Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 14 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРЕДАВНИКOT БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ЗБОРУВА ЗА ПАТРИОТИЗАМ
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#33

(08-01-2010, 02:56 PM)mara-popara Wrote: Mirka Velinova i del od nejziniot najnov tekst vo Nova Makedonija:

Во Хрватска и во Македонија на патот до ЕУ очигледно преовладуваат два општествени вредносни системи. Од нив произлегува разликата во општественото поведение. Таму опозицијата сака да дојде на власт на чист регуларен начин, преку избори или не, по секоја цена. Зоран Милановиќ, лидер на СДП, изјави дека во никој случај не би учествувал во пад на актуелната влада ако тоа значи пактирање со пучистите на Санадер, односно, преку организирање ново парламентарно мнозинство. Во Македонија, како што е познато, НПМ е метод што повеќепати го употребил токму СДСМ и притоа, за да се добере до власт, не само што не признава изборна волја на граѓаните туку не избира ни со кого се ортачи. Во таа смисла покажа дека не му е чуждо и сојузење со оние што ги прогласувал за криминалци, растурачи на државата, национални предавници. Оттука и бесрамната употреба на ликови како Љупчо Георгиевски, Љубе Бошковски, Мендух Тачи во остварување на „возвишената“ спасителска цел.

Така стојат работите и жал ми е ако некој навистина верува дека 2010 година ќе била година на овој и ваков СДСМ. Вака организиран и екипиран, не само оваа туку и наредните тешко дека ќе ги дочекува на нозе. Едноставно, во светот, а консеквентно и на Балканот, се во тек сериозни „климатски“ промени, кои ги произведе новото време. Тоа не е амбиент за одгледување партиски папи, доживотни претседатели и почесни лидери-пулисти. Некои тоа го нарекуваат политичко зреење, некои смена на генерации, а јас би го нарекла замена на истрошените политички матрици, односно воведување нови технологии што бараат поинакви квалификации.
Celiot tekst: Заврши ерата на партиски папи

Тоа се што го напиша Мирка Велинвска е точно. Само испушти нешто. Тоа што важи за “ истрошените политички матрици“, важи и за истрошените новинарски матрици. Е, Мирке, Мирке...додека ти го славеше Бранко имаше многу Македонци кои ја градеа, бранеа и ја сакаа Македонија. Многу од нив си останаа доследни на тој став, независно од тоа кој е на власт. Многу од тие и ја платија цената за тој патриотски ангажман.Сакам да кажам дека Бранко е за критика,тоа не е спорно, но многу лицемерно е кога за тие негови злодела пишува човек кој стално се дружел со него и го величел. Мене ми личи повеќе на освета на жена ...поради невозвратена љубов. Icon_lol
08-02-2010, 11:58 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: ПРЕДАВНИКOT БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ЗБОРУВА ЗА ПАТРИОТИЗАМ - by hristo - 08-02-2010, 11:58 PM