Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 10 Vote(s) - 4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПЕТРЕВСКИ БАРАЛ РУШВЕТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Карадак го обвини Петрески дека барал рушвет, Петрески најави тужба

Четврток, 04 Ноември 2010

[Image: naslovnaaco.jpg]

ШОКАНТНИ ОБВИНУВАЊА НА БЛАГОЈА КАРАДАК УПАТЕНИ КОН ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД, ПЕТРЕСКИ НАЈАВИ СУДСКИ ПРОЦЕС ПРОТИВ КАРАДАК

[Image: DSCF1421.jpg]

Бараше станови во комплексот на старата автобуска станица, за да ни даде дозвола за градба, во изјава за Супер Радио го обвини денеска градоначалникот на Охрид Александар Петрески, сопственикот на градежната фирма „Карадак", Благоја Карадакоски.
Карадакоски за радиото тврди дека Петрески има нелегално заработено повеќе станови.

- Јас незнам каде тој ги најде становите. Ние работиме па немаме, а тој каде наоѓа станови не знам и тоа е чудно? Од мојата фирма нема добиено стан, а има побарано - не еднаш, туку повеќе пати, вели во изјавата емитувана во вестите на Супер Радио Карадакоски и додава.

- Петрески сакаше и местото кај Автобуската да ми го земе. Дојде заедно со Албанците од Струга, но јас ги избркав. Ова е прв градоначалник кој го направи овој чин. Се закануваше и на изборите - ако не гласате ќе ви ги затворам фирмите, обвинува Карадакоски.

- Ние не ги прифативме таквите уцени и тоа е причината за лутината на Петрески што сега не удира како што сака - изјави Карадакоски за радиото.

Карадакоски во обвинувањата продолжува понатаму и тврди дека принципот на работа во Локалната самоуправа во Охрид, започнува, најнапред, со условување, додека приоритет биле партиските и личните интереси на мал број луѓе блиски на градоначалникот.

Карадак го обвини дека му барал станови за дозовли, Петрески најави тужба против Карадак

[Image: aleksandarpetreskinaslovna.jpg]

Градоначалникот Петрески, пак, вели дека ваквите обвинувања се неосновани и најави дека ќе поднесе тужба за изречените невистини.

- Ако тој кажува дека јас или службите сме барале нешто друго, тоа се тешки обвинувања и целосно ги отфрлам. Доколку постојат тие снимки дека мене ме обвинува за мито или корупција, јас ќе го дадам на суд да одговара за клевета - рекол Петрески за радиото и додал

- До ден денес сопствениците на фирмата „Карадак" се по судови со пријави затоа што градеа спротивно на законите за градба. Друг таков пример во градов немаме. Во последниве пет години немат добиено никаква согласност за градба, вели Петрески.

- Кога јас дојдов за градоначалник, му укажав дека ќе мора да се прилагоди на законските прописи, затоа што нема да му помини на тој начин како што тој сакаше. Има 5 години како нема никакво барање од „Карадак" за изградба на зграда затоа што знае- ако побара ќе треба да ги исполни законските прописи, одговара Петрески на обвинувањата од страна на сосптвеникот на градежната фирма „Карадак", Благоја Карадакоски.

Супер радио

ИЗВОР
(This post was last modified: 06-11-2010, 04:18 AM by ЈорданПетровски.)
06-11-2010, 04:15 AM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#2

Аце Петрески е познат по своите гафови,ама и овој пат не заборавил да остави свој печат Icon_razz...затоа се каат од СДС што во таков град им остана шутраков.
(This post was last modified: 06-11-2010, 04:31 AM by Makedonec.)
06-11-2010, 04:31 AM
Reply