Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 13 Vote(s) - 1.77 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Совети за здравјето
Author Message
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#41

Со исхрана против прекумерното потење

Се препорачува да се јаде чиста, свежа храна и многу зеленчук, на пример, неварена храна со сосови од оцет, масло, сенф и разни зачини. Покрај тоа, препорачливо е дневно да се испие еден литар чај од жалфија, зашто таа билка ја намалува работата на жлездите за потење. Потењето се намалува, како што е докажано и со редовно пиење на две лажици јаболков оцет во една чаша вода. Притоа, секако треба да се ограничи потрошувачката на кафе, алкохол, сол и лути зачини, како и храна богата со белковини. Врз намалувањето на потењето, исто така, дејствува и ацетисалната киселина. Во овие жешки денови не е препорачливо да се пијат екстремно ладни или топли напивки.
15-07-2010, 12:44 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#42

Здрави брокули

Брокулите се специфичен зеленчук, зашто при врвовите имаат ситни, мали цветчиња и за да се препознае кои се свежи и здрави, тогаш тие треба да бидат цврсти и јаки, а цветчињата што се наоѓаат на врвовите да имаат јака зелена боја и да не се прецветани. Ако цветчињата се прецветани, значи брокулите се презреани. Тогаш тие имаат и поинаква боја.
15-07-2010, 12:49 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#43

Пилешко бело месо[/u]

Има многу причини зошто нутриционистите со задоволство го препорачуваат пилешкото бело месо - богато е со белковини, а сиромашно со масти. За разлика од другите видови на месо, има мошне мала содржина на холестерол. Исто така, содржи и витамини, особено од групата Б и многу минерали. Лесно се вари и не го оптоварува желудникот. И најважно, пилешкото бело месо има мал број на калории, а голема заситувачка моќ.
15-07-2010, 12:52 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#44

Маслото го гаси воспалението


Природните антиоксиданси олеуропин од свежата маслинка и олеокантал од ладно цеденото маслиново масло дејствуваат поефикасно против воспаленијата отколку некои синтетички лекови - тврдат група стручњаци кои ја испитувале лековитоста на маслинката. Во тоа истражување се потврдило дека 50 мл екстра девствено маслиново масло на ден се поефикасни отколку детска доза аспирин или десетина дози за возрасни.
21-07-2010, 03:34 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#45

Со месото и сирењето, јадете и зеленчук

Сирење и млеко - колку повеќе, толку подобро?
Се лажете! Млечните производи навистина се најдобар извор на калциум, но истовремено содржат и големи количества на протеини, што може да ја наруши рамнотежата помеѓу киселините и базата во организмот. Ако јадете премногу сирење и месо, а премалку зеленчук, постои опасност крвта да ви стане прекисела, па организмот да почне од коските да го исфрлува калциумот, но и другите минерали, кои дејствуваат како бази. Тоа не значи дека повеќе не смеете да јадете шницли со сирење, но важно е, покрај продуктите богати со белковини, да земате и многу овошје и зеленчук. Значи, мирно ставете пармезан во шпагетите, само не заборавајте на салатата!
23-07-2010, 01:35 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#46

Со калиум против летниот замор


Пореметувањето на ацид-базната рамнотежа кога конзумираме одредена храна е причинител за заморот што го чувствуваме во лето. Проблемот се базира на внесувањето на повеќе нтриум (готварска сол), а недоволно калиум, кој е неопходен за многу биохемиски реакции во телото. Калиумот во организмот се внесува преку храна: житарици и интегрален леб, зеленчук, овошје, лешници, ораси. Но како најдобри иозвори на овој минарал се сметаат инстант-кафето и инстант чајот!
Лекот против замор лежи во тоа: барем на лето заборавете на месото и сосовите, белиот леб и пецивата затоа што содржт минимални количини на калиум, а ако постојано ги конзумирате, ќе чувствувате замор. Наместо тоа, компензирајте со многу овошје и зеленчук, и дневно пијте по еден литар инстант чаеви.

***

Ладен чај од нане

На високите температури освежувајте се со ладен чај од нанае. Нането не е само зачин. Потребно ви е две лажички суво или свежоп нане, литар вода и мед по вкус. Листовите од нанае варете ги во вода, а потоа покријте го садот за чај и нека отстои 15 минути. Процедете го и се додека убаво не се разлади нека ви седи во ладилник. Кога го послужувате, во чашате ставете неколку кришки лимон, и мед по желба.
23-07-2010, 02:11 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#47

Потење


Тешко е да се дефинира потењето, бидејќи некои луѓе се потат повеќе, некои помалку. Доколку сметате дека премногу се потите и тоа ви почнува да ви смета, можете да пробате да го ублажите со помош на...

Потењето е еден навистина природен процес. Со него се регулира телесната температура. Телото лачи вода, а водата испарува и на тој начин телото се лади. До потење не доаѓа само преку вежбање и спортување, понекогаш доволен е мал стрес или возбуда за да почувствувате како ве облева пот. Токму тогаш се јавуваат мириси кои се јаки и непријатни.
Свежата пот нема мирис, но кога таа ќе почне да се распаѓа, под влијание на бактериите на кожата, прима непријатен мирис. Дезедорансите или антиперспирантите мора редовно да се употребуваат. Важно е да се одлучите за оној кој вам најмногу ви одговара.
Дезедорансите кои содржат алкохол се помалку ефективни од антиперспирантите, бидејќи алкохолот брзо испарува, па тогаш е пресудно дали мирисот од дезедорансот е појак од вашиот природен. Затоа е подобро да користите антиперспиранти. Тие го решаваат проблемот од самиот корен, ги уништуваат бактериите, а на кожата создаваат тенок слој со кој го спречуваат потењето. Сепак тие не се препорачуваат на луѓе со осетлива кожа или кожа која лесно се иритира, бидејќи ќе ја исушат и оштетат. За нив, се препорачуваат креми со дезедоранс, кои се нежни за кожата.
Тешко е да се дефинира потењето, бидејќи некои луѓе се потат повеќе, некои помалку. Доколку сметате дека премногу се потите и тоа ви почнува да ви смета, можете да пробате да го ублажите со помош на овие природни чаеви:


* Во чај од камилица исцедете сок од лимон и додајте три лажици шеќер. Пијте по една чаша навечер пред спиење


* Во половина литар зовриена вода ставете две лажици чај од лаванда. Процедете го чајот по 10 минути. Пијте две чаши чај, по главните оброци и тоа пет дена по ред.
19-08-2010, 01:06 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#48

Вежби за успех во работата


Како да успеете во деловниот свет без посебен труд? Одете во спортска сала! Според најновите истражувања на Опенхајмер Фандс, 81 отсто од жените на раководни положби во познатите фирми во младоста се занимавале со некој групен спорт, додека две третини и денес барем рекреативно се спортски активни или вежбаат најмалку три пати неделно. Повеќето од испитаничките тврдат дека редовната телесна активност им помогнала да ги развијат самодисциплината, раководните способности и натпреварувачкиот дух, па благодарение на тоа подобро се справуваат со евентуалните неуспеси и со секојдневниот стрес. Заклучок: брзо на фитнес или во спортска сала!


Малку вежби за понизок притисок


Доволно е само еден час вежбање неделно за да се намали значително високиот крвен притисок, се тврди во статијата објавена во "Американски журнал за хипертензија". Тоа е многу пократко од досегашните препораки (30 минути вежбање дневно), но не значи дека вежбањето треба да се сведе на минимум. Сигурно е дека повеќе од 60-90 минути вежбање неделно соодветствува за општата здравствена состојба и поволно влијае на некои болести кои не биле опфатени со спроведената студија.
Позитивните резултати во ова истражување се гледале веќе по осум недели вежбање, кое се состоело од кратко загревање, аеробични вежби како што е брза прошетка, трчање, пливање или возење велосипед и на крај, вежби за истегнување.
19-08-2010, 01:10 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#49

Домашен фитнес


Миење садови за цврсти гради, бришење прашина против целулит


Дали некогаш сте размислувале за правосмукалката, сунѓерот и скалите како за гимнастички справи? Најверојатно не. Но и домашните задачи може да ви помогнат да останете во топ-форма.

Миењето садови ги зацврснува градите
При миењето садови се активираат мускулите на рацете, рамената и градите. Садовите тријте ги што е можно поенергично а за истовремено да ги активирате нозете со босо стапало на едната нога вртете тениско топче, а потоа истото сторете го со другата нога. На тој начин ги масирате стапалата, ги опуштате зглобовите и целиот организам, ја поттикнувате циркулацијата на крвта и лимфата.

Чистењето прозорци за истегнување
Оваа вежба ги јакне мускулите на рамената и рацете, а за истовремено да ги активирате и нозете ритмички подигнувајте се на прсти. Вежбата е одлична за оние кои патат од болки во вратот.

Работата со правосмукалка го зацврснува грбот
Оваа активност ги активира мукулите на грбот, рамената и рацете а нешто помалку и на нозете. За правилно активирање на мускулите не го свиткувајте претерано 'рбетот и внимавајте да не се навалувате на десна или на лева страна.

Кеси со храна како тегови
Купувањето, средувањето на ормани и полици е можност да се вежбаат мускулите на рацете и рамената. Но, бидете внимателни. Без оглед на тежината која ја подигате, секогаш свиткувајте ги нозете во колената за подеднакво да ги оптоварувате сите мускули на нозете, грбот и рацете.

Бришење против целулит
Бришењето прашина го активира горниот дел на телото. Ако ова го правите подолго од половина час, важно е да ги вработите и нозете. Најголема опасност е задржувањето на течности, значи отечени зглобови и тешки нозе. За да го спречите ова ритмички поткревајте се на врвовите на прсти, а кога ќе го спуштите стапалото силно удрете со петите од подот. Повторувајте ја вежбата на секои 5 минути. Одлична е против целулит.


30-минутна активност Согорени калории Активирање на мускули

Работа со правосмукалка 75-100 Ги обликува рамената, бицепсите

Бришење на подот 100- 125 Ги обликува рамената, бицепсите

Бришење прашина 85 Ги обликува рамената, бицепсите и трицепсите

Работа во градината 125 Раце, нозе, грб

Работа со косилка за трева 150-200 Раце, нозе, грб

Бојадисување на ѕидовите 250 Раце, нозе, грб
10-09-2010, 01:31 AM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#50

Црното чоколадо го намалува ризикот од срцев инфаркт



[Image: E0D2DC3BF3E55E4E9C528DA22EAACC51.jpg]


Секојдневното јадење црно чоколадо, тврдат научниците, го намалува ризикот од срцев инфаркт, а нема да ве здебели. Веќе отпорано е познато дека чоколадото има позитивно дејство врз здравјето, но новото германско истражување тврди дека маснотиите од чоколадото нема да го поништат позитивното дејство, ако се работи за умерени количества - до 50 грама. Со редовното јадење чоколадо, ризикот од напад се намалува за околу осум отсто, а на артериските болести за околу пет отсто. Најважно е да не се претерува со чоколадото и да се избира она со што поголем процент какао.
11-09-2010, 01:05 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#51

Зошто е здрава рибата?




[Image: 5ACA9D968F714E4D8739B53D6E83CB7E.jpg]



Јадењето риба е многу значаен дел од здравата исхрана на луѓето, најмногу поради масните киселини од типот омега-3, за кои не постои супститут. Постојат, на пример, убедливи докази дека рибиното месо содржи материи кои ги спречуваат и помагаат при лекувањето на разни кардиоваскуларни заболувања. Дури и мало количество риба вметнато на дневното мени може да направи разлика. Една холандска студија открива дека само 30 грама рибино месо дневно го намалува ризикот од срцеви заболувања за една половина. Тајната е во тоа рибата да се приготвува со печење или со варење, со што би се зачувале нејзините хранливи вредности. Светскиот просек на јадење риба и други морски плодови изнесува околу 17 килограми на жител годишно, додека во развиените европски земји тоа количество ја надминува бројката од 37 килограми на жител во текот на една година. Во Македонија, за жал, бројките покажуваат дека потрошувачката на овој вид храна е некаде околу 3,5 килограми на жител годишно, што е далеку зад светскиот просек. Сепак, тенденцијата на пораст на јадењето риба и други морски плодови во изминатиот период влева оптимизам дека и кај нас сè повеќе се насочува внимание кон здравата исхрана, која е основниот постулат за добросостојбата на еден човечки организам.
11-09-2010, 01:21 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#52

СМЕЕЊЕТО е најдобар лек

[Image: 9D571CCED4417544895AE085EEFB2F48.jpg]

* Ве смирува

Со смеењето не само што ќе се ослободите од негативните емоции како гневот, љутината, тагата и депресијата, исто така ќе го покачите нивото на ендорфините - хормони на среќата, кои ќе ви помогне да го подобрите расположението. Со самата помисла на тоа дека ќе се смеете, веќе сте помалку депресивни и лути. Истражувањата покажуваат дека по гледањето комедии, нивото на депресија и гнев опаѓа за неверојатни 98 проценти.

* Одлично козметичко средство

Заборавете ги скапите третмани за убавина и смеејте се за убава кожа. Смеењето е одлично козметичко средство. Ги затегнува мускулите на лицето и ја подобрува циркулацијата, што ви дава природен сјај.


* Го подобрува имунитетот

Смеењето ви помага да се борите против инфекции и болести. Откриено е дека по смеењето организмот произведува повеќе антитела во носот и дишните патишта, кои можат да помогнат во спречувањето на бактерии и вируси. Смеењето исто така го зголемува бројот на клетките кои се борат против ракот.

* Добро е за вашето срце

Смеењето ги проширува крвните садови и помага во циркулацијата на крвта низ вашето тело. Утврдено е дека 10 минути смеење доста го намалуваат крвиот притисок. Смеењето исто така може да не добиете инфаркт, бидејќи го спречува згрутчувањето на крвта во артериите, носи повеќе кислород во вашето срце и ја подобрува циркулацијата. Дури е добро и за тие што веќе имале инфаркт - 30 минути хумор на ден го намалува ризикот од втор инфаркт.

* Ја намалува болката

Неколку медицински испитувања имаат пронајдено дека смеењето испушта ендорфини - природните аналгетици на вашето тело. Еден Американец, кој страдал од тешка болест на 'рбетот, вели дека само 10 минути смеење од стомак дневно му давале по два часа одмор од болките кога лековите не успевале.
Исто така, пациентите кои слушале шеги пред и после операција чувствуваат помалку болка од другите пациенти.

* Добро е за вашите бели дробови

Смеењето е одлична вежба за луѓето кои боледуваат од астма или бронхитис. Кога се смеете, го подобрувате капацитетот на вашите бели дробови и го зголемувате нивото на кислород во крвта. Градната физиотерапија ја вади слузта од белите дробови, но смеењето го прави истото, само многу полесно и попријатно.

* Го победува стресот

Додека се смеете, телото е стимулирано и вежба на некој начин, додека потоа, телото се опушта и се одмора. Смеењето ќе ви помогне да се ослободите од емотивни, физички и ментални тензии. Всушност, една минута добро смеење е еднакво на околу 45 минути релаксирање.

* Ве става во подобра форма

Смеењето е еден вид на аеробно вежбање, бидејќи вдишувате повеќе кислород кога се смеете и тоа го стимулира вашето срце и циркулацијата. Се нарекува "внатрешен аеробик", бидејќи ги масира сите органи во вашето тело и им помага да работат поефикасно. Една минута смеење е еднакво на 10 минути на машина за веслање или 15 минути на велосипед за вежбање. Смеењето е одлично за затегнување на стомачните, грбните и ножните мускули. А кога би можеле да се смеете од срце еден час, би согориле 500 калории - еднакво на еден час брзо трчање.
14-09-2010, 01:12 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#53

Ве мачи ли надуениот стомак?




[Image: B775709C751AC94B8EE679CDF376FB32.jpg]



Надуеноста на стомакот е проблем со кој се соочуваат многу луѓе, а токму исхраната е виновна за него. Еве кои се причините кои ја поттикнуваат надуеноста и како истите може да се спречат.

Пребрзо јадење
Брзото јадење му штети на стомакот. Џвакајте ја добро храната дури и кога немате доволно време за тоа. Така, телото полесно ќе ја свари, а вашиот стомак ќе биде рамен.

Житарки
Преминувањето на исхрана со житарки кај некои луѓе предизвикува болки во стомакот и надуеност. Преминот започнете го бавно и постепено за да може организмот да се навикне.

Грав и грашок
Овие намирници содржат несварливи јаглехидрати кои се причина за надуеноста на стомакот. За да ги ублажите последиците оставете го гравот во вода преку ноќ и тој полесно ќе се вари.

Зачините помагаат
Ако обожавате карфиол и брокула знајте дека тие честопати предизвикуваат надуеност. Проблемот ќе го решите ако во јадењето додадете зачини како коријандер, анасон и ким.

Пекарски деликатеси
Свежите пекарски производи тешко ќе му паднат на желудникот и ќе предизвикаат надуеност. Затоа, најдобро е да ги избегнувате.

Кромид
Свежиот кромид тешко се вари, но ако не сакате да се откажете од него пред да го консумирате, држете го во сок од лимон или кратко пропржете го.

Минерална вода
Премногу минерална вода не е добра за надуеноста. Најдобро е да се пие обична вода и тоа минимално 1,5 литри дневно. За смирен желудник одлични се и чаевите.

Премалку движење
Опуштениот живот без многу движење води и до опуштен дигестивен систем. Бидете активни во текот на денот, па наместо дремка изберете лесна прошетка
16-09-2010, 12:42 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#54

Намирници за концентрација




[Image: 9B8D9480334EA5458A3EBEA4DA3B12C7.jpg]



Одамна се знае дека едни намирниците и помагаат на концентрацијата, а други и пречат. Во времето на стара Грција и Рим постоело верување дека треба да се конзумира мозокот од животните за да се стане поостроумен. Но, овие мислења сексо дека денес се порешни, затоа што човечкиот мозок не се храни со протеини туку со глукоза. За добра функција на мозокот потребни се јаглехидрати кои брзо се претвараат во глукоза. Потоа за стимулација се користат средства кои имаат кофеин. Па кафето, чајот, чоколадата и какаото делоуваат благо стимулативно.
За подобрување на памтењето се користи екстракт од билката гинико билоба, чија детална состојка ја стимулира циркулацијата во крта низ ситните капелари во мозокот. Секако дека колку повеќе има хранливи материи и кислород во мозкот толку е подобра меморијата и процесот на размислување.
22-09-2010, 01:10 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#55

Со свежо овошје исчистете го организмот од отрови



[Image: A61100BC1BAEF94BB93E6DAFF88BC98F.jpg]



Свежото овошје е неисцрпен извор на витамини, минерали и растителни влакна. За добро здравје идеално е да козумирате овошје барем по 4 до 5 пати на ден. Бидејќи витамините и минералите се во природен облик телото лесно ги вари и апсорбира. Јаболките содржат А, Ц и Е витамини. Ако редовно ги јадете ја намалувате можноста од заболување на рак на дебелото црево и простата. Јаболките се добри и за срцето, ја регулираат тежината и го намалуваат холестеролот. Бананите се добар извор на калиум, витамини А, Ц и Б6 и фолна киселина. Црешите пак се лек против восплаенија и поседуваат способност за намалување на болките.
Смоквите содржат витамини А и Ц, фолна киселина и ниацин. Кивито се богати со А, Ц и Е витамини, Б-комплекс, калциум и железо.
22-09-2010, 01:14 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#56

Црниот чај го спречува настанокот на забниот камен



[Image: AB62108A55B03F43A959E2A7DA768815.jpg]



Студијата спроведена на Колеџот за стоматологија во Чикаго покажа дека лицата кои усната празнина ја плакнат со црн чај неколку пати на ден имаат помалку забен камен отколку лицата кои за плакнење користат вода. Причина за тоа се полифенолите присутни во чајот, кои ги уништуваат ензимите на бактериите одговорни за натрупувањето на каменот.
Со поранешните истражувања се констатира дека црниот чај штити од срцеви и болести на крвните садови, од некои типови на рак, како и тоа дека го намалува развојот на бактериските инфекции. Новите студии покажаа дека црниот чај содржи тифлавини и тирубигени, состојки кои дејствуваат позитивно врз здравјето, кои претходно му се припишуваа исклучиво на зелениот чај.
24-09-2010, 02:02 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#57

Не кратете од сонот




[Image: F03756E5C5E3834B868C56CDD5023735.jpg]



Недостигот од сон може да доведе до промени кај личноста и да влијае врз квалитетот на одлучувањето, дури и кај секојдневните дилеми. Било направено истражување како ќе реагираат испитаниците во донесувањето одлуки по нормален сон и по 53 непроспиени часа. Во вториот случај, испитаниците биле видно вознемирени и им требало подолго време да донесат одлука. Во таквата состојба, речиси сите ги прифатиле "полесните решенија", иако тие ни одблиску не биле во согласност со нивните морални начела.
24-09-2010, 02:06 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#58

Јадете риба во текот на бременоста



[Image: 311BCAC5FD04EA4AAB5C264141F53513.jpg]




Спротивно од досегашните американски препораки трудниците да го ограничат консумирањето риба во текот на бременоста, најновите студии го покажале спротивното.
Рибата е богата со омега-3 масни киселини, кои се битни за развојот на мозокот на детето. Иако беше апелирано поради тешките метали во водите, трудниците да јадат порција риба неделно, една студија на англиските стручњаци ја истакнува нутриционистичката предност на детето чија мајка јадела повеќе од порција риба неделно во текот на бременоста. Според студијата, во текот на бременоста на мајките им се препорачуваат 340 грама риба неделно, што значи три порции. Ова помага за развојот на детето, тврдат стручњаците од Велика Британија
28-09-2010, 01:34 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#59

Смоквите хранливи и калорични



[Image: 1428C86A3C5BF84B9C0CF270FB8BF35C.jpg]



Поради пријатниот вкус и хранливата вредност, смоквите се мошне ценето овошје. Се јадат свежи или сушени, а се користат и за преработка. Смоквата е полна со ситни семчиња. Зрелиот плод има многу млечен сок.
Смоквата содржи околу 21 отсто сува материја, од кои јаглени хидрати, т.е. шеќер 18 отсто, 1 отсто белковини и околу 0,1 отсто масти. Сто грама свежи смокви даваат 80, а сувите смокви 275 калории.
Содржината на витамините во 100 грама смокви е следниот: околу пет милиграми витамин Ц, по 0,05 милиграми витамините Б1, Б2, Б6 и ПП. Од минералните материи тука се: околу 238 милиграми калиум во свежи и 882 милиграми во суви смокви, околу 46 односно 178 милиграми калциум, околу 31 и 116 милиграми фосфор, околу 21 и 77 милиграми магнезиум, околу 15 и 80 милиграми хлор, околу 11 и 52 милиграми сулфур и 3 односно 26 милиграми натриум.
Смоквата е природно средство за чистење и за отстранување на слузта, за јакнење на желудникот. За чистење се земаат добро измиени суви смокви потопени во млака вода. Се оставаат да отстојат 24 часа, а утредента, пред појадокот, се јадат заедно со водата во која отстојале. Сувата смоква варена како чај, помага при воспаление на грлото и на белите дробови. Компотот од свежи смокви лекува и најтешки облици на лошо варење. Млечниот сок на смоквата помага за отстранување на брадавиците од кожата.

***

Слатко

За да уживате во слаткото, потребно е да соберете се уште недозреани плодови, а како такви ќе ги препознаете по тврдината и по тоа што од искинатата дршка ќе тече млеко. На еден килограм смокви потребни се еден килограм шеќер и 250 милилитри вода. Шеќерот се топи во водата, а потоа со смоквите се вари во тенџере додека не исчезне пената. Не е лошо во слаткото да ставите и неколку тркалца од лимон. Топлото слатко се сипа во чисти тегли, се остава да се подизлади, а потоа теглите се затвораат.
Понекогаш, слаткото во теглите се кристализира, како мед. Ако тоа се случи, потопете ја теглата во вода и грејте ја додека кристалите не се растопат.
28-09-2010, 01:41 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#60

Љубовен триаголник - тој, таа и компјутерот




[Image: B6A95ECF1CE3214A9B8B65A28312D9E9.jpg]




Компјутерите станаа се понеизбежен и задолжителен дел од секојдневието. Тие го променија начинот на работа, начинот на меѓусебна комуникација, па станаа и пречка во односите на блиските. Ова неодамна го објави сајтот "Глас на Америка".
Американците едноставно се вљубени во своите компјутери, а 84% од луѓето во светот денес се многу позависни од компјутерите отколку од пред неколку години. Според некои истражувања, потврдено е дека две третини од луѓето го минуваат своето време пред компјутерот, наместо со партнерот. Психијатрите дури тврдат дека компјутерите станеле сериозна пречка во односите меѓу партнерите
28-09-2010, 01:45 PM
Reply