Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 3.38 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ТЕЛЕКОМ, КОЈ ЗЕДЕ ПОВЕКЕ ПАРИ, ПРОДАВАЧИТЕ ИЛИ ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Случувањата во Дојче телеком се повод за вакво размислување:

Сега кога се надеваме дека на сите во Македонија им стана јасно дека новите газди на: ИМЕТО, Стопанска Банка, Телеком, ЕСМ, Окта, Цементара, Пивара, Железара, Самоков, Рамстор, (многу е долг списокот) ..... не ги купуваа фирмите или земјиштето, туку ги купуваа ПРОДАВАЧИТЕ. Граѓаните на Македонија ке треба КОНЕЧНО да изберат власт која ке даде одговор на едноставни прашања, на кого, кога и колку пари му се дадени од ОД СТРAНСКИТЕ КУПУВАЧИ а тие пари не завршија во државната каса туку завршија во приватните џепови на луѓето кои ја водеа/ВОДАТ и представуваа/педставуваат Македонија.



Quote:„Дојче телеком“ давал мито за да остане монопол во Македонија




[Image: 27B550B301E2584593D1E0E662ABF100.jpg]


Наместо од 2005 година, вистинската либерализација во телекомуникациите доцнеше две-три години бидејќи Владата и регулаторот не ги подготвија потребните подзаконски акти, ниту го укинаа концесискиот договор на телекомот

Извршениот директор на „Дојче телеком“, Рене Оберман, е под истрага во Германија дека потплаќал македонски политичари во 2005 година за „Македонски телеком“ да го задржи монополот на телекомуникацискиот пазар. Тој и седум други менаџери во компанијата се под истрага за подмитување државни службеници во Македонија и во Црна Гора, јавија германските медиуми. Обвинувањата против Оберман се поврзани со поделбата на дивидендата на „Македонски телеком“ во 2005 година и наводното условување на нејзината исплата со одложување на либерализацијата на македонскиот телекомуникациски пазар.

Според информациите на весникот „Зидојче цајтунг“, истрагата се концентрирала и на проблематичните консултантски договори што ги склопувале компаниите во Македонија и во Црна Гора, а кои му припаѓаат на унгарски „Маѓар телеком“. При тие активности, како што наведува весникот, „едноцифрена милионска сума“ им била исплаќана и на владини службеници. Според текст објавен во германскиот магазин „Виртшефтсвоче“, во рамките на истрагата обвинителите ги пребарувале домовите на осомничените, меѓу кои и на Оберман, кон крајот на август.

Во земјава, со сомнителните договори во „Македонски телеком“, со неговата монополската положба на пазарот и со астрономското поскапување на телефонските услуги долги години наназад се занимаваа само медиумите. Иако, според Законот за електронските комуникации, домашниот телекомуникациски пазар требаше да биде отворен за конкуренција уште од 2005 година, вистинската либерализација доцнеше две-три години бидејќи Владата и регулаторот не ги подготвија потребните подзаконски акти, ниту го укинаа концесискиот договор на телекомот. Последицата од тоа ја трпеа граѓаните, кои плаќаа скапи фиксни и мобилни телефонски импулси, а пристапот до интернет беше сон за огромен дел од населението.

Скандалот излезе пред јавноста дури во 2006 година откако во ревизорскиот извештај на „Маѓар телеком“ беа утврдени милионски исплати за договори за кои „не можело да се идентификува вистинската деловна намера“. Подоцна, по барање на Комисијата за хартии од вредност на САД и од американското министерство за правда, истражителите на американската адвокатската куќа „Вајт и Кејс“ открија дека од 2004 до 2006 година во Македонија незаконски биле исплатени 24 милиони евра за да се добијат специфични регулаторни и други бенефиции од Владата на Македонија. Ова се потврдува и во финалниот извештај од истрагата на Комитетот за ревизија на „Дојче телеком“.

Македонската Влада, како косопственик, поставуваше претставници во Управниот одбор и претседатели на Акционерското собрание за да го штитат државниот капитал. Во истражуваниот период премиери од СДСМ беа Хари Костов и Владо Бучковски, а министри за транспорт и врски беа Агрон Буџаку и Џемаили Мехази, двајцата од ДУИ. Претседател на Одборот на директори беше професорот на Правниот факултет, Борче Давитковски, а подоцна него го наследи Дејан Мицковиќ, исто така професор на Правен. Претседател на Акционерско собрание во 2004 година беше Димитар Бузлевски, а потоа професорот на Економскиот факултет, Таки Фити. Тогашен директор на регулаторното тело, Агенција за електронски комуникации, беше Коста Трпковски.

Претресот на германското обвинителство во седиштето на „Дојче телеком“ во Бон, во потрага по докази за корупциски скандал предизвика потрес и на македонската политичка сцена. Актуелната власт се брани дека аферата е од времето кога сегашната опозиција ги држеше клучните директорски места во телекомот, опозицијата напаѓа со договорот во мај 2006 година меѓу телекомот и фирмата „Аналитико АИ“, во која бил вработен партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ.
20-09-2010, 12:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:„Шпигел“:Оберман можеби подлабоко вовлечен во аферата во Македонија


Автор: Редакција ФОРУМ 13:28 | 27 септември 2010

Шефот на Дојче телеком Рене Оберман можеби е подлабоко вовлечен во корупцискиот скандал околу работењето на компанијата во Македонија, отколку што досега се тврдеше, пишува германскиот неделник „Шпигел“

Весникот во денешното издание наведува дека државното обвинителство во Бон, каде што е и седиштето на Телекомот, менаџерите на овој концерн ги товари за тоа што со македонската Влада преговарале за „некој вид таен договор“.
Со тој договор, наводно, било предвидено плаќање на милионски суми на владата доколку обезбеди на македонскиот пазар да не се појави трет провајдер за мобилна телефонија.
Самата содржина на овој договор за кој се преговарало, подоцна била избришана од повеќе компјутери во Телекомот, но властите, како што тврди Шпигел, на Телеком му покажале електронски пораки од кои се гледа дека и Оберман би можел да знае за преговорите со македонската влада и за состојбата со тајните договори.
Досега само се тврдеше дека Оберман во телефонски разговор со шефот на македонски Телеком ја условил исплатата на дивидендата со забавено отворање на телекомуникацискиот пазар за други фирми.
Државното обвинителство во Бон во средината на септември започна истражна постапка против Оберман и уште седум лица поради можни корупциски активности во Македонија и Црна Гора.
28-09-2010, 01:31 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3



Да ја вратиме темава:



Quote:Рашомон во „Телеком“

Се' додека полицијата, Обвинителството и судот молчат, или се прават недоветни, ние ќе ги слушаме политичарите и ќе гледаме македонски рашомон. Мито има по американски закони. По македонски нема. Па сега вие пресудете, сакате според вашиот ум и поглед на нештата, сакате според вашата партиска или деловна припадност, сакате како ограбен граѓанин. Друг начин нема во држава во која не важат законите и не функционираат институциите на системот. Како ќе судат судовите ако политичките функцинери по еден месец молк почнаа јавно да судат.

24-01-2012, 05:05 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4


Quote:Јанкулоска: Трагата на парите во корупцискиот скандал со Телеком води кон политичари од СДСМ


Скопје, 20 јануари 2012 (МИА) - Трагата на парите во случајот со корупција во Македонски телеком, за кој МВР поднесе кривични пријави во 2008 година, водат кон политичари од СДСМ, кој во 2005-2006 година ја предводеше тогашната власт, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

- Нашиот народ мудро рекол - кој си ја има мувата на капата ја брка. Беше прилично јасно кога американските власти излегоа со наодите по однос на тој конкретен случај, кој за волја на вистината, беше случај, кој кај нас беше разгледуван и процесуиран уште на крајот на 2008 година каде што се вели дека функционери од актуелната тогашна власт во 2005-2006 година се сомничат за незаконско однесување во врска со конкуренцијата на пазарот на телекомуникациски услуги. Така што мислам дека многу едноставно е да се заклучи кој во тоа време бил власт, кој ја носел одговорноста за носењето или во конкретниов случај за неносењето на соодветни одлуки кои влијаеле на пазарот во Република Македонија и во другите држави кои се предмет на истрагата, вели Јанкулоска во изјава во дневникот на ТВ Сител.

Таа потсети дека за овој предмет јавноста е информирана оти МВР уште на крајот на 2008 излезе со кривична пријава против четири лица, речиси идентична со наодите на американските власти.

- И практично уште тогаш, ценејќи ги нашите наоди ние стапивме во контакт со колегите и им овозможивме да имаат увид во целата документација врз основа на која ние ја поднесовме пријавата против четири лица, а пријавата се однесува на условно речено фиктивни договори кои, некако случајно, се однесуваат на консултански услуги кои се во вредност од нешто помалку од еден милион евра, а значајно е да се спомене дека сумата од нешто од помалку од еден милион евра е сума за која немало потреба согласно правилата на компанијата да одлучува Бордот на директори. Во овој случај ние практично се сомневаме дека исплатите се направени за фиктивни консултански услуги. Префрлени се на овие лица на сметки во странство од каде што ние како власт во Република Македонија немаме прецизна информација каде завршиле тие пари. Меѓутоа ако оваа информација се стави во релација со наодите и тврдењата на американските власти многу е лесно да се претпостави. Секако дека овој прдмет треба да добие судска завршница за да целата јавност конечно да може и да донесе сопствена оценка за предметот, посочи министерката за внатрешни работи.

Запрашана дали МВР има информација каде се наоѓа Атила Сендреј и другите осомничени, Јанкулоска подвлекува деја тие се единствените лица кои би можеле да дадат релевантна информација зошто парите биле префрлени на странски сметки, која била нивната намена и кој бил нивниот краен примач.

- Ние може да ја следиме германската трага односно трагата на парите додека тие се движеле низ законскиот систем до сметките на Кипар. Што се случило во моментот кога тие биле подигнати од сметки на Кипар би можело да кажат лицата кои се опфатени со кривичната пријава поднесена токму од МВР уште во 2008 година. Јас знам дека и Обвинителството има превземено одредени активности по однос на оваа пријава и во повеќе наврати беше информирано за тоа. Верувам дека ќе се најде начин овие лица да дадат изјави што понатаму ќе ја олесни истрагата во смисла на откривање на крајниот примач на парите кои евидентно излегле од сметки од Македонија и завршиле на некои други сметки. Јас не би сакала да шпекулирам, меѓутоа очигледно американските власти се сомневаат дека завршиле на сметките на актуелни функционери во тоа време од владејачката коалиција, посочува Јанкулоска.

За тоа дали смета дека се стеснува кругот околу македонските корумпирани политичари.

- Ценејќи според првичната реакција на СДСМ очигледно е дека вистината ќе излезе на виделина, а тоа што тие овој случај го користат за внатрепартиска пресметка помеѓу едно и друго крило е нивна работа. Меѓутоа, за нас како претставници на институциите релевантно и важно е овој случај да добие завршница односно да ја потсетиме јавноста на кривичната пријава поврзана со овој предмет против четири лица за префрлање на финансиски средства на сметки во странство под сомнителни услови за кои еве сега американските власти тврдат дека биле наменети за поткуп на политичари од Македонија од тогашната актуелна власт предводена од СДСМ.

Во врска со интерпелацијата за нејзината работа поднесена во Собранието од опозицијата, министерката Јанкулоска посочи оти од т.н. наводи евидентно е дека таа е израз на нивната безидејност и внатрешна потреба од консолидација на партијата. - И по речиси шест години откако ние ја презедовме одговорноста за раководењето со државата тие практично не можат да најдат сериозна замерка или замерка на работењето на оваа Влада која ќе биде поткрепена со аргументи. Нивните условно речени наоди се чисти шпекулации работи кои се вадат надвор од контекс без ниту еден аргумент кој оди во прилог на нивните тврдења, рече министерката Јанкулоска.

Запрашана за функционирањето на режимот на минување на границата со лична карта првиот човек на МВР посочува оти интензитетот на граничните премини со Република Србија значително се зголемил и тоа дневно за 4000 до 5000 поминувања повеќе, што, според неа, отприлика одговара на бројката на навивачи што ја бодрат македонската репрезентација на натпреварите од Европското првенство во ракомет кое се игра во Србија.

- Ако се земе предвид дека со колегите од српска страна на границата имаме одлична координација, воспоставивме режим на сообраќај кој е условно речено забрзан, успеавме да ја ставиме во функција целосно одлуката за поминување на границата само со лична карта и на тој начин практично создадовме една ситуација каде што олеснето е до максимум поминувањето на државната граница со цел сите фанови на нашата репрезентација колку што е можно побрзо и без големи формалности да можат да ја поминат границата и да бидат на трибините за да ја бодрат нашата репрезентација, вели министерката Гордана Јанкулоска. ва/20:10
24-01-2012, 05:29 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5


Quote:Jави се Груевски, Телеком те бара!

Ивор Мицковски

ВМРО-ДПМНЕ е на потег. Додека кај нас властите молчат, во Црна Гора за сличен скандал веќе е почната истрага

Тишината понекогаш е најгласна. Тишината од страна на ВМРО-ДПМНЕ околу корупциските скандали поврзани со Телекомот во најмала рака е симптоматична и зачудувачка. Не можам да разберам како крстоносците на борбата против криминалот и корупцијата се плашат да излезат во јавноста и да преземат конкретни мерки за расчистување на корупцискиот скандал со „Дојче телеком“ и „Маџар телеком“, поврзан со македонските политичари во периодот јуни 2005 – јули 2006 година. Дури и откако „Утрински“, како единствен медиум, повика на одговорност и откако опозицијата јасно го соопшти својот став и побара надлежните институции да профункционираат, ВМРО-ДПМНЕ настапи само со спинови, партиски препукувања и без никаква конкретна мерка за решавање на случајот.

Па, не разбирам, ако работите стојат како што спинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, дека инволвирани се единствено функционери од СДСМ и ДУИ, тогаш кај се големите акции на Јанкулоска и на Обвинителството, каде е сликањето и апсењето пред камери, каде е Груевски да шутира пенали на отворен гол?

Очигледно, работите не се како што сака ВМРО-ДПМНЕ да ни ги претстави, па затоа единствено што ќе гледаме од нив е продавање магла. И внимавајте, откако СДСМ излезе со јасен став дека надлежните институции мораат да реагираат и дека одговорните мораат да одговараат пред законот без разлика на која партија и' припаѓаат, ВМРО-ДПМНЕ почна да објаснува дека постоел скандал, дека ова биле внатрешнопартиски борби. Па, од кога барањето да биде задоволена правдата, да се покрене вистинска истрага, да се изнесат пред законот одговорните е некаква внатрепартиска борба?!

Мене ми е јасно што прави ВМРО, откако СДСМ ги повика да реагираат – извикуваат: „Скандал, скандал“, не за нешто да решат, туку за нешто да сокријат. Не за нешто реално да побијат или да докажат, туку за да го оттргнат вниманието од суштината. Тие мислат дека ако излезеш со документ и потцрташ неколку членови што тебе ти одговараат дека си донел непобитен доказ, дека толку радикално си настапил (иако лажно), што си создал еден така замрсен случај кој никој не го разбира, па луѓето сами по себе ќе се уморат и ќе станат индиферентни пред фактите. Е, тој филм нема да го гледате!

ВМРО-ДПМНЕ сака народот да заборави дека Никола Груевски со личен потпис стои зад најштетната и најнепотребната приватизација во Македонија – Телекомот. Дел од неговиот кабинет тогаш беа Јанкулоска и Јанакиески. Сакаат да заборавиме дека за приватизацијата беше покрената кривична пријава против потписниците поради штетноста на договорот и овозможување имотна корист на приватна фирма на сметка на граѓаните. Така, најверојатно, почнува големиот влог на Груевски во Телекомот? Од тогаш сме сведоци на 11 години нелогичности со Телекомот, кои неизбежно упатуваат на премиерот Груевски. Како продолжува приказната?

Во 2006 година сметката на ВМРО-ДПМНЕ е блокирана. Но, на самиот почеток на изборната кампања за парламентарните избори 2006 година, на кои Груевски е кандидат на опозицијата, Телекомот приватизиран со негов потпис, решава да склучи договор со партиската фирма „Аналитико АИ“ во висина од 120.000 евра за маркетинг-услуги и за дистрибуција на СИМ-картички. Експертите за продажба на СИМ-картички се токму луѓето од актуелниот дрим-тим на Груевски. Ален Зекиров е газдата, Оливер Шамбевски бил директор, а вработени биле Јанкулоска, Протоѓер, Елизабета Канческа, Александар Бичиклиски. Прашањето кое никако да го одговорат од ВМРО-ДПМНЕ е како го добиле договорот во време на изборна кампања, дали е во четири очи и каде отишле парите од Телекомот, во нивната кампања или во нивните џебови? Неизбежно се поставува прашањето дали ваквата дарежливост од страна на Телекомот се должи на заслугите на Груевски за приватизацијата и дали неговиот влог во Телекомот е приказна која трае и до ден денес? Што, всушност, значи сево ова? Значи ли дека кога ВМРО-ДПМНЕ повикува на скандал во 2005 -2006 година, а не презема ништо, дека неверојатно им текнува на партискиот бизнис во „Аналитико“? Верувам дека истото се прашувале и американските истражни органи кога повикале дел од инволвираните лица на разговор?

Но, во нивната делумна анализа на скандалот кој самите го ограничуваат на периодот за кој се зборува дека продавале СИМ-картички, има дупка од 4 години, односно од почетокот на новиот милениум и приватизацијата на Телекомот. Ако американската тужба говори за период од 2005-2006 година, не треба да заборавиме дека лондонски „Економист“ прв пренесе како американските консултанти кои ги чешлале документите на „Маџар телеком“, констатирале неоправдани трошоци во висина од 24 милиони евра, за сомнителни договори, и тоа во периодот 2000-2006 година. Што значи, дека повторно се враќаме на штетната приватизацијата. И кога сме веќе кај приватизацијата, се поставува уште едно прашање. Еден месец пред Груевски да ја потпише приватизацијата, идниот сопственик на Телекомот во име на Елек Штрауб, на 15 декември 2000 година, со писмо потврдил дека во периодот 2001-2007 година планира во Македонија да инвестира 631 милион евра, нешто што го направило најдобар понудувач. Е, па, каде се преродбениците од 2007 година наваму, да се наредат со Груевски, да се сликаат и да ни дадат отчет колку од овие 631 милиони евра навистина се инвестирани во Македонија?

Приказната не завршува тука, изгледа дека матните зделки продолжуваат до денешен ден. Минатата година, во април, владиниот претставник во Телекомот, јавно потврди дека Владата на Груевски ја одобрува нелогичната трампа на три згради на Телекомот, плус доплата од 16,6 милиони евра, за една недоизградена карабина, сопственост на бизнисмен близок до власта. Власта никогаш не прозборе за овој случај, ниту пак објасни зошто трампата се случила и покрај очигледното отсуство на елементарна економска логика.

Поради сево ова, власта мора веднаш да престане со забошотување на случајот, да престане да спинува и да лаже и да се нафати со вистинска борба против корупцијата и криминалот.

Смешни се изјавите на Јанкулоска дека не може да се докаже или да се дознае кој учествувал во овој скандал бидејќи дел од осомничените се недостапни за македонските правосудни органи. Подеднакво се несериозни и се лажни изјавите на обвинителот дека американските докази не важеле во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ има целосна и апсолутна контрола врз надлежните државни институции и нивното непостапување по одлуката на американските надлежни институции, е само дополнителна потврда дека правната држава е суспендирана, а Обвинителството е под контрола на фамилијата.

ВМРО-ДПМНЕ е на потег. Угледот на државата сериозно е загрозен. Додека кај нас властите молчат, во Црна Гора за сличен скандал веќе е почната истрага, а се најавува и парламентарна истрага. Дури и инволвираноста на сестрата на Мило Ѓукановиќ не беше пречка за истрага. Втор голем проблем, покрај отсуството на независното судство, е и прашањето каков сигнал испраќа Владата до странските инвеститори и дали вака мисли да привлекува инвестиции. Впрочем, за Влада која може да се пофали со мизерни 200 милиони странски инвестиции годишно, одговорот е повеќе од јасен. И конечно, непостапувањето на властите и нивните обиди за забошотување на случајот ќе се рефлектираат врз оценките од Европската комисија. Но, не верувам дека тоа е нешто што го загрижува премиерот, кој веќе најави дека не очекува позитивен извештај и повторна препорака за почеток на преговори.

Но, да бидеме искрени, оваа политичка гарнитура не е на висина на задачата. Никогаш не работеле, ниту пак ќе работат за јавниот интерес. Никогаш не воделе, ниту пак ќе водат вистинска борба против корупцијата. Тоа е задача за некоја идна влада.

(Авторот е аналитичар од СДСМ)
24-01-2012, 05:31 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Не се однесувајте како недораснати деца

[Image: vmro-500.jpg]
Со документи од официјалните органи на американската држава, ВМРО-ДПМНЕ посочува дека високи претставници од Владата на СДСМ учествувале, планирале и извршиле тежок облик на корупција со Телеком.


Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Славе Гошев, пратеник од редовите на владејачката партија.

Овие документи не се од Македонија. Ова се документи од американските истражни органи - од официјалните органи на американската држава.

Тука јасно се посочува дека високи претставници од Владата на СДСМ учествувале, планирале и извршиле тежок облик на корупција. Колеги од СДСМ фатени сте на живо - И тоа Ве фатија американците.

Овие други документи не се од ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак од македонското обвинителство, туку од американсите правосудни органи. Тука јасно се кажува дека извршните директори на Телекомот планирале и извршиле корупција со претставници на политичките партии од Владата на СДСМ.

Што не им е јасно на колегите од СДСМ!

Фатени се во тежок криминал и тоа на глобално ниво.

На големо изнесувале пари од Македонија за свое лично богатење а во исто време граѓаните плаќале енормни сметки. Како не им е срам.

Не се однесувајте како недораснато дете. Никој друг освен СДСМ партијата на власт во 2005та година немала ниту можност, ниту интерес да ја штити монополската позиција на Телекомот.

Профитот од таквиот криминал се мери во милиони, исто колку и штетата врз македонските граѓани.

Одговорете точно тоа што целата јавност Ве прашува. Кој од тогашните владини функционери земале поткуп?

Кој од функционерите на СДСМ земал мито и преговарал со извршните директори на телекомот.

Не ја маткајте јавноста со дезинформации и клевети. Од вас се бараат и чекаат одговори.
24-01-2012, 05:41 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#7

(24-01-2012, 05:41 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Не се однесувајте како недораснати деца

[Image: vmro-500.jpg]
Со документи од официјалните органи на американската држава, ВМРО-ДПМНЕ посочува дека високи претставници од Владата на СДСМ учествувале, планирале и извршиле тежок облик на корупција со Телеком.


Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Славе Гошев, пратеник од редовите на владејачката партија.

Овие документи не се од Македонија. Ова се документи од американските истражни органи - од официјалните органи на американската држава.

Тука јасно се посочува дека високи претставници од Владата на СДСМ учествувале, планирале и извршиле тежок облик на корупција. Колеги од СДСМ фатени сте на живо - И тоа Ве фатија американците.

Овие други документи не се од ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак од македонското обвинителство, туку од американсите правосудни органи. Тука јасно се кажува дека извршните директори на Телекомот планирале и извршиле корупција со претставници на политичките партии од Владата на СДСМ.

Што не им е јасно на колегите од СДСМ!

Фатени се во тежок криминал и тоа на глобално ниво.

На големо изнесувале пари од Македонија за свое лично богатење а во исто време граѓаните плаќале енормни сметки. Како не им е срам.

Не се однесувајте како недораснато дете. Никој друг освен СДСМ партијата на власт во 2005та година немала ниту можност, ниту интерес да ја штити монополската позиција на Телекомот.

Профитот од таквиот криминал се мери во милиони, исто колку и штетата врз македонските граѓани.

Одговорете точно тоа што целата јавност Ве прашува. Кој од тогашните владини функционери земале поткуп?

Кој од функционерите на СДСМ земал мито и преговарал со извршните директори на телекомот.

Не ја маткајте јавноста со дезинформации и клевети. Од вас се бараат и чекаат одговори.

Icon_frownIcon_frownIcon_eekIcon_eek Власта, дефинитивно, го смета својот народ како малоумен. Зошто не бараа од Велија Рамковски и Љубе Бошковски сами да си ја признаат вината, туку против нив покренаа обвинителен акт.
24-01-2012, 10:47 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

(24-01-2012, 10:47 AM)hristo Wrote: Icon_frownIcon_frownIcon_eekIcon_eek Власта, дефинитивно, го смета својот народ како малоумен. Зошто не бараа од Велија Рамковски и Љубе Бошковски сами да си ја признаат вината, туку против нив покренаа обвинителен акт.






Вакви срочена изјава може да прочита само полуидиот и полтрон.
Дали се запраша идиотов ако има документи во раце за тешкиот криминал зошто Јавниот Обвинител не покренал кривична пријава против криминалците.
24-01-2012, 12:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9



Quote:Отфрлени аргументите на бранителите за случајот Телеком


[Image: telekom.jpg]
Јужниот окружен суд во Њујорк во целост го одбил барањето на адвокатите на тројцата поранешни менаџери на Маѓар Телеком и Дојче Телеком, кои побараа да се отфрлат обвиненијата против нивните клиенти за потплатување на високи македонски и црногорски функционери, јави МИА.
Судијата Ричард Саливан во петокот ги разгледал барањето на одбраната и аргументите на Комисијата за хартии од вредност (СЕЦ), која настапува како тужител, и во целост решил во полза на тужителот, закажувајќи го следното рочиште во големиот корупциски спор за 3 април.
Спорот се води против Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамас Морваи, поранешни директори во Маѓар Телеком, и е втор процес поврзан со овој случај, по процесот кој СЕЦ успешно го водеше против нивните компании, и кој заврши со исплата на отштета од 95 милиони долари.
Одбраната на тројцата поранешни менаџери се обидуваше пред судот во Њујорк да докаже дека тие со своите постапки не предизвикале штета во САД, дека учеството во судски спор во Њујорк е сериозен трошок и напор за нивните клиенти кои живеат во странство и дека судот во Њујорк воопшто нема надлежност во овој спор.
Судијата Саливан ги отфрлил сите oвие барања, аргументирајќи ги со преседани во американското судство, кои дозволуваат гонење на лица од странски компании кои корумпираат политичари на трети држави, доколку овие компании котираат на берзата во САД. Одбраната на Штрауб, Балог и Морваи сите аргументи ги насочила кон отфрлање на македонскиот дел од обвинувањата, додека не вложи сериозен обид да ги оправда своите клиенти од обвинувањата дека исплаќале мито за Маѓар Телеком и Дојче Телеком да успеат да го купат црногорскиот Телеком.
Во делот за Македонија, Штрауб, Балог и Морваи се обвинети дека, преку договори за наводни консултантски и маркетинг услуги, префрлиле пари кон компании поврзани со високи функционери на македонската Влада. Во замена за тоа, Владата го одложувала носењето на одлуката за воведување на нов, трет мобилен оператор, и со тоа ги држела цените на телекомуникациските услуги во Македонија вештачки високи и им обезбедувала дополнителен профит на Маѓар и Дојче Телеком како сопственици на Македонски Телекомуникации.
Корумпираните политичари се наведени како висок или високи функционери на најголемата владејачка партија во 2005 година, и на најголемата владејачка партија на малцинската заедница во истиот период, за кои дополнително се наведува дека имале високи позиции во регулаторните агенции на телекомуникацискиот сектор и имале директно овластување врз распишувањето на тендер за трет мобилен оператор. Како поткуп да не биде распишан тендерот биле понудени околу 10 милиони долари, исплатенi преку Грк - посредник.
- Според Комисијата за хартии од вредност, потпишаните договори немале никаква легитимна деловна цел. Овие договори биле користени за насочување на корупциски исплати директно до владини функционери на начин кој не би бил забележан. Обвинетите, наводно овие исплати преку ваквите договори ги нарекувале „логистика“ и во документ подготвен на 1 јуни 2005 година од страна на Балог, тој предлага исплатите да бидат засновани врз завршената работа и се понудил да биде присутен при потпишувањето на договорите и да се сретне со претставници на двете страни.
На 16 јуни 2005 година Балог ги прашал претставниците на грчкиот посредник да обезбедат повратна информација, од високи претставници на двете страни, да потврдат дека го добиле тоа што било ветено, пишува во одлуката на судијата Саливан. Се наведува дека, дури со заминувањето на корумпираните политичари од власта, новата Влада формирана во 2006 година, конечно распишала оглас за трет мобилен оператор.
„Како резултат на овие коруптивни исплати, македонската Влада наводно го одложила воведувањето на третиот мобилен оператор до 2007 година, кога веќе има нова Влада“, пишува судијата Саливан.
Криминалот во Маѓар Телеком бил откриен од страна на ревизорот "Прајсвотерхаус Куперс", а поткрепен со извештај подготвен од ревизорската компанија "Вајт и Кејс"

11-02-2013, 06:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10


11-02-2013, 06:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11



Quote:Разврската на аферата со МАЃАР ТЕЛЕКОМ предизвик на македонската кривично правна практика


31.01.2012 Transparency International – Macedonia изработи Информација заснована врз релевантни и јавни документи, следејќи го отворањето на епилогот на истрагата за работењето на Маѓар Телеком во периодот од 2000 година од 2007 година.
Истрагата беше водена од американската правна куќа Вајт и Чејс по иницијатива на внатрешната ревизија во компанијата поради сомневање во законитоста на склучени и исплатени договори од кои би произлегла низа на коруптивни кривични дела, предвидени со Законот за странски коруптивни постапки Foreign Corrupt Practices Act (FCPA) на САД, односно казниви според македонското и законодавства на други држави.

РАЗВРСКАТА НА АФЕРАТА СО МАЃАР ТЕЛЕКОМ ПРЕДИЗВИК ЗА МАКЕДОНСКАТА КРИВИЧНО ПРАВНА ПАКТИКА

Информација

Годишен Извештај за активностите на Групата на Македонски Телеком А.Д. – Скопје во 2009 година

Dimitris Kontominas

DEPARTMENT OF REGISTRAR OF COMPANIES AND OFFICIAL RI::CEIVER

DEPARTMENT OF REGISTRAR OF COMPANIES AND OFFICIAL RECEIVER

UNITED STATES DISTRICT COURT ... VIRGINIA

UNITED STATES DISTRICT COURT..... NEV YORK

Интересот на ТИ-М произлезе од причини што дел од овие договори се тесно поврзани со филијали на Маѓар Телеком во Македонија како Македонски Телеком АД – Скопје и Камени Мост Комуникации АД – Скопје, а Вајт и Чејс истакнуваат основан сомнеж со наводи за корумпирање на функционери и челници на политички партии во Македонија од страна на раководни лица во Македонски Телекомуникации АД, се заради стекнување со погодности на пазарот на телекомуникациски услуги во 2005 година и 2006 година.

Во предвид беа земени Годишниот Извештај на Групата на Македонски Телеком за 2009 година и други годишни извештаи на оваа компанија, судски и други јавно објавени документи на американската Комисија за хартии од вредност и Министерството за Правда на САД датирани од 29.12.2011 година, како и известувања за активности на домашните органи надлежни за кривичен прогон.
11-02-2013, 06:30 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#12

СДСМ денеска обвини дека Антикорупциската комисија наместо да спречува криминал се претворила во негов заштитник и наводно „функционира како филијала на режимот“.

Според Весна Бендевска, најдобрата потврда дека оваа институција го крие криминалот, ја посочи вчерашната одлука на судот во САД, кој одлучи кривично да ги гони осомничените за давање поткуп во аферата „Дојче Телеком“. Наспроти американските правосудни органи кои ги гонат тие што давале поткуп во оваа афера, во Македонија, вели, власта „со прст не мрднува да ги гони лицата кои биле поткупени“.

- Станува збор за докажан криминал, со јасни и прецизни докази за давање на поткуп од 4,8 милиони евра за да спречи издавањето на лиценца за трет мобилен оператор во Македонија. Дури, кога СДСМ поднесе кривична пријава за непознат сторител за аферата „Дојче Телеком“ режимот самиот ги препозна и ги посочи сторителите, но симптоматично и понатаму ги штити, изјави Бендевска пред просториите на Антикорупциската комисија.
------------------------------------------------------------------------
Кога веќе говори Бендевска за корупција во случајот Телеком, треба да има предвид дека во периодот за кој се говори, премиер и претседател на РМ беа од редовите на СДСМ, а во управниот одбор на Телекомот членуваа функционери од СДСМ. Тоа не го велиме ние, за тоа пишуваа и странските медиуми, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на пратеничката на СДСМ, Весна Бендевска, која на протестот на опозицијата пред седиштето на Антикорупциската комисија, рече дека таа е заштитник на криминалот на власта.

Бендевска можеби требаше да отиде до канцелариите на нејзиниот партиски шеф Бранко Црвенковски и таму да запраша за коруптивните скандали со земјиштето зад „Рамстор“, набавките на стентови за кардиологија, аферата „Надеж“ и уште многу други. Доколку не ѝ е доволно јасно на Бендевска за случајот Телеком можеше да се заврти позади себе и да ја праша Радмила Шекеринска, експертот за бонбона бизниси во СДСМ, која во тој период беше вицепремиер во владата на СДСМ“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
------------------------------------------------------------------------


Ako ima krivicna prijava,ako ima dokazi,zosto vlasta ne apsi?

Zosto vlasta ne ja prasa kako sto samata veli (за случајот Телеком можеше да се заврти позади себе и да ја праша Радмила Шекеринска, експертот за бонбона бизниси во СДСМ, која во тој период беше вицепремиер во владата на СДСМ)?

Dali DPMNE e vlast ili opozicija vo Makedonija?
Pa kogo oni zaebavaat?
11-02-2013, 06:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Ефхаристо кир Кондаминас!


Почитуван кир Кондаминас

Чекајќи јавна благодарност од моите политичари на кои вие сте им помагале, но и разбирајќи ги дека ќе молчат како уплашени зајци еве јас како нивни поданик, во нивно име, ви велам едно големо Ефхаристо. Да не беше судот во Њујорк и процесот за митото во Маѓар телеком (Македонија и Црна гора) овде ние во, ако милувате, Вардарскиот дел на Македонија не ќе знаевме дека вие толку милосрддно, додуша со наши пари, на граѓаните на мојата земја, сте им помогнале, односно сте им дале парична инфузија за да не ја изгубат вербата дека политиката не е професија што носи пари. Ако е судот, оној преку океанот во право, многу доблесно од ваша страна, верувам и профитабилно и за вас, зошто да не, што сте ги ставиле вашите фирми на Кипар на располагање, поточно што преку нив наши политичари и од власта и од опозицијата се мрселе од парите од Телекомот.

Па така, од секое наше АЛО имало паричка и за нив. Судот вели дека раководството на тогашниот Маѓар Телеком во Скопје плиснало 4 ипол (ако добро паметам) милиони долари или евра, не е и толку важно, и со нив од тогашната власт но и опозиција си обезбедиле да не влезе трет оператор на пазарот кој би им ја урнал скапата цена на телефонскиот импулс. Од каде вие сте се нашле во приказната знаете вие и нашите помитени политичари, но како и да е, сте им се нашле а и сте ги задолжиле што парите преку вас трансферирале во нивните џебови. Имало и за тогашниот премиер, и за албанскиот коалиционен партнер во владата, но и за луѓе од тогашната опозиција кои преку фамозната Аналитико примале телеком „апанажа“, чекајки го денот кога ќе седнат во министерските фотелји. Власта во коцкастата зграда на Илинденска тогаш без број, сега број 2, иако секојдневно ги слушале негодувањата на граѓаните од изгор телефонските сметки, во име на парите спречувал нов оператор на пазарот.

Молчела и опозицијата оти и таа била намирена, дилот бил пари и за нив за кобајаги продавање сим картички. Малку понижувачко звање де, продавачи на сим картички на сегашниве министри и луѓе од првиот борбен ред на премиерот но кога се во прашање парите позицијата не би требало да биде важна, така нели почитуван кир Кондаминас. Не верувам дека и тогаш и сега не сте биле свесен дека ги имате в рака политичарите на вашиот сосед, така на купче, и ако ви се посакало а и уште имате време, да ви играат СИРТАКИ за ваша душа а вие да молчите за нив. Но не, вие сте вистински бизнисмен, милијардер, не било кој мешетар, па да издавате такви деловни тајни. Вас од џебот не ви излегло ништо, а и да не ви останало ја имате привилегијата да ја знаете тајната за лепливите прсти на тогашната но и сегашна политичка елита на вашиот северен сосед.

Вие знаете дека колку и да открива американскиот суд, во Скопје ќе биде штама, оти биле подмирени и едните и другите, а граѓаните, а тие и така се научени на стрижење. Додуша и нема баш од каде да разберат зошто плаќале изгор сметки и кој им го сместувал тоа. Поарно кир Кондаминас и да не разберат, знаете не знам за вашата но мојата земја (така ја викам оти да не испаднам смешен и неинформиран доколку вие и го знаете и идното име) е меѓу рекордерите на трошење на антидепресиви оти сиромаштијата одамна им го преминала куќниот праг. Колку и да ме фаќа гнев како новинар, заради здравјето на моите сограѓани поарно е што телевизиите и речиси сите весници се построени од власта па се прават на МУТАВИ и нема ни буква ни збор за грабежот што им се правел. Зошто сега додатно нервози, тоа било и поминало, плаќале оти многу сакале ало, и така…

Е сега, некој од тоа ќарил вила на вториот крак на Халкидики, други парички за комотен живот без работа, но кир Кондаминас вие барем знаете колкав е стравот во такви бизниси, тука кај нас викаме шизик живее на ризик. Вам блазеси ви, држете ги во рака потплатениве наши политичари, а ако почнат да ви се џилитат покажете им ги свифтовите за легнатите пари и одма ќе биде мукла. Брцале во медот братски затоа и до ден денеска иако се лути противници си молчат. Додуша вреват оние околу БЦ ама нив доцна им стана јасно дека во тоа време иако партијата била власт нивни кадар од државата направил профитно друштво.

Затоа кир Кондаминас стишајте ги тоа вашите новинари кои роварат околу вилите на Халкидики, имате моќ, спречете ги, овде кај нас се е под контрола, вестите од судот од Њујорк не се приоритет, единствено само за Транспаренси на госпожа Тасева и по некој опозициски медиум, што би рекле од власта, за да си го зголеми тиражот или гледаноста. Сите тука кир Кондоминас, наш голем пријателу, ве чекаме да не израдувате со нов хотел токму на плоштадот Македонија. Колку несебично од вас, на Скопје непријателот на вашата Атина ќе му дарувате хотел со кој знае колку звездички. Зошто, не сакам да погодувам, ни од каде се парите ни која ви е целта. Само би сакал кога ќе го отварате, на сечењето на машничките не мора од блиску, но сепак, да можам да гледам кој се од нашиве ќе игра СИРТАКИ околу вас.

Како што стои работата сите оние од апанажата ќе бидат на број, шансите да бидат во казнена установа се речиси никакви. Дилот е добар само кога браќата се сложни и намирени се разбира, а во случајот Маѓар Телеком шемата е направена профи. Затоа кир Кондаминас иако и сосема малку некогаш се обеспокојувате кога ви текнува на тие операции, ич да не берете гајле, мојата држава е село без кучиња и затоа вие толку многу развивате бизниси во неа. Останете со здравје и да ви се множат бизнисите и добрите релации со политичарите и тајкуните од северниот сосед на вашата земја. За крај уште еднаш во името на овие мои дрчни ама исплашени зајци уште еднаш Евхаристо кир Кондаминас за операцијата Маѓар Телеком.

Ацо Кабранов



Дали Кабрамов ке пишуваше вака ако Бучковски денес беше верен на Бранко Црвенковски???
12-02-2013, 09:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Ефхаристо кир Кондаминас!


Почитуван кир Кондаминас

Чекајќи јавна благодарност од моите политичари на кои вие сте им помагале, но и разбирајќи ги дека ќе молчат како уплашени зајци еве јас како нивни поданик, во нивно име, ви велам едно големо Ефхаристо. Да не беше судот во Њујорк и процесот за митото во Маѓар телеком (Македонија и Црна гора) овде ние во, ако милувате, Вардарскиот дел на Македонија не ќе знаевме дека вие толку милосрддно, додуша со наши пари, на граѓаните на мојата земја, сте им помогнале, односно сте им дале парична инфузија за да не ја изгубат вербата дека политиката не е професија што носи пари. Ако е судот, оној преку океанот во право, многу доблесно од ваша страна, верувам и профитабилно и за вас, зошто да не, што сте ги ставиле вашите фирми на Кипар на располагање, поточно што преку нив наши политичари и од власта и од опозицијата се мрселе од парите од Телекомот.

Па така, од секое наше АЛО имало паричка и за нив. Судот вели дека раководството на тогашниот Маѓар Телеком во Скопје плиснало 4 ипол (ако добро паметам) милиони долари или евра, не е и толку важно, и со нив од тогашната власт но и опозиција си обезбедиле да не влезе трет оператор на пазарот кој би им ја урнал скапата цена на телефонскиот импулс. Од каде вие сте се нашле во приказната знаете вие и нашите помитени политичари, но како и да е, сте им се нашле а и сте ги задолжиле што парите преку вас трансферирале во нивните џебови. Имало и за тогашниот премиер, и за албанскиот коалиционен партнер во владата, но и за луѓе од тогашната опозиција кои преку фамозната Аналитико примале телеком „апанажа“, чекајки го денот кога ќе седнат во министерските фотелји. Власта во коцкастата зграда на Илинденска тогаш без број, сега број 2, иако секојдневно ги слушале негодувањата на граѓаните од изгор телефонските сметки, во име на парите спречувал нов оператор на пазарот.

Молчела и опозицијата оти и таа била намирена, дилот бил пари и за нив за кобајаги продавање сим картички. Малку понижувачко звање де, продавачи на сим картички на сегашниве министри и луѓе од првиот борбен ред на премиерот но кога се во прашање парите позицијата не би требало да биде важна, така нели почитуван кир Кондаминас. Не верувам дека и тогаш и сега не сте биле свесен дека ги имате в рака политичарите на вашиот сосед, така на купче, и ако ви се посакало а и уште имате време, да ви играат СИРТАКИ за ваша душа а вие да молчите за нив. Но не, вие сте вистински бизнисмен, милијардер, не било кој мешетар, па да издавате такви деловни тајни. Вас од џебот не ви излегло ништо, а и да не ви останало ја имате привилегијата да ја знаете тајната за лепливите прсти на тогашната но и сегашна политичка елита на вашиот северен сосед.

Вие знаете дека колку и да открива американскиот суд, во Скопје ќе биде штама, оти биле подмирени и едните и другите, а граѓаните, а тие и така се научени на стрижење. Додуша и нема баш од каде да разберат зошто плаќале изгор сметки и кој им го сместувал тоа. Поарно кир Кондаминас и да не разберат, знаете не знам за вашата но мојата земја (така ја викам оти да не испаднам смешен и неинформиран доколку вие и го знаете и идното име) е меѓу рекордерите на трошење на антидепресиви оти сиромаштијата одамна им го преминала куќниот праг. Колку и да ме фаќа гнев како новинар, заради здравјето на моите сограѓани поарно е што телевизиите и речиси сите весници се построени од власта па се прават на МУТАВИ и нема ни буква ни збор за грабежот што им се правел. Зошто сега додатно нервози, тоа било и поминало, плаќале оти многу сакале ало, и така…

Е сега, некој од тоа ќарил вила на вториот крак на Халкидики, други парички за комотен живот без работа, но кир Кондаминас вие барем знаете колкав е стравот во такви бизниси, тука кај нас викаме шизик живее на ризик. Вам блазеси ви, држете ги во рака потплатениве наши политичари, а ако почнат да ви се џилитат покажете им ги свифтовите за легнатите пари и одма ќе биде мукла. Брцале во медот братски затоа и до ден денеска иако се лути противници си молчат. Додуша вреват оние околу БЦ ама нив доцна им стана јасно дека во тоа време иако партијата била власт нивни кадар од државата направил профитно друштво.

Затоа кир Кондаминас стишајте ги тоа вашите новинари кои роварат околу вилите на Халкидики, имате моќ, спречете ги, овде кај нас се е под контрола, вестите од судот од Њујорк не се приоритет, единствено само за Транспаренси на госпожа Тасева и по некој опозициски медиум, што би рекле од власта, за да си го зголеми тиражот или гледаноста. Сите тука кир Кондоминас, наш голем пријателу, ве чекаме да не израдувате со нов хотел токму на плоштадот Македонија. Колку несебично од вас, на Скопје непријателот на вашата Атина ќе му дарувате хотел со кој знае колку звездички. Зошто, не сакам да погодувам, ни од каде се парите ни која ви е целта. Само би сакал кога ќе го отварате, на сечењето на машничките не мора од блиску, но сепак, да можам да гледам кој се од нашиве ќе игра СИРТАКИ околу вас.

Како што стои работата сите оние од апанажата ќе бидат на број, шансите да бидат во казнена установа се речиси никакви. Дилот е добар само кога браќата се сложни и намирени се разбира, а во случајот Маѓар Телеком шемата е направена профи. Затоа кир Кондаминас иако и сосема малку некогаш се обеспокојувате кога ви текнува на тие операции, ич да не берете гајле, мојата држава е село без кучиња и затоа вие толку многу развивате бизниси во неа. Останете со здравје и да ви се множат бизнисите и добрите релации со политичарите и тајкуните од северниот сосед на вашата земја. За крај уште еднаш во името на овие мои дрчни ама исплашени зајци уште еднаш Евхаристо кир Кондаминас за операцијата Маѓар Телеком.

Ацо Кабранов




Дали Кабрамов ке пишуваше вака ако Бучковски денес беше верен на Бранко Црвенковски???
12-02-2013, 09:17 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#15

(12-02-2013, 09:17 PM)ЈорданПетровски Wrote: Дали Кабрамов ке пишуваше вака ако Бучковски денес беше верен на Бранко Црвенковски???

Sustinata ne e koj za kogo sto pisiva,sustinata e deka vo Makedonija nema niedna institucija koja smee da si ja raboti svojata rabota nezavisno i cesno.
Ako porano se velese deka sme Banana drzava,sega ostana samo korata od bananata na koja sekoj den kako vo crtan film se lizgame...
12-02-2013, 11:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Во Македонија сепак има доказ за поранешен министер подмитен од Маѓар Телеком?!

[Image: images?q=tbn:ANd9GcQ5Lii2utjSLG3gL_ECcM8...wRGnsNafc4]

Аферата Маѓар Телеком, односно поткупување на функционери од владата на Бучковски но и тогашни опозиционери преку фирмата Аналитико АИ, засега ја расплетува само судот во Њујорк. Нашите истражни органи, и покрај јасните и прецизни информации до кои дошол тамошниот суд докажуваат дека преку кипарски сметки на грчки бизнисмен тогашното раководство на Маѓар Телеком префрлило 4,5 милиони евра за да ги поткупи тогашните македонски власт и опозиција, да не се дозволи влез на трет оператор и со тоа да се урне цената на импулсот кој ја диктирала оваа компанија. Информациите од њујоркшкиот суд во Македонија беа пропратени без некој голем медиумски интерес и ја цитираа изјавата на обвинителот Шврговски дека во Македонија докази за такво нешто нема и дека ако имало нешто, тоа се случувало во странство.

Но изворите на Либертас тврдат дека обвинителот или не знае или пак одмолчува дека во Македонија има доказ за финансиска трансакција која е дел од аферата Маѓар Телеком. Според нашиот извор, еден министер од тогашната влада, наводно прилично комотно дозволил Маѓар Телеком во земјава на име консултантски услуги да му префрли наводно 300 илјади евра. Овој доказ, според нашиот извор, наводно го знае и го има актуелната власт но засега молчи. Бившиот министер, тогаш бил од редот на социјалдемократите. Дали на власта и е покорисно да го уценува да работи за нејзини потреби или не сака да го одмотува клопчето заради инволвираност и на нејзини припадници преку Аналитико АИ, нашиот извор неможеше да прецизира.
14-02-2013, 04:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Њујоршкиот суд го објави сведочењето на Богоевски

[Image: A943EA252526D347A665A0F46034A7CB.jpg]

Името на високиот функционер од Македонија што, наводно, зел мито за да ја заштити привилегираната позиција на „Телеком“ е објавено во документот


Слободанка Јовановска

Њујоршкиот суд што го води случајот против директорите на „Маѓар телеком“ го отвори за јавноста сведочењето на Слободан Богоевски, поранешниот шеф на македонската тајна полиција, како и други документи од кои може да се прочита името на бившиот висок македонски функционер кој е посочен за примање мито, кој се' бил вмешан, како се одвивала шемата на корумпирањето и многу други пикантерии околу сведочењето, кое се одвивало во Амбасадата на САД во Скопје, и лично и преку видеоконференција.

Повод за објавувањето на документот е отфрлањето на барањето на тројцата обвинети директори на „Маѓар Телеком“, Андраш Балог, Елек Штрауб и Тамаш Морваи, да не биде прифатено сведочењето на Богоевски бидејќи немале доволно можност да го испрашаат на вкрстеното сослушување организирано исто така во Амбасадата на САД во Скопје преку видеоконференција.

Според она што стои во официјалниот документ на тужителот - Американската комисија за хартии од вредност (СЕЦ), Богоевски потврдил дека бил вклучен како посредник во корумпирањето и притоа ги обезбедил клучните документи и мејлови, поради што СЕЦ „ја сфаќа вознемиреноста“ кај обвинетите од неговото сведочење. Како што се гледа од документот, Богоевски барал и добил привремен статус на заштитен сведок, бидејќи не сакал да се знае неговото учество во ова својство во процесот во Македонија. На СЕЦ им паднал во очи откако во интервју за неделникот „Фокус“ се пожалил дека може да биде уапсен со цел да биде замолчен околу случајот со „Маѓар телеком“, по што нивниот главен адвокат итно, ден по католичкиот Божик во 2014 година, долетал во Македонија да му земе изјава, имајќи предвид дека тој веќе имал покана за затвор за 29 декември.

Во сведоштвото дадено под заклетва и под целосна кривична одговорност, Богоевски сведочел дека тој ги договорил првите контакти околу „зделката“, а иницијатор бил неговиот пријател, грчкиот магнат Димитрис Кондоминас, при што во текот на 2005 и 2006 година било договорено мито за високи македонски функционери за да ја заштитат привилегираната позиција на „Маѓар телеком“. Главната цел била, според сведочењето, да се спречат ефектите од новиот Закон за електронски комуникации со кој требаше да се либерализира пазарот и да се олесни влезот на Македонија во ЕУ.

Натаму, според сведочењето на Богоевски, се' се одвивало како на филм: првиот состанок на двете страни се одржал во декември 2004 година, веќе во јануари 2005 година, како што стои, „Грците“ им нуделе мито на македонските функционери, а работата кулминирала во мај истата година кога меѓу „македонската страна“ која била цел на поткупот и Елек Штрауб биле потпишани два тајни документи - Протокол за соработка со кој биле регулирани отстапките од страна на владата и „Нон пејпер“ во кој стоела временска рамка за исплатите на мито на нејзини високи претставници и на албанските коалициски партнери, без притоа да се спомене нечие име од таа страна.

За да се оствари плаќањето од страна на „Маѓар телеком“, според сведочењето, се направила шема на договори за консултантски услуги со компании сместени на Кипар што ги поседувал Кондоминас, кој ги подигал парите во кеш и ги давал на посредник кој според описот од Богоевски, играл улога на агент на македонскиот висок функционер кој требало да ги земе парите и чиј идентитет му е познат на „Утрински весник“, но од легални причини нема да го објавиме. Агентот му ги давал парите на тој функционер и за возврат добивал потврда дека се примени, а за да може да ги пренесува парите преку граници, добил функција и дипломатски имунитет од страна на највисоко место во владината хиерархија. Парите, пак, на албанските претставници биле носени директно во Тетово, при што таа постапка била повторена трипати, кога како вкупно мито според Богоевски и приложените документи, легнале трипати по 2,5 милиони евра.

[Image: 9E94AEF10835B448BB0E181AFBEDE40C.jpg]

Притоа „Маѓар телеком“ барал не само да не се дозволи конкуренција на неговата компанија на македонскиот пазар, туку и да не се продаваат акциите на друга компанија, иако самиот не сакал да ги откупи. Се споменува и косовска врска за перењето на парите, преку формирање некоја компанија која требало да послужи само за тоа. Во сведочењето Богоевски тврдел дека, иако бил вклучен во целиот процес, тој самиот не зел ни евро, туку побарал како услуга вработување на синот, што му било обезбедено.

Целото ова сведочење СЕЦ го снимило на видеолента и го има на транскрипт, а како дополнение Богоевски им предал речиси финализиран нацрт од „Протоколот за соработка“, кој сосема соодветствувал со она што било потпишано на крај, а кој бил откриен во 2011 година во претресот што грчката полиција го направила во канцеларијата на Кондоминас во Атина. Кондоминас, според Богоевски, инсистирал за се' што е договорено да има само оригинални документи, не и копии, бидејќи тоа бил стилот на неговата работа, така што оригинал од документите имале наводно само тој и високиот македонски политичар чие име не го објавуваме, иако стои во транскриптот од сведочењето, нешто што тој според СЕЦ го признал лично на ФБИ и им кажал дека е во неговиот сеф.

Богоевски предал исто така и нацрт на „Нон пејперот“ со роковите за исплата, во кој стоело дека првата рата ќе биде исплатена на денот на потпишувањето на „Протоколот за соработка“, втората, исто така, од два и пол милиони евра на 30 декември 2005 година, а третата во јуни 2006 година. Овој календар на исплати се совпаѓал со мејлот што еден од директорите на „Маѓар телеком“ го испратил на вториот обвинет директор и што е сега доказ во постапката.

Третиот документ што го обезбедил Богоевски било писмо од високиот македонски функционер до Алек Штрауб во кое му се заканува дека други стратегиски инвеститори биле заинтересирани за телекомот, како и нацрт-меморандум за разбирање меѓу „Маѓар телеком“ и нашата влада во кој таа се обврзува да не ги продава преостанатите акции на компанијата на трета страна.

Најкуриозитетно е тврдењето дека главниот посредник, односно агент кој бил задолжен за испорака на парите е, всушност, германски државјанин и тогашен помошник на Тео Вајгел, кој во тоа време бил платен како советник на македонската влада.

Иако одбраната на унгарските директори се обврзала да го држи во тајност неговото име како сведок, Богоевски се пожалил дека тие, сепак, го откриле неговиот идентитет во Македонија. Богоевски се соочил со одбраната на 15 јануари годинава и на 19 февруари, при што тој бил во Американската амбасада во Скопје, а сите американски адвокати и тие на одбраната биле во Вашингтон, од каде што учествувале во испрашувањето преку видеоконференција што траело вкупно осум часа. Само неколку часа по второто сведочење македонската полиција дошла во домот на Богоевски и го привела за издржување казна затвор, каде што се' уште се наоѓа.

Адвокатите на унгарските директори се бранеле дека не можат да обезбедат ниту еден сведок од Македонија во нивна корист, бидејќи никој од официјалните лица не сакал да прифати дека Богоевски „бил најмен“ од СЕЦ во заговор против нив, дека не дале обврзувачки туку непотпишан документ за исплатите, а велеле и дека е спорна јурисдикцијата на американскиот суд околу случајот. Тие инсистирале од Богоевски да каже дали има други документи или копии покрај тие што веќе ги предал, на што тој поради сопствена безбедност не одговорил. Интересно е и тврдењето на Богоевски дека Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи, наводно, добил копии од документите околу аферата. Познато е одамна обвинувањето кој е високиот македонски функционер што учествувал во коруптивната шема, но тоа не е доволно за нашите власти да покренат постапка.

Во целиот процес во Њујорк биле испитани повеќе сведоци, од кои осум од Македонија и четири од Германија. Според тужителот - САД, Богоевски е клучен сведок во случајот и застанал со потпис зад секоја страница од транскриптот од сведочењето.

Инаку, „Маѓар телеком“, најголемата телекомуникациска компанија во Унгарија, заедно со матичната компанија „Дојче телеком АГ“, постигнаа спогодба околу целиот случај во вкупна вредност од 95 милиони долари со СЕЦ и американското Министерство за правда во декември 2011 година, но и покрај тоа СЕЦ покрена граѓански тужби против Штрауб, Балог и Морваи.

UTRINSKI
05-09-2015, 01:00 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Сведочење на Богоевски: Екс-премиерот Владо Бучковски директно посочен дека примил мито, заедно со албанскиот коалициски партнер


06-09-2015
Њујоршкиот суд што го води случајот против директорите на „Маѓар телеком“ го отвори за јавноста сведочењето на Слободан Богоевски, поранешниот шеф на македонската тајна полиција, како и други документи од кои може да се прочита името на бившиот висок македонски функционер кој е посочен за примање мито, кој се’ бил вмешан, како се одвивала шемата на корумпирањето и многу други пикантерии околу сведочењето, кое се одвивало во Амбасадата на САД во Скопје, и лично и преку видеоконференција, пренесе Утрински весник.

[Image: vladimir-buckovski1.jpg]

Либертас дојде до документот од сведочењето според кој, поранешниот премиер Владо Бучковски е директно посочен дека примал мито.

Повод за објавувањето на документот е отфрлањето на барањето на тројцата обвинети директори на „Маѓар Телеком“, Андраш Балог, Елек Штрауб и Тамаш Морваи, да не биде прифатено сведочењето на Богоевски бидејќи немале доволно можност да го испрашаат на вкрстеното сослушување организирано исто така во Амбасадата на САД во Скопје преку видеоконференција.

Според она што стои во официјалниот документ на тужителот – Американската комисија за хартии од вредност (СЕЦ), Богоевски потврдил дека бил вклучен како посредник во корумпирањето и притоа ги обезбедил клучните документи и мејлови, поради што СЕЦ „ја сфаќа вознемиреноста“ кај обвинетите од неговото сведочење. Како што се гледа од документот, Богоевски барал и добил привремен статус на заштитен сведок, бидејќи не сакал да се знае неговото учество во ова својство во процесот во Македонија. На СЕЦ им паднал во очи откако во интервју за неделникот „Фокус“ се пожалил дека може да биде уапсен со цел да биде замолчен околу случајот со „Маѓар телеком“, по што нивниот главен адвокат итно, ден по католичкиот Божик во 2014 година, долетал во Македонија да му земе изјава, имајќи предвид дека тој веќе имал покана за затвор за 29 декември.

Во сведоштвото дадено под заклетва и под целосна кривична одговорност, Богоевски сведочел дека тој ги договорил првите контакти околу „зделката“, а иницијатор бил неговиот пријател, грчкиот магнат Димитрис Кондоминас, при што во текот на 2005 и 2006 година било договорено мито за високи македонски функционери за да ја заштитат привилегираната позиција на „Маѓар телеком“. Главната цел била, според сведочењето, да се спречат ефектите од новиот Закон за електронски комуникации со кој требаше да се либерализира пазарот и да се олесни влезот на Македонија во ЕУ.

Натаму, според сведочењето на Богоевски, се’ се одвивало како на филм: првиот состанок на двете страни се одржал во декември 2004 година, веќе во јануари 2005 година, како што стои, „Грците“ им нуделе мито на македонските функционери, а работата кулминирала во мај истата година кога меѓу тогашниот премиер Владо Бучковски и Елек Штрауб биле потпишани два тајни документи – Протокол за соработка со кој биле регулирани отстапките од страна на владата и „Нон пејпер“ во кој стоела временска рамка за исплатите на мито на Бучковски и неговите албанските коалициски партнери (ДУИ во тоа време), без притоа да се спомене нечие име од таа страна.

За да се оствари плаќањето од страна на „Маѓар телеком“, според сведочењето, се направила шема на договори за консултантски услуги со компании сместени на Кипар што ги поседувал Кондоминас, кој ги подигал парите во кеш и ги давал на посредникот Беким Земоски. Тој го носел кешот на рака во зградата на македонската Влада, му давал дел од парите на премиерот Бучковски, и за возврат добивал потврда дека се примени, а потоа возел до делот каде живеат етнички Албанци во Тетово, каде го доставувал остатокот од кешот на политичките лидери на етничките Албанци и добивал друга потпишана потврда. Процесот се случил вкупно 3 пати (вкупно 7,5 милиони евра).

Инаку, Беким Земоски (германски државјанин) му беше личен советник на германскиот експерт (и екс-министер за финансии) Тео Вајгел, кој пак беше дел од владиниот експертски тим во тоа време. За да може да ги пренесува парите преку граници, Беким Земоски добил функција и дипломатски имунитет од страна на Бучковски.

Притоа „Маѓар телеком“ барал не само да не се дозволи конкуренција на неговата компанија на македонскиот пазар, туку и да не се продаваат акциите на друга компанија, иако самиот не сакал да ги откупи. Се споменува и косовска врска за перењето на парите, преку формирање некоја компанија која требало да послужи само за тоа. Во сведочењето Богоевски тврдел дека, иако бил вклучен во целиот процес, тој самиот не зел ни евро, туку побарал како услуга вработување на синот, што му било обезбедено.

Целото ова сведочење СЕЦ го снимило на видеолента и го има на транскрипт, а како дополнение Богоевски им предал речиси финализиран нацрт од „Протоколот за соработка“, кој сосема соодветствувал со она што било потпишано на крај, а кој бил откриен во 2011 година во претресот што грчката полиција го направила во канцеларијата на Кондоминас во Атина. Кондоминас, според Богоевски, инсистирал за се’ што е договорено да има само оригинални документи, не и копии, бидејќи тоа бил стилот на неговата работа, така што оригинал од документите имале наводно само тој и високиот македонски политичар чие име не го објавуваме, иако стои во транскриптот од сведочењето, нешто што тој според СЕЦ го признал лично на ФБИ и им кажал дека е во неговиот сеф.

Богоевски предал исто така и нацрт на „Нон пејперот“ со роковите за исплата, во кој стоело дека првата рата ќе биде исплатена на денот на потпишувањето на „Протоколот за соработка“, втората, исто така, од два и пол милиони евра на 30 декември 2005 година, а третата во јуни 2006 година. Овој календар на исплати се совпаѓал со мејлот што еден од директорите на „Маѓар телеком“ го испратил на вториот обвинет директор и што е сега доказ во постапката.

Третиот документ што го обезбедил Богоевски било писмо од Бучковски до Алек Штрауб во кое му се заканува дека други стратегиски инвеститори биле заинтересирани за телекомот, како и нацрт-меморандум за разбирање меѓу „Маѓар телеком“ и нашата влада во кој таа се обврзува да не ги продава преостанатите акции на компанијата на трета страна.

Иако одбраната на унгарските директори се обврзала да го држи во тајност неговото име како сведок, Богоевски се пожалил дека тие, сепак, го откриле неговиот идентитет во Македонија. Богоевски се соочил со одбраната на 15 јануари годинава и на 19 февруари, при што тој бил во Американската амбасада во Скопје, а сите американски адвокати и тие на одбраната биле во Вашингтон, од каде што учествувале во испрашувањето преку видеоконференција што траело вкупно осум часа. Само неколку часа по второто сведочење македонската полиција дошла во домот на Богоевски и го привела за издржување казна затвор, каде што се’ уште се наоѓа.

Адвокатите на унгарските директори се бранеле дека не можат да обезбедат ниту еден сведок од Македонија во нивна корист, бидејќи никој од официјалните лица не сакал да прифати дека Богоевски „бил најмен“ од СЕЦ во заговор против нив, дека не дале обврзувачки туку непотпишан документ за исплатите, а велеле и дека е спорна јурисдикцијата на американскиот суд околу случајот. Тие инсистирале од Богоевски да каже дали има други документи или копии покрај тие што веќе ги предал, на што тој поради сопствена безбедност не одговорил. Интересно е и тврдењето на Богоевски дека Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи, наводно, добил копии од документите околу аферата. Познато е одамна обвинувањето кој е високиот македонски функционер што учествувал во коруптивната шема, но тоа не е доволно за нашите власти да покренат постапка.

Во целиот процес во Њујорк биле испитани повеќе сведоци, од кои осум од Македонија и четири од Германија. Според тужителот – САД, Богоевски е клучен сведок во случајот и застанал со потпис зад секоја страница од транскриптот од сведочењето.

Инаку, „Маѓар телеком“, најголемата телекомуникациска компанија во Унгарија, заедно со матичната компанија „Дојче телеком АГ“, постигнаа спогодба околу целиот случај во вкупна вредност од 95 милиони долари со СЕЦ и американското Министерство за правда во декември 2011 година, но и покрај тоа СЕЦ покрена граѓански тужби против Штрауб, Балог и Морваи.

Ви пренесуваме дел од документот, од сведочењето на Богоевски.


[Image: b1-540x321.png]
[Image: b2-540x514.png]
[Image: b3-540x515.png]
[Image: b4-540x476.png]
[Image: b5-540x361.png]
[Image: b6-540x247.png]
06-09-2015, 01:46 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Бучквски реагира- Богоевски прави тенденциозни конструкции

06-09-2015 10:07:18

Почитувани, јас Владо Бучковски соработувам со Американската комисија за хартии од вредност,во граѓанската парница што тие ја водат против директорите на Маѓар телеком(Балог, Штрауб и Морваи) пред Њујоршкиот суд.

На барање на Американската комисија за хартии од вредност, јас сведочев на 7 февруари 2014 година, во нивното седиште во Вашингтон (100 F Street, N.E. Washington DC 20549). На сведочењето кое траеше близу 7 часа одговарав на вкрстени прашања од претставниците на Америкснската комисија и адвокатите на обвинетите директори од Маѓар Телеком. Сведочењето беше под заклетва и за него има стенографски белешки и видео запис. Бев замолен да не го обелоденувам моето сведочење и да се воздржам од јавни коментари на случајот до неговото завршување.

Сепак, по обелоденувањето на делови од сведочењето на Слободан Богоевски во Вашиот медиум, си земам за право да дадам кус коментар. Богоевски презентирал редица на неточни информации и прави низа тенденциозни конструкции. Ви благодарам за отстапениот простор, во прилог Ви испраќам копија од поканата за сведочење.

Владо Бучковски
06-09-2015, 10:26 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Богоевски тврди: 5 милиони поткуп од Маѓар телеком зеле и Али Ахмети и Муса Џафери

06-09-2015

Во дел од сведочењето на екс шефот на македонската тајна полиција и, поранешен советник на Владата – Слободан Богоевски, дадено пред адвокатите на американската Комисија за хартии од вредност (СЕЦ), а во случајот со Маѓар Телеком и неговата ќерка фирма – македонскиот Телеком, Богоевски детално ги опишува сите операции и активностите во кои учествувал како посредник, ангажиран од контроверзниот грчки бизнисмен Димитрис Кондоминас.

[Image: 8548943903223-540x259.jpg]

Во сослушувањата пред Јужниот обласен суд на Њујорк, Богоевски сведочи и одговора потврдно на прашањата на американскиот владин адвокат, поврзани со давањето на мито на определени политички партнери во тогашаната македонска влада, која ја водеше поранешниот премиер Владо Бучковски.

Така, во објавениот транскрипт на страната 25, Богоевски ги именува Бучковски и лицата А.А. и М.Џ. дека во повеќе наврати, а со посредство на луѓето на Кондоминас, примиле 7.5 милиони евра во кеш.

Понатаму, Богоевски потврдува и дека во рамките на „нон-пејпер“ документот кој заеднички го изработиле директорите на Маѓар Телеком, заедно со советниците на Бучковски и Кондоминас, во параграфот 231, од Нон-Пејпер Договорот, кој веќе е потпишан од Бучковски и директорите на Маѓар Телеком, се наведува дека од сумата од 7.5 милиони евра, 5 милиони евра се за пријателите од Тетово, а 2.5 милиони евра за страната А, односно за Бучковски.

На прашањето дали Богоевски знае да каже со кого се поврзуваат иницијалите на А.А. и М.Џ. пораншниот шеф на тајната полиција одговора дека тоа се иницијалите на Али Ахмети и Муса Џафери, при што на Богоевски на прашањето на американскиот адвокат, одговора потврдно дека знае оти наведената сума е за поткуп на именуваните политичари.

Во однос на динамиката на исплатата на наведените суми, во сослушувањето се наведува дека првата рата од исплатата од 2.5 милиони евра требало да се изврши до 30 декмеври 2005 година, а останатите 2.5 милиони до крајот на јули 2006, односно како што било наведено во Протоколот за соработка, потпишан со македонската влада и директорите на Маѓар Телеком, и претставници.

Притоа албанските коалициони партнери од ДУИ го условиле потпишувањето на Протоколот за соработка меѓу двете страни, со исплатата на првата рата од дговорената сума за нив за поткуп во износ од 2.5 милиони евра. Поради тоа, група од соработници на Бучковски и Кондоминас патувала во Тетово во куќата на Абдилаким Касани, каде биле и Ахмети и Џафери, за да ги предадат парите за нив, во кеш.

Во сведочењата на Слободан Богоевски во Скопје, а за Њујоршкиот суд обласен суд, кој документ содржи 166 страни се наведуваат и други пикантерии. Така, тој посочува дека најблиските соработници на екс премиерот Владо Бучковски, патувале во повеќе наврати со огроми суми на пари во кеш, и дека некои операции се вршеле во меѓуграничните зони, а во неколку наврати заради безбедност бил употребуван и премиерскиот блиндиран Мерцедес, а биле инволвирани и повеќе лица соработници на Бучковски кои тој ги вработил во Владата.

Дел од транскриптот од сведочењето на Богоевски на Англиски јазик:

[Image: 54434332322332.png]
[Image: 4544332323232.png]
[Image: 5676890.png]
06-09-2015, 01:30 PM
Reply