Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 14 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРЕДАВНИКOT БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ЗБОРУВА ЗА ПАТРИОТИЗАМ
Author Message
Mirza Offline
Junior Member
**

Posts: 45
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#6

(04-01-2010, 10:12 PM)acko Wrote: Бранко почна да го копира Љубчо со овие пишувања по весници... Icon_razz Но, се сложувам со Христо дека Бранко не е човек што е способен на овој начин да се изразува, па останува да нагаѓаме кои се авторите (а и тие не ја завршиле многу добро работата).

Во глобала идејата му е добра, како што Љубчо преку слична колумна се бранеше од тоа дека е ’бугараш’, ’предавник’. Не е убаво да живееме во општество каде што одредена моќна група со прст ќе покаже дека некој е предавник, ќе му закачи етикета, а за возврат никој не одговара, ниту предавникот за предавство, ниту ’покажувачот’ за тоа што наклеветил.

Состојбата во која се наоѓаме, начинот на владеење, ниту го измисли, ниту го воспостави Груевски, тој само го продолжи она што добро го организира Бранко. Ѓубрето од Бранко кое што ширеше смрдеа порано, сега шири смрдеа во корист на Грујо.

Тука е и главниот проблем. За спасител ни се нуди човек кој што ги постави темелите на тоа што ни се случува денес. Сака да не спасува од неговото дело, од неговиот начин на владеење!? Зарем човекот кој го воспостави таквиот начин на владеење ќе се избори за негово рушење? Ќе добиеме само промена на врвот на пирамидата и толку. Плус, ’системот на Бранко’ не само што етикетираше, туку и прислушкуваше, уништуваше бизниси, луѓе, семејства. (Најверојатно нешто слично се работи и денес, но немаме податоци.)

Глупост му е и злоупотребата на историјата, со цел тој да излезе Гоце Делчев на денешното време. Жално е што човек кој што е во врвот на македонската политика скоро дваесет години (а бил и премиер и претседател) да не ја знае историјата на сопствениот народ и држава. Гоце Делчев не бил против востание, тој бил против масовно востание, се залагал за перманентно востание (или попросто тоа му доаѓа нешто слично на партизанското војување). Нека погледне што се дискутирало во Софија во однос на востанието за време кога во Солун е донесена одлуката за масовно востание (тогаш во Софија биле Делчев, Петров, Татарчев, Матов, Сарафов и дискутирале за истите работи), па потоа нека донесува заклучоци.

Веќе кога пишува за патриоти и предавници за повоениот период, не ќе беше лошо да напише два-три збора за Ченто и другите патриоти кои што тогаш како предавници беа затварани, мачени, убиени. Тоа добро ќе му ’легнеше’ на темава, но очигледно уште не расчистил со комунистичкото минато и нема желба и денес јасно да се дистанцира од тие работи и да даде критичен осврт на тој период.

Околу осамостојувањето мара-попара веќе пиша нешто, да не ширам многу... Во тој период предавството треба да се бара кај тие што се трудеа да ја минираат македонската независност. Бранеа скратена Југославија, а не побараа Македонија да биде членка во ООН.

И не дај Боже веќе да имаме патриотски моменти како 2001 и такви патриотски договори... Доколку со тој договор е спасена Македонија, зошто постојано од СДСМ и луѓе блиски до таа партија ни се вели дека доколку не влеземе во НАТО и ЕУ можеме да се распаднеме?! Нека се договорат самите со себе, што е тоа што (ќе) ја спасило Македонија (НАТО и ЕУ или Рамковниот договор).

Околу тоа дека Груевски и не е некој патриот и би можел да се сложам со него, но во никој случај не можам да го прифатам Бранко како некој спасител.

Ај, доста го тупев... Icon_razz Ќе заспиете :dosaden: Во последно врме почнав се подолги постови да пишувам, на крај критиката ќе излезе подолга од колумната на Бране... :pozdrav:

E, jebiga,
kaj se najdovte vie da diskutirate dali Branko e sposoben na napise artikl za novina ili chasopis?!Da_ne_si_lud Pa chovekov e najmlad Premier i Precednik na Makedonija, a sigurno i mnogu poshiroko! I ako nekoj nekogo kopira to mora da e ljuBcho da go kopira Crvenkovski, zashto toj beshe premier prv! I da ne zborime dalje za intelektot na Branko, chovekov raboti so kompjuteri od vremeto koga vie VMR-Ovci ushte idevte u poljski nuzhnik!
Nego batali toa, naslovot na ovaa tema mnogu me isprovocira "Predavnikot Branko"?! Od koga toa chovekot koj ja vnese RM vo OON i tako dalje stanal predavnik? Pa ako e taka zashto onda grujo ne go sudi? A ustvari i ljubcho mozheshe da go sudi. Siguren sum deka oni dvajcata da mozhat ke go odavat u kapka voda!
Nego shto gluposti zboram, veliki chovek kako Branko u Veliki Okean ne se davi, a kamo li u kapka! Bravo
04-01-2010, 11:15 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: ПРЕДАВНИКOT БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ЗБОРУВА ЗА ПАТРИОТИЗАМ - by Mirza - 04-01-2010, 11:15 PM