Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 4.13 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЛУЧАЈОТ ВО КАСАРНАТА НА АРМ ВО ВЕЛЕС
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:УЧК рапортира во велешката касарна


Генералштабот испитува дали е автентична снимката на која лица во униформи на АРМ се претставуваат како команданти на УЧК


[Image: fot3.jpg]


Војници на Армијата на Македонија(АРМ) отпоздравуваат пред знамето на Албанија и се претставуваат како команданти на УЧК. Ваква видеоснимка беше поставена на интернет-порталот Јутјуб, насловена „Скандал на албански војници во Велес“. Под неа стои дека материјалот е снимен во војничка соба во касарната во Велес.

По објавувањето на клипот, Генералштабот на АРМ почна истрага за неговата веродостојност. Оттаму велат дека ако се утврди вмешаност на припадници на АРМ, тие ќе бидат казнети според законите.

- Министерството за одбрана и Генералштабот најостро го осудуваат видеоматеријалот со кој се предизвикува омраза и нетрпеливост на верска и национална основа. Стручните служби на ГШ работат на расветлување на околностите, идентитетот на лицата и другите моменти поврзани со објавениот материјал - соопшти Генералштабот.


[Image: fot-2.jpg]

Лицата од снимката се облечени во војнички униформи. Се претставуваат како генерали, команданти и офицери на УЧК.

- Ви го претставувам главниот командант на УЧК. Повелете, главен команданте на УЧК - вели на албански јазик еден од војниците на клипот.

Во Генералштабот велат дека содржината на објавената снимка не ја отсликува состојбата во Армијата, особено во делот на безбедноста и меѓуетничките релации.

[Image: fot-1.jpg]

Нагласуваме дека еден од главните предуслови за успесите и високите оцени што АРМ ги постигна на домашен и меѓународен план е токму нејзиното мултиетничко ткиво, како армија на сите граѓани на Македонија. Во изминатиот период беа направени огромни напори за еднаква и правична застапеност на припадниците на етничките заедници во Министерството за одбрана и во Армијата - велат во Генералштабот.

Министерството за одбрана, кое е цивилна контрола на Армијата, чека резултати од истрагата на Генералштабот за тоа кои се лицата во униформи и што точно се случувало.

[Image: fot.jpg]

- Генерално, осудуваме вакви појави. Ќе имаме повеќе информации откако ќе добиеме информации од Генералштабот - велат во Министерството.

Снимката со знаме на туѓа држава во македонска касарна ги шокира граѓаните и предизвика низа реакции и прашања како е можно да се случуваат вакви работи во редовите на АРМ. Во коментарите на Интернет, граѓаните ја оценуваат снимката како скандалозна и бараат да се казнат одговорните.



Автор: С.С.З.
11-09-2010, 04:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Прес конференција на ВМРО-НП


Почитувани претставници на медиумите,


ВМРО – Народна Партија со крајна огорченост и огромна доза на загриженост за иднината на Рапублика Македонија, ја прими информацијата, проследена со видео материјал, каде во касарната на АРМ во Велес, во центарот на Македонија, војници на АРМ облечени во војнички униформи пеат борбени песни, отпоздравувуваат и се поклонуваат на албанското знаме, претставувајќи се како команданти на УЧК.

Да потсетиме: истата таа Армија на Република Македонија во 2001 година беше во воен судир токму со УЧК, за одбрана на територијалниот интегритет на нашата држава. Дали сега под превезот на исполнување на Охридскиот рамковен договор и правична застапеност на етничките заедници, внатре во АРМ се организираат инсталации на УЧК.


Тука, поставуваме едно хипотетичко прашање: Што ако утре (иако никој не го посакува тоа) повторно дојде до меѓунационална криза. На чија страна ќе бидат истите тие војници, кои примаат плата, се хранат и облекуваат од македонските граѓани.
Да не бидеме сфатени погрешно, ВМРО-НП го поддржува реализирањето на Охридскиот договор, ВМРО-НП е за исполнување на сите права што уставно им следуваат на малцинските етнички заедници.
Се поставува отворено прашање: Како денес се чувствуваат македонските мајки кога знаат дека во касарните каде што се нивните синови и ќерки, се велича знаме на друга држава и се дава заклетва на друга војска. Дали тие родители имаат гаранција за безбедноста на нивните деца.
Како денес се чувствуваат и семејствата на жртвите од конфликтот во 2001 година.
И конечно, како денес се чувствуваат бранителите на Македонија, истите бранители од 2001 година, за кои не се најде место за вработување, само за да се обезбеди простор за исполнување на точката од Рамковниот договор за правична застапеност.
Дали ваков скандал може да се случи во Америка, или во Франција или во Албанија? НЕ!
Затоа сметаме дека мора под итно да се најдат и санкционираат оние што го дозволиле овој скандал и оние што не го спречиле. Исто така сметаме дека одговорност мора да понесат министерот за одбрана и началникот на Генералштабот.
Македонија мора да размислува за иднината и да ги заборави духовите од минатото, никој нема право да отвара стари рани од конфликтот во 2001 и никој нема право да го воскреснува УЧК, а најмалку тоа да го прави во срцето на еден од столбовите на безбедноста на државата.


11.09.2010

11-09-2010, 04:38 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#3

SEPAK NEKOJ TREBA DA SE SETI I NA 3 SEPTEMVRI 1987.
PARACIN V.P.7518
AZIZ KELJMENDI I 9 OSTANATI, STO ZIVI , STO MRTVI.
MOZEBI NEKOMU OVA KE MU ZALICI ZLOKOBNO,NO,
PODOBRO DA RAZMISLUVAME ZA MLEKOTO PRED DA SE RASIPE OTKOLKU
DA PLACEMO PO NEGO POTOA.
(This post was last modified: 11-09-2010, 08:30 PM by montehristo.)
11-09-2010, 08:24 PM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6
#4

POTREBNO e da se doznae koga se primeni tie lica na aktivna sluzba u ARM i se so nivni DOSIEJA od PRA DEDO do denes i toa ke kaze se. AKCIJA e podmetnata iako e realna vo edno 17% deka tie decki toa i go pravat , megutoa tie koi se gi primile i vodele sekojdnevna analiza za isti znajat kako ke se doticni odnesuvat u odredeni situacii , se mi zigleda deka e namestaljka za MINISTEROT KONJANOVSKI iako ne e nekoj CIP ko BIL GEJTS sepak toa KONJ(dominira i kazuva se za INETELEKT)ANOVSKI na loza od doticen , znaci atak e vrz nego i CIVILNA postava u ARM koja CUVAJA gornji e DRN DUPKA , ama e sprema NATO standardi e toa e za VOJSKA kade e neprikosnoven GEN. MIROSLAV STOJANOVSKI koj ne se sramesa koga ispolnuvase naredb ana KIRE da so boeva municija zastane protiv DEMONSTRANTI organizirani od strana na VMRO-DPMNE a denes ni prodava MUDA za BUBREZI , sto posto sum ubeden deka ova se odi po TAJA RAZUZNAVACKA linija u ARM kade na site tija UNIFORMIRANI aktivisti site od UBK ne im se ni do PETA i si igrajat DRN DUPKI .
12-09-2010, 05:42 PM
Reply
AleksandarPu Offline
Junior Member
**

Posts: 2
Joined: Sep 2010
Reputation: 0
#5

Voopšto ne me ćudi nivnata drskost i nelojalnost kon RM,vpročem nikogaš nebile nitu pak nekogaš ke bidat .No faktot deka tie sami go objavile ova video na internet i faktot deka ova video e postaveno veke godina ipol a vo megjuvreme nikoj nikako ne reagiral od pretpostavenite sekako.
Prviot fakt-Objavata na videoto...hm..tie voopšto ne se plašele deka ke imaat bilo kakvi posledici od toa! znaći.pravime što sakame i nikoj ništo ne ni može! zaštiteni sme kako beloglavi orli..i gotovo.
Vtoriot fakt-Nereagiranje...Znaći instituciite se gluvi i slepi za ovie raboti,baš gi briga od edna strana...ili možebi ona druga krajnost..tie znaele za ova,regirale na ova ali povisokite od niv...go ignorirale celiot slućaj..i nemo im dopustile neka pravat što sakaat.
Ne očekuvam sudska završnica nitu kazneti odgovorni..ne očekuvam..veke po navika
Kaj nas poimot patriotizam e mnogu relativen..dali patriot onaj koji ja cica državnata kasa...ili onaj koj ja napuštil državata da se prehrani sebesi i svoite...kako i da e..verni sme na tradicijata....ili sme predavnici i kodoši...ili emigranti i pečalbari! Nacionalnata svest raboti samo kaj emigrantite.....nažalost.
13-09-2010, 11:48 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Војниците биле „доброволци“


Снимката на која војници на Армијата на Македонија отпоздравуваат пред албанското знаме во велешката касарна е стара три години, а лицата кои „рапортираат“ биле на тримесечен доброволен воен рок, покажала истрагата која била направена во АРМ по објавувањето на скандалозната снимка на „Јутјуб“



Надлежните тврдат дека не станувало збор за професионални војници, а сега АРМ проверува кои се војниците и во кој период служеле во армијата затоа што снимката е поставена на Интернет минатата година, а снимена била пред две или повеќе години.

Истрагата е фокусирана да дознае дали некој од војниците, кои во униформи на АРМ се стројат под албанското знаме и се претставуваат како команданти на УЧК, конкурирал за професионален војник и дали е вработен во армијата.

Денеска ќе заврши првиот дел од истрагата и ќе се знаат повеќе податоци за учесниците во скандалот и за евентуалната одговорност на претпоставените во касарната во Велес, каде што е направено видеото, информираат армиски кругови.



Текстов се вклопува во размислувањата на AleksandaPu.
Се гледа обидот за минимизирање на случајот на кое предупредува АleksandarPu.
13-09-2010, 12:59 PM
Reply
alexdgreat
Unregistered

 
#7

(13-09-2010, 12:59 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Војниците биле „доброволци“


Снимката на која војници на Армијата на Македонија отпоздравуваат пред албанското знаме во велешката касарна е стара три години, а лицата кои „рапортираат“ биле на тримесечен доброволен воен рок, покажала истрагата која била направена во АРМ по објавувањето на скандалозната снимка на „Јутјуб“



Надлежните тврдат дека не станувало збор за професионални војници, а сега АРМ проверува кои се војниците и во кој период служеле во армијата затоа што снимката е поставена на Интернет минатата година, а снимена била пред две или повеќе години.

Истрагата е фокусирана да дознае дали некој од војниците, кои во униформи на АРМ се стројат под албанското знаме и се претставуваат како команданти на УЧК, конкурирал за професионален војник и дали е вработен во армијата.

Денеска ќе заврши првиот дел од истрагата и ќе се знаат повеќе податоци за учесниците во скандалот и за евентуалната одговорност на претпоставените во касарната во Велес, каде што е направено видеото, информираат армиски кругови.



Текстов се вклопува во размислувањата на AleksandaPu.
Се гледа обидот за минимизирање на случајот на кое предупредува АleksandarPu.

Готово решен случај.
Мижи асан да ти баам.
И после ке дојде платен како овој евро-пратеников или тој од интерпол или од каде беше што ја фалеше полицијата, и ке не убедува дека војската и полицијата ни се генијални, како да ние не си ги знаеме.

Сите знаеме како се примаат полицајци, и како браќата албанци одат да служат војска.

Па на регрутациите има толку неписмени шиптарчиња што не знаат кој е главен град на албанија, кога бев на регрутација и видов што се случува се запрепастив, но за чудо голем дел од нив беа примени.

Некој е овде луд, море милиони луди Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud
13-09-2010, 02:36 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#8

Обрачот околу Груевски се стега: доаѓа Генералното Собрание на ООН, нема решение со името, а со тоа нема влез во НАТО и покана од ЕУ, се бараат предвремени избори и сега ОП! УЧК се враќа во акција! Сценариото "Илирида" е стара и добро потврдена диверзија од секојдневните проблеми. Југовиќ#1 е добар ученик - впрочем, нели и идолот му Бранко си направи своја диверзија со тепањата во Гостивар околу знамињата?
13-09-2010, 03:44 PM
Reply
AleksandarPu Offline
Junior Member
**

Posts: 2
Joined: Sep 2010
Reputation: 0
#9

da,vprocem..tie ti bile dobrovolci?! klasika...klasika...nema takvi albanci koi bi dosle kako dobrovolci vo ARM! kogo onie mackaat oči?! sramotA! ako ,,Sramotata,, ja poseduvaat kako moralen kvalitet! vo sto se somnevam na veliko! tie cicaat budjetski pari dragi moi,cicaat nasi pari...i utre ke ginat pod makedonskoto zname..aha...sekako.......!!!! zosto jas da bidam patriot koga drgite koi ja vodat ovaa naša mila država ne se toa?! i Gruevski može da bide blagodaren na Branko ..zatoa što Branko e negova opozicijA! Možebi tokmu zatoa...ima taka( nevoobičaeno) visok rejting?! A uste i go napagja...kutriot....ne..kutrite niv...jadnite nie.....toa e nasata segašnost...
14-09-2010, 10:36 PM
Reply