Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 14 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРЕДАВНИКOT БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ЗБОРУВА ЗА ПАТРИОТИЗАМ
Author Message
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#29

Branko Crvenkovski "protiv" Ali Ahmeti...PosPosPosPos

"Бронзениот лик на Јумни Јонузи пред влезот на селското училиште поставен од политички побуди му нанесе еден од сериозните удари на решителноста на владиниот водач. Толку сериозен што призна дека веќе не знае како да постапи. Дислоцирањето на бистата на само неколку метри, се разбира, е многу далеку од некакво солидно решение. Црвенковски е контрадикторен во своите сфаќања и ставови, ретерира во постапките кои упорно ги бранеше како единствено решение во дадениот момент за разврска на проблемот. Вели вака: "Постигнавме компромисно политичко решение на владино ниво меѓу коалиционите партнери. Но, тоа решение не беше прифатливо на теренот, кај локалното население". Црвенковски дури си постави прашање: "Што требаше да направиме? Единствено преостануваше да ја пратиме полицијата и со сила да го спроведе договореното. Така ќе ја вратевме правната држава". Премиерот потоа продолжува: "Но, таму станува збор за деца. Дали тие утре без страв и безбедно ќе одат заедно на училиште кога ќе видат како полицијата одреагирала?". И сето ова е многу умешно кажано. Работата тапка во место и се чека времето да го налегне проблемот оставајќи го нерешен."
18-01-2010, 02:41 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: ПРЕДАВНИКOT БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ЗБОРУВА ЗА ПАТРИОТИЗАМ - by mara-popara - 18-01-2010, 02:41 AM