Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 14 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРЕДАВНИКOT БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ЗБОРУВА ЗА ПАТРИОТИЗАМ
Author Message
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#28

Eve ushte eden dobar poznavach na Branko Crvenkovski;

Вашите довчерашни колеги гледаат во СДСМ „единствена сила која може да се спротивстави на опасните тенденции во државата“?
Точно е дека СДСМ е најсилна опозициска партија, но, исто така, е точно дека СДСМ на чело со Црвенковски нема потенцијал да го победи Груевски на избори. Груевски се соочува со многу тежок период, со многу проблеми за кои нема решенија, неговиот рејтинг има веќе надолен тренд и единствената добра работа што му се случи минатата година е враќањето на Црвенковски на чело на СДСМ. Мислам дека токму Црвенковски е најпосакуваниот противник на Груевски. Затоа што е прилично стигматизиран, има подолг стаж во политиката од Груевски и тоа на објективен начин го спречува да биде принципиелен критичар со кредибилитет. Уште првпат кога проструија гласишта дека планира да се врати на чело на СДСМ, лично му соопштив на Црвенковски дека тоа не е добар потег и ќе биде на штета на опозицијата.

Како реагираше Црвенковски?

Па, тој е искусен политичар, неговата реакција беше мирна. Меѓутоа, очигледно неговата суета не може да совлада таков отворен начин на дискутирање. Мислам дека една објективна анализа говори дека опозицијата треба да трага по нови, посвежи лица, кои на ефикасен начин може да му се спротивстават на Груевски.

Сметате дека Црвенковски е лоша варијанта за замена на Груевски?

Јас не би го поставил така прашањето на рамниште граѓаните да се определат меѓу две зла и да го одберат помалото зло. Мислам дека има доволно време, особено ако изборите бидат редовни, да дојде до престројување и во самиот опозициски корпус и реално сите овие опозициски партии да направат една анализа како Груевски да биде симнат од политичката сцена. Но, не само како личност, туку и како една матрица на политики и вредности. И тогаш да најдат соодветно решение со кое Груевски може да биде заменет. Црвенковски сигурно не е тоа решение.

Долго време сте во политиката, ЛДП во неколку изборни циклуси беше во сојуз со СДСМ. Вие бевте министер во влада на Црвенковски, како дури сега го забележавте „грдото политичко лице на Црвенковски“?

Не е дури сега. Првото мое големо разочарување и не само мое, туку и на најголем дел од клучните луѓе во СДСМ, беше во 2004 година кога Црвенковски без никакво објаснување, исто како Санадер, ја напушти Владата, на само една третина од мандатот. Црвенковски буквално избега од позицијата премиер во оној момент кога сфати дека треба да се прават многу сериозни резови, непријатни реформи во сите сектори и отиде на безбедната претседателска функција. И оттаму, од таа дистанца, не само што не и' помагаше на Владата туку ги минираше своите наследници Костов и Бучковски. А, потоа продолжи систематското минирање и на Шеќеринска како лидер на СДСМ. Така што тој тип валкани политички игри зад грбот на соработниците уште тогаш можеше многу јасно да се види. Во ЛДП најсилно го почувствувавме во 2005 година кога Ристо Пенов беше жртвуван и изигран на најбезобразен начин. Одамна немаме илузии со политичкиот профил на Црвенковски, но во интерес на една поширока опозициска кауза го премолчувавме и го стававме на страна. Но, веќе се работи за најбезобразно сплеткарење во дворот на ЛДП.
izvor
15-01-2010, 12:21 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: ПРЕДАВНИКOT БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ЗБОРУВА ЗА ПАТРИОТИЗАМ - by mara-popara - 15-01-2010, 12:21 AM