Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 3.38 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ТЕЛЕКОМ, КОЈ ЗЕДЕ ПОВЕКЕ ПАРИ, ПРОДАВАЧИТЕ ИЛИ ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,747
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Quote:Од сведочењето на Богоевски: Кондоминас се исплаши од Мијалков бидејќи бил наркоман, зависник од кокаин !


сеп 06, 2015 Македонија

[Image: bogoevski-za-mijalkov-i-gruevski.jpg]

Во дел од сведочењето на екс шефот на македонската тајна полиција и, поранешен советник на Владата – Слободан Богоевски, дадено пред адвокатите на американската Комисија за хартии од вредност (СЕЦ), а во случајот со Маѓар Телеком и неговата ќерка фирма – македонскиот Телеком, Богоевски детално ги опишува сите операции и активностите во кои учествувал како посредник, ангажиран од контроверзниот грчки бизнисмен Димитрис Кондоминас.Во ова сведочење се спомнуваат и премиерот Никола Груевски и поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков.

Во продолжение погледнете што посведочил Богоевски за Мијалков и неговиот братучед Никола Груевски:

СБ: „Знаејќи го степенот до кој Министерството за внатрешни работи/МВР е криминализирано, бидејќи братучедот на премиерот беше шеф на УБК/ДБК/разузнавањето, воопшто не му верував затоа што знаев дека се занимава со трговија на дрога цел живот, во основа. Бидејќи во времето кога јас бев на чело, беше притворан во неколку наврати.“

СБ: „ Кога Павле Трајанов му ги даде документите на премиерот Никола Груевски, премиерот вети дека целата постапка ќе има разрешница, дека тоа ќе се заврши, но тоа никогаш не се случи. Напротив, набргу потоа, преку посредник, вработен кај Контоминас, Емануел Малесис, познат како Маноли, не сум сигурен, претпоставувам, претходно бил информиран дека тие го имаат оригиналот; беше организирана средба меѓу братучедот на премиерот, Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Емануел Малесис и Димитрис Контоминас, во хотелот Кемпински во Солун. Тоа беше прва средба на Контоминас со Сашо Мијалков. Од оваа средба произлезе следното. Дека нашите владини претставници ќе ја запрат кривичната истрага против директорите на Македонски Телеком, особено против Димитрис Сигалос и Атила Сендреи, Димитрис Сигалос беше директор на Нетфон, …“



П: Што му рековте на г. Малесис, ако воопшто му рековте нешто?

О: Само му кажав дека – дека целиот процес – целиот процес е против мене и двајцата адвокати и дека играат – (пцовки) нечесни игри. И дека единствениот начин да бидам уценуван и контролиран од семејната влада, која има многу блиски односи долги години со Контоминас, од 200 година наваму. Пријателството – нивното пријателство датира од – значи пријателството меѓу Малесис и Груевски започнува во 2000 година, кога (не се слуша) од Скопје беше продадено на Хеленик Петролеум за без пари, прилично. А зделката и договорот потоа – договорот беше потпишан од Никола Груевски, во тоа време – .

Од г. Доџ: Што друго Ви кажа г. Малесис?

Г-ѓа Фрајд: Приговор.

Сведокот (С.Б.): Рече дека се многу можни во Македонија за да прават сѐ и ако го споменам тоа бидејќи бев сведок во нивното преговарање за запирање на истрагата, дека ќе – дека ќе добијам одговор од премиерот и братучед му сашо Мијалков.

Од г. Доџ: Дали го сметавте тоа за закана?

Г. Хил: Приговор.

Г-ѓа Фрајд: Приговор.

Сведокот (С.Б.): Тоа е постојано уценување.

П: Кажете ми за третата средба со г. Малесис; кога било тоа?

О: Тоа беше во декември 2014 година. Тоа беше во првите неколку дена, првите пет дена, не можам точно да се сетам на денот, но тоа беше во првите пет дена од декември кога тој пристигна во Скопје за да се сретне со Сашо Мијалков, кој ми кажа дека ќе ни се суди – дека ќе ни се суди и – но ако јас – ако ја држам устата затворена, ако не кажам ништо како претходно што бев кажал, дека – за 6 месеци, дека случајот ќе се затвори, само ако не зборам за криминалните ктивности помеѓу Сашо Мијалков, Груевски и Контоминас. На тој начин, тие сакаат да ме држат под контрола бидејќи можта е – во Македонија – е во рацете на тоа семејство.

РД: Кој Ви ги кажа сиве овие работи? Како ги знаете сиве овие работи?

СБ: И Контоминас и Кефалојанис, бидејќи подоцна во неколку наврати се сретнав и со Контоминас и Кефалојанис, и во Атина и во Солун.

РД: А, ова е во 2008 година, така?

СБ: Во 2008 година. Веднаш по средбата во Кемпински, бидејќи Мијалков бараше 2 милиона евра за да ги повлече потрниците и 500,000 евра за адвкатската компанија Цукиќ и Марков, за правни услуги, Контоминас, отпрвин, не веруваше дека тој (Мијалков) има таква моќ. Тој (Мијалков) се претстави „Јас сум дури и поголем од премиерот, јас го направив премиер, нема потреба да разговараш со него, сѐ што знаеш можеш да ми го кажеш мене.“ Бидејќи Контоминас забележа дека е зависник од дрога, зависник од кокан е, се исплаши и ме повика да ми го каже предлогот на Мијалков, во смисла дали навистина може да му верува на овој млад човек. Му реков дека е вистина, дека премиерот без него не може да стори ништо и дека ако има некаква намера да разговара со нив, дека е на вистинската адреса. Потоа тој ми кажа дека парите кој ги побарал од него (Мијалков) не се проблем како што е проблем тоа дали тие ќе ги повлечат меѓународните потерници и ќе ја запрат истрагата. За таа цел, тие му предложиле дополнителни бизнис планови во Македонија, претпоставувам се сеќавате на продажбата на зградите на „Македонси телеком“, каде три згради беа дадени за една зграда која беше сѐ уште во градба на плоштадот во градот и плус „Македонски телеком“ да плати дополнителни 16,5 милиони евра, што е бесмислено. Но се направи така, како и да е. Тие заедно направија заеднички компании со Контоминас во областа на недвижностите, греењето, во бизнисот со телекомуникациите, а соработката која Контомиснас ја имаше со Бучковски сега продолжи со премиерот Груевски и братучед му.

Текстот е преведен од сведочењето на Богоевски за Македонски телеком во продолжение можете да го погледнете сведочењето на англиски во целост.

REVOLUCIONER
06-09-2015, 01:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,747
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

Quote:Мијалков се фалел дека тој е најмоќен во државата и, според Богоевски, му побарал 2,5 милиони евра на Контаминас


06-09-2015 18:02:12
Во дел од сведочењето на екс шефот на македонската тајна полиција и, поранешен советник на Владата – Слободан Богоевски, дадено пред адвокатите на американската Комисија за хартии од вредност (СЕЦ), а во случајот со Маѓар Телеком и неговата ќерка фирма – македонскиот Телеком, Богоевски детално ги опишува сите операции и активностите во кои учествувал како посредник, ангажиран од контроверзниот грчки бизнисмен Димитрис Кондоминас. Во ова сведочење се спомнуваат и премиерот Никола Груевски и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

[Image: bogoevski-mijalkov.jpg]

Во продолжение погледнете што посведочил Богоевски за Мијалков и неговиот братучед Никола Груевски:

СБ-Кога Павле Трајанов му ги даде документите на премиерот Никола Груевски, премиерот вети дека целата постапка ќе има разрешница, дека тоа ќе се заврши, но тоа никогаш не се случи. Напротив, набргу потоа, преку посредник, вработен кај Контоминас, Емануел Малесис, познат како Маноли, не сум сигурен, претпоставувам, претходно бил информиран дека тие го имаат оригиналот; беше организирана средба меѓу братучедот на премиерот, Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Емануел Малесис и Димитрис Контоминас, во хотелот Кемпински во Солун. Тоа беше прва средба на Контоминас со Сашо Мијалков. Од оваа средба произлезе следното. Дека нашите владини претставници ќе ја запрат кривичната истрага против директорите на Македонски Телеком, особено против Димитрис Сигалос и Атила Сендреи, Димитрис Сигалос беше директор на Нетфон, …“

П: Што му рековте на г. Малесис, ако воопшто му рековте нешто?

О: Само му кажав дека – дека целиот процес – целиот процес е против мене и двајцата адвокати и дека играат – (пцовки) нечесни игри. И дека единствениот начин да бидам уценуван и контролиран од семејната влада, која има многу блиски односи долги години со Контоминас, од 200 година наваму. Пријателството – нивното пријателство датира од – значи пријателството меѓу Малесис и Груевски започнува во 2000 година, кога (не се слуша) од Скопје беше продадено на Хеленик Петролеум за без пари, прилично. А зделката и договорот потоа – договорот беше потпишан од Никола Груевски, во тоа време – .

Од г. Доџ: Што друго Ви кажа г. Малесис?

Г-ѓа Фрајд: Приговор.

Сведокот (С.Б.): Рече дека се многу можни во Македонија за да прават сѐ и ако го споменам тоа бидејќи бев сведок во нивното преговарање за запирање на истрагата, дека ќе – дека ќе добијам одговор од премиерот и братучед му сашо Мијалков.

Од г. Доџ: Дали го сметавте тоа за закана?

Г. Хил: Приговор.

Г-ѓа Фрајд: Приговор.

Сведокот (С.Б.): Тоа е постојано уценување.

П: Кажете ми за третата средба со г. Малесис; кога било тоа?

О: Тоа беше во декември 2014 година. Тоа беше во првите неколку дена, првите пет дена, не можам точно да се сетам на денот, но тоа беше во првите пет дена од декември кога тој пристигна во Скопје за да се сретне со Сашо Мијалков, кој ми кажа дека ќе ни се суди – дека ќе ни се суди и – но ако јас – ако ја држам устата затворена, ако не кажам ништо како претходно што бев кажал, дека – за 6 месеци, дека случајот ќе се затвори, само ако не зборам за криминалните aктивности помеѓу Сашо Мијалков, Груевски и Контоминас. На тој начин, тие сакаат да ме држат под контрола бидејќи можта е – во Македонија – е во рацете на тоа семејство.

РД: Кој Ви ги кажа сиве овие работи? Како ги знаете сиве овие работи?

СБ: И Контоминас и Кефалојанис, бидејќи подоцна во неколку наврати се сретнав и со Контоминас и Кефалојанис, и во Атина и во Солун.

РД: А, ова е во 2008 година, така?

[Image: print-skrin-prevod-1024x405.jpg]
[Image: print-skrin-prevod-1-1024x348.jpg]

СБ: Во 2008 година. Веднаш по средбата во Кемпински, бидејќи Мијалков бараше 2 милиона евра за да ги повлече потрниците и 500,000 евра за адвкатската компанија Цукиќ и Марков, за правни услуги, Контоминас, отпрвин, не веруваше дека тој (Мијалков) има таква моќ. Тој (Мијалков) се претстави „Јас сум дури и поголем од премиерот, јас го направив премиер, нема потреба да разговараш со него, сѐ што знаеш можеш да ми го кажеш мене.“ Бидејќи Контоминас забележа дека е зависник од дрога, зависник од кокаин е, се исплаши и ме повика да ми го каже предлогот на Мијалков, во смисла дали навистина може да му верува на овој млад човек. Му реков дека е вистина, дека премиерот без него не може да стори ништо и дека ако има некаква намера да разговара со нив, дека е на вистинската адреса. Потоа тој ми кажа дека парите кој ги побарал од него (Мијалков) не се проблем како што е проблем тоа дали тие ќе ги повлечат меѓународните потерници и ќе ја запрат истрагата. За таа цел, тие му предложиле дополнителни бизнис планови во Македонија, претпоставувам се сеќавате на продажбата на зградите на „Македонси телеком“, каде три згради беа дадени за една зграда која беше сѐ уште во градба на плоштадот во градот и плус „Македонски телеком“ да плати дополнителни 16,5 милиони евра, што е бесмислено. Но се направи така, како и да е. Тие заедно направија заеднички компании со Контоминас во областа на недвижностите, греењето, во бизнисот со телекомуникациите, а соработката која Контомиснас ја имаше со Бучковски сега продолжи со премиерот Груевски и братучед му.

Текстот е преведен од сведочењето на Богоевски за Македонски телеком во продолжение можете да го погледнете сведочењето на англиски во целост.
06-09-2015, 09:35 PM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#23

Jordan svedokot Bogoevski covek na Amerika e?
Ova svedocenje od ovie denovi e ali??
Ako nesto ne odi kako treba vo septemvri a osobeno po 15,vo RM, nema da cudi vo Amerika da zaminat i B.C i Lj.G.Ocigledno ova niv gi goni vo pozadina.
Kako stojat rabotite Belgrad e staven pod Amerikanska uprava a sega sreduvaat po ispostavi.
07-09-2015, 06:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,747
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24

(07-09-2015, 06:34 PM)fetak Wrote: Jordan svedokot Bogoevski covek na Amerika e?
Ova svedocenje od ovie denovi e ali??
Ako nesto ne odi kako treba vo septemvri a osobeno po 15,vo RM, nema da cudi vo Amerika da zaminat i B.C i Lj.G.Ocigledno ova niv gi goni vo pozadina.
Kako stojat rabotite Belgrad e staven pod Amerikanska uprava a sega sreduvaat po ispostavi.


Сведочењето Богоевски го има дадено на 19.02. 2015 година
07-09-2015, 09:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,747
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25

07-09-2015, 09:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,747
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

08-09-2015, 12:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,747
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

Quote:Богоевски: „Останувам на она што сум го изјавил!“

Поранешниот директор на Службата за државна безбедност, за „Утрински весник“, вели дека нема намера самиот себеси да се коментира



Љубиша Станковиќ



Разузнавачот Слободан Богоевски останува на она што тој, во својство на сведок, го изјавил пред судот во Њујорк, во врска со случајот „Маѓар телеком“.

Во изјава за „Утрински весник“, поранешниот директор на Службата за државна безбедност, потврди дека сето она што како негов исказ се објавува деновиве е тоа што тој го изјавил.

„Не можам самиот себеси да се коментирам. Тоа што е кажано - тоа е! Немам што друго да додадам“, вели Богоевски и појаснува дека нема увид во се' што деновиве беше објавено, а се однесува на скандалот со „Маѓар телеком“ и обвинувањата за наводен поткуп.

Богоевски не им дава многу значење на реагирањата кои уследија по објавувањето на неговото сведочење, пред се' на поранешниот премиер Владо Бучковски и од првите луѓе на ДУИ.

„Тоа е нивно право!“, вели Богоевски, во одговор на најавите од ДУИ дека против него ќе следи тужба.

Скандалот со изјавата на Богоевски, дадена пред американски судски органи, изминативе неколку дена ја потресува домашната јавност. Иако се работи за продолжение на мега-скандалот, кој се поврзува со тројцата обвинети директори на „Маѓар телеком“: Андраш Балог, Елек Штрауб и Тамаш Морваи, изјавата на Богоевски фрли нова светлина на целиот случај.

Како што е познато, во официјален документ на тужителот, односно на Американската комисија за хартии од вредност (СЕЦ), тој сведочеше дека како посредник имал активна улога во случајот. Богоевски, кој побарал и добил привремен статус на заштитен сведок, обвини за поткуп, односно дека биле договорени милионски износи за високи македонски функционери кои за возврат требало да ја заштитат привилегираната позиција на „Маѓар телеком“. Според неговото сведочење, тој ги договорил контактите, а Димитрис Кондоминас бил иницијатор.

Разузнавачот Богоевски посведочи дека екс-премиерот Владо Бучковски и Елек Штрауб потпишале два тајни документи: Протокол за соработка и еден „Нон пејпер“, во кој била прецизирана временската рамка за исплатата на поткупот. Третиот документ кој бил обезбеден е писмо упатено до Алек Штрауб, во кое има закани од други инвеститори кои биле заинтересирани за Телекомот.

Целата зделка, според сведочењето на Богоевски, одела како договори за консултантски услуги со кипарски компании, а кои се сопственост на Кондоминас. Парите, во готовина, ги подигал извесен Беким Земоски, но како лица кои побарале или примиле милионски износи се споменати и високи функционери на ДУИ.

„Ова е апсолутна невистина, која се актуализира како дел од гнасната кампања со лаги и измислувања во функција на предвремените избори в година. Правните застапници ќе ги разгледаат материјалите и ќе поднесат соодветни пријави“, реагираа од ДУИ, но се' уште нема никаква пријава поднесена против Слободан Богоевски.

И екс-премиерот Бучковски реагираше на сведочењето на Богоевски, кое го нарече тенденциозно и со многу невистинити конструкции.

„Станува збор за граѓанска парница. Засега не би го коментирал случајот“, вели јавниот обвинител Марко Зврлевски, запрашан дали обвинителството ќе отвори истрага по обвинувањата за злоупотреба на службена положба и корупција коишто беа обелоденети деновиве, откако судот во Њујорк го направи достапно за јавноста сведочењето на поранешниот шеф на македонската тајна служба Слободан Богоевски, во случајот кој се води против директорите на „Маѓар телеком“.

Во документите кои беа објавени на сајтот на судот, може да се прочита името на бившиот висок македонски функционер, кој е посочен за примање мито, кој се' бил вмешан, како се одвивала шемата на корумпирањето и многу други пикантерии околу сведочењето, кое се одвивало во амбасадата на САД во Скопје и лично и преку видеоконференција.

Невладината Транспаренси интернешнел - Македонија“ во март 2013 му го испрати на јавниот обвинител Марко Зврлевски тајниот документ, „Протокол за соработка“, на кој стојат имињата на македонските владини функционери, кои наводно биле поткупени со околу 5 милиони евра од тројцата челници во „Маѓар телеком“ (Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамас Морваи) за да се одложи воведувањето на третиот мобилен оператор и воведувањето на повисоки давачки за операторите.

Невладината организација, со која раководи поранешната антикорупционерка Слаѓана Тасева, на прес-конференција тогаш побара Зврлевски да покрене постапка против посредникот во поткупот, грчкиот бизнисмен Димитрис Контоминас. Зврлевски во изјава за медиумите тогаш го повтори она што неговиот претходник Љупчо Шврговски во неколку наврати го кажа - дека обвинителството не нашло докази дека високи функционери во Македонија примиле поткуп. Следствено на тоа, не можело да се покрене постапка за наводниот посредник.

UTRINSKI
09-09-2015, 01:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,747
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28

09-09-2015, 10:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,747
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29

Quote:Уште една БОМБА од Богоевски : Касами добил куршум бидејќи барал дел од митото од ,,Телеком” – нарачател Муса Џафери?!

09.09. 2015 Македонија

Со автомобил на влада поради што немало царинска контрола на преминот Богородица биле внесувани 7 и пол милиони евра за митото од Маѓар Телеком за исплата на македонски политичари- ова во сведочењето за њујоршкиот суд детално го опишал екс-разузнавачот Слободан Богоевски повикувајќи се на информации добиени од директни учесници во транспортот на пари.


[Image: Bogoevski.png]


Парите според Богоевски биле исплатени во три еднакви рати, во мај и во декември 2005-та, а последната исплата била само неколку дена пред парламентарните избори летото 2006-та кога дојде до смена на власта. Парите од Маѓар Телеком до македонските политичари оделе преку Димитриос Кондоминас, грчки бизнисмен кој веќе 16 години е присутен и на македонско тло познат и како добар партнер на сите влади од ОКТА наваму. Богоевски тврди дека од 10 милиони евра стигнати со авион до Солун, 2 и пол завршиле кај првиот човек на владата, 5 милиони кај функционери на албанската партија во власта, а последната четвртина си ја задржувал Кондоминас.

Во документот на њујоршкиот суд стои дека: парите биле земани во кеш од вилата на Кондоминас во близина на аеродромот во Атина. Ги давала жена во присуство на Кондоминас, а со автомобили кешот бил префрлан до границата. Во меѓузоната ги чекале владини автомобили во кои биле префрлани парите. Бидејќи станувало збор за државни возила без проверка минувале на преминот Богородица. Учествувале блиски соработници на екс премиерот Бучковски, а Слободан Богоевски тврди дека во целата игра бил вклучен и влијателен албански бизнисмен кој во тоа време отвори и национална телевизија во Скопје.

Богоевски пред истражителот на американската комисија Роберт Доџ тврди дека: парите прво биле носени во владата каде третина била оставана на луѓе блиски на тогашниот премиер Бучковски. Остатокот завршувал во куќата на АбдилХалим Касами, тогаш задолжен за финансии во ДУИ, а тие пари според Богоевски завршувале кај првите луѓе на ДУИ Али Ахмети и Муса Џафери. Куќата каде завршувал патот на митото ја имаше на телевизија само неколку недели после последната исплата, тогаш во неа беше застрелан домаќинот Касами кој 6 години подоцна почина од последиците од атентатот.

Богоевски во сведочењето тврди дека причината за атентатот било тоа што Касами во чија куќа доаѓале парите не добил ниту денар па поради тоа што си го барал делот од митото за Телеком добил куршум. Екс разузнавачот тврди дека во разговор со ранетиот Касами било спомнато дека зад атентатот стои Муса Џафери и тогаше и актуелен вицепремиер. Од ДУИ за сведочењето на Богоевски денеска со коментар во медиумите дека всушност се работи за атак на странски служби од соседството за да ја разнебитат партијата и да го тргнат Али Ахмети. Тие како и Бучковски целосно како измислици ги негираа изјавите на Богоевски пред истражителите на њујоршкиот суд и најавија и тужби против него. Од актуелната власт засега никој не реагира и покрај тоа што Богоевски пред Американците ги спомнал и премиерот Никола Груевски и доскорешниот прв човек на тајната служба Сашо Мијалков.

За Мијалков Богоевски тврдел дека во солунскиот хотел Кемпински му барал пари на Кондоминас за да се сопре истрагата против директори на Телеком. Богоевски тврди дека документите за митото ги имал и премиерот Груевски.Македонското обвинителство досега постојано се изјаснуваше дека нема доволно докази за да гони некој функционер за митото од Телеком.

Извор : Телма
10-09-2015, 01:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,747
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#30

10-09-2015, 08:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,747
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#31

12-09-2015, 03:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,747
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#32

Quote:Жерновски, Пенов и Макрадули меѓу политичарите кои Телекомот ги потплатувал со два милиони евра?

Документите за случајот Телеком, кои ги поседува судот во Њујорк, откриваат многу поширока мрежа на политичари од редовите на владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ во 2004 година, но откриваат и дека помали партии како Либерал-демократската партија биле вклучени во обидите да се спречи ослободувањето на телекомуникацискиот пазар од монополот на Македонски Телекомуникации, објавува „Република“.

[Image: zernovskiiiii.jpg]

Еден од најшокантните документи содржани во материјалите доставени пред судот, навестува дека компанијата била подготвена да им плати до два милиони евра на пратениците од СДСМ, ДУИ и ЛДП, меѓу кои и денес актуелни политичари како градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, за да изгласаат законски измеени во интерес на унгарско-германските сопственици на Македонски Телекомуникации – Маѓар Телеком и Дојче Телеком.

[Image: dok11.jpg]
[Image: dok22.jpg]

Документите до кои дојде „Република“ покажуваат дека Македонски Телекомуникации се обиделе да обезбедат законска гаранција дека во Македонија нема да влезе нов, трет самостоен мобилен оператор кој би претставувал закана за неприкосновената позиција на МТ на пазарот. За таа цел, компанијата не само што користела оф-шор компании регистрирани на Кипар со кои ги потплатувала СДСМ и ДУИ, туку активно барала соработници во македонското Собрание кои би можеле да им помогнат во таа цел. Меѓу нив биле пратениците во собраниската Комисија за транспорт и врски, меѓу кои и актуелни политичари како Андреј Жерновски, но и екслидерот на ЛДП, Ристо Пенов.

Еден од документите кои ги поседува судот содржи информации дека Македонски Телекомуникации работеле со тогашното раководство на Агенцијата за електронски комуникации и директорот Коста Трпковски да се подготви текст на закон кој ќе биде во согласност со нивните интереси да се продолжи скоро целосниот монопол на МТ. Но, интересите на компанијата биле нарушени кога закон со поинаков текст, подготвен во соработка со УСАИД, кој предвидувал либерализација на пазарот согласно барањата на Европската Комисија, бил предложен до Собранието. За да се спречи донесувањето на овој закон, компанијата предлага лобирање насочено кон одреден број пратеници.

Во продолжение се наведени имињата на членовите на собраниската Комисија, кои биле клучни за интересите на компанијата МТ да ја зачува својата монополска комисија. Меѓу нив се и имињата на Андреј Жерновски, Никола Ѓурчиев, неколку членови на ВМРО – Народна партија и на ДУИ. За да се изврши влијание врз пратениците кои би биле подготвени да ја поддржат верзијата на законот која била во интерес на монополот на МТ, во документот се препорачува да се одржат разговори на ниво на коалицијата СДСМ-ДУИ-ЛДП, при што Асан Јакупи е идентификуван како член на ДУИ кој може да влијае на пратениците од оваа партија, а тогашниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, како функционер на ЛДП кој ќе се погрижи пратениците на оваа партија, меѓу кои и сегашниот градоначалник на општината Центар Андреј Жерновски, ќе гласаат во поддршка на продолжување на монополот.
12-09-2015, 04:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,747
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#33

Quote:[color=#FF0000][size=x-large][b]Жерновски, Пенов и Макрадули меѓу политичарите кои Телекомот ги потплатувал со два милиони евра?

[Image: zernovskiiiii.jpg]

Документите за случајот Телеком, кои ги поседува судот во Њујорк, откриваат многу поширока мрежа на политичари од редовите на владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ во 2004 година, но откриваат и дека помали партии како Либерал-демократската партија биле вклучени во обидите да се спречи ослободувањето на телекомуникацискиот пазар од монополот на Македонски Телекомуникации. Еден од најшокантните документи содржани во материјалите доставени пред судот, навестува дека компанијата била подготвена да им плати до два милиони евра на пратениците од СДСМ, ДУИ и ЛДП, меѓу кои и денес актуелни политичари како градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, за да изгласаат законски измеени во интерес на унгарско-германските сопственици на Македонски Телекомуникации – Маѓар Телеком и Дојче Телеком

[Image: dok11.jpg]
[Image: dok22.jpg]

Документите до кои дојдовме покажуваат дека Македонски Телекомуникации се обиделе да обезбедат законска гаранција дека во Македонија нема да влезе нов, трет самостоен мобилен оператор кој би претставувал закана за неприкосновената позиција на МТ на пазарот. За таа цел, компанијата не само што користела оф-шор компании регистрирани на Кипар со кои ги потплатувала СДСМ и ДУИ, туку активно барала соработници во македонското Собрание кои би можеле да им помогнат во таа цел. Меѓу нив биле пратениците во собраниската Комисија за транспорт и врски, меѓу кои и актуелни политичари како Андреј Жерновски, но и екслидерот на ЛДП, Ристо Пенов.

Zernovski podobra rezolucija

Еден од документите кои ги поседува судот содржи информации дека Македонски Телекомуникации работеле со тогашното раководство на Агенцијата за електронски комуникации и директорот Коста Трпковски да се подготви текст на закон кој ќе биде во согласност со нивните интереси да се продолжи скоро целосниот монопол на МТ. Но, интересите на компанијата биле нарушени кога закон со поинаков текст, подготвен во соработка со УСАИД, кој предвидувал либерализација на пазарот согласно барањата на Европската Комисија, бил предложен до Собранието. За да се спречи донесувањето на овој закон, компанијата предлага лобирање насочено кон одреден број пратеници.

sto nudime

„Што ќе се случува и кога: 17 јануари – средба со комитетот за информатичко општество на владејачката партија СДСМ во 18 часот. Причина – да се прифатат амандманите кои треба да бидат усвоени пред собраниската Комисија како предлози на СДСМ. Членови на комитетот се Јани Макрадули (претседавач и пратеник), Томе Тромбев (претседавач на собраниската Комисија за транспорт и врски), Гаврило Џиковски, Горан Цветковски, Горан Паунов, Коста Трпковски и други кои повремено учествуваат”, пишува во документ подготвен од страна на Македонски Телекомуникации.



Во продолжение се наведени имињата на членовите на собраниската Комисија, кои биле клучни за интересите на компанијата МТ да ја зачува својата монополска комисија. Меѓу нив се и имињата на Андреј Жерновски, Никола Ѓурчиев, неколку членови на ВМРО – Народна партија и на ДУИ. За да се изврши влијание врз пратениците кои би биле подготвени да ја поддржат верзијата на законот која била во интерес на монополот на МТ, во документот се препорачува да се одржат разговори на ниво на коалицијата СДСМ-ДУИ-ЛДП, при што Асан Јакупи е идентификуван како член на ДУИ кој може да влијае на пратениците од оваа партија, а тогашниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, како функционер на ЛДП кој ќе се погрижи пратениците на оваа партија, меѓу кои и сегашниот градоначалник на општината Центар Андреј Жерновски, ќе гласаат во поддршка на продолжување на монополот.

Penov podobra rezolucija

„Улогата на Атила Сендреи – да се контактира Ристо Пенов за да се убедат членовите на Собранието од ЛДП”, пишува во дел од документот во кој се поделени улоги на одделните функционери и лобисти ангажирани од МТ за да се издејствуваат законски измени согласно интересот на монополистичката компанија. Во документот јасно се наведува дека, доколку некои од пратениците се спротистават на барањата на компанијата, ќе им бидат понудени пари.

„Што можеме да понудиме за прифаќање на нашата верзија на законот во Собранието: Доколку при било која од контролните точки на процесот се појави опасност од значително отстапување на верзијата на законот подготвена од нашата работна група, и доколку не сме во состојба да ги вратиме овие отстапувања со други мерки, тогаш оптималната понуда за прифаќање на сите наши предлози може да биде износ во висината на два милиони евра, доколку бидат побарани. Но, мора да има преговарање по средбите во партијата и Собранието”, пишува во делот на документот во кој отворено се најавува можноста од потплатување на македонски пратеници за да се издејствуваат измени на законот кои ќе бидат на штета на граѓаните, а во интерес на компанијата МТ.

Судот во Њујорк води втор процес за овој корупциски скандал. Во првиот веќе утврди дека Маѓар Телеком и Дојче Телеком, преку Македонски Телекомуникации, потплатувале македонски политичари од коалицијата СДСМ, ДУИ и ЛДП, за да го спречат влегувањето на нови телекомуникациски компании на македонскиот пазар. Монополот предизвика назадување на развојот на информатичкото општество во Македонија со прескапи и недостапни интернет врски и прекумерно високи цени за мобилната и фиксната телефонија. Оваа монополска позиција конечно беше разбиена од страна на ВМРО-ДПМНЕ со воведувањето на лиценцата за трет самостоен мобилен оператор во 2007 година, и со подоцнежната продажба на компанијата Космофон на словенечкиот Телеком.
12-09-2015, 05:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,747
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#34

13-09-2015, 10:30 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,747
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#35

Quote: Њујоркшкиот суд го усвои сведочењето на Слободан Богоевски

[Image: %d0%b1%d0%be%d0%b3%d0%be%d0%b5%d0%b2%d1%...%b8(1).jpg]


17 септември 2015

Њујоркшкиот окружен суд во САД го одби барањето на тужените во аферата Маѓар Телеком да биде иземено сведочењето на екс-разузнавачот Слободан Богоевски, поради потврдување на приложените докази во истото. Информацијата и документот ги објави порталот Локално.

Според одлуката на судот која ја пренесува порталот, на тужените Елек Штрауб, Тамас Морваи и Андреас Балог ќе им биде пресудено врз основа на исказот на сведокот Богоевски во кој се содржани 240 докази.

Во заклучокот потпишан од судијата Ричард Саливан стои:

„Од горенаведените причини, СО ОВА СЕ НАРЕДУВА ДЕКА барањето на тужените целосно да се избрише сведочењето на Богоевски се ОДБИВА. Сепак, во случај страните да не се во можност да добијат одговори од Богоевски на прашањата што тој претходно не успеа да ги одговори, тужените можат да побараат налог за негативен заклучок во врска со тие прашања. Од аспект на фактот дека фазата на разоткривање е завршена, во врска со овој случај, ПОНАТАМУ СЕ НАРЕДУВА ДЕКА ако некоја од страните поднесе барање за пресуда без образложение, таа страна ќе го достави писмото за барање пред судење не подоцна од 21 август, 2015 година, во согласност со индвидуалните практики на судот. ИСТО ТАКА СЕ НАРЕДУВА дека секакви одговори на писмото со барање пред судење ќе биде доставено до 28 август 2015 година“.

+INFO
17-09-2015, 10:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,747
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#36

Quote:Доказите за „Телеком“ под тепихот на обвинителството



НОВА 25-09-2015

Автори: Сашка Цветковска и Горан Ризаов

Документи од истрагата која се водела во Обвинителството во Македонија до коишто дојде НОВА покажуваат дека голем дел од деталите изнесени во јавноста во врска со меѓународната истрага за „Телеком“ им биле познати на македонските органи на правдата во време кога истрагата се отвори во Македонија. Од преводи на меѓународните ревизии и сослушаните сведоци во Будимпешта, до увиди во емаил преписки, банкарски транскации на физички и правни лица инволвирани во скандалот-сето ова било дел од досието „Телеком“ кое години наназад лежи во фиоките и чека специјални обвинители и специјални времиња за истрагата да вроди со плод, а оние кои ги зеле мито и ги оштетиле македонските граѓани да одговараат пред органите на правдата.

Документите јасно покажуваат дека Основното јавно обвинителство за гонење организирран криминал и корупција започнало активна и опсежна истрага во врска со обвинувањата. Постојат стотици документи само од банкарските сметки на фирмата „Камени мост АД“ од чии што сметки се префрлиле милиони евра на сметката на кипарската „Чаптекс“, пари кои според американскиот суд служеле за поткуп на македонски топ функционери од страна на „Маџар Телеком“.

Во тоа време јавен обвинител во одделението за гонење на сторителите на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција е актуелниот државен јавен обвинител Марко Зврлевски, а само една година подоцна,, односно во 2009 година тој станува шеф на тоа одделение.

Во август 2008 година Управата за спречување на перење пари на чело со Ване Цветанов доставува предлог до Јавното обвинителство да се замрзнат сите сметки на компанијата „Камени мост комуникации АД“ која е веќе во процес на ликвидација под сомнение за „сомнителни транскации кои потекнуваат од дивиденди од Телеком со цел истите да бидат извлечени и префрлени на странски правни лица по сомнителни основи“. Понатаму во документот се вели дека „сомневањата се во насока на тоа дека оваа фирма постои со цел да се извлечат парите од превисоките дивиденди кои „Маѓар Телеком“ го добива од „Македонски телекомуникации“ и по пат на прикривање на трагата на парите префрлани се на повеќе сметки по сомнителни основи при што постои основано сомнение за сторено кривично дело перење на пари“.

[Image: obv1.png]

[Image: obv2.png]

[Image: obv3.png]



Истиот месец по барање на обвинителството истражен судија носи одлука за замрзнување на сметките на овааа фирма во сопственост на „Маѓар Телеком“, а чии сметки, според меѓународната истрага се користеле за исплата на поткупот на македонски функционери.

Постојат уште стотици документи и изводи од банкарските сметки на компанијата во земјава кои се собрани по барање на Управата заа спречување на перење пари и се доставувани во обвинителството.

Во уште еден од документите кои ги разгледа НОВА од истрагата на Американците, а којшто бил дел од архивата на јавното обвинителство детално се опишува улогата на Дејан Мицковиќ, тогашен претседател на одборот на директори на „Македонски телекомуникации“ во подготовката на „Проколот за соработка“. Во документот насловен како „Мислење по договорот со МАТАВ“пишува дека е подготвен од страна на тогашниот Претседател на Одборот на директори на Македонски телекомуникации Дејан Мицковиќ и двајцата Државни советници на премиерот, Јован Пејковски и Љупчо Фармаковски.

Овој документ е анализа на добрите и лошите страни на првичниот договор кој наводно бил предложен од страна на Матав. Мицковиќ и советниците на тогашниот премиер Владо Бучковски препорачуваат договорот да не се потпишува бидејќи „ниту премиерот, ниту Владата, не можат да порпишат договор со кој ќе се обврзат да не спроведуваат закон што е донесен во парламентот зошто го кршат Уставот и законите.

Наместо тоа, тие предлагаат да се направи устен договор, а „како крајна солуција“ да се потпише Протокол за соработка. Токму овој Протокол за соработка подоцна ќе стане еден од централните документи во долгогодишната правна битка на Комисијата за хартии од вредност во САД против поранешните директори на Маѓар Телеком, Елек Штрауб, Томаш Морваи и Андреас Балог.

Содржината на Договорот од Матав, за кој дале мислење експертите на 05 мај 2005 година е слична на содржината на Протоколот за соработка, предвидува одложување на влезот на трет мобилен оператор на пазарот, исплата на дивидендите, соработка со виртуелен мобилен оператор на Косово и сл.

Тројцата експерти во мислењето предупредуваат на правните последици од потпишување на ваков договор ако тој биде изнесен во јавноста, а и потенцираат дека е можна „реакција на опозицијата дека владата крши Устав и закон и дава привилегирана позиција за една компанија“. Исто така, се вели дека со објавувањето на ваквиот Договор, се очекува „покренување на постапка од страна на Антикорупциската комисија, која ваквиот договор би го квалификувала како штетен“.

Дејан Мицковиќ од страна на ревизорите според анализата во документите се смета за клучен сведок за активностите на челниците во „Телеком“ и македонската влада, а истрагата напоменува дека „во 2006 година си дал неотповиклива оставка од функцијата во „Телеком“ само два дена по изборите“ и дека во 2007 година направил обид да емигрира во Канада со семејството.

Иако ваквиот првично предложен Договор меѓу Владата и Матав не е потпишан, истрагата во САД покажа дека Протоколот за соработка бил потпишан, а во Македонија била покрената кривична постапка против четворица странски државјани. Но, случајот сè уште не е расветлен и ниту еден македонски државјанин не се гони за корупцијата во Телекомот.
Македонската јавност повторно се заинтересира за овој случај по објавата на сведочењето на поранешниот шеф на македонската тајна служба Слободан Богоески, кој сведочеше дека по заминувањето од функцијата бил сведок на тајните коруптивни зделки како консултант на грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас. Токму Кондоминас и неговите компании регистрирани на Кипар се осомничени за посредници при корупциските зделки.

СЛЕДУВА во понеделник

Како истрагата од активна и опсежна се претвори во мртва и неефикасна? Зошто во тоа време ВМРО ДПМНЕ како партија на власт не би била заинтересирана докрај да истражи и реши случај во којшто се сомничат топ функционери од претходната влада? Што се случуваше во 2008 година со зделката со зградите на „Телеком“ за којашто сведокот Слободан Богоевски тврди дека била средство за поткуп на функционери од актуелната влада за да се сопре истрагата за „Телеком?
26-09-2015, 12:29 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,747
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#37

Quote:ДОСИЕ ТЕЛЕКОМ 1: Обвинувања и одбрана

Борис Георгиевски
28. сеп. 15.

БИРН во неколку продолженија ги пренесува резултатите од истражувањето на обемниот доказен материјал кој е дел од постапката што пред судот во Њујорк се води против поранешните водечки луѓе на Маѓар телеком обвинети за поткупување на владини функционери во Македонија. Јавно достапните документи фрлаат нова светлина на процесот на приватизацијата на Македонски Телекомуникации и на случувањата кои му претходеле.
[Image: Telekom_gemidzija_Z_R_c_txt.jpg]
[Image: %D0%BC%D0%B0%D1%93%D0%B0%D1%80%20%D1%82%...%D0%BC.jpg]
БИРН во неколку продолженија ги пренесува резултатите од истражувањето на обемниот доказен материјал кој е дел од постапката што пред судот во Њујорк се води против поранешните водечки луѓе на Маѓар телеком
Стотици документи, сведоштва, лични и официјални преписки, транскрипти од службени седници, стенограми и тајни документи се дел од доказниот материјал во процесот кој пред Окружниот суд во Њујорк се води против поранешните водечки луѓе на Маѓар Телеком, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Морваи. Тие се обвинети за поткупување на владини функционери во Македонија во периодот од 2004 до 2006 година.
Случајот е продолжение на процесот кој Американската комисија за хартии од вредност (СЕК) го водеше против Дојче Телеком и неговата ќерка-фирма Маѓар Телеком под истите обвинувања - за поткуп на државни функционери во Македонија и Црна Гора со цел добивање на повластена позиција на пазарот.
Тој случај заврши со спогодба, откако Дојче Телеком и Маѓар Телеком се согласија да платат казна од околу 95 милиони долари во замена за прекин на постапката. Во истиот период кога заврши постапката за двете компании - декември 2011, американската комисија го покрена процесот за лична одговорност против тројцата функционери во унгарската фирма.
Целиот случај деновиве доби нови димензии во Македонија, откако беше објавено сведочењето на поранешниот разузнавач Слободан Богоески.
Споредбата на доказниот материјал со сведочењето на Богоески потврдува дел од тврдењата, и поважно, дава прецизна слика за тоа како се одвивале преговорите и кој сѐ учествувал во нив. Дополнително, се фрла нова светлина и на процесот на приватизацијата на Македонски Телекомуникации во 2001 година, и дел од случувањата кои му претходеле.
Судскиот процес е далеку од завршен, а многу важни документи веројатно ќе бидат откриени дури по завршувањето на постапката, во прв ред клучните сведочења. Документите кои ги објавуваме се дел од судската постапка како доказен материјал, добиени се по легален пат, и тие се достапни за пошироката јавност без ограничувања.
Обвинение и одбрана

[Image: antena.jpg]
На почетокот од 2005 година македонскиот парламент донесе нов Закон за електронски комуникации кој бил неповолен за Маѓар Телеком | Фото: Threecharlie wikimedia commons

Во судскиот процес кој се води во Њујорк, СЕК се јавува како обвинител на тројцата менаџери на Маѓар Телеком.
СЕК смета дека во 2005 и 2006 година, обвинетите, поранешни функционери во унгарската телекомуникациска компанија Маѓар Телеком, се ангажирале во шема за подмитување на владини функционери во Македонија. СЕК смета дека доказите за време на судењето ќе го докажат следново:
„На почетокот од 2005 година македонскиот парламент донесе нов Закон за електронски комуникации со кој се либерализира телекомуникацискиот пазар на начин кој бил неповолен за Маѓар Телеком. Законот им овозможува на телекомуникациските регулаторни тела во Македонија да објават тендер за лиценца за трет мобилен оператор. Страната која ќе ја добие лиценцата би станала директен конкурент на Македонски Телекомуникации АД (МакТел), фирмата ќерка на Маѓар Телеком во Македонија. Законот исто така ја зголеми цената на фреквенциите и наметна други регулаторни пречки за МакТел“.
Во обвинението се наведува и дека „на почетокот од март 2005 година, обвинетите изработиле шема за подмитување на владините функционери од обете политички партии во македонската коалициска влада со цел да ги поништат или намалат ефектите од новиот закон. Унапредувајќи ја шемата, обвинетите, во соработка со грчки посредници, испреговарале таен договор под наслов ‘Протокол за соработка’ со високи македонски владини функционери.
Протоколот предвидува дека македонските функционери ќе обезбедат одложување или спречување на издавањето на лиценца за трет мобилен оператор. Функционерите исто така се обврзуваат да ги намалат цените на фреквенциите за МакТел и ќе му дозволат на МакТел да ги диктира условите за имплементација на регулативата (преку подзаконски акти) која ќе биде подведена под нов закон. Во замена за овие поволности, Владата на Македонија ќе добие околу половината од 95 милиони евра дивиденда во рамките на својот удел во МакТел, а на македонските функционери ќе им биде исплатена неодредена сума мито“.

[Image: thome.jpg]
Новиот закон ја зголеми цената на фреквенциите | Фото: Wikimedia Commons Zoidy

СЕК тврди, врз основа на документите во доказниот материјал дека „Во меѓусебната комуникација, обвинетите дискутираат за потребата да се исплати мито во висина од 10 милиони евра на три рати. Митото ќе им се исплати на функционери во обете партии од македонската владејачка коалиција. Обвинетите дискутираат за потребата да се уреди тајмингот на исплатата со цел да се обезбеди дека функционерите нема да ги добијат парите сѐ додека подзаконските акти кои ги бара МакТел не бидат усвоени.
Обвинетите исто така дискутираат и за потребата да добијат потврда од владините функционери дека поткупот е примен. Со цел да ја уредат „логистиката“ на поткупот, обвинетите се сложиле да преземат серија лажни „консултантски“ и „маркетинг“ договори преку кои ќе биде извршена исплатата. Грчките посредници најпрво предложиле користење на офшор компании со седиште во Кипар како примарни партнери за лажните договори. Но, кога им станало јасно на обвинетите дека на кипарските фирми им недостасува дури и валиден корпоративен углед, тие одлучиле да искористат друга фирма - Чаптекс која била во сопственост на грчките посредници.
Пред да биде откриена измамата, обвинетите одобриле исплата на 4,875 милиони евра како поткуп за македонските функционери преку договорите со Чаптекс.
Дел од лажните договори биле пријавени како ретроактивни договори базирани врз постигнат успех во кои настаните кои придонесувале за зголемување на исплатата (како што е намалувањето на цената на фреквенциите или усвојувањето на подзаконските акти) веќе биле случени.
Исплатите во лажните договори биле структурирани така за да останат под сумата за која требало да се бара одобрениеод Бордот. Дел од договорите биле изготвени од име на неоперативна холдинг компанија која била во процес на ликвидација.
На почетокот на 2006 година кога Маѓар Телеком започна интерна истрага за други сомнителни договори, двајца од обвинетите инсталирале програмата за бришење на софтвер на нивните компјутери, во обид да ги избришат сите докази за шемата за поткуп во Македонија“, се наведува во обвинението.
[Image: us%20district.jpg]
Насловна страна на обвинението на СЕК

Одбраната ги отфрла ваквите тврдења на СЕК и тврди дека договорите кои се предмет на спорот не се поткуп туку компензација:
„Обвинетите ги отфрлаат тврдењата на тужбата и негираат дека учествувале во шема за коруптивни исплати на македонски владини функционери, дека воделе неадекватно или лажно книговодство, дека фалсификувале документи и евиденција или дека им давале лажни или погрешни изјави на сметководители или контролори.
Обвинетите тврдат дека немало подмитување на македонски функционери, дека обвинувањата на СЕК се базираат на шпекулации и извртување на значењето на документи, дека СЕК нема ниту еден сведок кој ќе потврди дека бил платен поткуп, дека Протоколот за соработка е валиден меморандум за разбирање меѓу двајцата акционери во МакТел- Македонската влада и Маѓар Телеком- кој се однесува на испреговарани бизнис и политички компромиси и на легитимни исплати, финансиски инвестиции, гласање на македонските телекомуникациски закони и прашања од работните односи.
Понатаму, одбраната тврди дека некогашниот акционер во МакТел била многу почитуваната грчка телекомуникациска компанија Космотелко која имала значајни познавања за телефонскиот бизнис во Македонија, и откако Космотелко го продал својот удел во МакТел во 2004, го употребил своето големо искуство и знаење за МакТел за да му пружи лобистички и консултантски услуги преку својата ќерка фирма - Чаптекс, чии услуги биле од клучно значење за успехот на МакТел.
Консултантските и лобистичките договори со Чаптекс биле легитимни договори за потребни услуги во врска со македонскиот Закон за телекомуникации, потребното намалување на цените на фреквенциите, македонскиот Закон за работни односи и други прашања, и дека парите кои биле исплатени за овие услуги не биле поткуп за македонските функционери туку компензација за добиените услуги.
Што се однесува до тврдењата на СЕК дека обвинетите договарале поткуп од 10 милиони евра, одбраната тврди дека „ тоа биле средства кои во три рати требало да ѝ бидат платени на Македонската влада за користењето на фреквенциите“.
Сведоци од Македонија

[Image: Vlado%20Buckovski.jpg]
На првично објавената листа на сведоци, името на експремиерот Владо Бучковски не е наведено, иако тој сам потврди дека сведочел во 2014 година | Фото: БИРН

На конечната листа на сведоци од Македонија за кои Окружниот суд од Њујорк испратил барање до правниот сектор на македонското Министерство за надворешни работи се наоѓаат осум лица. Од првично објавената листа недостасува името на поранешниот премиер Владо Бучковски, но тој самиот неодамна за „Утрински весник“ потврди дека сведочел пред американските истражни органи во 2014 година.
Сите именувани личности се повикани како сведоци на судењето и тие не се сметаат за осомничени ниту обвинети во постапката. Во прилог на ова говори и случајот на поранешниот претседател на Бордот на МакТел, Дејан Мицковиќ. По сведочењето во САД, Мицковиќ добил благодарница од американскиот СЕК во која се потенцира дека „неговото сведочење било единствено во функција на фактички сведок, а не како обвинет или осомничен“.
„Потврдувам дека СЕК не наишла на никаков доказ во рамките на нашата истрага за Маѓар Телеком и АД Македонски Телекомуникации, дека сте биле вмешани во какво било незаконско работење за време на вашиот мандат како Претседател на Бордот на МакТел. Напротив, вашата соработка за време на истрагата беше од голема помош за откривање на илегалните активности на други лица“, се наведува во писмото до Мицковиќ кое го потпишал раководителот со истрагата во СЕК, Роберт Доџ.
Дополнително, и самиот Протокол за соработка кој го потпишуваат тогашниот премиер Бучковски и министерот за транспорт Мехази од една и првиот менаџер на Маѓар Телеком, Елек Штрауб,од друга страна, не е спорен како договор кој ги регулира односите меѓу двете страни. Потврда за тоа е и фактот што луѓето кои директно учествувале во неговата подготовка од македонска страна не се обвинети, туку се повикани како сведоци на судењето.
[Image: %D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB.jpg]
Протоколот за соработка кој го поседувал само Димитрис Кондоминас

Меѓутоа, обвинението се потпира врз сомнежот дека всушност Протоколот за соработка е само параван, а мотивот за реализација на обврските кои се наведени во него, всушност, се резултат на корупција и поткуп.
Протоколот за соработка според СЕК е клучен , бидејќи „тој е ‘круната’ на обидите на ‘Маѓар Телеком’ да ги реализира своите интереси во Македонија“.
За македонската јавност, пак, клучниот документ е „Нон пејперот“ во кој прецизно се регулираат и обврските и сумите за исплата, и лицата од врвот на македонската политика кои треба да ги добијат.
Што се однесува на сведоците прв на листата е Димитар Бузлевски, поранешен министер за транспорт и врски и некогашен висок функционер на СДСМ. Судот наведува дека бара сведочење од Бузлевски затоа што во тој период работел како „лобист/консултант“ за МакТел и помогнал во склучувањето на Протоколот за соработка.
[Image: SMS2.jpg]
СЕК обвинува дека поранешни функционери во Маѓар Телеком учествувале во шема за поткупување владини функционери во Македонија | Фото: БИРН

Бузлевски деновиве за медиумите изјави дека не добил покана да сведочи. „Никогаш не сум имал позиција во ’Телеком‘ според која би можел да имам сознанија за случајот“, рече на почетокот од септемви Бузлевски за „Утрински весник“. Во 2012 година, кога „аферата Телеком“ ја актуелизира новото раководство на СДСМ, Бузлевски тврдеше дека „во 2005 и 2006 година бил градоначалник на Ресен и немал никакви контакти со Телеком“.
Во 2003 година, тогашниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ и поранешен директор на Македонски Телекомуникации, Ден Дончев на прес-конференција тврдеше дека Бузлевски е на платниот список на МакТел и дека “како консултант зема плата од 5.000 евра“.
„Бузлевски во Телекомот нема никаква функција во управните органи туку е врската помеѓу двајцата сопственици, односно помеѓу Владата и конзорциумот ‘Матав‘“, тврдеше Дончев.
Втор на листата е поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски.
„Црвенковски веројатно присуствувал на состаноци со Маѓар Телеком, Космотелко и македонскиот премиер во однос на преговорите за Протоколот за соработка“, се наведува во барањето. И кабинетот на Црвенковски тврди дека тој не сведочел за случајот.
Понатаму, од поранешниот директор на Бордот на МакТел, Борче Давитковски се бара сведочење за „влијателната улога на Чаптекс во регулаторните проблеми кои се опфатени со Протоколот за соработка“.
За поранешниот директор за продажба на МакТел, Огнен Фирфов, Судот претпоставува дека „има сознанија за сервисниот договор од 2006 година помеѓу МакТел и Космотелко, како и за договорот од истата година помеѓу МакТел и Нетфон. За истите прашања се бараат одговори и од Лазо Јовески, поранешен директор во МакТел.
Следен на листата е поранешниот претседател на Бордот на директори на МакТел, Дејан Мицковиќ кој „преговарал за Протоколот од името на Македонската влада“.
Тој за своето сведочење кое се уште не е јавно достапно одбива да коментира за медиумите. Меѓутоа од документите на истрагата јасно е видливо дека бил под постојани закани и силни притисоци во Македонија, за да не сведочи за случајот. Од истите материјали произлегува впечатокот дека и други сведоци минувале низ слични проблеми.
Освен Мицковиќ кој, според Судот, бил вмешан во преговорите за Протоколот со исто својство за сведок е повикан и Јован Пејковски, поранешен државен советник на македонскиот премиер.
Последно на листата на сведоци е името на Дејан Силјановски, поранешен извршен директор на регулаторното тело на МакТел. „Силјановски ја познавал регулативата во Македонија и ги знаел потребите за лобирање на МакТел во 2005 и 2006 година.“
Продолжува...
09-10-2015, 01:56 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,747
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#38

Quote:ДОСИЕ ТЕЛЕКОМ 2: Како се либерализираше пазарот

Борис Георгиевски

29. сеп. 15.
Текстот на Законот за либерализација на пазарот за електронски комуникации се договара и усогласува со компанијата-ќерка на Маѓар телеком во Македонија, МакТел речиси цела 2004 година. Но, на крајот на годината, за неполни десет дена, во Собрание влегува верзија која е неповолна за компанијата која дотогаш има монопол на пазарот, покажуваат документите, сведоштвата и преписките кои се дел од доказниот материјал пред судот во Њујорк.
[Image: Telekom_gemidzija_Z_R_c_txt_2.jpg]

Либерализација на телекомуникациите е еден од условите за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската унија. Во тоа време на македонскиот пазар фигурира само една компанија МакТел, некогашната државна компанија за телекомуникации која е приватизирана во 2001 и продадена на Маѓар Телеком.
Монопол на пазарот е неприфатлив за ЕУ и Брисел инсистира да се донесе нов закон за телекомуникации што ќе го либерализира пазарот. Одложувањето на оваа постапка за државата станува се потешко со оглед на тоа што во Брисел се разгледува апликацијата за кандидатски статус во ЕУ поднесена во март 2004 година.
Писмото кое тогашниот прв извршен директор на Матав во Скопје, Атила Сендреи, му го испратил на 16 јануари 2005 година на Дејан Силјановски, тогашен извршен директор на регулаторното тело на МакТел, го дава целиот историјат на приказната за либерализација на македонскиот пазар на телекомуникации, што сега се подведува под името „афера Телеком“.
Нејзините корени се во последните две недели од 2004 година кога новиот закон што значеше либерализирање и демонополизација на пазарот на телекомуникациските услуги што се влечкаше со години, се усвојува преку ноќ, оставајќи ги првите луѓе на монополот на Маѓар Телеком комплетно збунети и со барање одговори „што навистина се случи“.
[Image: sendrei-pismo.jpg]
Хронолошки распоред на настаните во писмото на Атила Сендреи

Во декември 2003, МакТел, како што пишува Сендреи во писмото во кое ги рекапитулира настаните, бара од Владата подготовка на нацрт закон за телекомуникации најдоцна до јуни 2004 што на МакТел, ќе му даде време да се подготви за либерализација на пазарот, „Подготвивме скелет на законот и план за негова имплементација“, му пишува Сендреи на Силјановски.
Во април 2004 година Мактел на Владата ѝ поднесува готов нацрт закон за телекомуникации за кој Сендреи вели дека бил „комплетно во согласност со европските директиви“, поради што компанијата сугерирала тој текст да се земе како основа на идното законско решение.
Мактел, всушност, според зборовите на Сендреи, преку „официјални и неофицијални“ канали помогнал во подготовките на законот за тој да биде во полза како што вели Сендреи „и на компанијата и на државата“. Биле изготвени повеќе од десет работни верзии на законот.
Хаосот и недоразбирањата, според Сендреи, започнале на 16 декември 2004, а завршиле сосема неочекувано за компанијата за неполни десет дена.
На 15 декември 2004 на функцијата премиер стапува новиот лидер на СДСМ, Владо Бучковски, а на 16 декември тогашната вицепремиерка за евроинтеграции, Радмила Шеќеринска, добива писмо од ЕУ во кое била опомената поради одложувањето на донесувањето на новиот закон за телекомуникации.
„Ова беше причината за забрзувањето на процесот, затоа што заканата гласеше тригодишно одложување на процесот за почеток на преговори за членство во ЕУ со Македонија“, тврди Сендреи во преписката со Силјановски.
На 23 декември 2004 година, првиот човек на Бордот на „Маѓар“, Елек Штрауб, добива писмо потпишано од Дејан Мицковиќ, тогашен претседавач на Бордот на директори на Македонски Телекомуникации (МакТел) и Јован Пејковски- државен советник на премиерот.

[Image: 9-mickovic-straub.jpg]
Факсимил на писмото со кое се најавува средба Бучковски Страуб


Во него, тие го информираат Штрауб дека соработката со Матав – (Маѓар Телеком) е од круцијално значење за новиот премиер и дека Бучковски изразил подготвеност да се сретне со него лично во Скопје, на разговори за актуелните прашања за односите меѓу двете страни. Во документот за тоа се наведува: „Владата го прифаќа вашиот предлог за разговор и изнаоѓање договор кој потоа би се регулирал со меморандум“.
На пораката одговара шефот на стратегискиот оддел на Матав, Андраш Балог, кој прифаќа дека на состанокот меѓу Штрауб и Бучковски треба да се разговара за прашањата кои се од интерес и за Македонската влада:
„Вработување на млади талентирани Македонци; натамошно намалување на бројот на вработени; нивото на исплата за отпуштените работници; зголемување на месечната претплата, висината на дивидендата; избор на нов директор на МобиМак; либерализација на пазарот на фиксната телефонија и идната улога на Македонски Телекомуникации“.
На површно ниво, се чинело дека двете страни да се подготвени за компромис, а во позадина се одвивале секојдневни состаноци, лобирање и притисоци за измена на легислативата во која се прекршувале многу интереси кои добиваат неверојатно темпо.
За осум дена од предупредувањето од Брисел и само ден по писмото во кое Бучковски изразува подготвеност за средба со Штрауб, на 24 декември работната група која работи со поддршка на УСАИД го финализира текстот на законот и му го предава на Димитар Буковалов, во тоа време шеф на одделот за телекомуникации во Министерството за транспорт и врски.
„Текстот е во полза и на МакТел и на државата“ забележува Сендреи. Меѓутоа, во рок од два дена, меѓу 24 – 26 декември, непосредно пред седницата на Владата, од нему непознати причини тој текст се менува од страна на Буковалов. Тој тврди дека во него се предвидени пократки рокови и се направени измени, спротивни на европските директиви.
„Непредвидените измени одразуваат само 30% од претходните совети на МакТел“ констатира Сендреи.
Унгарскиот директор натаму тврди дека на владината седница на 26 декември практично имало два различни закони во игра. Едниот, производ на работната група која работела на текстот и кој бил во согласност со Маѓар Телеком, што требало да го презентира Коста Трпковски и втор, кој всушност и им бил поделен на министрите од страна на Буковалов.
Презентацијата на Трпковски на седницата не се случила, министрите ја читаат верзијата на Буковалов, Владата го усвојува текстот и носи одлука тој да се испрати во Собрание во скратена постапка.
На прес конференцијата на 27 декември, која ја држат министерот за транспорт и врски, Џемаил Мехази, Димитар Буковалов и Коста Трпковски, според зборовите на Снедреи, на Трпковски „не му била дадена можност да даде коментар“. Истиот ден МакТел добива тврда копија од изменетата верзија на законот кој оди во собраниска процедура со формално барање компанијата да даде свои коментари најдоцна до 11 јануари 2005.

[Image: Posleden%20del%20od%20pismoto%20na%20Sendrei.jpg]
Дел од писмото на Сендреи сопретпоставки зошто дошло до непредвиден пресврт во процесот на лобирање за Законот.

Сендреи во писмото во кое дава хронологија на настаните посочува три можни причини зошто дошло до непредвидено менување на нацрт – текстот на Законот за електронски комуникации. Првата е самиот карактер на Буковалов, што Сендреи го оценува како „непредвидлив и преамбициозен“, втората е дека зад ваквиот развој на настаните стои УСАИД, американската агенција која го поддржува интернет провајдерот Он.Нет, конкурент на МакТел и „е заинтересирана да има што побрзо отворен пазар“, а трета претпоставка е дека „самата влада ја користи ситуацијата како алатка за преговори“ .
Продолжува...
09-10-2015, 02:02 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,747
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#39

Quote:ДОСИЕ ТЕЛЕКОМ 3: „Подмачкување“ од два милиони евра

Борис Георгиевски

30. сеп. 15.
Разврската на процесот на либерализација на пазарот на телекомуникациски услуги, одложуван уште од приватизацијата на македонскиот Телеком, започнува со молскавична брзина кон крајот на 2004 и непредвиден исход за компанијата – ќерка на Маѓар Телеком, МакТел. Договорениот Закон воопшто не е презентиран во Влада, наместо него се усвојува текст неповолен за компанијата, по што започнува процесот заради кој тројца раководни лица на Маѓар Tелеком се обвинети за поткупување владини функционери во Македонија.
[Image: Telekom_gemidzija_Z_R_c_txt_3.jpg]
На почетокот од 2005 година, Македонскиот парламент во скратена постапка добива на гласање текст на Закон за електронски комуникации со кој се либерализира телекомуникацискиот пазар на начин кој бил неповолен за фирмата ќерка на Маѓар Телеком во Македонија МакТел или како поинаку се нарекува Матав.
И покрај сите лобирања, консултации и понудени услуги за кои пишува и прецизно ги објаснува тогашниот прв извршен директор на Матав во Скопје, Атила Сендреи, во писмото до Силјановски од јануари 2005, Законот што оди во Собрaние им овозможува на телекомуникациските регулаторни тела во Македонија да објават тендер за лиценца за трет мобилен оператор, роковите се скратени и генерално неповолни за компанијата која дотогаш имала монопол на пазарот. (Види: ДОСИЕ ТЕЛЕКОМ 1: Обвинувања и одбрана)
Во екот на настаните околу усвојувањето на Законот, односно кога стана јасно дека верзијата на Законот поволна за МакТел е напуштена веќе од 26 декември 2004, до средината на јануари 2005 се одржуваат серија состаноци меѓу претставниците на МакТел, парламентарци, партиски функционери и државни службеници од владејачката коалиција кои се прецизно запишани во писмото на Сендреи.
25 декември 2004 како почеток на активностите за измена на Законот и блокада на влезот на трет мобилен оператор го посочува во своето сведочење и екс-разузнавачот Слободан Богоески.

Според Богоески, првиот Меморандум за соработка со цел одложување на спроведувањето на Законот за електронски телекомуникации бил изготвен уште на 15 јануари 2005 година, а на 30 јануари истата година била изготвена и втора верзија за која биле запознаени високи функционери на СДСМ и ДУИ.
Унгарецот Сендреи во писмото пак бележи и кој какви улоги имал притоа. Па така, запишал дека задачата на Димитар Бузлевски е да контактира и да лобира во СДСМ, а на Асан Јакупи да лобира во ДУИ. Дејан Силјановски бил задолжен да учествува и да врши презентации во партијата и во парламентот, додека самиот Сендреи си земал задача да контактира со Ристо Пенов за да го убеди како да гласаат пратениците на ЛДП. Притоа се констатира дека доколку Законот биде усвоен во актуелната форма, МакТел веќе ги има подготвено подзаконските акти и тие треба да му се дадат за помош на Коста Трпковски.
Последниот дел од писмото, со поднаслов: Што да се прави сега? ја објаснува стратегијата на МакТел за дејствување. Сендреи предлага да се инсистира на претходната верзија на Законот преку убедување на креаторите на јавно мислење. Како такви ги дефинира клучните членови на најважните комисии, а како најважни ги спомнува улогите на (мостот) Томе Тромбев и „менаџерот“ Димитар Бузлевски.
Потоа Сендреи дава интересен предлог, кој можеби ја одредува и судбината на натамошниот тек на преговорите со Владата, кои ќе завршат со т.н. Протокол за соработка:
[Image: faks4o.jpg]
Сендреи во писмото од 16 јануари предлага можност за „подмачкување“ од 2 милиони евра.

„Доколку процесот за која било од клучните точки покаже опасност од значителни девијации од верзијата на работната група, и ние не сме во можност да го вратиме во таа состојба со други акции, во таков случај оптималната понуда за прифаќање на сите предлози треба да биде околу 2 милиони евра, доколку се побара. Но ‘подмачкувањето’ мора да се стори дури по средбите во партијата и во парламентот“, се наведува во документот.
На 26 јануари 2005 година во Скопје доаѓа Елек Штрауб, првиот човек на Маѓар Телеком. На средбите со тогашниот премиер Владо Бучковски и претседател Бранко Црвенковски присуствуваат и Димитрис Контоминас, Никос Ставридис, Михалис Кефалијанис, Дејан Мицковиќ и Атила Сендреи.
На 28 јануари Елек Штрауб му пишува писмо на Бучковски во кое меѓудругото му се заблагодарува што „му наложил на министерот за транспорт Џемали Мехази да ги вметне сугестиите и коментарите на МакТел, како амандмани, во новата верзија на Законот која ќе биде доставен до парламентот“.

Контра-мерките на Матав

На 18 февруари е донесен Законот за електронски комуникации, а стапува во сила на 3 март истата година. На 21 февруари, Матав веќе има подготвено „контра-мерки“ кои треба да ги ублажат последиците. Тие се содржани во документ кој Сендреи му го испраќа на Силјановски.
Меѓу другото, се размислува „како да се промени Законот од политичка перспектива и кој би бил најпогоден за да го стори тоа: Премиерот, Претседателот или некој друг“? Понатаму, се предлага „ревизија на лобистите и идентификување на нови лоби - цели и лица со кои би се работело“. „Барајте ги заедно со Грците, доколку е тоа неопходно и се чини корисно“, пишува натаму. „Лобирајте за подзаконски акти. Одложете ги седницата на Бордот и исплатата на дивидендата“, гласи дел од стратегијата.
На 1 март 2005, Мајкл Лоренс, тогашниот оперативен директор на МобиMак по електронска пошта му испраќа брифинг на Михаел Гинтер, член на Бордот на директори на МакТел од Дојче Телеком, пред средбата на Гинтер со премиерот Бучковски.
Во него, Лоренс наведува дека министерот за транспорт Мехази „во последен момент доставил амандман до Собранието за трет мобилен оператор. Тој е очигледно заинтересиран за трет, албански, оператор“, заклучува Лоренс. „Досега премиерот не успеваше да го спречи овој потег. Еден од проблемите е што албанскиот министер не му е потчинет на премиерот и Македонците не можат да извршат притисок врз него.“
„... Премиерот веројатно ќе вети дека ќе го спречи влезот на трет оператор, но дали навистина има моќ навистина да го стопира, е прашање. Тој има ограничена моќ, а Албанците сакаат поделба“, пишува во брифингот на Лоренс.

Спречување на влезот на трет оператор

На 7 март 2005, Михаел Гинтер, член на Бордот на директори на МакТел од Дојче Телеком, му испраќа писмо на Елек Штрауб во кое го брифира за состанокот со Бучковски на кој присуствувале и Пејковски и Мицковиќ. Копија од пораката му е испратена и на тогашниот прв човек на Дојче Телеком, Рене Оберман.
[Image: faks10o.jpg]
Интерен брифинг за наводно договореното меѓу МакТел и премиерот?

„Премиерот потврди дека ќе стори сѐ што е во негова моќ да спречи влез на трет мобилен оператор или да го одложи неговото влегување на пазарот во далечна иднина. Доколку тоа не е можно треба да се размислува за МВНО (мобилен оператор кој користи туѓа мрежа, н.з.); тој го употреби овој термин што значи дека имал брифинг“, пишува Гинтер.
Имено, за формирањето на МВНО се дискутира во Меморандумите за кои посредува грчкиот бизнисмен Контоминас, а за кои во сведочењето информира Богоески.
Во Протоколот за соработка кој подоцна ќе биде потпишан, како прва точка се наведува обврската на МобиMак да ја прошири својата мрежа и на Косово. Интересот на ДУИ, како што сведочи и Богоески, е тие да управуваат со таа мрежа. Во суштина, тој дел од договорот никогаш не е реализиран. Воведувањето на трет мобилен оператор во Македонија, во Протоколот, се ограничува само на можноста за МВНО, и Владата во него дава гаранции дека дури и во иднина да се воведе, тој ќе мора да ја користи мрежата на МобиMак.
Во април 2005 година меѓу клучните актери во аферата веќе циркулираат првите „Нон-пејпери“ кои во суштина не се разликуваат многу од конечната верзија на Протоколот. Првиот „Нон-пејпер“ Михалис Кефалојанис им го испраќа на Андраш Балог и на советникот на македонскиот премиер, Беким Земоски, на 21 април 2005 година. Една недела подоцна, на 28 април, Балог внесува неколку забелешки и му го враќа документот на Кефалојанис.
На почетокот на мај 2005 година, Штрауб повторно доаѓа во Македонија, но за разлика од јануари истата година, овојпат состаноците минуваат полутајно и со затворени брифинзи за јавноста. Десетина дена по состанокот на кој освен Бучковски и Штрауб, присуствувал и Контоминас, повторно доаѓа до тензии меѓу Владата и Матав.
Најпрво, на 16 мај Андраш Балог добива писмо потпишано од советниците на Бучковски, Јован Пејковски и Љупчо Фармаковски. Тие му ги пренесуваат на Балог забелешките на Бучковски на предложениот Протокол за соработка и потенцираат дека премиерот е подготвен да се откаже од дел од стратешките интереси на Владата, доколку тој биде прифатен.
Меѓу другото, според документите во преписката стои: „Имајќи го предвид фактот дека следната година е исклучително важна за Владата, од витален интерес за Владата на РМ ќе биде доколку дивидендата за 2005 година, која ќе биде исплатена во првата половина од 2006, изнесува најмалку 90 милиони евра. Владата е свесна дека гореспомнатото ќе зависи од донесувањето на подзаконските акти, како што се дефинира во точка 2. од Протоколот“.
Балог одговара на оваа порака веќе следниот ден, и е крајно незадоволен. Балог пишува дека „новиот предлог ги шокирал“ Унгарците и дека тој отскокнува од она што било договорено на состанокот и ветено од Бучковски. Од писмото на Балог, кое е меѓу доказниот материјал во судот во Њујорк, уште може да се дознае дека средбите на Штрауб во Скопје фактички се одвивале два дена, на 5 и 6 мај.
На 23 мај 2005 година, Дејан Мицковиќ добива е-писмо од Елеонора Тупанческа, менаџер во Телеком во тој период. Во Нон-пејперот (еден од најмалку трите кои циркулирале) кој ја придружува пораката се содржани елементите кои подоцна ќе бидат преточени во Протоколот за соработка.
Во него, меѓу другото, се предвидува: исплаќање на дивидендата во износ од 90 милиони евра, Владата презема обврска да му овозможи на Матав својот дел од дивидендата да го префрли во странство, и обврска во следните четири месеци да се регулираат сите други отворени прашања, вклучително и влезот на трет мобилен оператор, цените на фреквенциите, новите вработувања и подзаконските акти со кои треба да се дорегулира Законот за електронски комуникации.
Доколку Унгарците не го прифатат овој предлог, се наведува во овој Нон-пејпер, Владата веднаш ќе почне да ја применува новата регулатива, експресно ќе распише тендер за трет мобилен оператор, и нема да прифаќа никакви забелешки од Маѓар Телеком за подзаконските акти.

Дигитализација на ЕСМ како параван?

Како мала дигресија, интересно е од денешен аспект да се анализира пишувањето на македонските медиуми, додека зад кулисите се одвиваат овие тајни преговори. Имено, како главна тема во тој период, мај 2005 година, во јавноста се наметнува проект за дигитализација на Електростопанство на Македонија.
Проектот предвидувал влез на израелска (или уругвајска, во зависност од изворот) фирма преку македонска групација „Мател“ во ЕСМ, кои преку дигитализација на мрежата на ЕСМ вредна 270 милиони евра, на граѓаните би им овозможиле пакет телекомуникациски услуги. По склучувањето на Протоколот за соработка меѓу Владата и Маѓар Телеком, овој проект повеќе никој не го спомнува, а целата приказна завршува неславно на 6 јуни 2005 година, кога потпретседателот на компанијата Дејвид Ериксон на прес-конференција не знае да ги каже имињата на првите луѓе на неговата фирма.
Додека јавноста се „храни“ со овие информации, судејќи според документите во доказниот материјал за случајот Маѓар телеком, подготовките на Протоколот забрзано финишираат. На 25 мај, Дејан Мицковиќ му испраќа е-писмо на Михаел Гинтер во кој е прикачена и нова верзија на Протоколот за соработка. Мицковиќ пишува:
„Ова е последен предлог на премиерот, и веќе нема можност (со оглед на одржувањето на седницата на Бордот на МакТел и на акционерското собрание на 30 мај) за нејзино менување и поднесување амандмани, освен технички детали. Овој протокол не вклучува три нешта кои му беа од најголема важност на премиерот: 1. Вработување на 250 нови лица во компанијата; 2. Обврската на Македонски Телекомуникации да не ја зголемува месечната претплата за фиксната телефонија, без негова дозвола; 3. Обврската на МакТел да не го намалува бројот на вработените без согласност од Синдикатот. Откажувањето од овие три работи, јасно укажуваат на одлучноста на премиерот да соработува со Матав во подготовката на подзаконските акти“, наведува Мицковиќ. Интересно е што оваа е-порака заедно со документот стигнува до Кефалојанис, кој пак, вечерта му ја препраќа на Земоски.
На 27 мај 2005 година, Бучковски го потпишува Протоколот за соработка. Кога го потпишал Џемали Мехази не е познато, бидејќи тој документ не е датиран. И уште еден куриозитет, вториот потписник на двата документи е Елек Штрауб, првиот извршен директор на Маѓар Телеком. Но, на двата документи има два различни потписа.
[Image: fax1ao.jpg][Image: fax1bo.jpg]
Потписот на Елек Штрауб на првиот и на вториот документ именуван како Протокол за соработка е различен.

Доколку се следи улогата на Гркот Никос Ставридис во логистиката при потпишувањето на двата документи, а за која зборува и екс-разузнавачот Богоески, можно е токму тој да е потписник на договорот со Мехази, или е во прашање некое трето лице?
Бордот на директори на МакТел се состанал на 30 мај за да ја одобри дивидендата за Владата на РМ.

Проблемот со Албанците

Следниот ден, на 31 мај, Андраш Балог и Елек Штрауб во меѓусебна преписка ги договараат и следните чекори кои треба да следат по потпишувањето на договорот. Балог информира за тоа до каде е Законот за телекомуникации и во детали му пишува на Штрауб како ќе се одвива исплатата на 10 милиони евра откако е постигнат Протоколот за соработка со македонскиот премиер и со албанските претставници во Владата.
Првиот проблем се Албанците. „Нико (Ставридис) смета дека Албанците ќе му го дадат документот (потпишаниот Протокол за соработка, н.з.), исто како и Македонците, откако ќе им исплатиме една третина од поединечните исплати.“
„Оригиналниот договор предвидува да се исплатат 10 милиони евра на 3 рати (првата веднаш, во декември 2005 и во јуни 2006).
Според Нико (Никос Ставридис з.н.) Албанците ќе го торпедираат договорот доколку за два месеца не добијат пари.
Би можеле да им исплатиме два милиона, по еден милион на македонската и на албанската консултантска фирма.
„Или можеме да им платиме два пати по еден милион само на Албанците“, пишува Балог.
Уште еден прилог во однос на „проблемите со Албанците“, е преписката меѓу Елек Штрауб и Михаел Гинтер од 25 мај. Двајцата менаџери на Маѓар Телеком се загрижени дека без одобрение од ДУИ не е можен договор. „Од самиот почеток проблемот е што добиваме контрадикторни пораки од Албанците, а министерот за Телеком е Албанец. Тие велат, доколку потпишеме само со премиерот, тие тоа нема да го почитуваат“, му пишува Штрауб на Гинтер.
Во вториот дел од пораката од 31 мај се зборува за изборот на новиот директор на МобиМак. Унгарците се незадоволни од предлогот Кире Наумов да биде нов директор. „Кире Наумов на разговорите во Будимпешта остави впечаток на целосна некомпетентност кај сите со кои се сретна“, пишува Балог. „Наумов е човек на претседателот (Бранко Црвенковски, н.з.) и тој лобира за него преку Грците. Според Нико (Никос Ставридис, н.з.), доколку не го поставиме Наумов, сѐ може повторно да тргне наопаку.“
Мицковиќ сугерира дека премиерот не го преферира Наумов, но би можел да го прифати Рубинчо Заревски.

Исплата и фиктивни договори

Фазата на „исплата“, односно реализација на Протоколот, се одвива преку серија консултантски и договори за лобирање кои ги склучуваат фирмите под капата на Маѓар Телеком во Македонија со фирми на Контоминас, најчесто „Чаптекс“. Познато е дека вкупно се исплатени околу 4,8 милиони евра, иако во повеќе преписки и документи се спомнуваат и суми од 7,5 односно 10 милиони евра.

[Image: fax7o.jpg]
Исплатата на близу пет милиони евра преку консултантските фирми на Кипар, според документот на американската СЕК.

Според доказниот материјал на Американската агенција за хартии од вредност - СЕК, првата исплата во износ од 340 илјади евра била извршена на 12 јули 2005 година, на 13 јули - 640 илјади евра. На 6 и 9 септември по 990, односно 980 илјади евра, на 11 април 2006 година две одделни исплати од по 450, односно 575 илјади евра, и последната исплата е извршена на 30 мај 2006 во износ од 900 илјади евра. Пет од седумте исплати се извршени од МакТел директно на кипарска фирма, а две од „Камени мост“.
Контоминас и неговите соработници претходно ги подготвиле кипарските оф-шор фирми, а во преписките со менаџерите на Маѓар Телеком тие се именуваат како „македонски“ и „албански“, веројатно во зависност од тоа за кого биле наменети парите.
Подетален увид во тоа како биле подготвувани овие договори дава една преписка меѓу Балог и Золт Херцег од правниот сектор на Маѓар Телеком, од 7 јули 2005 година, една недела пред да биде извршена првата исплата.

[Image: fax6o.jpg]
Херцег му објаснува на Балог детали за договорите меѓу МакТел и Чаптекс и како „правилно“ да се избере датумот


Херцог пишува дека ја „прочистил“ верзијата која претходно ја подготвил Кефалојанис, и му предочува да внимава дека „го вметнал 30 јуни како последен рок кога биле извршени обврските на консултантот кои произлегуваат од договорот“.
Тој исто така го предупредува Балог дека мора внимателно да се одбере и датумот на наводното потпишување на договорот меѓу МакТел и Чаптекс. Во евиденцијата на МакТел овој договор е заведен како потпишан на 1 мај 2005 година, а следните два на 1 јуни истата година.
Трите „исполнети“ обврски на консултантот биле: намалување на цената на фреквенциите од бараните 4,8 милиони евра на 2,7 милиони евра; постигнување договор дека сите засегнати години (2003-2005) ќе бидат ретроспективно опфатени со една исплата и подоцна нема да се бара никакво натамошно плаќање; и договор да се ограничи обврската за цената на фреквенциите за 2006 година на 1,2 милиони евра.
„Доколку консултантот го прифати овој договор, можеме да го искористиме и како основа за подготовка на три дополнителни договори“, пишува на крајот на пораката Херцог. Следните договори потпишани со Чаптекс во основата се исти како и првичниот, разликата е единствено во исполнетите обврски на консултантот кои понатаму ги тангираат и Законот за работни односи, колективните договори, правилата за учество на Синдикатот во преговорите за отпуштање на работници од МакТел, блокирањето на влезот на трет мобилен оператор... Практично, ова за што говорат менаџерите на Маѓар Телеком, во преписката е реализирано со Пртоколот за соработка која е потпишан повеќе од еден месец претходно. Три од консултантските договори со фирмите на Контаминас чија изработка се договара на 7 јули 2005 година, во архивата на МакТел се заведени како потпишани на 1 мај и 1 јуни 2005 година.

[Image: fax3o.jpg][Image: fax3ao.jpg]

Првите два договора меѓу МакТел и „Камени мост“ од една и Чаптекс од друга страна. Американските власти се сомневаат дека датумите се фалсификувани и овие консултантски договори биле параван за исплаќање на поткупот
Продложува...
(This post was last modified: 09-10-2015, 02:12 AM by ЈорданПетровски.)
09-10-2015, 02:10 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,747
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#40

Quote:ДОСИЕ ТЕЛЕКОМ 4: Контоминас, од приватизација до либерализација

Борис Георгиевски

01. окт. 15.
БИРН во неколку продолженија ги пренесува резултатите од истражувањето на обемниот доказен материјал кој е дел од постапката што пред судот во Њујорк се води против поранешните водечки луѓе на Маѓар Tелеком обвинети за поткупување на владини функционери во Македонија. Во ова продолжение за улогата на грчкиот бизнисмен Димитриос Контоминас.
[Image: TelekomZ_R_txt_za.jpg]
Грчкиот бизнисмен Димитриос Контоминас е речиси неодминлив лик во сите контроверзи кои ја следат приватизацијата на Македонски Телекомуникации, а подоцна и во „соработката“ на новиот сопственик Маѓар Телеком со македонските влади. Во долгодишната бизнис кариера се јавува како сопственик на „Алфа медиа“- медиумска компанија во чиј посед е грчката ТВ „Алфа“ и која во еден период беше сопственик и на скопската ТВ-Алфа, но неговиот основен бизнис е осигурувањето преку неговата компанија „Интерамерикан“.
[Image: n.jpg]
Димитриос Контоминас

Токму „Интерамерикен“ на Контоминас во соработка со „Дебител“ се јавуваше како кандидат за приватизацијата на Македонски Телекомуникации, за потоа неговата фирма „Космотелко“ во соработка со Маѓар Телеком да стане мнозински сопственик на МТ во јануари 2001 година..
Во 2004 година, Контоминас им го продава на Унгарците својот удел од 7,44 отсто во Телеком за 31,4 милиони евра, но и натаму останува нивни близок соработник и доверлив лобист.
Според интерната ревизија која Маѓар Телеком ја изврши во 2009 година во својата филијала во Македонија, во периодот од 2000 до 2006 година, од фирмата се одлеале околу 24 милиони евра на сомнителни договори за консултантски услуги, лобирање и други „нелегитимни“ договори.
За тоа говори една преписка меѓу Кефалојанис до Балог од 9 јуни 2005 година, кој пак, потоа му ја препраќа на Штрауб со објаснување: „ова се македонските логистички фирми. Сите се од Кипар...“ Подолу во преписката се наведени имињата на петте кипарски компании кои треба да послужат како логистика. Интересно е што меѓу нив е и фирмата „МеКартур Лојд консалтинг“. Пет години претходно, оваа иста компанија се јавува како консултант и при приватизацијата на МакТел и кај неа завршиле најмалку еден милион евра за „трансакциски трошоци“.
[Image: f1.jpg]
Преписката меѓу Штрауб, Балог и Кефалојанис во која се наведуваат кипарските „македонски“ фирми кои треба да послужат како логистика за исплатата

Препораките на Љубчо Георгиевски

Во 2000 година кога започнува процесот на приватизација на Телеком, Контоминас е конкурент на Маѓар Телеком. Од преписката меѓу Хано Хаусман, еден од водечките менаџери во Маѓар и Дојче Телеком со менаџерскиот тим на компанијата во август 2000 година, може да се дознае дека првичните обиди на Контоминас да соработува со Дојче Телеком во процесот на приватизација биле неуспешни, иако неговата „Интерамерикан“ во пораката е опишана како компанија „со значително влијание“.
На 30 јули 2000 година, Хаусман имал средба со Љупчо Георгиевски на која тогашниот македонски премиер го информирал дека на тендерот гледа сериозни инвеститори во „Матав/Дојче Телеком, Вивенди и во Дебител/Интерамерикан. На интересот на Словенците гледа со потсмев, додека интересот на грчките и турските компании не е во согласност со неговите политички цели.
[Image: f18.jpg]
Внатрешен брифинг во Дојче Телеком и Маѓар Телеком за резултатите од средбата со Љупчо Георгиевски

Претставниците на германско-унгарскиот конзорциум барале совет од тогашниот премиер како да постапат по понудата на Интерамерикан заеднички да настапат на тендерот. Георгиевски ги советувал гостите од Дојче Телеком да не соработуваат со Интерамерикан во првиот круг од тендерот туку да почекаат до вториот круг, кога ќе биде јасно кој конзорциум пројавува сериозен интерес.
Во додатокот на истата преписка, која е дел од доказниот материјал против поранешните менаџери во Маѓар Телеком, се наведуваат и „главните играчи и носители на одлуки“ во Македонија во однос на приватизацијата на Телеком.
Тоа е период кога се распаѓа коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Демократска алтернатива. Идниот сопственик на на МакТел тогаш веќе поранешните функционери, вицепремиерот Васил Тупурковски и министерот за транспорт Боби Спирковски, ги смета за поддржувачи на грчки ОТЕ.
Останатите клучни фигури кои се наведени се премиерот Георгиевски, заменикот премиер Бедредин Ибраими, претседателот Борис Трајковски, министерот за финансии Никола Груевски, за транспорт Љупчо Балковски, како и Ден Дончев и Кирил Трендафилов како менаџери во Телеком, и едно Н.Н. лице за кое во заграда е наведено дека е доверливо и дека е член на ВМРО.

Два милиони евра за тендерот за МакТел?

Спомнатиот ревизорски извештај за работењето на Маѓар Телеком открил и уште една преписка од 2000 година чиј автор бил Херман. Во неа се дискутирало за приватизацијата на МакТел, и за исплаќањето на неодредена сума пари како „трансакција“ кон непознати лица со цел „да се влијае на исходот на тендерот за МакТел, откако сите понуди ќе бидат на маса“. Содржината на преписката е достапна, но деталите за лицата кои биле вмешани не се отворени за јавноста.
Од прашањата кои обвинителството и одбраната ги испраќаат до бројните сведоци во процесот, може да се насети дека сумата исплатена за можниот поткуп при приватизацијата на МТ е најмалку 2 милиони евра. Имено, тоа го покажала и внатрешната истрага во Маѓар Телеком на која во прашањата се повикува Американската агенција за хартии од вредност – СЕК, врз основа на чии докази се води постапката пред судот во Њујорк, но и се отвора можност за претпоставена рекострукција на процесот.
Договорите за наводниот поткуп ги спровел Херман. Во е-порака до Штрауб испратена на 14 декември 2000 година која се однесува на приватизацијата на Македонски Телекомуникации, Херман пишува: „Во разговорот со Нико (Ставридис) спомнав колку е болна оваа сума за нас, и дали е можно да ја намалиме. Тој рече дека во моментов тоа е само принципиелно и дека таа сума доаѓа предвид доколку сме во тешка ситуација откако сите понуди ќе бидат на маса“.
[Image: f33-2.jpg]
Е-порака од декември 2000 од Херман до Штрауб и Хаусман во која се дискутира за „трансакциските трошоци“ за приватизацијата на МТ

Ревизорскиот извештај на Маѓар Телеком, според СЕК, заклучил дека Херман „покажал волја за сметка на водечките менаџери на Маѓар Телеком да префрли големи суми пари на компанијата до неидеинтификувани приматели за да се влијае врз јавниот тендер за МакТел“.
Дел од тие средства, во износ од над еден милион евра биле префрлени на сметката на фирмата „ЦА-ИБ Инвестментбанк“, која пак, како свој „подизведувач“ во процесот на приватизацијата на МакТел, ја ангажирала фирмата „МеКартур Лојд“. „ЦА-ИБ Инвестментбанк“ и „МеКартур Лојд“ се ангажирани од унгарско-германскиот конзорциум како лобисти во процесот на приватизацијата на МакТел.
Во распитот пред ревизорската комисија на Маѓар Телеком, Херман изјавил дека не се сеќава на ваков договор. СЕК се сомнева дека двете фирми никогаш не извршиле никакви услуги.
Преписката меѓу Балог и Штрауб од 9 јуни 2005 година која веќе ја објавивме, всушност, покажува дека „Мекартур Лојд“ е лажна фирма на Кипар која се користи како „логистика“ при исплатата на разни договори.
Спомнувањето на Никос Ставридис во преписката од 2000 година меѓу двајцата менаџери на Дојче и Маѓар Телеком укажува дека најблиските соработници на Контоминас, а веројатно и тој самиот, уште тогаш тесно соработувале со идните сопственици на МакТел, но и со водечките македонски политичари, со оглед на тоа што Маѓар Телеком ги сметал за клучни лобисти, како што покажува и писмото што тогашниот тогашниот менаџер во Маѓар Телеком, Хорст Херман, му го испраќа на Зигфрид Плајнер, еден од водечките менаџери во Дојче Телеком достапно во документите за случајот пред њујоршкиот суд.
[Image: f31.jpg]
Пресек на „клучните играчи“ во Македонија во приватизацијата на МакТел, изработен од Хано Хаусман
Клучен лобист

Во 2002 година односите меѓу Матав и Македонската влада во тој период има сериозни проблеми, а кризата се влошува откако премиерот Георгиевски во јуни таа година јавно зборува за притисоците за отстапки од страна на Унгарците. Во тој контекст, повторно се спомнува името на Контоминас:
[Image: f33.jpg]
Херам ги информира Плајнер и врвот на Маѓар Телеком за улогата на Контоминас

„Во основа сите најголеми лоби активности се водат преку Космотелко и сопственикот Димитрис Контоминас. Ова се должи на фактот што Контоминас има многу други бизниси со Владата, можност која ние ја немаме; и не би сакале да ја копираме. Всушност, грчко-македонската врска беше и причината поради која го вклучивме Космотелко како стратешки партнер во конзорциумот 'Камени мост'. Затоа што ова е во моментов единствениот брз и ефективен канал кој го користиме кога сакаме да ја обезбедиме вредноста на МакТел“, пишува Херман.
За волја на вистината, Херман ја завршува пораката со забелешка дека за подобрување на односите потребна е мешавина на „западноевропски рационален тип на работа и бизнис во балкански стил“ кој го опишува како „ти мене јас тебе“ стил. Но, на крајот заклучува: „Да бидам јасен: тоа не значи нарушување на американскиот Закон за корупција“.
Околу разјаснувањето на улогата на Контоминас, веројатно исто така ќе треба да се почека целосното отворање на документацијата за случајот, по завршувањето на судењето.
Во декември 2008 година, грчкиот бизнисмен во Вашингтон два дена бил испитуван од надлежните во американското министерство за правда. Во 2014 година, при претресот на грчките власти на неговиот дом во Атина, пронајдени се потпишаните два оригинали на Протоколот за соработка меѓу македонскиот премиер Владо Бучковски и министерот за транспорт Џемали Мехази со Матав.
И од сведочењето на Богоески и од документите на судењето се потврдува дека никој, освен Контоминас, не ги добил оригиналните потпишани документи. Тоа, всушност, било и дел од договорот. Освен гаранција дека договорот нема да се открие во јавноста, тие биле и инструмент со кој Контоминас можел да обезбеди негово целосно спроведување.
За одлучноста, по секоја цена да се одржи тајноста на Протоколот, говори и преписката меѓу членот на Бордот на Телеком, Германецот Михаел Гинтер и менаџерот на Маѓар Телеком, Андраш Балог. На 31 мај 2005 година, неколку дена откако е потпишан Протоколот, Гинтер бара од Балог да добие копија од договорот. Преписката продолжува сѐ до 22 јуни истата година и содржи 10 пораки со исти барања, но без конкретен одговор. На крајот, Гинтер не ја добива бараната копија, но добива објаснување, телефонско, од Балог за „специјалните околности“ поради кои тоа не е можно.
Бројните истраги и сомнежи за корупција не се пречка за Контоминас да ја продолжи соработката со властите во Македонија и по 2006 година. Напротив. Сѐ до апсењето во Грција во 2014 учествува на тендери за изградба на хидроцентрали и е сопственик на земјиштето во центарот на Скопје на кое се градат хотел „Мериот“ и Офицерскиот дом, но потоа ги продава на рускиот бизнисмен Самсоненко.
Последните вести за него велат дека има здравствени проблеми и дека во октомври 2014 го продал својот луксузен апартман во Њујорк за 21 милион долари.
09-10-2015, 02:17 AM
Reply