ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
    
Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:ГРУЈОВИЗАЦИЈА
ЗАБЕЛЕШКА ДО ЧИАТЕЛОТ: Од екипата на http://www.kotle.ca многу срдечни поздави и честитки до семејството Цветанови кое стана побројно се роди нов јунак!
Поради зголемувањето на нашата екипа на писатели-колумнисти, ќе има денови во кои ќе објавуваме повеќе од една колумна.
Од уредникот.
БОРБА ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ И РЕКЕТОТ ИЛИ ЕЛИМИНАЦИЈА НА ПОЛИТИЧКИ НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ?
![[Image: 96FF565B82C27745896153E6C7EE34BF.jpg]](http://www.globusmagazin.com.mk/WBStorage/Articles/96FF565B82C27745896153E6C7EE34BF.jpg)
![[Image: 735740356BE9EA4EB904D020147D79B5.jpg]](http://www.globusmagazin.com.mk/WBStorage/Articles/735740356BE9EA4EB904D020147D79B5.jpg) ![[Image: FDA171A43D9C314B89F3FD39366933C5.jpg]](http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/FDA171A43D9C314B89F3FD39366933C5.jpg)
![[Image: lookup]](http://www.makfax.com.mk/_image/3661aa4e-99a0-424c-9753-da055244cf30/lookup) ![[Image: 1474C29CAF86FB47802FE0EBE2848199.jpg]](http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/1474C29CAF86FB47802FE0EBE2848199.jpg)
Едно од главните ветувања од програмата во сто чекори беше бескомпромисната борба против криминалот. Во периодот од двеилјади и шестата до двеилјади и осмата постоеше елан, барем навидум, и постоеше надеж дека Никола Груевски има намера да стави ред во државата и да расчисти со криминогените структури во општеството. Се зајакнуваа капацитетите на институциите, се градеше поефикасен систем, од чија што работа досега требаше да има сериозни резултати. Пресуди, конфискации... Но резултатите ги нема. Борбата против криминалот лека полека се претвори во еден од најсилните популистички инструменти, и стана силен механизам за расчистување со политичките неистомисленици.
На почетокот, секој граѓанин се радуваше кога на телевизија ќе видеше спектакуларно апсење на некоја голема група на организирани криминалци. Власта многу добро знаеше како да го ефектуира спектаклот во политички поени, кои одеа на контото на реитингот на "големиот борец и праведник" Никола Груевски. Волкот ги менува влакната, но не и наравта. Така и Груевски, колку бил чесен и колку имал желба да се бори против криминалот како министер за финансии, така и како премиер. Добар во креирањето на реитинг, а кукавица за справување со проблемите - остана килав во резултатите од борбата против организираниот криминал.
Ако направиме анализа на сите помпезни, спектакулани акции, апсења, камери, пресови, правење поени ис слично и ги споредиме со резултатите и исходите, ќе видиме дека скоро сите паднаа во вода. Ќе видиме дека недостигаат докази, кривичните пријави биле слаби, ќе видиме дека обвиненијата се слаби и на крај, нема пресуди, нема конфискација, односно нема криминал во државата. Па добро, ако судот постојано потврдува дека нема организиран криминал во државата, зошто е тормозењето и на луѓето во институциите, а и на обвинетите. Луѓето во институциите со месеци се мачат да докажат организиран криминал, се замеруваат со маса луѓе, живеат под стрес, но се надеваат дека жртвата што ја прават е за Македонија, за идните поколенија. А пак на луѓето кои се внатре, кои се обвинети, сигурно би им било полесно да се на чисто, да се на јасно, кој е исходот, отколку лежењето в притвор по месеци и годинни, во агонија, без да се знае исходот. Неизвесноста е најтешката состојба. Но, некој сурово си игра со судбините на цела нација профитирајќи за себе.
Ќе почнам од обвинителството за борба против организиран криминал, за кое пишував една цела колумна. Ќе потсетам дека главната ударна тупаница за борба против криминалот е оставена на цедило и намерно не се обезбезбедуваат симболични финансиски средства за техничко и кадровско зајакнувае. Обвинителите работат сами, немаат основни услови, а се претрупани со по десетина предмети. Сите предмети имаат материјали за обработка од по неколку илјадници страници. Без никаква логистика, и под постојан притисок дека имаат слаби резултати, обвинителите постојано се потрупани со маса на предмети. Но, главниот притисок за секој голем предмет е додека не се обезбеди обвинение поткрепено со неопходните докази за обезбедување на мерка притвор. Мерката притвор во демократските земји се изрекува кога постои опасност осомничениот да побегне или пак кога постои опасност осомничениот да влијае на сведоците. Во демократските земји, додека осомничениот е во притвор, обвинителот подготвува тим со по неколку претставници од клучните институции и интензивно се работи на докомплетирање на доказите и дозајакнување на обвинението - со цел ефикасно застапување на интересите на државата пред судот.
Но, кај нас не е така, кога ќе завршат камерите, фанфарите и пресовите, обвинителот кој го водел предметот, вообичаено многу бргу добива нов предмет, поприоритетен предмет од неколку илјади страници материјали. Предмет за кој ќе му треба време, време, многу време и многу енергија да навлезе во него и уште многу време да ја согледа сета фактичка состојба.
Е, овој вакум период е најинтересен за анализа. Што прават обвинетите во притвор? Веројатно се молат за што побрза процедура до суд, за што побрзо да знаат на што се. И обвинителот сигурно сака да има време и ресурси што попрво да го реши случајот, за и тој да е на чисто. Но, овде е вакумот во кој што користејќи ја агонијата и неизвесноста, некој влегува во ќелиите и се пазари.
Дали политички, или пак финансиски, времето ќе го покаже своето. Но дека се сее психолошки страв, тоа е неспорно!
Пред некој ден, во друштво, еден се уште закоравен Груевиста, ми вели: "абе Ване, што си запнал против Груевски, нормален ли си? Па тој е појак и од Обама!" Јас го прашав дали на рака или по реитинг или институционална моќ? Каква споредба прави меѓу двете земји? Му нагласив дека не го разбирам во која смисола му е коментарот? А Груевистов, образовано дете, професор во средно, од образована фамилија, со сиот памет ми вели: "ма не бе! Воопшто во светот сега Груевски е појак од Обама!" Му одговорив кратко дека: можеби е посилен од Милошевиќ во Србија за негово време, но како и на Милошевиќ, така и на секој диктатор, му доаѓа крајот.
Но, да се вратиме на темата за криминалот и обвинителството, замислете каков ефект има полициската политика на Груевски за луѓето да го величат за најсилен на свет! Професионализмот е паднат под минимумот! Никој не превзема одговорност за слабите кривични пријави; никој не превзема одговорност за пропустите во постапките; никој не презема одговорност за нанесената штета на државата, па и на обвинетите. После спектакуларни апсења, следи притвор и после притворот - секој дома. Но, обвинетите си одат дома со нарушено здравје, нерви, но и дебело финансиски олеснати, што за адвокати, што за судки трошоци, а не е исклучено и дебело финансико олеснување за сметка на некој добротвор од Груевистиве. Формата на олеснувањето не мора да е секогаш финансиска односно во ќеш: фирмите имаат објекти, недвижности, земја, хали, производствени погони или пак сметки во странство. Па нормално е луѓето изморени од притворот, многу бргу да продадат некој дел од имотот за ефтини пари, оти нели, биле на зорт?
Сега да се навратиме на работата на полицијата, оти нели, во полициска држава, главниот страв доаѓа токму од полицијата. Со апсењата за се' и сешто, со камери, лисици, спектакли, не секогаш и со докази, ќе си полежите малку притвор, па ќе ве пуштат... А вие среќни што сте спасиле глава, никого не тужите, но целта е постигната - страв - сите сватија дека диктатурата е тука. И малите деца сватија дека ако некој му се спротивстави на Груевски, полицијата е тука веднаш, под итно да најде некаква закачка, да искомпромитира, да притисне некој истражен судија да потпише притвор, и да се расчисти со противникот или неистомислеников.
Во државава официјално има регистрирано околу десет илјади зависници од хероин. Реалната бројка е околу дваесет и пет илјади. Проценките се дека дневно во Македонија се трошат десет килограми хероин од страна на домашните зависници. Разликата на големо од Турција до Македнија е околу триесет илјади евра по килограм. Профитот од дистрибуцијата на мало не го ставаме во предвид. Значи, десет килограми по триесет илјади евра е еднакво на триста илјади евра дневен профит, девет милиони евра месечно, или пак повеќе од сто милиони евра годишно - само од големопродажбата на хероин во Македонија! Овде не ги броиме профитите од кокаин, екстази, марихуана... Македонија ако дневно троши по десет килограми, месечно се триста килограми, или пак годишно повеќе од три ипол тони чист хероин. Транзитот не го сметаме. Колку просечно, годишно фаќа полицијата? Сигурно МВР ќе кажат дека фаќаат многу повеќе и се поефикасни од времето на СДСМ? Но, ќе потсетам дека и бројот на зависници е сериозно зголемен и цената е падната поради слабата контрола, па така тие споредби и не држат толку добро.
Но, наместо лоцирање на профитерите на стотиците милиони евра од дроги, настрада фармерот Душко Илиевски само затоа што зборуваше против Груевски. Без разлика дали тревата беше див коноп, дали ја збореше вистината, важното е што тој зборуваше против Милошевиќ, пардон Груевски. За дрогата засега толку, сега да проанализираме што се прави со предметите од областа на организираниот криминал во МВР?
Во делот на организиран криминал има предмети по неколку милиони евра кои ги има доставено управата за спречување на перење пари уште пред година, две, три... Истите тие предмети беа и предмет на разговор кај обвинителот. Но, главна причина за неработењето на тие предмети со поголема вкупна вредност од сто милиони евра, главен изговор е презафатеноста на кадрите со итни задачи и немање на време. Но, додека јас бев директор, секогаш ветуваа дека ќе ги обработат, кај и да е ќе им дојде редот...
И сега да проанализираме што работат толку многу кадрите. Кадрите од следење веројатно следат сомнителни неистомисленици во ДПМНЕ; веројатно следат политички неистомисленици од други партии; можеби дури и бизнисмени или пак сопственици на медиуми. Или пак втората веројатност е ништо да не работат и да дозволуват криминалот да си тече, да си продолжува... еве еден пример, големата акција бумераннг, само не знам кој број беше, два, три,.. За спроведувањето на целата акција се потрошени многукратно повеќе пари отколку што е направена штетата. Со апсењето на полицајците од граничниот премин Ново Село кај Струмица беше направена помпезна медиумска реклама, деке ете, се фатени најкорумпираните полицајци кои направиле тешки штети на државата. На крај се испостави дека утврдена штета, односно корупција, не е повеќе од дваесет илјади денари, земени од тројца за време од шест месеци. Ако пресметаме, ќе се види дека во рамките на сто и осумдесет дена, тројцата заедно земале мито по сто и десет денари вкупно или пак по триесет и седум денари по човек, дневно. За целата операција и утврдената корупција од триста евра направени за шест месеци, потрошени се повеќе од триесет илјади евра државни пари.
Но, не е таму проблемот, туку, зошто средствата и кадрите не биле ангажирани на некој посериозен предмет? Да не пречеле токму овие луѓе за проток на некои шлепери? Нека се изјаснат МВР за колку Министри или пак високи државни функционери е покрената постапка за земање на мито, но по сто, двеста, триста, илјади евра? Дали тврдат дека ние живееме во општество во кое нема организиран криминал? Во состојби во државата каде сите знаеме дека се прават повеќе од петстотони милиони евра годишно на криминален начин, по најразлични основи, да се трошат ресурсите на ловење на луѓе за по триесет и седум денари дневно е чисто расипништво.
Минатата недела се случи и ослободувањето на браќата Миладинови. Бидејки предметот веќе е со некаков епилог, ќе си земам за право да прокоментирам одредени работи. Овој предмет беше предмет на обработка на Управата додека јас бев директор, па сум запознаен со одредени детали. Имам одредено претчувство дека Груевистиве ќе се обидат целиот свој неуспех да го префрлат на мое конто. Прво, ако луѓево биле толку добри цвеќиња, нека одговорат зошто ги држеа скоро две години во притвор? Второ, баш ме интересира што ќе се случува понатаму со предметотот, како и со земјиштето во Ново Лисиче? Трето, нема ништо да коментирам додека преку овој школски пример не се потврдат сите тези за кои сум пишувал досега.
Да се вратиме на работата на полицијата, наместо да се фокусираат на големите предмети тешки по десетици милиони евра или пак, оние предмети кои заедно прават повеќе стотици милиони евра, сега предмет на оперативна обработка на полицијата сум јас лично. Веќе четврта недела е одземена целата документација од управата, се собират сите можни документи кои сум ги потпишал и по цена на се' мораат да пронајдат некаква неправилност. Ако не ја најдат, моараат и да ја измислат, наштелуват! Кај Душко од дива трева направија марихуана, кај мене може и да најдат дневна доза, односно десетина кила хероин во гепек. Или пак, кој знае што се може да роди креативниот ум на Груевистите од организиранот криминал и фантазијата на Иво Котевски за прераскажување на случки и настани. Ќе биде барем интересно по медиумите, ќе има циркуси. Но во врска со ова, во разговор со еден пријател, ми вели: "ти си среќен, добро е што се решиле да те наместат за да те стават в затвор. Добро е, и биди среќен што не одлучиле да ти наместат сообраќајка, или да те отрујат!"
Да резимираме: борбата против криминалот е непрофесионална, се злоупотребува моќта, се прават местенки, се штима. Борбата е селективна, по проценка на одредени центри, и е пред се' - одмазничка. Преку борбата против организиранот криминал ги држат мирни и во страв и стопанството и граѓаните, бидејќи секој знае дека може да осамне в притвор!
Сите овие појави потврдуваат дека сме полициска држава во диктаторски режим! Реално, борба против криминал нема, бидејќи нема пресуди и конфискации и од истата веројатно профитираат одредена група на луѓе или пак се работи за тотална неспособност и непознавање на материјата и џабе на високите отценки за реформите во полицијата. Кога сме кај отценките, на последниот подкомитет во Брисел, под поглавјето правда слобода и безбедност, после едночасовното рибање на министерството за правда, за лошите реформи и слабите резултати, следело рибање од половина час на претставникот од управата за спречување на перење пари. Темата била "зошто е сменет директорот?" Одговоот бил - "па некаков наод од ревизорски извештај", и после половина часовно брукање, заклучокот на Бриселците бил - "па ние мислевме дека вашата институција успеа да се избори за политичка независност, но очигледно сме се излажале!" Брисел мери, народот мери и стигаат фактурите... од Брисел во ноември, од народот на избори...
Заклучоците од последната анкета на "Дневник" беа:
Има помалку демократија; полошо живееме од пред четири години; подалеку сме од ЕУ и од НАТО; но се' уште најмногу му веруваме на премиерот Никола Груевски.
Ова е заклучокот од септемвриската анкета на „Дневник“, која беше направена на тема „Четири години владеење на Никола Груевски“. Ако направиме анализа на оваа анкета, очигледно ќе дојдеме до неколку заклучоци:
Или народот ни е премногу садомазохистички расположен, па ужива во перверзијата на Груевски; народот сака полошо да живее; народот искрено не сака да одиме во ЕУ и НАТО, или пак високата подршка на Груевски е резултат на стравот! Тешкиот страв кој се всадува секојдневно во коските на граѓаните преку многубројните диктаторски механизми!
А знаеме дека во дваесет и првиот век диктаторите се уриваат, па ќе дојде времето и за последниот диктатор на балканот!
Ване Цветанов
|
|