Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 2.33 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВЕСТИ ОД ДИАСПОРАТА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Владиката Петар го надгледува разгледувањето на предлог закон за Македонската Православна Црква


Напишано од Radio Ilinden
Среда, 11 Август 2010 08:40

Владиката Петар е во посета на Епархијата и активно го надгледува разгледувањето од страна на Парламентот во Нов Јужен Велс на предлог закон за старателство на имотите во Австралија на Македонската Православна Црква Епархија за Австралија и Нов Зеланд.

“Предлог законот за основање на законски старател на имотите на Маркедонската Православна Црква во Австралија, што во моментов е пред Парламентот во Нов Јужен Велс, е од витално значење за иднината на нашата Црква во Австралија и Ние ќе сторамe се што е во Нашите сили и можности на демократски начин да се овозможи усвојувањето на овој закон” вели Владиката Петар.

Парламентот во Нов Јужен Велс во моментов го разгледува предлог законот за старателство на четирите Епархиски Црковни имоти на кои се лоцирани Соборниот Храм “Раѓање на Пресвета Богородица” во Сиднам - Викторија, Црквите “Света Богородица Пречиста” во Ливерпул - Нов Јужен Велс, “Собор на Пресвета Богородица” во Аделаид - Јужна Австралија, и Манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, Викторија.

Овие имоти се во моментов чувани од страна на три лица старатели - Митрополитот Петар, Протoeреј Јовица Симоновски и Протoeреј Тоне Гулев. Митрополитот Петар, кој е назначен од страна на Светиот Архиерејски Синод (САС) на Македонската Православна Црква (МПЦ), и свештениците од страна на Епархиското Собрание, како привремени старатели на овие црковни имоти до моментот на основање на законски старател. Доколку предлог законот во Нов Јужен Велс биде усвоен, горенаведените епархиски имоти ќе бидат автоматски предадени на чување на законскиот старател. Со ова ќе се реши долгогодишниот проблем на црковни имоти чувани од страна на лица, поради неможноста за основање на ваков законски старател во минатото. Важно е да се напомене дека овој предлог закон ќе ги опфати само горенаведените четири имоти и нема да се однесува на имотите на било која друга црква или црковна општина, асоцијација, конпанија итн.

Законот предвидува постапка за вакви i други имоти да бидат предложени за чување од страна на законскиот старател, но само доколку има согласност од страна на релевантната црковната општина, или на било кој друг дарител, асоцијација, конпанија, правно или приватно лице но и со согласност на Епархискиот Управен Одбор (ЕУО), односно Епархискиот Одборот на Доверители на црковните имоти на МПЦ.

Парламентот на Нов Јужен Велс свика комисија за го разгледа ефектот на овој предлог закон. Епархијата подготви детална изјава во врска со важноста на законот за Македонската Православна Црква во Австралија.

Владиката Петар навремено ќе ги известува свештениците и верниците во Парохиите на Епархијата за напредокот на овој предлог закон, со цел да верниците бидат информирани за овој значаен подвиг на нашата Македонска Православна Црква во Австралија. Секој православен македонец и секој друг православен верник член на МПЦ и љубител и почитувач на МПЦ е пожелно да го подржи овој закон доколку сака да го подржи овој закон нека се обрати кај парохискиот свештеник кој е во единство со МПЦ преку Митрополитот Петар.

Од канцеларијата на Македонската Православна Црква
Епархија за Австралија и Нов Зеланд
11-08-2010, 02:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Македонската заедница во Австралија реагира,Радио Илинден од Мелбурн преплавено од реакции на здруженија и поединци

Напишано од Radio Ilinden
Среда, 11 Август 2010 13:17

СО УТРИНСКИ ВЕСНИК ЗА МАКЕДОНИЈА РИЗИЧНО СЕКОЕ УТРО

Денес телефоните на Радио Илинден-Мелбурн ѕвонеа како да беше 2-ри Август кога се славеше големиот празник Илинден, но по многу друг повод,нажалост да се демантираат големи лаги и невистини што на некои одродници изгледа му е во крвта да уништуваат,деградираат македонски инстутуции и да е понизаваат македонската заедница се со цел Македонија и македонската заедница да е престават во поинакво светло. Но почитувани наши Македонци по ова денес што ни пристигна во нашава редакција може слободно да се каже дека нема сила ни поедонци што ќе можат повеке да го манипулираат македонецот.

Во реакциите што ги добивне се споменува следново:

Со последниот натпис во Утрински весник уште еднаш се покажа дека антимакедонските сили и силите кои работат против државните интереси на Македонија сакаат да ги девалвираат институциите на Република Македонија. Во услови кога како никогаш повеке Републка Македонија е доведена во ситуација да се бори за својот идентитет и кога пред се е неопходна силата на македонскиот народ како единствена сила која треба да е даде својата безрезевна подршка на Република Македонија,ние повторно се соочуваме да поединци и групи кој немаат никаков кредибилитет во македонската заедница во Австралија да ја девалвираат Република Македонија и нејзините институции. Сакаме како заедница да реагираме жестоко на неточните натписи во Утрински весник.

Имено Амбасадата по доаѓањето на Амбасадорот П. Стојановски се отвори целосно како сервис на македонската заедница овде во Австралија. Мобилниот телефон на Амбасадорот е достапен до сите здрузенија и поединци. Сиднејскиот аеродром е меѓународен аеродром,а Камбера нема мегународни летови што значи дека неможе директно да се слета од Нов Зеланд во Камбера, и навистина новинарот кој го пишувал тендециозниот натпис треба да се информира подобро. Амбасадорот Стојановски по своето доаѓање во Австралија за неполни девет месеци успеа да се сретне со лидерон на опозицијата Тони Абот,да обезбеди највисоки официонални средби со Премиерите на Нов Јужен Велс,Викторија,Западна Австралија. Достапност до целокупната македонска заедница,одлична организираност со доаѓањето на мобилната екипа за пасоши,реакциите жестоки за случајот Пандев и Рунн Премиерот на Јужна Австралија,Промоција и уште многу други активности.

Затоа изразуваме целосна поддршка на Амбасадорот Стојановски и истовремено ги осудуваме сите оние кој преку девалвирањето на работењето на Амбасадорот ја девалвираат Република Македонија.

Сите реакции од здруженијата што престигнаа во нашава редакција ке ги објавиме целосно на нашава web страница http://www.radioilinden.com.au

Д.А.
11-08-2010, 02:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ДЕКЛАРАЦИЈА
НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД МАКЕДОНСКО АМЕРИКАНСКАТА ДИЈАСПОРА

НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ од Македонско Американската дијаспора го прогласуваме овој 13 Август 2001, денот за потпиешувањето на мировниот договор,за еден од најтемните најсрамните денови во долгата,немирна,богата,трагична, историска судбина на Македонија , македонскиот народ на нашата благородна и епска борба за независност,сувереност и национален идентитет интегритет и достоинство.
Ние го сметаме овој договор за повторена верзија во 21 век на Берлинскиот Конгрес на Букурешкиот Договор на Париската Конференција на договорот во Нили, кои што со секое повторување прогресивно ја намалуваа територијата на Македонија. Ги спречуваа праведните Македонски Национални аспирации на Македонците им го одземаа основното и неодтуѓиво човечко право на самоопределување , самоизразување и самодокажување на просторот на нивната древна татковинска земја во рамките на нивната национална држава Македонија.

Ние Македонците од Македонско Американската Дијаспора го сметаме овој Мировен Договор за нелегитиме и неважечки Договор, за нелегитимен неважечки документ кој што насилно и брутално им беше наметната на Македонкската власт преку организирана и вооружена агресија на Албански терористи од Каосово и Албанија.

Понатаму, ние го прогласуваме овој документ за нелегален и неважечки затоа што беше потпиешан по пат на безпреседентно,политичко,воено уценување од НАТО И ЕУ И САД врз слободната демократска воља на Македонаскиот Народ.
Ние сметаме дека овој договор е кршење и контрадикција на сите национални и меѓународни норми како и етика.
Овој Документ не е ништо друго освен варварско, брутално, арогантно одземнање на Демократските, историски и морални основни и неоттуѓиви права на еден народ како Македонскиот, да бира со слободна демократска воља преку изразено демократско право и начин на кој што ќе ја гради својата земја врз основа на универзално прифатените принципи на сувереност независност и Правда.

Ние ги сметаме сите потпиешувачи на овој чин , (домашни и туѓи) како соучесници во илегален и криминален чин вперен против не само Македонија и Македонскиот народ но И против целото слободољубиво човештво денес.

Денес ,уште еднаш , како и многупати порано , ние Мкедонците сме принудени пред цевката на пушката и пред ножот да му отстапиме дел од нашата култура, наследство, територија и национален суверенитет на бруталните платенички марионети и нивните господари, овој пат оделотворени во ОНА/КЛА И НАТО ЕУ И УСА и Новиот Глобален Светски Поредок.

Ние Македонците од Македонско Американската Дијаспора го прогласуваме овој ден за ден на ПРЕДАВСТВО и срам не само за Македонија и Македонскиот народ ,туку и за Европа, сите членки на НАТО како и остатокот од цивилизираниот свет.

Денес ние прогласуваме со тага дека Македонија е обешчестена односно силувана пред очите на целиот цивилизиран свет и белезиме со тага и разочарување дека светот останува нем, слеп, глув и бесчувствителен.

Како во античкиот мит за обесчестувањето на Европа , убавата млада невина мома украдена од перверзниот апетит на богот Зевс, Македонија и нејзината невиност,нејзиното национално, јазично,верско,духовно и културно наследство, нејзиниот суверенитет, независност чест и достоинство се однесени на голиот грб на разбеснетиот бик и изгазените под неговите копита.
Денес ние Македонците од Македонско Американската Дијаспора предупредуваме дека обесчестувањето на Македонија не е само Македонска национална срамота, грозомора и катастрофа. Тоа е грозомора и обесчестување на универзалните и основни морални принципи врз кои се засновани и Европската,Американската,Африканската,Азиската и Австралиската цивилизација ширум светот.

Овој Мировен Договор е национална трагедија за Македонците не само во Македонија туку и низ сите меридијани. Ова е истовремено и трагедија на целото човештво чиј што опстанок зависи од владеењето на законот редот и демократијата.

Ние Македеонците од Македонско Американската Дијаспора најсвечено и гордо изјавуваме дека сега отпочнуваме една општонационална борба за Отпор да ја вратиме Македонија на нејзиниот статус на Национална Држава со чест достоинство со уставна демократија каде што законот е над се.

Ги повикуваме сите Македонци ширум светот,сите пријатели на Македонија, сето слободољубиво човештво да ни се придружи во оваа борба да се спротивставиме на новиот глобален светски поредок што ни се заканува на сите.

Ако македонија пружи отпор и светот ќе го стори тоа!!!!


Македонско Американски Совет преку својот одбор

Проф. Нестор Огинар Член на Советот
Др Стојадин Наумовски Член на Советот
Мишко Васовски Член на Советот
14-08-2010, 05:10 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#4

Ме интересира колкави се шансите за обнова на пасош во нашата амбасада во САД, дали е воопшто тоа можно...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
13-01-2011, 06:47 PM
Reply
Радко Offline
Junior Member
**

Posts: 30
Joined: Sep 2011
Reputation: 0
#5

(13-01-2011, 06:47 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Брисел за некои е новиот Белград

Кажи моля, мачкаха ли ви много сърбите или ви се подмазваха, че да разбера какво искаш да кажеш?
30-09-2011, 04:52 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#6

(30-09-2011, 04:52 PM)Радко Wrote:
(13-01-2011, 06:47 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Брисел за некои е новиот Белград

Кажи моля, мачкаха ли ви много сърбите или ви се подмазваха, че да разбера какво искаш да кажеш?
Секако, прашањето на Радко има и тоа каква врска со темата...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
01-10-2011, 01:01 AM
Reply