Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 2.17 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Какво беше Югославия .....или просто Сърбия?
Author Message
ivan mihajlov Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,067
Joined: Feb 2010
Reputation: 8
#1

В много от раговорите ми с хора от бивша Титова Югославия се получава прадокс за разлика от другите народи в Югославия като харвати,черногоци,словени и т.н. който приемат Титова Югославия като защитник единсвенно на сръбските идей и интереси,само в Македния лугето още плакат за Титова Югославия и е смятат за защитиник на македонските интереси....Затова довада прашането защо само во Македония и Сърбия сега плакат за Тито ?..и дали наистина во Македония постоеха макдонци или се работоше за една нова нация со име югославени верни поданици на Београд?

Тито и комунистите во 1944г. не се посвиниха да го сложат сръбското знаме като знаме на цела Югославия !...разбира се само му размениха цветовете ...е па как си беше во кралска -сръбска Югославия до 1943г.Icon_lol

Знамето на Титова Югославия едно исто со знамето на кралсво Югославия до 1943г.....дали е случайна ва работа Icon_lol

[Image: 200px-Flag_of_SFR_Yugoslavia.svg.png]

Занмето на кралтсво Сърбия ....дали са слични ? Icon_lol ....кумонарите на Тито само му сложиха една червена петолъчка Icon_lol
[Image: 220px-Flag_of_the_Kingdom_of_Yugoslavia.svg.png]
"Който ми каже дека не съм македонец ке му го скинам езикот, който ми каже дека не съм българин ке му секам главата"
Тодор Александров

"Македония без Българи огин ке я гори "
Иван Михайлов

09-09-2010, 10:01 AM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#2

1. Знамето што го покажа е на Кралството СХС (подоцна Југославија) и на СР Југославија и СЦГ (1992-2006), а не на Србија.

Ова е знамето на Кралството Србија:
[Image: 125px-Flag_of_Serbia_%281882-1918%29.svg.png]

А ова е знамето на Република Србија денес:
[Image: 125px-Flag_of_Serbia.svg.png]

2. И Словенците и Хрватите не страдаат од едноумие и ги има со секакво мислење, генерализацијата не ти е на место. Ја гледаш само половината од приказната која ти одговара.

3. И Македонците не страдаат од едноумие, и нив не можеш да ги генерализираш, а овој форум е добар доказ за тоа. Повторно ја гледаш само онаа половина од приказната која ти одговара иако ни таа половина не ја разбираш и не сфаќаш зошто постои, а имено постои од истите причини поради кои постои и во побогатите бивши ЈУ-републики - работничките права и достоинствено платениот труд наспроти олигархиската тиранија која се покажа многу полоша од било кој „окупатор“ и „поробувач“ - во Македонија сеуште има луѓе со 100 евра месечна плата!

Quote:да го сложат сръбското знаме като знаме на цела Югославия !...разбира се само му размениха цветовете
4. Истите бои се и на знамињата на Словенија и Хрватска:
Република Хрватска денес:
[Image: 125px-Flag_of_Croatia.svg.png]

Независна Држава Хрватска (1941-1945):
[Image: 125px-Flag_of_Croatia_Ustasa.svg.png]

Социјалистичка Република Хрватска:
[Image: 125px-Flag_of_SR_Croatia.svg.png]

Република Словенија:
[Image: 125px-Flag_of_Slovenia.svg.png]

Социјалистичка Република Словенија:
[Image: 125px-Flag_of_SR_Slovenia.svg.png]
(This post was last modified: 09-09-2010, 01:18 PM by Gnoj.)
09-09-2010, 01:14 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#3

Sto se odnesuva do Jugoslavija i za Makedonskoto iskustvo,mozam da go kazam slednovo vo site institucii vo Jugoslavija najzastapeni bea site osven Makedoncite.Problem vo Makedonija sto seuste se velici Jugoslavija,lezi nema so sto da se sporedi drugo iskustvo.Vo Makedonija seuste vladeat stari srbokomunisti koj cel den samo vikaat deka vo Jugoslavija tecese med i mleko,a eve vo Makedonija ima kriminal,anarhija bidejki seto toa e proizvod na kapitalizmot,i deka site drugi gi biduva samo nas Makedoncite ne za vodenje drzava.
(This post was last modified: 09-09-2010, 01:28 PM by basilius_2.)
09-09-2010, 01:27 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#4

СФР Југославија:
[Image: 125px-Flag_of_SFR_Yugoslavia.svg.png]

СР Хрватска:
[Image: 125px-Flag_of_SR_Croatia.svg.png]
------------------------------------------------------------------
Холандија:
[Image: 125px-Flag_of_the_Netherlands.svg.png]
------------------------------------------------------------------
Руска Федерација:
[Image: 125px-Flag_of_Russia.svg.png]

Словачка Социјалистичка Република:
[Image: 125px-Flag_of_First_Slovak_Republic_1939-1945.svg.png]

Словачка Република:
[Image: 125px-Flag_of_Slovakia.svg.png]

Словенија:
[Image: 125px-Flag_of_Slovenia.svg.png]
------------------------------------------------------------------
Полска:
[Image: 125px-Flag_of_Poland.svg.png]

Чешка Социјалистичка Република:
[Image: 125px-Flag_of_Bohemia.svg.png]

Најди ги разликите Icon_lol
(This post was last modified: 09-09-2010, 01:38 PM by Gnoj.)
09-09-2010, 01:36 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#5

(09-09-2010, 01:27 PM)basilius_2 Wrote: Sto se odnesuva do Jugoslavija i za Makedonskoto iskustvo,mozam da go kazam slednovo vo site institucii vo Jugoslavija najzastapeni bea site osven Makedoncite.Problem vo Makedonija sto seuste se velici Jugoslavija,lezi nema so sto da se sporedi drugo iskustvo.Vo Makedonija seuste vladeat stari srbokomunisti koj cel den samo vikaat deka vo Jugoslavija tecese med i mleko,a eve vo Makedonija ima kriminal,anarhija bidejki seto toa e proizvod na kapitalizmot,i deka site drugi gi biduva samo nas Makedoncite ne za vodenje drzava.

Ако го тргнеме на страна тврдењето за течење мед и млеко, што од кажаново не е точно? Не знам колку си излегол надвор од земјава, оваа држава не е ниту народна, ниту македонска. Не познавам друга држава која е толку лоша и погана кон својот народ. Не познавам држава која толку немилосрдно и дрско краде од својот народ и ништо не му дава за возврат. Сети се само на рекетот со пасошите. Не знам за тебе, но после тоа ми се прелеа чашата и веќе немам никаков сомнеж дека оваа држава е волкот маскиран како баба.
(This post was last modified: 09-09-2010, 01:51 PM by Gnoj.)
09-09-2010, 01:46 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#6

(09-09-2010, 01:46 PM)Dojkar Wrote:
(09-09-2010, 01:27 PM)basilius_2 Wrote: Sto se odnesuva do Jugoslavija i za Makedonskoto iskustvo,mozam da go kazam slednovo vo site institucii vo Jugoslavija najzastapeni bea site osven Makedoncite.Problem vo Makedonija sto seuste se velici Jugoslavija,lezi nema so sto da se sporedi drugo iskustvo.Vo Makedonija seuste vladeat stari srbokomunisti koj cel den samo vikaat deka vo Jugoslavija tecese med i mleko,a eve vo Makedonija ima kriminal,anarhija bidejki seto toa e proizvod na kapitalizmot,i deka site drugi gi biduva samo nas Makedoncite ne za vodenje drzava.

Ако го тргнеме на страна тврдењето за течење мед и млеко, што од кажаново не е точно? Не знам колку си излегол надвор од земјава, оваа држава не е ниту народна, ниту македонска. Не познавам друга држава која е толку лоша и погана кон својот народ. Не познавам држава која толку немилосрдно и дрско краде од својот народ и ништо не му дава за возврат. Сети се само на рекетот со пасошите. Не знам за тебе, но после тоа ми се прелеа чашата и веќе немам никаков сомнеж дека оваа држава е волкот маскиран како баба.

Барем со нешто малку од малку оваа држава да се обидеше да нѐ плени, да нѐ подзалаже за да ја придобие нашата наклонетост. Сѐ што направи е да го уценува народот - со саботажи на секој чекор да те принудува на „лојалност“ и да те влече кон себе, наместо да те мотивира тоа да го направиш по своја волја. И секоја наредна година е сѐ полошо на тој план. Те бричи до бесвест - што со пасоши, што со долгогодишен визен режим, што со регистрации и зелена карта, што со пензиско осигурување, што со неказнети работодавачи кои секој месец ти кратат од и без тоа ниската плата... Кога на крајот ќе ти збоктиса и ќе си најдеш чаре надвор од земјата, пропагандната машинерија ќе те прогласи за предавник оти си се „продал“. А убаво ѝ е додека ти наплаќа тројно и повеќекратно за сè и сешто. Уште поубаво ѝ е кога те рекетира да натплатиш за нешто кое ти следува според сите правни, па ако сакате и морални закони.
(This post was last modified: 09-09-2010, 02:08 PM by Gnoj.)
09-09-2010, 02:03 PM
Reply
ivan mihajlov Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,067
Joined: Feb 2010
Reputation: 8
#7

Dojkar тоа си е знамето на кралска Югославия 1918-1943г. ..па ва си беше точно србска Югославия :
http://en.wikipedia.org/wiki/Kingdom_of_Yugoslavia


[Image: 125px-Flag_of_the_Kingdom_of_Yugoslavia.svg.png]


Дали сърбоманките комунари во Скопие работеха за македонска нация или за нова югославенска нация со сръбски приоритет ?
"Който ми каже дека не съм македонец ке му го скинам езикот, който ми каже дека не съм българин ке му секам главата"
Тодор Александров

"Македония без Българи огин ке я гори "
Иван Михайлов

09-09-2010, 04:39 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#8

(09-09-2010, 04:39 PM)ivan mihajlov Wrote: Dojkar тоа си е знамето на кралска Югославия 1918-1943г. ..па ва си беше точно србска Югославия :
http://en.wikipedia.org/wiki/Kingdom_of_Yugoslavia


[Image: 125px-Flag_of_the_Kingdom_of_Yugoslavia.svg.png]


Дали сърбоманките комунари во Скопие работеха за македонска нация или за нова югославенска нация со сръбски приоритет ?

Tuka si greska Ivan Mihajlov,Jugoslavia sekogas bila i ke ostane drzava na 3 naroda:Srbite,Hrvatite i Slovencite.Tie si ja ubavo izpolzija rabotata,pa na kraj im tekna da peat deka im bilo loso vo Srboslavija.
Lapaa pari od drzavata i od stranstvo,i gi zaebavaa Makedoncite koj stignese i se im bese ubavo a sega koga trebat da udiraat so motikata po zemja placat po Jugoslavija i nekoj drug da im kopa so motikite.
Jas nitu sakam da cujam za Srboslvija i za nivnite podanici koi nosea odela,letuvaa na stranstvo i se prcea so lazni voeni odlikuvanja i tug trud.
(This post was last modified: 09-09-2010, 09:12 PM by basilius_2.)
09-09-2010, 09:09 PM
Reply
ivan mihajlov Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,067
Joined: Feb 2010
Reputation: 8
#9

basilius_2 Jас сам прощетал сите земи на Балканот исто сам бил во Харватска,Босна ,Сърбия ,Косово,Макеодния(само во Словения не сам бил) кога сам ги прашал лугето само македонците и србите кажаха дека е сакат Югославия ....е па нема лошо ...ама и Jас сега се паршам защо само македонците и србите си е сакат още Югославия?...дали македонците и сърбите са биле най-добре во овой съюз ?...за сърбите беха добре ова е ясно тику за македнците ...незнам вие ке кажите .
"Който ми каже дека не съм македонец ке му го скинам езикот, който ми каже дека не съм българин ке му секам главата"
Тодор Александров

"Македония без Българи огин ке я гори "
Иван Михайлов

09-09-2010, 10:01 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#10

Prasaj kolku zavrsija vo Idrizovo,sto bea protiv Tito ili pak gi mestea poradi toa sto bea "politicki nepodobni",a vistinskiot problem bese ne bea komunisti i ne bea Jugosloveni.Eve eden slucaj e Jordan Petrovski,drug slucaj e poetot Jovan Koteski,tret slucaj e Cento,pak Pavel Satev itn.
Imeno polno luge od Makedonija zaminaa na pecalba vo Germanija primorani,pa vo 1980tite im gi ukradoa zarabotenite pari,so toa sto im gi zarobija devizite.
Za vreme na Vtorata svetska vojna nitu sme zele pomos od nekogo,nitu Tempo ja vodese osloboditelnata vojna vo Makedonija,tuku ja vodea Makedonci.
(This post was last modified: 09-09-2010, 11:50 PM by basilius_2.)
09-09-2010, 11:49 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#11

Не е сѐ виша конспиративна политика. Јас тврдам дека централна Југославија не ни е толку виновна колку што сме си виновни сами и нашиот вечен простотилок. Од тие што завршувале во Идризово, сигурен сум дека мнозинството не биле таму затоа што биле против Тито, туку затоа што локалниот партиски шериф со 4-то одделение само помислил дека си против Тито, затоа што по грешка си го употребил зборот „господин“ наместо „другар“. Локален македонски простотилок и подаништво, само за додворување пред партиските другари од повисок ранг. Ништо повеќе од тоа. Тоа се случува и денес. Ако неколку активистчиња на ДПМНЕ од Битола демолираат објект на СДСМ, јас сум повеќе од сигурен дека тоа е само за да се додворуваат и да бидат забележани од „лидерот“, а не затоа што Груевски порачал така. Сигурно ви е јасно за што зборувам, таков ни е македонскиот менталитет - навивачки.

Уште еднаш му кажувам на Иван Михајлов - Македонците не се единствените кои мислат дека беше подобро во бившата држава, но ќе се задржам на нив зошто е тоа така:
1. Пред и за време на првите децении на СФРЈ Македонците немаа ни сол в очи да си турат, што значи дека не знаеле за подобро.
2. Иако не знаеа за подобро, Македонците, иако на последно место во федерацијата, не смеат тоа ни пред себе да си го признаат, па камо ли пред други, затоа што уште од деца се воспитувани од нивните мајки да си молчат за да не ги чуе гореспоменатиот локален партиски шериф. Исто како што денес Македонецот сеуште се инаети и си се лаже дека Бугарите се „цигани“.
3. Е ова е мојот омилен дел: Дури и од тој минимум кој го постигнаа за време на СФРЈ, Македонците во својата нова независна држава не можат ни 1/10 да постигнат - напротив, како намерно да си го уништија!:
- како одвај да чекаа да бидат „ослободени“ за од старт самите да си ги паднат критериумите и амбициите - визното забарикадирање во 90-тите помина незабележано - било нормално заради формирањето на новите граници, во возовите престанаа да пуштаат музика, возовите престанаа да си ги чистат редовно, улиците престанаа да си ги асфалтираат, престанаа да си ги воспитуваат децата да не поминуваат на црвено, ги укинаа сите тела за контрола на квалитетот на храната, престанаа да се срамат да влезат испотени смрдлосани во автобус... Дури и оној минимум постигнат за време на СФРЈ, Македонија го сруши во секој ебан показател. И сето тоа не треба да се меша со југоносталгијата - таа е само дел од приказната и припаѓа на само мал дел Македонци, Срби, па и Хрвати. Другиот дел од приказната е разочараноста пред фактите и математиката. Таа разочараност доаѓа од оние кои размислуваат вака: И тогаш сметавме дека е лошо, но никогаш не претпоставувавме дека може да стане толку полошо како што е сега.

Сето ова го говори човек на кого му доцни платата, а сите колеги околу него се однесуваат како тоа да е нормална работа. До кога сами ќе си ги спуштате критериумите бе масо проста?
(This post was last modified: 10-09-2010, 09:52 AM by Gnoj.)
10-09-2010, 09:50 AM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#12

(10-09-2010, 02:15 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:НЕЗАВИСНОСТ? МИЖИ ДА ТЕ ЛАЖАМ! (прв дел)

петок, 10 септември 2010 00:17

Славиме деветнаесет години независнот. На 8-ми септември 1991 година 97.9% од 1.074.658 Македонци излезе на Рефендум и се изјасни "ДА" на прашањето "Дали сте за самостојна и независна македонска држава со право да стапи во идниот сојуз на суверени држави на Југославија?" Хммм... Славиме деветнаесет години од Референдумот. За независност да се прашаме. Гледајќи ги работите од подалеку, од многу подоцна, од птичја петспектива фpлајќи поглед кон минатото, велат видикот е 20/20. Па, ајде да се присетиме кој што рекол и што мислел во тие судбоносни моменти кога се решаваше за независноста на Македонија:

"Македонија е заинтересирана за тоа да се зачува југословенската заедница." 6-ти март, 1991 година, Љубљана, Киро Глигоров Претседател на Социјалистичка Република Македонија, подоцна Претседател на Република Македонија 1990-1999

"Ние друг избор и немаме - непрекинато да разговараме се' додека не дојдеме до решение. Тоа ќе го заклучиме и заеднички, едни ќе речат дека ќе можат да живеат во оваа земја, други ќе речат дека ќе можат да живеат под овие услови и сите ќе констатираме дека можеме да живееме заедно. Има можности за зачувување на Југославија и има услови за тоа, а кога станува збор за Македонија - животно сме заинтересирани да се зачува југословенската заедница и сакаме во тоа конструткивно да учествуваме и да соработуваме", "Кога ќе помине ова време, ќе се увериме дека не само што мораме, туку и умееме да живееме заедно и заедно да го градиме нашиот заеднички дом... Југославија и само Југославија и ништо друго освен Југославија." Киро Глигоров, 1991 година.

"Цврстата определеност на Републиката (Македонија е, н.з.) да се истрае курсот на реформата и за преобразба на Југославија во заедница на равноправни суверени републики. Југославија како заедница ќе може поуспешно да се интегрира во европските интеграции отколку републиките одделно" 23-ти мај, 1991 година, Киро Глигоров на средба со делегација на германскиот Бундестаг.

"Не предвидувам распаѓање на Југославија, сеедно што ќе ја трнасформираме по волја на граѓаните. Југословенската држава е создадена од 6 републики и нарушувањето на таа конституција не е во интерес на Македонија" - "Борба" 27-ми април, 1991 година, Васил Тупурковски член на Претседателството на СФРЈ од СРМ, подоцна специјален пратеник на Претседателот на Република Македонија во САД, подоцна лидер на Демократска Алтернатива, коалиционен парнтер во владата од 1998-ма година.

"Македонија независна, само без мене" - Денко Малески, прв Министер за односи со странство на "независна" Република Македонија.

"Македонија не треба да се занесува со некои привлечни идеи кои во моментов можат да ни послужат како измама. За нас особено значајно е да не дојде до распарчување на Југославија, затоа што тоа би не одвело кон неизбежно применување на недемократски и насилни методи" 13-ти април, 1991 година, Кавадарци. Стојан Андов Претседател на Собранието на СРМ, а подоцна РМ 1990-1998.

"Македонија се' уште верува во можноста за политички договор и во одлуките што би довеле до сојуз на суверени држави" 29-ти мај, 1991 година, Љубљана, академик Никола Кљусев, Премиер на "експертската" влада на СРМ, подоцна РМ 1991-1992, а подоцна член на советот на интелектуалци на ВМРО-ДПМНЕ 1997 и Министер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ 1998-2002.

"Се определивме за суверена република Македонија, која самостојно, доброволно и равноправно се определува за поврзување и зрдужување со другите суверени републики во рамките на Југославија. Југославија ја гледаме како можна заедница на сегашните pавноправни суверени држави, а друг вид на решение го сметаме за неприфатлива варијанта, која на Македонија не и обезбедува сигурност." 20-ти април, 1991, Скопје, Декларација на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија

"Ние се боревме и ќе се бориме да се зачува југословенската заедница. Понекаде се мисли оти по референдумот Македонија ќе биде помалку заитересирана, а потоа и помалку ангажирана, за решавање на југословенската криза и за постигнување на меѓурепубличкиот договор. Би рекол напротив интензитетот на нашите напори ќе се зголеми, ќе бидеме многу активни во сите тие разговори и преговори, ќе направиме се' да дојде до договор меѓу републиките." "Гласот 'за' суверена и самостојна Македонија е глас за здружување во Сојуз на суверени држави во Југославија. Повеќедецениското опстојување и заедничкиот соживот на овој простор е основата врз која ги осознаваме и нашите интереси за неговата иднина. Гласот 'за' референдумот е повик за престанување на безумната војна и крвопролевањата во Јуогславија. Не ни требаат нови човечки жртви, нови историски омрази, националистички страсти и болни апетити за прекројување на некакви нови граници и сојузништва. Југославија ни е потребна како модерен сојуз на суверени држави, во кој равноправноста и толерантноста се услов да опстоиме и виза да се придружиме таму каде што природно припаѓаме, во европскиот дом на народите." Киро Глигоров, 28 август 1991 година.



Во далечната 1990 година, на слободни (колку што можеа да бидат слободни во СФРЈ) избори Македонскиот народ избра најмногу пратеници од патријата ВМРО-ДПМНЕ, партија која во својата платформа ја имаше зацртано независноста на нашата Република. Арно ама, некој си имал друга математика која не се совпаѓаше со волјата на народот, па се случи, како што ни е познато на сите, не по волја на народот и под нечие туѓо влијание за Претседател (кој патем во тогашниот систем бе главниот "шизик у маало" и со многу повеќе ингеренции одошто денеска) беше донесен од Бeлград пензионираниот советник на Јосип Броз Тито и едновремениот благонадежен Б'лгарин - Киро Глигоров, човек чии што политички, социо-економски и патриотски симпатии беа дијаметрално спротивни од оние на ВМРО-ДПМНЕ, партијата со најголем број пратеници во Парламентот на СРМ, човек кој што не сакаше ниту да слушне за независност на Македонија или делење на Југославија.

Е сега, кој го "донесе" Титовиот аѓурант во Македонија во 1990-та и зошто? На оваа мистерија одговор добивме во октомври 2006-та година кога на емисија во серијата "Најдолгиот пат" емитувана на КАНАЛ 5 Никола Кљусев се испофали како тој и уште еден чичко на Никола Груевски - Ѓорѓи Наумов, заедно со вујкото на Груевски - Јордан Мијалков, Борис Змејковски и Михајло Апостолски се договориле Пане Велев (уште еден "војвода" од калибарот на "брат" Љубе) да киниса до Белград и да го врати членот на СДСМ број 001 во Македонија, оти "тој имал доволно искуство да ја води државата". Кој го шиша народот и неговата волја!? Благонадежниов Б'ларин, сега пак, за да му ја врати услугата на Кљусев, наспроти волјата на народот и наспроти Уставот на државата одби да му додели мандат за Премиер на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, односно своерачно одби да и' дозволи на партијата со најмногу пратеници да формира Влада. Значи уште пред да тргне караванот на Македонската независност, веќе имаше два акта на нарушување на слободата од туѓа сила или влијание, имаше поврeдување на слободата за самоуправување или самобитност. Беа направени флангрантни прекршоци на човековите и граѓанските права на Македонецот, само за да власта се задржи во рацете на љубителите на Југославија: Киро Глигоров и Никола Кљусев, за да конечно во 1992-ра година експресно и екпертски и формално им се врати на вистинските наследници - Социјадемократскиот Сојуз.

Продолжува...


Во име на Групацијата на Ветерани Дисиденти
Шакале

ИЗВОР

Еве зошто во Македонија има толкава југоносталгија.
10-09-2010, 12:13 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#13

(10-09-2010, 12:13 PM)Душан Јордан Петровски II Wrote: Еве зошто во Македонија има толкава југоносталгија.

Тоа што покажа е дали, а не зошто има југоносталгија. Сепак јас го земам предвид и моментот и сплетот на околности во моментот на кажаното.
10-09-2010, 01:30 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#14

Dojkar se slozuvam deka treba da se ima predvid i okolnostite na toa sto e kazano,no najpoveke za vistinitosta na nekoja izjava govorat i delata.Eve takva izjava na Tito okolu naseto zaednicko ziveenje vo Jugoslavija:




Del od govorot na Milosevic na Gazimestan:


10-09-2010, 02:46 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#15

(10-09-2010, 01:30 PM)Dojkar Wrote:
(10-09-2010, 12:13 PM)Душан Јордан Петровски II Wrote: Еве зошто во Македонија има толкава југоносталгија.

Тоа што покажа е дали, а не зошто има југоносталгија. Сепак јас го земам предвид и моментот и сплетот на околности во моментот на кажаното.

Напротив Дојкар, причината "зошто" има југоносталгија треба да се тражи во овие работи што ги пишва во колумната. Тоа беше власта во Македонија, која ги контролира(ше) јавните медиуми, а со тоа и јавното мислење. Власта контролираше како ќе се одвиваат важни настани, како избори, промена на име, знаме, па дури и развивање на спорт ис слично - све работи кои битно влијаат на развивање на македонски дух и разбивање на југословенство. Тие луѓе од власта воопшто немале намера да прават држава што нема да е вржана со Југославија. А, да ти кажам право и овие денешниве не ми личат на ништо различити.

*п.с. извини ме што јазикот ми е малце шарен, зашто не живеам во Македонија подолго време и повеќе зборам Кумановски. Ако останам да се дружиме овде, ќе ми се подобри Македонскиот Yea
10-09-2010, 04:00 PM
Reply
ivan mihajlov Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,067
Joined: Feb 2010
Reputation: 8
#16

Jaс ке карам право во цеторат во Македония на лугето яко им го пераа мозакот(како беше и во Бугария иостата работа) сръбските еничари во Скопие кои беха два пати по верни на Београд отколко беха во Словения,Харвастка,Босна и т.н.Различното беше дека българките комунари беха верни на Москва а мкедонските на Белгррад....се надевам да не навредувам со овой комтар па ове си мое мислене.
"Който ми каже дека не съм македонец ке му го скинам езикот, който ми каже дека не съм българин ке му секам главата"
Тодор Александров

"Македония без Българи огин ке я гори "
Иван Михайлов

10-09-2010, 11:18 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#17

Eve kako bese vo slobodna,socijalisticka Jugoslavija sto bese za primer:


15-09-2010, 02:36 AM
Reply
ivan mihajlov Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,067
Joined: Feb 2010
Reputation: 8
#18

Добро клипче............ Razmisluva
"Който ми каже дека не съм македонец ке му го скинам езикот, който ми каже дека не съм българин ке му секам главата"
Тодор Александров

"Македония без Българи огин ке я гори "
Иван Михайлов

15-09-2010, 04:14 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#19

(15-09-2010, 04:14 PM)ivan mihajlov Wrote: Добро клипче............ Razmisluva

Треба да го гледаш филмот.
Се вика „Тетовирање“.
15-09-2010, 04:19 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#20

Eve Milicijata vo bivsata SFRJ se spravuva so "kriminalcite":





A ova kako se spravuva so "somnitelnite"anti-narodni elementi:


(This post was last modified: 16-09-2010, 08:53 PM by basilius_2.)
16-09-2010, 08:50 PM
Reply