Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 3 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Говорот на Иванов во Стразбур!
Author Message
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#1
1cool 
' Wrote:Говорот на Иванов во Стразбур - прва отворена критика за дволичноста на Западот
РЕДНО БЕШЕ ПОСЛЕ ТОЛКУ ВРЕМЕ НЕКОЈ ДА ИМ ГО ПЛЕСНЕ ВО ЛИЦЕ.


Иванов: Европските институции не ги почитуваат принципите за човековите права кон граѓаните на Македонија

Според отвореноста и директноста во пораките денеска претставниците на советот на Европа слушна крајно невообичаен говор од еден претседател на земја претседавач. Претседателот иванов ја глорифицираше улогата на конвенцијата за човекови права усвена пред 6 децении но истовремено без влакно наа јазикот забележа дека многу од нејзините начела не функционираат кога е во прашање Македонија.
Она што многумина овде во Стразбур изненади беше и забелешката кон дел од европските институции кои кон Македонија водат двојна игра. Од земјата бара да ги прифаќа механизмите кои произлеагуваат од конвенциајта но кон неа не се однесува според истите правила за кои јавно се залага.

- Денес ви се обраќам како Претседател на земјата претседавач на Комитетот на Министри на Советот на Европа, но истовремено и избран претставник на граѓаните на Република Македонија. Денес, кога ги славиме бројните и неоспорни придобивки од Конвенцијата, ние во Македонија преку Охридскиот рамковен договор не само што ги почитуваме туку и ги надградуваме воспоставените стандарди на Конвенцијата. Сепак, морам да нагласам дека дел од овие принципи во некои Европски институции не се применуваат кон нас, кон граѓаните на Република Македонија, пред се поради политички притисок од една земја членка. Ваквиот меч со две острици повеќе боли кога удира во најсветлата придобивка од демократијата – човековите слободи и права, но особено човековото достоинство, рече Иванов.

Македонскиот претседател пред претсатвници на 47 земји членки на најстарата европска организација се присети на периодот од пред 15 години кога одредени политичари на земји членки се обидувале да го оспорат правото на македонските граѓани на самоидентификација. Затоа тој како што рече денес е горд што како Претседател на Република Македонија, но и како Македонец, во името на сите држави членки на Советот на Европа, може да испрати пораки за промоција на човековите права во Европа, на неговиот мајчин македонски јазик.

- Денес, нема ниту една држава, ниту една влада и ниту една сила која може да им го оспори правото на Македонците да бидат Македонци, бидејќи човековите права се и посилни и потрајни од минливоста на одредени влади или одредени политичари, рече Иванов.

Во својот говор кој требаше да биде протоколарен, а заврши како јавно обвинување Иванов побара Советот на Европа да влијае на спроведувањето на одлуките на Меѓународниот суд за човекови права. Со тоа индиректно го прозва Стразбур дека недоволно ја притиска Софија да дозволи регистрација на ОМО Илинден- Пирин.

Иако кабинетот на Иванов очекува реакции по конкретните забелешки упатени од претседателот на прес конференцијата денеска првиот човек на ОН не го коментираше говорот на Иванов. Само кратко кажа дека се сретнал со министерот Милошоски и претседателот Иванов и дека продолжуваат напорите за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за името. Нема реакција ниту од грчка страна. Се очекува нивните претставници да реагираат по консултациите со Атина. Оценките на македонската администрација се дека Македонија ја искористила соодветно историската шанса рамноправно седејќи на иста маса со високи светски личности, прилика која поради спорот со Грција нема скоро да ја има во НАТО и ЕУ. Во својот невообичаено остар говор за европски прилики, Иванов денеска ја раскажа македонската вистина. Дали промента на македонската тактика при настапи на меќународн сцена ќе донесат резултат ќе се види веќе наредниве недели кога се оечкува интензивирање на реториката поврзана со спорот за името и со приемот во НАТО и ЕУ.

Канал 5 во Стразур, Горан Момироски

http://www.kanal5.com.mk/default.asp...&eventId=66102
(This post was last modified: 20-10-2010, 11:05 PM by Makedonec.)
20-10-2010, 11:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:"Претседателот Иванов ја глорифицираше улогата на конвенцијата за човекови права усвена пред 6 децении но истовремено без влакно наа јазикот забележа дека многу од нејзините начела не функционираат кога е во прашање Македонија."

Е тука требело да продолжи вака: ако причината за таквиот непринципиелен однос на ЕУ кон Македонија лежи во причината што и Македонија не почитува некои одредби од конвенцијата за човекови права а посебно: Резолуцијата на ЕУ од 2 април 2009 година, за европската свест и тоталитаризмот, која пак, се повикува на Резолуцијата 1481 од 26 јануари 2006 година. Македонија тоа го прави заради влианието, од една соседна земја чии протекторат е Македонија. Зато ја повикувам ЕУ да ни помогне да се ослободиме и да трнеме по вистинскиот пат на демократијата .....

Се надевам дека некој ке ме надополни...
21-10-2010, 12:46 AM
Reply
Пат Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,630
Joined: Apr 2010
Reputation: 39
#3

Мене тој говор малку ми наликува на говорот на Георгиевски во Крушево, ако ме разбирате што сакам да кажам.
21-10-2010, 01:02 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#4

Говоров на Иванов е само продолжување на сервирање на истите лаги и глупости кои му се сервираат на Македонецот со децении: дека некој друг е виновен.
Македонската влада ја стави државата по оваа позиција на потчинетост благодарение на Времената Спогодба. Во следниве денови ќе ја објавиме колумната на Шакале која ја руши лагата на власта - а во тоа влегува и говорот на Иванов.

Не е проблем што нашите државници имаат или немаат "влакна на јазикот" - проблемот е дали тие обвиненија се испраќаат на правилната адреса.
21-10-2010, 01:51 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,481
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#5

(21-10-2010, 12:46 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:"Претседателот Иванов ја глорифицираше улогата на конвенцијата за човекови права усвена пред 6 децении но истовремено без влакно наа јазикот забележа дека многу од нејзините начела не функционираат кога е во прашање Македонија."

Е тука требело да продолжи вака: ако причината за таквиот непринципиелен однос на ЕУ кон Македонија лежи во причината што и Македонија не почитува некои одредби од конвенцијата за човекови права а посебно: Резолуцијата на ЕУ од 2 април 2009 година, за европската свест и тоталитаризмот, која пак, се повикува на Резолуцијата 1481 од 26 јануари 2006 година. Македонија тоа го прави заради влианието, од една соседна земја чии протекторат е Македонија. Зато ја повикувам ЕУ да ни помогне да се ослободиме и да трнеме по вистинскиот пат на демократијата .....

Се надевам дека некој ке ме надополни...
ЕУ нема да ни помогне, на давеник кој може да те повлече и тебе во водата, ако скокнеш да му помогнеш(прво биди сигурен дека си посилен од него па скокај), во спротивно фрли му појас за спасување.
Не дека Европа немаше можност или не пробала да ни помогне.
Самиот факт што ЕУ припремила тужба против Грција ми дава право да мислам дека ЕУ чекала на нас ние да издржиме додека неможело повеќе да се издржи(можело-самиот доказ е Груевски(за него во друга прилика, во оваа само тоа што народот иако тој не прикажа нешто посебно е зад него иако сега се многу полоши условите во Македонија),мислам дека тие сакале и да ни помогнат и образот да си го сочуваат.
Може само самите себеси да си помогнеме, со стегање на ременот на цела една генерација, а од друга страна завршување со комуњарите(оние кои раководеа и оние кои имаа најголема корист од приватизацијата).
Кога овие внатрешни услови бидат остварени тогаш може да се оствари Македонското единство на внатрешен план.
Зад ова единство, верувам, ќе застане и секој добронамерен Албанец во Македонија.
Кога би имале вакво вистинско единство што и да се одбере како државна стратегија на Македонија би и цветале розите.
Само уште Розите од Бихаќка да сватат дека со ПЕТОКОЛОНАШТВО базирано врз одолговлечување на заслужените затворските казни
на нивните членови, што поради гревовите од претходниот режим, што поради гревовите од ветеранството во ОПЕРА, што поради гревовите од ПРИВАТИЗАЦИЈА-ОГРАБИЗАЦИЈА, нема далеку да стигнат.
РОЗИТЕ мора да сватат дека со спиновите од типот - ајде да му набиеме комплекс на Македонецот дека е неспособен и немоќен со тоа што ќе си направиме закон да било кој ни ги спомене нашите кодоши да лежи затвор или Македонска Антипропаганда со доведување на Грчки Шовинисти на Македонско тло прикажувајќи ги нивните интереси за здраворазумски и разбирливи, а истовремено прикажувајќи се себеси како бранители на Македонските интереси (експериментот на А1 во Охрид).
За новинарите еве вака
http://politiken.dk/newsinenglish/ECE108...in-doctor/
За ремените да дообјаснам, кога ќе се процесираат сите оние криминално одлеани пари и и се вратат на државата и на граѓаните.
Тоташ ќе мора да се створи Суверен Фонд кој ќе инвестира во економија на ТРЕТ БРАН(THIRD WAVE) за да може државата долгорочно да опстане. Ременот тогаш ќе мора да се стегне затоа што ќе мора и тогаш а и сега да се води принципиелна и не 'рбетовиткачка политика, тоа значи долгорочно од Европа ништо да не очекуваме, или ништо добро попрецизно кажано.
Да се излезе од ОУН под вакво име(БЈРМ) и да се аплицира под Р. Македонија (според предлогот на вашата групација).
Внатрешно, во Македонија мора секоја инвестиција да се врти околу МАКИНОВА,
http://www.wired.com/magazine/2010/01/ff_newrevolution
да се разбереме, да го цитирам Норберт Винер кој вели дека ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД ЧОВЕКОТ КОЈ НЕМА ШТО ДРУГО ДА ПРОДАДЕ ОСВЕН СВОЈАТА ФИЗИЧКА СНАГА, ВСУШНОСТ И НЕМА НИШТО ДА ПРОДАДЕ ШТО НЕКОЈ БИ САКАЛ ДА МУ ГО КУПИ.
Доста беше одлевање на паметни у принципиелни луѓе надвор.
Главен ослонец мора да биде образованието.
Тоа мора да биде базирано врз спознавањето(awareness), малдите луѓе да уште од најмали нозе го гледаат светот со отворени очи полни со љубов, со одсаство на страв од било што.
Само кога ќе докажеме пред себе си дека вредиме, само тогаш ќе им докажеме и на другите дека сме вредни и дека вреди да се биде сојузник со нас.
(This post was last modified: 21-10-2010, 02:26 PM by montehristo.)
21-10-2010, 02:23 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#6

Quote:НЕЗАВИСНОСТ? МИЖИ ДА ТЕ ЛАЖАМ! (осми дел)1
четврток, 21 октомври 2010 16:49




Text Ante
При решавање на било каков проблем потребни се четири основни чекори: согледување на фактот дека постои проблем, идентификување на проблемот, планирање на решение на пробемот и спроведување на решението. Проблемот не е во мислењето премногу, туку во недостатокот од истото.



Л Е Ж Е Ќ И М И Л И Ц А Е Ц
(почеток)



“Никој нема право да и’ одредува на една држава како таа ќе се вика... Нашиот конечен одговор е – не... Остануваме Република Македонија.” Киро Глигоров, 9 мај 1992 година

Во шестиот дел од серијалот, “Пропали Абортус”, потенциравме дека македонската власт почна да “бара меѓународно признавање” откако се исцрепеа сите опции за мирно зачувување на целоста на СФР Југославија, притоа, алудиравме дека “независноста” на Македонија, беше сторена чисто од тесно српски интереси.

Бидејќи едно од правилата на Природата е дека секоја акција има своја еднаква реакција, секој потег во себе носи вроден ризик. Па затоа, кога српското раководство реши од Македонија да направи “магаре” држава, кое ќе продолжи биде продолжена рака на истото и ќе се користи за финсирање на воениот напор во Хрватска и Босна и Херцеговина се здоби и со ризикот кој го носеше истиот потег: додека власта сакаше само да глуми независност и демократија, а реално задржувајќи го истиот систем на владеењне кој веќе беше воспоставен, добар дел од македонското граѓанство сакаше вистинска македонска независност и вистинска демократија каде што сите граѓани ќе се еднакви пред законот и државата и каде што нема да има потреба од полтронизмот како мерка за успех.



ЦРВЕН АЛАРМ ЗА ЦРВЕНАТА БУРЖОАЗИЈА

Главна опасност за планот на Црвената Буржоазија спроведен низ Оперативниот Проект “ОПЕРА” преставуваше Западот. Попрецизно, брзината со која САД и ЕУ се обидоа да придобијат што е можно повеќе новоформирани држави од бифшиот комунистички блок преку брзо признавање на нивната новостекната независност и прием во НАТО и ЕУ, со цел да се уништи комунизмот кој на Западот му претставуваше (и се’ уште му претставува) огромент внатрешен проблем.Секако, приемот на Македонија во НАТО во 1992 би бил смртоносен удар за Милошевиќ, бидејќи со тоа би ја изгубил линијата на снабдување, бидејќи со станувањето дел од ЕУ и НАТО, Македонија ќе мора да се држи до ордедени стандарди на: демократија, борба против организираниот криминал и транспарентност. Прво и основно, македонските србокомунисти се обидоа саботажата да ја сторат преку неразјаснетостa во барањето на признавањето на независноста од меѓународната заедница:
Како една од новите држави, Македонија беше од интерес за Западниот блок.
“Најновите збиднувања околу признавањето на независноста откриваат одделни недоречености, па дури и кај нас треба да се преиспита дали формално е направено се’ на планот на барањето на Македонија за признавање. Се јавуваат одделни земји кои велат дека Македонија легитимно не се претставила во однос на барањето за признавање или пак тоа го прави полуофицијално.” (Никола Кљусев 18 декевмри 1991 година.)

Бидејќи овој метод реално можел да биде само краткорочно купувење на време, потребна беше мерка која ќе биде трајна брана во процесот на македонските интеграции. Тогаш во играта влегоа вековните сојузници на Србија, нашите јужни душмани – Грција.

Тука мора првин да разбиеме еден мит - митот дека Македонија претставува некаква голема интересна свера на глобалната политичка сцена. Да не се створи слика на контрадикорност ќе појасниме дека додека Западниот блок сака да ја има Македонија како дел од своето семејество, тоа не е поради некаква специјалност што ја поседуваат Македонија како територија или Македонците како народ, туку Западот ја сака Македонија поради причината што сака да ја распротсрани својата идеологија на демократски капитализам како што Западот го сваќа, како и поради желбата за успех на идејата за единствена Европа и единствен свет. Причината за ова е многу проста: нестабилните, недемократски и назадни држави како Република Македонија претставуаат економски проблем за Западот, бидејќи:
•се финансираат преку криминални дејанија – како што во Македонија тоа е случај со шверцот на цигари, шверцот на дрога и шверцот на оружје кое завршува на европските пазари;
•му пречат на Западот во обидите на запре војна – како што беше во случајот со војните помеѓу СР Југославија и Хрватска и БиХ;
•заради лошата економска состојба жителите на државите како Македонија заминуваат во Западните држави и таму дел од нив се вклопуваат во криминалното општество, дел од нив земаат социјална помош, додека и делот кој се етаблира во системот повторно ја чини државата поради различните правни процеси како и проверки кои мораат да се запазат дури тие луѓе да се етаблираат;
•заради постојаното испраќање на финанскиска помош кон државите како Република Македонија која што никако не раѓа плод;
•заради скапоста на граничните, царинските и системите за заштита, како и на скапоста на визните режими кои се потребни поради државите како Макеоднија;
•и низа други слични практични причини.
Овие работи ние од Групацијата на Ветерани Дисиденти ги знаеме многу добро бидејќи живееме во Западните држави на ЕУ и Северна Америка. Ние кога гласаме на избори во нашите држави на живеење сме загрижени со прашањето како се трошат општествените пари кои државата ги собира во име на даноци. Секако, иако ова е тешко да се сфати во Македонија поради константното индокринирање дека Западот е искварен, на Западот навистина постои дух на Христијанска хуманост кој што е во дијаметрална спротивност на духот на бескурпулозна себичност во кој не’ воспитува комунизмот.

РАМКА 1

ПЕНЗИОНИРАН ГРЧКИ ГЕНЕРАЛ ТВРДИ

"САД пред 10 години сакаа Македонија да биде протекторат"

Пензионираниот грчки генерал Никос Грилакис, советник за безбедност на поранешниот премиер на Грција Констандинос Мицотакис, тврди дека американската разузнавачка служба ЦИА длабоко била вмешана во балканските збиднувања во 90-тите, јави Бета.

Генералот, во својата книга "Откривам" тврди дека уште во почетокот на 90-тите години во Вашингтон се ковале планови за уривање на комунизмот на Балканот, а еден од плановите предвидувал Македонија да биде американски протекторат. Грилакис е искусен разузнувач, обучуван во САД и во Израел, а делови од неговата книга вчера објави грчкиот социјалистички весник "То вима". Тој тврди дека грчкото раководство и "христијанските партии" во Македонија постигнале договор Република Македонија да се вика "Славомакедонија" и со тоа да се затвори прашањето за името. Но, САД го блокирале тој предлог бидејќи веќе имале поинакви планови за Македонија.

- Американскиот Стејт департмент уште тогаш сакаше од Македонија да направи свој протекторат, што сега и се случува. Мицотакис веќе постигна договор со Владата и со партиите во Скопје, но на договорот се спротивстави американскиот посредник за решавање на спорот Сајрус Венс - тврди генералот Грилакис.






СО ЕДЕН КАМЕН ДВЕ ГАЛАБЧИЊА

РАМКА 2

ХРОНИКА НА ЕДНА НАЈАВЕНА ПРОМЕНА

Зошто ќе ни го сменат името?

...
Нивниот шовинизам, пак, може да се согледа не само кон нас, Македонците, туку и во неодамнешната војна во БиХ, кога грчки доброволни единици (речиси отворено помогнати од властите во Атина), учествуваа во геноцидот што Србите го извршија во Сребреница во 1995 година.
...
Токму затоа, Грција, свесна дека поседува нешто туѓо, нешто што не е нејзино, а е земено со крв и со генерациски трауми на домородното население, со сите сили настојува да го „завери“ пленот. Во изминатите децении тоа го стори преку договор со Србите, кои не дозволуваа да се артикулираат македонските национални интереси.
...
Трето, со прифаќањето да го промениме името, прифаќаме да не бидеме истите Македонци чии сонародници како малцинства живеат во Егејска и во Пиринска Македонија. Со таков чекор, ние практично и' даваме легитимитет на реалноста од Букурешкиот мировен договор, трајно откажувајќи се, односно одродувајќи се од деловите на сопствениот народ во соседните земји.

...
Патем, оваа трета причина е и главната поради која Бугарија нагласено е заинтересирана за решавање на нашиот спор со Грција во полза на Атина и веќе и не крие дека на меѓународните состаноци, особено во ЕУ и НАТО, гласа против Македонија, уважувајќи ги грчките ставови.

...
Теофил Блажевски (Авторот е новинар)


Првин да ја расчистиме лагата дека Грција беше таа што го измисли спорот со името. Напротив, Грција во 1992 година – а ни денес, нема корист од спорот со името со Македонија, освен фактот дека Грција, заедно, како Сојузници со Србија и Бугарија се окупатори на македонскиот народ и територијата на која тој живее, па како Тројцата Мускетари - "сите за еден и еден за сите" - имаат заеднички објектив по однос на македнското прашање - да остане status quo. Спорот со името го смислија, го промовираа на голема врата и го направија колосалниот проблем кој е “лежеќиот милицаец” кој го сотре во место караванот на меѓународното признавање на Македонија, како и нејзиниот прием во низа светски организации КИРО ГЛИГОРОВ и неговите копуци од Црвената Буржоазија, која што тогаш парадираше под псевдонимите Социјал-демократски Сојуз на Македонија и Сојуз за Македонија, а денес крева “востанија против бугарската власт во Македонија” – само зашто денешнава македонска влада и покрај својата Деветјуговиќка провиненција не е доволно четничка и србоманска, релативно ним, разбира се.

РАМКА 3

ГЛИГОРОВ ПОПУШТАЛ ЗА ИМЕТО

Но многу информации говорат дека Глигоров во тоа време сепак бил актер во дипломатската игра да се попушти во битката за името со Грција, а не да бара прием во ОН под уставното име. Ако се сеќавате, Васил Тупурковски беше тогаш испратен од страна на претседателот како негов специјален претставник во САД да работи на етаблирањето на Македонија. Но таму веднаш дојде до судир со лобито на Џон Битов. Во текстот на новинарот Дејвид Биндер, објавен на 4 јули 1992 г.во 'Њујорк Тајмс’, напишан по повод Лисабонската декларација, по која Македонија ја изгуби битката за името, се разоткриваат причините за тоа. Новинарот пишува дека "се’ до неодамна, САД и најголемиот број на влади на Европската заедница ја прифатија Република Македонија не само како нова независна држава, туку исто така и со своето избрано име. Но она што се променило, според европските дипломати и официјалните лица на американската администрација, била перцепцијата дека претседателот Глигоров бил спремен да направи некаков компромис по прашањето за името. Оваа перцепција била очигледно создадена од забелешките што пролетта истата година македонските лидери им ги кажале на европски официјални лица како и од страна на американски лобисти. Имаше индикации дека ќе има флексибилност, рекол висок член на Стејт департментот. Идејата за флексибилноста на Скопје била раширена минатиот месец од страна на Роберт Мек Фарлеин, поранешен советник за национална безбедност на САД, кој бил ангажиран пред неколку месеци како лобист од страна на македонците. По посетата на Глигоров на Вашингтон во средината на мај, Мек Фарлејн рекол дека ќе има договор, односно Глигоров гледа потреба за таков дил. Мек Фарлејн бил платен за својата работа од Џон Битов"...


За линк од оригиналниот текст од New York Times кликни тука.

Како мерка за справување со вродениот ризик на акцијата, ризик кој го споменавме погоре, ова беше уште еден генијален потег од страната на Милошевиќ и неговите македонски лангури, бидејќи со еден камен отепа две галабчиња: ем ја сотре македонската евроатлантска интеграција, која што во 2010 година е на истото место каде што беше во 1991-та; ем Западот се отсликува како ентитет кој има антимакедонска агенда, со што просечниот Македонец во 2010 година има посилни симпатии спрема Србија, Русија и неокомунистичкиот блок одошто тоа беше случајот во 1990 година. Тука дури спаѓаат и оние кои пред дваесетина години се изложуваа на ризиците кои одеа рака в рака со јавното искажување на својата про-западна провиненција. А сето ова резултира и се очекува да кулминира во повторно возобновување на некаква Југославија. На ова се надоврзуваат тврдењата на Јанко Бачев, за кои тој вели дека има документи дека:

“Освен за наводното шпионско минато, Бачев на Керим тогаш му забележа и за неговиот политички бекграунд, кој бил крајно контроверзен, бидејќи во 1990 година, кога тогашната прва македонска влада ги повика да се вратат сите наши дипломати од Белград, да и помогнат на младата македонска држава, Керим не се одѕвал. Наместо тоа, Керим преку кругови во „Генекс“, во поранешна СФРЈ фирма на УДБА за преземање разузнавачки задачи во странство, заминал во Париз кај Борис Вукобрат, близок до Милошевиќ, каде што требало да учествува во планот на тајната полиција да ја обноват Југославија, тврди Бачев.”, (14 октомври, 2010)

Забележете дека во август годинава пишувавме за “воскреснувањето на Југофранкенштајн”:

“Маршалот не беше лажго: "Ми градимо пругу, пруга гради нас!" Пругата што ја изградивме ние, сега гради нова Југославија. Од љубениците на проектот Југосвера - чиј прв чекор е железницата на Србите, Хрватите и Словеците, СХС - нормално, од естетски причини, за да не се крши симетријата М-то ќе е "немо" - ќе чуете дека "не се обединува Југославија, само нејзините пари". Железницата треба да почне да функционира на 1 октовмри оваа година, а треба да следи и Југолотарија, Југокошарка, Југофудбал 2020 и "тако даље, и томе сљично" - што би рекол Маршалот. Оние кои се поупатени и оние кои знаат да вржат две точки, знаејќи го правилото "следи ги парите" се од поодамна на јасно дека Југофранкенштајн беше неизбежната цел на политиката која се водеше на бифшо-идните Ју-простори, осбено ако се направи анализа на Србија, но уште поубаво на внатрешната и надворешната политика на Социјалистичка... пардон Бифша... пардон Југословенска Република Македонија.” ИЗВОР


Значи кругот полека, но сигурно се затвора.


Продолжува...

Во име на Групацијата на Ветерани Дисиденти

Шакале
22-10-2010, 01:47 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,134
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#7

Eden od golemite pricini zosto ne moze ili pak tesko deka ke ima dobrososedski odnosi megu Grcija i Makedonija e prasanjeto na dobivanje na Amerikanska finansiska i voena na Grcija,ako odnosite megu Makedonija i Amerika bidat na nivoto na protektorat,togas Makedonija ke ima mnogu dobra ekonomija od Grcija,i Grcija da ostane so prazni race.
Pricinata za ova e losata politika na George Papandreu vo 80-tite.Imeno do 1960-tite,Zapadot Grcite gi pomognuval mnogu finansiski i voeno i Grcija e promovirana za odlicna turisticka destinacija .Koga Grckata drzavna kasa pokazala uspeh PASOK na celo so Papandreu vetil deka ke gi potrosi parite vo socijalnata sfera(zdrastvo,skolstvo,penzii itn.)
Imeno trosenjeto vo ovie elementi vo drzavata se losi bidejki nema povratok na parite koi se potroseni,osobeno ako stanuva zbor za zemja sto ne e vo moznost samata da gi isplaka svoite obvrski kon svoite gragani,vtoro drzavnata birokratija e poobemna,treto stapkata na danokot se zgolemuva a tie davacki mozat da gi izdrzat samo golemi pretprijatija,dodeka golemite pretprijatija mozat da propadnat,poradi pregolemiot broj na vraboteni i nestabilnosta na pobaruvackata na nivnite proizvodi.
Vo 1970-tite Grckata vojska izvrsuva drzaven udar so cel da go neutralizira PASOK,koj otkako ke dojde na vlast vo 1980-tite ke gi socijalizira i ke ispolni vetuvanjata dadeni.Vo pocetokot takvata odluka donela dobar rezultat no so tekot na vremeto drzavnata kasa na Grcija se brgu izpraznila.
(This post was last modified: 26-10-2010, 01:45 AM by basilius_2.)
26-10-2010, 01:41 AM
Reply