Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 13 Vote(s) - 1.77 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Совети за здравјето
Author Message
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#21

[/align]Апетитот и фитнесот

Многу од нас се лажат дека спортските активности водат до зголемување на апетитот. Некои дури одбиваат да прават вежби наутро за да не го зголемат својот апетит во текот на денот, а заради истава причина некои дури и не одат во фитнес салите. Ваквите тврдења се апсолутно неосновани и невистинити и многу студии покажуваат дека апетит се зголемува кога спортски активности сè со умерен интензитет.

По долги и интензивни вежби може дури да се потисне апетитот.

Всушност, чувството на зголемен апетит по тренингот се должи повеќе на психички, а не на физиолошки причини. Луѓето често се лажат дека согориле многу калории, затоа можат да консумираат повеќе храна, без да си наметнуваат ограничувања. Оваа заблуда сепак скапо се плаќа понекогаш.

Ако по работа, училиште или друга активна дејност се чувствувате уморни, слаби или занесени, подобро е да се консумираат јаглехидрати со среден гликемиски индекс. Еден плод или мала кришка леб, дури една чаша обична вода може да го олесни заморот.

По напорен тренинг не значи дека сме гладни. а дури и да сме гладни, пак треба да го контролираме внесувањето на калории, за да останеме во разумен и балансиран режим. Ако тренингот е помеѓу два оброка, тоа ќе ви дозволи полесно да го контролираме внесувањето на храната.

Ако не тренирате секој ден споредете го вкупното количество внесени калории во деновите во кои не сте тренирале со внесените калории во деновите кога сте тренирале и направете ги неопходните корекции. Хранете се секогаш со мали порции, за да не дозволите прејадување. Ако по фитнесот чувствувате силна глад, можете да одберете друг спорт, но можете да го промените и темпото на правење на вежбите.

Со текот на времето ќе ја изградите својата мускулна маса, која бара многу повеќе енергија. На овој начин ќе го зголемите метаболизам во организмот и телото со што ќе согорите повеќе калории. Сето тоа ќе ви помогне да ја зацврстите вашата мускулна маса, но запомнете дека активниот тренинг не е причина да јадете неконтролирано.

А по утрешната гимнастика бидете сигурни дека чувството за глад воопшто не е предизвикано од вежбите, затоа што и едноставно не сте се измориле толку многу и немате изгубено многу калории.
05-02-2010, 11:59 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#22

Апетитот и фитнесот

Многу од нас се лажат дека спортските активности водат до зголемување на апетитот. Некои дури одбиваат да прават вежби наутро за да не го зголемат својот апетит во текот на денот, а заради истава причина некои дури и не одат во фитнес салите. Ваквите тврдења се апсолутно неосновани и невистинити и многу студии покажуваат дека апетит се зголемува кога спортски активности сè со умерен интензитет.

По долги и интензивни вежби може дури да се потисне апетитот.

Всушност, чувството на зголемен апетит по тренингот се должи повеќе на психички, а не на физиолошки причини. Луѓето често се лажат дека согориле многу калории, затоа можат да консумираат повеќе храна, без да си наметнуваат ограничувања. Оваа заблуда сепак скапо се плаќа понекогаш.

Ако по работа, училиште или друга активна дејност се чувствувате уморни, слаби или занесени, подобро е да се консумираат јаглехидрати со среден гликемиски индекс. Еден плод или мала кришка леб, дури една чаша обична вода може да го олесни заморот.

По напорен тренинг не значи дека сме гладни. а дури и да сме гладни, пак треба да го контролираме внесувањето на калории, за да останеме во разумен и балансиран режим. Ако тренингот е помеѓу два оброка, тоа ќе ви дозволи полесно да го контролираме внесувањето на храната.

Ако не тренирате секој ден споредете го вкупното количество внесени калории во деновите во кои не сте тренирале со внесените калории во деновите кога сте тренирале и направете ги неопходните корекции. Хранете се секогаш со мали порции, за да не дозволите прејадување. Ако по фитнесот чувствувате силна глад, можете да одберете друг спорт, но можете да го промените и темпото на правење на вежбите.

Со текот на времето ќе ја изградите својата мускулна маса, која бара многу повеќе енергија. На овој начин ќе го зголемите метаболизам во организмот и телото со што ќе согорите повеќе калории. Сето тоа ќе ви помогне да ја зацврстите вашата мускулна маса, но запомнете дека активниот тренинг не е причина да јадете неконтролирано.

А по утрешната гимнастика бидете сигурни дека чувството за глад воопшто не е предизвикано од вежбите, затоа што и едноставно не сте се измориле толку многу и немате изгубено многу калории.
06-02-2010, 12:01 AM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#23

Луѓето кои 'рчат треба да ослабат

БЕРЛИН (ДПА) - Според германското здружение на отоларингологисти луѓето кои сакаат да престанат да 'рчат најдобро е да спијат настрана или со горниот дел од телото во благо подигната положба. Ослабувањето, исто така, може да помогне и луѓето кои 'рчат не треба да пијат алкохол пред спиење. Доколку овие мерки немаат ефект, лицето кое 'рчи можеби страда од болест чии симптоми се опасни прекини во дишењето. Ако се работи за ваков случај докторот може да препише лицето да употребува направа за постојан позитивен воздушен притисок, која доаѓа со специјална маска.
Понекогаш се препорачува помала операција со цел да се стврдне мекото палатално ткиво. Германските доктори за уво, грло и нос изјавија дека процедурите значително го подобруваат квалитетот на спиењето на пациентите - тие се пробудуваат одморени и не се толку уморни во текот на денот.
http://izvor
10-02-2010, 02:13 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#24

Смирете ги синусите

Една лажичка мајчина душица кратко проварете ја во 200 мл вода. Чајот оставете го да отстои 10 минути, па прецедете го. Пијте го што почесто во текот на денот како незасладен чај или засладен со малку мед.
10-02-2010, 02:15 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#25

Внимавајте при комбинирањето на витамините

Најважно е тие правилно да се комбинираат и внесуваат во организмот за максимално да се искористи нивното корисно дејство


Витамините се магични супстанции и најголем пријател на човековиот организам што му помага да се избори од болестите. Но, залудно ги внесуваме ако нивното дејство е уништено. Сигурно ви е познато дека некои лекови и супстанции ги уништуваат витамините.
Најважно од се е тие правилно да се внесуваат и да се комбинираат, за максимално да се искористи нивното полезно дејство врз организмот.

Еве ги комбинациите што не смеете да ги внесувате:
Морковот комбиниран со рафинираното парафинско масло. Морковот е извор на каротин и витамин А. Но, не и кога тој ќе дојде во контакт со рафинирано парафинско масло. Маслото оневозможува провитаминот А од морковите да се претвори во витамин А.
Антибиотиците се лекови што редовно ги пиеме кога сме болни, но тие се најголеми уништувачи на витамините А, Б и К. Тие ја уништуваат цревната флора која го произведува витаминот К.
Ако вашата цревна флора е оштетена и имате пролив. Оштетената цревна флора, оневозможува варење на витаминот А и ве лишува од витаминот Д.
Стресот го уништува присутниот витамин А во организмот, предизвикувајќи сериозен недостаток. Доколку сте под стрес, почнете да јадете домати бидејќи изобилуваат со витамин А.
Лаксативите се таблети кои се користат во случај на опстипација, односно запек. Тие ја подобруваат работата на мрзливите црева, но истовремено ја спречуваат асимилацијата на витаминот А.
Белиот, глазиран ориз ги уништува сите витамини од групата Б што сте ги внеле по природен
пат во организмот. Од житарките и пченичните клици нема да имате корист ако по оброкот се напиете чаша пиво или вино. Комбинацијата шеќер во кафе го уништува витаминот Б1.
Конзервирана храна плус витамин Ц. Конзервираното овошје не содржи витамин Ц, а неговото консумирање го уништува веќе присутниот во организмот.
Аспирин плус витамините К и Ц. Аспиринот е одличен за смирување на главоболката, но залудно го пиете во комбинација со витамин Ц. Аспиринот ја спречува асимилацијата на витамините Ц и К.
Лекови за смирување плус витамин Ц. Скапоцениот природен витамин Ц се лишува од организмот кога ќе дојде во контакт со одредени седативи.
Котикоиди плус витамини А, Б и Ц. Медот, портокалите, интегралниот ориз нема да можат да ви ја пренесат својата енергија ако користите кортикоиди. Кортикоидите пречат при апсорпцијата на витамините А, Б и Ц.
http://izvor
15-02-2010, 03:04 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#26

Што содржат ф'стаците

100 грама фастаци содржат речиси исто толку железо колку и 100 грама спанаќ. Истражувањата, исто така, покажуваат дека, како дел од здравата диета, ф'стаците можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања; тие содржат високо ниво на здрави, незаситени маснотии, правејќи ги богати со високо згуснати липопротеини, кои помагаат во исфрлањето на штетниот холестерол надвор од организмот. Истражувачите откриваат дека луѓето со високо ниво на масти во крвта покажуваат пониско ниво на холестерол по шест недели поминати на диета со ф'стаци, а не само со риба, овошје и зеленчук.
26-05-2010, 12:33 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#27

Житата ги греат нозете

Ако често ви се ладни прстите од нозете или од рацете, тоа може да биде последица од масните наслојки на крвните садови кои го спречуваат дотекот на крв и кислород до тие периферни делови на телото. Причина за овие тешкотии може да биде и недостиг на витаминот Д, па така, ако сакате превентивно да дејствувате, јадете продукти богати со овој витамин. Меѓу другите, тоа се млекото, млечните производи, житата и жолчката од јајце.
27-05-2010, 12:58 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#28

Со какао намалете го притисокот

Неодамна направеното истражување потврди дека производите богати со какао даваат исти ефекти како и лековите за контрола на високиот крвен притисок. Се покажа дека пациентите кои во исхраната користат какао го намалуваат ризикот да добијат мозочен и срцев удар за 10-20 отсто. Тие резултати се многу подобри од добиените по истражувањата со зелениот и црниот чај, со овошјето и зеленчукот, а причина се исклучително ефикасни полифеноли од какаото. Сепак, научниците предупредуваат дека продуктите кои содржат какао мора да се користат во разумни количества, со оглед на тоа оти повеќето од нив содржат значителни количества на шеќер, маснотии и калории.
27-05-2010, 02:09 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#29

Оревот ја чисти кожата

Пролетта е време за берење на млади листови од ореви од кои, откако ќе се исушат и со додаток на мед, се подготвува чај за чистење, подобро варење, против болки во коските, гнојни рани и за плакнење на воспалени очи. Чајот се покажа ефикасен и во случај на рахитис, општа слабост, крвавење од непцата, акни, лишаи на кожата и против прекумерно потење на нозете.
27-05-2010, 03:19 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#30

Варените моркови се покорисни

Познато е дека со готвењето зеленчукот губи дел од драгоцените состојки. Единствено, морковите се исклучок. Нутриционистите открија дека со варењето на морковите, количеството на бетакаротен и на фолната киселина, важни елементи за организмот, се зголемува за една третина. Овие состојки го штитат здравјето од слободните радикали кои го разоруваат телото и го слабеат имунолошкиот систем.
10-06-2010, 12:55 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#31

Ѕвезда помеѓу витамините


Познато е дека витаминот Ц го јакне имунолошкиот систем, витаминот Е е клучен за убавината, а за витаминот Д некогаш се знаело само дека е важен за нашите коски. Но бројни истражувања покажале дека тој може да стори многу повеќе за човековото здравје. На нашето тело му е потребно сонце за да може да го создаде овој витамин, а бидејќи во овој период го има во изобилство, дознајте за што се е користен.

За добро расположение
Ако сте забележале дека вашето расположение се подобрува со убавото време, за тоа е заслужен овој витамин. Имено, сонцето го поттикнува неговото производство, а тој пак го поттикнува расположението.

За здраво срце
Бројни истражувања покажале дека срцевите заболувања се зачестуваат во зимскиот период и тоа во северните земји, што е доволен доказ дека причината лежи во недостатокот на овој витамин во тој период од годината.

За јак имунитет
Овој витамин е природен антибиотик. Денес се знае дека ги убива батериите кои ја предизвикуваат туберкулозата. Лицата со недостаток на Д имаат дури 40 отсто зголемен ризик од настинки.

За витка става
Не очекувајте излежувајќи се на сонце да загубите килограми, но витаминот Д влијае на тоа колку килограми ќе загубите. Повеќе витамин Д во телото - повеќе загубени килограми.

За цврсти коски
Само со помош на овој витамин нашето тело може да го искористи калциумот, кој им е неопходен на коските.

За здраво бебе
Новороденчињата по породувањето добиваат витамин Д во таблети и тој е важен уште од самиот почеток на животот. Но исто толку важно е одржувањето на потребното ниво на овој витамин и во текот на бременоста.

За подобра работа на мозокот
Витаминот Д ја зголемува способноста и работата на нервниот систем, па поради тоа нашиот мозок станува поактивен. Истражувањата покажале дека подобро помниме и ги обработуваме добиените информации.
16-06-2010, 03:13 AM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#32

Подмладете се со црвена пиперка

Црвената пиперка е одлична храна. Доколку јадете црвени пиперки, тоа нема да ве доведе до прерано стареење. Но, тие мора да бидат свежи. Значи, да се избегнува пржена или печена пиперка. Пиперката го заменува морковот. Свежата пиперка е одлична за заштита на панкреасот, бешиката, грлото на матката.
21-06-2010, 01:09 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#33

Овошје против мозочен удар

Оштетеувањата кои остануваа по мозочниот удара може да се намалат со козумирање на овошје и зеленачук. Тие содржата многу антиоксиданси кои го чуваат здравјето на клетките. Луѓето кои преживеале мозочен удар би требало да јадат двојно поголемо количество на овошје и зеленчук (боровиките и спанаќот за 75 % го намалуваат бројот на изумрени клетки во мозокот кои биле погодени од ударот). Исто така, ако јадете овошје и зеленчук, редовно , по пет оброка на ден, може да ја намалите силата на мозочниот удар. Според научниците овошјето и зеленчукот се превенциа против мозочен удар.
21-06-2010, 01:17 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#34

Недоволно сон - подебели мажи[/b


Сонот не е клуч за убавина само кај жените, туку и кај мажите. Новата студија покажала дека мажите кои спијат помалку од пет часа имаат предиспозиции да станат претерано дебели. Освен што им прети ризикот од поголема тежина, постои ризик од зголемено ниво на шеќер во крвата што доведува до дијабетис. Јапонските стручњаци тврдат дека с помалку сон се активира хормонот кои предизвикува зголемен апетит. Зтоа оние кои помалку спијат по често го отвараат фрижидерот. Осве што хормонот го зголемува чувството на глад, апетитот се задоволува со високо калорична храна, што е проблем за телесната маса. Во студијата се направило истражување на 22 илјади мажи, чија телесна тежина, зардаи помалку сон бил испитувана од 1990 до 2006 година. Оние кои помалку спиеле се здебелиле, за разлика од оние кои спиле по осум часа дневно
21-06-2010, 01:51 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#35

Храна која треба да ја јадете



Цвекло

На цвеклото мислете како на црвен спанаќ, бидејќи е богат извор на фолна киселина како и на природни црвени пигменти кои можат да се борат против ракот. Јадете го свежо, живо и рендано во салата. Загревањето ја намалува антиоксидантната моќ.

Зелка

Преполна со хранливи состојки како сулфорафан, хемикалија за која велат дека ги зајакнува ензимите кои се борат против ракот. Јадете ја рендана зелка во азиски стил или како крцкава состојка во бургери и сендвичи.

Цимет

Помага во контролата на шеќерот во крвта и холестеролот. Ставете во кафе или во овесна каша.

Сок од калинка

Се чини дека го снижува крвниот притисок и полн е со антиоксиданти. Само пијте го.

Суви сливи

Добро, суви се, ама полни со антиоксиданти кои се борат против ракот.
Завиткајте во пршут и испечете.

Семки од тиква

Најхранливиот дел од тиквата и полн со магнезиум; високото ниво на минералот е поврзано со намален ризик од прерана смрт. Јадете ги печени како грицки, или во салата.

Сардини

Содржат многу омега-3, практично воопшто не содржат жива и се полни со калциум. Содржат и железо, магнезиум, фосфор, калиум, цинк, бакар и манган како и сите Б витамини. Изберете сардини пакувани во маслиново или сардинско масло. Јадете ги какви што се, мешани во салата, во тост, или изгмечени со сенф и кромид како намаз.
22-06-2010, 12:40 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#36

Јаболки по јадењето, портокали против маста

Тие содржат пектин, кој како сунѓер ги впива маснотиите од калоричната храна. Помага во нивното излачување за да не отидата врз вашите колкови во вид на масни перничиња.
Чаша свежо исцеден сок од портокал пред јадење ќе го поттикне излачувањето на соковите за варење. Желудникот подобро ќе го свари јадењето, а маснотијата побрзо ќе се исфрли.
24-06-2010, 12:53 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#37

Зошто се добри краставиците и доматите


Сега е сезона на краставиците и доматите. Затоа трудете се што повеќе да ги користие во оброците.
Еве зошто:

* Краставица

Краставицата е одлична за разубавување, слабеење, освежување на лицето. Борец против болестите на желудникот и цревата, помага при запаление на кожата, ги лечи мочните канали, срцеви болест, ја чист крвата. За дивата краставица знаеле жителите на Хималите, пред 5 илјади години. Но, долго време требало за да се открие како се може да се употребува оваа билка. Доволно е само да ја излуштите и да ја конзумирате. Има огромен процент на вода (95%), па затоа и има мала енергетска вредност. Во краставицата има минимално присуство на белковини (0,6%), масти (0,1%) и нешто повеЌе јаглехидарит (3,2%). Треба да се напомене големото присуство на минерали, околу 400 милиграми, и тоа калиум, калциум, фоисфор, натриум, кој ја чината лековита оваа билка.

Краставицата е добра за очите

Исцедете сок од свежи краставици. Земете една газа или памук и натопете ја во ова течност, па овие облоги ставете ги наочите. седете така цели 20 минути. По ова измијте се со ладен чај камилица.

* Домати

Јадете домати. Тие помагаат за јакнење на одбрамбениот систем на организмот, одлични се за слабеење затоа што даваат чувстви на ситост. Помагаат во борбата против заболување на плуќата, го регулираат високиот крвен притисок, ја исфрлаат водата од организмот, се користата за лечење на дијабетисот, болеси на црниот дроб и реума.
За доматите се вели дека се посебно здрава храна. Во Европа се донесени, дури одкако се пренесени од Амеирика. Едно време се короистеле за украс, а дури се мислело и дека тоа е отровна билка. Покрај водада која ја има најмногу во доматот, има и нешто јаглехидрати, белковини. Во зрелиот домата има посебно многу витамини и минерални соли. Застапен е Ц витаминот, исто колку во лимонот и портокалите.

Домати за чист тен

Свежиот домата е одличен за нега на кожата на лицето. Пред спиење лицето треба да го измите со ладен чај од камилица, нае или липа, а потоа да го истиете со сок од свежи домати. Остваете го лицето само да се исуши, па затоа ќе го измиете дури утре дента со млака вода. Тенот за брзо време ќе ви стане бел, чист и помек.
Исто така, ако имате кожни воспаленија од полесна природа, како на пример воспаление на заноктиците, доматите се вистински лек. Едноставно, обложете го восплаеното место, прицврсте го нежно со завој, и повторувајте го тоа неколку пати на ден. Ефектот е брз.
30-06-2010, 12:49 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#38

Едноставни домашни лекови за летни тегоби


* Кога температурите се искачуваат над 30 степен, последното нешто кое го сакате се изгореници или каснување од инсект. Проверете ги евтините и едноставни лекови за најчестите проблеми на летната сезона.

* Изгореници - како решение може да послужи винскиот оцет. Тој содржи ацетична киселина, една од компонентите на аспиринот. Оцетот ќе ги ублажи болките, чешањето и воспалението. Натопете неколку шамивчиња со оцет и ставете ги на загрозеното подрачје.
Алергија од сонце - прашокот за печиво е добар за колачи, но тој помага и при алергијата на сонце. Направете млака купка во која сте додале неколку лажички прашок за печиво. Тој ќе го намали чешањето и ќе го поттикне заздравувањето.

* Пликови - во овој случај помага алое вера. Исчистете го пликот со вода и сапун, а потоа нанесете гел од алое. Користете го исклучиво гелот од оваа билка, бидејќи некои козметички производи содржат алкохол, кој ја суши кожата.

* Вода во уво - таа може да доведе до инфекција на ушниот канал бидејќи кога ќе се задржи во увото, почнуваат да се развиваат бактерии и габи. Испробајте ја антибактериската моќ на лукот. Купете масло од лук и користете го како капки за уши или исчистете 3 чешниња, прелијте ги со маслиново масло и оставите да отстои преку ноќ. Извадете го лукот и ставете 3 капки од маслото во болното уво.

* Каснување од инсект - капнете на местото масло од нане кое има ефект на ладење и ја подобрува циркулацијата, која, пак, го забрзува процесот на заздравување. Како алтернатива може да послужи и забната паста со пеперминт.

* Гребаници и исеченици - ако можете да го сопрете крварењето, сте завршиле најголем дел од работата. Потребна е само маст со антибиотичко дејство. Немате? Капнете малку мед на газа и превиткајте ја раната. Медот има антибиотички својства и го забрзува заздравувањето.
07-07-2010, 03:00 AM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#39

Лековитоста на босилекот


Босилекот, како и повеќето зачински билки, кој на јадењето му дава карактеристичен вкус, е одлична замена за солта, па начинот на исхрана во кој место сол се користи босилекот посредно дејствува и на намалување на високиот крвен притисок и отстранувањето на целулитот. Освен што го подобрува вкусот и го збогатува мирисот на многу јадења, босилекот со своите состојки поволно влијае врз здравјето на организмот.
Босилекот го поттикнува апетитот, поволно влијае врз варењето и врз рамнотежата на цревната флора. Во облик на чаеви најчесто се применува кај лекување на воспаленија на желудникот и цревата и кај болестите на мочните органи, го ублажува кашлањето и лекува афти. Маслото од босилек се смета за одлично средство против акни.
Поволно дејствува и врз нервниот систем - ги смирува нервната напнатост, мигрената, го подобрува памтењето и го отстранува менталниот замор.
Облогите од босилек го забрзуваат заздравувањето на раните, а свежите листови се одличен домашен лек против каснувања од комарци. Со прсти свежите листови иситнете ги и истријте го местото од каснувањето.
Етеричното масло од босилек има антибактериско, антивирусно и антисептичко дејство.
07-07-2010, 01:45 PM
Reply
perfectford Away
Administrator
*******

Posts: 69
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#40

10-07-2010, 12:46 AM
Website Reply