Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 9 Vote(s) - 3.11 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
УЈП вработува само од ПМФ и ЕТФ
Author Message
alexdgreat
Unregistered

 
#1

Република Македонија министерство за финансии
УПРАВА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ
Врз основа на член 25 од Законот Управата за јавни приходи („Службен весник на РМ" бр.81/08, 81/08, 105/09) и член 19 од Закон за извршување на буџетот на РМ за 2010 година („Службен весник на РМ" бр. 156/09), Министерството за финансии - Управа за јавни приходи, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 04/2010
за вработување на службеници во Управата за јавни приходи
Министерството за финансии - Управа за јавни приходи има потреба од вработување на службеници - 22 извршители, за следните работни места:
ВО УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ - ГЕНЕРАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ
1. 1 (еден) извршител на работно место со звање асистент на директорот со VII1 општествени науки и 1 година работно искуство
2. 1 (еден) извршител на работно место со звање асистент на заменик директорот со VII1 општествени науки и 1 година работно искуство
3. 1 (еден) извршител на работно место со звање асистент на помошник директор со VII1 општествени науки и 1 година работно искуство
4. 1 (еден) извршител на работно место со звање помлад асистент за ЕУ интеграции со VII1 општествени науки без работно искуство
5. 1 (еден) извршител на работно место со звање асистент за персонални работи со VII1 правен факултет и 1 година работно искуство
6. 1 (еден) извршител на работно место со звање асистент за едукација со VII1 општествени науки и 1 година работно искуство
7. 1 (еден) извршител на работно место со звање асистент за правни лекови со VII1 правен факултет и 1 година работно искуство
8. 3 (три) извршители на работно место со звање асистент за стечај со VII1 правен или економски факултет и 1 година работно искуство
9. 1 (еден) извршител на работно место со звање асистент за регистрација на готовински плаќања со VII1 правен или економски факултет и 1 година работно искуство
10. 1 (еден) извршител на работно место со звање асистент за ДДВ со VII1 правен или економски факултет и 1 година работно искуство
11. 2 (два) извршители на работно место со звање асистент за персонален данок на доход со VII1 правен или економски факултет и 1 година работно искуство
12. 1 (еден) извршител на работно место со звање помлад асистент за персонален данок на доход со VII1 правен или економски факултет без работно искуство
13. 2 (два) извршители на работно место со звање асистент за даночни евиденции со VII1 правен или економски факултет и 1 година работно искуство
14. 2 (два) извршители на работно место со звање асистент за поврат, пренасочување и пребивање на данок со VII1 правен или економски факултет и 1 година работно искуство
15. 1 (еден) извршител на работно место со звање помлад асистент за поврат, пренасочување и пребивање на данок со VII1 правен или економски факултет без работно искуство
16. 1 (еден) извршител на работно место со звање ИТ специјалист/систем администратор за поддршка со VII1 ЕТФ или ПМФ со 1 година работно искуство
17. 1 (еден) извршител на работно место со звање помлад ИТ специјалист/веб администратор со VII1 ЕТФ или ПМФ без работно искуство

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови за вработување на службеници: да е државјанин на Република Македонија, да е полнолетен, да има општа здравствена способност, да не му е изречена мерка на безбедност забрана за вршење на професија, дејност или должност, како и посебните услови предвидени со Правилникот за систематизација на работните места во Управата за јавни приходи.
Заинтересираните кандидати се должни да достават пополнет образец „Пријава за вработување на службеник во Управата за јавни приходи", која може да се преземе од веб страницата http://www.ujp.gov.mk, или од архивата на Управата за јавни приходи.
Пополнетите пријави кандидатите може да ги достават лично во архивата на Управата за јавни приходи или преку пошта на адреса: Управа за јавни приходи - Генерална дирекција Сектор за човечки ресурси бул. „Кузман Јосифовски Питу" бр. 1, 1000 Скопје
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.
21-09-2010, 02:21 PM
Reply
alexdgreat
Unregistered

 
#2

А Климент Охридски ???
Ние не сме доволно добри??
Зошто е тогаш државен????
Зошто отвораат дисперзирани студии и во Велес и Прилеп???
21-09-2010, 02:23 PM
Reply