(29-10-2010, 07:39 AM)toni_a Wrote: (29-10-2010, 04:40 AM)Вовата Wrote: Държави и територии, малчо, не се освобождават. Държави се окупират, превземат, унищожават и създават. Освобождават се луѓе во овия држави, кои се чувствуват потиснати. Не можеш да осЛободиш некој кој се чувствува свободен.
Прашанието на територията на Бановината како се били работите. И така:
Окупирали сме част от Югославия, наричана официално Южна Бановина. Со таа окупация не сме освободили сите луге на таа територия.
....
замена на еден поробувач (угнетувач,зло) со друг!
бугарија всушност,тоа време, не е ништо друго освен инсталиран странски апарат од страна на Германија. и тоа не на цела туку на дел од територијата.
државата Македонија се создава при ослободувањето од странските режими и власти (тој период), додека самата идеја за слободна,независна и обедината Македонија влече многу постар корен.
Денешната Република Македонија, која вие сте ја признале, е плод на стремежот и борбата на МНОЗИНСКОТО население (етникум) од таа територија.
да беа грци,бугари,срби или албанци ,ќе направеа: северна грција,западна бугарија,јужна србија или источна албанија.
--------
секој окупатор или поробувач (поново време), за да си ги оправда постапките (особено меѓу своите редови) - прво ги легализира!
креира,манипулира и извртува, кое подоцна му служи како основа за подигнување навидум легални и оправдани барања.
“софистициран лоповлук“ - ако може така да се нарече. крадецот фатен на дело, се правда - НЕ, не украдов туѓо, туку си вратив мое.
и во истиот дух до ден денешен си продолживте ...
Мислата ти е логична, но содржината неточна.

Цела преродбеничка елита од Македонија на крај на 19-от век и почеток на 20-век, национално се декларира како Бугари ( со некои исклучоци), а целата се залага ( и левицата и десницата) за Независна Обединета Македонија. Тоа се факти која ја кажуваат нашите угледни историчари ослободени од удбашкото влијание.
Еве што вели проф.др. Зоран Тодорвски по тоа прашање:
Дел од јавноста и некои Ваши колеги историчари Ве обвинуваат дека промовирате зборник за човек кој се чувствувал како Бугарин. Кој наш револуционерен деец му противречел на Александров по тоа прашање?
- Речиси никој. Уште робуваме на поделбата на леви и десни. Во етничка, во национална смисла сите биле со исти сознанија, со иста свест. Во таа смисла не можеме да правиме разлика меѓу левите и десните. Уште робуваме на такви ненаучни и селективни поделби и ставање на црни листи, со коишто нашите историчари прикриваат одделни негативни страни на личностите што ги проучувале, на своите херои, за да не се урнат нивните митови. Па затоа тие така реагираат на зборник на документи, којшто всушност не го виделе. Тоа само говори за нивната општа човечка култура, а да не говориме за академска и историска етичност. Сè уште робуваат на старите сознанија, на приказните, и им пречат документите. Речиси сите наши дејци, од левицата и десницата во етничка смисла биле исти, сите се декларирале за Бугари. Исти биле и за самата идеја, целта на организацијата - самостојна, независна, обединета Македонија. Меѓутоа во методот и средствата за постигнување на истата цел, се разликуваа. Левите се залагаа за ослободување и создавање на автономна, независна и самостојна Македонија по легален пат, а десницата, односно Тодор Александров сметал ако не може да се дојде до слобода по легален пат, да се применат и револуционерни средства, или поточно да се дејствува преку вооружените четнички акции на организацијата. Би сакал да подвлечам, независно како некој се чувствувал, може да биде Французин, Русин, Ерменец, важно е за каква цел се борел во однос на Македонија, а тоа несомнено било, како што се потврдува од бројните документи на Тодор Александров - за самостојна, независна Македонија. Тоа е и денешниот идеал, да опстои нашата Република Македонија. Идеалот треба да биде ист и кај Албанците, Турците, Ромите, Власите, Србите. Да се зачува интегритетот на независна и суверена Република Македонија, без разлика кој како се чувствува.
Новинарот Виктор Цветаноски обидувајќи се во „Утрински весник” да спротивстави бугарска (Тодор Александров) и македонска кауза, вели: „Сандански ја застапувал тезата дека треба да се работи меѓу македонскиот народ и на теренот да му се објаснува дека тој е посебен народ...”?
........................
- Никаде Сандански нема таква изјава. Тој имал исти погледи и ставови како и другите македонски дејци од левицата и десницата, и тој се сметал за Бугарин. За него има малку документација, има повеќе другите што пишуват за него. И она малку што го напишал, кога кажува за населението во Македонија, никаде не спомнува македонски народ како посебен етнос, туку дека: „Во Македонија живеат Бугари, Турци, Албанци...”
Основно правило при проучувањето на историјата е да се обрне посебно внимание на изворот и на времето, кој го напишал или изјавил и кога, во какви политички околности. Во последните 60 години кај нас, во услови на еднопартиски комунистички систем, знаеме од каква провиниенција беа изворите и како требаше да се пишува. На пример, се цитира наводна изјава на Анастас Лозанчев: „Тодор Александров убил повеќе луѓе отколку што загинале за време на Илинденското востание”. Кој го рекол тоа? Кога го рекол? Тоа е многу значајно. Потребен е документ за потврда на веродостојноста. Тогаш и сега секој може да изјави, да каже нешто без каква било последица. Велат Тодор Александров убил стотици души. Денес никој не се прашува, по Втората светска војна нашата комунистичка власт - Тито, Колишевски, Страхил Гигов, Крсте Црвенковски, Вера Ацева - колку луѓе убиле тие? Никој не се прашува!? А, тие се народни херои, споменици им изградивме, не се чепкаат, уште се живи, имаат големи пензии. Никој не се прашува, колку луѓе испратиле на Голи Оток, колку беа стрелани и убиени без судење во Идризово. Тука не се прави никаква паралела. Кој е на власт, тој го диктира правецот на историјата и диктира какви споменици треба да се градат.