Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 13 Vote(s) - 1.77 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Совети за здравјето
Author Message
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#61

Средстава за хигиена причина за инфекција

[Image: 754241A8E17E184FA2CDF7CBE28BDCE1.jpg]

Повеќето жени одат на гениколог мислејќи дека имаат проблем со вагиналаната сувост, но со прегледот ќе откријат дека ненадразнетоста е последица од гливична инфекција. Според мислењето на лекарите, причина за ваквите болести најчесто може да бидат средстава за одржување хигиена, преголем агресивен притисок што ја нарушува природната рамнотежа на флората и киселоста на матката и вагината. Ваквите инфекции може да се спречат на повеЌе начини:
* избегнувајте парфемиризирани средста за капење и предност дајт им на средствата со едноставен состав.
* Темелно исутуширајте се со тола вода, и гледајте да не оставите ниту малку од купката или шампонот.
* потребно е да внимаватае и со средставаата за интимна хигиена: некои од тие средстава се препорачуваа само кај одредени болести и за краткотрајна примена. Не се препорачува да ги кореистите секој ден затоа што ја пореметуваат рамнотежата на слузницата.
* Носете памучна облека и избегнувајте сењкојдневна употреба на заштитни хигиенски влошки
29-09-2010, 12:39 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#62

Портокалите и бананите го намалуваат ризикот од заболување од леукемија

[Image: C688330E4B23644E80888E49F56AE366.jpg]

Научниците од Универзитетот во Калифорнија тврдат дека децата кои редовно јадат портокали и банани имаат помал ризик да заболат од леукемија. Нивното истражување покажа дека децата кои јаделе портокали и банани и пиеле сокови од нив 4 до 6 пати неделно во првите две години од животот имаат двојно помал ризик да заболат од леукемија.
Со уште не се знае на кој начин дејствуваат овие два вида овошје. Едно објаснување се однесува на високото ниво на витаминот Ц и на калиум во нив, како и нивната способност да ги намалат оксидативните оштетувања на ДНК.
29-09-2010, 12:45 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#63

Самотијата опасна колку и пушењето

[Image: 44F6CC269B089A4C964DE6CBABD32F29.jpg]

Кога се зборува за штетните навики најчесто се мисли на пушењето, алкохолизмот и во краен случај употребата на дрога. Но, во една неодамнешна студија во научното списание Плос уан" научниците утврдиле дека самотијата е подеднакво опасна за здравјето како и горенаведените навики.

Истражувањето кое траело 7 години и опфатило дури 400.000 луѓе потврдило дека лицата кои не поминуваат доволно време во друштво на други луѓе или не припаѓаат на одредени социјално групи (редовито дружење со соседите, пријателите или роднините) имаат за 50% поголеми шанси за разни заболувања во текот на животот, за разлика од друштвените лица.
За уште појасно да ја нагласат штетноста од самотијата по здравјето, научниците биле конкретни - негативното влијание на самотијата го изедначиле со пушењето на 15 цигари дневно. Освен последици по физичкото здравје, самотијата може да предизвика и трајни психички заболувања. Колку секојдневниот контакт со други единки е неопходен за ментално и физичко здравје, тие го објасниле со примери од развојот на детето. Имено, за да може детето да развие когнитивни способности и имунитет, неопходен му е социјален контакт.

Научниците наведуваат дека силната поврзаност со семејството и пријателите и блискиот емотивен однос со друга личност може значително да го унапреди здравјето и да биде поделотворен од психотерапија или апстиненција од лошите навики.
30-09-2010, 03:37 AM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#64

Доматите добри за закрепнување

[Image: BD45FDAC0A836A4B8C0EFDF551107998.jpg]

Зрелите плодови на доматите содржат многу шеќер (околу 4 отсто), околу 1 отсто белковини и билни влакна во умерени количества. Еден средно голем домат содржи околу половина од дневното количество на витаминот Ц и околу една петтина од дневните потреби за витаминот А. Од минералите најмногу има калиум, потоа калциум, магнезиум и железо.
Лековитите својства на доматите се гледа во подобрувањето на варењето и во регулирањето на столицата, ги смирува хемороидите и ја намалува можноста од воспаление на слепото црево. Ги намалува ревматичните болки, ја подобрува крвната слика и го намалува ризикот од настанување на рак. Доматот содржи и каротин ликопен, што е дополнителен момент во намалувањето на ризикот од рак. Уште доматот се користи за закрепнување и издржливост, па нутриционистите им го препорачуваат на трудниците, децата, на старите и болни лица.

***

Варени домати

Потребно:

* домати
* малку шеќер
* сол по вкус

Приготвување: зрелите и здрави домати измијте ги, избришете ги и сомелете ги на машина за мелење месо. Мелените домати ставете ги во тенџере на рингла да се загреат, но само до зовривање. Додадете ги шеќерот и солта по вкус. Врелите домати сипајте ги преку инка во чисти и загреани шишиња, затворете ги со целофан и завиткајте ги со некоја подебела крпа, па оставете ги да отстојат преку ноќ.

Кечап

Potrebno:

* 2 кг црвени пиперки
* 1/2 кг лути пиперки
* 6 кг домати
* 3 главици кромид
* 2-3 ливчиња дафинов лист
* 300 мл масло
* 1 лажица шеќер
* сол по вкус
* 3 лажички бибер
* 2 лажици сенф

Приготвување: пиперките, доматите, кромидот и дафиновиот лист се варат 2 часа и се пасираат. Во сосот се ставаат маслото, шеќерот, солта, биберот и повторно се става на оган и се вари додека се згусне, а на крај пред да е готово се става сенфот. Потоа се става врел во врели тегли или во шишиња кои веднаш се затвораат.
07-10-2010, 01:16 AM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#65

Храна наместо пилула

[Image: 37CF26628D42E24FAF1131432AD5E70F.jpg]

Ве боли грбот? Јадете лосос, вишни и ореви...

Генерално, вежбањето и малку повнимателното држење на телото е доволно за да се олесни болката во грбот. Но овој ризик може да се намали и со правилен избор на храна. Одредени истражувања докажале дека специфична храна може да ги ублажи воспаленијата и болката во грбот, особено оние поврзани со артритисот. Еве што може да помогне, а што треба да се избегнува.

Што да консумирате?
- вишни - една студија покажала дека пиењето 0,35 литри сок од вишни два пати дневно во период од 8 дена, ја редуцира болката во мускулите и напнатоста
- маслиново масло
- лосос, сардини, туна во конзерва, саламура или маслиново масло
- лелени семки
- растителни протеини како сојата
- овошје и зеленчук (конзервирано или смрзнато може, но без додаток на шеќер или сол)
- јаткасти плодови кои се добар извор на омега-3 масни киселини
- зелен чај
- ѓумбир, било да го консумирате свеж како додаток во јадењата или во прав како чај.

Што да избегнувате?
- сончогледово, пченкарно и мешано масло
- маргарин
- преработена храна
- храна богата со заситени масни киселини
18-10-2010, 01:55 AM
Reply
Пат Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,630
Joined: Apr 2010
Reputation: 39
#66

(30-09-2010, 03:37 AM)mence Wrote: Самотијата опасна колку и пушењето

[Image: 44F6CC269B089A4C964DE6CBABD32F29.jpg]

Кога се зборува за штетните навики најчесто се мисли на пушењето, алкохолизмот и во краен случај употребата на дрога. Но, во една неодамнешна студија во научното списание Плос уан" научниците утврдиле дека самотијата е подеднакво опасна за здравјето како и горенаведените навики.

Истражувањето кое траело 7 години и опфатило дури 400.000 луѓе потврдило дека лицата кои не поминуваат доволно време во друштво на други луѓе или не припаѓаат на одредени социјално групи (редовито дружење со соседите, пријателите или роднините) имаат за 50% поголеми шанси за разни заболувања во текот на животот, за разлика од друштвените лица.
За уште појасно да ја нагласат штетноста од самотијата по здравјето, научниците биле конкретни - негативното влијание на самотијата го изедначиле со пушењето на 15 цигари дневно. Освен последици по физичкото здравје, самотијата може да предизвика и трајни психички заболувања. Колку секојдневниот контакт со други единки е неопходен за ментално и физичко здравје, тие го објасниле со примери од развојот на детето. Имено, за да може детето да развие когнитивни способности и имунитет, неопходен му е социјален контакт.

Научниците наведуваат дека силната поврзаност со семејството и пријателите и блискиот емотивен однос со друга личност може значително да го унапреди здравјето и да биде поделотворен од психотерапија или апстиненција од лошите навики.

Да, їас дефинитивно треба да ги откажам цигарите Icon_razz
18-10-2010, 07:44 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#67

Ориганото повеќе од зачин

Ориганото е лековита билка, многу ценета уште во античко време, која најмногу се употребувала како чај . Исто така, ако се користи во умерени количества и правилно подготвен, ориганото претставува вкусен и пријатен зачин за јадењата од тесто, ориз, зеленчук и од морските плодови. Во спротивно, оваа билка не само што им дава на јадењата малку горчлив вкус, туку мошне често предизвикува вишок на киселина во желудникот, подуеност на стомакот и значително го отежнува варењето.
Од дамнина ориганото се користи како едно од најдобрите природни средства за елиминирање на сите желудочни проблеми, кое истовремено ја јакне и ја подобрува работата на сите органи за варење. Како и секоја горчлива билка, така и оваа билка ефикасно го поттикнува и го стимулира апетитот.

* Ориганото ги неутрализира маснотиите во организмот, па особено се препорачува како зачин за масните јадења, па често се комбинира со рузмаринот и босилекот. Потпечениот кромид е мошне тежок за варење, но станува вистински лесен деликатес ако се зачини со смеса од два дела магдонос, еден дел оригано и по вкус се додадете бибер и сол.

* Оваа билка е одлична за рибјите специјалитети, особено пржените во длабока маснотија. Се прави смеса од еднакви количества на нане, матичник, цвет од лаванда и оригано.

* Оцетот од оригано ја зголемува лековистоста на јадењата од модри патлиџани, похувани тиквички, салатите од грав. Се подготвува така што се мешаат 1 чаша природен вински оцет, 4 чаши квалитетно црно вино, па во течноста се додаваат 2 лажици оригано. Теглата добро се затвора, се остава најмалку една недела да отстои на умерена топлина, па оцетот се цеди и се чува во фрижидер.
19-10-2010, 04:10 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#68

Броколи како антибиотик

[Image: E1C8A3DE63D1244E819880760749C812.jpg]

Жените кои често боледуваат од запаленија на мочните канали треба секој ден да изедат 200 до 300 г варени броколи. Во нив има глукоинолати, т.е. секундарни растителни состојки кои ги уништуваат бактериите во мочниот меур. 200-300 г од овој зеленчук содржат 43 милиграми од овие корисни состојки. Затоа може да се каже дека броколите имаат дејство слично на антиобиотик. Пред се, спречуваат појава на нови инфекции.
22-10-2010, 04:49 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#69

Колку има кофеин во најчестите напивки?

[Image: A5CF365714D6C24F896092CD68FF7CDE.jpg]

* 150 мл какао - 2-6 мг
* 200 мл чај - 6-30 мг
* 125 мл зелен чај - 20-50 мг
* 200 мл кола напивки - 30-70 мг
* 50 мл еспресо кафе - 50-60 мг
* 125 мл филтер кафе - 60-100 мг
* 250 мл енергетска напивка - 80 мг
22-10-2010, 04:54 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#70

КАКО ДА СЕ СТАНЕ И ОСТАНЕ ОПТИМИСТ

Позитивна мисла и насмевка на лицето[/size]

[Image: 8C7EE8DFDB27FB4F9F0E781974338014.jpg]

Постојат два типа луѓе: оние кои на светот гледаат со песимизам и оние кои гледаат со оптимизам...

Голем број истражувања докажале дека оптимистите имаат поздрав поглед на животот, тие се поведри, имаат повеќе самодоверба и самопочитување и подобро знаат што сакаат. Оптимистичкиот став влијае директно на имунолошкиот систем. Накратко, оптимистите се поздрави, посреќни и живеат подолго. Но прашањето е како да се стане и остане оптимист?

Избегнувајте негативни луѓе
Ним во животот никогаш не им е добро, секогаш имаат причина за кукање. Шират негативна енергија, вниманието го насочуваат на своите проблеми и воедно ја црпат вашата енергија. Бидете почесто во друштво на личности кои размислуваат позитивно, затоа што нивното расположение ќе делува и на вас. Набргу ќе забележите како вашиот став се менува.

Трудете се да размислувате позитивно
Песимистите имаат тенденција да гледаат само на големи нешта и на невозможни исходи. Негативниот став доаѓа од негативните мисли. На пример, не размислувајте дека од вашата презентација на работното место нема да испадне ништо, напротив размислувајте колку труд сте вложиле и колку добро сте подготвени. Не мислете дека вашиот колач по нов рецепт нема да се јаде, туку бидете среќни што се трудите да пробате нешто ново.

Вежбајте
Физичката активност е добра за нашето здравје, кондиција, но и за расположението. Со вежбањето се лачи ендорфин, кој влијае на позитивното расположение.

Позитивни разговори
Ако во последно време разговорите со вашите пријатели завршуваат со негативни заклучоци, по ваквите средби место да се чувствувате подобро вие сте уште полошо раположени. Трудете се да разговарате за позитивни работи.

Хранете се здраво
Како се чувствуваме во своето тело и колку е тоа здраво многу влијае на нашето расположение и став. Затоа хранете се со разновидна и здрава храна.

Правете работи кои ги сакате
Трудете се секој ден да правите нешто што ве исполнува. Тоа може да биде готвење, читање, вежбање, играње, кафе со пријателите...

Насмевката е многу важна
Многу истражувања покажале дека насмевката има големо влијание врз расположението, го зголемува задоволството и ја намалува болката.
06-11-2010, 04:04 AM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#71

Лозов лист за подобра циркулација

[Image: 7AC7DB945C7C6344947D6EAC3A35B898.jpg]

Кога некого ќе прашате за што служи лозовиот лист, како од топ ќе одговори: "За сарма", но малкумина знаат дека има и лековити карактеристики. Во народната медицина најчесто се употребува во лекувањето дијареја, лоша циркулација, проширени вени, нередовна менструација, хемороиди, но и да се исчистат бубрезите од песок или од камен.
За подобра циркулација, се препорачува да се варат две раце свежи, ситно исечкани лозови листови 15 минути во еден литар вода. Добиената течност се сипува во поголем длабок сад. Нозете се држат во неа половина час, потопени до колена. Овој третман треба да се применува секоја вечер во текот на еден месец.
16-11-2010, 02:00 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#72

Банана и вино против несоница

[Image: 18BB9E7A30DBD143A0FCF024920C1CF1.jpg]

Во случај да ве мачи несоница, не треба да броите овци, туку пред да легнете, да изедете една банана која ќе ја намали напнатоста. Така побрзо ќе заспиете. Препораката е да испиете и една чаша јогурт измешан со истолчени бадеми или да испиете една чаша добро вино, зашто и бадемите и виното го стимулираат опуштањето. Но, задржете се само на една чаша вино, зашто две веќе може да ве разбудат, а тогаш не помага ни броењето овци.
16-11-2010, 07:27 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#73

Чувајте ги вените

[Image: CC12E82F61260347BC48996C54688F6B.jpg]

* Спорт

Силните и еластични мускули се важни за еластични вени. Вежбајте барем три пати неделно. Ако седите на работното место, по секој одработен час, на кратко прошетјате или пак мрдајте ги нозете додека работите.

* Ослабете

Големата телесна тежина ја отежнува циркулацијата на крвта во вените. Јадете помалку слатки и масна храна, но избегнувајте и премногу солено. Пијте околу два литра вода на ден и земајте повеќе витамин Ц и Е зошто тие го чуваат здравјето на вашите вени.

* Удобни чевли

Внимавајте чевлите да ви бидат удобни за носење. Никако не облекувајте тесни чевли, ниту со високи потпетици. Ако често носите високи потпетици , ќе бидат загрозени мускулите на потколеницата кои помагаат на протокот на крвта во вените.

* Купки

Со ладно-топли купки туширајте ги нозете од стапалата накај потколеницата.

* Еластични чорапи

Ако подолго време седите или стоите, а имате проширени вени, носете еластични чорапи. Носете ги и кога патувате со автомобил или авион.

* Билни препарати

Препаратите од боровница, костен или грозје, помагаат за циркулација на крвта во вените. Масирајте ги барем два-три месеца секој ден.
16-11-2010, 07:30 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#74

Целерот ги топи килограмите

[Image: B98DDD4709D5A0439D4BEE692BF58056.jpg]

Истражувањата покажуваат дека целерот е мошне ефикасен во лекувањето на многу болести. Освен што го намалува високиот крвен притисок, со сокот од целер се регулира и нивото на холестеролот. Освен тоа, неговото лековито дејство се манифестира и во лекувањето на астмата и болестите на бубрезите. Со чајот од целер се отстранува лошиот здив од устата, се лекува воспаление на грлото, а помага и во отежнатото варење. Вкусните супи и сосови од коренот на целер би било пожелно да бидат дел од исхраната на дијабетичарите, додека во сурова состојба е делотворен во санирањето на кожните заболувања.

* Исцедете сок од свеж корен, лист (што помалку зашто имаат горчлив вкус) и стебло на целер и направете напивка која е одличен лек против ревматизам и гихт, но е препорачлив за дебелите лица за намалување на вишокот килограми, но и за оние кои мака мачат со целулитот, зашто го забрзува метаболизмот.
29-11-2010, 06:21 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#75

Пашканатот добар за срце и за диета

[Image: AEB4030666836049BB46D7697BFA5832.jpg]

Пашканатот е диуретик, го регулира и крвниот притисок, но и ја забрзува борбата против целулитот. Според своите прехранбени и лековити својства, тој спаѓа во редот на највредните зеленчукови култури. Но, за жал, во многу наши краишта тој е речиси непознат, а и таму каде што е познат, се користи, главно само како додаток во супите. Енергетската вредност во 100 грама пашканат одговара речиси на енергетската вредност на 100 мл млеко - 75 калории.
Од другите видови коренест зеленчук, пашканатот се разликува по високата содржина на минерални состојки. Речиси половина од нив отпаѓа на калиумот што е од посебно физиолошко значење. Калциум и фосфор има подеднакво, а покрај тоа е богат и со магнезиум, сулфур, железо и бакар. Натриум има релативно малку, што го вбројува во редот на важните диетални продукти. Од витамините најмногу има витамин Ц и бета каротин.
Коренот и семето од пашканатот се извонреден диуретик, го поттикнуваат излачувањето на мочта, во елиминирањето на гасовите од желудникот и цревата, го регулираат крвниот притисок, а се користи и за поттикнување на апетитот. Ако густа супа од пашканат и праз се јаде подолго време, нејзиното диуретично дејство значително ќе влијае врз намалувањето на телесната тежина и ќе ја забрза борбата против целулитот.
07-12-2010, 04:59 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#76

И зачините помагаат во јакнењето на имунитетот

[Image: 98FD1D37F594E240A2B5A032C8E9CD16.jpg]

Базните зачини од индиската кујна како што се кимот, сенфот, куркумата, чилито и коријандерот го јакнат имунитетот на организмот. Истражувањата покажаа дека куркумата го забавува развојот на Алцхајмеровата болест, а кимот, кој има значително количество железо, заедно со семките од синапот, го подобрува варењето. Коријандерот се користи за намалување на холестеролот, а чилито ја намалува болката, го спречува појавувањето на чир на желудникот, а дури е корисно и за намалување на несаканата тежина. Овие зачини варете ги заедно со храната, зашто пуштаат арома и есенцијални масла
14-12-2010, 02:58 PM
Reply
zorka Offline
Junior Member
**

Posts: 11
Joined: Dec 2010
Reputation: 0
#77

(07-01-2010, 04:03 PM)dzandar Wrote:
(05-01-2010, 02:06 PM)mence Wrote: Зе­ле­но­то ја­бол­ко го сми­ру­ва и чи­рот

За ле­ку­ва­ње на гас­три­тис струч­ња­ци­те пре­по­ра­чу­ва­ат ја­бол­ка, но тие од зе­ле­ни­те сор­ти. Ка­ша­та од сит­но рен­да­ни­те ја­бол­ка би тре­ба­ло да се изе­де ра­но на­ут­ро и по­тоа ниш­то да не се ја­де и да не се пие пред 11 ча­сот. Тоа се­кој­днев­но би тре­ба­ло да се пра­ви еден ме­сец, а ид­ни­от ме­сец рен­да­ни­те ја­бол­ка ја­де­те ги 2-3 па­ти не­дел­но, а тре­ти­от ме­сец са­мо ед­наш не­дел­но. Во те­кот на те­ра­пи­ја­та не би тре­ба­ло да се пие мле­ко, јак чај или ка­фе, ни­ту да се ја­де лу­та и за­чи­не­та хра­на и свеж леб.
За­бо­ле­ни­те од гас­три­тис не би сме­е­ле да ја­дат ја­бол­ка пред спи­е­ње, заш­то тие пре­диз­ви­ку­ва­ат га­со­ви и по­ду­е­ност на сто­ма­кот.

mence ako smem da te dopunu: mi u kumanovo za chir prepishuemo mastiku. ali u umereni doze, zasto ako predoziras, t'ga se predizvikue glavoboljka! Party1

За чир -мастика, за настинка- греана ракија, за бубрези- пиво, за циркулација и подобрување на крвна слика-црвено вино......Yea
01-01-2011, 09:32 PM
Reply
zorka Offline
Junior Member
**

Posts: 11
Joined: Dec 2010
Reputation: 0
#78

(14-12-2010, 02:58 PM)mence Wrote: И зачините помагаат во јакнењето на имунитетот

[Image: 98FD1D37F594E240A2B5A032C8E9CD16.jpg]

Базните зачини од индиската кујна како што се кимот, сенфот, куркумата, чилито и коријандерот го јакнат имунитетот на организмот. Истражувањата покажаа дека куркумата го забавува развојот на Алцхајмеровата болест, а кимот, кој има значително количество железо, заедно со семките од синапот, го подобрува варењето. Коријандерот се користи за намалување на холестеролот, а чилито ја намалува болката, го спречува појавувањето на чир на желудникот, а дури е корисно и за намалување на несаканата тежина. Овие зачини варете ги заедно со храната, зашто пуштаат арома и есенцијални масла

Се согласувам со напишаното, но од овие зачини во македонската кујна можеби малку се користи сенфот и да речеме малку кимот.
Магдоносот е зачин, кој се додава во речиси секое јадење од македонската кујна. Тој навистина убаво мириса, а има својство и да го отвара апетитот.
Содржи големо количество на железо, витамин Ц, витамин А, Б12, каротин (провитамин А), од минералите најмногу калиум, а доста и калциум и фосфор.
Многу помага при лечење на бубрези, и тоа: камења во бубрези, други воспалениа на бубрезите како и мочните канали (за ова гарантирам-имам лично ускуство).
Помага кај ревматизам, артритис, гихт и сл.
Ја регулира работата на јетрата, го стимулира излачувањето на стомачните сокови а со тоа го помага варењето на храната, гасови во стомак, ги смирува грчевите.
Поволно делува на циркулацијата на крвта и се препорачува во исхраната на лица кои имаат проблими со срцето и крвните садови.
Се употребува за регулирање на нередовна менструација и за ублажување на менструални болки.
ЗАКЛУЧОК: ИМАМЕ ПРЕКРАСЕН ЗАЧИН , МАКСИМАЛНО КОРИСТЕТЕ ГО СЕКАДЕ КАДЕ ШТО МОЖЕТЕ!!!!!
01-01-2011, 10:15 PM
Reply
zorka Offline
Junior Member
**

Posts: 11
Joined: Dec 2010
Reputation: 0
#79

(01-01-2011, 10:15 PM)zorka Wrote:

И уште нешто, освен како додадок во јадењата, значи како зачин, лековитите својства на магдоносот му се поизразени ако го консумираме како чај.
Начин на приготвување:
40 г. сув, ситно исецкан корен со литар ладна вода. Се вари 10-15 мин. Се пие 2 пати на ден.
20 г. свеж лист се прелива со 1/2 л врела вода и да отстои 10-20 мин.
01-01-2011, 10:21 PM
Reply
zorka Offline
Junior Member
**

Posts: 11
Joined: Dec 2010
Reputation: 0
#80

(29-09-2010, 12:39 PM)mence Wrote: Средстава за хигиена причина за инфекција

[Image: 754241A8E17E184FA2CDF7CBE28BDCE1.jpg]

Повеќето жени одат на гениколог мислејќи дека имаат проблем со вагиналаната сувост, но со прегледот ќе откријат дека ненадразнетоста е последица од гливична инфекција. Според мислењето на лекарите, причина за ваквите болести најчесто може да бидат средстава за одржување хигиена, преголем агресивен притисок што ја нарушува природната рамнотежа на флората и киселоста на матката и вагината. Ваквите инфекции може да се спречат на повеЌе начини:
* избегнувајте парфемиризирани средста за капење и предност дајт им на средствата со едноставен состав.
* Темелно исутуширајте се со тола вода, и гледајте да не оставите ниту малку од купката или шампонот.
* потребно е да внимаватае и со средставаата за интимна хигиена: некои од тие средстава се препорачуваа само кај одредени болести и за краткотрајна примена. Не се препорачува да ги кореистите секој ден затоа што ја пореметуваат рамнотежата на слузницата.
* Носете памучна облека и избегнувајте сењкојдневна употреба на заштитни хигиенски влошки

Јас, имам роднина гиниколог , и еден од неговите редовни совети е да внимавам и на детергентот со кој го перам долниот веш. По можност окмекнувачите да се избегнуваат, а машината по нејзиното завршување повторно да ја вратам на плакнење. Се разбира , освен памук, друг материјал никако.
01-01-2011, 10:28 PM
Reply