коловозот е широк по 11 метри во секоја насока.

Коловозните ленти се разделени меѓу себе со зелен појас и ограда во широчина од 4 метри. Проектот предвидува и нов пристап за управување со сообраќајот во пристапувањето кон граничниот премин Табановце. Вкупната вредност на проектот е 15,5 милиони евра, а средствата се обезбедени од Светска банка и од буџетот на Република Македонија.

Должина: 7,5 километри
Вредност: 15,5 милиони евра
Статус: пуштен во употреба

Демир Капија - Смоквица

Делницата Демир Капија – Смоквица е клучниот дел од Коридор 10 што ќе го олесни и ќе го забрза протокот на луѓе и стока во јужниот дел од државава, кој сега се одвива по лошо решение надвор од европските стандарди. Токму поради ова ќе се прави сосема нов автопат во овој дел, во согласност со европските барања.

- Два двојни тунела (со посебни тунелни ленти во различни насоки на движење) со над 1 километар должина,
- шест моста, од кои три имаат засилен бетонски систем со долги држачи и високи столбови,
- две крстосници,
- пет надвозници,
- седум подвозници.

Европската инвестициска банка (ЕИБ) и одобри 130 милиони евра на Македонија за изградба на дел од автопатот на Коридорот 10, односно патниот правец Демир Капија - Смоквица. Според нашите државни претставници, парите се одобрени под исклучително поволни услови, со каматна стапка од 1,3 отсто, со рок на отплата од 15 години, со вклучени пет години грејс-период. Покрај ЕИБ, во финансирањето ќе учествуваат и ЕУ со грант од 45 милиони евра преку ИПА-програмата и ЕБОР со заем од 107 милиони евра, од кои 90 милиони евра се наменети за изградба на автопатот, а остатокот за модернизација на системот за наплата на патарина и наплатните станици по должината на автопатот на Коридорот 10. Македонија учествува во проектот со околу 6 милиони евра обезбедени од буџетот на државата.

Должина: 28,2 километри
Вредност: 250 милиони евра
Статус: распишан тендер за понуди за концесија
Рок: 2012-2018 година

Коридорот 8
- мост меѓу Јадранско и Црно Море

Коридорот 8 е всушност трансферзала што ќе ги поврзува најбрзо и најкратко Црно и Јадранско Море, и тоа од Бургас, преку Софија и Скопје, до пристаништето во Драч.

Во април годинава беше потпишана заедничка декларација меѓу министрите за транспорт на Македонија, Албанија, Бугарија и на Италија, посветена на овој коридор за побрзо иницирање и заеднички настап на земјите за доизградба и подобрување на патниот и на железничкиот дел од оваа траса што минува низ Република Македонија.

Комплетирањето на овој коридор е особено важно и е сé почесто барано од најголемите домашни извозни компании, кои трпат големи загуби кога има проблеми со транспортот на стока преку Грција од солунското пристаниште, нешто на што сме сведоци деновиве поради штрајкот на грчките царински работници. Скапото „солунско решение“ ги прави нашите производи неконкурентни, не во делот на производството, не во делот на реализирање на нарачките, туку во стигнувањето на стоките до купувачот, што би се изменило доколку би бил комплетно изграден Коридорот 8, што, пак, со пристаништата во Драч и во Бургас ќе претставува поевтино и алтернативно решение.

Автопат меѓу Куманово и Крива Паланка и Романовце и Крива Паланка

Патниот правец Крива Паланка - Романовце треба да биде автопатско решение со вкупна должина од 60 километри. Поделен на две делници, и тоа: од Романовце до Страцин со должина од 35 километри и од Страцин до Крива Паланка со должина од 25 километри. Според планот, кој сега е актуелен, трасата на автопатот на овој потег почнува од западниот влез на Крива Паланка и продолжува кон север сé до Страцин, потоа кон југ и исток од Куманово за да се сретне со постојниот автопат со патарина.

Автопатското решение предвидува изградба на коловоз со по 2 ленти со широчина од 3,75 метри и по една застанувачка лента со широчина од 2,5 метри во секој правец. Вредноста на проектот е близу 273 милиони евра. Изградбата на овој патен правец на ниво на автопат е дел од проектот за давање на патиштата под концесија. Во случај во постапката за концесија, која е во тек, да не се добијат прифатливи финансиски понуди, ќе се разгледа варијантата тој само да се реконструира, при што вредноста на зафатот се планира да биде околу 35 милиони евра. Од тоа со какво решение ќе се оди ќе зависи и времето на почнување и завршување на проектот.

Должина: 60 километри
Вредност: 273 милиони евра
Статус: не е распишан тендер за понуди за концесија
Рок: 2013-2018 година
Гостивар - Охрид, ТребениШте - Струга - Подмолје

Од Коридорот 8 ќе остане уште изградбата на квалитетен автопат, кој ќе ги поврзе Гостивар и Охрид, со крак кон Албанија кај Ќафасан, вклучувајќи ги и делниците Требениште - Охрид, Требениште – Струга и Струга – Подмолје.

Трасата на наведените делници од Коридорот 8 поминува преку Букојчани, Кичево, до Требеништа. Понатаму се издвојуваат патни краци од Требениште кон Охрид и кон Струга, како и поврзување на Струга со Подмолје. Вкупната должина на овој патен правец е 128 километри. Европските критериуми бараат изградба на коловоз со по две ленти со широчина од 3,75 метри и по една застанувачка лента со широчина од 2,5 метри во секој правец. Вредноста на проектот е околу 490 милиони евра. Изградбата и на овој патен правец е дел од проектот за давање на патиштата под концесија. Доколу се оди по планот и се добијат прифатливи понуди, тогаш најрано може да се почне со изградба дури во 2013 година, со претпоставки работата да се заврши во 2018 година.

Должина: 128 километри
Вредност: 490 милиони евра
Статус: не е распишан тендер за понуди за концесија
Рок: 2013-2018 година



Автор: Жарко Василевски Фотографија: Филип Поповски

Добро утро Другари и Другарки од Нова Македонија(комунистички дневен гласник).

Сега најдовте за ова да пишувате, кога ви гори под нозе.
An inch today is tomorrow’s mile.
14-09-2011, 07:27 PM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#3

Den Doncev bese generalen direktor na MAKEDONSKI TELEKOM koga se prodade.... zosto togas ne zborese vaka ? sega posle 12 godini od prodazbata na isto taka strateska firma prodava m%da za bubrezi.... misli so plitko pamtenje sme i zaboravivme...
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
17-09-2011, 08:11 PM
Reply