Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 3.6 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Шеста управа и Франкфурт мафија љубов на прв поглед
Author Message
alexdgreat
Unregistered

 
#1

http://kanal5.com.mk/default.aspxmId=37&...ntId=64428

Quote:Престрелка во Аеродром, тројца мртви, меѓу жртвите полицаец и роднина на Урко


Починаа и двајцата ранети во престрелката во Аеродром и вкупната бројка на убиени се искачи на тројца - потврдија за Канал 5 извори од истрагата. Околу 20 часот во престрелката во Аеродром во пржилницата за риби „Биг фиш“ меѓу жртвите имало и полицаец но бил и близок роднина на шефот на обезбедувањето на премиерот Груевски- дознава Канал 5 од добро информирани извори.

Според првичните информации на полицијата повеќе истрели се слушнале од пржилницата во трговскиот центар „3 Бисери“ во скопски Аеродром. Еден од застреланите загинал на лице место, додека две биле тешко повредени и пренесени во болница. Подоцна од тежината на ранетите починале двајцата ранети на клиниката КАРИЛ во Скопје.

Според очевидци повозрасен човек со пиштол влегол во пржилницата и ги застрелал трите момчиња кои седеле внатре на една маса. Подоцна излегол, го оставил оружјето и со автомобил избегал од местото на престрелката. Неофицијалните информации говорат дека убиецот седел на иста маса со жртвите и со уште една девојка, а по кратка расправија си заминал од локалот. Се вратил со оружје по 20-тина минути и ги застрелал луѓето со кои седел на маса.

Неофицијалните информации на Канал 5 говорат дека цел на нападот бил извесен Јордан Ркулот од Велес, кој беше осомничен како дел од велешката Франкфурт мафија. Покрај него настрадал и извесен Владо викан Црни, близок роднина на шефот на обезбедувањето на премиерот Груевски, Дејан Митровски-Урко. По напаѓачот се трага, а извори од истрагата за Канал 5 тврдат дека неговиот идентитет е познат.

Официјално од полицијата не соопштуваат никакви детали за убиените и за напаѓачот, ниту за мотивот. Повеќе информации најавија за утре бидејќи се уште не е завршен увидот на местото на престрелката.

Миомир Серафиновиќ



http://kanal5.com.mk/default.aspxmId=37&...ntId=64429



Quote:Фатен убиецот, крвави остатоци на местото на злосторот

Според МВР убиецот на тројца е приведен, станувало збор за извесен Тони Денковски од Скопје. Во првичниот распит пред инспекторите изјавил дека ги знаел жртвите и дека имал нерасчистени долгови со двајцата Велешани убиени синоќа. Девојката која седела на иста маса со жртвите и не била погодена го препознала и идентификувала злосторникот- дознава Канал 5 од извори во истрагата.
Со тоа паднаа во вода шпекулациите во Велес, од каде се двајца од жртвите, каде се шпекулираше дека осомничен за убиството е истоимен сопственик на каменолом во велешкото село Извор.

Целта на нападот неофицијално најверојатно бил велешанецот Јордан Јорданов Ркулот со полициско досие (припадник на Франкфурт мафија која продаваше дрога по Западна Европа) кому десетина бизнисмени од Скопје и Велес му должеле огромни суми пари. Поводот за убиството,како што се дознава,се нерасчистени долгови.

Убиецот влегол во ресторанот со калашников во вреќа, го извадил оружјето и пукал во тројцата. Во крвавиот инцидент жива остана само девојката која седела на масата со тројцата убиени. Полицијата засега не ги открива официјално имињата ниту на напаѓачот,ниту на убиените и детали најави за попладнево.Неофицијално се работи за Владо Милошев со прекар Црни кој прв настрада. Тој работел во МВР и е роднина на Дејан Митровски Урко - шефот на обезбедувањето на премиерот. Загина и Јордан Јорданов Ркулот и Влатко Андреев.

Гостилницата Биг фиш во „3 Бисери“ во Аеродром утрово е со заклучени врати по извршениот полициски увид. Внатре има дамки од крв, остатоци од недовршената вечера, искршени чаши. Морбидната слика внатре засега стои на увид на граѓаните кои загледуваат кон местото на злосторот, каде според првичните неофицијални информации Тони Денковски од Скопје извршил тројно убиство во преполната гостилница. По убиството калашњиковот бил оставен на тротоар. Во близина на местото на нападот имало многу луѓе кои во паника бегале. 03.09.2010, 10:34


Блиски односи на мвр и делерите на дрога во Франкфурт.
Велес Велес во центар на внимание деновиве Yea Yea Yea
03-09-2010, 11:53 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Ништо ново и изненадувачко. Од како е основана 1945 тајната - ИДЕОЛОШКО ПОЛИТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА, извор на финасирање и е ШВЕРЦОТ. Порано цигари денеска се повеке дрога.




Quote:Како се одвивал државниот шверц?

Во текот на 1993 и 1994 г. на територијата на Балканот се формирани многу моќни шверцерски илегални лоби-групи, раскажува во едно свое интервју Јоца Амстердам.
Меѓу нив најмоќна била тутунската мафија, или како што ја нарекуваа – Балканска тутунска мафија. Поради силните санкции, кои во тој период ги трпеше, Југославија стана погодна почва за да процветаат сите облици на прилично доходовно воено профитерство.
Дури и партијата на Милошевиќ – СПС (социјалистичка партија на Србија), која ја држеше целата држава под контрола, влезе во бизнисот преку одредени политичари, службеници во царинските служби и Министерството за внатрешни работи, како и во тајните служби. Но, тие не инвестираа и не учествуваа директно во распределбата, туку само посредно со цел да не бидат искомпромитирани. Така целата работа ја организираше и контролираше тутунската мафија, која не ја сочинуваа само најголемите шверцери од Балканот, туку од целиот свет. За таа цел, мафијата на располагање ја имаше царината, полицијата, банките... Приходот од бизнисот се делел така што 60 отсто добивала мафијата, а 40 отсто српската држава. Процедурата била крајно едноставна со оглед дека ја имала поддршката од владата.
“Цигарите главно пристигнуваа од бесцаринските зони во Бугарија и Македонија (н.з. тоа се фри-шоповите кои се врзуваа со името на братот на Љубомир Фрчкоски, во тоа време министер за внатрешни работи), а од таму со камиони стигнуваа до крајната дестинација – Србија). На царина стоката обично се декларираше како “сунѓери”, или нешто слично што не бара посебни проверки. Бидејќи Бугарите и Македонците, според договорот добиваа по 10.000 долари од секој камион, царинските служби ги дочекуваа и пропуштаа обележаните камиони без проблем, бидејќи тоа и онака беше наредба од Милошевиќ. Од царина до Белград, камионите се испраќаа со задолжителен ескорт од два полициски џипа и осум полицајци. Во царинските документи, како крајна дестинација беа наведувани Република Српска и Република Српска Краина, иако цигарите остануваа во Србија. Тоа беше правено за да изгледа стоката како транзитна”, признава Јоца Амстердам во едно свое интервју.
Целата работа од државна страна, ја водел тогашниот српски заменик-министер за внатрешни работи, генерал потполковник Радован Стојичиќ Баџа, додека главен човек бил Вања Бокан, од Атина.
Секој кој ќе се обиде неовластено или, пак, неповикано ќе се вклучи во работата, веднаш бил најстрого казнет, цигарите на лице место веднаш му биле одземани, некои биле физички малтретирани и уценувани, а повеќето по кратка постапка биле ликвидирани.
На ова место од сведочењето на Јоциќ, недвојбено се надоврзува и исповедта на Петрит Аме, забележана во записникот од разговорот направен со него во просториите на Државна безбедност и контраразузнавање, што ја докажува вмешаноста на македонските транзициони политичари во криминалните активности. Тие, како што сведочи Аме, не само што овозможувале одвивање на прекуграничниот криминал, туку и најдиректно биле инволвирани во него и имале материјална полза.
Петрит кажува и за перењето пари од илегална продажба на цигари кое, како што тврди, а што никогаш не е демантирано, се вршело преку братот на тогашниот министер за внатрешни работи на Македонија, Љубомир Фрчкоски. Тоа се вршело преку фри-шопот “Челебија”, при што цигарите се истоварале, а камионите оделе празни за Србија, со тоа што за пазарот на Косово морало да одат оригинални цигари (во тоа време јавна тајна во Скопје беше дека при купување оригинал марлборо цигари се бараше т.н. “петка”), производство на Филип Морис, а на пазарите во Македонија одела и “четворката” која е фалсификат и се произведувала во Бугарија и во Југотутун, односно во Стококомерц од Прилеп со знаење на македонската влада.






Quote:Кој е Петрит Аме

Петрит Аме е роден дебарчанец по кого сè уште е активна потерницата на Интерпол. Во македонското подземно и бизнис милје е посебно активен од 1993 г.
Неговото минато беше мистифицирано со негово наводно повеќегодишно учество во француската Легија на странците. Дел од македонските разузнавачи сметаа дека тој под друг идентитет “работел” во Јужна Америка и оттаму се неговите врски со некој колумбиски картел. Исто така, била следена и неговата врска со француски бизнисмени на Балканот за кои постојат индиции дека се резиденти на француската разузнавачка мрежа.
Иако тој негираше дека кога и да е работел со дрога, македонската полиција во 1999 г. во една пратка од неколку колумбиски вина адресирана до него, која повеќепати се повторувала, откри дека во виното всушност се наоѓа кокаин, кој се извлекува со посебна дестилаторска процедура. Според количествата, полицијата претпоставуваше дека тие пратки се за лична употреба. Со дрогата, инаку, го поврзува непотврдената информација дека за сметка на македонската полиција ги продавал 25-те килограми висококвалитетен кокаин кои исчезнаа од трезорот во кабинетот на министерот за внатрешни работи. Инаку, исчезнувањето беше забележано во времето кога ресорот го водеше проф. Томислав Чокревски, наследникот на Љубомир Фрчкоски.
Кон крајот на 1998 г. беше организирано негово апсење кај ноќниот клуб МЦМ, но како што претпоставуваа тогаш од МВР, некој од нивните редови го предупредил. Нешто слично се случи и неколку години претходно, кога МВР беше обвинувана за алиби акција за негово апсење.
Полициски извори велат дека високи полициски функционери повеќепати интервенирале кај странски полиции за ослободување на Петрит Аме, со образложение дека станува збор за нивен соработник.
Петрит, исто така, ги истакнуваше своите особено добри релации со Мирјана Марковиќ, сопругата на Слободан Милошевиќ, од која наводно имал добиено потврда за пред српската полиција дека станува збор за многу значајна личност.
И неговата смрт остана мистерија. Во 1999 г. беше соопштено дека тој е ликвидиран во приштинскиот Гранд хотел. Постојат сомневања дека тој ја лажирал својата ликвидација и дека неговата “мисија” во овој регион е завршена, но дека најверојатно ќе биде активен под друг идентитет


Quote:КОКАИНОТ ИСПАРУВА



Изгледа неверојатно, но само кај нас може да се случи 25 кг претходно запленет висококвалитетен кокаин да исчезне од сефот во кабинетот на министерот за внатрешни работи. Случајот беше објавен во 1999 г., а се случил две години порано, во времето на министерувањето на д-р Томислав Чокревски. Според сомневањата на истрагата, кокаинот му бил даден на Петрит Аме, човек добри етаблиран и во балканското подземје и во српските и македонските политички кругови. Неговата улога била да го препродаде за сметка на финансирање на политичка структура или, пак, на тајни полициски операции. Обидот за апсење на Аме, како и еден претходно, беше “провален”, а подоцна беше објавено дека Аме е ликвидиран во Приштина.

Но, две години потоа, се појави со години претходно снимена видеолента на која Аме на полициски службеници им ги појаснува релациите на политичари, бизнисмени и луѓе од криминалното милје.
03-09-2010, 01:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Полицаец, лихвари и нарко босови на иста маса

Катерина Гетева Коментари (1)


03.09.2010 19:06



Истрагата на МВР дали синоќа залута во погрешна насока? Велешката полиција по налог на врвот од Скопје, во станица 6 часа ги испрашуваше Тони Лазаревски, велешки бизнисмен и Зоран Манасков Скршениот, кого полицијата заедно со сега убиениот Јордан Јордановски Ркулот пред година ипол ги уапси како главни осомничени за шверц на хероин во западноевропските земји.

По проверката на алибито и Манасков и Лазаревски биле пуштени дома.

Кој бил сомнежот за апсењето на Лазаревски никој не кажува, расколот во Франкфурт мафијата и кавгата меѓу Манасков и Јордановски, биле доволна причина полицијата да се сомнева дека тој бил убиецот синоќа во рибниот ресторан.

Работата на МВР им ја олесни Тони Денковски скопјанецот, кој утрото во станица сам се предал и го признал делото. Но не кажал колку во должничко доверителските односи помеѓу него и велешанецот Јордановски прсти вмешал и баџанакот на телохранителот на премиерот, инспекторот во 6-та управа Владо Милошев.

И полицијата нема информации која била релацијата на нивниот вработен со криминалец од Франкфурт мафијата.

Најавата на полицијата од пред година ипол дека тргнува во борба против Франкфурт мафијата, остана само ветување. Дали бизнисот, велешките лидери го свртеа кон Македонија, па шверцуваниот хероин од Германија сега го вртат овде на македонските нарко пазари, заедно со поддршка на видни бизнисмени и полициски функционери.

Врски со криминал сега убиениот полицаец Милошов нема, велат во МВР. Неофицијално според наши извори тој важел за синоним во подземјето од времето на Орце Коруновски и српската линија која во 2001 работеше со шверц на стари возила, Милошев имал и агенција за обезбедување, а и ноќниот клуб во ТЦ Скопјанка се шпекулира дека бил негов, но и преку него оделе договорите за распределба на шанковите во летните дискотеки и обложувалниците.

Дрога, пари и лихва го испровоцирала Денковски да пука синоќа во рибниот ресторан. Но за јавноста останува отворено прашањето дали МВР знаела дека нивниот инспектор контактирал со лица кои се уште може да се предмет на меѓународна истрага за организиран криминал.
Извор
03-09-2010, 07:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:СДСМ - Што барал вработен во шестата управа на МВР со двајца дилери на дрога?

Скопје, 3. септември 2010 (ИНПРЕС)

Токму вчера кога Груевски сакаше во лажирани медиумски настапи да даде очет за своето владеење го доби одговорот што всушност “сработил“ во изминативе четири години и на кое дереџе ја донесе државата.

Македонија благодарение на него стана каубојска држава во која убиствата стануваат секојдневие.

Среде Скопје во период кога има врвулица од граѓани и во близина на група тинејџери како во мафијашки филм се случи ладнокрвно убиство во кое беа убиени тројца, од кои еден вработен во МВР, телохранител на министерката Гордана Јанкуловска и баџанак на шефот на обезбедувањето на премиерот.

Замислете тој седел во ресторан со двајца дилери на дрога од Велес. Еден од нив бил Јордан Јорданов со прекар ’Ркулот кој во февруари 2009 година беше уапсен и притворен во операцијата “Велес“, како продолжение на акцијата на австриската полиција. ’Ркулот бил член на таканаречената “Франкфуртска мафија“ и за илегално оружје и поседување дрога во март 2009 година доби три годишна затворска казна.

Јавно прашуваме:

Што барал вработен во шестата управа на МВР, задолжен да се грижи за безбедноста на министерката Јанкуловска, да седи со двајца дилери на дрога?

Дали е нормално полициски функционери да ручаат со дилери на дрога? Или можеби, баџанакот на шефот на обезбедувањето на премиерот, договарал некаков бизнис со нив?

Безредието и хаосот почнаа да заземаат невидени размери. Вчерашното убиство преставува потврда дека во Македонија веќе никој не е безбеден. Повеќе од се’, докажа дека во овие четири години на Груевски и ВМРО ДПМНЕ, криминалот и власта одат, рака под рака.

Затоа, најмалку што може да стори, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска е веднаш да си поднесе оставка. (Крај)

Извор
03-09-2010, 07:23 PM
Reply
alexdgreat
Unregistered

 
#5

Ќе речат дека типот работел undercover и готово, мисијата строго доверлива и никому ништо
.
Секое чудо за 3 дена.

Единствено добро е што овој настан ке повлече чистка во мафијата.

А таа мафијата кај нас во Велес ти е нормална работа, се знаат сите кои биле во Германија кои се вратиле, кои одлежале, колку донеле.
03-09-2010, 08:47 PM
Reply
demmian
Unregistered

 
#6

(03-09-2010, 08:47 PM)alexdgreat Wrote: Ќе речат дека типот работел undercover и готово, мисијата строго доверлива и никому ништо
.
Секое чудо за 3 дена.

Единствено добро е што овој настан ке повлече чистка во мафијата.

А таа мафијата кај нас во Велес ти е нормална работа, се знаат сите кои биле во Германија кои се вратиле, кои одлежале, колку донеле.


Ова ти се вика: Македонска Народна Приказна!Icon_wink
04-09-2010, 02:37 PM
Reply
demmian
Unregistered

 
#7

[Image: 40956_156864210997252_123888384294835_53...8693_n.jpg]

Во македонска верзија.
04-09-2010, 06:43 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#8

Во секој поглед се повеќе заличуваме на Србија во време на Милошевиќ...

07-09-2010, 11:45 AM
Reply
alexdgreat
Unregistered

 
#9

Ете одговор од МВР полицаецот бил роднина на жената на Скршениот или обратно.

Кај нас во велес полицијата врши рекет т.е еден од тие џандарите таканаречен Струјата ги рекетира локалите.

Еден пријател имаше сенвичара и овој Струјата му барал 500 ден неделно,а ако не сакал да даде да продава дрога за него.

Ете видете кој е кој во државата наша.
07-09-2010, 12:06 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#10

(07-09-2010, 11:45 AM)acko Wrote: Во секој поглед се повеќе заличуваме на Србија во време на Милошевиќ...

Па да, ние се однесуваме како српска провинција во која случувањата во центарот-Белград, ги чувствуваме одпосле. Така турбофолкот кој ја зафати Србија во доцните 80-тите години од минатиот век, кај нас дојде во раните 90-ти. Пирамидалните штедилници, прво, се јавија во Србија ( газда Јездо, Дафина) а кај нас дојдоа покасно ( ТАТ-Соња Николовска), Србите не го решаваа правилно и праведно ( проевропски) албанското прашање, сега ние ( од 1990, по нивен трек, се обидувавме да правиме етноцентричка држава и историја ...додека не не седнаа во Охрид да го потпишеме, сите заеднички, Охридскиот рамковен договор. Тие почнаа со расчистување со службите од минатиот систем, ние сеуште не. Веројатно и тоа ке дојде...отпосле. Очекувам прво во Србија да расчистат со поранешниот систем и неговите актери, па тој бран да дојде и кај нас. Така е тоа кога живееш во Независна и Самостојна Македонија SmajlitoSmajlitoSmajlito
07-09-2010, 12:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:ЛИЦЕНЦИ..ОБЕЗБЕУВАЧИ...ПРЕТЕПАН ЧОВЕК ДО СМРТ

Да се навратам на случајот со обезбедувачите кои крвнички го претепаа до смрт српскиот турист. Имено, во Охрид полициското подземје своите високо профитабилни криминални интереси, ги остварува преку еден полициски сужбеник во охридската полиција на добро разработен начин. Така, овој полициски службеник ја користи моќта и полициските привилегии и овластувања што му ги овозможува полициската служба, а во заднина има регистрирана Агенција за обезбедување на лица и имот на име на својот син, која го контролира речиси целокупното обезбедување на лица и имот во Охрид. Се разбира, не постои ниту најмала шанса некој во Охрид да се спротистави на услугите што ги дава нивната Агенција за обезбедување, бидејќи на сите им е позната полициската машинерија, која е ставена во служба на остварувањето на бизнис интересите на полициското подземје. Притоа, споменатиот локален полициски службеник, истовремено функционира и како некаков деташиран претставник на полициското подземје за подрачјето на Охрид, односно, на нивната фантомска Комора за обезбедување на лица и имот, бидејќи, без никаква теоретска и практична обука, овој полициски службеник, за сума од 400 евра на големо дели лиценци со печат на фантомската Комора на полициското подземје, на оние што вршат обезбедување на лица и имот за нивни потреби. Како резултат на поразителната регрутација на обезбедувачи во Охрид, кои патем имаат завидни криминални досиеја, станува појасно, зошто таквите обезбедувачи наместо да се грижат за сигурноста на објектите и лицата во нив, крвнички го претепале до смрт српскиот турист, со што, од Охрид, македонски Ерусалим, испратија уште една мошне непријатна порака до потенцијалните туристи, кои имаат намера да летуваат во главната македонска туристичка дестинација!
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ
08-09-2010, 12:17 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Круша паѓа круша паѓа



Quote:Македонец фатен во Париз со кокаин


10.09.2010 - 18:07 | Македонија

Музички менаџер од Македонија, приведен на аеродромот во Париз за трговија со дрога. Триесетгодишниот Борјан Китановски, бил приведен од француската царина со два и пол килограми кокаин.


Според информациите на Сител, во досието на Китановски во француската полиција пишувало дека е музички менаџер.

Приведен е на враќање од Доминиканската Република, каде бил на одмор со својата девојка. Во куферот на Борјан, во специјално изработен простор се пронајдени неколку пакувања со кокаин.

Китановски по приведувањето е пренесен во затворот во Бобињи, а неговата девојка по распитот е ослободена.

Борјан Китановски казната веројатно ќе ја помине во француски затвор. Македонската амбасада во Париз не добила информација дека ќе биде екстрадиран.

- Полицијата би не контактирала доколку лицето биде пренесно во Македонија, велат од амбасадата на Македонија во Париз.

Според информации на Сител, Китановски во својата одбрана пред француската царина рекол дека дрогата не била за него. Ја носел на луѓе кои му платиле за транспортот. Борјан Китановски е син на поранешниот министер за одбрана Лазар Китановски.

Транспортот на дрога од Јужна Америка стана пракса за Македонците. Ова не е прв случај. Од истиот континент беше и дрогата на познатата Персида Момировска.

Се совпаѓа и количината на дрога. Мадама Пепи беше осудена за два килограми на кокаин исто колку што биле пронајдени и во куферот на Китановски.

Иван Кузмановски
10-09-2010, 10:13 PM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6
#13

DALI ubistvo vo SKOPJE so takanarecena FRANKFURT mafija e povrzana i so prethodno ubistvo vo OHRID , sto site imat so COCOROVSKA , PEPI , sinceto na LJAZETA , kako i onoj na ALIL GAFEROVSKI navremeto , pa ve moljam gospoda ete ja POGLEDAJTE se malu SE NEKOI SRBI I MAKEDONCI a mediumi mrcat i MUDA PRODAVAT deka ALABNCI se tie koi se glavni u DROGATA BREEEEEEEEE da ne ti se veruva. INACE TUKA sum forumgii POZDRAV i ZDRAVEJ TE , ZAPOCNUVAME , ZESTOKO takava i ESEN ne ocekuvat . POZDRAV za SITE MAKEDONCI kaj i da se , razbira se i za GRUPACIJATA VETERANI od VMRO ovie od DPMNE se posraja na se VREME E DA SE ODZEME VMRO , toa sepak ostavam na ZIVITE OSNOVACI se sto ke resat ke pocituvam RAZBIRA se.
12-09-2010, 05:49 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#14

боза...гола вода се копиљаците...

МК-термин „франкфурт мафија“ е испод достоинство на било каква етаблирана група, а за мафија да не зборуваме....


тоа може кај нас да си се филмаат децата и новинарите....
13-09-2010, 03:51 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#15

...демек некаков “фактор“ е поврзан со случките во МК...
врска нема...„франкфурт мафија„ е со амин на швабите, а „ние„ сме ептен далеку од таквиот „успех„ ! ;-)

на Косово во последниве 2 години има многу повеќе „франкфурт мафија“ отколку во 2 децении МК-независност...

ама едната е одобрена ;-), другата не е...
(This post was last modified: 13-09-2010, 04:06 AM by toni_a.)
13-09-2010, 04:00 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#16

многу ми е глупаво кога ќе напишам неколку поста еден по друг...АМА луѓе сватете дека станува збор за ДРЖАВА!

нема заебанција...си постојат правила! се „р’чнеш„ ли со држава и ти се случува следново:

[Image: suomi20101112.jpg]

Uploaded with ImageShack.us

или си одобрен, или не! ;-)

ова не во Франкфурт, ами во „лабава“ Финска Icon_lol
за жал не успеав да сликам додека двата џандара го имаа извадено и вперено оружјето!
13-09-2010, 04:25 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#17

(12-09-2010, 05:49 PM)razurnuvac Wrote: ... pa ve moljam gospoda ete ja POGLEDAJTE se malu SE NEKOI SRBI I MAKEDONCI a mediumi mrcat i MUDA PRODAVAT deka ALABNCI se tie koi se glavni u DROGATA BREEEEEEEEE da ne ti se veruva...

бреее, транзит рута од секогаш сме биле, а грам тревка (за друго да не зборуваме) немаа фатено до пред некоја година!
НО одеднаш, кога почнаа да фаќаат и хаш и таблетка и кока - стана проблем!

прашањето е: дали постои проблемот дури откако почнаа да ги фаќааат (и кажуваат по ТВ) или постоел претходно (кога не се фаќал и не се известувало)?
(This post was last modified: 13-09-2010, 04:52 AM by toni_a.)
13-09-2010, 04:49 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,135
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#18

Citajki go natpisot za apsenjeto na Borjan Kitanovski se gleda deka moralnite vrednosti na nasite vlastodrsci,pa i na onie koi im e zadaca da apsat i da sprecat vakvi pojavi e mnogu nizok.Onoj Frcko go naplati reket na Bitpazar pod objasnenie deka se presmetuva so tutun mafijata,Vlado Kambovski izgore 1 ton marihuana, a eve bidejki poleka im snemuva para gi vklucuvaat i svoite deca vo sverc na droga.
15-09-2010, 03:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Штом "независниве" новинарчиња го "заборавија" случајов за трикратното убиство а и ни збор не рекоа за синчето на Лазе Китановски работата е многу сериозна.



Quote:„КАЛАШЊИКОВ“ А ЛА „БИГ ФИШ“

Каубојската елиминација на велешкиот бос од „Франкфуртската врска“, неговиот компањон и полицаецот што седеле на иста маса значи само дека во и со криминалното подземје се случува нешто сериозно



Ако тепачката во охридската дискотека од случајно убиство на турист прерасна во демонстрација на моќта на кланот „Пинк Пантер“ овде, во Македонија, тројното убиство во скопскиот ресторант веќе никого не може да залаже дека е само последица на криминално-лихварски долгови. Имено, охридското убиство индицира дека српската мафија имала свои партнери или подобро речено јатаци и во Охрид и во Велес, но и дека МВР покажува незаинтересираност за тоа кој се влегува, а уште помалку кој излегува од РМ. Брзањето на министерот за внатрешни, пак, убиството во Скопје априори да го релативизира на ниво на должничко-доверителски однос и лихварство, е неубедливо од најмалку две причини: прво, убиен е полициски службеник практично од нејзиното опкружување, кој согласно медиумите развивал и приватен бизнис во областа на физичкото обезбедување; и второ, тој е индиректен роднина со шефот на обезбедувањето на премиерот. Таков човек во никој случај не смее да седи на ручек со луѓе со криминално досие како Р`кулот, а притоа и самиот да не биде основано осомничен?! Дали е свесна министерката каков е ризикот за врвните државни раководители што произлегува од таквите релации!



Барем една од жртвите е дел од познатата „Франкфуртска врска“, чии достапни припадници беа санкционирани со затворски казни во Германија и Австрија, а во Македонија очигледно „Франкфурската“ одржувала „врска“ и со видни полициски службеници и не била санкционирана од домашното судство?! Треба да веруваме дека „Франкфуртската врска“ во Велес е наша изворна, дека делувала локално, до Катланово?! Кој ќе верува во тоа кога на сите им е јасно дека балкански нарко-цар е фамозниот Дарко Шариќ. „Велешаните од Франкфурт“ можат да бидат само ситна риба во неговиот систем?! Истото се однесува и на фамозниот „Пинк Пантер“ – припадникот на таа мафијашка група пријателствува со наш човек кој на чудесен начин, на најдобрата локација во Охрид гради одлично опремена дискотека, а овде кај нас, нашите власти не се ни распрашале од каде му се парите на инвеститорот. Сигурно не ни помислиле на можноста ова да е само начин на перење на валканите пари на „Пинк Пантер“ кај нас. Уште пред неколку години фасцинантно изгледаше случајот со откривањето половина тон кокаин. Туку-така „едночлената“ банда Чочоровска, сама и без соработка со некои моќници овде го донела во такво количество?!



Сите овие случаи, а веројатно и некои други што уште не и се познати на јавноста, укажуваат на неверојатната изолација на РМ во борбата против организираниот криминал. Македонија нема спогодба со ниту една соседна земја за можна испорака на сторители на големи кривични дела од областа на организираниот криминал без оглед на нивното државјанство. Затоа овде не можеме да го донесеме ниту Даравелски, а камоли евентуалните соработници на Чочоровска. Вака изолирана, Македонија ќе биде прибежиште на припадници на разни криминални групи и мафијашки кланови, а нашите органи на прогонот дури тоа и да не го забележат, а не пак да се ангажираат околу нивното гонење. Само што таа изолација ќе ни се врати и веќе ни се враќа како бумеранг. Бидејќи договорите меѓу Хрватска и Србија за заедничко гонење на организираниот криминал во тие земји ќе создаде неподносливи услови за криминалците, тие својот опстанок ќе го бараат и со криење во нашата земја. Само, како што течат работите, ќе се покаже дека тоа истовремено ќе доведе и до прелевање на пресметките на фракциите во криминалното подземје овде кај нас, а тоа се заканува со хаос и огромна несигурност за животите на граѓаните.



ЛП бара Владата да објасни зошто не иницирала и досега не успеала да склучи договори за заедничко гонење на сторители на дела од областа на организираниот криминал, пред се со Србија и Хрватска, а зошто да не и со Бугарија, Албанија и Грција, барем во онаа мерка во која е направен договор со Косово? Тука спаѓа организираниот криминал во областа на шверцот со дрога, трговија со луѓе и човечки органи, оружје и тероризам. Во недостаток на потпишани договори, Јанкулоска и МВР, а со тоа и Груевски сепак треба да се погрижат да остварат соработка со органите на прогонот и судството во Србија и Хрватска и сите овие случаи да добијат темелна разврска и убедлив исход. Едноставно, треба да престанат со објаснувања дека Чочоровска овде сама шверцувала половина тон кокаин, дека припадникот на „Франкфуртската врска“ е убиен поради разни парични побарувања по сосем друга основа и дека туку-така е убиен српскиот турист Новаковиќ овде, а да не се истражи целото настанување и финансирање на „Куба либре“. Ако остане на тоа, МВР ќе биде обвинето од јавноста за соучество во криминалот или за тотална неспособност и ќе биде неизбежно целата одговорност да ја понесат министерот Јанкулоска и премиерот Груевски и да си одат од функциите.



Ивон Величковски
(This post was last modified: 18-09-2010, 03:52 PM by ЈорданПетровски.)
18-09-2010, 03:51 PM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6
#20

SITE nastani vo RM od slucuvanja vo OHRID pa vo SKOPJE naselba AERODROM ne se odvoeni nego se povrzani i se del od edna igranka. CITAJKI go intervjuto na PAVLE TRAJANOV vnimatelno pronaogam oti PAVLE apelira navreme da se nesto prezeme , ZNACI del od RAKOVODSTVO na MWR ne e kako trebit i tuka vo toj pravec ke sledi ponatamosno DA ili ne na PAVLE za KOALICIJA so WMRO.

SITE denovi okolu ubistvo vo OHRID , osobeno od OHRID dobivavme informacii maltane deka ubieniot decko e NEVIN socijalec, iako jas zalam sto e ubien , a ne gi opravduvam i onie koi toa go storile , jas samo ja gledam DLABOCINA na POVRZANOST na OHRID i OHRIGANI so GRUPATA NA UBIENIOT i SO STORITELITE.

KAKO i da e KOJ i da e na vrvto SARIC ili MARIC , sepak COCOROVSKA , KITANOVSKI since na LJAZE REKET, i OHRIGANITE i VELESANITE , pa kade se tuka ALBANCITE vi se moljam. ZNACI ako se ovie decki KOSOVARI pribidejki ZIVOTI kosat i pari trpat BUJRUM PO


ZNACI situacijata e poslozena , zatoa i bese apel na LJ.T.-KUNDAK so CASOVNIKOT , seta vmesanost so MWR i rodnina prijatel i BRAT od MUSKA MAJKA so URKO MURKO TRTE MRTE , sve e toa ISPLANIRANO i samo se odviva , a celat vodi kam aktuelna RAKOVODNA STRUKTURA U MWR , da se nadevame deka povtorno prodolzuvanje na mandat na dvamata direktora na BIROTA uf MWR se arna procena na PREMIEROT , a plus i toa koj bira OBEZBEDUVANJE i se toa.

ZNACI covekot koj gi spuka u FIS ne e LIHVAR toj si e SPECIJALEC i CISTAC , MWR treba da kaze cij e i koj go plaka i za kogo RABOTE. I pljus koj go e VELESANEC pomiluval i ostavil na sloboda , znaci mora da se bara povrzanost megu sudija i advokat i istraga i obvinitelstvo zasto i velesanec ostaven na sloboda znaci namera e da se na sloboda LIKVIDIRA a za toa ke ima PODRSKA OD JAVNOST ako , toa e bila i cel na planeri , oti e nevozmozno da takva grupa se razviva u VELESO kako i ONOJ OHRIGANEC , kade se beglo spomenuva deka poznastvo so pripadnik na PINK PANTERI e od HOLANDIJA kako i DILANJE na DROGA . ZAREM ne i OHRDI se e koristel osobeno lokali na BIZMISMENA koj od goljo dobiva LOTO ili nesto taka u HOLANIDJA ili e TRTEL nekoja STARA BABA uf taa KURVA JEVROPA pa vaa u znak male paznje mu e dala nekoliko miliona EVRIKA koje je trebao oprati u OHRIDU , ne e gabe BILJANA PLATNO BELESE , i se taka.

ZNACI poleka se otkriva ama mnogu sa usereni GOLEMI i od SDSM i od PRERODBENICI ta zatoa e cela situacija taka maglovita.
18-09-2010, 05:37 PM
Reply