Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 12 Vote(s) - 3.92 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Диети
Author Message
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#1

Трикови за гозба без грижа на совеста

Обилната исхрана во најстудените месеци од годината има долга традиција. Впрочем, каква е таа зима без раскошното празнично мени? Со нашите совети ќе можете добро да јадете и пиете а притоа да ја сочувате витата линија, и одлично да се чувствувате

* Минерална вода
Едноставно, но ефикасно: ако половина час пред јадењето испиете чаша вода, ќе го смирите апетитот и нема да го преоптоварите желудникот. Ќе уживате во секој залак, но автоматски порано ќе престанете да јадете. Така ќе го внесете и потребното количество течност, што во зима често се заборава.

* Ананас наутро
По јаболките, ананасот е втор на листата најдобри овошја во зима. Уште пред појадокот изедете дебела кришка свеж ананас. Причина е ензимот бромелин, кој ја забрзува размената на материите. Покрај тоа, калиумот, железото, магнезиумот, јодот и цинкот ќе го спречат насобирањето на масно ткиво.

* Кикиритки
Грицкањето кикиритки (без сол) за божиќните празници е навика од која тешко се одвикнува човек. Но не ни треба да се одвикнува, бидејќи кикиритките содржат биотин кој го спречува ненадејното силно чувство на глад и го одржува нивото на шеќерот во крвта! Само не претерувајте - максимум еден грст!

* Зелен чај
Овој чај е полн со доблести: го забрзува метаболизмот и ги согорева маснотиите, ги зајакнува врзивните ткива и убаво ве грее.

* Магдонос
Печива со сирење или јајца за доручек, печење за ручек итн. Кога можете, ставете во нив свеж магдонос - тој содржи етерични масла кои го подобруваат варењето и исфрлувањето течности од телото, и е извонреден сојузник во одржувањето на телесната тежина.

* Јаболки по јадењето
Тие содржат пектин, кој како сунѓер го впива мрсното од печената мисирка и калоричните торти и помага во нивното излачување од телото, пред да се наталожат како мал потсетник на божиќните гозби врз вашите колкови во вид на масни перничиња.

* Арома наместо маснотија
Наместо со павлака, чорбите и сосовите зачинете ги со коријандер, кардамом и со божиќниот зачин, цимет. Позитивна нуспојава: нема да ви помогне само во слабеењето, туку и јадењата ќе бидат повкусни.

* Еспресо
Шолјичка еспресо по јадењето ќе ви помогне полесно да ја сварите храната. Имено, тоа ќе го забрза метаболизмот и согорувањето на маснотиите.

* Портокали против маста
Чаша свежо исцеден сок од портокал пред јадење ќе го поттикне излачувањето на соковите за варење. Желудникот подобро ќе го свари празничното печено, а маснотијата побрзо ќе се исфрли.

* Ракија за варење
За чашка ракија по обилниот оброк не ви треба изговор, ако се работи за ликер од зачински билки. Тој ја подобрува циркулацијата во слузокожата на желудникот, што значително му ја олеснува работата. Освен тоа, се зголемува и лачењето на жолч, со што хемиски почнува разградувањето на маснотиите.
(This post was last modified: 06-01-2010, 12:00 AM by Пеницилин.)
05-01-2010, 02:19 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#2

Храна која природно го намалува чувството на глад


Еден од начините да го намалите прејадувањето и да го одржите чувството на ситост подолг период е да консумирате повеќе мали оброци дневно. Кога станува збор за контрола на апетитот, одредени намирници може да ви помогнат во отстранување на нападите на глад.

Бадеми
Висококалоричните грицки заменете ги со грст бадеми. Иако се богати со калории и маснотии, тие се одличен извор на протеини и влакна кои природно ја отстрануваат гладта. Се смета дека дел од маснотиите во бадемот телото воопшто не ги користи, што значи се намалува и внесот на калории.

Јаболки
Јаболка со средна величина има само 70 калории, а е богат извор на влакна. Јаболките се и извор на пектин, влакна кои не се варат па го забавуваат процесот на дигестија на храна што доведува до чувство на ситост.

Зобени снегулки
Здравиот појадок е важен дел од правилната исхрана, а една од најдобрите намирници за појадок и природен супресор на гладта се зобените снегулки. Богати се со влакна и се одличен извор на комплексни јаглехидрати кои го стабилизираат нивото на инсулин во крвта. Тие се варат бавно, па чувството на ситост трае подолго.

Јајца
Едно јајце има само 60 калории, а високопротеинскиот состав го прави природен супресор на гладта. Било да е варено, пржено, матено тоа е одличен избор за појадок, па дури и меѓуоброк.
20-01-2010, 02:38 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#3

Храна која природно го намалува чувството на глад


Еден од начините да го намалите прејадувањето и да го одржите чувството на ситост подолг период е да консумирате повеќе мали оброци дневно. Кога станува збор за контрола на апетитот, одредени намирници може да ви помогнат во отстранување на нападите на глад.
20-01-2010, 02:45 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#4

4 супер брзи зимски диети (1)

Преполните празнични маси оставија несакана трага врз вашата линија? Куртулете се од неа...

* Хипокалорична
Оваа диета со малку калории е соодветна за луѓе што многу време поминуваат седејќи, а забранета за трудници или додека интензивно се работи. Идеална е кога сакате да ослабете само 2-3 кила затоа што дозволува брзо слабеење без ризик по здравјето. Направете табела на калориите и почнете ја првата недела со мени од 800 калории. Втората недела смеете бројот на калории да го покачите на 1200. Оваа диета не држете ја подолго од еден месец.

Мени од 800 калории

* Доручек: кафе со немасно млеко + 50 г леб со домат и малку маслиново масло + 40 г немасно сирење или шунка
* Ручек: салата од зеленчук варен на пареа + месо или риба или школки или јајца + 1 овошка
* Вечера: порција варен или свеж зеленчук во салата + туна од конзерва или сардинини или сирење или шунка + 4 ореви или бадеми + 1 овошка

***

* Мајо диета
Најдрастична е бидејќи дозволува слабеење за до 8 кг во рок од 15 дена. Никогаш не држете ја подолго од 2 недели. Има исто толку критичари колку следбеници, меѓу кои има доста холивудски ѕвезди кои мораат брзо да симнат килограми за некој филм или аудиција. Забранета е ако имате проблеми со црниот дроб или холестеролот, поради секојдневното конзумирање јајца. Делотворна е во итни ситуации и мотивира, бидејќи резултатите брзо се гледаат, но досадна е, а се губи и мускулна маса.

Доручек: 1. недела: 1 или 2 тврдо варени јајца + домат + чај; 2 недела: чај или кафе + кришка леб или порција нарендан морков
Ручек: 1. недела: 2 тврдо варени јајца + овошје + 1 порција зеленчук или кравјо сирење; 2. недела: 2 тврдо варени јајца + месо со салата
Вечера: 1. недела: 2 тврдо варени јајца + овошје + зеленчук или кравјо сирење; 2. недела: 2 тврдо варени јајца + риба со салата.
24-01-2010, 11:41 AM
Reply
Vodno konche Offline
Senior Member
****

Posts: 601
Joined: Feb 2010
Reputation: 6
#5

Ако може да питам. Дали се пие боза в Македония. Аз бях в Скопие и Охрид, но не видях боза.
23-02-2010, 06:01 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#6

(23-02-2010, 06:01 PM)Vodno konche Wrote: Ако може да питам. Дали се пие боза в Македония. Аз бях в Скопие и Охрид, но не видях боза.



Ima boza vo Makedonija, uste se pie samo normalno vo mnogu pomal procent od porano. Obicno ja ima vo slatkarnici onie klasicnite, ne od ovie sega moderniziranite.
24-02-2010, 03:21 AM
Reply
Vodno konche Offline
Senior Member
****

Posts: 601
Joined: Feb 2010
Reputation: 6
#7

(24-02-2010, 03:21 AM)mence Wrote:
(23-02-2010, 06:01 PM)Vodno konche Wrote: Ако може да питам. Дали се пие боза в Македония. Аз бях в Скопие и Охрид, но не видях боза.



Ima boza vo Makedonija, uste se pie samo normalno vo mnogu pomal procent od porano. Obicno ja ima vo slatkarnici onie klasicnite, ne od ovie sega moderniziranite.
Боза се пие значи само во Бугариjа и МакедониjаIcon_wink Во Турция имат нешто подобно но е с бел цвет и не е баш истото. Бозата е пуна со витамини особено от група В, има исто много микроелементи и фибри. Добра напитка, полезна. Лошото е, че во България започнаха да jа правят со подсладител а не со захар и това разваля вкуса. Но оште jа има истинската бозаIcon_wink
24-02-2010, 07:43 AM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#8

Суперпроизводи за рамен стомак


Со оглед на тоа дека полека, но сигурно ни доаѓа летото многу припаднички на понежниот пол веќе на големо се подготвуваат за костимот за капење. Не се доволни само вежбите, тука се и производите што докажано ги топат мастите. Ако сакате рамен и секси стомак, секако, дека е потребно да вежбате, но освен тоа можат да ви помогнат и суперпроизводите што докажано ги топат мастите на стомакот и придонесуваат за зајакнување на мускулите во тој дел од телото.

Јогурт

Во волшебната моќ на јогуртот многумина веќе се уверија, одличен е при надуеност, затоа што ја поттикнува работата на цревата и овозможува полесно варење. Експертите советуваат да се пие барем еден јогурт дневно.

Зелен чај

Три филџани зелен чај дневно го поттикнуваат метаболизмот и согоруваат 30 калории, велат експертите. А зелениот чај е добар и за топење на целулитот.

Авокадо

Авокадото содржи незаситени масти кои влегуваат во категоријата здрави масти, а истражувањата покажале дека е одлично за чувство на ситост и притоа не дебелее. Освен тоа се покажало и дека авокадото посебно добро делува на подрачјето околу половината и придонесува за намалувањето на масните наслаги во тој дел.

Боровинки

Неколку истражувања покажале дека боровинките се вистински антиоксиданс, кој го поттикнува побрзото согорување на калориите, а го забрзуваат и протокот на крв и го спречуваат таложењето на мастите, особено во делот на стомакот.

Чоколадно млеко[b]

Веројатно, дека сега се чудите и не можете ниту да замислите како е можно чоколадното млеко да помага. Имено, чоколадното млеко придонесува за изградба на мускулите, па затоа спортистите често го користат.


За оние кои не знаат што е булгур - тоа е делумно варена, сушена и крупно мелена пченица, а е одличен затоа што содржи влакна кои го помагаат варењето и метаболизмот.
07-06-2010, 03:33 AM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#9

Омилени, а опасни продукти

Можеби мислите дека посната храна ќе го спречи порастот на килограмите, но тие "безопасни" закуски додаваат вишок калории и ги нарушуваат вашето ниво на енергија, метаболизмот и расположението

Печен чипс

Зошто го сакаме: Печен е, не пржен, што значи 20 проценти помалку мрсно од обичниот чипс.
Скриена опасност: Иако ваквите компирчиња имаат многу помалку маснотии, тоа, сепак, значи само 40 калории помалку по пакување обичен чипс.

Лесен овошен јогурт

Зошто го сакаме: Мислиме дека е полн со калциум, протеини и со парчиња овошје.
Скриена опасност: Полн е со засладувачи кои можат да ви создадат желба за вистински шеќер. Резултат: се прејадувате.

Тост од бел леб со маргарин

Зошто го сакаме: Топлиот тост ве исполнува и ве задоволува, иако едно парче има само 80 калории (плус 29 од мала лажичка маргарин).
Скриена опасност: Белиот леб е едноставен јаглероден хидрат, и многу брзо се вари - за два часа пак сте гладни.

Сок од портокал

Зошто го сакаме: Сладок е, а чаша сок е полна со витамин Ц.
Скриена опасност: Во една чаша од 400 мл сок од портокал има двапати повеќе калории (176 килокалории) од оние во еден цел портокал (80 килокалории).

Мусли со чоколада

Зошто ги сакаме: Личат на ептен здрава закуска, полна со овес, ореви, со суво овошје и сл.. Збогатени се со витамини.
Скриена опасност: Полни се со шеќер, и затоа само накратко ќе ве исполнат, но не се долготраен извор на енергија.
16-06-2010, 12:27 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#10

Краставица за диета

Краставицата е дефинитивно едно од најнекалоричните јадење. Има само 14 калории. Па затоа, јадете краставици колку што ви скака душата. Краставицата е создадена не само за диета, туку и за оние кои имаат обичај постојано нешто да грицкаат. Добра е за срце, освежува, го снижува холестеролот во крвата. Подобро е да се јаде неизлуштена. Може да се јаде во било која салата. Краставицата оди во комбинација со секое јадење.
21-06-2010, 01:59 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#11

Со минерална вода намалете го апетитот

Едноставно, но ефикасно: ако половина час пред јадењето испиете чаша вода, ќе го смирите апетитот и нема да го преоптоварите желудникот. Ќе уживате во секој залак, но автоматски порано ќе престанете да јадете. Така ќе го внесете и потребното количество течност.
24-06-2010, 02:29 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#12

Лебот најмногу дебели

Секогаш кога ќе решите да ослабете, прва жртва е лебот, зашто е на глас дека е хиперкалоричен. Тоа е голема заблуда: во 100 грама леб нема повеќе од 150 калории.

ЗОШТО Е ТОА ПОГРЕШНО?

Лебот е составен од сложени јагленохидрати, вид на хранливи материи кои дебелат многу помалку отколку мастите, зашто организмот први ги согорува кога му треба енергија. Светската здравствена организација препорачува да се вклучат во секојдневната исхрана 250 грама леб. Освен тоа, се се повидливи предностите што ги носи исхраната со интегрален леб. Иако не дебели помалку од белиот (уште една предрасуда), интегралниот леб побрзо дава чувство на ситост поради високата содржина на влакната, кои се добри за работата на цревата.

ШТО ДА ПРАВИТЕ?

Лебот е основен прехранбен продукт речиси во сите култури, зашто го обезбедува организмот со енергија. Затоа не исфрлајте го од исхраната, само јадете го поумерено. Изборот, навистина, е голем: леб од нелупени зрна, интегрален, без сол, од зоб, р'жен, со мед, ореви, суво грозје... Би требало да се изедат барем 40 грама леб со секој од трите главни оброци.
09-07-2010, 12:43 PM
Reply
perfectford Away
Administrator
*******

Posts: 69
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#13

The Dukan diet

This high-protein type diet was created by French nutritionist and eating behaviour specialist Dr Pierre Dukan.

- The Dukan diet

This high-protein type diet was created by French nutritionist and eating behaviour specialist Dr Pierre Dukan.

How it works
Similar to a high protein diet, the Dukan diet has a 4-phase programme. It's high in protein, low in calories and also reduces your appetite. What’s more, the body’s absorption of protein leads to high calorie expenditure and allows weight loss without loss of muscle strength.
The programme also takes the post-diet period into account and helps you avoid putting weight back on when you return to a normal eating pattern.

The phases
- Pure protein attack phase: you only eat protein, i.e. meat, poultry, fish, seafood and fat-free dairy products. This phase lasts for 3 to 10 days depending on your target.
- Cruise phase: like the attack phase, only vegetables are gradually added to the protein. All that's off the menu are starchy foods (potatoes, sweetcorn, peas, lentils, green beans etc).
Then you alternate these 2 phases until you reach your desired weight (maximum loss 1kg per week).
- Consolidation phase: you return to normal eating as slowly as possible to avoid the dreaded yo-yo effect, reintroducing forbidden foods gradually. Allow for 10 days of consolidation for each kilo lost.
- Stabilisation phase: you eat normally, respecting two golden rules: have a pure-protein day once a week for life, and eat 3 tablespoons of oats and bran per day.

Foods allowed during phase 1
Meat (beef and veal), poultry without the skin on (apart from duck and goose), lean ham, fish, seafood, fat-free dairy products, water, tea and coffee can all be eaten in whatever quantities you want. All other foods are cut out.

Foods allowed during phase 2
The above mentioned foods and vegetables (apart from potatoes, rice, sweetcorn, peas, lentils, green beans and avocadoes).

A typical day during the attack phase
Breakfast: Unsweetened coffee or tea, either 1 or 2 low-fat yoghurts (fruit yoghurts if desired) or 200g fromage frais, and either 1 slice of turkey or ham with the fat cut off, or a boiled egg, or a bran pancake.
Snack: 1 yoghurt or 100g of fat-free fat fromage frais (optional).
Lunch: Seafood sticks, crab, 1 turkey escalope, and either 1 helping fromage frais or a bran pancake.
Snack: 1 yoghurt or 100g fat-free fromage frais (optional).
Dinner: Chicken liver or a hard-boiled egg, fish or shellfish, 1 yoghurt.

Results
The attack phase guarantees substantial weight loss.

Plus points
Weight loss is initially fast then controlled.
This diet includes a long stabilisation period.
The Dukan diet allows for 2 'pigouts' per week so you can have your cake, eat it and avoid getting downhearted!

Downsides
As phase 1 is very low in fibre, you may experience constipation.
The first phase has the same disadvantages as a high protein diet, notably the risk of deficiencies. It’s advisable to take vitamin and mineral supplements to avoid any problems.
You can eat as much egg and meat as you want during the early phases, and this could increase your cholesterol levels.

Warning
As with any diet, there is a risk of nutritional deficiency. Consult your doctor for advice on vitamin and mineral supplements.
10-07-2010, 12:49 AM
Website Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#14

ЗАБЛУДИ ПОВРЗАНИ СО ДИЕТИТЕ



[Image: 847B8991C8DCBB43BF3480AA7179B227.jpg]


Јадење пред спиење, прескокнување оброци, омилени слатки...


Доколку мислите дека здравата храна е здодевна, дека оброк пред спиење дебелее и дека не смеете да каснете колаче доколку сте на диета - се лажете. Ова се само некои од заблудите кога се во прашање исхраната и здравјето. Секогаш треба да имате на ум дека не можете да ослабите брзо и здраво, а и дека при секоја припишана диета постојат одредени заблуди кои се однесуваат на производите, тајмингот на јадење, а и на внесувањето на потребните витамини.


Прескокнувањето на оброците ја намалува килажата

За да може телото да ги врши нормалните функции, како и за побрз метаболизам потребно е да внесувате одредена количина калории. Доколку чуствувате глад или доколку мислите дека вашето тело е слабо поради недоволна исхрана во текот на денот, тогаш слободно јадете навечер. Само поради еден оброк пред спиење нема да добиете килограми плус. Се разбира, не треба да се прејадувате.

Прескокнувањето на оброците ја намалува килажата

Прескокнувањето на оброците е една од најголемите заблуди со кои се соочуваат припадничките на понежниот пол. Доколку мислите дека со прескокнувањето ќе го намалите вишокот килограми, тогаш се лажете. Прескокнувањето на оброците ја намалува можноста за нормално функционирање на метаболизмот, па најчесто жените кои го прескокнале појадокот за време на ручекот јадат повеќе, се со цел да го надоместат губењето на виталните состојки за нормално функционирање на телото. Запомнете дека прејадувањето е најголемиот виновник за вишокот килограми.

Премлади сте за да се грижите за здравјето и исхраната

Доколку консумирате здрава храна и имате здрави навики во младоста, тогаш бидете сигурни дека се грижите правилно за иднината на телото, а и со тоа го пружате посакуваниот отпор кон болестите. Со консумирањето овошје и зеленчук и останатите корисни намирници освен што ја регулирате тежината, вие и ги спречувате болестите кои се директно поврзани со прекумерната тежина.

Здравата храна е здодевна

Откријте храна што е вкусна и воедно добра за организмот. Потребна е мала организација, фантазија и желба за откривање на нови вкусови. Медитеранската кујна е еден од најдобрите примери со сите свои намирници кои се лесно достапни.

Добрите диети се без шеќер и со малку јаглехидрати

Ваквите диети се уште една невистина. Стручњаците сметаат дека токму оваа заблуда во осумдесеттите години во САД довела до зголемен број на предебели луѓе. Доколку на амбалажата на производот пишува без шеќер, прочитајте ја задната страна и проверете за што точно станува збор. Денес живееме во општество во кое маркетингот е главното оружје на пазарот, па бидете свесни дека компаниите ќе направат се за да продадат.

Никако не ги јадете вашите омилени колачи

Доколку во вашата диета стои дека не треба да ги консумирате омилените слатки, тогаш не очајувајте, бидејќи потребно е само да го намалите шеќерот. Доколку омилените колачи се многу калорични, тогаш сменете го рецептот и во нив ставете помало количество шеќер. Понекогаш смеете да си дозволите вкусен и сладок оброк.
02-04-2011, 09:04 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#15

(05-01-2010, 02:19 PM)mence Wrote: ....

* Ракија за варење
За чашка ракија по обилниот оброк не ви треба изговор, ако се работи за ликер од зачински билки. Тој ја подобрува циркулацијата во слузокожата на желудникот, што значително му ја олеснува работата. Освен тоа, се зголемува и лачењето на жолч, со што хемиски почнува разградувањето на маснотиите.

za vreme na dieti alkoholot e zabranet!

zabranet e osven eden den vo nedelata koj ke si go izbereme. toj den e den, koga moze se` da se jade i pie. toa e denot koj go sprecuva "Yo-yo effect"-ot
http://en.wikipedia.org/wiki/Yo-yo_effect

samo za pocetok, preporacuvam apsolutna apstinencija od alkohol, dodeka crniot drob se iscisti i zapocne da raboti (gori kalorii)...
a preporacuvam i apstinencija od koka-kola (osobeno onaa koja se vodi light),sekakvi dietalni produkti, produkti bez sekjer, weight watchers - iluzii, itn...
(This post was last modified: 14-07-2011, 06:07 AM by toni_a.)
14-07-2011, 06:01 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#16

(02-04-2011, 09:04 PM)mence Wrote: ...
Добрите диети се без шеќер и со малку јаглехидрати

Ваквите диети се уште една невистина. Стручњаците сметаат дека токму оваа заблуда во осумдесеттите години во САД довела до зголемен број на предебели луѓе. Доколку на амбалажата на производот пишува без шеќер, прочитајте ја задната страна и проверете за што точно станува збор. Денес живееме во општество во кое маркетингот е главното оружје на пазарот, па бидете свесни дека компаниите ќе направат се за да продадат.
...

jagleno hidrati debeleat. tie treba da se izbegnuvaat, te. samo sabajle i vo kombinacija so proteini na rucek. navecer apsolutna zabrana!

sekerot da,treba da bide izbegnat...ama edna daleku/mnogukratno postetna rabota e aspartamot koj go ima vo produkti "bez seker" (na pr. mastiki za dzvakanje).
http://en.wikipedia.org/wiki/Aspartame

(This post was last modified: 14-07-2011, 06:19 AM by toni_a.)
14-07-2011, 06:16 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#17

celata rabota se sostoi vo kontrola na pankreasot te. insulinot! ;-)
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%B...0%B0%D1%81

"insulinot sozdava glad"

tehnikata za uspesna dieta e da se spreci prekumernoto lacenje na insulin, zatoa sto pankreasot laci sekogas nesto poveke od potrebnoto kolicestvo koga jademe jagleni hidrati...
em ke jadete,em nema da bidete gladni pri "DIETATA" ;-)

DIETA = zdrava i pravilna ishrana

zatoa: proteini,zelencuk i ovosje(so odredeni isklucoci).
jagleni hidrati-umereno po sport, nasabajle i na rucek vo kombinacija so protein.
(This post was last modified: 14-07-2011, 06:35 AM by toni_a.)
14-07-2011, 06:29 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#18

(24-02-2010, 07:43 AM)Vodno konche Wrote: Боза се пие значи само во Бугариjа и МакедониjаIcon_wink Во Турция имат нешто подобно но е с бел цвет и не е баш истото. Бозата е пуна со витамини особено от група В, има исто много микроелементи и фибри. Добра напитка, полезна. Лошото е, че во България започнаха да jа правят со подсладител а не со захар и това разваля вкуса. Но оште jа има истинската бозаIcon_wink

vo bugarija nema VISTINSKA i vkusna boza! - kako prvo
kako vtoro: ako trgnes so BOZA da slabees Bravo
14-07-2011, 06:51 AM
Reply
Accipiter82
Unregistered

 
#19

Преку 10 различни диети - од еднодневна до диета според крвната група па кој сака нека експериментира
29-09-2013, 05:11 PM
Reply