Душан Јордан Петровски II
Member
  
Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation:
3
|
(10-09-2010, 02:15 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Quote:НЕЗАВИСНОСТ? МИЖИ ДА ТЕ ЛАЖАМ! (прв дел)
петок, 10 септември 2010 00:17
Славиме деветнаесет години независнот. На 8-ми септември 1991 година 97.9% од 1.074.658 Македонци излезе на Рефендум и се изјасни "ДА" на прашањето "Дали сте за самостојна и независна македонска држава со право да стапи во идниот сојуз на суверени држави на Југославија?" Хммм... Славиме деветнаесет години од Референдумот. За независност да се прашаме. Гледајќи ги работите од подалеку, од многу подоцна, од птичја петспектива фpлајќи поглед кон минатото, велат видикот е 20/20. Па, ајде да се присетиме кој што рекол и што мислел во тие судбоносни моменти кога се решаваше за независноста на Македонија:
"Македонија е заинтересирана за тоа да се зачува југословенската заедница." 6-ти март, 1991 година, Љубљана, Киро Глигоров Претседател на Социјалистичка Република Македонија, подоцна Претседател на Република Македонија 1990-1999
"Ние друг избор и немаме - непрекинато да разговараме се' додека не дојдеме до решение. Тоа ќе го заклучиме и заеднички, едни ќе речат дека ќе можат да живеат во оваа земја, други ќе речат дека ќе можат да живеат под овие услови и сите ќе констатираме дека можеме да живееме заедно. Има можности за зачувување на Југославија и има услови за тоа, а кога станува збор за Македонија - животно сме заинтересирани да се зачува југословенската заедница и сакаме во тоа конструткивно да учествуваме и да соработуваме", "Кога ќе помине ова време, ќе се увериме дека не само што мораме, туку и умееме да живееме заедно и заедно да го градиме нашиот заеднички дом... Југославија и само Југославија и ништо друго освен Југославија." Киро Глигоров, 1991 година.
"Цврстата определеност на Републиката (Македонија е, н.з.) да се истрае курсот на реформата и за преобразба на Југославија во заедница на равноправни суверени републики. Југославија како заедница ќе може поуспешно да се интегрира во европските интеграции отколку републиките одделно" 23-ти мај, 1991 година, Киро Глигоров на средба со делегација на германскиот Бундестаг.
"Не предвидувам распаѓање на Југославија, сеедно што ќе ја трнасформираме по волја на граѓаните. Југословенската држава е создадена од 6 републики и нарушувањето на таа конституција не е во интерес на Македонија" - "Борба" 27-ми април, 1991 година, Васил Тупурковски член на Претседателството на СФРЈ од СРМ, подоцна специјален пратеник на Претседателот на Република Македонија во САД, подоцна лидер на Демократска Алтернатива, коалиционен парнтер во владата од 1998-ма година.
"Македонија независна, само без мене" - Денко Малески, прв Министер за односи со странство на "независна" Република Македонија.
"Македонија не треба да се занесува со некои привлечни идеи кои во моментов можат да ни послужат како измама. За нас особено значајно е да не дојде до распарчување на Југославија, затоа што тоа би не одвело кон неизбежно применување на недемократски и насилни методи" 13-ти април, 1991 година, Кавадарци. Стојан Андов Претседател на Собранието на СРМ, а подоцна РМ 1990-1998.
"Македонија се' уште верува во можноста за политички договор и во одлуките што би довеле до сојуз на суверени држави" 29-ти мај, 1991 година, Љубљана, академик Никола Кљусев, Премиер на "експертската" влада на СРМ, подоцна РМ 1991-1992, а подоцна член на советот на интелектуалци на ВМРО-ДПМНЕ 1997 и Министер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ 1998-2002.
"Се определивме за суверена република Македонија, која самостојно, доброволно и равноправно се определува за поврзување и зрдужување со другите суверени републики во рамките на Југославија. Југославија ја гледаме како можна заедница на сегашните pавноправни суверени држави, а друг вид на решение го сметаме за неприфатлива варијанта, која на Македонија не и обезбедува сигурност." 20-ти април, 1991, Скопје, Декларација на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија
"Ние се боревме и ќе се бориме да се зачува југословенската заедница. Понекаде се мисли оти по референдумот Македонија ќе биде помалку заитересирана, а потоа и помалку ангажирана, за решавање на југословенската криза и за постигнување на меѓурепубличкиот договор. Би рекол напротив интензитетот на нашите напори ќе се зголеми, ќе бидеме многу активни во сите тие разговори и преговори, ќе направиме се' да дојде до договор меѓу републиките." "Гласот 'за' суверена и самостојна Македонија е глас за здружување во Сојуз на суверени држави во Југославија. Повеќедецениското опстојување и заедничкиот соживот на овој простор е основата врз која ги осознаваме и нашите интереси за неговата иднина. Гласот 'за' референдумот е повик за престанување на безумната војна и крвопролевањата во Јуогславија. Не ни требаат нови човечки жртви, нови историски омрази, националистички страсти и болни апетити за прекројување на некакви нови граници и сојузништва. Југославија ни е потребна како модерен сојуз на суверени држави, во кој равноправноста и толерантноста се услов да опстоиме и виза да се придружиме таму каде што природно припаѓаме, во европскиот дом на народите." Киро Глигоров, 28 август 1991 година.
Во далечната 1990 година, на слободни (колку што можеа да бидат слободни во СФРЈ) избори Македонскиот народ избра најмногу пратеници од патријата ВМРО-ДПМНЕ, партија која во својата платформа ја имаше зацртано независноста на нашата Република. Арно ама, некој си имал друга математика која не се совпаѓаше со волјата на народот, па се случи, како што ни е познато на сите, не по волја на народот и под нечие туѓо влијание за Претседател (кој патем во тогашниот систем бе главниот "шизик у маало" и со многу повеќе ингеренции одошто денеска) беше донесен од Бeлград пензионираниот советник на Јосип Броз Тито и едновремениот благонадежен Б'лгарин - Киро Глигоров, човек чии што политички, социо-економски и патриотски симпатии беа дијаметрално спротивни од оние на ВМРО-ДПМНЕ, партијата со најголем број пратеници во Парламентот на СРМ, човек кој што не сакаше ниту да слушне за независност на Македонија или делење на Југославија.
Е сега, кој го "донесе" Титовиот аѓурант во Македонија во 1990-та и зошто? На оваа мистерија одговор добивме во октомври 2006-та година кога на емисија во серијата "Најдолгиот пат" емитувана на КАНАЛ 5 Никола Кљусев се испофали како тој и уште еден чичко на Никола Груевски - Ѓорѓи Наумов, заедно со вујкото на Груевски - Јордан Мијалков, Борис Змејковски и Михајло Апостолски се договориле Пане Велев (уште еден "војвода" од калибарот на "брат" Љубе) да киниса до Белград и да го врати членот на СДСМ број 001 во Македонија, оти "тој имал доволно искуство да ја води државата". Кој го шиша народот и неговата волја!? Благонадежниов Б'ларин, сега пак, за да му ја врати услугата на Кљусев, наспроти волјата на народот и наспроти Уставот на државата одби да му додели мандат за Премиер на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, односно своерачно одби да и' дозволи на партијата со најмногу пратеници да формира Влада. Значи уште пред да тргне караванот на Македонската независност, веќе имаше два акта на нарушување на слободата од туѓа сила или влијание, имаше поврeдување на слободата за самоуправување или самобитност. Беа направени флангрантни прекршоци на човековите и граѓанските права на Македонецот, само за да власта се задржи во рацете на љубителите на Југославија: Киро Глигоров и Никола Кљусев, за да конечно во 1992-ра година експресно и екпертски и формално им се врати на вистинските наследници - Социјадемократскиот Сојуз.
Продолжува...
Во име на Групацијата на Ветерани Дисиденти
Шакале
ИЗВОР
Еве зошто во Македонија има толкава југоносталгија.
|
|