Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 17 Vote(s) - 3.53 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Председателот Иванов и прoмените во преговорите
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#21

(26-01-2010, 05:57 AM)mence Wrote: Иванов даруваше крв во чест на Тоше


[Image: ivanov-krvodaritel.jpg]

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов вчера даруваше крв во рамките на крводарителската акција што се одржа во Републичкиот завод за трансфузиологија, организирана по повод роденденот на македонската музичка легенда Тоше Проески. „На овој начин, со личен пример да го продолжиме она дело што тој го почна, да се биде хуман и да се помага во секој поглед“, изјави Иванов, кој не го пропушти ниту завчерашниот концерт во чест на Тоше.



Navistina ubav gest od pretsedatelot, zarem ovaa ne e za pocit ????

Едно наградно прашање до форумџиите: Зошто Бранко Црвенковски не смее да даде крв?Icon_wink
02-02-2010, 12:04 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#22

(02-02-2010, 12:04 AM)hristo Wrote:
(26-01-2010, 05:57 AM)mence Wrote: Иванов даруваше крв во чест на Тоше

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов вчера даруваше крв во рамките на крводарителската акција што се одржа во Републичкиот завод за трансфузиологија, организирана по повод роденденот на македонската музичка легенда Тоше Проески. „На овој начин, со личен пример да го продолжиме она дело што тој го почна, да се биде хуман и да се помага во секој поглед“, изјави Иванов, кој не го пропушти ниту завчерашниот концерт во чест на Тоше.



Navistina ubav gest od pretsedatelot, zarem ovaa ne e za pocit ????
Едно наградно прашање до форумџиите: Зошто Бранко Црвенковски не смее да даде крв?Icon_wink


Na doktorite ne im trebalo kokain i viski.ShokShokShok Koga ke im pritreba Branche ke e prv daritel PosPosPosPosPosPos
(This post was last modified: 02-02-2010, 12:14 AM by mara-popara.)
02-02-2010, 12:14 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#23

Predseatelot Ivanov po se izvojuva ushte edna pobeda nad Grcite vo Minhen. Eve shto veli glailoto na SDSM "Utrinski vesnik" :

Quote:Мала македонско-грчка бура во Минхен

[Image: B2064F5D78690B4CAD67F9F0817600BE.jpg]


Атина ја доведува во заблуда светската јавност за спорот со името, вели Иванов

Од нашиот известувач
Љупчо Поповски

МИНХЕН - Македонско-грчкиот спор околу името за момент стана дел од годинешнава минхенска конференција за безбедност откако македонскиот претседател Ѓорге Иванов во своето обраќање во саботата зборуваше за грчките блокади на нашето евроатлантско интегрирање. Иванов (официјално претставен како македонски претседател) во панел- дискусијата за „иднината на европската и на глобалната безбедност“, половина од своето 15-минутно излагање му го посвети на спорот за името. Тој изјави дека Атина „спорот со името целосно неоправдано, дури и апсурдно, го претставуваше како безбедносен проблем“. И дека сите грчки влади ја доведувале „во заблуда меѓународната јавност со наводните аргументи дека имаме територијални претензии“.

Иванов во својот настап во ексклузивниот минхенски хотел „Баерише хоф“ уште рече дека 10 години по потпишувањето на Спогодбата за асоцијација и стабилизација „сите одложувања на интегративниот процес, во најголем дел и директно беа поврзани со политиката на блокада од нашиот јужен сосед“.

Тој се запраша „зошто Грција се осмели да прекрши меѓународен договор, Привремената спогодба од 1995 година и не дозволи Македонија да влезе во НАТО со привремената референца што се користи во ОН?“ Иванов се согласи со изјавата на неговиот грчки колега Каролос Папулјас дека решението треба да се бара во рамките на меѓународното право за да нема победници и поразени. Зборувајќи за безбедноста, Иванов уште нагласи дека на балканскиот регион му треба проект што тој го нарече Pax Europana за да може европската идеја да продуцира мир.

Сумирајќи го учеството на конференцијата, претседателот Иванов вчера изјави дека сака да им испрати порака на македонските граѓани оти НАТО и ЕУ се нашата перспектива без алтернатива. „Попречени сме од една политика на апсурди наметната со сила. Правиме се' да ги одблокираме тие процеси“, рече Иванов. Glsilo na crveni kmeri: Utrinski vesnik
08-02-2010, 03:29 AM
Reply
veritas Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,691
Joined: Feb 2010
Reputation: 7
#24

Каква е тази държава, която в 21 век още не си е решила въпросът с идентитета в 21?
30-04-2010, 10:06 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25

Quote:Иванов:Нема потреба од свикување на Советот за безбедност
Автор: Кристина Озимец 18:02 | 15 мај 2010

[Image: lookup]

Безбедносните структури во Македонија добро си ја работат работата и затоа нема потреба од свикување на Советот за безбедност на државата


Ова го изјави претседателот Ѓорге Иванов на денешната неформална средба со лидерите на политичките партии во Катланово.

Иванов, коментирајќи ги последните заплени на поголемо количество оружје кај Блаце и Радуша, рече дека некои структури упорно се обидуваат да го прекршат законот и за нив ќе следат соодветни санкции.

На лидерската средба присуствуваа Никола Груевски, Али Ахмети и Бранко Црвенковски, додека Имер Селмани и Мендух Тачи, иако поканети, не дојдоа.

Освен за безбедносната ситуација во земјата, на неформалната средба станало збор и за состојбата во регионот, прашањето за човековите права, малцинските права, како и за интересите на политичките партии.

Иванов истакна дека ваквите средби се корисни за продолжување на политичкиот дијалог во земјата.
(This post was last modified: 15-05-2010, 08:56 PM by ЈорданПетровски.)
15-05-2010, 08:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

Quote:Ахмети: Името станува сериозна пречка во ЕУ интеграциите
Автор: Кристина Озимец 17:56 | 15 мај 2010


[Image: lookup]

Сите политички фактори треба да ја преземат одговорноста за да го надминеме проблемот со името бидејќи тоа станува сериозна пречка во ЕУ интеграциите


Ова го изјави лидерот на Демократската унија за интеграции, Али Ахмети на денешната неформална средба со лидерите на политичките партии на покана од Претседателот Ѓорге Иванов.
Ахмети потсети дека Македонија нема друга алтернатива освен Евроатланската перспектива и затоа проблемот со името треба што поскоро да биде решен.

Коментирајќи ја безбедносната состојба во државата, лидерот на ДУИ изјави дека тој и неговата партија не поддржуваат никакво насилство бидејќи насилството не е начин за справување со проблемите и упати апел до сите политички чинители да се зафатат со решавање на проблемите со кои се соочува државата
15-05-2010, 08:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

Quote:Црвенковски: Без решение за името нема ЕУ интеграции
Автор: Кристина Озимец 17:54 | 15 мај 2010

[Image: lookup]

Без постигнување на решение за името со Грција нема да имаме ЕУ интеграции и доколку се пролонгира решавањето на спорот, евроатланските интеграции остануваат блокирани, порача лидерот на СДСМ

„Добро е што по цела година од неговото доаѓање на функција Иванов не викна да разговараме, иако подобро ќе беше средбата да биде помалку протоколарна а повеќе работна бидејќи Македонија е земја која се соочува со сериозни проблеми како дома така и надвор,“ рече Бранко Црвенковски на денешната лидерска средба..

Лидерот на СДСМ потсети на пораката од помошник државниот секретар на Хилари Клинтон, Филип Гордон, дека можеби на подолг временски период ова е последната голема шанса за Македонија да се приклучи во евроатланските институции, и затоа што поскоро мора да се седне и да се реши овој спор.

Коментирајќи го евентуалниот референдум на кој граѓаните би можеле да гласаат за предлог решение за името, Црвенковски изјави дека нема логика да се одржи референдум за кој власта сака да пропадне и доколку референдумот се доведе до таква ситуација, СДСМ воопшто нема да учествува во него.


Обрнете внимание на лицата на "НЕЗАВИСНИТЕ НОВИНАРИ" на трите фотографии SmajlitoSmajlitoSmajlito
(This post was last modified: 15-05-2010, 09:02 PM by ЈорданПетровски.)
15-05-2010, 08:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28

Quote:Груевски:Даваме максимум да се реши спорот со името

[Image: lookup]


Ни за Груевски нема насмевка.!!!!!! SmajlitoSmajlitoSmajlitoSmajlito
16-05-2010, 12:09 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29

Quote:Иванов: Постои излез за евроинтеграцискиот процес на Македонија
23.05.2010 - 10:40 | Македонија
Излез за евроинтеграцискиот процес на Македонија има, Затоа постои билатералната спогодба со Грција, изјави претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

[Image: gjorgeivanov_16711.jpg]

- Излез постои. Затоа постои билатералната спогодба, затоа е таа донесена, за Грција да не го попречува нашето интегрирање. Меѓутоа, не видов дека постои желба и на некој начин притисок врз Грција да го почитува она што го прифатила и го потпишала. Друга солуција е Грција конечно да ја признае реалноста дека постои држава Македонија, македонски народ и македонски јазик, изјави претседателот Иванов во Неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Шефот на државата смета дека во Грција сеуште има политичари кои ја користат реториката од студената војна и ги подигаат стравовите и предрасудите кај нивното население дека со тоа што постои држава Македонија, постои и опасност за нивната територија, идентитетот. - Во 21-от век да се отвораат такви прашања и на нив да се профитира, е несериозно, вели Иванов.

Македонија, посочи тој, покажа дека е за добрососедски односи. - Поради тоа го сменивме знамето, уставот, еве и во процесот што се одвива во ОН, за да може да се дојде до некое заемно прифатливо решение, ги вложуваме сите наши напори и сме конструктивни. Меѓутоа, од другата страна не гледаме таков сигнал и таква посветеност. Веројатно сметаат дека треба да го одлагаат и одлагаат ова прашање и оти се додека настапуваат од позиција на сила, ќе имаат моќ да го спречат нашето интергрирање во евроатланските структури, изјави претседателот.

Одговарајќи на прашањето дали Македонија има алтернатива ако Грција не прифаќа компромис и земјава остане надвор од НАТО и ЕУ, Ивано тврди дека сме доведени во состојба да се јавуваат одредени структури и да бараат алтернативи, вели Иванов

- Не постои алтернатива за нашиот регион, освен она за што сме се определиле. Ние имаме генерална определба и истрајуваме на неа. Затоа настојуваме на секој начин преку процесот што го води г-н Нимиц да дојдеме до некое решение кое ќе биде заемно прифатливо. Меѓутоа не можеме да прифатиме, решенијата што ги нуди Грција да ни се пласираат како заемно прифатливи решенија, односно грчките предлози да ни се претставуваат дека треба да бидат и наши, рече шефот на државата.

Во врска со прашањето името Иванов вели дека не постои отворен притисок од меѓународните фактори за компромис со Грција.

- Постои укажување дека треба да се дојде до решение. Ние сме свесни за тоа дека мора да се дојде до решение и затоа им велиме дека сме тие што имаат потреба од решение. Грција нема потреба, и не чувствуваме дека Грција прави нешто да се дојде што побрзо до решение. Нејзе и одговара. Можеби онаа стратегија што ја имала кон Кипар ја применува и кај нас. Го одолговлекува проблемот. Едноставно создава амбиент дека тоа треба да трае се додека не се создадат услови да дојде до нешто што ќе биде во нивна корист, изјави претседателот.

Ние, посочи Иванов, правиме се да укажеме дека меѓународното право, она што е во резолуциите и повелбата на ОН, како што важи за сите, треба да важи и за нас. - Како држава и ние имаме потреба од достоинство, од гордост и почитување на она што е меѓународен поредок, изјави претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во Неделното интервју за Радио Слободна Европа.


Преседателот Иванов од првиот ден има одличен пристап кон проблемот околу името. Настојува да ги врати преговорите во рамките на спогодбата. Тоа се неговите ингеренции, вистинското решение , враќањето на позициите пред прифаќањето на името ПЈРМ еможе да го стори само вкладата на Република Македонија .

Преседателот Иванов со тоа што укажува дека никој не вршел притѕисок врз Грција да ја почитува времената спогодба всашност кажува каква била намерата/улогата на двоецот Глигоров, Црвенковски.
(This post was last modified: 23-05-2010, 12:52 PM by ЈорданПетровски.)
23-05-2010, 12:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#30

Quote:Иванов:Нема да дозволам задирање во идентитетот и јазикот


Не е прифатливо да се разговара за решение што задира во македонскиот идентитет, во македонскиот јазик и во Уставот како чувар на нашата државна сувереност и нашето национално достоинство. Додека сум претседател на Република Македонија тоа нема да го дозволам.

[Image: A65D9E09-710C-4B91-9AEF-3C247F330764_w527_s.jpg]

Ова денеска го изјави претседателот Ѓорге Иванов, во обраќањето пред пратениците во Собранието.

Македонија е подготвена на европски начин, како што рече Иванов, да ги премости разликите, но тоа, според него, подразбира и фокусирање на темелното право на државата.

„Ние сме граѓани на европска земја и бараме од Грција како членка на Европската унија со нас да се однесува европски“, подвлече Иванов.

Тој истакна дека македонскиот државен врв како никогаш досега има јасен став, а тоа е интензивирање на македонско-грчкиот дијалог и трагање по взаемно прифатливо компромисно решение.

„Но решението мора да биде во рамките на Резолуцијата 817 на Обединетите нации од 1993. година. Ние сакаме решение, но само во рамките на грчко-македонската Времена спогодба од септември 1995. година. И на крај, конечната одлука ќе ја имаат граѓаните“, истакна претседателот Иванов.

Тој посочи дека дневната политика во однос на македонско-грчкиот спор внатре во земјата причинува извесна штета, но нагласи дека главната причина поради која сè уште нема решение, се некои грчки политичари, а не политичарите во Македонија.

„Време е да се напуштат стереотипите и предрасудите од минатото во полза на заедничката иднина. За да бидеме доследни во остварувањето на нашата стратешка определба, за евроатланска Македонија, ние треба да сме сплотени, да сме обединети, да сме единствени со заеднички напор да истраеме на патот кој е пред нас“, рече Иванов.

Говорејќи за годината која доаѓа, претседателот посочи дека тоа ќе биде година на сериозни одлуки.

„Мислам дека формулата за успех веќе ја знаеме – повеќе сплотеност, а помалку поделби. Слогата како благословена состојба, на меѓусебно разбирање и почитување, е тајната на заедничкиот успех. Доволно е да се навратиме на историските одлуки, чии јубилеји ќе ги чествуваме идната година. На тоа нè обврзуваат нашите предци, сегашните и идните генерации“, истакна Иванов.

Во својот говор тој се наврати на македонското претседавање со Советот на Европа, на регионалните соработки и напредок во добрососедските односи, на спроведените реформи во АРМ и на укинувањето на визниот режим




Quote:Реакции за говорот на Иванов

Наместо да биде претседател на сите граѓани, Ѓорге Иванов одбра да биде портпарол на премиерот Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.


Вака опозицијата го оцени годишното обраќање на Претседателот.
15-12-2010, 02:55 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#31

Ѓорѓе можда не е многу снаодлив политичар, ама за овие прашања мене баш ми е ОК. Јас само не знам денес, откако го одржа говорот во Собрание, како после тоа цело СДСМ излезе да јаде гомна како претседателот зборувал во име на својата партија, покажал непочитување и слични гомнарии само за нив долични, наместо да го пофалат Иванов за изјавата. Значи тие луѓе се стварно изроди. Па не сакаме да се смени името. Зошто во 21 век некој не би смеел да се нарекува како што сака? Јас знам зашто. За да ни го срушат идентитетот, а кога немаш идентитет стануваш лесен залак за гладните соседи. Се се, ама името да не се смени. Тоа е според мене, најстрашното сценарио за Македонија.
15-12-2010, 03:20 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#32

(15-12-2010, 03:20 AM)Nikola Wrote: Ѓорѓе можда не е многу снаодлив политичар, ама за овие прашања мене баш ми е ОК. Јас само не знам денес, откако го одржа говорот во Собрание, како после тоа цело СДСМ излезе да јаде гомна како претседателот зборувал во име на својата партија, покажал непочитување и слични гомнарии само за нив долични, наместо да го пофалат Иванов за изјавата. Значи тие луѓе се стварно изроди. Па не сакаме да се смени името. Зошто во 21 век некој не би смеел да се нарекува како што сака? Јас знам зашто. За да ни го срушат идентитетот, а кога немаш идентитет стануваш лесен залак за гладните соседи. Се се, ама името да не се смени. Тоа е според мене, најстрашното сценарио за Македонија.



Сега многу јасно излезе на виделина во што се разликите/судирот помеѓу власта и опозицијата во врска со преговорите со Грција. Бранко и СДСМ би избришале се и име, идентитет, јазик. Се лутат кога ги нарекуваат предавници.
15-12-2010, 04:09 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#33



Quote:Иванов: ЕК доследно да се придржува до праксата на ОН за јазикот

09.04.2011 - 17:17 |

[Image: ivanovbarosoohrid_52571.jpg]

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Охрид побара од претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо да се почитува употребата на терминот македонскиот јазик и на придавката „македонски“ во извештаите на Европската комисија.

- Сигурен сум дека како претседател на Европската комисија и како личност која е силно посветена на принципите за почитување на европскиот културен и јазичен диверзитет, не е потребно да бидете убедуван дека јазикот на кој јас ви се обраќам сега е македонски. Затоа апелирам до Вас како личност која знам дека е длабоко посветена на почитувањето на идентитетот, културата и јазикот, да го преземете водството за надминување на овој фундаментално неправеден пристап кон Република Македонија и нејзините граѓани. Граѓаните на Република Македонија бараат од Европската комисија доследно да се придржува до праксата на Обединетите нации каде нашиот јазик е правилно нотиран како македонски, нагласи Иванов во обраќањето на трибината „На патот кон интеграцијата во ЕУ: Партнери во реформите за наша заедничка европска иднина“ што се одржа во Охрид.

Како и сите мои сограѓани, рече Иванов, бев длабоко вознемирен од именувањата на македонскиот јазик во извештајот, не како македонски, туку како „државен јазик“, „официјален јазик“ и „локален јазик“.

- Од друга страна, именувањата на другите јазици што се зборуваат и се признати во Република Македонија, албанскиот или ромскиот, се правилно наведени во извештајот со нивните точни имиња. Ова е петта последователна година во која Европската комисија внимателно го избегнува користењето на терминот „македонски“ при описите во извештајот, освен при наведувањето на имињата на некои институции, органи. Ова не е пракса во извештаите за напредок на другите земји, потенцира шефот на државата.

Посетата на претседателот на Европската комисија на Македонија Иванов ја оцени како силен и јасен сигнал на поддршка на политиката за продолжување на проширувањето што за Македонија претставува дополнителен импулс за продолжување на реформските процеси кои ја доближуваат до нејзината крајна цел – полноправно членство во ЕУ.

Тој истакна дека Република Македонија ниту гледа, ниту бара алтернативи на патот кој ја води земјата во големото европско семејство и оти во личноста на претседателот Баросо и во Европската комисија, гледа искрен пријател, поддржувач и партнер.

Извештаите на Европската комисија, според Иванов, претставуваат реална опсервација на постигнувањата на Македонија, но и реална опсервација на тешкотиите, дефицитите и проблемите со кои сме соочени.

- Сосема е јасно дека нив ги има. Но, постои и евидентен и неоспорлив прогрес во многу сфери. Моја, и верувам објективна оценка, е дека Република Македонија никогаш не била поподготвена од денес во поглед на спроведувањето на реформите и исполнувањето на критериумите. Република Македонија објективно денес е барем на ист степен на исполнетост на критериумите како и други земји, денешни членки, кога биле во оваа фаза од процесот на интеграција, рече Иванов, додавајќи дека добивањето датум за преговори за членство, за Македонија е клучен мотивациски фактор.

Во земјата, нагласи, се вложуваат сериозни напори за спроведување на евро-агендата, без разлика на повремените или моментните застои кои произлегуваат од внатрешно-политичката и економско-развојната динамика и оти приоритетите на државата за следниот период остануваат исти, продолжување на реформските процеси, изнаоѓање заемно прифатливо решение за наметнатиот проблем со името, а со тоа и деблокада на интеграциските процеси во НАТО и ЕУ.

- Нам ни се многу јасни пораките што ги добиваме од највисоките претставници на ЕУ, дека за почеток на преговорите е неопходно решение на наметнатиот спор од страна на Грција. Република Македонија, поради асиметричноста во позициите во спорот, во многу наврати покажа јасна конструктивност (промена на знаме, устав, прифатени предлози од медијаторот) и во моментов покажува јасна подготвеност за заемно прифатливо решение преку идеи и иницијативи како до тоа да се дојде. Но, како да произлегува дека таквата конструктивност на некој начин се казнува или игнорира. Ние сме целосно зависни од волјата на една земја членка, дали сака да го деблокира процесот и дали сака воопшто решение на спорот, и тука Унијата и останатите земји членки како да се немоќни. А Грција, за разлика од нас, не чувствува никакви последици од своето однесување. Не по наша вина се најдовме во овој спор и не по наша вина денес не можеме да излеземе од него. Јасно е дека Грција не ги почитува меѓународно преземените обврски од Времената спогодба и за тоа не понесува никаква одговорност, нагласи Иванов.

Во Словенечко – Хрватскиот случај, додаде претседателот, бевме сведоци на еден силен ангажман на Европската унија и земјите членки, што резултираше со исклучително позитивен пример на продолжување на интегративниот процес, паралелно со процесот на надминување на еден билатерален спор. Ова како модел за нас би било мошне прифатливо.

Предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 5 јуни, според шефот на државата, ќе бидат уште еден тест на македонската демократска зрелост.

- Ова е уште една прилика да апелирам сите учесници во изборниот процес да се однесуваат согласно степенот на демократски развој на земјата и нејзините постигнувања во интеграциските процеси. Сите политички фактори да ги имат пред сè предвид државните и интересите на граѓаните. Одржувањето на фер и демократски избори е неопходност и потреба, рече Иванов.

Нагласувајќи дека посетата на Баросо коинцидира со 10-годишнината од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ, 20-годишнината од осамостојувањето на Македонија и 10-годишнината од Рамковниот договор, претседателот Иванов рече дека Македонија, и покрај сите пречки на патот кон меѓународната афирмација и признавањето, како и разните обиди за негација, денес е држава почитувана во меѓународната заедница, подготвена да ги почне пристапните преговори со ЕУ.
09-04-2011, 05:33 PM
Reply
Marko_Polog Offline
Member
***

Posts: 86
Joined: Jan 2010
Reputation: 6
#34

Ke izmislat nesto za da baras, ako baras mora da se pazaris.....mnogu se 'itri'
09-04-2011, 06:27 PM
Reply