Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3.17 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЛУЧУВАЊАТА ВО АВСТРАЛИСКО НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Quote:НАМЕТНАТО ЦРКОВНО-ПАРТИСКО РЕШЕНИЕ ЗА ДВЕ ЕПАРХИИ ВО АВСТРАЛИЈА




Во услови на силни притисоци, уцени и мешање на политички партии, Здружението на македонски заедници од Австралија вели дека е принудено да ја прифати одлуката на Синодот на МПЦ за подделба на Австралиската епархија на два дела. Едната под администраторство на владиката Петар, за втората ќе се чека Синодот да назначи владика.

Претседателот на Здружението Игор Александров повтори дека договорите со Синодот на МПЦ оделе во добра насока, се` додека не се вмеша политиката, односно ВМРО ДПМНЕ во црковните работи. Оваа партија на денот на преговорите излезе со соопштение дека поддржува поделба на епархијата на два дела, со што само го продолжи расколот, изјави Александров.

Реагирале и кај пратеникот на оваа партија избран од дијаспората од Австралија, но добиле одговор дека тој не е запознаен со соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое партијата на денот на преговорите објави дека поддржува поделба на Епархијата. Здружението на македонски заедници не е задоволно од ова решение но го прифаќа со надеж дека владиката кој ќе раководи со втората епаргија набргу ќе види како владиката Петар раководи со неговата епархија и дека во иднина МПЦ сепак ќесе реши за обединување на двете епархии.
15-12-2012, 01:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

24-12-2012, 04:07 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23



Quote:Toni Dimitrievski


Dva razlicni svetogledi spickani na tema - materijalni dobra. Sepak se cini deka komunistickioto vo MPC kako da e "zarceto" za plamenot. A "eksproprijacijata" teshko vrvi na zapadot. Bashka drcnost preterana - kaj sakash da odzemesh pa ushte epten gazda da se pravish na odzemenoto ne odi. Zal mi e samo za monahot otec Gavril, dobar covek, duhoven, a ispadna kolateralna shteta
08-11-2015, 01:05 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24

16-11-2015, 01:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25

Quote:Верниците во Австралија им одржаа лекција на свештениците


[Image: b4787a4a5d6711adf08fa27fc1cba139_L.jpg]



Вторник, 24 Ноември 2015 
Се одржа народниот собир за поддршка на Отец Гаврил и врачање на духовниот живот во Манастирот Св. Прохор Пчински во Донибрук во Мелбурн Австралија.
За првпат во историјата на Македонската Православна Црква во Авсрстралија толку достојно,мирно со преполнета сала да се одржи еден таков јавен собир досега така нее ни видено ниту случено. Верници за поддршка имаше скоро од сите Епархиски цркви од Мелбурн , може слободно да се каже верниците не подклекнаа на огромните закани и заплашувања од свештениците ако присуствуваат на овај собир ќе бидат казнете и прогласени за расколници и избркани од црквата.
Мора да признаеме дека оние кои треба да даруваат љубов,вера,смирение и спасение изгледа ги прегазило времето и мислат и живеат уште во тоа време кога народот се плашеше со клетви,омраза,претни,со пекол,казни,судуви и камшик,едноставно забораваат тоа време е минато со сила,омраза и меѓусебна непочит ништо не бидува,забораваат дека добрината,љубовта и вистината се Вистинската Вера
На собирот од почеток се започна со истиријат за целокупниот живот на Манастирот од самиот почеток па до згаснувањето,потоа се прочитаа поздравните писма со подршка од неколку цркви ширум Австралија и на крајот се прочита писмото кое ќе му се испрака на Владиката Петар које беше едногласно прифатено. Ви го пренесуваме писмото во целост:
Дата: 23.11.2015
До Високопреосвештениот митрополит Петар, Администратор Австралиско-Новозеландски
Со длабока почит кон Вас, како наш претстојник пред Бога и наш пастир на Црквата Христова во Австралија и Нов Зеланд, ве известуваме дека на народниот собир за враќање на духовниот живот во манастирот Св. Прохор Пчински – Донибрук под раководство на игумен Гаврил (Галев), од верниот народ на оваа Епархија, се донесоа следните одлуки, т.е. молби упатени до Вас, нашиот духовен татко, кој се надеваме дека ќе ги услиша нашите гласови и ќе ја исполни нашата желба за духовен напредок:
Поради фактот што во изминатите 10 години игумен Гаврил Галев се докажа како одличен настојател на манастирот Св. Прохор Пчински и успеа да го изгради духовниот живот на завидно ниво, а и поради тоа што изградбата на манастирот солидно се одвиваше колку што беше во негова можност, верниот народ бара истиот да се врати на претходната позиција и повторно да продолжи со раководењето на сите манастирски дејности и неговите духовни чеда.
Притоа, верниот народ бара неговото раководство да биде автономно, согласно со правилото дека игуменот најдобро знае што е најдобро за духовен и материјален напредок на неговиот монашки дом. Се разбира, тоа не значи самоволно владеење и непослушание, туку благоразумно раководење за спасение на душите на верниците.

[Image: au-melburn-03.JPG]

Со оглед на тоа што горенаведените барања на верниот народ не се изобилни и многубројни, ве молиме благовремено јавно да одговорите на истите.
Ваши во Христа,
Верниот народ За враќање на духовниот живот во манастирот Св. Прохор Пчински под раководство на игумен Гаврил Галев
Проследете ги и поздравните писма од верници од неколку цркви ширум Австралија:
Од Верниците при МПЦ Свети Никола во Перт. Почитувани Брака и Сестри од Манастирот Св. Прохор Пчински во Донибрук!
Ние верниците при МПЦ Св Никола во Перт длабоко сме загрижени и тажни за тоа што се случува во Манастирот Св. Прохор Пчински. Манастирот Св. Прохор Пчински беше и сеуште е' нашата надеж за иднината на православието мегу нас Македонците во Австралија. Манастирот раководен од многу почитуваниот молитвеник и Отец наш Гаврил го гледаме и го чувствуваме како едно срце што чука и што дава надеж и живот за сите нас низ цела Австралија. Сите Вие почитувани со Божја помош и раководство на Отец Гаврил создадовте едно јадро околу кое сите ние во блиска иднина требаше да ротираме. Затоа почитувани драги Брака и Сестри во Христа Распнатиот , ја имате нашата подршка за вракањето на духовниот живот во Манастирот Св. Прохор Пчински под раководство на отец Гаврил и иако нема да бидeме телесно на Народниот Собир во Мелбурн, но ке бидеме со нашите срца, души и мисли со сите вас. Дај Боже што побргу да се надмине овој проблем и да можеме слободно да му служиме на Бога и на ближните.
Со Љубов во Христа Бога Верниците при МПЦ Свети Никола во Перт.
Од верниците од Св. Богородица Пречиста, Ливерпул, Сиднеј 
Ние, верниците од македонската православна црква Св. Богородица Пречиста од Ливерпул сакаме да ја изразиме нашата поддршка за отец Гаврил Галев. Сите ние бевме многу нажалени и вознемирени кога чувме дека тој беше преместен и повеќе не е игумен на манастирот Св. Прохор Пчински во Донибрук. Тој има многу духовни чеда и преместувајќи го далеку од нив, најмалку што може да се каже, е загрижувачки. Го познаваме отец Гаврил како искрена и трудољубива личност и посакуваме да биде вратен како игумен во Св. Прохор Пчински, Донибрук. Се молиме владиката Петар да не’ услиша и да го направи она што е најдобро за верниците од Викторија и Австралија.
Со почит. 
ПОДДРШКА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ДУХОВНИОТ ЖИВОТ ВО МАНАСТИРОТ СВ.ПРОХОР ПЧИНСКИ - МЕЛБУРН (Верни чеда од Бризбан) Почитувани браќа и сестри од Мелбурн и околината. Со последните збиднувања воманастиорот Св.Прохор Пчински, помеѓу нас,верниците во Австралија, се создаде големавознемиреност, а воедно и загриженост занастанатата ситуација. Ние, како верници на мајката црква и редовничленови на богослужбите, познавајќи го многудобро отецот Гаврил, кој е воедно и наш духовенотец, не можеме, а да не кажеме дека вопоследните неколку години станаа драстичнипромени во воспоставениот литургиски живот наовие простори, токму со доаѓањето на нашиототец Гаврил, секако благодарение на неговатасмиреност и умешност и неговотопрофесионално работење на нивата Божја. Сонеговото несебично залагање се надмина секојанетрпеливост кон верниците и отецот успеа вонас да всади духовна смиреност, покажувајќи ниго вистинскиот Божји пат. Не можеме да гизаборавиме неговите успеси и несебичните добридела, жртувајќи се за нас и нашите семејства, безда го штеди неговото слободно време, тој секогашбеше достапен за нас како негови духовни чеда. Со ова наше обраќање сакаме да дадеме целоснаподдршка и да помогнеме за враќање надуховниот живот во овој манастир. Доколку сенадмине ова искушение и се врати отецот Гаврилво манастирот Донибрук, повторно ќе можемение, неговите духовни чеда, да ги примаменеговите совети и да го продолжиме нашиотдуховен напредок, како чеда на нашата Црква. Од отецот Гаврил научивме дека мисијата насвештенослужителите е да го прибират народоткон мајката црква и од нив да направат вистинскичеда Божји. Токму и тоа е нашата цел да сепродолжи тој континуитет во овој манастир, кадение, како негови духовни чеда, сме ги направилепрвите чекори на вистинско верување во Бога. Сенадеваме дека со оваа наше писмо и со целоснатаподдршка од наша страна, ќе се успее да сеслушне и гласот на верниците. Овие тешкимоменти најмногу се рефлектират кај нас,верните чеда на црквата, затоа очекувамеразбирање и разрешување на настанататаситуација. Се молиме искрено на Бога да ни дадесили да го издржиме сето тоа, да го сочувамесмирението и да останеме до крај доследни и вистински верници. Почитувани браќа и сестри и поддржувачи завраќање на духовниот живот во манастиротДонибрук. Веруваме цврсто дека и нам Господ-Бог нема да не остави, а да не изнајде начин да сенадмине ова искушение. Црквата е Божја и Бог ќеја чува, а од нас зависи како ќе се покажеме предБога, дали имаме страв од Бога, дали ќе муслужиме на Бога или не, и дали сме искрени вонашите намери или не. Останува да се молиме наСевишниот Бог, да нè заштити од сите зла и да нидаде морална поддршка на нас, верниците одБризбан, и на нашите браќа и сестри од целаАвстралија, кои имаат една единствена цел - да севрати отецот Гаврил повторно во манастирот воДонибрук. Напомена: Почитувани организатори на овој мировен собир, длабоко се извинуваме што не ќе можеме даприсуствуваме лично на собирот поради нашитесекојдневни работни обврски, но верувајте декаиако физички не сме присутни, но духовно, мисловно и со нашите срца сме таму со вас и веподдржуваме.
СО ПOЧИТ: Група на верници од Бризбан

[Image: au-melburn-04.JPG]

Ние верниците на Македонската Православна Црква “Св. Христово Воскресение”, Сиднеј, во државата Нов Јужен Велс, потресени од збиднувањата што од неодамна почнаа да се случуваат со oтец Гаврил, досегашен игуменна Манастирот Св. Прохор Пчињски во Донибрук, Мелбурн, Викторија, бараме безусловно веднаш да се врати на местото што по наше длабоко убедување неправедно му беше одземено. Каде е љубовта на нашите “духовни отци”, прво кон својот брат а после кон нас грешните, зарем јас можам да го сакам некого што не го познавам а својот брат кого го познавам и јадам секојдневно од заедничката духовна трпеза да го мразам. Зарем тие никогаш не го прочитале посланието на св. апостол Павле до Коринтјаните “...штом љубов немам, ќе бидам бакар што звони, ..., да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни... , а и така силна вера, што и планини да преместувам- ако љубов немам, ништо не сум..., љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее,... на неправда не се радува а на вистината се радува”. Изморените души и тела, на нас верниците и свештените лица кои веќе скоро дваесет години се бориме со неправди кои до сега беа нанесувани од непријателите на нашата црквата и нашата нација и кога на повидок беше целосна победа на вистината над лагата, ние сме крајно изненадени и шокирани, зашто сега ударот доаѓа од внатре, што неизмерно повеќе боли од ударите кои доаѓаа од надворешните непријатели, како што ќе рече светиот Цар и псалмопевец-Давид – “Да ме беше навредил непријателот мој, тоа би го поднел, и завидливецот мој да се беше покажал силен, јас ќе се сокриев, но тоа беше ти, човеку, кој си како јас, пријател мој, со кого сме јаделе леб заедно и сме оделе во Божји дом...” Затоа и апелираме до здравиот разум, верата и стравот од Бога, на оние кои на било кој начин допринеле, намерно или ненамерно, во креирањето на сегашниве состојби и да направат максимални напори тие да сеисправат, за да се врати мирот, спокојот и верата во душите на илјадниците верници на нашата Света Македонска Православна Црква во Австралија и пошироко. За да можеме и во идните искушенија што не очекуваат, да се покажеме цврсти поборници за Вистината, зашто Бог е Вистина и секој што е против Вистината е против Бога. Веруваме во милоста Божја и во разумот на надлежните црковни органи во епархијата, и нашиот дедо Петар да ова нешто се врати пак на своето место. Отецот Гаврил да се врати за Игумен на Манастирот и манастирот повторно да расцвета во сета своја раскошна убавина, како што тогаш многумина го нарекуваа рај на земјата. Рајот на земјата е кога ние го имаме Бог во нашите срца. Загрижени верници од црквата Св. Христово Воскресение, Сиднеј НЈВ.

 [Image: au-melburn-01.JPG]
27-11-2015, 01:17 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

Видео- Од самиот почеток на собирот за поддршка на Отец Гаврил.





Слушнете ја мини анкетата која Радио Илинден ја направи на денот на народниот собир.

(This post was last modified: 27-11-2015, 01:25 AM by ЈорданПетровски.)
27-11-2015, 01:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

Quote:Поглаварот Стефан го повика владиката Петар да се повлече


[Image: stefan.jpg]
Еден ден пред седницата на Синодот на Македонската православна црква архиепископот Стефан, од литургијата во Струмица индиректно го повика владиката Петар да се повлече од Австралиската епархија.
Утре се одржува седница на Светиот архиерејски синод на МПЦ на која ќе се разгледуваат барањата на австралиските црковни општини кои не се задоволни од работата на владиката Петар. Едно од клучните барања на австралиската делегација е повлекување на владиката Петар од Австралиската епархија.
Денеска во Скопје пристигнаа и приврзаници на владиката Петар од Австралиската епархија кои не се согласуваат со договорот што го постигна МПЦ со 12-те црковни општини од Австралија, ставајќи ги овие општини под директна синодска управа.

Кој им ги плаќа трошоците на двете делегациии кои се дојдени од Австралија?? Ако сами не си ги платиле или ако групациите кои ги представуваат не собрале пари за трошоците, туку зеле пари од црковните каси, Светиот Синот воопшто нетреба да разговара со нив. .
12-12-2015, 11:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28

16-12-2015, 02:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29

Quote:[Image: petarvc276.jpg]


Поминаа неколку денови од кога многу верници останаа зачудени од фактот дека Администраторот Петар Каревски екскпресно замина назад во Македонија а тие го чекаа во Перт, Порт Кембла и Бризбан, а од него ни соопштение ни глас. Ние од Фаланга примивме повеќе телефонски повици да му за да му одговориме зошто се тие излажени и Администраторот Петар Каревски за сега не дал поојаснување дека не бил во канонска посета на местата каде што го чекале но ние соопштуваме само тоа што го знаеме и ние не сме Епархиски потпарол да ја запознаваме јавноста. Tоа треба да го прават тие што се од Епархискиот Управен Одбор кои најверојатно кријат многу работи и не ги соопштуваат во јавноста.
Многу медиуми од Мелбурн и Австралија не добиле Епархиско соопштение да кажат што се случува со Администраторот Каревски. Како што сме ние запознати отец Никодим Солунчев ја посетува Полициската станица во Крајгебурн и наскоро треба да се појави на суд. Јавно ги прашуваме надлежните од Епархијата да дадат одговор на јавноста зошто отец Никодим Солунчев ја посетува Полициската станица во Крајгебурн и што сторил? Некои од јавноста знаат но голем број не знаат дека Администраторот Петар Каревски поседувал имот во Австралија и тоа под две имиња - Петар/Јован Каревски, дали членовите од СИНОДОТ на МПЦ- ОА се запознаети дека на тапиите од црковниот имот во Австралија Петар/Јован Каревски бил директор на компанија во Австралија? Во јавноста се зборува дека полицијата го бара Администраторот Петар Каревски на повеќе места но тој ги прекина своите планови во Сиднеј и тивко и скришно си замина за Македонија а неговите искази дека наводно морал да патува назад да се спреми за Синодската седница.
Не е лошо народот да ја знае вистината дека Епархијата должи над 6 милиони долари за судските трошкови во Австралија.
Се прашуваме зошто ги смени плановите Администраторот Каревски веднаш да ја напушти Австралија и кој му помогна да се остварат плановите Петар Каревски да избега од Австралија? Затоа загрижените Македонските православни верници од Мелбурн на 18ти февруари 2016 пред портите на манастирот „Св. Прохор Пчински“ во Донибук ќе одржат мирни протести во 8,15 часот утрото и ги покануваат сите заинтересирани да бидат дел од тој настан. На тој ден закажано е Епархиско Собрание а претседателот Петар Каревски деновиве побегна во Македонија и ги остави други да му ги вршат работите. На тој ден ќе му се даде подршка на сите свештеници кој се под притисок да ставаат потпис против отец Гаврил. Повеќе информации кај Никола Ставрески на моб: 0420 641 877 - Вистината мора да победи - обединети сме посилни, ние сме за една Епархија.

FALANGA
14-02-2016, 01:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#30

Quote:ЕКСКЛУЗИВНО - Синодот на МПЦ сепак го одбра потешкиот пат, за Австралија ќе патуваат со брод






[Image: 823d7f7cd8e199f1a5c37ae82ff6053d_L.jpg]
Недоволно храброст и оставање можност политичарите да профитираат од Австралискиот црковен проблем на МПЦ или брегот пополека ќе се рони или е сосема нешто трето времето ќе каже.
 
Наместо да се употроби современата можност за Австралија да се патува со авион за само 24 часа сепак недоволната храброст на Светиот Архирејски синод на МПЦ одлучи да се патува со брод.
Како и да е само да не е бродско крстарење (авантура). Ако пак е токму тоа, е богами цената што треба да е платат нашинците овде во Австралија ќе биде уште поголема и ситуацијата уште пострашна. Светиот архиерејски Синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија на својата редовна седница, одржана на 18 февруари 2016 г., разгледа повеќе актуелни прашања од животот на нашата Црква.
Особено внимание се посвети на разгледување и решавање на црковната состојба во Австралија, при што Синодот донесе одлука за формирање на нова епархија - Австралиско -сиднејска македонска православна епархија, со седиште во Сиднеј. За администратор на новоформираната Епархија, Синодот го постави Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско - кичевски г. Тимотеј, со сите права и обврски.
Црковните општини од новоформираната епархија се задолжуваат да дадат целосна поддршка за донесување на Законот за старателство на имотите во Македонската православна црква епархија за Австралија и Нов Зеланд (МПЦЕАНЗ), а кој ќе важи за МПЦЕАНЗ.
Исто така, особено внимание Синодот посвети и на состојбата во воспитно - образовните институции на Македонската православна црква, разгледувајќи и решавајќи по одредени актуелни прашања од нивното тековно работење.
21-02-2016, 11:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#31

Quote:СКАНДАЛ: Интерпол потерница по Владиката Петар

ЕДЕН ВЛАДИКА, ДВЕ ИМИЊА, ТРИ ПАСОШИ

[Image: vladikapet6a74.jpg]

Деновиве Австралиската федерална полиција побара од Интернационалната полиција (ИНТЕРПОЛ) во Австралија да го доведат Македонскиот Владика - Петар Каревски за да му се суди за криминалот што го направил во Австралија. Голем страм за Македонската Православна Црква е податокот дека Администраторот на Епархијата за Австралија и Нов Зеланд нечесно ги извршувал работите во Австралија каде се соочува со барање на ЕКСТРАДАЦИЈА од Македонија во Австралија. Во Австралија Петар/Јован Каревски живеел под две имиња и поседувал три државјанства и три пасоши (македонски, австралиски и италијански) што е спротивно на Австралискаите закони и плус поседувал и финансиски сметки во сите тие држави. Владиката Петар/Јован Каревски во Австралија поседува шест имоти на негово име - секако дека некои имоти се на Петар Каревски а некој на Јован Каревски, што е спротивно на Австралиските закони. Кој му помогнал Митрополитот Петар да ја напушти Австралија ако се знае дека во меѓу време бил под истрага тоа ќе се докаже на судот каде треба да се појави Петар/Јован Каревски. За да се заштити тој самиот од Екстрадиција во Австралија побарал лекарска помош на денот кога ја прекина Богослужбата во Донибрук и на други два наврати во Македонија побарал лекарска интервенција за да применува иста тактика како диктаторот Пиноче кога се правеше болен само да избегне апсење, но нашето прашање ако бил болен во Австралија зошто се решил на таков потег тивко да ја напушти Австралија каде од Сиднеј си заминал во Македонија? Кој побргу ке стигне да ја покаже праведноста во пресудата за Владиката Петар да пресуд СИНОДОТ преку расчинување за или ИНТЕРПОЛ со екстрадиција и одговорност во Австралискиот суд? Ако се знае функционирањето на Австралискиот правен систем колку професионјално и чесно ги извршува поставените задачи сме многу уверени дека Петар Каревски наскоро присилно ќе биде доведен во Австралија за да му се суди. На Синодската седница која се одржа пред некој ден на Митрополитот Петар Каревски му е изречена последна опомена околу работата во Епархијата во Австралија и Нов Зеланд. Опомената била: ОВАА ТИЕ Е ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА И НАЈДОБРО Е ЗА ТЕБЕ ДА СИ ПОДНЕСЕШ ОСТАВКА ОД ФУНКЦИЈАТА АДМИНИСТРАТОР ЗА АВСТРАЛИЈА И НОВ ЗЕЛАНД И АРХИЕПИСКОПОТ г.г. СТЕФАН ГО ОПОМЕНАЛ г. ПЕТАРСО ЗБОРОВИТЕ КАКО ДА ОПОМЕНУВА ПРВАЧЕ ВО ОДДЕЛЕНИЕ ГИ КОРИТЕЛ ЗБОРОВИТЕ : ШТО СИ ДРОБЕЛ ТОА КЕ СИ СРКАШ. Дефинитивно членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ - ОА се запознати за потерницата од ИНТЕРПОЛ за Петар, исто и Македонските надлежни органи кој соработуваат со ИНТЕРПОЛ и тие се информирани и сега се чека постапката да се спроведи во дело, дефинитивно Петар нема каде да се крие затоа што е јавна личност.

[Image: vladikapet89d8.jpg]

Дефинитивно Петар Каревски не може да патува во Австралија и за да патува му е потребна виза затоа што државјанството му е одземено, доколку е така после пропуштена Канонска посета на својата Епархија според каноните СИНОДОТ треба да му се одзема титулата Администратор Австралиско - Ново Зелански дека еден Митрополит мора својата Епархија да ја посети секој шест месеци, со што би се смириле страстите и поделабата на македонците во Австралија.Наскоро ќе ги објавиме и новите Канонски прекршоци на Митрополитот Петар во Австралија каде што дал дозвола да се одржи опелото на жена што сама си го одзела животот и самиот тој венчал на два наврати Македонски Православни верници каде немаат црковен развод, и со таа постапка СИНОДОТ треба да го екскомуницира и даму го одземе Владичкиот чин.



Пишува: Никола Ставрески - 22 февруари 2016 година - Мелбурн Австралија
22-02-2016, 12:40 PM
Reply