Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 13 Vote(s) - 1.62 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЛАГА ДО ЛАГА ГЕРДАН АМА ГЕРДАНОТ ДА НЕ СТАНЕ "БЕСИЛКА"
Author Message
Администратор Online
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#1

Решивме да отвориме посебна тема по повод писмото на премиерот Груевски. Причина е неговиот повик во кој тој се противниците на лустрацијата ги бара на друго место: "Ајде противници на лустрацијата, Вие сте на потег!





Quote:Отворено писмо од Никола Груевски до противниците на лустрацијата

Што направивме, што не направивте, што ќе правиме, што не сакате да направиме

Почитувани,

Најпрвин би сакал да Ве потсетам дека законот за лустрација е донесен во време кога јас сум Премиер и кога пратениците од партијата на која сум и претседател се мнозинство во Собранието, како што впрочем беше ветено во програмата за избори, а самата ВМРО-ДПМНЕ е најсилен суштински подржувач на процесот. Претходно имавте 15 години како носители на политичките и општествени процеси во државата, истиот да го донесете и спроведете, но тоа од за мене непознати, но од за Вас сигурно познати причини не го направивте, со што пропуштивте златна шанса да расчистите со структурите кои со децении го кочеа општествениот развој, и кои во тие времиња е многу веројатно дека извршуваа битни и значајни општествени функции.
Деновиве, забележувам обид за повторно дезавуирање и опструирање на процесот кој тргна да се остварува, и тоа солидаризирани едни со други, едни преку други, од едни преку втори до трети и понатаму - ќе се препознаете сигурно, се со цел да ги прикриете сопствените слабости.
Премногу е провидно сценариото за пренасочување на вниманието, иницијално да ја поврзете лустрацијата со ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин да се обидете да ја притесните и отапите острицата на партијата која искрено и посветено сака да се спроведе овој процес. Веднаш ќе истакнам дека нема да не вовлечете во играта на дефокус и девалвација на процесот.
Игрите се исти како порано, не знам дали денес некој свири “Опера” или летаат “Сини птици”, дали повторно некој “мајор на КОС” пишува “Леток” или дали е некој во “Дувло”, и дали во поранешниот режим некој можел да биде амбасадор ако не бил во дослух со “сУДБАТА”, но имам чувство дека се изведува некоја нова “Северна трибина”(слушам дека ова е модерен термин за именување на сценарио преку кое една убава работа и процес се поматуваат од измислени игри за девалвација на истиот).
Се појавува информација дека некој пратеник, кој на времето бил висок функционер од или на ВМРО-ДПМНЕ, бил под лупа на Комисијата за лустрација. Колку што јас знам ваква официјална изјава од Комисијата нема. Загрижувачки е што една ваква дезинформација од извори со сомнителен кредибилитет или веродостојност веднаш се прифаќа од некои медиуми и политичари кои се под директна контрола на СДСМ како апсолутна вистина, а истата таа дезинформација е демантирана официјално од Комисијата. Во еден друг случај, што е многу пострашно за демократијата, некои структури пак истакнуваат дека имаат информации директно од Комисијата за лустрација и на нив се повикуваат, а Комисијата е независно тело. Прашувам како Премиер, од каде Ви се тие информации, кои во суштина испаѓа дека се дезинформации, од едно независно тело и тоа информации, а во суштина дезинформации, кои не се објавени туку се зборуваат само во кругот на членовите? Кои се инсајдерите, кои известувајќи Ве и а притоа дезинформирајќи Ве, меѓудругото прават и кривично дело?
Понатаму се е јасно. Нападни го ВМРО-ДПМНЕ, за да го затскриеш Уставниот суд за чиј член комисијата ЈАВНО се изјасни дека бил соработник на тајните служби. Обвини го Груевски дека ја кочи лустрацијата, за да не те обвини Груевски дека стана кристално јасно дека соработник на тајни служби од Уставниот суд му сруши цела палета на реформи и за да не постави прашање зошто Бранко Црвенковски го предложи за судија на Уставен суд тоа лице кое било соработник на службите и кој е тој центар на моќ кој се уште го диригира “соработникот”.
Како во “времињата на нашата сУДБА” обвинувањето ќе дојде од човек кој можел да ја спроведе лустрацијата, како Вацлав Хавел на кој се огледува на пример, и кој ако знаел, а како тогашен Премиер морал да знае затоа што имал можност за увид во досиејата, за некаков наводен “вмровски соработник” дали со тоа што не го решил тој проблем не направил зло кон ВМРО-ДПМНЕ на чиј дигнитет сега ме повикува? Ако некој од тајните служби пробал да прави пуч во 2000 година, дали за тоа е одговорен тогашниот лидер на УБК сега познат “читач на воени сведоштва”, и дали тој ќе биде пријавен? И конечно кој бил инспиратор на тој пуч, на кого тогаш му одговарало да ја симне ВМРО-ДПМНЕ од власт, кој бил тогашен лидер на опозицијата, и дали тој ќе биде пријавен за пуч?
И така доаѓаме до одговорот за тогашниот и сегашен инспиратор на сценариото за заштита на наследниците на УДБА. БЦ-лично и персонално, кој е во уплав затоа што еден демократски систем му ја откри недемократската шема со Уставниот суд, и кој повторно од Ауди(каква иронија) на автопатот Тетово-Скопје дава инструкции кои потоа му се пренесуваат на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ за тој свесно или несвесно, ама небитно, сакајќи или несакајќи одработува за левицата, а против десницата и демократијата. Апсурд е да се каже дека ВМРО-ДПМНЕ е против лустрацијата. Уште поапсурдно, а и сомнително е, во тој настап воопшто да не споменеш за кодошите на Црвенковски, кој по сопствено признание на сегашниот обвинувач за наводно кочење на процесот, ја уништил неговата кариера, а пробал да ја уништи и ВМРО-ДПМНЕ. Најапсурдно е да влезеш во сценариото на Бранко Црвенковски и да работиш за да ја симнеш ВМРО-ДПМНЕ од власт за да го донесеш СДСМ.
Јасно и гласно сакам да порачам. ВМРО-ДПМНЕ и јас како нејзин претседател сме најголеми подржувачи на процесот на лустрација – времето тоа ќе го докаже. Немаме никакви дилови ниту пак пазари со кои би се заштитиле лица кои прекршувале човекови права и уништувале човечки судбини. Затоа, ајде сите на лустрација, и тоа со јавни листи, и тоа со објави, и тоа со период до 2010 година, и тоа за секој кој има не само јавна функција туку и било каква општествена одговорна улога, и тоа веднаш. Затоа што лустрацијата важи само за лицата со јавна функција, а за лустрацијата да биде комплетна, треба како општество да најдеме модус за да ги разобличиме и лустрираме луѓето во политиката, кои денес немаат јавна функција бидејќи народот на избори им ја одзема довербата, а истите лица и сега работат во СДСМ во обид да ја вратат на власт со своето удбашко искуство. Сите кодоши да излезат на виделина тоа е нашата цел!
На крај уште едно потсетување, јас Никола Груевски прв поднесов изјава дека не сум бил соработник со тајните служби!
Ајде противници на лустрацијата, Вие сте на потег!

Со почит,

Никола Груевски
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
24-09-2010, 03:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

(24-09-2010, 03:58 PM)Администратор Wrote: Решивме да отвориме посебна тема по повод писмото на премиерот Груевски. Причина е неговиот повик во кој тој се противниците на лустрацијата ги бара на друго место: "Ајде противници на лустрацијата, Вие сте на потег!





Quote:Отворено писмо од Никола Груевски до противниците на лустрацијата

Што направивме, што не направивте, што ќе правиме, што не сакате да направиме

Почитувани,

Најпрвин би сакал да Ве потсетам дека законот за лустрација е донесен во време кога јас сум Премиер и кога пратениците од партијата на која сум и претседател се мнозинство во Собранието, како што впрочем беше ветено во програмата за избори, а самата ВМРО-ДПМНЕ е најсилен суштински подржувач на процесот. Претходно имавте 15 години како носители на политичките и општествени процеси во државата, истиот да го донесете и спроведете, но тоа од за мене непознати, но од за Вас сигурно познати причини не го направивте, со што пропуштивте златна шанса да расчистите со структурите кои со децении го кочеа општествениот развој, и кои во тие времиња е многу веројатно дека извршуваа битни и значајни општествени функции.


Можеби Груица оваа не го прочитал ShokShok


(22-09-2010, 09:34 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:ЛАГА ДО ЛАГА, ГЕРДАН ОД ЛАГИ, ГЕРДАН ОД ЛАГИ, ВЛЕЗНИЦА ЗА ИДРИЗОВО

[Image: Liar+Liar.jpg]

" Не сум задоволен од досегашниот тек на процесот на лустрација и сметам дека треба поенергично да се работи на тој план," изјави премиерот Никола Груевски.
"Лично, очекував побрзо да видиме одредени резултати и се надевам дека тимот кој е избран од Собранието ќе даде побрзи резултати и ќе биде поенергичен во својата работа" - рече Груевски.

Кога Премиер ќе даде ваква изјава секаде во демократскиот свет следат одредени промени во власта. Иако во нашиот случај формално се работи за комисија која не е под ингеренции на владата, комисијата директно зависи од волјата и соработката на неколку министерства во Владата, едноставно кажано од Владата.
Процесот на лустрацијата можеше да заврши одамна ако постоеше вистнска решеност кај Премиерот Груевски. Неспроведувањето на лусрацијата покажа дека Груевски е свесен оти лустрирањето на најнискиот и не многу важниот кодошки ешалон - кое тие го замислија и беа подготвени да му го продадат на народот како лустрација - нема да помине, туку дека луѓето бараат вистинска лустрација. Со тоа Груевски се најде во многу деликатна ситуација "угоре високо, удолу длабоко" - требаше/треба да влезе во војна против оние кои го донесоа на власт. А, тие не се толку наивни па, така, без конкретни средства за принуда на послушност да го донеле Грујо на власт. Овој мој заклучок е донесен врз база на постапките на Груевски и актуелната власт во врска со:
1. соработката на соодветните министерства со комисијата за лустрација и
2. случајот Јордан Петровски
Бидејќи од формирањето на комисијата за Проверка на факти па до одлуката на Уставниот Суд, Груевски имаше многу време, а ништо не се стори, само се поставува прашањато: Кој ја саботираше работата на Комисијата? Е, па кој? Оние кои требаше да и' ја олеснат и еспедоитираат нејзината работа. Кој не им даде простории? - Михајло Маневски. Кој не им даде сертификати - Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков...
Но, повеќе би се задржал на мојот случај.
а) Се обидов да поднесам иницијатива до комисијата за проверка на факти за да ја провери изјавата на предеседателскиот кандидат на СДСМ, Љубомир Фрчковски министер на МВР во времето кога ми е отворено досието. Комисијата заради немање на простории и безбедносни сертификати неможешњ да го прими случајот. Затоа иницијативата ја поднесов јавно преку весникот Нова Македонија. Како го замислуваше Груевски законот и неговата примена , по се само декларативно. Кандидатите за Председател на Р. Македонија беа обврзани да дадат изјави дека не соработувале, користеле, издавале налози за користење на СДБ во политички цели тие тоа го сторија но владата не ја исполни законската обврската, не им овозможи услови за работа. Зошто ли го стори тоа Груевски.

[Image: billy_liar_flier.jpg]

Напишав неколку написи, лично разговарав со Премиерот Груевски двапати. Пред скоро два месеци се обратив и до Министерот за правда, господинот Михајло Маневски, со укажување на флагрантниот фалсификат кој го стори јавната обвинителка Драгица Михајловска за да ја отфрли мојата кривична пријава. Одговор, превземање на конкретни мерки од овластените институции - нема. Дали ваквата постапка на Груевски и неговите министри говори за вистинска желба да се спроведе лустрацијата. Сигурно и категорично - не. Кога кон ова ќе се додаде и начинот, нераспределување на предметот скоро цела година-по распределбата смени на истражниот судија, од постапката која бев принуден да ја водам како предложен правен лек по отфрлањето на мојата кривична пријава, се' станува премногу јасно, одолговлекување за да постапката никогаш не заврши. Вистинската лустрација, односно процесот на откривањето и елиминирањето на творците на прогонот на политичките неистомисленици Груевски не сака, односно не смее да го спроведе.
Да појаснам каде е играта.
На првата страница од досието е документ кој кажува кои луѓе учествувале во формирањето на личното досие. Под број еден се наведени лица СО ПОЛНО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ вработени во СДБ односно ДБК кои учествувале во формирањето на личното досие по службена должност.
Под број два се наведени лица СО ПОЛНО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ кои учествувале во формирањето на личното досие односно ДАВАЛЕ ИНФОРМАЦИИ на СДБ односно ДБК, значи "КОДОШИТЕ" се јавно обзнанети и не би требело да има мака комисијата за верификацвија да утврди дали некој е кодош или не врз основа на тоа.
[Image: 2m2965x.jpg]
Од моето искуство - а сепак сите работи кои се случија ми се во многу добро сеќавање - моите видувања треба да се со доста висок степен на веродостојност. "КОДОШИТЕ" кои полициско-политичкото подземје сака да ги подметне, се всашност луѓе кои немаат врска со давање на налози и оваа игра е обид да се дисциплинираат и казнат луѓе кои одбиле вистински да соработуваат со ДБК. Тие луѓе биле повикани на информативни разговори и биле испрашувани за мене. Зборувале за мене онака како што тие ме гледале, како што тие ме познавале, но ништо не кажале што не било точно. На дел од нив по сослушувањата им биле поделени задолженија, кои тие не ги извршиле. Сите тие луѓе во многу краток период (откако биле повикани на сослушување) ги прекинаа контактите со мене.
Што би се случило во случјот моево досие да било отворено после 30-40 години? Кој ке докажел дека тие луѓе не биле кодоши? Вистинските кодоши и соработници - јас зборувам врз база на две досиеа кои сум имал можност да ги видам и проучам, моето досие и уште едно досие кои се отворени и водени после 1992 година - ги нема во досиеата или ако се оставени тогаш се под псевдоним. Но ако досието го обработи стручно лице, што е случај со моето, многу лесно се доаѓа до соработниците. Кога кон ова ќе се додаде и фактот дека јас досието го добив две години по наводниот пркин на водењето на досиеа, тоа знчаи дека јас се сеќајвав скоро на сите настани опишани во досието, а преку тоа успеав да ги препознам и соработниците, односно луѓето кои ги давале информациите.
Во моето досие една од мерките на обработка е следењето на сите мои патувања во и надвор од Македонија. Јас многу добро знам кои беа моите неразделни "пријатели" кои никогаш не ме оставаа сам - а не беа многу, беа само двајца. Кога кон ова ке се додаде дека во СДБ однсно ДБК постои книга (регистар) на соработници јасно е дека министрите: Доста Димовска, Љубе Бошковски, Сиљан Аврамовски и Хари Костов па до Гордана Јанкуловска и директорите на СДБ односно ДБК се запознаени со тоа кои биле и кои се соработниците.
Да се вратам повторно на почетокот. Мојата кривична пријава е поденсена против тројца Министри на МВР и еден или двајца директори на СДБ-ДБК. Со процесирање на нивната одговорност тие ќе мора да посочат кој е налогодавачот. Тоа е главна и основна цел на лустрацијата - да се дојде до творците на политичко-иделошкиот прогон. Да се разјасни кој им бил вистинскиот мотив и за чии интереси го правеле тоа.
Спречувањето од страна Груевски да се дојде до врвот на полициско-политичката пирамида премногу јасно зборува за неговото соучесништво. Зошто ли бега Груевски од ваквиот расплет? Ако на "дното" на пирамидата се Верушевски, Богоевски и Аврамовски при врвот Фрчковски и Чокревски, тогаш на самиот "врв" е Бранко Црвенковски - човекот кого Груевски го обвинува секојдневно како кочничар на "Грујовиот пат" кон благосостојбата во Македонија. Како Црвенковски да му ги украл клучевите од славините на медот и млекото кое требаше да потече по македонските улици со Грујовото доаѓање на власт. Додуша, млекото потече по улиците па можеби затоа и Греувски го амнестира Бранко. За нетечење на медот, нормално, се виновни Американците.

Јордан Петровски
Извор
24-09-2010, 04:04 PM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6
#3

PORAKATA od LORENS IGLBERGER dopre do vistinska adresa i vo pravo vreme , ako nema povrzanost na NIKOLA GRUEVSKI so poranesen minister od VMRO-DPMNE i nekogasen potpresedatel na partija na VMRO-DPMNE , a potoa aktiven ucesnik vo rusenje na VMRO-DPMNE t.e na taa vlada na celo so LJUBCO GEORGIEVSKI taka sto sem sobiranje na pratenici se kupuvale so somnitelni pari , se ova plus aktiviranje na GRUPACIJATA so se JORDAN PETROVSKI koi progovorija za mnogu mistiki povrzani so VMRO potocno so tamosno DPMNE vo 1990 na celo so LJUBCO GEORGIEVSKI , pa se vo kontinuitet celi 20 godini SVEDOSTVA ,FAKTI , analizi , so datumi nastani i LJUGE po ime i prezime.

BLAGODAREJKI na INTRENET i mobiljka se se razotkri i se dozna i za SOVETNIK NA SRBSKA VLADA za EKONOMSKI RAZVOJ po 2002 ili za FINANSII toa bese za NIKOLA GRUEVSKI

AKO GRUEVSKI napravi taka kako zboris t.e pisuvas u pismo objavi spisoci javno i celosni pa neka vidi narod da cita i da se voshituva se koi FACI se bile KODOSI , oti koga ke vidi sve FILJAN NASI deca nema da bara da gi kaznat nego malu ke gi popluka ili pomoca i toa e takov e nas narod i koga isceznuva ne se faka za KUBUR minato e toa za nego , sega toa im e svojstveno na JEVROPEJCI u FRANCIJA za REFORMI u PENZISKI nas GRUJO go reformira i PENZII SE SIGURNI sam za KODOSI i INSTALACII , za GRCIJA , za GERMANIJA i se taka red se redat male ....

OKOLU LJUBCE LJUBE DOSTA i site druzi NIKOLA IMASE VREME od 2006 po site apeli od site strani a najveke od STRANA NA MAKEDONCI i VMROVCI koi nemat vrska so DPMNE (dilersko politcka menagerska neosoznaena elita )NEMAKEDONSKA

SITE apeli do GREVSKI od site a osobeno od VMRO i MAKEDONCI toj gi OTFRLUVASE nadmokno i cinicno potcenlivo hrabren od INSTALACII i KODOSI okolu sebe prezemeni ili DADENI PO NAREDBA kako sto i nego go DONESOJA po NAREDBA i DIL po LJUBCE-GRUJAN pomegu SASO MIJALKOV i SILJAN AVRAMOVSKI koi kako garanti na DILOT se eden pokraj drug.


E gleas ama USA iako go DOBI OBAMA za precednik ne ja promenila POLITIKA sprema RM

I tuka dojde aber NIKOLA licno od LORENS IGLBERGER , nasocena prema GRCIJA kako kritika i so omalovazuvanje od eden poranesen diplomat na ZEMJA br 1 podrzuvac na MAKEDONIJA od 1990 pa se do denes

ZAKANITE koklku vidlivi sprema GRCIJA tolku silni i jaki i cisti i direktno upateni do AKTUELNA VLADA NA RM na celo so NIKOLA GRUEVSKI licno i personalno , ke sraboti li nesto asolno NIKOLA ili bara spas zaedno so LJUBCE BRANCE i edi koj si da podelat PLEN OD PRIVATIZACIJA fifti fifti a na steta na MAKEDONCI I MAKEDONIJA i na VMRO

VREME NEMA GRUJO , resenie ima KODOSI po ime i prezime koi i da se i kakvi i da se faci i faktori OBJAVUJ , vo sprotivno glasovi se slusat od KANADSKI VODOPADI nabrgu za site UTKI istraga i odgovori preku ANKETNA KOMISLIJA ke barat MAKEDONCI , eden od nih e JORDAN PETROVSKI zas ne si postapel po toa dosie i KODOSI I INSTALACII od tamu .

VERUVAM deka za NARAV na JORDANA dosta ti se dumale , otvaraj i obajavuj , drugo spas nema , ZAFAT sto go NUDAT USA e ZASTRASUVACKI ucenje na BUKVI za tecno izgovaranje bez greski za nedela i pravo odenje potfat bez anestezija nitu celosna nitu lokalna na dolni ektremiteti, za drugi jajca krsenje nasred ulica koj stigne i kade ima moznost od KIRO do denes site na kupce.

TAKA da se znae kajgana golema ke bide ama ne e za UPOTREBA JAJCA se USMRDENI i ke se frlat u VARDAR da se vratat kukavicki jajca na PETELOT koj gi lezel zatoa se ispileli takivi KILAVI BRANKOVCI i LJUBCOVCI site do eden od 1990 do denes , LUSTRACIJA se bara , da ne bide KREMIROVKA posovreme poarno.
24-09-2010, 05:10 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#4

Поради острата реакција и разголувањето, вечерва се собрале и решиле да формираат група која што ќе поднесе измени на постоечкиов закон. Најверојатно е само обид да си го зашититат митот за чесност, а на пракса повторно ништо нема да видиме од лустрацијата. Останува само да видиме на кој начин ќе ја изведат и ова манипулација...

24-09-2010, 10:45 PM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6
#5

TAKA e nabrgu sledi sto se doaga kako informacija i toa tekstovi koi gi e vodel NIKOLA so PAPANDREU za resavanje na SPOR so ime t.e negovo slozuvanje za RESENIE na 20 godisen spor. TUKA im puka na USA i zatoa e reakcijata prema GRCIJA preku LORENS IGLBERGER koj e promotor na MAKEDONIJA i se okolu MAKEDONIJA.

TEMAVA so LUSTRACIJA i zrtvuvanje na STOJMENOV ,ZMEJKO,LJUBCE i LJUBE a ke se pojavese i DOSTA ama ne e izbricena ponavreme i e zakasnila , pa se red se redat male BRATUCEDI CICKOVCI I VUJKOVCI STRINI i TETKI i SVATOVI

ZNACI ako SLUZBITE sa fatile razgovor na B.C koj od AUDI dava naredbi za povtoruvanje na 2001 na pat SKOPJE TETOVO zas ne go snajde i BRANCE KARPALAK ili VEJCE za da mu olesne na GRUJO , ne so toa se dava na ZNAENJE DEKA MOKEN BRANKO pak se vraka , mu go diga i REJTING i ona sto mu e megu noze i toa tokmu NIKOLA ,i toa so LUSTRACIJA , se draznat VISTINSKI VMROVCI a onie od DPMNE veke gi definira LJUBE

ZNACI ako B.C dava naredbbi sto LJUBCE da zbori i se toa zas NIKOLA ne izleze so CD i ne go udostoi MAKEDONSKI NAROD so GLASOVNO kazuvanje na B.C . I toa da se prosledi do USA EU i FUERE

SLUCUVANJA vo AMERIKA i reakcija od strana na ADMINISTRACIJA na OBAMA koja reagira navidum neocekuvano a zatoa e primen PAPANDREU da mu gi podzategnat jajcata AMERITE i da mu poobjasni OBAMA deka i negov DOLG kako i na DRUZITE AMERI za GRCITE e isto tvrd i dolg , site KUPUVANJA I UCENI STO GRCIJA so EU preku kupeni i isprljani EVRO POLITICARI koi gi znae AMERIKA kako i kaj sebe doma nalik na SERVER , ne biva nisto ZAEBANO i se zaebale GRCI i da saka MAKEDONIJA a toa e otkrieno deka e taka podrzano i sega od NIKOLA ne biva ne davat AMERIKA i jajca kajgana , eeeeeeee pri tolkava AMBASADA u SKOPJE i lociranje na POLITICKO INFORMATORSKI ANALITICKI CENTAR GRUEVI BRATCEDI uceni od ISKUSNI ZASTARENI KOSOVCI i UDBASI kako SILJAN AVRAMOVSKI demek bil na link so CIA ama dali e sega , znaci nasite definitivno pokazaa deka se im e zastareno i se e minato , e taa e taa reakcija na LORENS IGLBERGER , neprimnje na NIKOLA e kazuvanje deka momce zaebavas se so nas i zasluzil si NAGRADA bes anestezija vgraduvanje ZAMENA na NOZE metalni da ide pravo , i vgraduvanje pomosno elektronsko jazice koe ke izgovara site bukvi i od ABECEDA i od KIRILICA


ZATOA probat so LUSTRACIJA da majat a veke se porazeni i vo dvata slucaja , se nadevam deka ubedenosta oti mozat da se spasat a vo strav ke pocanat da LUSTRIRAT site redom za da se spasat SEBE i toa ke e pocetok na krajot na SLUZBITE ako ne AMERIKA ima resenie MAKEDONSKI NAROD da konecno blagoslovi site u minali 20 godini kak zasluzuva redom i po spisku edni u IDRIZOVO ili KRIVOLAK e poaren , druzi u ALEJA NA VELIKANE


DA ZIVEAT MAKEDONCI KAJ I DA SE I KOLKU I DA SE
25-09-2010, 06:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

(25-09-2010, 06:16 PM)razurnuvac Wrote: TAKA e nabrgu sledi sto se doaga kako informacija i toa tekstovi koi gi e vodel NIKOLA so PAPANDREU za resavanje na SPOR so ime t.e negovo slozuvanje za RESENIE na 20 godisen spor. TUKA im puka na USA i zatoa e reakcijata prema GRCIJA preku LORENS IGLBERGER koj e promotor na MAKEDONIJA i se okolu MAKEDONIJA.

TEMAVA so LUSTRACIJA i zrtvuvanje na STOJMENOV ,ZMEJKO,LJUBCE i LJUBE a ke se pojavese i DOSTA ama ne e izbricena ponavreme i e zakasnila , pa se red se redat male BRATUCEDI CICKOVCI I VUJKOVCI STRINI i TETKI i SVATOVI

ZNACI ako SLUZBITE sa fatile razgovor na B.C koj od AUDI dava naredbi za povtoruvanje na 2001 na pat SKOPJE TETOVO zas ne go snajde i BRANCE KARPALAK ili VEJCE za da mu olesne na GRUJO , ne so toa se dava na ZNAENJE DEKA MOKEN BRANKO pak se vraka , mu go diga i REJTING i ona sto mu e megu noze i toa tokmu NIKOLA ,i toa so LUSTRACIJA , se draznat VISTINSKI VMROVCI a onie od DPMNE veke gi definira LJUBE

ZNACI ako B.C dava naredbbi sto LJUBCE da zbori i se toa zas NIKOLA ne izleze so CD i ne go udostoi MAKEDONSKI NAROD so GLASOVNO kazuvanje na B.C . I toa da se prosledi do USA EU i FUERE

SLUCUVANJA vo AMERIKA i reakcija od strana na ADMINISTRACIJA na OBAMA koja reagira navidum neocekuvano a zatoa e primen PAPANDREU da mu gi podzategnat jajcata AMERITE i da mu poobjasni OBAMA deka i negov DOLG kako i na DRUZITE AMERI za GRCITE e isto tvrd i dolg , site KUPUVANJA I UCENI STO GRCIJA so EU preku kupeni i isprljani EVRO POLITICARI koi gi znae AMERIKA kako i kaj sebe doma nalik na SERVER , ne biva nisto ZAEBANO i se zaebale GRCI i da saka MAKEDONIJA a toa e otkrieno deka e taka podrzano i sega od NIKOLA ne biva ne davat AMERIKA i jajca kajgana , eeeeeeee pri tolkava AMBASADA u SKOPJE i lociranje na POLITICKO INFORMATORSKI ANALITICKI CENTAR GRUEVI BRATCEDI uceni od ISKUSNI ZASTARENI KOSOVCI i UDBASI kako SILJAN AVRAMOVSKI demek bil na link so CIA ama dali e sega , znaci nasite definitivno pokazaa deka se im e zastareno i se e minato , e taa e taa reakcija na LORENS IGLBERGER , neprimnje na NIKOLA e kazuvanje deka momce zaebavas se so nas i zasluzil si NAGRADA bes anestezija vgraduvanje ZAMENA na NOZE metalni da ide pravo , i vgraduvanje pomosno elektronsko jazice koe ke izgovara site bukvi i od ABECEDA i od KIRILICA


ZATOA probat so LUSTRACIJA da majat a veke se porazeni i vo dvata slucaja , se nadevam deka ubedenosta oti mozat da se spasat a vo strav ke pocanat da LUSTRIRAT site redom za da se spasat SEBE i toa ke e pocetok na krajot na SLUZBITE ako ne AMERIKA ima resenie MAKEDONSKI NAROD da konecno blagoslovi site u minali 20 godini kak zasluzuva redom i po spisku edni u IDRIZOVO ili KRIVOLAK e poaren , druzi u ALEJA NA VELIKANE


DA ZIVEAT MAKEDONCI KAJ I DA SE I KOLKU I DA SE


Во право си. САД му даде шанса на Груица или повеке ке одговара зборот ултиматум да покаже кооперативност. САД беа свесни дека процесот на декомуњаризација не се спроведува за еден или два месеци и затоа побараа да почне со работа. Последната опомена му била упатена во јануари оваа година ама Груица не би бил Груца за да поверува дека има поумни и попрофесионални луѓе од него. Луѓе кои почитуваат договорени работи.
25-09-2010, 07:18 PM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6
#7

JORDAN pozdrav do tebe i GRUPACIJATA i ljugeto od VMRO DISIDENTITE vo KANADA USA i AVSTRALIJA i dole vo RM i kaj i da se sirum sveta. POKRAJ znameto na USA koe stoi sekogas pokraj ona moe od KUTLIS kaj i da sum sega sum spremen i slika na BIL GEJTS da vramam nad mene vo RABOTNA PROSTORIJA kade i da sum. INTERNET INTERNET o blagodarja GOSPODE
ZNACI i tie ebavat eve od sto ne znajat kako da se spasat od STAVANJE u red na EVNUSI sto nabrgu gi ocekuva pocnaja da vetuvat , jajca nemozat da spasat tie se spremeni za kajgana , od tie koi gi imat , onie koi se dvocevki nim zadnikot im treperi , znaci site trikovi BRANCE pa ete go ja VECITI BICIKLIJA ko da e od partija na ACE RUSEVSKI prasuva od kaj na KLAN ZAEVI 100 milina evra imot , demek ne moze da se istrazi dali toj imot e od vreme koga ZAEV gradonacelstvuvase so STRUMICA kako sto e i so KUMANOVO i OHRID kade SDSM preku TACE i PETREVSKI si obrt prave na svoi milijardi a toa go znae i NIKOLA i site od DPMNE ama PLATILE si SLUZBITE pred IZBORI i potoa DAVAT DECA SAMO GUCINJA da NARANAT a za duro tuka e BICIKLIJA


ZNACI site tie TRAUMATICNI REAKCII i od SDSM koja objavuva koj go e izbral SUDIJA u USTAVEN a se od DPMNE i se DEMEK KAKO SUDIJA isti i se nekogasni FILJAN funkcioneri pod KNTROLA na SLUZBITE so PRIVREMENA ZADACA u DPMNE rasturi i kradi sto poeke mozes , a nekoi bogami i denes se tua. ZNACI GRUJO JAVUVA BRANKO IZDAVA NAREDBI i LJUBCE IZVRSUVA i toa e protiv SUPER VLADEENJE NA DPMNE od 2006 BREEEEEEEE

E zastarele se SLUZBITE dali se stari po godini ili mladi , metodi sa im OD 1939 NOEMVRISKA DIKTATURA , zarem ne se toa geda oti u UN i TADIC na SRBIJA i JOSIPOVIC na HRVATSKA se srekavat so OBAMA samo nas GOLE go tegnat dole , na NIKOLA mu e zabraneto a BLEFOT na BRANKO da otpatuva demek vo USA ama na koj znae kade edno e sigurno mozebi e bil na posleden sostanok so ALKAEDA domasna koja sekade e zagrzena edino u RM ima raj za NEA ama izgleda i BRANKO po BRICENJETO na BRADICATA saka da poraca deka MINATIOT TRUD ne se vazi i toj po stari godini VODI GRIZA i za JAJA i za POZADI a brojot koj go e namenil OBAMA da go pocesti BRANKO eeeeeee UF TAMAN SUKUR

ZNACI seta ova kalakurnica e da se NAROD pozaebe uste malku e arn ama nie dosagame sekogas koga e vo prasanje MAKEDONIJA i nema nema OP MEIL u ADMINISTRACIJA u USA KANADA i kaj sto treba , plus seto toa se poklapa so ona sto doaga od nivni DIREKTNI ljuge vo RM vo amabasada i kaj i da e ke si dojde i ete dojde , zatoa neka ne BERE GAJLE LJUBCE za NEVINI malko mc nema nevini sekoj baram e na NESTO SEDNAL dodeka e bil mal taka da ne se sekira LJUBCE se raboti za LUSTRIRANJE na FUNKCIONERI PARLAMENTARCI PREMIERI PRECEDNICI SUDII i OBVINITELI i MINISTRI od 1990 do UTRE i tolku ponatamu zdravje


POARNO e posovreme podocna SUNETCIJATA da ne gres pod impresija i stres da ne sece do jaja UF BOLNO e toa e ama nema drugo

BICIKLIJA i site od DPMNE arno vi pojde zenidbi odadbi i taka toa ne se stavajte u sluzba da go pikate u steker , sto ubavi momiceta ima terajte posovreme oti kazuva mi eden prijatel BOSANEC koga dolse da im pomognat vika "POEBASE sve ZENE spasili su se samo oni MUZI koi su otisli daleko od doma na proektu" toa e poraka do SDSM i DPMNE i site druzi politici u RM posovreme i so usul pusti INSTALACII i KODOSI niz kanal neka nosi i pere VARDAR pravo u GRCIJA tamu im e mesto a i arno ke pokazat deka ima MAKEDONCI na sleden popis , vo sprotivno znae se pokraj se i KOZEN METAK za SEKOGA


SREKEN DEN MAKEDONCI KAJ I DA STE I KOLKU DA STE
26-09-2010, 04:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Груевски: Со лустрацијата на претседателот на Уставен се поткопува судот
28.09.2010 - 14:16 |

* Македонија

Лустрацијата на претседателот на Уставен суд дополнително го поткопува кредибилитетот на судот, изјави денес премиерот Никола Груевски.

Во однос на процесот на лустрација и разните коментари и обвинувања за процесот, Груевски вели дека тој е “дежурен кривец“.
- Тоа е лошо заради тоа што дополнително го поткопува кредибилитетот на судот, а го руши силно и легимитетот во однос на сите досегашни одлуки. Тоа не е добро за земјата што се случува, што имаме луѓе кои што така постапувале во минатото, а денеска се на клучни позиции, и на позиции на кои што носат одлуки, што се од клучна важност за иднината на држава. Вчера слушнав разни коментари, обвинувања. Се разбира како и во многу други случаи дежурен кривец е премиерот кога на некој ќе се извади нешто негативно, како што вчера беше извадено, премиерот му е крив, како јас да сум го терал да прави некои работи што ги правел во минатото“, рече премиерот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, каде денес беа промовирани денеска 20 наслови од областа на електротехниката.

Тој посочи дека партијата формирала работна група, која работела на измени и дополнување на законот, со кои што би се подобриле многу работи.

- Јас се надевам дека за неколку недели ќе и бидат презентирани на јавноста. Во правец на тоа да се овозможи сите оние кои во изминатиот период биле на јавни функции, и потенцијално пак може да дојдат, и евентуално доколку во минатото се занимавале со вакви активности, повторно да можат да ги применуваат на некој начин да бидат предмет на лустрација - објасни претседателот на Влада.

28-09-2010, 03:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Групација commented on Ilija Dimovski's белешка Време е за измени во Законот за лустрација - Колумна за КАПИТАЛ.



Господинот Илија Димоски наместо одговор на нашите прашања ни го блокира пристапот до неговата страница. Појасна пораката за тоа каква е вистинската заложба на Грујовата партија за лустрацвија нетреба.




Quote:ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО

Колумна, Илија Димовски: Време е за измени во Законот за лустрација http://vmro-dpmne.org.mk/mk/zapis.asp?id=6779
ВМРО ДПМНЕ - официјална страница
vmro-dpmne.org.mk
Лустрацијата станува интересна. Лустрацијата станува тема број еден во Македонија. Десетина, а можеби и повеќе, години подоцна од сите други, но сепак успеавме да ја донесеме и кај нас. А, замислете, сеуште зборуваме за лоцирани и утврдени кодоши, но не повеќе од еден, два или три. А, како ќе биде к...
27 септември во 04:18


Истите прашања ги упативме и на страницата на ВМРО ДПМНЕ :


Quote:Групација Дисиденти:

На господинот Илија Димовски му упатувамe ЈАВНА ПОКАНА од името на ГРУПАЦИЈАТА на ДИСИДЕНТИ ВЕТЕРАНИ да ги прочита следниве наши текстови и да ни укаже дали и каде грешиме во нашите тврдења во кои вината за неспроведувања на лустрацијата ја... лоцираме во Груевски односно во АКТУЕЛНАТА ВЛАСТ. Дискусијата би претпочитале да ја водиме јавно и тоа дали на Вашиот или нашиот ѕид или пак на форумот КОТЛЕ на кој техничките можности се поголеми во однос на ФБ, оставаме вие да изберете. Во дискусијата можете да вклучите неограничен број на луѓе од вашата партија.

1. "ПРЕДАВНИКОТ ЦРВЕНКОВСКИ ПРОТИВ ПАТРИОТОТ ГРУЕВСКИ
ИЛИ
ПАТРИОТОТ ЦРВЕНКОВСКИ ПРОТИВ ПРЕДАВНИКОТ ГРУЕВСКИ
КАКО ДА СВРТИШ ИСТО МУ ДОЈДЕ"

http://www.forum.kotle.ca/showthread.php...2#pid10632

2. "ЛАГА ДО ЛАГА, ГЕРДАН ОД ЛАГИ, ГЕРДАН ОД ЛАГИ, ВЛЕЗНИЦА ЗА ИДРИЗОВО"

http://www.forum.kotle.ca/showthread.php...1#pid18321

И текстот кој ке излезе во петок на http://www.kotle.ca/ и ке биде под наслов :

3. Зошто нема лустрација?
Досијета на главните кодоши и на кодошените се во Белград!"

"Ама, едно големо, ама, тоа треба да го сторат луѓе кои им давале налози и за чии кариери и идеологии, соработниците кодошеле.
За да се осигураат налогодавачите дека раката на правдата нема да стаса до нив, тие за да го спроведе законот за лустрација избраа самобендисан шутрак, кој за да ја покаже самобендисаноста се обидел како глумец, балетан, боксер и никаде не успеал. Обично таквите нарциси ги ангажира србокомунистичката тајна полиција. Дали овој нашиов шутрак е ангажиран од нив не сум 102% сигурен, ама н еми се верува дека е случајност одењето во политика на таков нарцис и времето кога е влезен во политиката. "Види повеќе
27 септември во 09:05


На страницава сеуште не ни е блокиран пристапот ама одговор нема.
06-10-2010, 04:09 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#10

(06-10-2010, 04:09 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: На страницава сеуште не ни е блокиран пристапот ама одговор нема.

Сеуште дебатираат...или Груевски не е во штабот да им каже што да праватIcon_lol
06-10-2010, 06:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

(06-10-2010, 06:02 PM)hristo Wrote:
(06-10-2010, 04:09 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: На страницава сеуште не ни е блокиран пристапот ама одговор нема.

Сеуште дебатираат...или Груевски не е во штабот да им каже што да праватIcon_lol



Нема дебата, нашето мислење е последо. Па затоа можеби и не не блокираат. Таа тема веке не е "интересна" има други на кои само пукаат пофалби за Груица.
06-10-2010, 06:18 PM
Reply