Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 10 Vote(s) - 3.7 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВАНЕ ЦВЕТАНОВ-НОВ ЈУНАК ОД МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Наци оваа само затебе го направив во бои. Гледаш дека Ване полека буди и други луѓе. Вистината никој неможе да ја сокрие.


Quote:Обвинителите под клуч - на Миладинови Нобелова награда за хуманост!?

Скопје, 26. октомври 2010 (ИНПРЕС)

Кога довчерашниот прв човек во државата за спречување на перење пари ќе каже дека „во Македонија мафијата си има своја држава"(!?) работата не е нималку наивна. Ване Цветанов, во ВМРО ДПМНЕ го доживуваат како „отпадник и предавник", меѓутоа, тој за многумина во земјата, е „херојот и откритието" на деценијата. Еден од ретките што директно го убвинува премиерот, својот довчерашен шеф, за фингирана војна против криминалот и корупцијата.

Функционери, судии, вработени во државната управа и останати, се директни учесници во големата криминална афера со браќата Миладинови и хотелот Изгрев, дециден е Ване Цветанов, сменетиот директор во Управата за спречување на перење пари. Тој најдобро знае, дека оваа афера почива на класично перење пари, односно како што вели „повеќе кривични дела, со фалсификати, бришење на хипотеки, измами", кои во неповрат однесоа 15 милиони евра.

Прашањето е каде се тие пари и кој се од нив се „омрсил", бидејќи најголемиот дел се подигнувани во кеш. Мал дел завршија кај цицлестата Хрватка Северина, која Миладинови ја рашетуваа по Охрид и Струга, но мора да има и многу други македонски „Северини", од владините одаи!?

Дека оваа афера е голема мистерија, се покажа и вчера, кога обвинителот против организиран криминал Јован Илиевски се криеше и бегаше од новинарите, а требаше да одговори - зошто најсложените предмети за криминал и корупција му паѓаат пред повисоките судови. За сите случаи кои паднаа: Изгрев, армиско оружје, тајвански кредити, бачило два, змиско око, сега Илиевски чекори по стапките на Шврговски.

Илиевски половина час останал заклучен во празната зграда за организиран криминал на МВР за да не се соочи со ризикот од непријатни новинарски прашања. После ова не ви треба друг одговор на прашањето - зошто медиумите во Македонија паднаа за 100 посто подолу!

Претходно и неговиот шеф Шврговски бегаше од јавноста која не дозна дали е постапено по документите за криминал што поранешниот директор Цветанов ги однесе во обвинителството.

Се поставува прашање - чија држава штитат овие функционери. Онаа на народот, чии слуги треба да бидат, бидејќи од парите на народот добиваат дебели коверти секој први во месецот, или пак, на некои други, за кои отворено укажува Ване Цветанов.


Ако намерата на Миладинови била да се дограбат до 400 илјади метри квадратни, државно земјоделско земјиште - за да го трансформираат во градежни и од тоа да инкасираат 80 милиони евра, тогаш таа „направија" не може ниту да се замисли без помошта на државата!

Ако аферата Изгрев беше „типичен пример на корупција во државата", како што тврди Цветанов, тогаш што претставува она со земјиштето од аферата „Трубарево"!? Не е никаква тајна блискоста на Миладинови со владерачката партија. Не се непознати нивните „подвизи" - во сите изборни циклуси, на страната на ВМРО ДПМНЕ!

Ако некој се обидува криминалците сега да ги прикаже како жртви, тогаш Цветанов е сосема во право дека кај нас „мафијата си има своја држава" и не треба да не чуди предлогот на Ване: браќата Миладинови да не ги носиме на суд, туку директно во Осло, во Нобеловиот комитет, каде треба да им биде врачена светската награда за хуманост! (Крај)

http://www.inpress.com.mk

ohridON.com
27-10-2010, 11:59 PM
Reply
alexdgreat
Unregistered

 

Добро е има надеж и за Македонија, народот или барем младите и интелектуалците се будат. Доста им е од партии и позиција и опозиција.
Кога ке ја дигнеме културната свест ке се осуди секаква партизација, борба за вработување. Ке се смени свеста на народот.
28-10-2010, 09:44 PM
Reply
Aleksandar
Unregistered

 

Georgi Miladinov e prviot pretseatel na sekcijata na VMRO-DPMNE vo Struga vo 1990g.potoa preminuva vo VMRO-DP na Goluboski a po izborite 1998 god. da bide povtorno vo DPMNE.
ps: aj od tri pati pogodete na cija firma Stavreski i bese gostin vo Struga i kako se dali direktorot na novata vladina firma za gas Krste Miladinov e vo bliska rodninska vrska so doticniveMiladinovci?
29-10-2010, 12:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Грујовизација против ВМРО

петок, 29 октомври 2010 13:49


КОЈ ГО СРАМИ 23-ТИ ОКТОМВРИ И ИДЕИТЕ НА ВМРО

Минатата сабота празнувавме еден од најголемите празници во историјата на Македонија - Денот на основањето на Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Живееме во период во кој што се испревртени идеалите, вредностите па и историјата. Политиката е толку длабоко навлезена во историјата што почна да ги двои и подвојува и оние што гинеле за Македонија. Кај ВМРО-вците се создава омраза за партизаните, а кај СДСМ-овците се создава омраза за Револуционерите. А, и едните и другите гинеле за Македонија. За слободата на својот народ, без да помислат дека ќе бидат презирани и омаловажувани за жртвата што ја дале.

Но, да се навратиме на големиот празник. На овој ден почнало активното организирано делување и ширењето на идејата за независна Македонија. На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Хрсто Ботанџиев го формирале Македонскиот Револуционерен Комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО).

Иако со задоцнување, најпрво сакам да им го честитам празникот на сите граѓани на Република Македонија, без разлика на верска, етничка, а особено партиска припадност, од причина што овој празник е еднакво важен за сите граѓани на нашата земја.

ВЕЧНА ИМ СЛАВА

Денеска ќе се обидам да направам споредба на тогашното ВМРО и сегашната ВМРО ДПМНЕ. Ако ги споредиме идеалите, жртвите кои се давале за сопствената татковина, со денешните узурпатори на овие четири златни букви, кои се самопрогласуваат за наследници на оваа идеја, ќе сватиме дека освен големото име, во врвот на денешното "ВМРО" нема ништо заедничко со историското ВМРО. Ќе спомнам по неколку реченици за секого од основачите, од причина што тоа се луѓето кои ја основале идејата и ги поставиле темелите на денешната наша татковина, а премногу малку се спомнуваат во јавноста и огромен број на наши сограѓани воопшто не знаат кои се тие луѓе.

Христо Батанџиев е човекот во чија куќа во Солун е основано ВМРО. Роден е во Гуменџа, Ениџевардарско. Бил учител во Бугарската Гимназија во Солун до 1911 година, а потоа секретар во бугарската митрополија. Убиен е во јуни 1913 година од страна на Грците во текот на Втората балканска војна, така што е фрлен од брод во морето.

Антон Димитров, е роден во село Ајватово, Солунско, во јануари 1867 година. Завршил гимназија во Солун, а право студирал во Цариград и Лиеж, Белгија (1901 год.), каде стекнал докторска титула. Умрел во Софија на 13 март 1931 година.

Петар Поп Арсов е роден на 13 август 1868 година во Богомила. Во 1892 година завршил Славјанска Филологија и Литература. Автор е на првиот Устав на Организацијата. Во 1897 година е уапсен и осуден на 101 години затвор. Амнестиран е во 1902 година. Умрел во 1941 година.

Иван Хаџи Николов е роден во 1861 година во Кукуш. Бил книжар во Солун. На 30 август 1893 година се вратил од Швајцарија. Ја одбил понудата да стане учител во Серес и на 11 септември 1893 отворил книжарница во Солун. Умрел 1934 година во Софија.

Даме Груев е роден на 19 јануари 1871 година во село Смилево (Демирхисарско). Се школувал во родното место - селото Смилево, Демирхисарско. До четврти клас учи во Битола а потоа во Солунската Машка Гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Даме бил иницијаторот за основачката средба на ВМОРО. Избран е за секретар и касиер на Централниот Комитет од 1894 до 1895 година. Во 1900 година е уапсен и осуден на 10 години затвор. Во 1902 г. од затворот во Битола е испратен во Подрум кале. Амнестиран е пролетта 1903 година. На Рилскиот конгрес (октомври 1905 година) избран е за претседател на Централниот Комитет. Во 1906 година заедно со своите верни другари Сандо Китанов и Георги Карчев херојски загинува на врвот Петлец над селото Русиново.

Д-р Христо Татарчев е роден на 16 декември 1869 во Ресен. Основното образование го завршил во родниот град. Шести клас на гимназијата завршува во Пловдив. Студирал медицина во Цирих, Швајцарија и Берлин, Германија. На Основачкото Собрание бил избран за прв Претседател на Централниот Комитет на организацијата. Во 1901 година заедно со другите членови на Централниот комитет е уапсен од турската власт. Осуден е на пет години затвор. Бил осуден во Подрум Кале. Овде останува до 19 август 1902 година кога по силата на една амнестија е ослободен од натамошно издржување на казната. Во востанието непосредно не учествува. Својата работа во ВМРО ја продолжил и по Илинденското востание. Бил близок пријател на Ванчо Михајлов и по војната заминал во Бугарија од каде во 1949 година оди повторно во Италија каде умира на 2 јануари 1952 година.

Сиве овие луѓе биле добро или одлично реализирани во своите животи, имале кариери, биле доволно богати и ценети во општеството. Да биле барем малку себични, воопшто не би ги интересирала идејата за независна Македонија и секако не би ги ставале на ризик своите животи. Секој од нив можел чесно да си ја продолжи професијата и да си дочека мирна и длабока старост. А доколку сакале да успеваат уште повеќе во светот на материјалното, слободно можеле и да станат јатаци на Турците, па да станат и олигарси на почетокот на дваесетиот век - односно најбогатите Македонци во тоа време.

Но, овие луѓе имале нешто свето и големо во себе со големиот патриотизам, храброст, чесност и посветеност во нивните срца немало место за алчност, страв или себичност. Голем дел од нив не само што не се споменати во денешната историја, туку уште полошо, оцрнети се како бугараши или пак некаков друг вид на предавници. Премногу е неблагодарно да се суди без да се знаат фактите, состојбите, приликите и неприликите за секој од тие луѓе. Сигурно би им било многу подобро да ги завршат своите животи во топли постели покрај сопствените семејства, отколку да бидат стрелани како кучиња по планините и по Софиските улици. Без разлика дали некои биле "врховисти" или пак биле "централисти", сигурно биле многу подобри од тие што си спиеле на топло или пак уште повеќе од оние кои биле јатаци на Турците, на Грците, на Србите, а воопшто не се споменати во историјата, се разбира во негативениот контекст кој го заслужиле.

Можеби мал процент од Револуционерите имале и лоши намери се разбира, но убеден сум дека еден огромен процент од тие луѓе се анатемосани како бугараши само поради политиките на комунистичкиот систем. Неопходно е нивно историско рехабилитирање. Историјата за тие чувствителни времиња е пишувана во еден политички систем кој си имал свои цели, а ние како колектив сме биле жртви на тие политики. Затоа, денес кога имаме наша сопствена држава, имаме должност да ги исправиме грешките од минатото. Архивите и во Софија и во Истанбул се отворени, потребна е само политичка волја и труд да се направат политичките истражувања и да се напише вистината. Можеби во голем процент ќе се покаже точна и веќе постоечката напишана историја, но сепак таа е пишувана во друго време, во кое со право не можеме да имаме доверба. Затоа, потребно е да се напише наша историја и да се стави крај на сите шпекулации околу одредени политики, личности и настани од тој период.

До почетокот на втората светска војна ВМРО егсистирала како организација. Понекогаш имеле тешки периоди, понекогаш наоѓале помош за соработка. Понекогаш вршеле задачи, ја одржувале идејата, но почесто ја губеле енергијата требејќи се едни со други. Но, сепак постоеле. Егзистирале, без разлика кој на која страна бил, секој на свој начин и преку сопствените убедувања длабоко во себе и посакувал добро на Македонија. Тешкиот период започнува по Втората Светска Војна и доаѓањето на Комунизмот. Тогаш, почнуваат прогонувањата, затварањата во Идризово, малтертирањата, убиствата, само за едно изговарање, еден шепот на четрите букви. Во тој период семето за продолжување на идејата во најголем дел оди во дијаспората. Идејата продолжува да се гаи во Европа или пак преку Океаните, но љубовта кон Македонија продолжува.

ДПМНЕ ПРОТИВ ВМРО

По распадот на Југославија, Македонската Емиграција гледа историска можност да се врати во родната татковина за да учествува во демократизацијата на политичките процеси во сите сегменти на општественото живеење. Драган Богдановски кој се наоѓа во Стокхолом најпрво ќе создаде Координативен Совет на Демократската Партија на Македонското Национално Единство - ДПМНЕ. Основачкото собрание на партијата е одржано на 17 јуни 1991 година во Домот на Младите „25 мај“ во Скопје. За прв претседател на партијата е избран Љубчо Георгиевски. На овој начин, организацијата се трансформира во официјална политичка партија, која почнува да дејствува законски и да се бори за идеите за независна Македонија. Како и во организацијата, така и во партијата најголемиот дел од членовите влегуваат со надеж, со чесни намери, но има дел кои влегуваат и со задачи добиени од Белград. Уште од самиот почеток партијата индиректно е потпомагана од српските служби, со цел целосно нејзино контролирање. Но, многупати чесните и искрени македонци, кои секогаш никнат и се множат во ВМРО им ги имаат расипано многу од плановите на странските служби. Благодарение на самосвеста и саможртвата на членовите на паријата, во почетокот на деведесетите ВМРО-ДПМНЕ ја одигрува најважната улога за независноста на Македонија и поставувањето на темелите на државата и покрај многуте обиди за расколи и саботажи преку уфрлените луѓе од Белград.

Секогаш кога ВМРО ја презема власта отчекувањата се високи, затоа што и членовите и граѓаните отчекуваат исправање на стогодишни неправдини. ВМРО значи љубов, чесност, храброст, саможртва, одлучност, патриотизам. Но, за жал овој историски бренд, партијата која е официјален наследник на историското ВМРО падна во рацете на човек кој си ја присвои и си ја направи приватна фирма.

Во 2004 година, претседателот на партијата Љупчо Георгиевски ја подари претседателската функција на Никола Груевски. Одовде започна систематското уништување на идеологијата. Со неговото доаѓање на чело на партијата стана демоде некој да смее да се пофали дека е во партијата од деведесетите, стана глупаво некој да спомне дека дедо му бил убиен или пак лежел затвор за идеите на ВМРО. Лека полека си ги довлечка сите соработници од Кабинетот во Финансии и ја запоседнаа партијата. Па си ги донесе и роднините, па накрај и сите комшии, школски другари и познаници. Некои од новодојдените на врвот биле ВМРО и тоа е во ред, но превземањето на партијата од довчерашни Комунисти, членови на партии кои довчера се одмаздувале на политиките на ВМРО и нивно инфилтрирање во врвот на ВМРО-ДПМНЕ е предавство.

На изборите 2006 година новиот лидер ја доби довербата од граѓаните и ја имаше историската шанса да ги исправи неправдите таложени со години... но не се случи тоа. Се сеќавам на еден настан кој ми остави силен впечаток и ме потресе. На конгресот на партијата во Штип, после неколкучасовно истоштување од долги говори иполнети со лажна идеологија, пред паузата за ручек се јави за збор еден стар човек. Скоро цела сала изреагира кога му дадоа збор - од страв да не ја развлече дискусијата, а паузата веќе доцнесе цел час од предвиденото. Луѓето гладни, немаа трпение... Човекот излезе на говорницата, се претстави, кажа дека лежел затвор за идеите на ВМРО и дека тој и неговото семејство веќе децении биле под тортура. Човекот заплака кога кажа дека и денес трпат за леб и дека му е срам да оди да бара помош кај децата на оние што го тепале, мачеле и затварале, бидекјќи тие сега се на врвот на партијата во Велес. Импулсивно, еден по еден стана цела сала и со громогласен аплауз го поздрави човекот. На Груевски не му беше драго. Ја почувствува моќта на ВМРО. Свати дека во голем дел од луѓето во салата постои нешто исконско. Колку и да се обидува да го потисне тоа, знае дека енергијата од тој спонтан аплауз еден ден ќе му се удри од глава. Ова е само еден од многуте примери, кои ги има насекаде. Ако ја проверите блиската историја ќе се уверите дека семејствата на жртвите на комунизмот се жртви и на ВМРО-ДПМНЕ, а децата и внуците на комунистите се на највисоките позиции во партијата на Никола Груевски. По добивањето на власта во 2006 година секојдневно, лека полека се рушеа идеите, систематски се ништеше и се уништи се она што е чесно, и искрено во партијата.

Како препознатлив белег за политиките на денешното ВМРО-ДПМНЕ ќе останат запаметени интензивната антиквизација, влошувањето на меѓуетничките односи, интриги и спинови за лични цели и личен реитинг. За таа сметка нема да се заборави подвојувањето на граѓаните на патриоти и предавници, наместо обидинување на македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија кое е и дел од идеологијата и дел од името на самата партија. Неуспешните обиди на службите на Милошевиќ, за контрола на Партијата се остварија со новото раководство. Службите веќе во пензија или конзервирани, си добија случајно или намерно сојузник по мерка! Партијата никогаш не била повеќе просрпски настроена од денес, со колуминација со фамозната глупост на Унијата на Жени и српската патриотска песна за "Девет Југовиќа".

Денес, односно изминативе дваесет години живееме во сонот на Револуционерите - конечно добивме независна држава. Но дали го живееме тој сон онака како што тие го замислувале? Со искривениот вредносен систем, со нашиот самоуништувачки менталитет, сонот на нашите предци го претворивме во кошмар. Дваесет години сме независна држава, Република Македонија, за која што тие го оставиле лагодниот живот и безрезервно ризикуваале се' што имале!

Парадоксално е што добивме држава без некоја посебна мака, но не знаеме да си ја зачуваме. Чувството за државност одамна ни е загубено. Денес да се зборува за патриотизам, е глупаво, демоде, смешно... И можеби со право се третира така секој кој што ја отвара таа тема, затоа што дваесет години се изнаслушавме за патриотизам од сите политичари, се извртеа сите ленти, се кажаа сите фрази - се истроши довербата. Денес, да се живи основачите на ВМРО, Револуционерите, Гемиџиите, Женто, убиените и затвараните во Идризово - сигурно би се згрозиле, цревата би им се превртеле кога ќе ги видат политиките на Груевки. Својствено, во нивни стил, најверојатно експресно би расчистиле со крадецот на нивната идеја, манипулантот со најсветото за нив, Македонија!


Ване Цветанов
29-10-2010, 08:39 PM
Reply
podmornica Offline
Junior Member
**

Posts: 6
Joined: Oct 2010
Reputation: 0

Povtorno edno isto, deka instalaciite gi kontroliraat i Branko i Nikola. Se slozuvam deka e taka, no prasanjeto e, koj gi spojuva i kordinira niv? I taa spojka ima ime i prezime. Makedonija ima pluralizam eve veke 20 godini, a samo eden ist covek e celo vreme (20 godini) na vlast ,te so ednata koalicija, te so drugata. Znae li nekoj koj e toj? Pocnete od tuka, pa potoa ke vi se razjasnat mnogu raboti, sto, kako , i koj ja "igra" Makedonija kako saka.
31-10-2010, 09:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Тхе Грујо Шоу

петок, 12 ноември 2010 01:10


ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, РЕФЕРЕНДУМ ИЛИ БЛЕФ?


Се' по често во вокабуларот на политичарите се употребува терминот политичка криза, де ваква, де онаква. Но, ако погледнеме поаналитички, точно е! Македонија се наоѓа во длабока политичка криза поради недостаток од политичари и политички платформи кои би овозможиле конечен прогрес на економијата и општеството. Лека полека навлегуваме длабоко во долгонајавуваната "жешка есен", но ни трага ни глас од избори, реконструкции или било какви посериозни промени на политички план.
Првиот дел од есента беше навистина жежок само за партиите во албанскиот блок. Излегоа на повидок документи од досиеја, се искристализираа меѓусебните односи и со нивните колеги од Косово. Се пребројуваат лека полека и без разлика на епилогот, ќе бидат разјаснети и одговорени многу историски прашања, по кои ќе следи уште поголемо единство и конструктивност на политиките на Албанците во Македонија.




СТУДЕНИТЕ ВЕТРИШТА НА 'ЖEШКАТА ЕСЕН"


Но, во македонскиот политички табор, освен митингот во Прилеп и бунтот на Обединети за Маќедонија, во првиот дел на есента не се случи ништо подраматично. Опозиционерите како да се спремаат за зимски сон... Најверојатно, опозициските табори ќе треба да ги прележат настинките и гриповите здобиени на смрзнувачките митинзи на "жешката есен", да се стоплат и да размислат како да излезат со поконструктивни и пореални настапи, и со политички платформи и со идеи. Во време на слаба опзиција, власта слободно може да си прави сценарија и креирање на јавното мислење, согласно своите интереси, со цел одвлекување на вниманието на јавноста од битните теми. Но, сите партии од македонскиот табор, колку и да сакаат да си ја зачуваат лагодноста, преку бранувањето во ДПА и ДУИ ќе бидат засегнати директно или индиректно. Без разлика на епилогот, темата со досиеата ќе натера многу политичари да го стават прстот на чело и да преиспитаат многу работи, политички одлуки и потези. Излегоа на виделина досиеа за голем дел од раководството на ДУИ, а и на самиот лидер, Али Ахмети.

Да не се лажеме дека бранувањата се завршени поради одлуката на Комисијата дека не одлучува по копии. За жал кај нас отсекогаш, се влечеле и ќе продолжат да се влечат политичките конци од Белград, без разлика дали станува збор за фабрикувани документи или вистински досиеа. Постојат две дилеми во врска со ова: Прво, кој од Белград ги влече конците - дали остатоци од старите структури или пак новите проевропски структури сакаат да расчистат со минатото? Второ, преку кого од Македонија се влечат конците и за чиј интерес? Која е целта?
Дали со ова се помага на Власта или пак на Опозицијата? Дали дојде времето на нова политичка ера во Македонија? Дали наместо "жешка есен", ќе имаме жешка и тешка пролет? На сите овие прашања, еден по еден ќе почнат да излегуваат одговорите, како што ќе стигнат и негативните одговори од Лисабон и од Брисел. Оваа зима ќе биде многу важна за Маќедонија. За опозиција, по дифолт не ја сметам само коалицијата на левицата, туку напротив, отчекувам големо будење на десницата и на центарот. Очекувам зајакнување на капацитетите и на активностите на десноориентираните опзициски партии.




Не се согласувам со тезата дека македонските гласачи секогаш гласаат против, и дека на следните избори по секоја цена ќе падне Груевски. Никој во моментов не работи повеќе на подготовки за избори, на задржување и кревање на рејтингот, од самиот Никола Груевски. Колку и да е лоша состојбата, тој нема намера да се предаде и да ја препушти власта. Каклулантското чекање на грешки на Владата, избивање на афери, расколи, меѓукоалициски расправии, растурање на коалицијата се само желби на Опзицијата. Можеби состојбата во блокот на власта не е розева, но и не е толку лоша. Меѓукоалициските односи се тераат некако, особено со големиот број на мали партии во коалицијата. Можеби во првиот момент кога ќе се насети дека Груевски ослабнува, ќе добие фактури од сите коалициски партии, но за тоа е рано. Сега за сега има дадено премалку на коалиционерите, па слободно може и да им ги дуплира бенефитите односно бројот на функциите, без да се наруши балансот. Со излегувањето на досиејата и контролата на ситуацијата во комисијата и ДУИ му е веќе в рака, односно под некаква контрола. Расколот во ДПМНЕ е неминовен - тоа ќе се случи по губење на власта, сега за сега тоа е само илузија. Ако некој очекува внатрешен раскол во ДПМНЕ, сериозно се лаже, бидејќи како и во коалицијата, така и во партијата има доволно од колачот за смирување на незадоволствата. Преку неколку примери ќе се обидам да доловам како интензивно, умешно и маестрално секоја ситуација Премиерот ја врти во своја полза, и вади политички поени. Ако остане пасивноста кај опзиционерите, убеден сум дека на следната анкета ќе има пораст на рејтингот на Груевски. Кога ќе направите обична компарација со реалноста и резултатите од катастрофалнлните политики, мора да му признаеме и да кажеме "машала" за умешноста за одржување на рејтинг преку манипулација и реклами. Додека опзицијата чека грешки и сам од себе да си падне, како никогаш досега, Груевски сериозно се подготвува за најавената битка и последна пресметка со Црвенковски и предавниците за кое напиша и писмо пред повеќе од година и пол.



ТЕАТАР



Развојот на културата е врвен приоритет на нашата Влада. Освен сите напори околу зајакнување на културните вредности, владата е решена милум или силум да не' еманципира. Премиерот неколку пати во годината приредува бесплатен театар за сите граѓани во државата. Искрено, досега немав гледано отворена Седница на Владата повеќе од половина час или одредени извадоци на вести, но минатата сабота се одлучив да одвојам повеќе време и директно преку Македонската Телевизија да бидам информиран за дострелите и резултатите на нашата Влада. Воопшто не помислувам да ги маргинализирам постигнувањата и резултатите на одредени институции и функционери, туку сакам да доловам нешто друго. Поголем мајстор за сценирање, режирање и монтажа од нашиот премиер, нема ни во Холивуд, а богами ни во Боливуд.


А го бива човекот и за актер. Всушност, глумата му била првата кариерна определба. Како знае и умее да ги прикаже и увеличи резултатите, а да не остави простор и да се помисли на проблемите. Не е важно што и покрај стоте милиони евра субвенции во земјоделието, земјоделците не живеат подобро, не се важни невработеноста, проблемите во здравството, корупцијата, намалемиот животен стандард, лошата живеачка. Важното е што тој остава впечаток дека се работи неуморно и како никогаш досега, само за интересите на граѓаните. Типично за него, тој испрашува, а функционерите одговараат, а ако некој функционер е слаб со меркетингшките способности, премиерот преземе и дообјаснува колку е корисен проектот за кој станува збор, и колку е важен за граѓаните. После саботното целодневно прикажување на дострелите на Премиерот, не можев да си поверувам на очите кога во неделата вечерта видов повторно снимка од седницата на владата. Дали не е психолошко силување, и агресивен политички маркетинг, цел викенд да се вбризгуваат директно в мозок успесите на Премиерот? Да бев Европеец и да бев на гости во Македонија, а да не ги знаев реалните состојби, ако ја гледав отворената седница на владата ќе посакав да се преселам од било која европска земја токму во ветената земја Македонија, при пастирот Никола.




ЦИРКУС


Не беше на одмет уште малку лицемерие пред граѓаните. Толку живогребни и заитересирани да се помогне во општеството, ги отворија ширум портите на Владата да примат идеи како да ни го подобрат општеството? Освен Театарот со отворените седници, време е и за малку Циркус, да е поинтересно, да има понуда за повеќе вкусови. На отворените тезги сиротите функцуонери некои цел ден дремеа, некои беа преплавени од посетители. Веројатно половината се чуделе што бараат таму и која е смислата на активноста и зошто е трошењето на време на фарсава, а другата половина веројатно се смееле на досетливите идеи на граѓаните, знаејќи ја искрената волја на Премиерот да остварува... но, ако има некоја идеја за трошење плус на некоја пара од буџетот, за поголемо задолжување, за некоја нова рекламна кампања, или пак за некој нов закон како да не' додресираат сигурно тие идеи ќе се прифатат. Ама некако не се заинтересирани за имплементација на конкретни идеи. Премиерот не сакаше да слушне година и пол конкретни идеи за борба против перењето пари и организираниот криминал. Не ги есапи многу многу и конкретните препораки од ЕУ! Ама слуша идеи од народот. И после кој ни е крив ако ни е лош стандардот, или ако не ни се допаѓа владеењето на премиерот? Па народот му ги дава идеите, а тој, нели народен премиер, пастир, си го слуша народот. Ако треба и законот за фризури од Иран ќе го препише ако некој го предложи како идеја. Па нели треба да се почитуваат идеите на граѓаните?





ТХЕ ШОУ МАСТ ГО ОН


Може да ни лошо, може да ни биде добро, но со Груевски никако не може да ни биде досадно. За забавата да продолжи и да ни биде интересно, владата ексклузивно ни го приредува шоуто "Лустрација". Веројатно исто како и Антикорупциската комисија која работи по различни аршини и во интерес на Груевки, така и Комисијата за лустрација ќе одработи за политиките на премиерот. Антикорупциската, по многу лаење, спласна и остана на единствената одлука за предлог за разрешување на функционер за триесетина привремени вработени, од пет илјади исти такви (признаени) вработени, така и Комисијата за лустрација најверојатно ќе заврши само со лустрацијата на еден соработник.


Нема соработници на тајните служби во ниту една политичка партија, сите функционери се чисти, и најверојатно ќе излезе дека сме немале и безбедносни служби. Комисијата постапува по оние материјали што и' се доставени или пак ќе им бидат доставени од страна на Безбедносните Служби кои се под директна контрола на власта. Ако Службите посакаат, можат да подготват досие за кого сакаат, а исто така можат да не достават документација за некој кој што бил соработник. Комисијата може да ги верификува само оние факти кои ќе и' бидат сервирани. А кој може да ги контролира тајните служби и нивната работа? Никој! Собраниската Комисија за контрола на работата на безбедносните служби веќе две години чека сертификати за достап до класифицирани информации за да може да изврши само една обична посета и евентуална површинска контрола на службите. Како што тргнало ќе си почекаат уште две години, па ќе дојдат нови избори, па ново парламентано мнозинство, па нова Комисија за контрола на службите, па нови барања за сертификати... Па така, и тие ќе си почекаат уште четири години за да можат да почнат да си ја исполнуваат законската обврска. И вака, со овој не случајно осмислен магичен круг, никој нема да може да им влезе во траг, или да направи воопшто некаква контрола.


Е сега, замислете ја само искреноста и чесноста на Груевски, помножете ја со неговата желба за власт, соберете ја сета негова бескрупулозност, лицемерие и алчност, и помножете ја со неговата дарба за спинови, местење и црнење на луѓе. Резултатот од формулата секој нека си го пресмета согласно сопствените отценки и критериуми и нека си го чува за себе до следните избори. Лустрација и те како е потребна за оваа држава, но ни од далеку не гледам капацитет и искреност поврзана со темата од страната на власта предводена од Никола Груевски. Така да шоуто "Лустрација" најверојатно ќе продолжи да не' забавува и да ни го одвлекува вниманието од грдите слики на денешницата, со по некој нов Трендафил.





ОСТАНАТИ АКТИВНОСТИ КОИ МИРИСААТ НА КАМПАЊА


Освен гореспоменатите културни активности, цела Влада и Партија се впрегнати во освојување на теренот, на сите фронтови. Партиската машинерија на терен се загрева сериозно. Во неколку наврати во последните две недели се правеа напори како да се освои стопанството и на крај, Министерот Бесими успеа да ги освои нивните симпатии, а со тоа и веројатна поддршка за избори. Прифати дел од идеите и предлозите за новиот буџет, кој требало да биде развоен. Тука очекувам да се работи по принципот: Ако има избори или референдум напролет добро, ако не ќе има ребаланс напролет, па пу-пу, не важи... После освојувањето на симпатиите на пензионерите преку бањите, Министерството за труд и социјална политика се впрегна во освојување на симпатиите на социјално ранливите категории преку субвенции за електрична енергија, и стипендирање на редовните ученици.


Паѓаат владини одлуки во интерес на секого, нели доаѓа нова година па Дедо Мраз ќе дојде и кај нас, ќе дели подароци. Само што кај нас може да остане само на ветено, како стимулот за четврто дете, или пак како субвенциите за земјоделие кои не се платени некаде и по година дена. Во сите овие подготовки не изостана и трибина на институтот "Павел Шатев", кој исто така се подготвува за големата битка. На големо и пријатно изненадување, гледаме активирање на Претседателот на државата. Фала богу претседателот излезе од сенката на Груевски и има шанса да покаже независност и сопствени ставови. Прво се јави како иницијатор и медијатор за решавање на проблемот помеѓу ректорот Универзитетот и Министерот за образование, а потоа се појави и во селото Косоврасти, да помогне на граѓаните околу проблемот во селото околу отварањето на рудникот.Дај Боже да е на арно, ама се плашам како и аферата со парите за реклами на Црвенковски, така и овие активности да не завршат на контото на Груевски.


Да резимираме: Државата се наоѓа во политички ќорсокак; далеку сме од долговетуваниот економски напредок; за земјоделците не се делат ветените субвенции навреме; здравството крахира; во образованието проблемите остануваат; предметите за организиран криминал паѓаат на Врховен Суд; инвестиции нема; судството и понатаму останува на ниско равниште; семејствата кои се одлучија на четврто дете останаа изиграни; државната администрација ни од далеку не е реформирана, а згора на се очекуваме негативни извештаи за прием во НАТО и ЕУ. За целата оваа состојба да биде релативизирана и маргинализирана, секојдневно ќе имаме забава од секаков жанр, само и само да се избегнат горливите теми и да се прикажат резултати и впечаток дека се работи чесно и професионално. Пораката од Владата лека полека се подготвува и најверојатно ќе биде во следнава насока: Ние направивме и повеќе од тоа што треба, Владата работи неуморно, но проблемот за неуспесите со ЕУ и НАТО интеграциите ни се виновни други. Да потсетам дека во кампањата во двеилјади и шестата Никола Груевски често ја критикуваше тогашната влада за немање на конкретни резултати и ширење на демагогија и лажен оптимизам. Многу често обвинуваше за прекумерена употреба на реченицата "каде и да е, ќе тргне, сега ќе тргне", ветувајќи дека кога тој ќе дојде на власт, делата ќе зборуваат за успесите. И, еве поминаа четири години. Резултатите не сега, тука се уште од полани, само што ние не можеме да ги почувствуваме!


Дали ќе има референдум, дали ќе има избори - тој е подготвен! Кај ќе ни биде крајот од уште една победа на Премиерот? Сигурно не во НАТО и ЕУ! Веројатно ќе дојдеме до сотојба да јадеме корења, ама Груевски да не го даваме. Но овојпат, за недајбоже ваквиот епилог, нема да биде виновен сценаристот, ниту режисерот, ниту актерите. Директна одговорност ќе имаат сите опозициски партии. Додека спиеја, или трошеа време на погрешни стратегии, народот гледаше театри, циркуси, шоуа, а нели кога има забава и адреналин, народот заборава на проблемите и го слави оној што ја организира забавата. Исто како со гладијаторите за времето на Римската Империја.

Ване Цветанов

12-11-2010, 10:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:ВРЕМЕ ЗА ОДЛУКА:
петок, 19 ноември 2010 14:49

ДАЛИ СИТНИ ИНТЕРЕСИ СО ДОЖИВОТНА ХИПОТЕКА, ИЛИ КОРПА НА ГРУЕВСКИ И ЧИСТ ОБРАЗ?



Гледајѓи ја состојбата во државата, на политички план, ЕУ напредокот, економијата, состојбата на институциите, сиромаштијата, состојбите во здравството, земјоделието, и така натаму, сите ќе се согласиме дека работата ни е розева, и дека државата воопшто не е забраздена било каква криза. Ако не ми верувате, прашајте било кој од функционерите на Груевски, и ќе ви потврди. Ако не им верувате на тврдењата на функционерите, излезете на улица, одберете десетина граѓани по случаен избор, прашајте ги како живеат, колку се задоволни од услугите на институциите, колку се чувствуваат заштитени од државата, и изворно ќе се информирате. Можеби сите ќе почнат да ви кукаат и да се жалат, ама да не им верувате, оти колку и да кукаат зад грб, голем дел од нив, на јаве се уште го фалат господинот Груевски, де по трибини, де по бумбари, де одат да даваат идеи...

Не сите нормално, нели повеќе од пеесет проценти од граѓаните се рамнодушни кон политиката и не веруваат во ниту еден политичар, што и' дава некоја искра на надеж дека се случува некаков процес во општеството. Општеството го сочинуваат и градат индивидуите, поединците. Причината за забраздувањето во катастрофалната сотојба се наоѓа кај секој од нас - кај кого повеќе, кај кого помалку. Секој во даден момент имал можност да ја каже неговата вистина в лице на повиканите, на Власта. Барем во изминативе четири години, секој политичар е лесно достапен за секој граѓанин и доколку некој е упорен, за три четири месеци може да стигне до кого сака. Владата организира Денови на идеи, Црвени теписи за граѓаните, партиите организираат Агенди за посета на сите населени места, па така, ако некој има толку голема желба да сретне некого, не мора да го чека во сопственото место. Преку партија може да ја разбере агендата и да го сретне бараниот политичар и во друго населено место.

Но, ете тука е проблемот, овде не можам да се изначудам на пасивноста, инертноста, незаинтересираноста кај гласачите од изборите двеилјади и осма. Рекордни четири стотини и шеесет илјади гласови дадени за господинот Груевски, дадена доверба, а нема резултати, но тие повторно ракоплескаат! И немојте после да кажете дека лошо живеете, бидејки ќе се судрите со армија од луѓе кои оптимизмот и вербата во Власта ги нама напуштено. Како бивш функционер и член на ВМРО ДПМНЕ, на повеќе средби со членови на партијата, со граѓани, сум се изнаслушал на стотици и стотици проблеми на граѓаните, нанесени неправди и слично. Сум бил сведок како државниот апарат или одредени институции немаат намера да помогнат, или навремено да си ја завршат работата за која се платени. Но, сум верувал дека станува збор за наталожени проблеми од повеќе децении, и дека за нивно решавање е потребно време и трпение, а дека за волјата на Груевски, воопшто не треба да се сомневам... но благовремено, ми стана јасно дека проблемот е токму во бегањето од проблемите и грижата само за себе и својот реитинг кај Груевски. Сум се изнаслушал на жалби и поплаки кон одредени високи функционери како ветувале дека ќе завршат работа, а после и телефони не кревале, и како уште еднаш ако ги сретнеле, со јајца ќе ги мавале, ќе ги исвиркале тие крвопијци, лицемери и лажговци.



Цената на образот



Но, сепак на одреден настан, некој претходно покажувал сила дека ќе ја истури вистината в лице и дека ќе "направи лом" некој функционер - ќе се случи чудо! Не еднаш, не двапати, не сум можел да се изначудам и да поверувам на спствените очи и уши! Токму во тие пет минути, кога оштетениот, критикувачот, има шанса да си ги каже маките, во моментот кога ќе се сретне со сопствените партиски шефови, кои ги колне и пцуе секојдневно, за кои претходно велел "ех само да ми е предочи...", наеднаш се трансформира, почнува да се топи, да се смешка лицемерно, и станува дел од толпата каде се туркаат кој прв да се поздрави, кој прв да се прегрне со функционерот, кој повеќе да го пофали колку е паметен и колку се гордеат со политиките кои ги спроведува. Па, на здравје шишање народе! Овој феномен ме натера да разговарам деновиве со повеќе стари членови на партијата од повеќе општини и да се обидам да дознаам која е причината за нивната лојалност, и покрај нереализираните ветувања и неисполнетите очекувања.

Од разговорите членови кои се доста поодамна влезени во партијата од самиот Груевски, луѓе кои самите си признаваат дека се жигосани сосе цели фамилии како "ВМРО-вчишта", како што тие самите велат чув доста интересни работи. Самите тие стари и верни членови се жалат дека со разбирање ја поднесувале дискриминацијата во време на СДСМ, заради кавгите и ривалитетот на терен за време на избори. Но, не можат да се изначудат како и во време на апсолутна власт на својата Партија не можат ни оддалеку да го почувствуваат бенефитот од општеството за кои се бореле? Самите признаваат дека повеќе не се трпат и неправдите што им се случуваат за време на владеењето на господинот Груевски.

На мое прашање, која е причината што се уште ги трпат неправдите и не го кренат гласот, ми беше одговорено дека се' уште се надеваат дека ќе биде исправена некоја неправда, иако веќе ја имаат изгубено повеќе од девеесет проценти надежта. Другото објаснување беше, "абе до сега издржавме толку неправди, омаловажувања, па за малку ли да се замеруваме? Нека, нека паднеме, па ќе седнеме и ќе си ги кажеме работите в лице." Е мој народе, е мој народе! До каде стигнавме! "Додека има овци, ќе има и волна", вели една стара народна поговорка, па така, овој кроток народ, на повеќето политичари им наликува на овци, па не морат да се трудат да исправат нешто во општеството. Вакви верни и лојални членови може да посака и Гадафи, или пак и покојниот Хусеин! Ем ги маваш, ем те сакаат! Но оваа дисциплина почна тивко да се воведува уште одамна, за да денеска се берат плодовите од истата...

Еден од главните партиски муабети во ВМРО ДПМНЕ во моментите на расколот и на заминувањето на Љупчо Георгиевски од партијата, беше дека "партијата е света работа", дека "лидерот воопшто не е важен", "дека треба да се остане верен и лојален на партијата а не на лидерот". Со секојдневното заземање на последните уточишта на власта и губењето на аргументите дека други ни се криви за немањето на резултати, оваа реторика доби и уште добива се' поголема нагласеност. Ова е осигурачот кој е гарант за Партијаата од ненадејни одметнувања, од посериозен одлив на членство и функционери. Кога и да се случи некој да не се согласува со политиките на Груевски и евентуално да се одметне, многу лесно во партијата се објаснува дека тоа е инцидентетн случај, дека сите што се одметнале, тргнувајќи од Владимир Голубовски завршиле неславно, или пак повторно се вратиле во партијата, по примерот на Борис Змејковски. На овој начин се гарантирани дисциплината и лојалноста од поголемиот процент на членството, и по цена Груевски да ги донесе до состојба да јадат корења, ама да му останат лојални на него... де, де мислев на партијата се извинувам... а нели партијата си ја претвори во приватно предузеќе, па тогаш верните фанови и членови треба да се запрашаат на која партија се лојални: на онаа во чија што идеологија некогаш веруваа, или пак во приватното предузеќе на господинот Груевски???

Но, повторно вината ќе ја лоцирам во базата, во месните комитети, во општинските комитети на партијата. Во петтата година на владеење е повеќе од јасно дека главната цел на врвот на партијата е остварување на лични цели и интереси, и дека воопшто не ги интересира самото членство. Партијата не направи ништо, за да придонесе за позитивни промени во општеството. Напротив, се избори за окупирање на секоја педа, за секој милиметар од власта за да го искористи за интересите на поединци.

Вообичаено на седниците на ЦК, во салата вообичаено се присутни по околу двесте члена, претседатели на Општинските комитети, Министри, директори, градоначалници, останати функционери од редовите на партијата. По пресметките, по хиерархијата и поставеноста на структурите, во просек секој во салата е одговорен за просечно повеќе од две илјади гласа од изборите од двеилјади и осмата година.
Секој од овие двесте луѓе се трошел, ветувал подобро утре, ставил образ, заложил чест! Своја, на семејството... Од присутните на секој ЦК, не сите се виновни за водењето на лошата политика, ниту пак ги осетиле дебелите бенефити. Се знае, и креирањето на политиките, и дебелите бенефити, се кај не повеќе од десетина луѓе во салата. Останатите присутни молчат, глумат и изигруваат лојални под две претпоставки. Или сакаат да си ја зачуваат позицијата, односно ситните бенефити,(плата од просек илјада евра, службени автомобил и телефон, и по некој денар за репрезентација), и свесно ги продаваат интересите на оние двеилјади гласа пред кои дале гаранција или пак се до тој степен исплашени што не се согласуваат ниту со своето сопствено мислење - односно гледаат дека работата оди надолу, ама си молчат согласно изреката, наведната глава сабја не ја сече.

Прашањето ми е, дали тие луѓе вредат толку? Дали топ елитата на Груевски не е способна да ги обезбебди тие бенефити и примања во приватниот сектор? Ако се плашат за позициите и ако се свесни дека не се способни да се снајдат на чесен начин, треба да се запрашаме за квалитетот на луѓето, кои не водат?

Е сега, ако се способни да се снајдат, што за поголемиот број од тие луѓе сум убеден дека вредат повеќе и дека можат да се етаблираат во секој момент во општеството, прашањето ми е што мајка бараат уште таму? Зар не ги гледаат погубните политики? Зар не се свесни дека утре, за век и за веков и тие и нивните семејства ќе бидат етикетирани како дел од една владејачка гарнитура која државата ја донела во пропаст, во колапс. Како ќе се вратат пред сопствените сопартијци од општинскиот комитет, од месните комитети, како ќе објаснат зошто во четири или пет години ниту еднаш не станале на ЦК и не ги пренеле проблемите на своите сопартијци од општинскиот и од месните комитети.

[Image: Man%20on%20Wire%203.jpg]

Политички џепчии и акробати



Груевски доби силна историска доверба од граѓаните, за да ги направи историските реформи. Требаше да почне да ја реформира и да расчисти со државната Администрација уште многу одамна, а не во петата година од власт да носи експерти од Словенија. Ги нема ниту реформите во останатите области. Но, масовната хипноза продолжува! Ова ме потсетува на приказната за акробатот во малиот град.

Во еден мал град, одредена група што имала задни намери, организирала акробат да оди на јаже помеѓу две згради. Кога акробатот ќе почнел да оди по јажето фолирантите викале: "Луѓее! Гледајте, човек оди по јаже!" Додека луѓето гледале нагоре, фолирантите односно џебчиите почнувале да бркаат по џебовите и да го крадат народот. Но, кога ќе проценеле дека им требаат повеќе пари, го сечеле јажето на акробатот. Тогаш ќе викнеле: "Лелее се отепа човекот, лелее како можеше!", и сите присутни, целата толпа ќе се насоберела околу акробатот. Додека толпата се насобирала, целоно занесена во настанот, џепарошите влегувале во домовите на граѓаните, и пљачкале, се' што ќе најдат по домовите. На крај, додека се свестеле луѓето, џебџиите биле во друг град, далеку и на сигурно, подготвувајки ја истата сцена.

Во нашата држава, се сменија многу тимови на џебџии, се потрошија и голем број на акробати, но дефинитивно Груевски и неговата дружина во оваа дисциплина се рекордери! Е сега, двестете функционери треба се запрашаат: што се? - Дали се обичните гласници кои го заведуваат народот, дали се индиректно џебчиите, или пак некои се во групата која оди и го собира пленот по куќите!? Но, само еден одлучува кој и кога ќе биде акробат и кога на одбраниот акробат ќе му се пресече јажето, а лојалните членови и функционери слепо извршуваат задачи, кој свесно, кој несвесно!

Но доста критикував, да кажам и некој убав збор! Минатата недела пријатно се изненадив од храброста на Билјана Јовановска, бившата Директорка на Агенцијата за вработување. Браво за потегот, и секоја чест на храброста! Исто така браво и за трансверот на цели месни комитети од ВМРО ДПМНЕ во Обединети за Македонија! Да потенцирам дека по мојата оставка нагласив дека немам намера во скоро време да влегувам во политиката и сакам да нагласам дека не фаворизирам ниту една политичка партија. Во минатата колумна можеби звучев како адвокат на СДСМ, можеби овојпат изгледам како отворен подржувач на Обединети за Македонија, можеби во следната ќе звучам како подржувач на ВМРО НП? Секако, во интерес на правдата, во интерес на вистината, секогаш добрите работи ќе ги подржувам а лошите ќе ги критикувам.

Така, предмет на осервација во колумнава е менталитетот и стравот кај членството во ВМРО ДПМНЕ, причина за распашаното владеење и заборавеност кај господинот Груевски. Па, знаејки ја состојбата со теророт, со пропагандата, со уцените, со заплашувањата, можам да кажам едно големо браво за секого што ќе излезе од таа погубна матрица за државата.

Освен Билјана Јовановска, познавам уште огромен број на чесни искрени и способни луѓе во владејачката партија. Искрени и чесни, способни, патриоти, Македонци, ВМРОвци. Не е важно дали ќе влезат во друга политичка партија, не е важно каде ќе влезат, големиот дел можат да се реализираат и во приватниот сектор, но по примерот на Билјана, треба да му ја залепат вистината в лице на господинот Груевски. А секој во таа партија видел многу неправилност од свој аспект, од свој агол. Голем дел од функционерите сигурно имале и желба и конкретни идеи за реформи за подобро општество, но не им биле прфаќани, не биле слушнати, затоа што Премиерот бил зафатен со лопати, ленти , денови на идеи, црвени теписи, и какви не активности.

Секој функционер треба да се одлучи дали ќе се продаде за ситните бенефити и ќе молчи, или пак ќе застане на страната на својата чест, достоинство. Никој не треба да се плаши, затоа што има начин како да се избегне тортурата, има начин за спас, затоа што колку и да е голем, Груевски го држат токму тие двесте луѓе, и месните комитети, сам нема да може ништо! Секој треба да се подзамисли која улога ја игра во приказната со акробатот, и дали вреди воопшто! Затоа што на крај, не сите се селат на сигурно, во друг град, односно во друга држава. Поголемиот дел од тимот, односно вазалите, остануваат онаму кај што се родиле, покрај сопствените сограѓани. А тогаш? Со кое лице ќе ги погледнат сопствените блиски, соседи, пријатели, роднини, познаници...? Со кои зборови и како ќе се правдаат дека им е жал што биле дел од бандата со акробатот? Без разлика дали биле свесни или не која улога ја играле и каква штета направиле, соочувањето со сограѓаните нема да им биде пријатно, бидејки ограбениот не го интересираат оправдувања, туку нанесената штета. А штетата нема да може да се врати, затоа што нема да има начин. А исто така, уште сега ги жалам знаменосците и ракоплескачите на Груевски, и не знам навистина како ќе се справат со срамот, за нивната неискреност, што пред блиските плукале, а пред функционерите ракоплескале!

Ване Цветанов
19-11-2010, 07:06 PM
Reply
Aleksandar
Unregistered

 

Цветанов не му ги донел мафијашите на Шврговски
недела, 21 ноември 2010, 15:42
Седумте картонски кутии на Ване Цветанов, полни со докази за постоењето мафија во Македонија наместо во суд ќе завршат во „Комуна“.

Биле безвредни, вели државниот обвинител. Шест месеци откако тогашниот директор на управата за спречување перење пари и финансирање тероризам најави дека во документите што му ги предаде на Шврговски се наоѓа и листа со сериозни и угледни бизнисмени вклучени во мрежа на организиран криминал, обвинителот објаснува дека не постојат доволно елементи врз основа на кои тој би можел да ги активира ресурсите и да стартува со кривичен прогон.

Шврговски во изјава за АЛФА вели дека обвинителството побарало од Цветанов самиот да посочи против кого треба да биде покрената постапка, но тој бил непрецизен. Му било важно само да се откријат релации на одредени бизнисмени со претседателот на Антикорупциска, Илми Селами кој ја отвори проведурата за смена на Цветанов. Тој пред Шврговски тврдел дека во барањето за негова демисија е направен дил меѓу првиот човек на Антикорупциска и бизнисмените засегнати од неговата работа.

Но, лично, Цветанов, според зборовите на Шврговски не бил подготвен да поднесе кривична пријава.
АЛФА контактираше и со поранешниот прв човек на управата за спречување перење пари и финансирање тероризам. Тој беше изненаден од ваквата реакција на Шврговски, но, од приватни причини беше оневозможен денеска да ја коментира одлуката на обвинителството, со која доказите со тврдењата за постоење сериозен мафијашки синџир во бизнисот и политиката се ставени ад-акта. Цветанов најави дека утре ќе го соопшти својот став и ќе се произнесе по решението на обвинителството, мафијашките докази да ги прогласи за безвредни.
21-11-2010, 11:45 PM
Reply
Aleksandar
Unregistered

 

e ova ti e nezavisno sudstvo em obvinitelstvo! MASALA!
21-11-2010, 11:47 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

Pricinata poradi koja nasiot junak od Makedonija Vane Cvetanov e isteran od negovata pozicija vo emisijata Faktor 5 na Kanal 5:



24-11-2010, 05:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:За Управата за спречување перење пари

С А Х А Р А



Минатата недела на мое непријатно изненадување, Државниот јавен обвинител излезе со став дека документацијата која му беше доставена од Управата за спречување перење пари, била безвредна и немало потреба за отварање на било каква постапка. Беше доставена документација за триесет и четири предмети, од кои десетина се високоприоритетни, а останатите се средно приоритетни; предмети со сомненија за милионски суми евра; предмети во кои беа инволвирани огромен број на физички и правни лица од земјава и странство! Не се најде интерес или материјал за ниту еден?

Исто така е чудно што Обвинителот рекол дека доколку имам докази да поднесам кривична пријава. Очигледно дека Обвинителот не ги погледнал документите, бидејќи во нив имаше триесет и четири извештаи за сомнителни трансакции кои ги имаат сите потребни анализи, податци, и информации, доволни за отпочнување на претистражна или истражна постапка. Во досегашната пракса Управата никогаш не пишувала кривични пријави, бидејќи официјалниот документ кој секогаш излегувал од Управата бил токму извештај за сомнителни трансакции, и тоа функционирало така од секогаш.

Но, од целата оваа ситуација, со предметите и со сите чаршиски муабети поврзани со перењето пари, заклучив дека во државава недостига елементарно познавање на материјата, и често се мешаат баби и жаби. Од таа причина, одлучив накратко да споделам определени важни информации поврзани со системот за спречување на перење пари, и улогата на Управата во системот. Со запознавањето на овие елементарни информации од специфичната и интересна тема, би се избегнале забуни, погрешни очекувања, толкувања и коментари по темата.




Д Е Ф И Н И Ц И И



Изминативе три четири години, терминот "перење пари", стана се' почесто присутен и уптребуван во речникот на политичарите, медиумите, но и кај граѓаните. Доброто е што терминот стана атрактивен, но, лошо е што често се споменува каде треба и каде не треба. Перењето пари е комлпициран процес кој се сотои од неколку фази, а самото дејствие се врши на повеќе начини, согласно можностите, сумата, познавањата, контактикте, врските и фантазијата на самите перачи. Но, едно е важно да се потенцира и да се знае: За да се исперат пари, потребно е да има што да се пере, односно парите стекнати преку предикативно кривично дело (дело преку кое се стекнати пари или имот) потребно е да бидат легализирани во понатамошната фаза, односно внесени во легалните финансиски текови, во официјалниот финансиски систем.

Ако во овие времиња е тешко да се дојде до пари, макар и на нелегален начин, и е еднакво тешко и стресно истите тие пари да се исперат, тогаш, многу потешко е да се открие процесот на перењето на тие пари. Откривањето и спречувањето на перењето пари е специфична и комплицирана материја која во никој случај не зависи од еден човек или една институција. За откривање на перење пари потребен е сериозен систем. За градењето на тој ефикасен систем, потребна е одлучност, политичка воља и храброст на самиот државен врв за поддршка при градењето на системот.

Зошто го објаснувам сево ова? Од одредени политички кругови многу често се пласираат разни шпекулации, контроверзии и небулози поврзани со оваа тема. Целта е фрлање прав в лице на граѓаните, и бегање од вистинските проблеми.

За среќа, спречувањето на перњето на пари е еден од врвните приоритети на ЕУ, и на оваа тема се придава особена важност. Освен телата на Европската комисија задолжени за контрола на исполнетоста на ЕУ критериумите, за контрола и оценување на напредокот на нашиот систем директно одговорен е и Манивал комитетот, при Советот на Европа од Стразбур. Tим, состевен од експерти од повеќе области, на секои четири или пет години врши евалуација на целиот систем на секоја од дваесет и седумте земји членки. Република Македонија последен пат беше евалуирана во двеилјади и седмата година.




Т Р И Т Е П О С Т У Л А Т И И С И С Т Е М О Т Н А Е У



Катастрофалните оценки добиени при евалуацијата на почетокот на двеилјади и седмата, дадоа можност сериозно да го актуелизирам прашањето. Како Директор на тогашната Дирекција за спречување на перење пари, успеав да се изборам за поддршка од страна на Владата. Таа подршка ја добив пред четири години со цел усогласување со ЕУ стандардите, но после неколку години кога се почувствуваа ефектите од изградениот систем, не им беше драго кога сватија дека системот функционира и станува сериозна опасност, а не е само слово на хартија!

Но, да се вратиме на Манивал комитетот. Овој комитет оценува во три области, по повеќе критериуми. Првата област е законодавството - се оценуваат сите закони и подзаконски акти кои го уредуваат работењето на сите инстуции и активни учесници во системот: колку се реални, издржани, функционални и пред се' усогласени со ЕУ регулативата. Втората област е усогласеноста на целиот финансиски систем на земјата со светските, а особено со европските стандарди, и подготвеноста на финансискиот сектор да препознава и спречува обиди за перење пари. Третата област е оценувањето на истражните органи, односно капацитетите на истражните органи за процесуирањето на предмети. Од нивното препознавање, проследување до Управата за спречување на перење пари, оценка на капацитетите на Полицијата, Обвинителството, и на крај Судовите.

Инаку, евалуаторите најмногу ја сакаат статистиката, конкретните цифри. Колку пријави за сомнителни трансакции имало од страна на субјектите, па по групи, по категории, пресметано во проценти дали е доволно или не, па оттаму утврдување на слабостите во конкретна област? Понатаму, од пријавените извештаи од субјектите до Управата, по колку од нив постапила Управата? Дали Управата има методологија за постапување по предметите? Дали постојат процедури за работа на предмети и критериуми кои ќе гарантираат непристрасност, и еднаков пристап кон секој предмет? Понатаму, колку од добиените информации Управата доставила до истражните органи? По кои критериуми одлучила? Кому да го достави извештајот? Од овде се проценува и оценува квалитетот на извештаите доставени од субјектите, степенот на нивното знаење и кооперативност, а исто така и аналитичките капацитети на Управата. И за крај, болното прашање за истражните органи, статистика со добиените предмети од управата. До каде се? По колку од нив е постапено? Каде се? И се разбира фидбекот, односно задолжителната повратна информација до Управата.

Потоа следи анализа на цифрите: Од колку извештеи од управата, колку кривични пријави се поднесени, а за колку од нив биле поднесени обвиненија? За крај, главните резултати се мерат преку бројот на правосилни пресуди, и се разбира количината на конфискуваниот имот. Без ефективна и ефикасна конфискација, без одземање на имотот на осудените, борбата против перењето пари е залудна.

Оценките кои ги доби нашата земја во двеилјади и седмата беа кататрофални. Од трите теми, во кои постојат четириесет критериуми, ние добивме тринаесет негативни, (целосно не исполнува), и повеќе од дваесет делимични (делумно усогласено) кои исто така мора да се подобрат. Со констатирањето на оваа состојба, нашата земја беше закопана на дното од табелата, втора на листата на Kомитетот, веднаш после Азербеџан. Да појаснам, лошите оценки беа добиени од незнаење, непознавање на материјата, баналности, неусогласености помеѓу институциите, недефинирани правила на игра. За споредба, земји кои важат за даночни раеви, или пак перални на пари имаа и имаат далеку повисоки оценки од нас. Некогаш, бев критикуван од одредени политичари, бизнисмени, лоби групи, дека сум сакал да се наметнам како прв финансов полицаец во земјата, сум терал праволиниски... некои ме етикетираа како кочничар на бизнисот, како кочничар за враќање на парите од надвор!

Секој што сака да ја коментира темата перење пари воопшто, мора да ги знае следните факти: секоја држава мора да воспостави целосна контрола на финансискиот систем, односно целосно или во најголем дел да ги исполни критериумите. Во моментот кога државата ќе се стекне со целосен увид и контрола на финансиските текови, со политичка одлука, законски може да отстапи од два или три критериуми, но тоа отстапување ќе биде во интерес на државата - а не на поединци.

За илустрација, дека не секогаш сум постапувал праволиниски, и дека сум бил крајно конструктивен е мојот предлог за Репатријација на капиталот. Сега веќе се' почесто најавуваниот предлог проект за Репатријација на капиталот, или народски кажано за даночна амнестија, во голем дел беше изготвен од страна на тим од Управата. За жал, овој тим веќе е растурен! Двајца се дома бидејќи не добија соодветна партиска подршка по моето заминување, а еден е прераспореден на работа во Министерството за култура. Луѓето работеа неколку недели по дополнителни пет до шест часа после работното време, цели викенди, направија анализи на ваквите проекти на повеќе од петнаесет земји, ги издвоија успешните од неуспешните, и согласно нашите закони и услови беше изготвен драфт проект за репатријација на капиталот, односно за враќање на парите од надвор, кој неофицијално беше доставен до Кабинетот на Премиерот. Но, да се вратиме на ЕУ критериумите и состојбите во Управата во двеилјади и седмата година.




КАКО ГО ИЗГРАДИВМЕ МАКЕДОНСКИОТ СИСТЕМ И ШТО ОСТАНА ОД ИСТИОТ



По оценките од двеилјади и седмата, се зафатив максимално со исполнување на меѓународните стандарди и критериуми. Ако не ги направевме потребните реформи, минатата година ќе бевме ставени во групата на високоризични земји за перење пари од страна на Меѓународната кризна група формирана од Г-20. По ова ќе следеше специјален мониторинг и кратки рокови за средување на состојбите, а доколку не се исполнуваат во континуитет добиените препораки, следува највисоката казна, отсекување на државата од светскиот економски систем и нејзино прогласување на перална за пари!

Но, уште во двеилјади и седмата година, Управата ја презеде улогата на координатор и организатор на развојните реформи во целиот систем. Најпрво системот беше поделен во три столба. Првиот столб го сочинуваат Субјектите (приватниот сектор) кои се предвидени со закон, финансиски и нефинансиски институции. Субјектите во најголем дел се претствници на приватниот сектор - бизниси кои нудат финансиски или нефинансиски услуги: банки, осигурителни компании, менувачници, адвокати, нотари, итн. Согласно интерните политики, вработените кај секој субјект одлично ги познаваат своите клиенти. Во моментот кога тие се доволно подготвени, односно ја знаат материјата од оваа област, многу лесно ќе можат да ги препознаат обидите за перење пари кај некој од своите клиенти. Субјектите од Управата добиваат конкретна листа на индкатори: во кој случај, која трансакција или активност е нелогична, несвојствена за нивниот клиент, или сомнителна. За секоја сомнителна трансакција тие се должни да ја известат Управата. Во двеилјади и седмата, степенот на познавање на материјата и бројот на пријавени сомнителни трансации беше поразителен. Направивме огромен број на обуки, работилници, изготвивме плејада на документи и упатства, и успеавме да го зголемиме знаењето и свеста кај Субјектите.

Вториот столб од системот е Управата, која има должност да постапува по пријавените сомнителни трансакции. За да ги исполниме сите светски критериуми, направивме сериозно зајакнување на кадровските и техничките капацитети. Од кадровски аспект, беа обезбедени редица обуки за секој вработен, преку најразлични проекти, што домашни, што меѓународни. За техничките достигнувања потврдија огромен број на странски експерти, и за кратко станавме лидери во регионот. Се изготви и Процедура за работа на предмети. Кога влегува информација односно извештај за сомнителна трансакција во Управата, се знае точно кај кого оди и какви првични проверки се прават. Податоците од првичните проверки, и содржината на извештајот третиот ден одат на Комисија, и се оценува приоритетноста на предметот и на кој аналитичар ќе се додели. Согласно процедурата, аналитичарот почнува со прибирање на податоци, кои во најголем дел се прибираат во обработлива електронска форма, за компјутерскиот програм да има можност за кратко време да направи врски помеѓу цела група на физички и правни лица. Од морето добиени информации се изготвува сериозна финансиска анализа, со прецизно определен формат. Ако нема доволно докази, не може да има и случај.

Одобрениот извештај се доставува до третиот столб од системот, односно до истражните органи. МВР, Финансовата полиција и Обвинителството, кои се должни да постапат по добиените извештаи. Е овде почнаа проблемите: Во првите години додека го градевме системот во првите два столба, немавме згазнато на интересите на третиот столб, односно на истражните органи. Наеднаш, непланирани, втрчавме на теренот, и почнавме да пласираме купишта обработени предмети. Но, за соработката со Истражните органи, и нивната кооперативност ќе пишувам во следната колумна.

За сега, согласно моите знаења и информации би си дозволил коментар за состојбите со криминалот. Како што нема песок во пустината Сахара, така нема мафија и организиран криминал во Република Македонија. Материјалите поврзани со предметите кои што беа доставени до Обвинителот беа готови извештаи, (со прилог документација) и истите беа изготвени и потпишани од тим на професионалци, а не само од еден функционер или службеник. Предметот бил сомнителен за банкарот, пријавил сомнителна трансакција, човек во Управата побарал основни информации и податоци од уште три извори, предметот отишол на Комисија, бил одобрен и доделен за работа на Аналитичар. Аналитичарот во текот на два до три месеци собирал податоци уште од петнаесетина извори на информации од земјава и надвор, плус сите банки во земјава. По направената финансиска анализа предметот повторно бил рефериран пред Комисија и одобрен од истата.

Накратко, истиот овој пат го поминале сите триесет и четири предмети, потрошени финансиски ресурси, време, енергија... И на крај сето тоа е ѓубре?

Иако анализите од извештаите упатуваа на сериозни криминални активности, кои ја гушат економијата и демократијата, и очекував темелна анализа за откривање и расчистување на истите, сепак се потврди тезата дека, ако во секоја држава има мафија, во Македонија мафијата си има држава.

Во материјалите од доставените предмети постоеја конкретни трансакции, податоци од милионски сметки, и сериозни сомненија за потеклото на парите на тие милиони. Искрено не сум изненаден како сите предмети наеднаш станаа чисти и за ниту еден нема основа за отпочнување барем на истрага или пак кривична постапка. Да стануваше збор за обични колонијали, сендвичари и ситни бизниси, сигурно до сега ќе беа затворени. Искрено се надевам дека за краток период ќе дојде нова Влада која ќе има храброст и политичка волја да се соочи со вистинскиот криминал со милионски суми.

Ване Цветанов

03-12-2010, 11:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:За Управата за спречување перење пари 2

КАПАЦИТЕТИ И ВОЉА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО И ПОЛИЦИЈАТА ЗА БОРБАТА ПРОТИВ ПЕРЕЊЕТО ПАРИ


Како продолжение на минатата колумна, ќе се осврнам на третиот столб на системот за спречување на перење пари, односно истражните органи. Министерството за внатрешни работи, Финансовата полиција, на чело со Одделот за борба против организиран криминал во обвинителството, се главните играчи во борбата против перењето пари. Управата за спречување на перење пари ја има неблагодарната улога на ловџиско куче кое го дотерува пленот до цевката на ловецот, односно истражните органи. Колку и да е инвестирано во првите два столба од системот, колку и да влагаат труд субјектите (банките, агенциите за недвижности, осигурителните компании, нотарите, и сите останати субјекти), трудот е бесполезен. Истражните органи на крај одлучуваат кому ќе простат, кому ќе земат рекет, а кого ќе затворат.

Но, и ова не е најлошата констатација. Најлошото е што и онаму за кај што ќе се одлучат да сработат согласно закон, се крајно наспособни и килави. Причината за неспособноста ја наоѓам во големиот страв кај полицајците кои се плашат да не згрешат некому, и без прецизна наредба не постапуваат ни милиметар повеќе. Ако полицаецот односно инспекторот кој е на терен има можност да ги добие информациите од прва рака и да направи спој помеѓу цела криминална група, се плаши да сподели со шефот што е погубно. Шефот, и да сака некогаш да организира сериозна акција, не може да смета на искрен и отворен пристап од страна оперативците, бидејќи тие се плашат да не изгорат.

Не е само еден пример каде како награда за успешно завршен предмет со организиран криминал, или за откриена криминална организација, оперативци биле деградирани, уназадувани со по три четири места во хиеархијата, прераспоредувани по полициски станици, а често и бркани од работа. Една од најнеблагодарните работи во држава е да се работи како инспектор за организиран криминал и да се остане чесен. Секој инспектор има два пата, првиот е да остане чесен, да го работи само она што ќе му биде наредено, и со крајно внимание да прашува кај шефовите дали смее да отвори нов предмет за некои оперативни сознанија добиени од терен.

Вториот пат е да се врзе со криминалните структури во државата, кои ќе му обезбедат и унапредувања и блискост со одредени шефови кои директно се вклучени во бизнисот. Во тој случај, инспекторот престанува да биде инспектор, туку станува вазал на криминалните структури, и влегува во одлични релации со определени високи структури во полицијата. Покрај заштитата и привилегираните позиции, има можности да се стекне и со сериозна имотна корист. Имајќи ја во предвид состојбата во полицијата, која ја знаат и чесните и нечесните, судбината на извештаите за сомненија перење пари е однапред определена.

Согласно јавните податоци објавени во годишните извештаи на Управата за спречување на перење пари, Управата има доставено купишта извештаи до МВР, Финансовата полиција, и се разбира до Јавното обвинителство. Но, во нашиов случај целта е да се девалвира сработеното. Се гради слика дека целиот труд од Субјектите и од Управата не вреди ништо и е чист блеф и шпекулација. Владата се обидува да изгради слика пред јавноста дека е чиста, дека не постои организиран криминал, и дека Ване Цветанов лажел!

Накратко ќе презентирам неколку примери од предметите, каде секако, ќе ги избегнам подтоците на лицата, но, преку типологиите на самите трансакции јавноста нека процени дали вреди вклучување на институциите на прогон, или е оправдано криењето и заташкувањето на овие предмети со години...

Случај број еден:

Се работи за целосно собрани и анализирани податоци за едно физичко лице од град од централна Македонија. Лицето не е евидентирано како вработено во Агенцијата за вработување, нема поднесено годишни даночни пријави до Управата за јавни приходи, значи нема пријавено никакви дополниелни приходи од било каква активност. Исто така од проверките во базата на Централниот регистер беше констатирано дека лицето не е сопственик ниту управител во ниту едно правно лице. Од податоците од Централниот депозитар за хартии на вредност беше утврдено дека не е сопственик на ниту една акција во ниту една компанија.Од катастарските податоци се виде дека е сопственик на мала подпросечна куќа...

Значи да резимираме, се работи за крајно сиромашен невработен граѓанин. Е, истиов овој граѓанин во период од околу две и пол години има изнесено повеќе од дваесет и пет милиони долари во кеш од границите на Република Македонија. Парите ги носи во банка во една соседна држава. Од банката од соседната држава ги трансверира во неколку земји од друг континент, од каде веројатно се внесуваат одредени нелегални стоки во нашата земја. Според нашите сознанија се работеше за лице курир, кое само ги пренесува парите за организирана група од Р Македонија.

Излегувањето, односно изнесувањето на парите преку граница и не е толку сложено. Многу посложено е внесувањето на стоката. За да може само од една група да се внесе нелегална стока во вредност од дваест и пет милиони долари, неопходно е вклученост на огромен број на високи државни службеници и функционери од повеќе институции. Извештајот за предметот беше дотавен до МВР пред околу две години.

Секогаш кога ќе се заинтересирав за предметот, ми одговараа дека се работи на истиот, дека се работи на откривање на целата група, но за жал до ден денешен, и после две години нема ништо. Целото МВР, со сите технички ресурси, за кои троши милиони евра годишно, и со целата армија на кадровски ресурси не успеа да открие елементарни податоци! Ви се верува ли? За две години, јас лично сам дознав повеќе податоции, особено за каква стока и преку кои гранични премини се внесува, кои шпедиции се вмешани, а особено и кој има корист од целата таа криминална организација.

Случај број два:

Македонска компанија која се занимава со извоз и со увоз, веќе со години прикажува минимални добивки, а по основ на поврат на ДДВ ја оштетува државата во континуитет. Истата таа фирма секоја година извезува и увезува стоки во просек во вредност поголема од дваесет милиони евра. По десетина милиони евра на извезени стоки, и по десетина милиони евра годишен обрт на увезени стоки. Исто така оваа фирма има регистрирано неколку фирми ќерки. Преку работењето на оваа фирма и нејзините фирми ќерки за потребите на домашниот пазар, дневниот промет на годишно ниво достигнува преку милијарда денари...

Само илустративно, за 2006 година, прикажаната добивка е само педесет илјади евра! Ова значи дека фирмава која врти десетици милиони евра, платила данок околу десет илјади евра! Но, ова не е најстрашното... освен што не плаќала данок, фирмава се потрудила преку најразлични форми да ја олесни државата за неколку стотици илјади евра. Само во една трансакција, фирмава во 2007 година си вратила ДДВ околу петстотини илјади евра!

Ако го пресметаме работењето од 2006 г,(бидејки во 2006 не беше застарено) до денес, за осум години ќе констатираме дека за околу дваесетина милиони евра е олеснет државниот буџет, и истите се реинвестирани односно испрани, во нејразлични објекти, погони и останати капитални инвестиции.

Овој предмет беше доставен до Финансовата полиција. Според нивните согледувања и мислењето на еден обвинител, перење пари во случајов немало. Но, тие ќе дале максимум за да се докажат и санкционираат останатитете кривични дела, а исто така и дека данокот ќе бил наплатен. До ден денешен не чув за било каква кривична пријава за сопственикот на фирмата, ниту за било каква наплата на поголем износ на данок. Доколку се случила, а не сум разбрал, иако требало повратно да бидам известен, сепак се извинувам. Сакам да потенцирем дека, од страна на Управата биле посочувани бројни предмети со даночни затајувања и милионски затајувања на буџетот на државата, но едно е важно: за онаму каде нема желба, односно каде потенцијално има "амин" од власта, таму се занемаруваат активностите, а онаму каде што ќе се ососколи државата и ќе реши да се пресмета со некого, не е никаков проблем да се впрегнат сите државни органи, и да се докаже и она што го нема.

Но, со целосен легитимет имам право да се сомневам дека некој од многу високо, целосно ја заштитил целата оваа шема, со цел дебело офајдување. Така што и ова е само уште еден од многуте примери за цицањето на крвта на македонската економија, во името и за лични интереси на одредена група на моќници од власта.

Случај број три:

За овој случај македонската јавност беше запознаена и веројатно читателот многу лесно ќе го препознае. Се работи за афера во телекомуникацискиот бизнис, која за жал беше откриена и во други земји. Неслучајно, од сите останати случаи, одлучив да напишам неколку реченеци, со цел доразјаснување на определени нејаснотии во врска со овој случај. Имено, менаџментот на оваа компанија беше обвинет за извлеување на дивидендата преку најразлични фирми ќерки, и избегнвање на прикажување на реалниот профит.

Од двата оператори, фиксниот и мобилниот, во текот на повеќе години, континуирано се одлевале десетици милиони евра.
Ако се земе в предвид дека државата е малцински акционер, кој нормално треба да земе дел од колачот, односно од профитот на овие две високопрофитабилни компании, станува јасен мотивот зошто фиктивно е намалуван реалниот профит. Преку своите фирми ќерки беа плаќани милиони за секакви консултански услуги, школарини на деца во скапи универзитети по светот. Една од фирмите ќерки, која има само еден вработен, оди во ликвидација иако располага со значителен износ на средства.

Има основачки влог во акции, значителен износ, кои во тој период вредат неколку стотини милиони евра, а на својата сметка има орочени повеќе од петнаесет милиони евра. Освен извлекувањето на превисоките дивиденди, кое претставува директна кражба на државата како ортак во компанијата, постоеа посериозни сомненија, имено, уште пред да избие аферата во Германија, и да се обелодени дека со пари на компанијата биле подмитувани високи политичари, оваа информација беше споделена со сите компетентни органи. Според нашите сомневања, се работеше за подмитувања на високи политичари, кои директно влијаеле на Агенцијата за електронски комуникации, и на Регулаторната комисија, за оставање на постоечкиот модел за пресметка на цената на импулсите.

Во светот постојат современи формули за пресметка на цената на импулсите, каде се ставаат во предвид сите расходи и максимално дозволениот профит. Со новата пресметка, согласно нашите информации, цената на услугите требаше да се намали за повеќе од двојно! Ако се пресметааат украдените пари од народот преку нереалните цени на услугите, и испумпувањето на истите преку најразлични форми, ќе стане јасно дека за десетина години, граѓаните односно претплатниците си ја купиле компанијата! Во една пригода со Премиерот, ја образложив целата оваа состојба, и побарав поддршка за иницијатива за финансиско вештачење од независна реномирана и лиценцирана меѓународна компанија. Премиерот ми одговори дека тоа е невозможно, но дека муабетот е за пред селаните од Чешиново Облешево!

Нај накратко, ова беше содржината на само три од триесет и четрите предмети, кои се уште немаат никаков епилог. Јавноста нека цени,дали овој труд заслужувал внимание!
Нашата земја е преплавена со организиран криминал за чиешто сузбивање и оваа Влада не прави апсолутно ништо. Полицијата е најдобриот чувар и соработник на секоја криминална влада.

Целата моќ е сконценртирана во МВР, која има механизми да постапува според заслуга, односно, спрема договорено. Според проекциите направени од меѓународни организации, а и според моите пресметки и информации, кај нас, во државата годишно се генерира нелегален профит од повеќе од петстотини милиони евра, преку сите видови на сива економија, шверц со најразлични стоки, трговија со дрога, приходи, односно, провизии од тендери и најразлични нелегални зделки... Од овие средства, чисти педесет проценти остануваат на власта, односно врвот на владата ќари во просек двесте и педесет милиони евра годишно, односно една милијарда евра за еден мандат. Ако го пресметаме ова во патишта, во приватни џебови за изминатите четири години се имаат слеано околу четиристотини километри автопати. Со овие средства, ќе имавме модерни автопаштита, кои ќе ја поврзуваа државата надолж и попреку.

Но, не можам да се изначудам на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се молат, и фаќаат врски да бидат примени од страна на некој заменик Министер, државен секретар, или директор, бидејќи за нив научна фантастика е да бидат примени од Министер. Дали се свесни тие луѓе дека се бламираат самите себе си излегувајќи на говорница и бранејќи ги интересите на оваа криминална Влада? Навистина е очајно кога ќе видам некој млад пратеник како се брука излегувајќи на говорница и безрезервно ги брани политиките за кои нема никаква информација, освен добиената или напишаната наредба.

Дали размислуваат како ќе се правдаат за предавството на својот народ, бранејќи власт која прави стотици милиони евра годишно, продавајќи се за ситната пратеничка плата, и некое ситно тедндерче, ако се смилуваат да им фрлат.

Ване Цветанов

03-12-2010, 11:57 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

Во овој презаситен , а фактички празен и стерилен, медијумски простор во МК, дали имате повратни информации колку од овие работи што ги кажува Ване Цветанов има резултат. Гледам, СДСМ ( значи опозицијатаShok) тоа не го користи, а ВМРО-ДПМНЕ не сака да демантира или да поработи тие работи да се сменат.
04-12-2010, 01:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(04-12-2010, 01:27 PM)hristo Wrote: Во овој презаситен , а фактички празен и стерилен, медијумски простор во МК, дали имате повратни информации колку од овие работи што ги кажува Ване Цветанов има резултат. Гледам, СДСМ ( значи опозицијатаShok) тоа не го користи, а ВМРО-ДПМНЕ не сака да демантира или да поработи тие работи да се сменат.


Тоа што не ги користи ни позицијата ни ОПОЗИЦИЈАТА е повторно показател за нивната поврзаност. Односно дека и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се водени од еден центар.
По наши информации ова што го пишува Ване Цветанов допира до ушите на луѓето кои размислуваат за подобро утре на Македонија. Затоа е и оваа паника кај чедата на полициско политичкото подземје. Се надеваме од идната недела да добиеме уште едно сериозно засилување во делот на колумнистите.
04-12-2010, 05:46 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

Абе овие дпмневциве секој кој ќе им избега е лигуш,предавник итн...Без притоа да ги интересира што објаснува и какви аргументи дава тој човек. Цветанов му дал материјал на Љупчо Шврговски вреден 15-20 милиони евра криминал, а овој заклучил дека таму нема ништо. Но Шврга е поставен таму за да биде марионета на власта а не за да расчистува со криминалот. Шврга беше обвинител ми се чини и на Бранковистите...Уште еден доказ за матнината и игрите на оваа криминална власт.
08-12-2010, 03:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:ПЕРВЕРЗИЈА, НО ПРЕД СЕ' СТРАВ

Дваесет години се изнаслушавме политички лекции за предностите, благодетите на демократијата, плурализмот, а кои и какви се штетите од тоталитаризмот и едноумието...

Секој граѓанин со елементарни познавања на политичкиот систем и политиката многу добро знае кои се основните услови за функционирањето на едно демократско општество. Освен слободата на говор, правото на изразување, неселективниот пристап во борбата против корупцијата и криминалот, премногу е важен балансот на силите на власта. Нашата земја многу болно го преживеа процесот на транзиција, и постоеше неопходност од цврсти и темелни реформи.

Во периодот од 1998. до 2002., ВМРО ДПМНЕ го полагаше првиот тест за зрелост, односно, умешност за водењето на државата. До душа, се погодија доста тешки прашања, бегалска криза, војна, наследени проблеми со име, лоша економија, стечајци, сиромаштија... Во тој период, партијата имаше шанса да се покаже и докаже. По осум годишна транзиција, ако се сакаше можеше да се исправат многу работи. Гледано од призмата на 1998. година, можеше да се видат и отстранат сите недостатоци, бидејќи веќе постоеја успешно завршени модели, од кои можеше да се црпат искуства, и да се применат веќе докажаните практики.

Но, за жал, гледано од денешен агол, можеме да видиме колку отров и негативна енергија постоела во самата партија, за да секоја добра идеја биде задушена. Интриги, сплетки, крила, фракции, местенки, ништење едни со други... Што за интереси на туѓи дворови, што за личен каприц. Други пак, амбициозно си влегоа во сверата на материјалното, правејќи пари. Но, важно е дека идејата пропаѓаше, бруките растеа со секојдневни гафови и скандали. Но, еден функционер, тогашен Министер за трговија, па за финансии, неуморно си работеше на својот реитинг. Сеуште е чудно и индикативно, како во времето кога медиумите маваа со дрва и камења по се што е ВМРО, нашето министерче беше фалено, префалувано...

Наместо да се зафати со расчистување на лошата приватизација која тој ја наследил,(како што кажува тој самиот) тој си работеше на рејтингот и идното преземање на партијата. Успеа, стана претседател, и почна со целосната реинсталација. Но, при инсталирањето, внесе многу повеќе страни тела, отколку што некој можел да замисли. Поддршката сепак ја доби, безрезервно, бидејќи се немаше друга надеж, алтернатива, а и одлично знаеше да го правда секој потег. Во името на искрените намери за правењето на неопходните реформи, Груевски доби подршка на изборите во 2006 г.

Вадејќи се на немањето неопходни механизми, побара апсолутна победа на парламентарните избори во 2008 г. По добивањето на апсолутната власт, доби Претседател на држава, и најголемиот број на градоначалници во историјата на Р Македонија. Но, во тој момент, полека но, сигурно почна да ги применува тоталитарните механизми, со се' сите пороци на апсолутната власт, за задоволување на сопствената алчност и суета.

Во 21. век, после дваесет годишна транзиција и напредок на целиот регион, ние се вративме во годините на Милошевиќ, или на Енвер Хоџа. Сивило, апатија, разочараност, страв кај народот! Е сега, освен брендот ВМРО, и по некој залутан чесен ВМРОвец, што друго има во таа партија? СРАМ! Срам за секој Македонец! Во моментов, на политичката сцена од едната страна имаме целосно искривено, извитоперено ВМРО ДПМНЕ, кое е се', освен демохристијанска конзервативна патија, со доминација на нереализираните отпадоци од СДСМ и други партии, а од друга страна го имаме СДСМ на чело со Бранко Црвенковски кој бара шанса по трети пат.

Како стар член на партијата и човек кој ја сака Македонија, ќе кажам веднаш, дајте му шанса на Бранко! Зошто? Затоа што без пораз, нема шанси Груевски да се исчисти од партијата, а со секоја секунда повеќе на чело со Груевски, се' повеќе пропаѓа, се контаминира партијата и пукањето на балонот ќе биде трагично и срамно. Ова го напишав, летоска, кога имаа 27% рејтинг, го повторувам и сега кога имаат 18%, а ќе го повторам, за жал кога тој рејтинг ќе стане едноцифрен! Но, после Груевски, и неговите неми послушници дали ќе има шанса воопшто понатаму партијата да се врати на сцена е знак прашање!

Затоа, колку побрзо "шут карта" на Груевски, толку поголеми шанси да се спаси нешто од честа на Партијата! Од таа причина, целосно го подржав бунтот на Обединети за Македонија, а сега го подржувам маршот на СДСМ. Некои се обидоа да прикажат 5.000, некои, 8.000, некои 15.000, а организаторите дадоа цифра од фантастични 50.000! Едно е факт, минатата недела, на 5. декември, се случи народ, се покажа силата на народот, и пред толкава толпа, Никола Груевски одамна ја немал честа да се обрати, а и не верувам дека во иднина ќе има шанса за говор пред толкав број на луѓе.

Оваа недела беше историска за Македонија. Маршот кој што беше организиран од страна на СДСМ, му се допаѓало некому или не, смени, и ќе смени многу текови во македонската политика. Пред се' ја врати надежта кај граѓаните, вербата дека на крај сепак тие одлучуваат и ја имаат моќта да дават и да земаат власт! Но, пред се' имаат право да бараат одговорност од оние што ги излажале!

Многу помала е одговорноста кај комунистичките диктатори од деведесетите години на минатиот век. Тие затекнале таков систем, и владееле согласно идеологијата и правилата на тој систем. Страшен грев е во време на демократија, да го изманипулирате сопствениот народ, да побарате апсолутна власт во име на реформи, за на крај целата таа доверба да ја злоупотребите на нај брутален начин.

Прво, сакам да одговорам на тезите на одредени стари ВМРОвски структури. Тезите дека најголемо зло во историјата на ова земја бил и се' уште е Бранко Црвенковски. Сеуште се турка идејата дека во никој случај не треба да дозволиме враќање на Бранко, бидејќи тоа би било погубно за државата. Еј, мои стари партиски колеги, и мои драги стари ВМРОвци... отворете ги очите, погледнете како живее вашиот народ, погледнете што се случува со идеалите на ВМРО!

Погледнете ја алчноста и газењето преку лешеви од страна на Груевски, за заситување на неговата суета? Или пак сакате да ми кажете дека Груевски не е анти-НАТО и анти-ЕУ ориентиран? Зар има поголемо зло од предавството кое што ни го направи на сите нам, монструозно извитоперениот ум на Груевски? Зар сеуште не можете да се помирите и да сватите дека поголемо зло последните сто години се нема родено во Македонија? Зар уште не можете да смогнете сили да си признаете дека сте злоупотребени како мали деца од страна на некој педофил?

Жалам, навистина жалам што голем дел од патриотите во оваа земја и во дијаспората не можат да сватат дека единствената надеж за спас на оваа земја е што побрзо тргање на Груевски од политицката сцена. Со доаѓањето на СДСМ на чело на извршната власт, ќе се направи баланс кој е неопходен за демократијата, бидејќи локалната власт и Претседателската функција повторно ќе останат кај Груевски. На тој начин ќе се создадат услови за конструктивна дебата во општеството, прогрес, излегување од диктатурата, односно враќање на демократијата.

Не' заведе лидер кој воопшто не е наивен или глупав, туку напротив, нажалост, не поведе човек со висока интелигенција која е измешана со висока доза на суетност, алчност и себичност. По она што се случи во неделата и протестниот марш на СДСМ стана јасно дека има надеж за Македонија. Зошто?

Прва работа, јасно и гласно се виде и покажа дека народот не му се плаши повеќе на Диктаторот. И покрај сите обиди за омаловажување и намалување на цифрата, никој не може да ги оспори насобраните 50.000 граѓани. Бројката од 50.000 граѓани е сигнал за висок степен на револт и големи шанси за пораз на Груевски.

Дека Груевски е исплашен и нервозен, покажа неговото лице, на гостувањето на ТВ Сител веднаш по самиот настан. Гостувањето траеше повеќе од 20-тина минути и беше преполно со лаги и манипулации. Како ранета змија, во агонија, се обиде преку ефтини штосеви и со манипулации да покаже дека тој е незаменливиот. Го обвини Бранко за приватизацијата, но заборави дека токму тој, како Министер за финансии од 1999. до 2002. година, преку УЈП и Царината, можеше да ја испита целата приватизаија. Обвини дека говорот бил краток, но заборави дека на народот му е преку глава од лажни ветувања и долги говори. Обвини дека Бранко не понудил конкретна програма - па можеби е подобро да не понуди ништо, отколку да ветува реформи, подобрување, а на крај да го продаде и уништи сопствениот народ.

Се пофали дека се работи неселективно на темата борба против корупција! Најодговорно тврдам дека секоја акција, секој чекор е искалкулиран со рејтингот и интересите. Каде има интерес се апси, се затвара, каде има интерес се молчи. Исто така се пофали дека имало доволно успеси во борбата против криминалот, и пресуди од областа на организираниот криминал? Статистиките и бројките кажуваат нешто друго? Многу се апсеше, многу се снимаше, многу се фалеше, се притворија многу луѓе... Но, токму пресуди, конфискации и конкретни резултати нема.

Се пофали дека многу се напредувало во реформите со законите од областа на организираниот криминал, но не кажа зошто се уште се бега од Закон за конфискација, по европските модели, и зошто не му се даде сила, буџет и афторитет на Обвинителството. Ако сакаше да се бори против организиран криминал, во година и пол, ќе најдеше дваесет минути за состанок со Директорот на Управата за спречување на перње пари, за да се изјаснеше за многу работи кои очигледно многу добро ги знае.

Се пофали дека субвенциите во земјоделието биле сто милиони евра, но не кажа каде се останите четиристотини до петстонини милиони евра годишно, за колку во просек на годишно ниво го зголеми буџетот за овие четири години? Значи зголеми ги давачките и даноците за петстотини, од нив подели сто на земјоделците, и со нив фали се секој ден? Хм, добра финта... Ни ги зголеми давачките, ни ја цица крвта преку секакви измислени давачки, извршители... И на крај си прави споменици, спортски сали, сече ленти и за ситни инвестиции, си се слика, а народот кој го шиша!

Да не беше успехот на сенародниот марш, ќе си продолжеше конфорот и идилата на апсолутната власт! Но, кога го виде народот, поита да се спасува! Се исплаши дека голем дел од неговите бивши поддржувачи и гласачи кои беа тортурирани на најразличен начин повеке од 4 години, конечно смогнаа сили да излезат и да кажат доста на неговата диктатура. Тој е потполно свесен и многу добро ги знае цифрите. Знае дека на 50.000 излезени грагани, следува изборна победа.

Просекот на избори се вади од множење по 10 гласа за секој излезен на протест. Математиката говори дека на 50.000 излезени демонстранти следи приближна бројка од скоро 500.000 гласа на избори. Против него!
Ако од таа бројка одземе околу сто илјади гласови кои ќе подлегнат на медиумски манипулации, патиски притисоци, закани, уцени, доаѓаме до бројката од четиристотини илјади гласови. Ако одземеме уште дваесетина до триесетина илјади гласови од пензионерите, социјалците, вработените петилјади во државната администрација, доаѓаме до цифрата од триста и шеесет до триста и осумдесет илјади гласови.

На последната анкета се покажа дека за помалку од осум месеци, соодносот на реитинзите беше намален од 3:1 на 1,7:1. После маршот, вратената надеж и храброст кај граѓаните, ќе следи вртоглав пад на реитингот на Никола Груевски и партијата која што за жал е окупирана и приватизирана од него.

Свесен за поразот којшто му следи и исплашен за сопствената кожа, токму затоа поита кон ТВ Сител! Да ги разубеди гласачите дека - не, не, не биле 50.000 туку марширале 8.000. Море не, не, да имаше како, ќе кажеше дека биле само 800 луге, ама не, и тие 800 не биле луге, туку криминалци, бидејки секој што се спротивставува на големиот Никола или е омаловажен, или е прогласен за криминалец!

Што им е заедничко на Груевски и Црвенковски? Тоа што по три пати ја добивале довербата на граѓаните. Црвенковски во 1994., 2002. и мандатот за претседател на држава во 2004. година. Груевски пак, 2006., 2008., и 2009. година. Значи потполно исто. Добиле по три пати.

Но, проблемот е што последните три пати во серија добива Груевски. А ефектите и резулатите од неговото владеење се видливи. Никола Груевски побара апсолутна власт и целосна подршка, за да има моќ да ги направи неопходните реформи. Доби повеќе од што бараше, но наместо остварување на ветеното, тој си го покажа вистинското лице. Од реформите нема ни трага ни глас, освен секојдневните ветувања, за во идно време - што определено, што неопределено. Но, за таа сметка повторно работи само за сопствениот интерес, а ни од далеку не му е гајле за граѓаните на оваа земја, без разлика од која етничка припадност се, или пак на која политичка партија припаѓаат.

Што мислите, зошто на Груевски не му се ни помислува да ја даде власта? Зошто толку многу беше исплашен во неделата? Затоа што е свесен и многу добро знае дека по проментата на власта ќе се докажат сите негови криминални афери. Доаѓа време кога ќе испливаат сите гнасотии на површина и конечно ќе биде разоткриен неговиот вистински лик. Многу добро е свесен и кристално му е јасно дека голем дел од украдената милијарда за овие 4 години, преку секакви облици на организиран криминал ќе излезе на виделина. Знае дека согласно правилата на игра, половина од профитот е завршен на места за кои тој знае. Голем дел од делата за земениот чист профит од 500 милиони евра за изминатите 4 години ке бидат документирани и докажани.

Но, поразот пред се' ќе биде психолошки, и навистина го жалам уште сега. Замислете како ќе изгледа разоткриеното вистинско лице на нашиот спасител? Како со неговата суета ќе го преброди понижувањето дека е еднен обичен манипулатор на својот народ. Како ќе ја издржи трансформацијата од суперхерој во најобичен калкулант, преварант, шпекулант? Затоа, секоја политичка опција во моментов е сто пати подобра од моменталната диктатура, понижување и страв кои ги чувствуваме секојдневно.

Не ја знам политичката платформа на СДСМ, и не можам да говорам за реформите кои би ги направиле и кои ефекти би се постигнале. Но, едно сигурно знам. Знам дека ќе биде демонтирана диктатурата, и знам дека ќе следи праведна одмазда со патриотска фискална сметка. Тоа го видов во очите на граѓаните, во очите на раководството на СДСМ, во очите на самиот Црвенковски...

А дали нешто друго и' е повеќе потребно на оваа земја од демистификација на изградените култови, кои како спасители и реформатори не' вратија десет години наназад, не' турија во жив песок, и не' избрукаа пред целиот свет! Време е за излегување на вистината на виделина, не за нас, бидејќи можеби е касно, пред се' за иднината на оваа земја и за доброто на нашите деца.
20-12-2010, 03:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:ДРЖАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА

Последниве години, на секои избори, скоро во секоја предизборна програма кај сите политички партии стои поглавјето - реформи на джавната администрација. На ова поглавје секогаш му се дава важен приоритет во предизборниот период, сосема неслучајно. Политичките партии многу добро знаат дека со споменувањето на ова прашање даваат надеж кај сите гласачи и дека оваа тема е непресушен извор за манипулација и добивање на нови гласови.

Прво, граѓаните и бизнис заедницата, кои по цели денови дремат по шалтери, трпат тортура, омаловажувања, и недобивање на соодветнитеуслуги, се надеваат дека конечно ова лудило би престанало, дека најпосле ќе почнат да добиваат соодветен третман односно услуги за своите пари, со кои ја плаќаат администрацијата.

Второ, невработените и компетентните се надеваат дека конечно со реформите ќе се создадат фер критериуми преку кои би добиле шанса за чесно заработување на парче леб.

Трето, вработените во државната администрација се надеваат дека ќе добијат унапредувања... чесните и вредните се надеваат на мерливост на сработеното, напредок согласно заслугите, а фолирантите и забушантите се надеваат дека преку врски и интриги уште повеќе ќе напредуваат.

Но, едно е важно, сите се надеваат дека ќе биде подобро согласно нивните очекувања! Несомнено, убавата бајка наречена реформи на државната администрација е одличен мамец за добивање на гласови. Затоа, политичкиот ќар е во што почесто актуелизирање на темата, но во никој случај зафаќање со решавање на проблемите, бидејќи вистинските реформи би биле ризик за губење на сериозни политички поени, рејтинг, па и власт.

Но, како земја која е кандидат членка за ЕУ, која официјално се стреми за исполнување на ЕУ критериумите, секоја година пополнуваме прашалници за направените реформи, за напредокот со реформите и слично. Но, болното прашање со неефикасната државна администрација постојано се провлекува, а од година на година добиваме се пожешки шамари на оваа тема.

Критиките за реформите во администрацијата станаа најгласни, најдиректни и најсериозни за времето на владеење на големиот реформатор Никола Груевски. Тој, како и во сите останати области поврзани со ЕУ агендата неуморно работи, реформира, трансформира, но никако да ги осетиме ефектите... според него, важно е дека тој неуморно работи, или создава слика дека работи. Но, има една народна поговорка која вели дека ако се ценеше кој колку работи, а не кој колку сработил, одамна волвите кои ораа по нивите ќе владееја со светот.

Секаде во светот се мерат ефектите од сработеното, во политиката, во институциите, постојат системи за мерливост на сработеното. Но, жално е веќе да се напаѓаат очајните потези произлезени од безидејноста и очајот на нашиот сограѓанин Никола Груевски, кој за жал се уште е и Премиер на нашата земја. Срамно е веќе по сто пати да ги повторуваме фактите кои говорат за неговата малодушност и лицемерие.

Затоа со убаво ќе потсетам дека Никола Груевски, како Премиер можеше да направи реформи во администрацијата по кои ќе беше запаметен, но во негов стил, четири години вешто бегаше од проблемот, за на крај после добиените заушки, да излезе со катастрофалните предлог законски решенија.

Зошто не се согласувам со сегашнто предлог законско решение?

Прво, каква таквата, независност на Агенцијата, сосема ќе се изгуби, и ќе стане директен зависник на Владата. Второ, Министерството за информатички технологии, за четири години и не направи некои сериозни подвизи кои би докажале дека би имало капацитет за спроведување на инфраструктурни реформи.

Секоја чест на популилистичките проекти од типот на компјутер за секое дете и слично, но не видовме сериоезен инфраструктурен проект кој би покажал дека ова министерство има капацитети! На што мислам? Базите на податоци во сите држвни институции се правени засебно и без имлементација на некој посебен стандард. Сеуште не е направена детална евалуација на сите бази на податоци, проценка на типот на информациите кои ги содржат, нивната структура, и на крај план за нивно целосно поврзување.

Со имплементацијата на еден ваков проект би се олеснила размената на податци и информации помеѓу институциите, би се зголемил степенот на ефикасност на работа кај самите институции. Преку одредена форма на веб портали би се обезбедил достап до потребните податци за бизниз заедницата, но исто така и за граѓаните.

Нормално, самиот софтвер би го дефинирал и ограничувал пристапот, согласно законските и подзаконски акти и процедури. Преку еден ваков сериозен софтверски проект ќе се олеснеше комуникацијата помеѓу државните институции, но и квалитетот на услугата институција-граѓанин.

Вакви модели постојат во светот, кои се унапредуваат секојдневно. Еден од најдобрите се наоѓа во Кралството Норвешка. Не требаше да се измислува топла вода, туку да се засукаат ракавите, да се пронајде најсоодветниот модел, да се обезбедеа финансиски средства, и досега државниот софтвер ќе функционираше. (Целиот овој проект би чинел десет пати помалу од Скопје 2014!)

Значи да резимираме, за овие четири години, новоотвореното Министерство за информатички технологии, не успеа да направи сериозен државен проект, за кој имаше од каде да земе искуства и помош, а сега ќе ја реформира целата државна администрација?

Министерство со дваесетина вработени, со искуство од еден проект во државната администрација, за две-три години ќе реформира цела армија од администрација? Браво, ова личи на стилот и сериозноста на Груевски, остваруваме!

Да се вратиме сега на законот за државни службеници, и итрото бегање на Груевски од оваа жешка тема, од чие што бегање, си обезбеди висок реитинг. Но, за информирање на јавноста но и потсетување на високите партиски функционери од ВМРО ДПМНЕ,(приватната фирма на Никола Груевски):

Есента во 2006. година се случи една партиска координација во просториите на општина Бутел. Оваа координација се одржа непосредно по поставувањето на директорите на државните институции и јавни претпријарија, односно популарно кажано третиот ешалон од власта. На оваа координација учествуваа повеќе од стотина функционери, министри, директори, и по некој пратеник.

Темата беше, што по победата, и како најуспешно да се отпочне со реализација на програмата во сто чекори.

Покрај многуте дискусии и дискутанти, при крајот земав збор и јас, и го кажав следново:
"Имаме амбициозна програма, престојат премногу реформи, но за исполнување на ветеното, потребна е ефикасна државна администрација, која ќе има капацитети да ги спроведе реформите. Затоа, почетокот на сите реформи, би требало да почне со измени и дополнувања на Законот за државни службеници, а потоа итно модернизирање и реформирање на агенцијата за државни службеници.

"Бидејќи без силна агенција, не можеме да имаме ефикасна администрација, а без ефикасна администрација, не можеме да се надеваме на било какви реформи." Тогаш, од страна на пратеникот Влатко Ѓорчев, ми беше кажано дека муабетот не ми е за пред тој состав, туку за пред ЦК. Искрено, ниту тогаш, ниту денес не му ја сваќам поентата.

Но, за тие да можат да ја сватат мојата поента, во понтамошниот текст ќе се обидам да објаснам како јас ги гледав, и сеуште ги гледам реформите во администрацијата.

Прво и основно, зајакнување на кадровските капацитети на агенцијата. Знаеме дека во секоја успешна компанија, клучна улога игра одделот за човечки ресурси. Од способноста и знаењата на менаџерите во овој оддел, диркетно зависи успехот на самата компанија.

За спроведување на потребните реформи во цела држава, потребен е силен тим од професионалци кои имаат искуство и резултати во управувањето со човечки ресурси. На платата на овој тим не смее да се штеди, со цел привлекување и мотивација на најдобрите.

Второ, зајакнување на техничките капацитети, набавка на соодветен хардвер, стационирање на резервна база на податоци, која би ги зачувала податоците ако основната база биде уништена од пожар, поплава, или друг тип на несреќа, (популарно кажано дизастер рикавери систем). Овој паралелен систем се поставува во соодветно обезбедена просторија минимум педесет километри оддалеченост.

Согласно светските стандарди, секоја база на податоци, која содржи важни информации, кои се од витален интерес за државата, мора да биде обезбебдена со уште еден ваков систем . Паралелниот систем има за задача податоците од базата на институцијата да ги има целосно копирани, сосе секојдневните промени, на дневна основа.

Замислете, повеќе од две третини од базите на податците на државните институции немаат ваков систем! Не дај Боже доколку се случи губење на податоците, штетата би била ненадоместлива! Ова е само уште еден показател за професионалноста, одговорноста и капацитетите на Владата, Премиерот и министерството за информатички технологии.

Но, да се вратиме на потребните реформи во самата агенција за државни службеници...

Се согласувам дека се неопходни промени во законот за државни службеници, но не во насока бркање од работа за триесет дена. И сегашниот закон предвидува и дозволува санкции. Согласно сегашниот закон, доколку одреден државен службеник не си ги извршува задачите пропишани согласно систематизацијата и правилникот за опис на работно место, раководителот има право да го опомени, или пак да го казни парично со десет, односно максимум триесет проценти од платата, во рок од еден до максимум шест месеци.

Исто така, на крајот на годината постои оценување на сработеното, каде работата на службеникот може да биде оценета како незадоволителна. Со незадоволителна оценка за една година службеникот може да биде симнат, уназаден за едно хиерархиско ниво надолу. Согласно закон, ако во две од последните пет години службеникот бил негативно оценет, раководителот има право да отпочне постапка за негово разрешување од
работно место!

Ако Никола Груевски се жали на лошата државна администрација, и на лошиот закон од
тој аспект, јас како граѓанин, имам право да го критикувам килавиот менаџмент на Владата, и килавите функционери, со правото да прашам, колку вкупно постапки се поведени против лошите административци?

Промени во Законот треба да се направат, но во позитивна смисла, потребни се допрецизирања и конкретизирања на одредени формулации во законот, но многу повеќе потребно е предвидување на огромен број на подзаконски акти, кои ќе ја дефинираат работата на агенцијата, на вработените во агенцијата.

За на крај, системот за оценување, наградување, казнување и напредување кај државните службеници да биде целосно дефиниран. Слабостите се во оценувањето на една година, и лошо дефинираната методологија на оценување, која овозможува огромен маневарски простор за произволности и неправилни оценувања.

Како последица од непостоењето на цврсто дефинирани стандарди за оценување, не постои механизам за проверка на оценувањето од страна на раководителите, и на тој начин агенцијата нема систем за контрола на оценувањето, а од таму и увид во квалитетот на администрацијата.

На крај, како целиов хаос би можел да се среди...

По обезбедувањето на потребниот хардвер сосе системот за заштита од катастрофи, неоходни се законски измени кои ќе дефинираат концизен систем на наградување и казнување, а пред се' следење на кариерата на секој државен службеник. Неопходна е имплементација на моќен софтвер кој ќе овозможи внесување на сите досиеја за секој државен службеник. Од податците за неговото средно образование, високо образование, постдипломски студии и останати квалификации пред да влезе во државната служба.

Потоа, евиденција на сите негови дополнителни квалификации, курсеви, се' до службени патувања, како веќе вработен, со цел евидентирање на новостекнатите знаења. Конкретизирање на системот за мерење на квалитет, оценувања на знаењата и резултатите најмалку три пати годишно, со редовно ажурирање на податоците на секој службеник за секоја успешно завршена работа или поплака.

Во институциите каде работата е шалтерска, поставување на сандачиња за поплаки од страна на странките, но истите да ги прибира и обработува агенцијата.

Секаде каде работата е електронски мерлива, работа на шалтери, услуги на странки, и слично, секојдневно вадење на електронска евиденција на бројот на сработени предмети и услужени странки. На тој начин би се обезбедило мерење и споредба на сработеното кај дел од администрацијата.

Каде работата не е рутинска, туку интелектуална, каде се спроведуваат посложени работни задачи, се воспоставува систем на долготрајна мерливост, со основните параметри, потрошени ресурси, време, споредени со резултатите односно ефектите од сработеното.

Една од слабостите на нашата администрација е несоодветната и неадекватна распределеност на кадрите. На определени места, односно во одредени државни институции постои превработеност, односно постојат измислени работни места, кои се кроени по фамилијарни или партиски потреби. На други места, односно во определени институции постои сериозен дефицит на кадри, и потреба од нови луѓе.

Неопходно е ажурирање на систематизациите на секој државен орган, утврдување на вишоците на кадри, но исто така и утврдување на недостатоците од соодветни кадри. Согласно компјутерската евиденција со сите неопходни податоци за квалитетите, квалификациите и способностите на секој државен службеник, агенцијата ќе ја има моќта и капацитетот да прераспоредува, согласно потребите на институциите.

Сите оние, кои ги немаат потребните квалификации, и не се вклопуваат во ниту еден државен орган, постои опасност да постанат определен вид на технолошки вишок. За нивно понатамошно згрижување, и избегнување на социјална криза, државата има две алтернативи.

Првата е да субвенционира приватни претпријатија за нивно згрижување, а втората, за повозрасните кои имаат помалку од десет години до пензија, а не се вклопуваат во потребите на институциите, да ги категоризира во некоја група на технолошки вишок. Обештетувањето би траело до пензија, и би било половина од сегашните бруто трошоци за тоа лице. Заштедата би била повеќе од тројна, затоа што автоматски ќе се намалат и режиските трошоци, кирии, телефони, хартија и се останато што се троши а ефекти нема.

Со парите заштедени од државната администрација може да се премине на фаза два, каде што ќе се квалификуваат потребните кадри, кои се бараат на пазарот. Мора обезбедување на силна врска помеѓу државните институции, Агенцијата за државни службеници, Агенцијата за вработување и Министерството за образование со бизнис заедницата. Потребни се посебни програми на нашите универзитети, во кои ќе биде даден посебен акцент на практичната настава согласно потребите на пазарот на труд.

Но, исто така е пожелно годишно стипендирање на петстотини студенти и постдипломци на најреномираните универзитети во светот, кои за неколку години ќе ги донесат и имплементираат светските искуства во нашите државни институции. Но, за сево ова потребна е храброст, знаење и макотрпна работа. Треба повеќе работа и дела, а помалку фалења, зборења, и ветувања во идно неопределено време!
20-12-2010, 03:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Цветанов: Владата е дел од организираниот криминал

Биљана Секуловска


22.12.2010 20:28



Зошто надлежните органи не реагираат во прилично јасните случаи на криминал и корупција. Гости во Вестите на А1 Телевизија беа Слаѓана Тасева од Транспарентност нулта корупција и Ване Цветанов поранешен директор на Управа за спречување перење пари.

Зошто, ниту оваа Влада, па ниту било која претходна, била заинтересирана да им стави крај на корупцијата и криминалот. Значи ли тоа дека државниот врв, не говорам за овој воопшто, бил поврзан на некој начин со криминалните групи, или пак можеби се други мотивите?

Цветанов: Јас секогаш велам - за да почне активна борба против криминалот, сонувам за денот кога ќе добиеме датум за преговори со Европската Унија.

- Во светот постојат критериуми, постојат стандарди, постојат директиви, постојат пораки кои што мораат да бидат имплементирани од секоја една нормална земја која што сака да биде членка на ЕУ. Така што и Македонија во моментот кога ќе го добие датумот за преговори, ќе мора да го среди целосниот систем за борба против организираниот криминал.

- Дотогаш постои ризик од одредени пропусти во закони, во подзаконски акти, во процедури и сето тоа остава простор за сомнежи и за селективна борба против криминалот.

Не се плашат ли функционерите дека ќе ги снајде судбината на Санадер, Хашим Тачи, на Мило Ѓукановиќ?


Тасева: Додека е ваква ситуацијата во Република Македонија не се плашат и нема зошто да се плашат. Ние имаме апсолутна политизација на сите институции и политичка контрола на сите институции, кои што треба да водат борба против криминалот и тие едноставно ги контролираат сите.

- Ние имаме институции, имаме закони, имаме се што е потребно, затоа што така и не оценуваат, оние кои што треба од надвор да не оценат. Законите постојат, институциите се поставени, но внатре луѓето ја немаат слободата, се уште не постои онаа политичка волја која ќе овозможи, тие да си ја работат професионално.
(This post was last modified: 23-12-2010, 03:08 AM by ЈорданПетровски.)
23-12-2010, 03:08 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

Quote:Ване Цветанов измена
сабота, 25 декември 2010 00:16

ДАЛИ СЕ ДОКАЖА ДЕКА БОРБАТА ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ Е СЕЛЕКТИВНА?

Жалното е што нивниот извитоперен систем на вредности, кој е рефлексија на умот на креаторот на системот и првите околу него, се обидуваат да го пренесат во целото општество. Се обидуваат да го инфицираат целото општество со нивните искривени вредности, неспособност, интриги, местенки, дискредитација, компромитација... кое лицемерие! Изминативе десетина дена беа одбележани со скандалот "Медиа Принт". Целата фама започна со објавувањето на дописот од Унгарија, на А1 телевизија. Жалното е што еден ваков класифициран документ излезе во медиум. Овој чин директно ја докажува недовербата во институциите, и слабиот институционален капацитет. Освен од страна на јавноста, стана очигледно дека постои недоверба од страна на вработени во истите тие институции. Зошто би излегол документ од институција, ако постои систем за неселективна борба против криминалот? Логично, тие што се внатре и работат посветено, ќе бидат мотивирани да го штитат системот бидејки ќе знаат дека ќе следи епилог. Но, вработените од внатре, се имаат изнагледано на предмети и предмети, кои завршиле по фиоки, па имале можност да изградат став околу искреноста на оваа Влада. Ако постоеше внатрешна доверба, ќе беше полесно да се изгради внатрешен безбедносен систем кој нема да дозволи излегување на документи, а кој очигледно не постои. Не знам колкав е степенот на безбедносна култура на новиот Директор на управата. Знам кои и какви безбедносни мерки постоеа во Управата, додека јас раководев со институцијата, и знам дека Владимир ги почитуваше како вработен. Но, очигледно многу малку знаел за целокупниот безбедносен систем, а особено за информатичкиот систем, бидејќи, веднаш по мојата оставка, ги тргна луѓето кои се грижеа за информатичкиот систем, и постави демек, свој човек. Едно, што тој човек беше три хиерархиски нивоа под своите претпоставени - па не знам колку би имал знаење и капацитет да се справи со предизвикот. Следно, не знам по кои критериуми ја стекнал довербата во човекот - најважниот критериум за доверување на сите податоци на еден човек. Не можете и не смеете да му ги дадете сите безбедносни пасворди, лозинки, достап и увид во целиот систем само на еден човек. Особено нели, кога директорот е партиски поставен, од ВМРО ДПМНЕ, во една институција преполна со чувствителни податоци, целата безбедност да ја довери на човек чиви родители се активисти на СДСМ! За безбедносниот систем во УБК не можам да коментирам, но едно е јасно, документот излегол или од УБК, или од УСППФТ, или од самите Унгарци. Е, сега, кога сме кај меѓународните ФИУ-а, нашиот меѓународен рејтинг и имиџ ќе биде сериозно нарушен. Можеби, одедени меѓународни структури, кои увиделе дека оваа Влада секојдневно лаже, блефира, и ги кочи секојдневно ЕУ и НАТО интеграциите на ова земја, решиле со конкретен доказ да разобличат одредени тајни. Барем за она што го знаат, а очигледно е дека знаат повеќе од доволно. Е сега, освен што е жална самобендисаноста на ова Влада, и се карактеризира со праволиниското и избрзно земање на одлуки, жално е што одредени луѓе си изградиле и став да се сомневаат во мене, мислејќи дека документот излегол од мене. Нека си ги проверат сите погоре посочени причини, слабости и дупки во системот, а потоа нека носат заклучоци, а не на прва. Премногу е детски! Мислам дека е доволно околу темата, од каде, што, и како излегол документот, сега да се навратиме околу самиот систем за спречување на перење пари. Државава ни стана една од најтрачарските во светот, се носат одлуки, заклучоци, решенија врз база на трачеви и оговарања. Системскиот приод ни е некако туѓ. Еве класичен пример со упадот на државата во А1 ТВ, и дваесет годишните шпекулации поврзани со криминали на Велија Рамковски. Да се шпекулира, оговара или нагаѓа дека некој е криминалец, цели дваесет години, а да не е напишана ниту една кривична пријава, покажува сериозен проблем на државата. Прво, ако има основи за сомневање дека постои одреден вид на криминал, постојат закони и процедури, како се документира сето тоа, како се пишува кривична пријава, или пак обвинение. И, ако постои криминал треба и мора да се докаже, особено ако е поврзан со сопственик на највлијателниот медиум во државата. Но, ни од далеку не се пристапува кон откривање на евентуален криминал, преку бруталност и покажување на сила од страна на полицијата. Ако постоеле докази за двојна книговоствена евиденција, за списоци за плата на новинари, постојат законски процедури како се проверува тоа, како се докажува, и како се санкционира. Но, во никој случај не е допустливо нивно објавување на официјалниот сајт на УЈП, макар и за една минута. Ова говори за смислена манипулација и спин за деградирање и оцрнување на цел медиум. Скоро сите блогови, форуми, и останати комуникациски платформи ги презедоа податците, па истите сеуште се достапни за јавноста. Ова говори за слабите капацитети на институциите, но говори и за трачарскиот нарав на оваа Влада. Освен што во самата партија се напредува единствено преку кодошење, местење, оговарање и гребење, истите овие вредности од одамна станаа клучни за напредување во владините структури. Но, и ова не е толку страшно - како си сеат така ќе си жнеат. Жалното е што нивниот извитоперен систем на вредности, кој е рефлексија на умот на креаторот на системот и првите околу него, се обидуваат да го пренесат во целото општество. Се обидуваат да го инфицираат целото општество со нивните искривени вредности, неспособност, интриги, местенки, дискредитација, компромитација... кое лицемерие! А од друга страна, не' трујат со кампањи "биди човек, имај морални вредности"! Очигледно мајмунот Марко(од рекламата на Владата), кој можеби не ги поседува пониските човечки етички вредности, како станување во автобус и останато, во делот на злоба, расипаност, лицемерие, сигурно е поетичен и почесен од тие што ја нарачале и одобриле рекламата. На морални вредности се учи преку примери, од водачите, од лидерите, манирите на владата треба да бидат пример и гордост за сите нас. Гледајќи ја посветеноста, искреноста, и вредносниот систем на една квалитетна влада, сигурно ќе промени многу повеќе на позитивно во државата, отколку смешни но скапи реклами преку кои се купува медиумската сфера во општеството, и се гради диктаторски режим. Но, ние секојдневно се изнагледавме на непринципиелност, на неморал, на неетика, за на крај и преку мајмуни да не учат да не го правиме истото, кое тие секојдневно го прават, само на повисоки инстанци. Но, да се навратиме на А1 ТВ. Мојот став е, дека, ако имале некакви докази, требаше да се направи многу попрофесионална предистражна постапка, истрага, документирање на факти. Но, тивко, професионално и етички пред се'. Без покажување на мускули и бруталност. Но, очигледно целта не беше таа, целта била да се уцени, заплаши, придобие Велија на своја страна, а со тоа и последниот медиумски бастион. И, кој е Марко во случајов? Но, да се запрашаме, дали имаат памет тие што се уште ги подржуваат политиките на оваа Влада? Еве, како што вели и самиот Велија, да прифатеше Латас да стане уредник на А1 ТВ! Дали им е јасно на сите бумбарџии, дури тогаш кај ќе им беше крајот? Во минатиот број на "Фокус" прочитав еден интересн податок. Во Србија, иако Милошевиќ победуваше со огромни разлики, кое директно укажува дека најголемиот дел од Србите гласале за него, сега многу малку срби признаваат дека гласале за него! По паѓањето на секој диктатор, и обелоденувањето на сите афери, се раѓа срам, брука! По паѓањето на оваа Влада, и обелоденувањето на сите скандали, ќе треба да се направи емисија, во која, водителот, ќе им се јавува на сите бумбарџии, стадионџии, бурекџии и останати слепи подржувачи на оваа власт и тоа на сметка на продукцијата. Сценариото би требало да биде, да ги пушта нивните фалби и денешни глупирања, па да пушти некоја веќе обелоденета афера, па да следи едноставното прашање, "дали се срамите од самите себе?" Но, не се толку и виновни, тие јадни души, кои се очигледно леснозапаллива материја, која лесно подлегнува на медиумска пропаганда. Да би бил денес на власт овде и самиот Милошевиќ лично, сигурно токму тие истите луѓе би се јавувале да го величат него. Но, да се вратиме на сучајот со МПМ. Навистина се изненадив кога ми се јави новинар и ме запраша кој е мојот коментар во врска со документот? Најпрво се сепнав, се прашав кој е човеков, од каде знае за докментов? Но, новинарот беше љубезен и ми објасни дека претходната вечер на вестите на А1 излегол документ. Бидејќи немав гледано вести, си помислив да не е некоја патка, го подраспрашав што имало во документот? Од збор до збор ми беше прераскажана содржината на документот. Дадов кратко мислење и разговорот заврши. Но, бев шокиран, згрозен! Но, било што било, почнав со внимание да ги следам случувањата... Навистина очекував МВР воопшто да не признаат дека постоел таков документ, очекував да тврдат дека немаат добиено такво известување од страна на Управата. Исто така немаше да ме изненади да го земат документот (копијата) на вештачење, и да ја прогласат за фалсификат! Се изнагледавме на прогласување на фалсификати, па веќе не можеме да бидеме сигурни дека некој, некој ден нема да ни го прогласат и сопствениот извод од родени за фалсификат! Но, едно не ме изненади - изјавата на Министерката: МВР не постапува по случаи кои се случиле на територија на друга држава! Е, аферим, браво! Ова е држава со сериозен систем за борба против организиран криминал! Како што кажаа веќе и некои експерти, најдлабоко се надевам, никој меѓународен експерт да не го слушнал ова. Ваквата изјава, за ваква деликатна состојба, дадена од Министер за внатрешни работи, го фрла во вода целиот труд за градењето на системот во изминатите години. За еден сличен лапсус на вработена од УЈП,(УЈП ја интересира само собирање даноци, и не постапува по Законот за спречување на перење пари), за време на евалуацијата во 2007. г., имиџот на земјата беше сериозно загрозен! Но, тоа беше изјава од инспекторка, која не била упатена во материјата, а во последен момент како замена беше пратена на брифинг со евалуаторите. Но, ваква изјава од Министер за внатрешни работи?!! Да се вратиме на случајот. Документот не случајно беше прапратен до УБК. Како што и други осетливи документи биле препраќани најпрво до УБК. А, и со право сме ги праќале најпрво таму, бидејќи сме имале причина да им веруваме многу повеќе. Проверките секогаш биле вршени координирано, тивко, безбедно, и професионално. А и самиот фидбек беше подобар, отколку соработката со Одделот за организиран криминал. Како директор, во текот на неколку часа, понекогаш минути, сум организирал состаноци, координации со началници од УБК, но со началниците од организиран криминал, на исто хиерархиско ниво, сум чекал со недели, месеци, бидејќи биле презафатени, за потоа да ги среќавам по кафеани. Затоа, министерката нека не се чуди зошто предметот бил препратен само до УБК? А, и двете Управи се дел од МВР! Навистина не ми е јасно од каде потекнува чудењето? Дека било пратено само известување, а документот не бил пратен, не се согласувам, бидејќи согласно процедурите за работа на Управата, кои се почитуваа без исклучоци, слободно можам да го кажам следново: Доколку станува збор за предмет во кој Управата има направено финансиска анализа за целосно заокружена операција на перење пари, доставува извештај, доколку има податоци за една или неколку трансакции, но нема сознанија за целиот процес, праќа известување. Известувањето има стандардизирана содржина и секогаш во прилог одат докази за трансакциите. Можноста да не ја добиле копијата која излезе во медиумите е исклучена. Дали МВР било должно да постапи? Согласно законите, секој граѓанин кој има информации за било какво кривично дело должен е да го пријави истото. МВР пак, за најобична информација добиена од граѓанин, е должна да направи проверка. Исто така, да стануваше збор за вишок на пари од две три илјади евра, в џеб, да претпоставиме човекот не ги знаел законите. Но, имаме пријава од странско ФИУ, за сума од седумстоини и педесет илјади евра, кеш, во шише. Пари фатени на странски граничен премин, во обид на нивно шверцување? Пари на возачот на Директорот на една од најголемите медиумски куќи, а во исто време и претседавач на Обединетите нации? И за целата оваа информација, или известување, сосе' копијата која се појави на А1 ТВ, МВР не наишле на интерес за отпочнување на процес за оперативна обработка? Ова е еден од најголемите индикатори за перење пари, каде во случај на ваква информација, тивко се вклучуваат сите институции од државата, се прават оперативни обработки, се бара судски налог за следење на возачот и неговите најблиски, со цел, откривање на нови активности, односно трансвери на кеш. Во ниту еден случај не можеме да бидеме сигурни дека овој трансвер не се повторувал често, и за жал државата не може да открие, колку милиони евра всушност пренел, однел Душан за Виена? Ајде, се согласувам, државата имала слаб оперативен капацитет и не можела да го открие потенцијалниот криминал на нејзина територија? А со тоа и сите потенцијални трансакции кои претходно би се одвивале, се недокажливи, или тешко докажливи, и за тоа не можеме да бидеме сигурни, ниту да коментираме. Но, по добивањето на несомнено квалитетната информација, можело да се организира следење на Душан, и да биде фатен на дело оној кој му го дава кешот. Потоа, со истрага, можело да се открие од каде доаѓа тој кеш. Ако се земат в предвид изјавите на претходните директори на "МПМ", станува јасно дека малку е веројатно парите да се на "МПМ". Многу поверојатно е парите да потекнуваат од коруптивни зделки, а Душан да е само курирот кој ги изнесува парите. Замислете си, како би изгледала и звучела тезата, Огњановски да е курир на некој висок функционер од владата!? И малите деца знаат дека дел од нелегалните пари кои ги прави оваа Влада, веројатно ги зема во кеш. Провизии од секакви шверцови, провизии од тендери, пари од секакви мита... После изградениот систем против перење пари, што го изградивме изминативе години, многу е тешко големи количини на кеш да се внесуваат во банките во Маќедонија. Затоа е неопходно изнесување на парите, и нивно внесување во некоја финансиска институција во друга земја. Логично е да е бараат угледни луѓе, или нивни возачи и возила за пренесување на пратките. Но, ова е само теза, а врз основа на грдите факти поврзани со слабостите на институциите, недовербата во системот, силувањето на медиумите, може да се градат многу тези. И со право! Бидејки Владата на Никола Груевски не покажа ништо друго освен лицемерие во борбата против криминалот, сечење ленти на тениски игралишта и фрлање на лопати на Спортски сали... За лицемерието во борбата против криминалот се потврди преку двата случаја А1 Телевизија и "Медиа Принт Македонија", преку различниот аршин на пристап кон случаите, а шлаг за лицемерие беше обидот за скандал на Битпазар, со продавачите на цигари. Целта беше да се одвлече вниманието, и да се покаже дека МВР работи... Деновиве, слободно можеме да очекуваме секакви акции, чуда, кои ќе имаат за задача да го одвлечат вниманието... целата оваа состојба укажува на слабоста на системот и институциите во нашата земја, но исто така директно посочува на желбата за селективна борба против криминалот на оваа Влада. Со ова се потврдија моите критики кон Премиерот за лицемерие и лицемерен пристап! Државата ја тресат скандали секојдневно, а тој си продолжува со сечењето ленти и фрлање на лопати... Преродбата мора да продолжи! Но каде?
25-12-2010, 03:53 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

Se soglasuvam so napisanoto na Vane Cvetanov,kade povikuva na borba protiv kriminalot bez razlika koj e prekrsitelot. Za razlika od togasniot premier Buckovski koj samo ispratil inspektori od UJP i policija kaj "Pero Nakov b.b." i ne izvrvsile nikakov pretres,ispratenite inspektori od vladata na Nikola Gruevski izvrsija pretres i izvrsija uvid i gi uapsija prestapnicite.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
25-12-2010, 06:31 PM
Reply