Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 14 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРЕДАВНИКOT БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ЗБОРУВА ЗА ПАТРИОТИЗАМ
Author Message
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#25

Nikoj taka "struchno" ne gi razgoluva Branko i SDSM, kako negovata dovcherashna prva drugarka Mirka Velinova:

Бесмислени поделби и класификации


Лани беше актуелна и поделбата на македоноиди со влакна во нос и испеглани тип-топ елитни Македонци. Тоа е уште една од парадигматските точки за одредување на зрелосниот статус на општеството. Тие што така нé категоризираа, потоа нé поделија и на подвидови - на Егејци, или Македонци со вградена фабричка маана, и асли Македонци, без додавки и консеквентно, без маани, што ескалираше на крајот во ступидна поделба на политички истомисленици произведени во „мој народ“ и неистомисленици во „ваш народ“. Речиси е комично што токму идејните творци на ваквите поделби, според вредносната матрица на правоверниот Рамбо, потоа организираат кампања со обвинение за сегрегација. Впрочем, поделбата на правоверни и на предавници во запрепастувачка форма ја манифестираа токму оние што создаваат изнасилена перцепција за себе како политички жртви. Тие евентуално може да пројдат само како жртви на сопствените заблуди, предрасуди и искривени самоперцепирања. Имено, високиот функционер на СДСМ Андреј Петров неодамна го соопшти партискиот став дека амбасадорот Благој Ханџиски за СДСМ е партиски предавник зашто и служел на државата, односно, на политиката што ја води владата, која е вмровска. Сите што се загрижени за меѓународниот углед на државата мора да биле потресени од ваква манифестација на квазиполитичка свест, која е градена од позиции дека партијата е приоритет пред државата, на партиски резон што поаѓа од фактот дека амбасадор се станува само преку партија и таа потоа е примарна во извршувањето државна функција. Тоа како исказ е и доказ дека ресетирањето на СДСМ за во 21 век уште во почетокот било неуспешно. А дека тоа е критериумот, ни објасни неодамна самиот партиски лидер, кој во дијалог со новинар вели: „За кој Спасов ме прашувате? За оној што беше министер и двапати амбасадор“? Демек, за оној што јас го направив министер и амбасадор? Или со други зборови, Спасов тоа со ниту една своја квалификација не го заслужил, туку е општествено издигнат, исклучиво како моја лидерска волја. Само чекор сме до констатацијата дека никој освен мене во СДСМ, фактички, и не чини. Нема врска што со тоа јавно признавате дека имате лош систем на избор на соработници, односно, дека намерно, неодговорно избирате неквалитет во хармонија со сопствените карактеристики, што во крајна линија ве портретира како неквалитет што генерира кадровски бофл.

Таков политичар, колку и да е амбициозен, не може да се надева кога било да ја направи својата партија победничка. Прво, демонстрира отуѓеност и елитизам без покритие. Потоа, сака поддршка од народот, ама не тој да ја одработи, туку ние да му ја признаеме природната предиспозиција на лидер. Дури ни на алфа-мажјаците во глутниците тоа не им паѓа од небо, ами во жестоки битки со конкуренцијата мора да го одработат.

А Црвенковски отворено му се понуди на народот, кој кога и ако се крене, може да го повика за тој да го води. Овој концепт на лидерство може да служи само за мајтапење. Оти, ако веќе народот се дигнал, значи дека има некој што веќе го организирал и што го води. Ако тоа го сторил стихијно, во текот на дигањето се создава водство, кое има автентичен авторитет кај масата. Не се распишува јавен повик за водач откако народот се кренал. И чуму му е некому лидер што драпа колчишта додека чека да биде викнат да води некого што веќе се повел самиот? Тој модел со чување лидерска фотелја може да е „успешна приказна“ уште само во архивираниот СДСМ, но е незамислива за динамична, апдејтирана европска партија.
11-01-2010, 02:44 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: ПРЕДАВНИКOT БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ЗБОРУВА ЗА ПАТРИОТИЗАМ - by mara-popara - 11-01-2010, 02:44 PM