Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 3.38 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ТЕЛЕКОМ, КОЈ ЗЕДЕ ПОВЕКЕ ПАРИ, ПРОДАВАЧИТЕ ИЛИ ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#41

Quote:ДОСИЕ ТЕЛЕКОМ 5: Случајот „Агент“ клучен за расветлување на корупцијата

Катерина Блажевска

05. окт. 15.
Аферата „Телеком“ има четири фази и два заеднички именители: „константа“ е улогата на грчкиот бизнисмен Контоминас, а флуктуираат функционери од сите влади од 2000-та година до денес! „Ако случајот `Агент` е конструиран за елиминирање на еден од клучните сведоци за криминалот во Телеком, од тој случај мора да почне и расплетот“, сметаат правни експерти
[Image: Telekom5.jpg]
Влегувањето на постапката против тројца директори на Маѓар телеком во Њујоршкиот окружен суд во зрела фаза, навестува дека се побрзо се движи кон расплет мегаскандалот поврзан со сомнежи дека со високоплатени коруптивни договори пред десетина години била спречена либерализација на македонскиот телекомуникациски пазар.
Додека постапката во Њујорк е фокусирана на сведочењата од периодот пред, за време, и по потишувањето на контроверзниот Протокол за соработка меѓу „Маѓар Телеком“ и македонската Влада предводена од Владо Бучковски, врз чија основа наводно е сторено кривичното дело, хронологијата покажува дека сцената за махинациии била поставена уште во раната фаза, односно, уште со потпишувањето на договорот за приватизација на македонската „златна кокошка“.

Рана фаза: Многу обвинувања за злоупотреби

Според упатени во случајот, првобитниот грев е направен во т.н. рана фаза, кога Владата на Љубчо Георгиевски се согласила во договорот да влезе обврската дека по купопродажбата на МакТел, остатокот од државните акции не може да се продаваат во еден пакет, односно дека еден пакет не може да содржи повеќе од 9,9 отсто акции, што значи дека мора да се продаваат во три или четири пакети.
Со ваквиот Договор, кој во 2001 година го потпиша тогашниот министер за финансии Никола Груевски, на „Маѓар Телеком“ му биле дадени можности за посредна контрола врз државниот пакет акции, преку расцепкување до финансиско обезвреднување. Љубчо Георгиевски денес вели дека „колку што се сеќава“, во времето на купопродажниот договор немало ништо спорно.
„Не се сеќавам дека во таа фаза имало нешто спорно. Што се случувало подоцна во 2005 или 2006 година навистина не знам, бидејќи знаете што се случуваше во тој период во ВМРО-ДПМНЕ. Јас бев дистанциран и навистина немав никакви информации за било што, а најмалку за состојби поврзани со Телеком“, тврди Георгиевски за БИРН.

За да се исплати дивидендата, 'Маѓар Телеком' почна до Владата да поставува бројни барања и уцени, меѓу кои и да се одложи примената на Законот за телекомуникации, што секако беше крајно неприфатливо, вели Мицковиќ за БИРН
Ниту тој ниту други актери од тој период не ги коментираат преписките меѓу лица од Дојче Телеком, во кои, како клучни фигури во разговорите за приватизацијата на МакТел се наведени премиерот Георгиевски, заменикот премиер Бедредин Ибраими, претседателот Борис Трајковски, министерот за финансии Никола Груевски, министерот за транспорт Љупчо Балковски, Ден Дончев и Кирил Трендафилов како лица од ВМРО-ДПМНЕ, како и Н.Н. личност за која само е наведено дека е „доверливо лице од ВМРО“.
Во тие преписки се дискутирало и за исплаќањето на неодредена сума пари како „трансакција“ кон непознати лица со цел „да се влијае на исходот на тендерот за МакТел, откако сите понуди ќе бидат на маса“. Во тој период почнуваат првите обиди на грчкиот бизнисмен Контоминас да влезе во бизнисот, но и првите матни зделки во „копродукција“ со Унгарците.
На списокот од тој период се неколку обвинувања: дека без тендер е набавена опрема од 36 милиони евра, од која најголем дел била набавена од фирмата „Ериксон-Унгарија“, а дозвола за овие набавки од 2001 до 2002 година дал Бордот на директори, во кој седеа и четворица претставници на македонската Влада.
За набавките забелешки имала и внатрешната контрола на „Дојче телеком“, кој е мнозински сопственик на унгарскиот „Матав“. Тие реагирале на големите трошоци за поправки и за набавки на електронска опрема и за ненаменско трошење на парите.
Претседателот на Бордот на директори, Борче Давитковски, тврдеше во почетокот на 2003 година дека за ова била доставена документација до МВР, УЈП и до Министерството за финансии, но од таму немало одговор. Во овие институции, пак, одговараа дека им треба време за да ја најдат таа документација и да одговорат дали е спроведена некаква постапка.
Според обвинувањата, МакТел во 2002 година со одобрение на Бордот на директори им простиле сметки во висина од 6,6 милиони евра на стотина јавни личности и добростоечки фирми. Најголем дел од отпишаните долгови биле за разговори на мобилни телефони, со што била намалена дивидендата што требало да ја добие државата. Во „Мобимак“ тврдеа дека не се работи за отпис на долгови, туку за исправки на книговодствената вредност на побарувањата што не биле наплатени.
Обвинувањата продолжија со тврдењата дека на советници, кои потоа биле и директори на телекомот, им биле исплатени вкупно 21 милион евра за хонорари. Сето тоа било покриено со одлуки на Бордот на директори, како и дека „Матав“ го добил тендерот вреден два милиони евра што лани самиот го распишал за изградба на контакт-центарот на „Македонски телекомуникации“.
Поради непостапување на властите за расветлување на овие обвинувања во периодот до 2002 година, тие неколку години подоцна завршија како претставки до Антикорупциската Комисија. Во март 2006 Комисијата најави дека освен за наведените злоупотреби, по службена должност ќе го разгледа и отпуштањето на Симо Груевски, поранешен член на Бордот на директори, кој доби отказ по јавно изнесените информации за злоупотреби во Маѓар телеком. Но, без епилог.
Она за што реагирал Симо Груевски пред 10 години на седниците на Бордот, е за дел од она што јавноста денес го гледа во преписките употребени како докази во постапката на Њујоршкиот суд против тројца директори на „Маѓар Телеком“, кои се товарат дека со подмитување на македонски функционери ја спречиле либерализацијата на македонскиот телекомуникациски пазар.
И покрај тоа што согласно со член 20 став 1 од Законот за спречување на корупцијата „не може да се преземе казнено гонење или да се повика на каква и да е друга одговорност лице што открило податоци што укажуваат на постоење на корупција“, Основниот суд Скопје 1 на 13. 12. 2010 година одржа прво рочиште по тужбата на „Телеком“ против Симо Груевски за клевета, а во врска со негово укажување дека во бордот на директори на „Телеком“ од македонска страна капиталот несоодветно е заштитен од страна на „партиските“ директори.
Неговите тврдења поткрепени со документи и стенограми од седници, не поминаа во судот. Тој и денес тврди дека одговорност за ваквите состојби имаат премиерите од повеќе влади.
Една од клучните фигури во целата рана фаза е и грчкиот бизнисмен Димитриос Контоминас, чија „Интерамерикен“ во соработка со „Дебител“ се јавуваше како кандидат за приватизацијата на Македонски Телекомуникации, за потоа неговата фирма „Космотелко“ во соработка со Маѓар Телеком да стане мнозински сопственик на МТ во јануари 2001 година.
Неговата улога ќе се покаже како клучна во сите натамошни фази. Иако во 2004 година, Контоминас им го продава на Унгарците својот удел од 7,44 отсто во Телеком за 31,4 милиони евра, тој и натаму останува нивни близок соработник и доверлив лобист.

Фаза на договор: „Маѓар телеком ја уценуваше Владата“!

„Купопродажниот договор е предмет на многу контроверзии и крие многу одговори околу начинот на продажбата, околу условите, бенефициите и статусот на „Маѓар телеком“ на македонскиот телекомуникациски пазар“, коментираа весниците во раната фаза. Но, тие контроверзи уште повеќе се зголемуваат по падот на Владата на Георгиевски, кога „Маѓар Телеком“, според објавените преписки со македонските власти (објавени од Судот во Њујорк), агресивно се обидува да спречи каква било либерализација на пазарот, со помош на домашни лобисти, а на крајот како што се тврди со обвинението и со исплата на мито за македонски функционери.
Во една од преписките, Дејан Мицковиќ, тогашен претседател на Бордот на директори, го информира Михаел Гинтер, член на Бордот на директори на МакТел од Дојче Телеком, дека ако не биде исплатена дивидендата, 250 вработувања во администрацијата и неколку други барања, Владата ќе распише тендер за трет оператор.
Писмото во јавноста се толкува како своевидна уцена од страна на Владата, токму во време кога била опомената од ЕК за обврската за суштинска, а не за виртуелна либерализација на телекомуникацискиот пазар. Мицковиќ вели дека Владата не го уценувала Маѓар телеком, туку - обратно.
„Главниот проблем во тој период беше тоа што 'Маѓар Телеком', и покрај претходниот договор, со месеци не сакаше да се гласа за исплата на дивидендата (за 2004 година-н.з), од која 44,2 милиони евра требаше да добие македонската држава. Тоа создаваше проблеми за буџетот на Македонија, а за тоа со месеци известуваа нашите медиуми. За да се исплати дивидендата, 'Маѓар Телеком' почна до Владата да поставува бројни барања и уцени, меѓу кои и да се одложи примената на Законот за телекомуникации, што секако беше крајно неприфатливо. Со цел да помогнат како главни сопственици за да се реши спорот околу дивидендата, го информирав за ова Гинтер, претставникот на Дојче Телеком“, објаснува Мицковиќ за БИРН.
Тој тврди дека не постоела никаква уцена ниту во однос на нови вработувања.
„Пред да бидам избран во Бордот на Телеком, бил постигнат договор дека за 750 отпуштени вработени, компанијата ќе вработи 250 млади високообразовани луѓе. Имајќи предвид дека имаме огромен број невработени и дека младите инженери ја напуштаат државата, во интерес на граѓаните и на државата беше профитабилна компанија да вработи млади квалификувани луѓе“, објаснува Мицковиќ.
Во целиот тек на истрагата што ќе се отвори подоцна, Мицковиќ соработувал со независната ревизорска кука Вајт & Кејс, како и со ФБИ и СЕЦ, чиј претставник Роберт Доџ во поканата за неговото сведочење потврдил дека по долгогодишна истрага и проверката на огромен доказен материјал (документи, договори, мејл пораки, сведочења на голем број сведоци) американските органи утврдиле дека Мицковиќ не сторил какво било незаконско дејствие додека бил во Бордот на Телеком.
Мицковиќ нема информации дали имало некаков договор за продажба на државните акции во компанијата при продажбата на мнозинскиот пакет акции, или дали тоа било договарано подоцна.
Но „ефектот“ од рацепканите пакети акци ќе стане видлив уште во јуни 2006 година, кога на Берзата се продаде само еден пакет државни акции, а ги купи Маѓар телеком. Со тоа се остварија приходи во висина од 62,9 милиони евра, наспроти очекувањата на Владата на Бучковски за добивка од 275 милиони евра. По таа продажба, во „Телеком“ останаа 36,8 отсто државни акции.
Тоа е предизборен период, кога „Маѓар телеком“, врз основа на објавени домашни анализи и анкети кои прогнозираа изборен пораз на Владата на Бучковски, во „5 до 12“ решава да авансира нешто и во потенцијалниот победник.
Така, во втората половина на мај 2006 година, се раѓаат два договори: еден меѓу Македонски телекомуникации и компанијата „Аналитико АИ“ за „рекламни и маркетинг активности“ потпишан на 17 мај 2006 година и друг меѓу Македонски телекомуникации и „Радио рос“, потпишан на 26 мај 2006 година.
Според извештајот на ревизорската куќа ангажирана во истрагата, „Вајт & Кејс“, договорот го потпишале генералниот директор Атила Сендреи и финансискиот директор Ролф Плат, а предвидувал на „Аналитико АИ“авансно да му се исплатат околу 120.000 евра . Тогашниот кадровски состав во „Аналитико АИ“ е истиот оној што еден месец подоцна ќе седне во првите фотелји на кабинетот на Никола Груевски, а дел од нив таму се и денес.

Фаза на конфликт: Груевски на тајна средба!

Но, само шест месеци по победата на ВМРО-ДПМНЕ и остварената соработка со „Аналитико“, во декември 2006 година, Владата има тешкотии да ја добие дивидендата од Телеком. Причините за тоа набрзо осамнуваат во медиумите под идентични наслови: „Од 'Телеком' нелегално се префрлени десетина милиони евра во Кипар“... „По Нова година доаѓа контрола од „Дојче телеком“ за да ја утврди вистината со сомнителните трансакции“.
Приказната брзо потекува во јавноста: за фиктивни консултантски услуги биле исплаќани огромни финансии на кипарската фирма „Чаптекс холдингс лимитед“ на Контоминас, која за наводните услуги од Телеком и „Мобимак“ само за неколку месеци наплатила најмалку од 5 до 10 милиони евра. Откривањето на исти малверзации во Македонија и во Црна Гора предизвикува пад на акциите на Телеком на Њујоршката берза.
Повикувајќи се на доверливи извори, медиумите објавуваат дека парите за „Чаптекс холдингс лимитед“ се префрлани на сметка во „Cyprus popular bank“, дека не бил распишан тендер за избор на оваа консултантска куќа и дека постојат документи, според кои, на кипарската фирма за фиктивни услуги и било плаќано не само во 2005-та, туку и во 2004 година.
Поради истрагата во Црна Гора и во Македонија, стопирано е исплаќањето на дивидендата во двете земји.
„Мислевме дека Унгарците ќе доцнат со исплатата на дивидендата поради истрагата за малверзациите во Црна Гора. Но, излезе дека и во нашиот ’Телеком‘ има проблем, каде што во моментот е ангажирана ревизорска куќа“, изјавува за „Утрински весник“ тогашниот министер за финансии, Трајко Славески.
Додека Владата бара од Телеком исплата на дивидендата за 2005 година со камата заради доцнењето, „Маѓар Телеком“ одговара дека може да понуди само заем, но Владата тоа го одбива. Во тој затегнат период, против „Телеком“ и „Т-мобиле“ е поднесена прекршочна пријава, бидејќи навреме не го доставиле ревидираниот финансиски извештај за 2005 година.
Иако првично се добива впечаток дека Владата е во тивка војна со Маѓар Телеком, набрзо владините претставници целосно замолчуваат, со образложение „дека ќе ги остават Унгарците сами да си да го истражат случајот со одливот на парите“.
Дивидендата за 2005 година е исплатена во август 2007 година, во висина од 47 милиони евра. Истиот месец Атила Сендреи е разрешен од членството во Бордот директори, а во септември е отповикан и од функцијата главен извршен директор, иако неговиот мандат истекува во 2008. Официјално образложение за повлекувањето се „здравствени причини“, но причината на сите им е јасна. Сендреи и претходно со месеци беше отсутен од Македонија.

[Image: tu.jpg]
Еден месец подоцна, медиуми информираат дека на 29 ноември (2007) се одржала „тајна средба на унгарските газди на Телеком со премиерот Никола Груевски“. Веста за тајната средба не беше демантирана.

Според неофицијалните извори, на состанокот било предвидено да се разговара за плановите за идната година, за дивидендата, инвестициите, за новите отпуштања. Врвот на „Маѓар телеком“ требало да се договори со Владата и за поставување нови директори во „Телеком“ од владејачката партија. Унгарците, наводно, од средбата си заминале лути.

Фаза на нов договор: Криење траги, елиминирање на сведоци

Сепак, набрзо по тој состанок, иако со мали осцилации, нештата зад сцената почнуваат да се движат по нагорна линија. Прв сигнал е отсуството на коментари од Владата на конечниот ревизорски извештај на „Вајт енд кејс“ од истрагата во Телеком, со кој е потврдено дека мала група неименувани вработени „создале база на пари наменети за други цели освен договорените... преку над 20 осомничени консултативни, лобирачки и други договори“.
Според извештајот за да се затскријат ваквите докази, поранешни високи директори на компанијата намерно ги одбегнувале внатрешните контроли, давале неточни и лажни документи за компанијата, а трошоците што биле направени и наведени во договорите, биле наменети само за да се добијат бенефиции за компанијата.
Истрагата за работењето на раководниот тим на „Телеком“ од 2000 до 2006 година, чинеше 112 милиони долари.
Иако случајот „Телеком“ во 2009 година формално влезе во Обвинителството откако полицијата поднесе кривични пријави против поранешни странски директори во „Македонски телеком“, истрагата не беше проширена на домашните актери. Во јануари 2012 година, одговарајќи на пратеничко прашање на Јани Макрадули од СДСМ, јавниот обвинител Љупчо Шврговски изјави дека Обвинителството ниту некого крие, ниту заштитува.
„Тезите дека нешто криеме се неосновани. Дали може разумен човек да поверува дека имаме докази, а не сакаме да ги експлоатираме и ако веќе сме работеле 3-4 години на случајот, дека ќе ги криеме фактите зошто сакаме некого да заштитиме. Кога во 2006 година аферата ја доживеала својата кулминација, а не сме имале доволно сознанија, сите што биле вклучени во процесот на евентуална корупција сигурно добро ги скриле трагите. Во моментов немаме докази за вклученост на високо позиционирани политички лица од Македонија и затоа не сме повеле постапка. Американските авторитети имаат сознанија дека е вршена корупција, но немаат имиња. Конкретни имиња немаат ни Германците ни Унгарците. Најодговорно го тврдам тоа. Но истрагата не е завршена и продолжуваме понатаму“, рече Шврговски.
[Image: fbit.jpg]
Аферата која доби меѓународен третман во Македонија беше турната под тепих? Зошто?

Извори упатени во „политичкиот пазар“ како и Слободан Богоевски во своето сведочење пред судот во Њујорк, тврдат дека уште во 2009 година Контоминас ги искористил своите врски за да се испазари со висок функционер во извршната власт, со цел да запре истрагата и да се повлече потерницата против еден од клучните осомничени за перење пари од Телеком, Михалис Кефалојанис, а со тоа била блокирана и истрагата против другите осомничени.
Постојат сомневања дека лице кое работи кај Контоминас и кое се јавува како заштитен сведок во случајот за мито на Љубе Бошковски е своевидна „компензација на услугата “ за повлекување на потерницата и истрагата против Кефалојанис. И не само тоа. И пакувањето на случајот „Агент“ во кој е осомничен Слободен Богоевски се поврзува со фактот дека тој клучен сведок за сите посреднички активности за коруптивните зделки со Телеком.
Формално, предмет на случајот е откажувањето на корисничкото право врз градежно земјиште во Скопје на кипарската оф-шор фирма „Централ балкан инвестмент“ (ЦБИ) на Димитрис Контоминас.
Иако договорот е склучен со претходна одлука на Владата, со полноважни договори од Министерството за транспорт и врски и никој не пријавил штета, почнува процес против адвокатот и полномошник на ЦБИ, Владо Пешликовски, кој наводно, заедно со поранешниот шеф на државната безбедност, Слободан Богоески, преку фиктивни договори и фиктивни фирми-ќерки на ЦБИ переле пари.
Како обвинет и осуден, всушност, Богоески би требало да биде целосно елиминиран како можен сведок за криминалните зделки во Телеком. Но, тоа не се случи. Тој преку медиумите испраќа сигнал дека има што да каже за Телеком, по што е контактиран од правосудните органи на САД и повикан на сведочење, кое веќе и е познато на јавноста.

На кои прашања не одговорил Богоески?

Во текот на сведочењето Богоески одбил да одговори на четири прашања поставени од адвокатот на тужените, со образложение дека „одговорот може да ја загрози неговата безбедност и сигурност“. Прашањата на кои не одговорил, се следни:
  • Дали поседува копии од документите што ги доставил до Комисијата за хартии од вредност?
  • Дали барал дополнителни документи на оние обезбедени од Комисијата за хартии од вредност?
  • Дали поседува други документи поврзани со предметот на дискусија во текот на неговото сведочење?
  • Дали ги задржал потпишаните копии од Протоколот за соработка, кој што ги одредува законските концесии што би и ги обезбедил премиерот на Македонија на компанијата на тужените, како и соодветниот договор што ги наведува митата што премиерот и неговите партнери би ги добиле повратно за законските концесии?
Тужените тврделе дека одбивањето на Богоески да одговори на тие прашања го оправдува бришењето на целото негово сведочење. Но, судот навел повеќе аргументи поради кои ваквото барање на тужените се одбива. Одлуката е потпишана на 11 август годинава, од Ричард Џ. Саливан, Окружен судија на САД.
Извори упатени во истрагата со кои разговараше БИРН, велат дека прашањата од адвокатот на тужените „се сосема очекувани“, ако се има предвид дека признанието за поседувањето копии и други документи од страна на Богоески, не само што е неповолно за тужената тројка Штрауб - Морваи - Балог, туку би било проблематично и за македонската Влада и судско-обвинителски структури.
Наводно, постоеле снимки (не се прецизира дали тонски или видео) од одредени судско-обвинителски средби, од кои едната на 18 април 2013. Тогаш, според овие извори, распитот на обвинетите во „Агент“ во три наврати бил прекинат, за да биде направена консултација со двајца обвинители во позната адвокатска канцеларија во Скопје.
„Заради предметната поврзаност на актерите од случаите „Телеком“, „Агент“, но и една од објавените 'бомби' на опозицијата, според која, лица од власта договараат кои медиуми ќе бидат брифирани за Телеком и „како ќе се испегла работата со обвинителите“, неминовно е и случајот „Агент“ да биде во надлежност на специјалниот обвинител, како школски пример како извршната власт се пресметува со потенцијални сведоци на нивниот криминал“, вели правен експерт за БИРН под услови на анонимност.
Според извори упатени во истрагата, со сите овие „детали“ се запознаени и дипломатски претставништва во Македонија, кои најавија мониторинг врз постапките на специјалното обвинителство, но понудија и експертска помош.
09-10-2015, 02:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#42

Quote:Обвинителот во САД го покрена обвинението според сведочењето на Богоевски

од НОВА | објавено на: 11-10-2015 20:54:34
[Image: 24861golema.jpg]
Пишуваат: Борјан Јовановски, Сашка Цветковска и Горан Ризаов

Американската комисија за хартии од вредност пред окружниот суд во Њујорк објави конечно обвинение против поранешните директори на „Маѓар Телеком“ за поткуп на македонски политичари. НОВА екклузивно го доби обвинението на Американците, во кое сега се вклучени и документирани тврдењата на екс-разузнавачот Слободан Богоески и неговите сознанија за коруптивната шема.

Покрај обвинението, НОВА ги доби и документите кои КХВ на САД ги спомнува како најрелевантни: двете верзии на потпишаниот Протокол за соработка, Нон-пејперот, меморандумот на Дејан Мицковиќ, Јован Пејковски и Љупчо Фармаковски до Владата за првиот предлог договот на МАТАВ (Маѓар Телеком), како и самиот предлог-договор, плус уште десетина имејл преписки меѓу обвинетите и други личности вклучени во аферата.

Во обвинението со датум од 8 октомври 2015 година, КХВ на САД ги обвинува Елек Штрауб, Андраш Балог и Томаш Морваи дека кон крајот на 2004 година се вклучиле во шема на поткупување на македонски политичари во замена за повеќе активности кои ќе му донесат бенефиции на нивниот работодавач Маѓар Телеком. Според интерни документи на Унгарската компанија, вредноста што Маѓар Телеком ќе ја добие од активностите во Македонија, во текот на четирите последователни години (од 2004-2008 година) ќе достигне помеѓу 37 и 68 милиони евра.

КХВ посочува дека биле ветени 19,6 милиони евра на тогашниот премиер Владо Бучковски, и на претставниците на ДУИ: Али Ахмети и Муса Џафери, но биле исплатени само 4,8 милиони евра бидејќи шемата била откриена.
Во центарот на обвинението се наоѓаат два тајни договори, Протоколот за соработка каде се наведени отстапките кои политичарите ги ветиле и Нон-пејперот, во кој е наведен поткупот.
Тврдењето дека токму Нон-пејперот, потпишан од Бучковски и Штрауб, е криминалната основа зад Протоколот за соработка, Американските обвинители го поткрепуваат со сведочењето на Богоески.

„Ветеното мито изнесувало 19,6 милиони евра и требало да им се исплати на тогашниот премиер Владо Бучковски и високи функционери од албанскиот коалициски партнер, Али Ахмети и Муса Џафери. Обвинетите платиле приближно 4,875 милиони евра од ветената сума на поткуп пред шемата да биде откриена во 2006 година“, се вели во обвинението.
Американците тврдат дека обвинетите ги испрале парите наменети за исплата на поткупот преку лажни консултантски договори со компании контролирани од страна на нивните грчки посредници при плаќање и ко-конспираторот Димитрис Кондоминас.

„За да се сокријат трагите, обвинетите ги оставиле Протоколот за соработка и Нон-пејперот кај Контоминас во Атина, Грција; ги структурирале лажните консултантски договори на тој начин што ќе ја избегнат контролата од бордот на директори; инсталирале специјален софтвер на своите компјутери за да ги уништат доказите; и потпишале лажни сертификати и под-сертификати во врска со извештаите на Маѓар Телеком пред КХВ во САД“, се вели во обвинението.

Протоколот за соработка, како што посочуваат, содржи четири клучни отстапки во полза на Маѓар Телеком: прво, го ограничува влезот на трет мобилен оператор на пазарот во Македонија; второ, ја намалува цената на лиценците за фреквенции за Македонски телекомуникации; трето, владата дава согласност за ребрендирање на МакТел (Мобимак) во T-Mobile и T-Com; и четврто, владата ветува дека ќе ги усвои подзаконските акти на штотуку донесениот Закон за електронски комуникации како што се предложени од Маѓар телеком.

Од друга страна, Протоколот предвидува само две обврски за Маѓар телеком: Прво, бара од Македонски телекомуникации да ја платат дивидендата за 2004 година во износ од 95 милиони евра, од кои 44,8 милиони евра наменети за Владата како ко-сопственик. Иако дивидендата е дел од веќе заработениот профит, кој бил на располагање за исплата на акционерите, Маѓар телеком не го правел тоа за да добие предност во преговорите.

Второ, како гест кон малцинскиот коалиционен албански партнер во Владата, Маѓар телеком се согласил дека нивната подржуница Мобимак ќе „ја прошири својата мрежа на Косово“ преку виртуелен мобилен оператор. Последната обврска од Протоколот никогаш не е исполнета, и според сведочењето на еден од обвинетите Андраш Балог, никогаш и немале намера да ја исполнат.

Со Нон-пејперот, пак, во замена за отстапките предвидени со Протоколот, Штрауб се согласил да плати поткуп во износ од 7,5 милиони евра на три наврати: „2,5 милиони евра на денот на потпишувањето на Протоколот; 2,5 милиони евра до 30 декември 2005 година и уште 2,5 милиони евра во јуни 2006 година“. Од овие 7,5 милиони евра, една третина била наменета за Бучковски („претставник на страна А“) и уште 5 милиони евра на двајцата најмоќни албански политичари во Македонија, Али Ахмети и Муса Џафери (идентификувани во документот како „’пријателите’ од Тетово (А.А. и М.Џ.)“).

Според новото обвинение на КХВ, првата транша на исплатата на поткупот била „испрана“ преку три лажни консултантски договори со „Чаптекс холдингс“, компанија контролирана од страна на грчкиот посредник Димитрис Кондоминас. „Во време на потпишувањето на договорите, услугите кои ги предвидувале веќе биле исполнети, па затоа компанијата на Контоминас не требало да даде никакви услуги. Откако договорите биле напишани и потпишани, „Чаптекс“ веднаш издала фактури за целосната сума предвидена и ги наплатила парите. Договорите биле направени со стар датум за да се сокрие недостигот од легитимна бизнис цел“, пишува во обвинението.

Севкупно, обвинетите направиле шест лажни договори со компании контролирани од страна на Кондоминас. Кондоминас, инаку, ја почна изградбата на една од барокните згради во центарот на Скопје, кои се дел од преслекувањето на градот со проектот Скопје 2014. Тој поседува и други доходовни бизниси во Македонија.

Како што и претходно објави НОВА, македонското обвинителство исто така спровело опсежна истрага во која биле вклучени повеќе органи на прогонот меѓу кои Управата за спречување перење пари и финансирање тероризам и Управата за јавни приходи. Македонското обвинителство поседува и стотици документи, до кои дојде НОВА, со докази за префрлани пари од сметките на холдинг компанијата на Македонски телеком, „Каменимост комуникации АД Скопје во ликвидација“.

На 27 август 2008 година, по иницијатива на Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам, Јавното обвинителство предлага, а истражниот судија од Основниот суд Скопје 1 донесува решение за заплена на пари и привремено стопирање на трансакција на компанијата „Камени мост комуникации АД Скопје во ликвидација“.

„Како индиции за сомнителни трансакции, во предлогот се наведени околностите дека најголем дел од паричните приливи на ‘Каменимост комуникации АД’ се по основ на дивиденди од ‘Македонски телекомуникации’, големи износи на средства кои ‘Каменимост комуникации’ ги орочува на своја сметка, а при тоа во ноември 2005 година е покрената постапка за ликвидација“, се вели во решението. Управата за спречување перење пари пронашла и докази за исплата на близу 7 милиони евра за консултантски услуги во периодот од 2001 до 2005 година, за кои се сомнева дека воопшто не биле извршени.

Во прилог на тоа дека македонските власти биле запознати со детали од оваа афера говори и разговорот во една од "бомбите"на опозицијата меѓу Мартин Протугер и Гордана Јанкуловсла околу тоа како да се координираат со обвинителот Зврлевски за како што вели Протугер заедничка стратегија. Овој разговор меѓу другото е уште еден доказ за противзаконски упад на извршната власт во работата на правосудните органи. Со оглед на мандатот на специјалниот обвинител овој телефонски разговор од "бомбите"дава за право специјалниот обвинител да го преземе случајот од фиоките каде што лежи повеќе години затворен.


Во 2008 година македонското МВР поднесува кривична пријава за злоупотреба на службената должност против тројца поранешни директори на Македонски телекомуникации, Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишијус, како и против потписникот на сметката на кипарската „Чаптекс“, Михаил Кефалојанис. Но, Кефалојанис подоцна е изземен од обвинение.



[Image: obvinenie.png]
[Image: obvinenie1.png]
[Image: obvinenie2.png]
[Image: obvinenie3.png]
[Image: dokaz.png]
11-10-2015, 09:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#43

Quote:Почеток на крајот – уништување на доказите во случајот Телеком



од НОВА | објавено на: 12-10-2015 18:42:52
[Image: 24871golema.jpg]
автори: Борјан Јовановски, Сашка Цветковска, Горан Ризаов

Првиот сомнеж дека постојат нелегални дејствија во бизнисите на Маѓар Телеком во Црна Гора и Македонија се појавил уште на почетокот на 2006 година за време на редовната ревизија на финансиското работење од страна на „Прајсвотерхаус Куперс“.

Конечниот обвинителен акт на Комисијата за хартии од вреднсот на САД, кој Нова ексклузивно го објави, посочува дека редовната ревизија нашла два сомнителни консултантски договори. Веднаш потоа е најмена адвокатската компанија „Вајт & Кејс“ детално да го истражи случајот. Стравувајќи дека ќе бидат откриени, поранешните диркетори на Маѓар Телеком, кои сега се обвинети за корупција пред американскиот суд ги уништиле сите фајлови во своите компјутери кои се однесувале на Македонија.

Но, американските адвокати го откриле обидот за заташкување на случајот, па подоцна преку серверите на Мајкрософт во САД, ја добиваат целата имејл кореспонденција меѓу инволвираните страни во аферата, заедно со сомнителните документи.

„Почетокот на крајот дојде во јануари 2006 година, кога ’Прајвотерхаус Куперс’, ревизорот на Маѓар Телеком, се посомневал во два консултантски договори кои ја вклучуваат подружницата во Црна Гора“, се вели во новиот обвинителен акт.

[Image: 1%2835%29.jpg]

Според обвинението, адвокатите на „Вајт & Кејс“ веднаш откако пристигнале во Будимпешта, на 24 јануари 2006 година го известиле генералниот директор Елек Штрауб дека сакаат да направат копии од компјутерските мемории, меѓу другите, и од компјутерите на директорите АндрашБалог и Томаш Морваи. Откако овие двајца дознале за барањето на адвокатите, Балог набавил софтвер за бришење податоци („Absoluteshield File Shredder“) кој ветувал дека „целосно ќе ги избрише фајловите“.

Уништувањето на фајловите кои се однесуваат на Македонија, според американското обвинение, започнало попладнето на 2 февруари 2006 година и траело до доцните вечерни часови. Андраш Балог тоа попладне, „во точно 15:41 часот, го инсталирал софтверот на неговиот компјутер и за еден час и петнаесет минути трајно ги избришал сите фајлови кои се однесуваат на Македонија“.

[Image: 2%2839%29.jpg]

Но, работата со уништувањето на доказите не завршила тука. КХВ тврди дека подоцна истиот ден, тој му се јавил на колегата Морваи и му објаснил дека треба да ги избрише фајловите што се однесуваат на Македонија и од неговиот компјутер. Затоа овој му ја кажал неговата лозинка. Балог потоа поминал три часа бришејќи ги фајловите од компјутерот на Морваи, пред да го деинсталира софтверот во 22:13 часот.

Тој го вклучил Морваи во уништувањето на доказите бидејќи „беше оној што работеше“ на проблемите во Македонија на „слично ниво на тајност“ и „важност“ како Балог. Откако завршил со бришењето, како штосамиот сведочел, на Штрауб му го пријавил уништувањето на доказите. Штрауб, пак, не ги пријавил ваквите активности пред „Вајт & Кејс“, односно пред Комитетот за ревизија. Подоцна, во април 2006 година, кога „Вајт & Кејс“ независно откриле дека се бришени податоци, Штрауб рекол дека бил „многу вознемирен од таквата вест“.

Истражните органи на САД, за да дојдат до потребните докази го контактирале компјутерскиот гигант Мајкрософт. Бидејќи обвинетите го користеле мајкрософтовиот имејл клиент Outlook, а серверите преку кои поминувале сите нивни пораки во тоа време се наоѓале во САД, органите на прогонот ги добиле имејл преписките и сомнителните документи.

Нова дојде до официјалната изјавата на чуварот на евиденцијата во Мајкрософт, Александар Јап, во која тој потврдува дека „сите имејл сервери за услугата Outlook.com се во САД и Мајкрософт не складирал електронски пораки од оваа услуга надвор од Соединетите Држави во 2005 година“.

Поради тоа, додава тој, во оваа година, сите имејл пораки испратени до и од адресите на генералниот директор на Македонски телекомуникации, Атила Сендреи и на советникот на тогашниот премиер Владо Бучковски, Јован Пејковскисе зачувани на сервери лоцирани во Соединетите Американски Држави.

[Image: 3%2838%29.jpg]

На овој начин американските органи на прогонот дошле и до првата верзија од тајниот Протокол за соработка, за кој Нова веќе пишуваше и кој се наоѓа во центарот на корупциската афера заедно со пропратниот Нон-пејпр кој ги предвидува исплатите на парите. Преку имејл преписките е добиена и копија од интерен документ на Маѓар Телеком, во кој самите обвинети предвидуваат дека Протоколот ќе и донесе на компанијата дополнителен профит меѓу 37 и 68 милиони евра во текот на четири години.

„Бидејќи станува збор за договор направен под маса, Протоколот никогаш не бил замислен како формално правен документ кој ќе важи пред суд“, пишува во обвинението, „но ова не го прави помалку битен за бизнисот на Маѓар Телеком“.

За содржината на документот се преговарало неколку месеци и тој бил формално потпишан од еден генерален директор и од еден премиер. Елек Штрауб уште во 2006 година сведочел дека тоа е „важен“ договор, во кој Маѓар Телеком „дал одредени ветувања пред владата“ на Македонија и „обврската на компанијата за исплата“ била предмет на возвратни обврски од страна на владата.

И покрај тоа што бил „важен“ документ, Протоколот не бил заведен во архивата на компанијата, а како што тврди Николас Кос од „Прајсвотерхаус Куперс“, Протоколот за соработка “требаше да биде доставен при нормална изведба на ревизијата“, но „не беше доставен“.

Протоколот за соработка има две идентични верзии. Едната потпишана од Елек Штрауб и Владо Бучковски, а другата од Штрауб и тогашниот министер за транспорт и врски Џемали Мехази. Нова поседува копии од двата потпишани документи.

Овој договор содржи четири обврски за Владата и две за Македонски телекомуникации. Со него, Владата се обврзува да го ограничи влезот на трет мобилен оператор, да ја намали цената на лиценците, да даде согласност за ребрендирање во T-Mobile и да ги усвои подзаконските акти на Законот за електронски комуникации како што се предложени од Маѓар Телеком.

Маѓар Телеком, пак, се обврзува дека нивната подружница Македонски телекомуникации ќе ја платат дивидендата за 2004 година во износ од 95 милиони евра. И без тоа, компанијата има обврска да ја исплати дивидендата на акционерите. Второ, Маѓар телеком се согласил дека нивната подржуница Мобимак ќе „ја прошири својата мрежа на Косово“ преку виртуелен мобилен оператор. Последната обврска од Протоколот никогаш не е исполнета, и според сведочењето на Балог, никогаш и немале намера да ја исполнат.

Нон-пејперот, пак, предвидува исплата на 7,5 милиони евра на три наврати: „2,5 милиони евра на денот на потпишувањето на Протоколот; 2,5 милиони евра до 30 декември 2005 година и уште 2,5 милиони евра во јуни 2006 година“. Од овие 7,5 милиони евра, една третина била наменета за Бучковски („претставник на страна А“) и уште 5 милиони евра на двајцата најмоќни албански политичари во Македонија, Али Ахмети и Муса Џафери (идентификувани во документот како „’пријателите’ од Тетово (А.А. и М.Џ.)“).

Од самата содржина на Нон-пејперот е јасно дека и во време на независната истрага на „Вајт & Кејс“, која почнала на почетокот на 2006 година, сè уште траеле сомнителните исплати преку консултантски договори со кипарската „Чаптекс“ во сопственост на Димитрис Кондоминас.

[Image: 4%2833%29.jpg]

Иако МВР поднесе кривична пријава против четворица странски државјани за аферата Телеком во 2008 година, случајот никогаш не дочека судска разврска во земјава. Пријавата е поднесена против генералниот и финансискиот директор на Македонски телекомуникации, Атила Сендреи и Ролф Плат, претседателот на одборот на директори на холдинг компанијата „Каменимост комуникации“ Золтан Кишијхус, и против директорот на „Чаптекс Холдингс“ Михаил Кефалојанис. Подоцна Кефалојанис е изземен од обвинение.

Откако пред околу еден месец се објави сведочењето на екс-разузнавачот Слободан Богоески, во кое тој детално ги објаснува корупциските дејствија како советник на Димитрис Кондоминас, македонската јавност се заинтересира за деталите од аферата. Јавното обвинителство отвори уште една истрага и истражната судијка Лиле Стефанова го повика Богоески да сведочи и пред македонските органи на прогонот.

Случајот Телеком се спомнува и во објавените прислушувани разговори, или т.н. политички „бомби“ на лидерот на опозицијата Зоран Заев, што го прави подобен за преземање од страна на спедијалната обвинителка Катица Јанева.

[Image: 5%2828%29.jpg]
12-10-2015, 10:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#44



Обвинителството уште во 2007 година ги доби првите документи за сомнителните трансакции во Телеком. Од тогаш молк и во Владата и во Обвинителството. Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл и Симон Груевски поранешен член на бордот на Телеком, одговараат на овие прашања.
05-11-2015, 02:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#45

Quote:Властите ги игнорирале барањата за сведоци во аферата „Телеком“


од НОВА | објавено на: 16-11-2015 12:01:35
[Image: 25576golema.png]
Пишуваат: Горан Ризаов и Борјан Јовановски

Македонските власти сè уште не одговориле на официјалното барање од Окружниот суд во САД за обезбедување осуммина сведоци од Македонија во случајот против поранешните директори на Маѓар телеком обвинети за поткуп на македонски функционери, дознава НОВА од документацијата за оваа афера со која располага.

Поради тоа, своите сознанија за аферата Телеком сè уште не ги искажале Димитар Бузлевски, поранешен советник на генералниот директор на Македонски Телеком, Борче Давитковски, поранешен член на Одборот на директори, Бранко Црвенковски, поранешен претседател на Македонија, Јован Пејковски, советник на поранешниот премиер Владо Бучковски, Огнен Фирфов и Лазо Јовески, поранешни директори во Македонски Телеком.

Еден од осумтемина барани, Дејан Мицковиќ веке сведочел надвор од Хашките процедури, а другиот, Дејан Силјановски е починат.

И ГРЦИТЕ ОДБИЛЕ ДА СВЕДОЧАТ

Во документите до кои дојде Нова, а кои на 6 ноември се доставени до американскиот суд од страна на Комисијата за хартии од вредност како тужител, се вели дека во март и април 2014 година е побарано да се обезбедат овие осум сведоци според процедурите на Хашката конвенција, чиј потписник е Македонија.

Барањето било доставено до правната служба на Министерството за надворешни работи, но ниту тоа, ниту правосудните органи во земјава, не се одзвале на поканата. Двете страни во случајот во САД, не се решиле да покренат процедура за одговор на барањето.

Севкупно, според Хашката конвенција биле барани 31 сведок, од кои осум од Македонија, шест во Германија, тројца во Грција и четиринаесет во Унгарија. Дури 27 од овие сведоци биле предложени од одбраната, а останатите од тужителот.

„Сведочење не беше добиено ниту од шест сведоци во Македонија бидејќи македонските власти никогаш не одговорија на барањето според Хашката конвенција, а ниту една од страните не покрена процедура во македонските судови за одговор на барањето“, се вели во документот на тужителот. Двајца од шесте сведоци во Македонија, Фирфов и Јовески се предложени од страна на КХВ, а четворица – Бузлевски, Црвенковски, Давитковски и Пејковски од страна на одбраната.

Како што се вели во документот, до сега се обезбедени 11 сведоци, двајца во Германија и девет во Унгарија. Сведочењето го избегнале и контроверзните Димитрис Кондоминас и Михаил Кефалојанис, првиот сопственик вториот директор во озогласената „Чаптекс“, Золтан Кишијхус, директор во „Каменимост комуникации“, Никос Ставридис советник на Кондоминас и Пол Кустра поранешен вработен во Маѓар Телеком.

Овие петмина се повикале на законите во Грција и Унгарија и одбиле да сведочат со образложение дека тоа може да ги инкриминира.

Од останатите што не се одзвале на поканата, еден се сложил да сведочи надвор од Хашкиот процес (Дејан Мицковиќ, поранешен директор во Македонски Телеком); тројца биле недостапни бидејќи се или болни или надвор од јурисдикција; и еден е починат (Дејан Силјановски).

Сведочење не е добиено и од четворица сведоци во Германија бидејќи тамошните власти одлучиле дека Хашката конвенција не важи за активности барани од страна на владина агенција, меѓу нив и поранешниот финансиски диркетор на Македонски Телеком, Ролф Плат.

Одговарајќи на тврдењата на одбраната дека не биле во можност да обезбедат доволно сведочења, од Комисијата за хартии од вредност на САД посочуваат дека поранешните директори Елек Штрауб, Тамаш Морваи и Андраш Балог имале доволно време а и стручни правни услуги за да го направат тоа.

„Долго пред КХВ да ги тужи обвинетите, Маѓар Телеком им обезбеди на Штрауб, Балог и Морваи софистицирана правна помош. Тоа вклучуваше три правни компании со висока репутација и канцеларии низ целиот свет. Со бенефитите од ваквата правна асистенција, обвинетите спроведоа меѓународна истрага и темелно ги проверија нивните теории во случајот“, пишува тужителот КХВ.

ДОЛГОГОДИШНА МЕЃУНАРОДНА ИСТРАГА

Пронаоѓањето на фактите вклучувало сведочења во Лондон, Будимпешта, Скопје, Линц, (Германија), Њујорк, Филаделфија и Вашингтон. На секоја сесија секој од обвинетите, според КХВ, бил претставуван од двајца или повеќе.

Од друга страна, КХВ, во најголем дел се потпрела на сведоци кои или се согласиле да сведочат доброволно или биле поканите од страна на судовите. Ова вклучувало седум сведоци во четири земји (без експертите и самите обвинети). „Одбраната можеше да го направи истото, но се одлучија да ги бараат сведоците според Хашката конвенција“, велат од Комисијата за хартии од вредност.

„Обвинетите, исто така, можеа да добијат релевантни информации од страна на адвокатите на ‘Вајт&Кејс’ кои интервјуираа повеќе странски сведоци за време на внатрешната истрага на Маѓар Телеком, но одбраа да не го направат тоа“, додаваат тие.

Во Македонија против Ролф Плат, Золтан Кишијхус и Михаил Кефалојанис заедно со поранешниот генерален директор на Македонски Телеком, Атила Сендреи беше поднесена кривична пријава во 2008 година за злоупотреба на службената положба. Подоцна од обвинение беше повлечен Михаил Кефалојанис, а тужбата никогаш не се процесуира.

Поранешните Унгарски директори, пак го негираат постоењето на каква било коруптивна шема и негираат дека биле вклучени во незаконитите дејствија како што тврди КХВ. Во однос на Протоколот за соработка, за кој Комисијата тврди дека е основа на коруптивните зделки, тие велат дека не бил наменет да биде формален, обврзувачки договор меѓу Маѓар Телеком и македонската влада.

„Сите сведоци што биле запознаени со Протоколот го опишаа како ништо повеќе од документирана дискусија или општа рамка меѓу двајца акционери во Македонски Телеком – Маѓар Телеком и Владата на Македонија во врска со постоечките несогласувања а во обид да соработуваат меѓу себе“, велат адвокатите на обвинетите.

Во својот исказ Штрауб го опишува Протоколот како „добра воља за почеток на решавање на проблем“. На сличен начин го опишува и Балог, кој вели дека Протоколот е „листа на желби“ или „меморандум за разбирање“ со кој се поставува „рамката за соработка“.

Мајкл Гунтер, директор во Дојче Телеком, кој бил вклучен во преговорите за Протоколот вели дека тоа е „напишана декларација за намери“ и е „ништо друго освен резултат на разговори меѓу двајцата акционери“ односно „транскрипта како резултат на дискусии“.

Поранешниот премиер на Македонија, Владо Бучковски, кој го потпишал Протоколот, исто така го опишува едноставно како „меморандум за разбирање“, кој бил само „првиот чекор кон решавање на односите“ меѓу двајцата акционери во Македонски Телеком. Тој понатаму вели оти знаел „дека сè што страните ќе стават на хартија нема да можат да го исполнат. Тоа беше повеќе како листа на желби“.
16-11-2015, 01:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#46

Quote:ДОСИЕ ТЕЛЕКОМ 6: Сведочењето на Бучковски


Борис Георгиевски
Сведочењето на експремиерот Владо Бучковски за аферата Телеком дадено пред американските власти стана достапно за јавност. Во него тој вели дека немало потреба македонската јавност да биде информирана за протоколот за соработка со Маѓар телеком и оти тој и бил „прераскажан“. Станува збор за документ врз кој се базира сомневањето за поткуп на македонски функционери во аферата Телеком.
[Image: telekom-6.jpg]
Бучковски бил повикан како сведок во рамките на истрагата која Американската комисија за хартии од вредност ја води против поранешните водечки луѓе на Маѓар Телеком / Фото: БИРН


Главната цел на Протоколот на соработка кој бил потпишан со Маѓар Телеком во 2005 година била да се обезбеди дивиденда за државата, тврдел поранешниот премиер Владо Бучковски во своето сведочење пред американски власти кое се одржало на 7 февруари 2014 година во Вашингтон, САД.
Бучковски бил повикан како сведок во рамките на истрагата која Американската комисија за хартии од вредност ја води против поранешните водечки луѓе на Маѓар Телеком, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Морваи. Тие се обвинети за поткупување на владини функционери во Македонија во периодот од 2004 до 2006 година.

[Image: vlado-buckovski-300px.jpg]
Бучковски Протоколот го потпишал во ходник, во интерес на државата

Протоколот за соработка Бучковски го потпишал во холот на Домот на АРМ во Скопје. Во сведочењето вели дека не се сеќава точно на сите детаљи, ниту кој му го донел договорот на потпис. „Бевме на некој настан кога слушнавме дека двете преговарачки страни постигнале договор“, вели Бучковски.

Експремиерот знаел дека постои само една оригинална копија од Протоколот, но не знаел каде била чувана. На забелешката дали знае дека оригиналот бил однесен во Атина и ставен во сеф на грчкиот бизнисмен Димитриос Контоминас, Бучковски вели дека првпат слуша за такво нешто.

Протоколот никогаш не бил заведен во архивата на владата, затоа што се сметал за необврзувачки документ, но одлуката не била негова, туку така го советувале експертите кои биле вклучени во преговорите, изјавил во сведочењето Бучковски.

„Тоа ја ослободува владата од обврски доколку договорот не е исполнет. Затоа што беше јасно дека нема да може да се реализира сѐ што е наведено во него“.

На прашањето зошто Протоколот не бил објавен пред македонската јавност, поранешниот премиер вели дека „немало потреба“ за такво нешто.
„Невообичаено е нешто што било дискутирано меѓу нас да биде јавно објавено“.
На македонската јавност протоколот и бил „прераскажан, сумиран“, вели Бучковски.

За консултантски договори 24 милиона евра

Експремиерот Бучковски на американските иследници им открил и дека главниот проблем во преговорите со Маѓар Телеком било откритието за исплаќањето на консултантските договори на суми под еден милион евра (пракса која овозможувала договорите да не мораат да добиваат согласност од Бордот на директори на Македонски телекомуникации) кое се одвивало преку компанијата „Камени мост“, која во тој период е во целосна сопственост на Маѓар Телеком.

Се работи за серија договори кои Унгарците ги потпишуваат со фирмите на Контоминас. Тие биле откриени при инспекциска контрола која владата ја испратила во „Камени мост“. Од деловите на сведочењето на Бучковски кои се отворени за јавноста не е јасно за кои договори точно станува збор.

Реализацијата на консултантските договори кои досега и беа познати на македонската јавност, склучени со фирмите на Контоминас, најчесто фирмата „Чаптекс“, започнува во јули 2005 година, и тоа откако е заклучен Протоколот за соработка на почетокот на мај 2005. Познато е дека за овие договори вкупно се исплатени околу 4,8 милиони евра. (Повеќе на оваа тема во третиот дел од Досието Телеком)
Логично е да се претпостави дека Унгарците и нивните грчки партнери склучувале вакви договори и претходно, особено ако се има предвид заклучокот на интерната истрага во Маѓар Телеком која покажала дека во периодот од 2002 до 2006 година, од Македонски телекомуникации преку вакви договори се одлеале над 24 милиони евра.

Сендреи „персона нон-грата“ затоа што се дружел со Груевски

Во сведочењето Бучковски открива и дека „не го поднесувал“ тогашниот директор на Македонски Телеком, Атила Сендреи, а истото и му го кажал. Причината била што Бучковски, како што самиот вели, се сомневал дека Сендреи и помагал на опозицијата во 2005 година.

„Го видов Сендреи како вечера со лидерот на опозицијата (во тоа време Никола Груевски) и се заколнав дека никогаш нема да влезе во мојата канцеларија“, сведочи Бучковски.

Тоа му го кажал и на генералниот директор на Маѓар Телеком, Елек Штрауб при нивните средби во 2005 година, објаснувајќи му ги причините зошто не сака да контактира со луѓето на Маѓар Телеком во Македонија.

Бучковски на крајот на сведочењето им порачува на американските иследници дека сака „заедно со нив да се бори за правда“.
„Ви кажав дека пред два дена ме посетија адвокатите на другите клиенти и ми кажаа три збора: кажете ја вистината и само вистината, и јас ви ја кажав“ изјавил тој.
21-11-2015, 03:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#47

Quote:Афера „Телеком“: Сведоците ги откриваат тајните


од НОВА  21-11-2015 1
[Image: 25709golema.jpg]
Автори: Борјан Јовановски и Горан Ризаов

Тоа што македонските власти го игнорираат барањето за обезбедување сведоци од Македонија за аферата „Телеком“ пред Окружниот суд во САД според Хашката конвенција, не ги спречило тужителите да си ја вршат својата работа. НОВА дојде до последните доставени документи од страна на Комисијата за хартии од вредност до Судот, меѓу кои се извадоци од десетина сведочења: на поранешниот премиер Владо Бучковски, на поранешнитедиректори на Маѓар телеком, Анраш Балог и Елек Штрауб, кои се сега обвинети за корупција на македонски функционери, на претседателот на внатрешата Комисија за ревизија на Маѓар Телеком, Адам Фаркаш, сведочењето на екс-разузнавачот Слободан Богоески, на ревизорот од „Прајсвотерхаус куперс“, Николас Кос, на вработенитот во правната служба на Маѓар телеком кој ги подготвувал сомнителните договори со „Чаптекс“, Золтан Херцег и други.

НОВА ќе ги објави содржините на сведочењата во серија написи во следниот период, од кои ќе се обелоденат детали за целата коруптивна шема за која се обвинети поранешните директори во Маѓар телеком а се однесува на Македонија.

Во документот доставен до Окружниот суд во САД со кој се поткрепува тужбата, од Комисијата за хартии од вредност тврдат дека иако обвинетите тврдат дека контроверзинот Протокол за соработка не бил правно обврзувачки договор, тие не го оспоруваат фактот дека тој бил таен.
„Не е спорно ниту тоа дека Штрауб и Балог преговарале за овој договор и го потпишале. Не се спори ни содржината, ниту дека не биле зачувани копии од потпишаниот договор во Маѓар телеком, каде што ревизорите од „Прајсвотерхаус куперс“ би имале пристап до нив. Не е спорно ни дека Штрауб и Балог знаеле дека потпишаните оригинали од Протоколот за соработка се чуваат во Атина, Грција, и се надевале дека никогаш нема да бидат најдени“, пишува во документот.

На кратко, според КХВ, обвинетите не можат да го оспорат фактот дека Протоколот за соработка бил таен договор кој бил сокриен од ревизорот во Прајсвотерхаус куперс.

„Единственото нешто што можат да се обидат да го оспорат е дали овој таен договор може да се кориси како материјал од страна на ревизорот како документ кој би имал влијание на финансиските извештаи“, велат од КХВ.

Но, тие тврдат дека овој договор повлекувал големи финансиски промени, поради кои директорите биле обврзани да го прикажат пред ревизорот. Меѓу другите докази поврзани со Протоколот се наоѓа и форвардирана имејл порака од Андраш Балог до Елек Штрауб и Тамаш Морваи на 30 мај 2005 година.

Оригиналната порака е испратена до Балог два дена претходно, на 28 мај 2005 година од страна на Љупчо Фармакоски, советник на поранешниот премиер на Македонија Владо Бучковски, кој го потпишал Протоколот за соработка.

Мејлот од Фармакоски е испратен од официјалната службена адреса: ljupco.farmakoski@primeminister.gov.mk до службената адреса на Андраш Балог: balogh.andras@In.matav.hu и гласи:

[Image: Farmak.jpg]

„Драг Андраш,

Би сакал да ти се заблагодарам за личните заложби кон резултатите од заедничкиот Протокол за соработка меѓу Владата на Македонија и Матав (Маѓар Телеком). Моето лично мислење и мислење на Владата е дека Протоколот за соработка ќе биде основа за плодна соработка и партнерство меѓу Владата и Матав во иднина.

Според нашата дискусија, ве информирам дека го повлекуваме нон-пејперот испратен на 23 мај, 2005 година.

За да ја потврдиме нашата конструктивна соработка со Матав, ве информирам дека Владата на Македонија веднаш ќе превземе мерки да го регистрира Матав како единствен акционер во Каменимост и Телемакедонија. Исто така, Владата на Македонија ќе преземе мерки за носење нова „Одлука за определување на бројот на точки за пресметка на висината на годишната такса за користење на радиофреквенции“, според точка 3 од Протоколот за соработка.

Драг г-дин Андраш, со точка 2 од протоколот ја дефиниравме исплатата на дивидендата, така што би било добро ако го контактирате г-дин Атила да подготви првичен документ за исплата според точка 2 од протоколот, за состанокот закажан во понеделник.

Срдечно,
Фармакоски“

Како друг релевантен доказ е додадено и официјалното писмо од Андраш Балог и Тамаш Морваи до Золтан Кишјихус, генерален директор на „Каменимост комуникации“, холдинг компанијата која е формирана од страна на Маѓар телеком и грчки Космотелко на Димитрис Кондоминас со цел да управува со Македонски телекомуникации.

Во ова писмо обвинетите за корупција Балог и Морваи му одобруваат на Кишјихус да ги потпише сомнителните консултантски договори со кипарската „Чаптекс“, исто така во сопственост на Димитрис Кондоминас.

Иако писмото со потписите на Балог и Морва, како и двата драфт договори со „Чаптекс“ се испратени на 30 август 2005 година, на нив е ставен стар датум, односно 31 мај 2005 година. Како што тврдат од КХВ, тоа е од причина што содржината на договорите со „Чаптекс“ и услугите кои тие ги предвидуваат се веќе исполнети кога тие се потпишани.

Македонското Министерство за внатрешни работи во 2008 година покрена кривична пријава против Золтан Кишјухас како директор на „Каменимост комуникации“, заедно со генералниот директор на Македонски телеком Атила Сендреи и финансискиот директор Ролф Плат, за злоупотреба на службената положба. Осомничен беше и директорот на „Чаптекс“, Михаил Кефалојанис, кој е длабоко вовлечен во наводната коруптивна шема, но тој мистериозно исчезна од тужбата.
(This post was last modified: 22-11-2015, 03:06 AM by ЈорданПетровски.)
22-11-2015, 03:04 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#48

Quote: КРИМИНАЛОТ ВО ТЕЛЕКОМ

Јавноста Ве памети и како директор на „Македонски телеком“ и тоа во оние клучни моменти, до неговата продажба во 2001 година. Како гледате на обелоденетото сведочење на поранешниот разузнавач Слободан Богоевски, објавено од страна на судот во Њујорк, а според кое во периодот од 2004 до 2006 година се вршел поткуп на видни политичари и се споменува исплатена сума од 4,8 милиони евра на Владо Бучковски, Али Ахмети и на Муса Џафери, како и други износи што ги имало во документи според кои практично се спроведувала шемата на поткупот?

- Немам сомнеж дека сведочењето на Богоевски е базирано врз факти со кои располагал. Судскиот случај произлезе од Американската комисија за хартии од вредност, која освен сведочењето на Богоевски, располагала и со други материјални докази. Инаку, Богоевски посочува износ за поткуп од 10 милиони евра, од кои 2,5 милиони евра биле за Сашо Мијалков, а за главни актери при примањето на поткуп ги посочува Владо Бучковски, Али Ахмети и Муса Џафери.
Но, во овој огромен скандал, за мене не помалку важна е и улогата на Никола Груевски. Тој лично раководеше со процесот на приватизацијата на „Македонски телекомуникации“ во 2001 година, ги носеше сите клучни одлуки при продажбата и е потписник на сите клучни договори во име на Република Македонија.

Најклучниот договор што Груевски тогаш го потпиша, беше таканаречениот Акт на обврзување. Со тоа ја обврза Република Македонија да гарантира монопол на „МАТАВ“ како стратешки инвеститор во „Македонски телекомуникации“ до 31 декември 2004. Фактот што македонскиот пазар на телекомуникации не се либерализира на 1 јануари 2005, се должи на одложувањето на новиот закон за телекомуникации, нов интерконекциски договор и регулативата за ефикасен протокол за пренос на броеви. Со примање пари од „Македонски телекомуникации“ во партиската фирма „Аналитико“, Никола Груевски свесно или несвесно си дозволил да стане дел од овој поткуп. Со овој чин, тогашниот опозиционер Груевски практично го премолчал фактот што нема либерализација од 1 јануари 2005. Така продолжи периодот на монопол за неколку години подолго од законски загарантираниот период обезбеден во Актот на обврзување. Овој акт е потпишан од самиот Груевски на 15 јануари 2001 година.

Македонските институции немаа реакција за овој случај?

- Имаме апсурдна ситуација. За поткуп на македонски политичари, во Њујоршкиот суд се води постапка започната уште во 2008 година, против тројца поранешни извршни директори на „МАТАВ“, а македонските институции упорно молчат. За оваа апсурдна ситуација Богоевски дава одговор дека уште во 2008 година одредени посредници од Грција исплатиле 2,5 милиони евра на Сашо Мијалков за да се спречи судска постапка во Македонија против одредени лица од Грција, вработени во „Македонски телекомуникации“. Всушност, овие лица, по налог на тројцата извршни директори од „МАТАВ“, биле одговорни за обезбедување на средствата за поткуп од „Македонски телекомуникации“ преку фирми во Кипар. Со самото стопирање на истрага од страна на македонските институции за овој случај, не само што се поштедени овие лица од Грција што тогаш работеле во Македонија, туку всушност се поштедени и Владо Бучковски, Али Ахмети и Муса Џафери.
 
Целото интервју:  ТУКА
04-01-2016, 06:09 PM
Reply
Cesen Makedonec Offline
Member
***

Posts: 182
Joined: Nov 2010
Reputation: 0
#49

Да не отварам посебна тема, Телеком е тука спомнат но мошне интересна емисија од вчера


23-01-2016, 07:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#50

Quote:АХМЕТИ, ЏАФЕРИ И БУЧКОВСКИ ЌЕ БИДАТ УАПСЕНИ ЗА „МАЏАР ТЕЛЕКОМ“!


[Image: 49917b63465730e94ee2084ef2c637a7_L.jpg]


ФБИ издале официјално барање по дипломатски пат до Република Македонија за апсење и појавување пред судот во Њујорк. Власта на Никола Груевски молчи, се поставува прашањето дали е ова причината поради која толку им се брза на Али Ахмети и ДУИ за избори на 24 април.
 
Откако Слободан Богоевски сведочеше за случајот „Маџар Телеком“ во судот во Њујорк, ФБИ поднела обвиненија за инволвираните во аферата на најкорумпираниот случај досега во Македонија.
 
Обвинети за Македонија ќе бидат претседателот на ДУИ Али Ахмети,  заменик-премиер и актуелен македонската Влада, Муса Џафери, поранешниот македонски премиер Владо Бучковски и поранешниот министер за транспорт и врски, Џамал Мехази.
 
Сите се обвинети за повеќе кривични дела, организиран криминал, корупција, злоупотреба на функцијата и друго. Обвинителството постапило согласно јавното откривање на тешката корупција на поранешни и сегашни функционери во Влада на Македонија, во процесот на судскиот случај „Маџар Телеком", кој се одржува во Судот на Њујорк. Информациите се дека по барањето на ФБИ апсење ќе има, бидејќи тие се најуспешни во борбата против криминалот и корупцијата во светот. 
 
Се очекува да се обелоденат и други кривични дела поврзани со оваа афера, како што е случајот на убиството на Халим Касам, кој според сведочењето на Слободан Богоевски, посредувал во реализација на мито од 7,5 милиони евра од еден од клучните обвинети во случајот „Маџар Телеком“ 
извор GESH
28-01-2016, 09:15 PM
Reply