Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
kade se sega sportskite sociolozi???
Author Message
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,424
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#1

Ne mozam a da ne zabelezam, kade e aktivizmot?
Dali treba samo da se pisuvaat kolumni za internet casopisi i da se seta po beliot svet na racun na FSM.
Mora nesto da se stori pred nekoj da zagubi zivot.
[quote]
Протеран вистинскиот навивач

Македонија нема квалитетен спорт. Поразителен факт што го признаваат сите, а се отсликува од натпревар на натпревар преку празните трибини. Но, тоа што го протера вистинскиот навивач од арените е дивеењето на хулиганите, кои на трибините доаѓаат со разни мотиви, но најмалку спортски.

Македонските спортски арени се' повеќе служат за политичка пресметка на неистомисленици или припадници на различни етникуми. Нема кој да ги казни групите од по неколку стотини навивачи кои го тероризираат спортот и ја имаат главната улога со познатиот вокабулар, кој не заслужува да му се отстапува простор во медиумите.

Федерациите немаат храброст да расчистат со ваквото неспортско, некултурно и нецивилизирано однесување на стадионите, иако дисциплинските правилници пропишуваат казнени мерки. Луѓето што ова треба да ги спроведат, уште подлабоко ја нурнуваат главата „во песокот“ - малку гледаат, ништо не слушаат. На трибините не се појавуваат ниту челници на Фудбалската федерација, освен ако не извршуваат некоја делегатска или супервизорска функција што им носи пари. Членовите на Федерацијата кои патуваат низ европските центри и гледаат на самото место како тоа го решиле или го решаваат другите, искуствата не ги пренесуваат дома.

Никаде ги нема и клубовите. Ги користат навивачите само за да дојдат до краткорочни резултати, жртвувајќи го долгорочниот интерес трибините да станат пристојно место, каде што ќе доаѓаат на забава цели семејства. Тоа ќе им ја полни и клупската каса.

Фудбалот во оваа битка со испадите е најзасегнат. Обидите со кампањите на ФИФА и УЕФА да се смени сликата се сведуваат само на кадросување пред камерите. На терен не се работи.

Обидот со организиранато носење на најмладата популација на фудбалските терени, но само за време на Европското првенство за девојчиња што се одржа летоска во Скопје, беше добар, но без ефект, иако ФФМ може да се пофали дека го соборил рекордот по гледаност на женскиот фудбал. Акцијата треба да продолжи и во националните шампионати. Само така на тие млади луѓе може да им се менува свеста.

Во проветрувањето треба да се вклучат и државните институции и експертите. Паралелно со едукацијата што ќе ја вршат социолозите, треба итно да се донесе закон чии казнени одредби ќе го подзамислат секој престапник пред да помисли да дивее на трибината и надвор од неа.

Бркањето на полицајците со хулиганите треба да добие поинаков тек. За да престане еднаш засекогаш.

Драган Николовски
[quote]
06-11-2010, 02:13 AM
Reply