Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 17 Vote(s) - 3.53 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Председателот Иванов и прoмените во преговорите
Author Message
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#1

Predsedatelot Ivanov i promenite vo pregovorite okol razlikite za imeto


Иванов пред Генералното собрание на ОН

Сакам пред овој форум да потенцирам дека Република Македонија е искрено посветена на процесот на решавање на разликите со нашиот јужен сосед во рамките на механизмот воспоставен со резолуциите на ОН. Република Македонија верува во правото и правдата. Република Македонија верува во меѓународниот суд на правдата како орган на Светската организација, и чувар на тоа право. Република Македонија и покрај апсурдноста на спорот, искрено се надева дека наскоро ќе биде отстранета единствената пречка која не спречува да го заземеме заслуженото место, во евроатлантското семејство. За таа цел, и покрај флагрантното кршење на меѓународните обврски преземени од страна на нашиот сосед, за што, Република Македонија поднесе тужба пред Меѓународниот суд на правдата, верувајќи во силата на дијалогот, ние активно и конструктивно учествуваме во процесот на разговори со Република Грција, кажа Иванов.


Проблемот е што во овие повеќегодишни разговори беа вклучени прашања за кои не може да се разговара. Не може да се оспорува идентитетот на Македонија, македонскиот јазик... Затоа бараме тие да тие да се вратат во рамки на она што е утврдено во резолуциите на ОН, односно да се разговара исклучиво за проблемот што го има Грција со нашето име. Доколку се вратат разговорите во тие рамки, тогаш решение е можно“, истакна претседателот Иванов на денешната средба со уредници на политички редакции на триесеттина германски пишани медиуми.


Фактот дека преговарачкиот процес мора да се води само за разликите за името, а не за јазикот и идентитетот, јасно го подвлече шефот на државата, Ѓорѓе Иванов во интервју за телевизијата А1 во четвртокот рече дека од Македонија не се бара да го промени ниту името, ниту пак идентитетот и јазикот. Тоа, како што истакна, произлегува од Резолуцијата 817 на Советот на безбедност на Обединетите Нации.
- Никој од Македонија не бара да го промени името. Никаде не стои дека Македонија треба да преговара за името. Никој не и наложува на Македонија дека овој процес што е почнат во Обединетите Нации мора да заврши со промена на име, на идентитет и на јазик. Некој тоа, веројатно од свои побуди, се обидувал така да и го претстави на македонската јавност. Ние разговараме за разликите што се појавиле во името на нашата држава при приемот во Обединетите Нации - рече Иванов.
Според шефот на државата, процесот на името е оддалечен од Резолуцијата 817 во која не пишува дека Македонија треба да го смени името.

Izdvoiv tri izjavi na Predesedatelot Ivanov koi jasno ukazuvaat deka pregovorite se vodeni bez da se vodi smetka za Makedonskite interes
(This post was last modified: 29-12-2009, 03:58 PM by mara-popara.)
29-12-2009, 02:56 PM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#2

Ovaa poraka e za argatite na Brancheta srbomancheta + narkomancheta.

За давање некаква согласност за промена на името (и идентитетот) не се потребни политичка волја и храброст. За тоа се потребни: минимален недостиг на самопочит, максимална доза на непочитување на сограѓаните на сопствената држава, неодговорност и понизност. Политичка волја и храброст се потребни токму за спротивното - за решително давање до знаење дека името (и идентитетот) не е и никако не може да биде предмет на понатамошни преговори и пазарења.
29-12-2009, 04:00 PM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#3

Del od poslednoto intervju na Predsedatelot Ivanov:


Има доста прашања за карактерот на спорот со Грција

- Да почнеме од почеток. Со приемот на Македонија во ОН е направен преседан. Грција во почетокот на 1990-тите години ја стави меѓународната заедница во позиција на заложништво, со што ги наведе Обединетите нации на некој начин да ја прекршат Повелбата на Обединетите нации, правото за самоидентификација на поединецот. На Македонија и се дадени дополнителни услови. Меѓутоа тие што ја пишувале Резолуцијата 817 многу добро знаеле како функционира меѓународно право и внимателно ги избирале зборовите. Таму пишува разговор за разликата околу името. Никаде не пишува преговори затоа што преговори не може да се водат за нешто што е суверено право на еден народ, а тоа е името. Името е правниот идентитет и вие влегувате во меѓународен правен промет со вашето име. Вие влегувате во интеграции со вашето име. Во случајот со Македонија правно случајот е чист - прекршена е Повелбата на ОН. Е сега друго е прашањето зошто оваа правна димензија досега не е сериозно присутна и зошто на тоа не се укажувало постојано. Сите зборуваме за преговори, а никој тоа од нас не го бара. Во односите со Грција значи имаме проблем што е наследен од минатото. Грција никогаш не го признавала македонскиот идентитет, но со осамостојувањето на Македонија веќе никој не може да каже дека тој идентитет не постои. Ние имаме и дијаспора што има македонски идентитет. Значи, веќе не е прашање само на државата. Имаме луѓе што секојдневно читаат, следат она што се случува тука, читаат на македонски јазик, комуницираат на македонски јазик. Јазикот е сега средство за комуникација на таа планетарна Македонија, која постои секој ден на Интернет и на новите средства за комуникација. Оваа држава е одговорна да го чува тој идентитет. Дали постои пример во современата човекова историја да се посегне по она што е извор на нечиј идентитет? Дали постои меѓународен акт, право, институција што може да Ви го оспори, доколку Вие самите не се согласите со тоа, што впрочем и се настојува сега со нас? Но бидејќи сме влегле во тој процес, сега треба да ја сведеме оваа проблематика повторно во рамките на резолуцијата на ОН. Ние сме прифатиле да разговараме и да бараме решение за проблемот што Грција го има со нашето име. Друг проблем нема. Привремената референца е донесена за потребите во рамките на Обединетите нации, но не и за потребите на други земји. Грција се обиде да наметне дека привремената референца е име, а не привремена референца за користење во ОН, во организацијата што мора некако да не именува во регистарот. Јас на сите мои средби со државници секогаш токму тоа и го потенцирам. Многу е испуштено. Така во Копенхаген, на средбата со Хилари Клинтон, потенцирав дека сме блокирани и дека ние не сме виновни што сме Македонци, што умрените на нас живите ни оставиле нешто што треба да го зачуваме за неродените поколенија, а тоа е Уставот во кој е и името на државата. Чувањето на Уставот е чување на името и затоа при положување на свечената заклетва се колнеме дека ќе го чуваме Уставот. Јас тоа го спомнувам на секое мое обраќање - во Уставот е дефинирано она што е правниот идентитет на оваа држава Република Македонија. Тој е различен од она што е Македонија во Грција. Ние веќе имаме сложено име за сите употреби - Република Македонија. Тоа нé дистанцира од нивната Македонија. Ирска се вика Република Ирска, а делот што е во Британија се вика Северна Ирска. И нема забуна. Нема забуна и со Република Македонија. Дали некогаш писмо упатено до Република Македонија по грешка отишло некаде во Грција? . Ние само треба да најдеме решение за разликата што постои во однос на нашето име, меѓу Македонија и Грција. И затоа е направена Привремената спогодба. Меѓутоа Грција не ја почитува таа спогодба. Досега со ниеден предлог Грција не покажала дека сака да дојде до решение, туку настапува од позиција на сила, како со последниот предлог, и со уцена.


Во Македонија голем дел од вниманието на јавноста е насочено на прашањето на спорот за името. Што мислите, дали и годинава тоа ќе ја креира политичката и медиумската дебата?


- Навистина има многу дебати, но мој впечаток е дека ретко се случува отворено и слободно соочување на различни мислења. Имаме ситуација кога многупати овие дебати главно се одвиваат во затворени кругови, со веќе профилирани ставови, кои одново и одново се реафирмираат. Значи ништо ново. Тоа е причината зошто ни се повторуваат одредени недоразбирања и погрешни толкувања за карактерот на спорот со Грција. Граѓаните добиваат многу информации за ова прашање, кои сепак не произлегуваат од местата каде што спорот реално се разгледува и каде што навистина се утврдуваат ставовите. Односно, се случува граѓаните да бидат изложени на шпекулации. Сметам дека е важно да појдеме од основите на спорот. Се работи за наметнат спор, во кој во почетокот било јасно определено за што треба да се разговара и е потенцирано дека тој не смее да биде пречка за интеграциите. Но потоа, со текот на времето, се додавале нови и дополнителни прашања, кои сега во голема мера го комплицираат целиот спор. Едноставно, се излегувало од мандатот на разговорите. Затоа мислам дека ако сакаме прашањето да се реши, важно е да се вратиме на основите на резолуцијата и да ги отстраниме сите дополнителни прашања, кои впрочем и ги создаваат најсилните емотивни реакции. Јас сакам да бидам отворен и искрен кон граѓаните и да им порачам дека ова не е лесен спор. Но со отвореноста и со решителноста спорот повеќе да не се злоупотребува во политички цели, мислам дека имаме добра шанса да го решиме и со тоа да ја надминеме грчката блокада на нашите интеграции. Се разбира, не ги потценувам штетите што Македонија ги трпи како држава од овој спор, и постојано при нашите средби во претставници на други држави и организации потенцираме дека Македонија ги исполнува критериумите, а сепак страда поради грчките попречувања. Но сакам да стане јасно дека исто толку е штетно политизирањето на овој спор за внатрешни партиски цели, при што се промовираат катастрофални сценарија за Македонија и сосила се отвораат идентитетски прашања.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=21876
02-01-2010, 07:41 PM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#4

Del od intervjuto na Papandreu dadeno na Vechernje novosti od Belgrad:

Kako ćete rešiti vaš nesporazum s BJR Makedonijom?

- Grčka želi definitivno razrešenje za pitanje imena BJRM, i naš stav, naša nacionalna crvena linija, jasni su. Preduzeli smo važan korak ističući da ćemo prihvatiti ime sa geografskom kvalifikacijom. I očekujemo da naš sused uradi slično, i sretne se sa nama na pola puta. Što se tiče pitanja imena, ili ćemo naći obostrano prihvatljivo rešenje radeći blisko, zajedno, u duhu saradnje pomažući našim narodima da se približe jedan drugome, ili ćemo nastaviti da obnavljamo problem zauzimanjem ekstremnih stavova i činiti od nacionalističke (ili čak iredentističke) retorike našu svakodnevnu političku hranu.

http://www.novosti.rs/code/navigate.php?...=papandreu
04-01-2010, 04:38 PM
Reply
poprushev Offline
Super Moderator
******

Posts: 157
Joined: Dec 2009
Reputation: -3
#5

Ushte edn dokaz deka tandemot Ivanov -Gruevski cvrsto stoi na pozicijata da se vratat pregovorite vo ramkite na rezolucijata 817 :

Quote:Жестока дебата во ЕП за спорот за името



21.01.2010 10:21



Состанокот на делегацијата на Европскиот парламент, на кој требаше да се подготви Мешовитиот парламентарен комитет ЕП-Македонија, заврши со жестока дискусија меѓу германските и грчките европратеници околу спорот за името.

Наместо, како што побара претседателот на Комитетот, германскиот европратеник Јорго Шацимаркакис, да се дебатира за напредокот на Македонија, расправата се фокусира на прашањето за името, пренесува Радио Дојче веле - програма на македонски јазик.

Веднаш по воведното излагање на амбасадорот на Република Македонија при Европската унија, Блерим Река, дискусијата излезе од контролата на претседавачот, најмногу поради острите спротивставени ставови за името.

Амбасадорот Река, нагласи дека земјата ги исполнила сите услови за почеток на преговорите за членство во Европската унија, но се соочува со прашањето на името, кое се претвори во „непишан“ критериум кој може да го закочи процесот на евроинтеграциите на Македонија.

Во мојот говор реков дека и нашата Влада и нашето целокупно општество укажуваше и досега, и ќе продолжи со конструктивноста, да се најде едно заедничко решение. Но, во рамките на Привремената спогодба од 1995 година, чиј член 11 исто така кажува дека првата страна, односно Грција, нема право и има обврска да не го кочи зачленувањето на Македонија во меѓународните организации“, изјави амбасадорот Река.

Од друга страна грчките европратеници Јоргос Кумуцакос и Ани Подимата, поддржани од бугарскиот Евгени Кирилов, во повеќе наврати инсистираа на добрососедски односи, барајќи од македонските власти да се воздржат од провокации кон соседите. Според нив, проблемот со името не е само билатерален. Кирилов побара да се испита, која од двете страни покажува конструктивност и подготвеност за компромис.

Германските европратеници Мишел Крамер и Мартин Кастлер, заедно со романката Моника Маковеј, пак, тврдеа дека станува збор за исклучиво билатерален проблем, неразбирлив за другите, но кој ја блокира Македонија на патот кон НАТО и ЕУ. Тие побараа спорот за името да не ја попречува Македонија во евроатлантската интеграција.

„Не можеме да сфатиме, ова е голем проблем бидејќи ветото на Грција против Македонија за членство во НАТО, за нас е неразбирливо. Тоа е тема на голема дискусија меѓу двете земји, што е потребно, но ние сакаме да решаваме други проблеми,“ нагласи Мишел Крамер.

Грчкиот европратеник и потпретседател на делегацијата на ЕП, Николас Салавракос, од редовите на грчката ултарнационалистичка партија Лаос, слично како и неговиот политички лидер Караџаферис, провокативно побара од македонскиот амбасадор да ја именува неговата земја според привремената референца, на што амбасадорот категорично одговори.

За мене тоа е Република Македонија и јас сум амбасадор на Република Македонија и тоа е уставното име на мојата земја. Јас само така ќе ја нарекувам“, нагласи Река.

Салавракос најави дека нема да патува во Скопје на 18 и 19 февруари на состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет.

Претседателот на делегацијата Јорго Шацимаркакис, пак, најави дека тој ќе биде присутен во Скопје.

„Очекувам да зборуваме за содржината на напредокот во економијата, реформите и заштитата на природната средина, спроведувањето на Охридскиот договор и правата на малцинствата“, рече Шацимаркакис.

Не сакаше да зборува за спорот со името, претходно велејќи дека се уште постои првичниот елан по изборот на новата грчка Влада.

Тој ја повтори неговата идеја за улогата која може да ја игра Хавиер Солана за изнаоѓање на решение за името за време на шпанското претседателство со ЕУ.
A1


Vakvi nastapi vo odbranata na poziciite na Makedonija vlevaat nadez za uspeh.
(This post was last modified: 21-01-2010, 03:26 PM by poprushev.)
21-01-2010, 03:24 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#6

Eve gi stavovite na George IVanov:



21-01-2010, 09:25 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#7

Иванов даруваше крв во чест на Тоше


[Image: ivanov-krvodaritel.jpg]

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов вчера даруваше крв во рамките на крводарителската акција што се одржа во Републичкиот завод за трансфузиологија, организирана по повод роденденот на македонската музичка легенда Тоше Проески. „На овој начин, со личен пример да го продолжиме она дело што тој го почна, да се биде хуман и да се помага во секој поглед“, изјави Иванов, кој не го пропушти ниту завчерашниот концерт во чест на Тоше.



Navistina ubav gest od pretsedatelot, zarem ovaa ne e za pocit ????
(This post was last modified: 26-01-2010, 02:37 PM by poprushev.)
26-01-2010, 05:57 AM
Reply
poprushev Offline
Super Moderator
******

Posts: 157
Joined: Dec 2009
Reputation: -3
#8

Quote:Папандреу: Грција не блокира, туку сака решение за името



26.01.2010 13:54
Јоргос Папандреу


„Грција не сака да блокира, туку сака да го реши проблемот со името“, изјави денеска грчкиот премиер Јоргос Папандреу, одговарајќи на прашањето на Андреј Жерновски од ЛДП, на седницата за пратенички прашања во Европскиот парламент.

Папандреу истакна дека овој проблем е тежок, но дека мора да се изнајде заеднички прифатливо решение и дека тоа решение ќе се случи во скоро време.

„Време е да направиме чекор напред“, рече Папандреу, одговарајќи на поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани, која се интересираше дали гледа промени во однесувањето на премиерот Никола Груевски и дали има причини за оптимизам.

Според грчкиот премиер, соработката и преговорите мора да продолжат, а агендата 2014. со која се предвидува сите земји од Западен Балкан да бидат вклучени во Европската унија, важи и за Македонија.

„Со оваа агенда ќе дадеме дополнителна динамика за спроведување на реформите, но и за решавање на билатералните проблеми што постојат меѓу земјите на Балканот“, рече Папандреу.

Тој уште еднаш ја повтори грчката позиција, едно сложено име за севкупна употреба и изрази надеж дека и од македонска страна ќе бидат прифатени неговите иницијативи.
26-01-2010, 02:13 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#9

Primetiv edna rabota !!!!!
Da ne ideme podaleku , da go zememe ovoj nastan so daruvanje na krv na pretsedatelot.
Sto i da napravi covekot tolku malku ce se spomene, duri i da ne se cue...
A koga bese Branko, toa samo se zborese, se kitea rabotite....
Jas ne se secavam dali toj podari nekogas krv, za dolgogodisnoto negovo vladeenje....
Ili od negovata krv se plasea da ne go zatrue narodot...sto od dim, sto od alkohol ili pak kokaince...
Vaka poubavo, bez negova krv pozdrav narod.
28-01-2010, 04:28 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#10

Interju na Predsedatelot Ivanov koe treba da se vidi. Da se vidi kako treba da nastapuva Predesdatel na drzava. Onaa shto nitu Branko nitu Kiro nivo son ne mozele da go storat.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mI...ticleId=92


Obrnete vnimanie na toa shto zboruva Prededatelot Ivanov a shto pishuva Kramarska-, voopshto nespomenuva za OPERA i LABRADOR..

Quote:Што чита македонскиот претседател?

Познатиот радикално десничарски хрватски портал „нецензурирано“ е омилено четиво на Ѓорге Иванов

Соња Крамарска

„Читајте ’necenzurirano.com’ - таму ќе ги најдете сите сценарија за Македонија и за Балканот, може да прочитате и многу други работи“. Вака му препорача претседателот Ѓорге Иванов на новинарот Роберт Поповски во неодамнешното интервју во емисијата Х/О на телевизијата Канал 5. Иванов го препорача овој веб-портал со нескриен ентузијазам на редовен проследувач на содржините што се објавуваат таму и нивен страстен консумент, кој до таа мера не се сомнева во релевантноста на материјалот што се реши и јавно да го препорача како извор за информирање.

Се распрашавме и ние за рејтингот на овој портал на хрватската и на балканската сцена, кој би требало да е висок и со ниво на кредибилитет што е достоен да биде редовно четиво на еден шеф на држава.

Сопственик и главен и одговорен уредник на порталот е Домагој Маргетиќ, контроверзна личност на хрватската новинарско-политичка сцена. Има репутација на радикален десничар. Го опишуваат истовремено и како политичар и новинар. Познат е по тоа што тврдел дека шефот на кабинетот на хрватскиот претседател во заминување Стипе Месиќ бил поврзан со исламските терористи, а негова омилена реченица била дека исламските терористи се во срцето на хрватската политика.

Маргетиќ е и претседател на Партијата на хрватските бранители, двапати осуден од Хашкиот трибунал заради откривање идентитет и сведочења на заштитени сведоци.

На врвот на веб-порталот е ликот на Бруно Бушиќ, хрватски националист што е убиен во Париз, во 1974 година од страна на југословенската тајна полиција.

Познавачите на овој портал велат дека при читањето на неговите содржини е потребна голема внимателност и познавање на областа и на контекстот на темата што се обработува. Во спротивно може да се консумираат многу грешки, подметнувања и неточни работи.

Пронајдовме и што нуди веб-порталот како сценарија за Македонија и за Балканот. Имено, тој предвидува подем на радикалниот ислам на Балканот, пораст на организираниот криминал, постепено распаѓање на некои држави и целосна парализираност на западниот свет по прашањето за кризата на Балканот.

Во рамките на тие предвидувања порталот тврди дека по Косово, каде што е завршен процесот на целосна муслиманска земја, за една генерација и Албанија ќе дојде на исто ниво, а овој процес ќе биде изразен и во Црна Гора, Македонија и во Босна и Херцеговина, така што веќе во следната генерација на население овие пет балкански држави ќе имаат доминантна муслиманска популација.

Конкретно за Македонија и за Црна Гора порталот тврди дека заради иселувањето во западните држави и поради зголемениот природен прираст на муслиманско население во следните десет години во овие две земји ќе се води битка за превласт меѓу муслиманите и немуслиманите околу доминацијата во општеството. Тоа ќе ја зголеми можноста од судири и крвопролевања и политичка радикализација и кај двете заедници - муслиманите и немуслиманите.

Порталот вели дека денеска во Македонија живеат 36-37 отсто муслимани и дека нивниот број во следните десет години ќе надмине 45 отсто што ќе биде причина судирите во Македонија да почнат побргу отколку во Косово.

Понатаму, necenzurirano.com тврди и дека во Албанија, Косово, Македонија и во Санџак постои традиционална поделба на муслиманите на сунити и шиити и оти поголемиот дел образовани муслимани во Косово и во Македонија се припадници на шиитската заедница.

Познавачи од областа на националната безбедност велат дека е скандалозно еден шеф на држава да се повикува во која било форма на безбедносни информации добиени по таков пат.

„Скандал без преседан е еден претседател на држава, со целиот државен апарат и специјализираните служби што му се на располагање, со сите податоци што му пристигнуваат на неговата работна маса, да чита и да се повикува на ваков алтернативен веб-портал со прилично низок кредибилитет на податоците од областа на безбедноста“, оценува познат универзитетски професор од Скопје со искуство во безбедносната сфера.

Професорот вели дека на претседателот прв и релевантен извор за таков вид информации треба да му бидат службите и државниот апарат, а не веб-портали што обработуваат теми за глобални заговори.

„Не ни останува ништо друго освен да ги распуштиме државните служби“, саркастично констатира нашиот соговорник.

Во еден неодамнешен настап Иванов рече „Македонија ниту ја помина транзициската фаза ниту се ослободи од националните спреги на мафиите“ - оцена што беше оквалификувана во политичките кругови како несоодветна и недолична за вокабуларот на шеф на држава, која веќе дваесет години избира влади и претседатели на непосредни избори. Дали и оваа негова оцена е инспирирана од necenzurirano.com ?

Претседателот Иванов во истото интервју на Канал 5 изрази големо сомневање во новинарите од Македонија носејќи копии од нивни статии во весниците за кои смета дека ќе и' послужат како доказ на Грција во одбраната пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Рече и дека редовно чита грчки медиуми и по аргументацијата што ја понуди произлезе дека повеќе им верува на грчките медиуми отколку на македонските, затоа што во домашните, наводно, имало многу шпекулации. Тој сугерираше дека интересот на државата треба да им биде на прво место на новинарите. Но, новинарите го следат патот на вистината, а не на државата.
30-01-2010, 01:29 AM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#11

Go gledav intervjuto na Pretsedatelot, gi procitav i ovoj i naredniot tekst na novinarkata.
Moe viduvanje e deka G-not Ivanov navistina ima mnogu maka, namesto da razmisluva Makedonija kako naj dobro da ja pretstavi i sto povece da sraboti...toj na sekoj cekor ima sopki...
Prvo, novinarot sto go viknal vo studioto namesto da bide popristoen, toj navistina pokaza kolku ne e dostoen i ne
profesionalen da vodi intervju so prv covek vo drzavata.
Vtoro, novinarkata sto barala milsenje od univerzitetski profesor....mozebi e toa G-not Frckovski.

Site treba da svatime , deka toj e covek koj uste 4 godini i kusur ce ne vodi...taka da namesto da go ismejuvame i da go sopnuvame, da mu go rascistime patot i da mu dopustime sto poubavo da si ja sraboti rabotata za koja sme mu dale doverba.

A za toa sto pisuvalo na sajtot "necenzurirano", jas ne gledam nesto sto za nas e strasno. A sto se odnesuva za sopstvenikot na portalot... pa koj e sopstvenik i na nejze....pa i taa samata si pisuva od iskustvo deka mora da pisuva po nalogot na nejziniot sef, se izvinuvam gazda...
30-01-2010, 04:06 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#12

(30-01-2010, 04:06 AM)mence Wrote: A za toa sto pisuvalo na sajtot "necenzurirano", jas ne gledam nesto sto za nas e strasno. A sto se odnesuva za sopstvenikot na portalot... pa koj e sopstvenik i na nejze....pa i taa samata si pisuva od iskustvo deka mora da pisuva po nalogot na nejziniot sef, se izvinuvam gazda...


Novinarkata Kramarska, manipulira so toa shto zboruva shto ima na sajtot http://www.necenzurirano.com i za sopstvenikot Domagoj Margetikj. Predsedatelot Ivanov, samo go spomna popatno http://www.necenzurirano.com, bideki na toj sajt izlegoa transkriptite od svedochenjata za "OPERA" i "LABRADOR" del od planot YUTA koi gi iskazal na soslushuvanjeto vo Hrvatska agentot na KOS Radenko Radojchikj i vo koi materijali za Makedonija se zboruva ne taka malku. ama Kramarska za "OPERA" i "LABRADOR" ni zbor a toa go kazuva Predsedatelot Ivanov...

Vo Hrvatska se otkrieni okolu 1700 agenti na KOS koi sorabotuvale vo planot YUTA. Posebno poglavie se NOVINARITE gi ima preku 100.

Kolku ke izlezat vo Makedonija....????? koga konechno ke se "propee"nekoj od "OPERISTITE".......
(This post was last modified: 30-01-2010, 04:41 AM by mara-popara.)
30-01-2010, 04:41 AM
Reply
NACIONALIST Offline
Senior Member
****

Posts: 485
Joined: Dec 2009
Reputation: -11
#13

MOre tie novinarite nasi jas bi strelal eden po eden, tia samo si gledat seir so drzavata, se podbucnuvaat i rabotat za grcki interesi,a koga im rece pretsedatelot deka Gejcite bas nivnite izjavi ke gi koristat za nivna odbrana vo sudot vo hag, e togas im padna neubo i pak pocnaa da lajat za kako pretsedatelot gi navredil ili ova ili ona, more za niv treba kako vo iran, da mu se napise na hartija i toa da go izjavat, vo sprotivno satorot.
30-01-2010, 02:01 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#14

(30-01-2010, 04:41 AM)mara-popara Wrote:
(30-01-2010, 04:06 AM)mence Wrote: A za toa sto pisuvalo na sajtot "necenzurirano", jas ne gledam nesto sto za nas e strasno. A sto se odnesuva za sopstvenikot na portalot... pa koj e sopstvenik i na nejze....pa i taa samata si pisuva od iskustvo deka mora da pisuva po nalogot na nejziniot sef, se izvinuvam gazda...


Novinarkata Kramarska, manipulira so toa shto zboruva shto ima na sajtot http://www.necenzurirano.com i za sopstvenikot Domagoj Margetikj. Predsedatelot Ivanov, samo go spomna popatno http://www.necenzurirano.com, bideki na toj sajt izlegoa transkriptite od svedochenjata za "OPERA" i "LABRADOR" del od planot YUTA koi gi iskazal na soslushuvanjeto vo Hrvatska agentot na KOS Radenko Radojchikj i vo koi materijali za Makedonija se zboruva ne taka malku. ama Kramarska za "OPERA" i "LABRADOR" ni zbor a toa go kazuva Predsedatelot Ivanov...

Vo Hrvatska se otkrieni okolu 1700 agenti na KOS koi sorabotuvale vo planot YUTA. Posebno poglavie se NOVINARITE gi ima preku 100.

Kolku ke izlezat vo Makedonija....????? koga konechno ke se "propee"nekoj od "OPERISTITE".......

Pos23 [color]ah bre mara-popara... me iznenaduvash so tvojot naiven optimizam. makedonskite "operisti" imaat "vistinitis" (bolest koja se manifestira so dva simptomi: glasot im se vakja sekoj pat koga treba da za zapejat vistinata i nivnata lojalnost kon Srboslavija)![/color]

Zbor dva za intervjuto na Ivanov so tokmakot Robert Popovski: pameti li nekoj vakov tretman da imal kiro gligorov vo racete na "novinar"? Sramota za nekulturata koja ja pokazha kon funkcijata Pretsedatel. I vtoro: sekoj pat Ivanov koga ke mu odgovoreshe so argumenti, kopukot se brani: "ama zosto mene me karate?"
30-01-2010, 02:10 PM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#15

(30-01-2010, 02:01 PM)NACIONALIST Wrote: MOre tie novinarite nasi jas bi strelal eden po eden, tia samo si gledat seir so drzavata, se podbucnuvaat i rabotat za grcki interesi,a koga im rece pretsedatelot deka Gejcite bas nivnite izjavi ke gi koristat za nivna odbrana vo sudot vo hag, e togas im padna neubo i pak pocnaa da lajat za kako pretsedatelot gi navredil ili ova ili ona, more za niv treba kako vo iran, da mu se napise na hartija i toa da go izjavat, vo sprotivno satorot.

Predeseatelot Ivanov pozitivno iznenadi so poznavanjeto na mentalitet i nachinot na razmisluvanje na ludjeto od zapad. Vo intervjuto tolku ubavo i jasno se otcrtaa dva mentaliteta, dve svakjanja: ednoto na Predsedatelot Ivanov, veke kompatibilno so razmisluvanjata na zapadniot demokratski svet. I vtoroto plastichen primer na novinar koj e obuchuvan za propagndni celi i shirenje dezinformacii-"OPERIST". Predesedatelot posochi dva ARGUMENTIRANI primera za nekorektoto i tendenciozno izvestuvanje. Argumenti koi novinarcheto se obide da gi ignorira so: "ama toa ne se dokazi", fotografija na koja e Predesedatelot Ivanov i Poglavarot G.G. Stefan ne bile dokaz...E sega shto e napraveno svesno podmetnuvanje. Pa za izvestuvanjeto od sredbata na Predesedatelot Ivanov so verskite poglavari od Makedonija se podmetnuva fotografija od kabinetot na G.G. Stefan e za novinarcheto sluchajna greshka.
Ushte edna rabota koja ja sokrivaat "nezavisnite"mediumi". Po anketata na IRI vo Predsedatelot Ivanov doverba imaat preku 40% od ispitanicite.
30-01-2010, 02:36 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#16

Naj golema cest i priznanie na novinar sekade vo svetot e da pravi inervju so shef na drzava...
Toj za toj moment treba da bide spremen i svojot gostin so trpenie da go soslusa na svoite prasanja..... A po zavsruvanjeto , site novinari treba sto imaat da kazat da si go kazat na svoj nacin vo svojot medium....
Koga ce ti dojde gostinot vo kuca treba da go precekas, i Pretsedatelot na ovoj novinar bese gostin....ama domacinot pokaza golema ne kultura..i toa za sekakva kritika...
Me iznenzdi Pretsedatelot so negovoto drzanje, pokaza deka toj novinar ne e dorasnat da pravi intervju so shef na drzava...

I nesto za kraj... Za vo idnina lugjeto od kabinetot treba da vnimavaat na kakov novinar ce prifatat Pretsedatelot da dava inervju...
Ovoj e navistina novinar koj ne e dorasnat za toa.
30-01-2010, 08:12 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#17

Гледајќи го итервјуто се сетив на нешто:

Поповски го прашува Иванов дали ќе има предвремени избори.

Сум се изјаснил од порано дека воопшто не сум поддржувач на Грујовски, оти човекот не е многу поразличен од тие пред него. Но, на основа на што бара Поповски и неговата тајфа предвремени избори? Во Македонија Уставот јасно отцрува услови во кои може или мора да има предврмени избори. Еден од условите е доколку граѓаните направат инцијатива и соберат "одреден" број на потписи мора да има избори во рок од 60 дена. Ако ме служи памтењето мислам дека во пролетта 1996 имаше токму ваков случај. Тогаш "непарламентарната" опозиција собра преку 250 000 потписи на петицја за предвремени избори. Петицијата беше отфрлена, не можам ни да се сетам по која основа и избори немаше. И никому ништо.

Има ли денешнава опзиција уставно право да бара прдвремени избори кои ја чинат државата небројани пари? Или кому му е гајле за државни пари - важно јас да си се доркепам до некаква си позиција!

Да не бидам сватен како реваншист - јас само прашувам под која уставна основа се бараат предвремените избори од страна на сестра Љубе и "Нисам Ту" Црвенковски? Мислам дека не постои членка на Уставот на РМ која го дозволува ова на "жими мајка". Но знаејќи дека Уставот е пишан (или преведено од Српски - измочан) од македонската мома за "све" Љ.Д. Фрчкоски нема да ме чуди и таа работа!

Ги молам подобро упатените да исправат било какви грешки во мојот пост.
01-02-2010, 01:42 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#18

Eve dva natpisa vo dve novini okolu imeto i eden blog:

Prviot e italjanski vesnik:

http://www.osservatoriobalcani.org/artic...811/1/216/

Vtoriot e Germanski Der Spiegel:

http://www.spiegel.de/international/worl...67,00.html

Ovaa e izjava na Avstriski diplomat koj se nudi da pomogne vo sporot:

http://www.eubusiness.com/news-eu/macedonia-austria.2e2

Ovaa e blogot na Anglicanka Jullien Frisch za koja sporot e glupost:

http://julienfrisch.blogspot.com/2009/11...-word.html
01-02-2010, 03:54 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#19

Ovaa e intervjuto na Antonio Milosovski za Newsweek:

http://www.newsweek.com/id/129146

Ovaa e izjava dadena od poranesniot sef na NATO za sporot megu Makedonija i Grcija:

http://news.xinhuanet.com/english/2008-0...907399.htm
01-02-2010, 04:21 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#20

Ovaa izjava e dadena od poranesniot sef na NATO, prensena od FxNews:

http://www.foxnews.com/wires/2008Mar03/0...te,00.html
01-02-2010, 05:18 PM
Reply