Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 3.38 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ТЕЛЕКОМ, КОЈ ЗЕДЕ ПОВЕКЕ ПАРИ, ПРОДАВАЧИТЕ ИЛИ ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,212
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Случувањата во Дојче телеком се повод за вакво размислување:

Сега кога се надеваме дека на сите во Македонија им стана јасно дека новите газди на: ИМЕТО, Стопанска Банка, Телеком, ЕСМ, Окта, Цементара, Пивара, Железара, Самоков, Рамстор, (многу е долг списокот) ..... не ги купуваа фирмите или земјиштето, туку ги купуваа ПРОДАВАЧИТЕ. Граѓаните на Македонија ке треба КОНЕЧНО да изберат власт која ке даде одговор на едноставни прашања, на кого, кога и колку пари му се дадени од ОД СТРAНСКИТЕ КУПУВАЧИ а тие пари не завршија во државната каса туку завршија во приватните џепови на луѓето кои ја водеа/ВОДАТ и представуваа/педставуваат Македонија.



Quote:„Дојче телеком“ давал мито за да остане монопол во Македонија




[Image: 27B550B301E2584593D1E0E662ABF100.jpg]


Наместо од 2005 година, вистинската либерализација во телекомуникациите доцнеше две-три години бидејќи Владата и регулаторот не ги подготвија потребните подзаконски акти, ниту го укинаа концесискиот договор на телекомот

Извршениот директор на „Дојче телеком“, Рене Оберман, е под истрага во Германија дека потплаќал македонски политичари во 2005 година за „Македонски телеком“ да го задржи монополот на телекомуникацискиот пазар. Тој и седум други менаџери во компанијата се под истрага за подмитување државни службеници во Македонија и во Црна Гора, јавија германските медиуми. Обвинувањата против Оберман се поврзани со поделбата на дивидендата на „Македонски телеком“ во 2005 година и наводното условување на нејзината исплата со одложување на либерализацијата на македонскиот телекомуникациски пазар.

Според информациите на весникот „Зидојче цајтунг“, истрагата се концентрирала и на проблематичните консултантски договори што ги склопувале компаниите во Македонија и во Црна Гора, а кои му припаѓаат на унгарски „Маѓар телеком“. При тие активности, како што наведува весникот, „едноцифрена милионска сума“ им била исплаќана и на владини службеници. Според текст објавен во германскиот магазин „Виртшефтсвоче“, во рамките на истрагата обвинителите ги пребарувале домовите на осомничените, меѓу кои и на Оберман, кон крајот на август.

Во земјава, со сомнителните договори во „Македонски телеком“, со неговата монополската положба на пазарот и со астрономското поскапување на телефонските услуги долги години наназад се занимаваа само медиумите. Иако, според Законот за електронските комуникации, домашниот телекомуникациски пазар требаше да биде отворен за конкуренција уште од 2005 година, вистинската либерализација доцнеше две-три години бидејќи Владата и регулаторот не ги подготвија потребните подзаконски акти, ниту го укинаа концесискиот договор на телекомот. Последицата од тоа ја трпеа граѓаните, кои плаќаа скапи фиксни и мобилни телефонски импулси, а пристапот до интернет беше сон за огромен дел од населението.

Скандалот излезе пред јавноста дури во 2006 година откако во ревизорскиот извештај на „Маѓар телеком“ беа утврдени милионски исплати за договори за кои „не можело да се идентификува вистинската деловна намера“. Подоцна, по барање на Комисијата за хартии од вредност на САД и од американското министерство за правда, истражителите на американската адвокатската куќа „Вајт и Кејс“ открија дека од 2004 до 2006 година во Македонија незаконски биле исплатени 24 милиони евра за да се добијат специфични регулаторни и други бенефиции од Владата на Македонија. Ова се потврдува и во финалниот извештај од истрагата на Комитетот за ревизија на „Дојче телеком“.

Македонската Влада, како косопственик, поставуваше претставници во Управниот одбор и претседатели на Акционерското собрание за да го штитат државниот капитал. Во истражуваниот период премиери од СДСМ беа Хари Костов и Владо Бучковски, а министри за транспорт и врски беа Агрон Буџаку и Џемаили Мехази, двајцата од ДУИ. Претседател на Одборот на директори беше професорот на Правниот факултет, Борче Давитковски, а подоцна него го наследи Дејан Мицковиќ, исто така професор на Правен. Претседател на Акционерско собрание во 2004 година беше Димитар Бузлевски, а потоа професорот на Економскиот факултет, Таки Фити. Тогашен директор на регулаторното тело, Агенција за електронски комуникации, беше Коста Трпковски.

Претресот на германското обвинителство во седиштето на „Дојче телеком“ во Бон, во потрага по докази за корупциски скандал предизвика потрес и на македонската политичка сцена. Актуелната власт се брани дека аферата е од времето кога сегашната опозиција ги држеше клучните директорски места во телекомот, опозицијата напаѓа со договорот во мај 2006 година меѓу телекомот и фирмата „Аналитико АИ“, во која бил вработен партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ.
20-09-2010, 12:49 AM
Reply


Messages In This Thread
ТЕЛЕКОМ, КОЈ ЗЕДЕ ПОВЕКЕ ПАРИ, ПРОДАВАЧИТЕ ИЛИ ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА - by ЈорданПетровски - 20-09-2010, 12:49 AM