Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 10 Vote(s) - 3.7 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВАНЕ ЦВЕТАНОВ-НОВ ЈУНАК ОД МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Ване Цветанов: Невин сум!

Поранешниот директор на Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам Ване Цветанов тврди дека е невин, откако МВР му поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена должност и овластување.


Јас се чувствувам невин, а ова го очекував, изјави за Радио Слободна Европа поранешниот директор на Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам Ване Цветанов, по кривичната пријава што полицијата ја поднесе против него. Цветанов е обвинет за „злоупотреба на службена должност и овластување“.
Се чуствувам целосно невин. Сум работел и работев за интересите Република Македонија и мојот народ.
Ване Цветанов, поранешен директор на Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

„Денеска имав консултации со мојот адвокат. Ќе се воздржам од какви било изјави, но главното е што се чуствувам целосно невин. Сум работел и работев за интересите Република Македонија и мојот народ“, изјави Цветанов.

Кривичната пријава до Јавното обвинителство ја поднесе Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје. Според полицијата, во периодот од 2008 до 2010 година, Цветанов ја злоупотребил службената положба склучувајќи договори за јавни набавки спротивно на Законот за јавни набавки, а во исто време го пречекорил лимитот за користење службени мобилни телефони за него и други двајца вработени, со што ја оштетил Управата, односно Буџетот на државата за сума од 748.533 денари, односно околу 12 илјади евра.
Ване Цветанов.
​​
Цветанов вели дека очекувал да му се случи вакво нешто.

„Па да, очекував и еве се случи, значи ова излезе на виделина, но не би сакал повеќе да ширам, мислам дека е попаметно во моментов да ги почекаме реакциите на медиумите, да ги слушнеме реакациите на Министервото за внатрешни работи и се надевам дека во теков на неделата ќе излезам на прес-конфренција и македонската јавност ќе биде запознаена со одредени сосотојби.“

Цветанов минатата година си поднесе оставка од фукнцијата поради, како што рече, „лицемарната политика и незаинтересираноста на власта за борба со вистинскиот криминал“. Тогаш владата тврдеше дека Цветанов не си поднел оставка туку дека бил разрешен затоа што имало неправилности во неговото работење. По неговата оставка следуваа јавни препукување во кои Цветанов тврдеше дека власта намерно го оцрнува и дека очекува негативни последици. Во изјава за Радио Слободна Европа, Цветанов тогаш рече дека неговото оцрнување е порачка лично на премиерот и ја обвини владата дека нема интерес и желба за борба против криминалот.


16-11-2011, 04:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


21-02-2012, 07:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(21-02-2012, 07:01 PM)ЈорданПетровски Wrote:



21-02-2012, 07:42 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(21-02-2012, 07:42 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(21-02-2012, 07:01 PM)ЈорданПетровски Wrote:




Видео-спотот си го скинал од ју-тубе. Но, во оригиналата емисија , која лично ја гледав, ги нема тие три инсерти кои, веројатно, некој додатно ги додал за да ја зголеми тежината на изјаснувањето на Ване Цветанов за неговот бугарофилството. Во оригиналот ( значи без тие три додадени инсерти) нема ништо што е антимакедонско, туку напротив има промакедонско. Ние не треба да ги заладуваме односите со соседите, туку напротив обратно-да ги затоплуваме односите со изгладување ( пеглање) на различните пристапи по одредени прашања. Посебно со тие кои се членки на ЕУ. Нормално, ако ја сакаме Македонија и нејзиниот интерес.

22-02-2012, 01:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote: Ване Цветанов: Најавуваме војна со многу битки контра целата пропагандна машинерија на ДПМНЕ!


Во пресрет на Конгресот на ВМРО-Народна Партија, кој ќе се одржи на 26.02.2012 година, Скај направи интервју со Ване Цветанов, советник во ИК ВМРО-Народна партија. Цветанов најавува војна во која ќе има многу битки, со целата пропагандна машинерија на ДПМНЕ, со нивните гебелсови методи. Војна за враќање на демократијата.

Sky: Каков е вашиот коментар по повод заминувањето на Марјан Додовски во ВМРО-ДПМНЕ, партија која тој ја нарекуваше за удбашка?

Ване Цветанов: Човек од збор. Човек со интегритет. Достоинствен човек. Човек за пример....

Sky: Дали сметате дека имавте крт во партијата за време на предизборниот период во 2011?

Ване Цветанов: Па кртовите кога ќе видат зорт, на пример кога ќе надојде вода во дупката излегуваат на површина. Така и нашите политички кртови излегоа на површина после првата поплава. Но профилактиката е добар процес за политиката. Не од секоја шира бива добро вино, треба да ферментира, да помине успешно повеќе процеси... А грозјето ако од старт не било квалитетно, или пак било загадено, тогаш можете да добиете само оцет.

Sky: Дали се сомневате дека високите функционери на ВМРО-НП беа прислушкувани за предизборниот период?

Знаеме дека МВР потроши стотици милиони евра за скапи опрeми за овие 6 години... Технички услови имаат и те како, моралот и професионалноста им се на ептен високо ниво, тоа граѓаните а особено политичките неистомисленици го чувствуваат секојдневно. Па, кога на вакви кадри ќе им дозволите да си купат скапи играчки, дали ќе одолеат на искушението да не слушнат нешто оставам да процени јавноста.

Патем, уште не чув дека собраниската комисија за контрола на работењето на УБК добила сертификати за достап до класифицирани информации, а пак дека влегле во контрола во депоата со опрема не верувам дека воопшто некој слушнал, така да....

Sky: Која мислите дека е целта на власта, што на ваков начин се обидува да ви ја растури партијата?

Ване Цветанов: Добра формулација (се обидува),... Да, се обидува, ама некако килаво им оди, а целта е јасна, СЕ ПЛАШАТ! Им се гледа крајот, нека ја користат секоја алатка за тортура, нека го користат секој медиум за пропаганда, нека го натеаат народот во хор да пее и партизански песни, едно не можат... ДА СЕ СОКРИЈАТ ОД ВИСТИНАТА, за која што и многу претставници од врвот на ДПМНЕ тврдат дека е како плута, и кога тогаш излегува на виделина. А вистината е дека имаат сериозен грев, го излажаа својот сопствен народ. Му дадоа надеж во 2006 година, а сега се соочуваат со резултатите од своите килави и лицемерни политики.

Sky: Дали се уште сте за коалиционен договор со сите десничарски партии, како ОМ и Достоинство?

Ване Цветанов: Преговорите течеа, беа кочени и минирани од одредени кртови кои излегоа на површина, и сега, по конгресот се надеваме на конструктивни преговори за пронаоѓање на заеднички политики и ставови кои ќе бидат исклучиво во интересите на нашиот народ.

Sky: Најавувате ли жестока битка против Никола Груевски, откако Георгиевски се враќа на чело на ВМРО-НП?

Ване Цветанов: Не битка, војна во која ќе има многу битки, со целата пропагандна машинерија на ДПМНЕ, со нивните гебелсови методи... Војна за враќање на демократијата. А знаете демократија и слобода не се добиваат со демагогија, туку со сериозна политичка платформа и многу многу битки... А на крај сепак одлучуваат граѓаните нели? Наше е да го дадеме максимумот од себе си, сето знаење и искуство за доброто на нашиот народ.


Sky: Ќе промовирате ли нови личности во партијата, ако да кои се тие?.

Ване Цветанов: Не можам да ви одговорам на ова прашање со конкретни имиња сега за сега, но можам да ви загатнам дека ќе има многу пријатни изненадувања за граѓаните а многу непријатни изненадувања за ДПМНЕ.


Sky: Кога ќе ја започнете битката за локалните избори?

Ване Цветанов: Веднаш после конгресот започнуваме со зајакнување на сите партиски тела и органи, а со тоа подготовки и за локални и за парламентарни избори.
24-02-2012, 03:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Ване Цветанов: Кога ќе почне бродот ВМРО-ДПМНЕ да тоне сите глувци ќе избегаат



1. По судирот во ВМРО-Народна партија, кој Маријан Додовски го испрати во ВМРО-ДПМНЕ, а Љубчо Георгиевски го качи на тронот на „народњаците“, одлучивте да останете во ВМРО-НП, каде неодамна пристигнавте по директорувањето со Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Зошто не резониравте како некои од вашите поранешни сопартијци - дали подобро е во опозиција, отколку на власт?
- Јас бев во власта како директор на една реномирана институција, која впрочем стана таква благодарение на мојата четиригодишна работа. И, во моменти кога имав огромна политичка моќ, јас излегов од таа влада, со која не се согласував, пред се, во однос на борбата против организираниот криминал. Така што, доколку ми било до власт, ќе си седев мирно и немаше две години наназад да се борам внатре во ВМРО-ДПМНЕ.
Имено, ВМРО-ДПМНЕ целосно избега од идеолошкиот концепт на партијата до 2006 година. Оттогаш, оној тренд на србизација на партијата се повеќе се засилуваше и се повеќе стануваше актуелен. Оттргнувањето на десничарската матрица на партијата се гледа по секојдневните популистички методи. Постои и уште еден факт - демократијата во земјава е мисловна именка, но тоа е само последица. Главната причина за тоа е ослабувањето на капацитетите на институциите кои треба да ја гарантираат демократијата.
Денес, се соочуваме со неспособни институции, со огромна администрација која ја плаќаат данокоплаќачите, односно граѓаните и стопанствениците, а воедно, истата таа администрација не е подготвена да одговори на законските обврски и на потребите на граѓаните. Оттаму, крајно популистички е пумпањето на администрацијата, за што мислам дека во последните шест години зголемен е бројот на административци од петнаесет до дваесет илјади, додека ефектите во поглед на квалитетни административни услуги недостигаат. Значи, се работи само на козметички промени околу администрацијата, меѓутоа структурните реформи ветувани во 2006 година ги нема. Затоа, институциите се зголемуваат од страна на владејачката партија за лични цели и партиски интереси. Оваа грда слика, која е крајно загрижувачка и алармантна, покажува дека институциите наместо да му служат на народот и на бизнисот, тие се во функција на партијата на власт. Мојата поента е дека ако секоја институција функционира согласно законот, демократијата ќе си дојде сама по себе.

2. Да се обидам да ја оспорам вашата теза дека бројот на вработени во администрацијата ги надминува потребите, со аргументот дека една од клучните точки на судир со вашата поранешна партија ВМРО-ДПМНЕ е тоа што баравте повеќе кадри во Управата со која директорувавте.
- Точно е, но сакам да кажам дека постои страшен дисбаланс околу вработувањето во администрацијата, затоа што да се разбереме – не постои превработеност во секоја институција. Агенцијата за државни службеници, која сега потпаѓа под Министерството за информатичко општество, не успеа да менаџира неколку недоследности. Се уште нема длабински анализи во врска со работењето на секоја институција - со какви кадри располага, колкав е степенот на нивно стручно знаење, и колкави се резултатите од нивната работа.
Така, од една страна имаме институции со премногу вработени, во кои на едно биро има по пет вработени, кои по цел ден се чудат што да прават и постојано седат на Фејсбук, ама државата од нив трпи само зијан. Од друга страна, пак, има институции чиј поголем број на вработени е неопходност. Сепак, Владата свесно не го дозволува тоа, како на пример во Обвинителството.
Јас уште во 2010 година предупредував оти таму мора да се спроведе техничко и кадровско зајакнување на капацитетите, за да делува во функција на граѓаните. Ова го укажував и неколку години пред мојата оставка, но Владата ме игнорираше, иако и самиот јавен обвинител Љупчо Шврговски го призна тоа, па сега се поставува прашањето кој ќе ја понесе одговорноста за тоа. Покрај Обвинителството, постојат и редица други институции чиј развој се кочи свесно, само со цел да не биде загрозено авторитарното владеење на оваа гарнитура.

3. Дали и Антикорупциската комисија ја ставате во овој кош на управи кои третираат сензитивна материја, на кои Владата тенденциозно им ги сече крилјата? Колку за потсетување, токму оваа комисија одигра клучна улога во вашето отстранување од директорската позиција во Управата за спречување на перење пари, бидејќи утврди дека како одговорно лице сте овозможиле нерегуларно и незаконско трошење на средствата од буџетот, поради тоа што сте вработиле кадри без одобрување на Министерството за финансии, туку преку Агенција за привремени вработувања.
- Па доколку самите антикорупционери решат да проговорат, веројатно ќе кажат дека имаат недостаток и од кадри и од техничка опрема. Јас последно што имав како информација оттаму беше дека им фали квалитетно софтверско решение.
Меѓутоа, не со согласувам дека оваа комисија одиграла улога во моето отстранување, само се постави целосно непрофесионално и изврши класична нарачка за дискредитација на една личност. Причината за моето излегување од ВМРО-ДПМНЕ беше конфликтот со премиерот Никола Груевски поради моето гласно размислување и негодување за популистичките мерки и погрешните политики на оваа власт, предводени од партијата во која одреден период членував и во Централниот комитет.

ВМРО-ДПМНЕ ОТСТАПИ ОД ВМРОВСКАТА ИДЕОЛОГИЈА

4. Дали освен вас, уште некој во ВМРО-ДПМНЕ го „дигнал гласот“ како резултат на незадоволство?
- Во 2008 година, една поголема група во ДПМНЕ се обидувавме да ја вратиме вмровштината во ВМРО, бидејќи двете години претходно постоеше видно отстапување од партиските идеали, но образложението секогаш беше дека партијата нема убедливо парламентарно мнозинство, па мора да биде толерантна кон коалициските партнери и затоа не може во целост да ја спроведе изборната програма. По убедливата изборната победа во 2008 година се виде дека основните столбови на кои Груевски ја доби победата беа срушени. Тогаш, темите ЕУ и НАТО беа маргинализирани, па дури и започна анти-ЕУ и анти-НАТО политика. Борбата против организираниот криминал почна се помалку да се споменува, за на крај целосно да се исклучи дотаму што тоа стана камен околу вратот на ВМРО-ДПМНЕ кој може да ги удави. Исто така, субвенциите во земјоделието беа добри како идеја, но без никакво дејство. Јас јавно го поставувам прашањето зошто се уште не се изградени шесте регионални агро-берзи ветени во 2006 година, кои, според замислите, требаше да овозможат земјоделието да стане поконкурентно. За жал, овие 120 милиони евра наменети како субвенции за земјоделците станаа приказна за прибирање на гласови.

5. Која е таа група која сакала да ја врати вмровштината во ВМРО-ДПМНЕ и што конкретно направи на тој план? Дали тие луѓе се уште се во оваа партија?
- Не би сакал да зборувам за конкретни имиња, за да не ги ставам во незгодна ситуација, бидејќи најголемиот дел од нив се уште се во ВМРО-ДПМНЕ. Тие се уште не го почувствувале моментот дека треба да го кренат гласот. Јас предвидувам дека во првиот момент кога ќе падне интересот за членување и за партиципирање во ВМРО-ДПМНЕ, ќе се случи фигуративно кажано, пукање на огромен меур од сапуница, бидејќи идеологијата која треба да ја држи партијата цврста и хомогена веќе е изгубена, па кога ќе почне да тоне бродот сите глувци ќе почнат да бегаат, а не знам дали ќе останат луѓе.

6. За време на расколот во ВМРО-ДПМНЕ во 2004 година, бевте еден до ретките „младинци“ кои дадоа поддршка на Груевски. Дали згрешивте, гледано од денешна временска дистанца, а судејќи по она што моментално го говорите?
- Тогаш јас бев претседател на еден од 5-6 општински комитети на Унија на млади сили кои застанаа зад Груевски, кога безмалку целото раководство на УМС отиде со Георгиевски. Тогаш јас се согласував со тезата дека победа на ВМРО-ДПМНЕ над долгогодишниот противник СДСМ може да ја донесе само Груевски. Притоа, верував во неговите менаџерски способности дека ќе ја модернизира партијата, зачувувајќи ги основните десничарски елементи. Наспроти моите очекувања, тој направи одредени реформи, внесе новитети во организацијата и функционирањето, но се одлепи од вмровската идеологија.
Во овој контекст сакам да кажам една работа на која досега не сум и обрнал внимание како информација. Груевски, додека беше министер без ресор и министер за финансии од 1998 до 2002 година, не присуствувал на ниту еден партиски настан, бидејќи цело време се декларираше како експерт. За сите четири години, го немаше на ниедна трибина, митинг, на каков било настан организиран од ВМРО-ДПМНЕ. Со други зборови, не го интересираше членството на ВМРО-ДПМНЕ и оттаму сега не ми е јасно како Груевски од голем експерт се претвори со голем душегрижник за мислењето на членството, па и граѓаните. Создава слика дека е близок до народот, а кога Македонија беше во војна, Груевски како министер не дал никаков придонес за задржување и подигање на моралот кај партиското членство. Индикативно е тоа лицемерие што некој не се интересирал за партиското членство цели четири години.

БУГАРОФИЛИ, СРБОМАНИ И МАКЕДОНЦИ

7. Каква идеологија нуди ВМРО-Народна партија, односно што ја прави уникатна и поразлична од ВМРО-ДПМНЕ?
- ВМРО-НП нуди негување на десничарските вредности, услови за реална за пазарна економија, заштита на стопанството, развој и благосостојба, со цел подобрување на стандардот и живот на сите. Народна партија не одобрува државата преку социјални и левичарски мерки да се обидува да ја фати секоја целна група како гласачко тело, оттргнувајќи се од идеологијата, туку ние се залагаме за враќање на демократијата, зајакнување на капацитетите на институциите, серозни реформи во државната администрација...

8. Дали и бугарофилството е дел од вашата понуда? Без предрасуди, со оглед на тоа што во државава постојат многу русофили, франкофони, па нема никаков проблем, но имајќи го во предвид менталитетот на граѓаните на отпор кон соседните држави и народи, не сметате ли дека со форсирање на оваа тема си правите само штета?
- НП не е партија која што прави чекори за да им угоди на граѓаните и на нивното мислење, со цел да направиме рејтинг. Напротив, нашата позиција е да ја зборуваме вистината, колку и да боли и некому да не му се допаѓа.
Бугарофилството е Пандорина кутија која ја отвораме за да нема повеќе манипулации на оваа тема. Од лингвистички аспект, бугарофил не е Бугарин, туку фил е човек кој почитува друга култура.
Јас не се согласувам со тезата дека имаме отпор, да не речам дека ги мразиме сите соседи, зашто дваесетина проценти од граѓаните го сакаат западниот сосед Албанија. Понатаму, од педесет до шеесет отсто имаат симпатии кон Србија, навиваат за тенисерот Новак Џоковиќ, сакаат српски фудбалски клубови, да не зборуваме за слушањето на Цеца.
Како може градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ на Прилеп да ја донесе Цеца на Пивофест. Не би рекол дека само Цеца може да го наполни градот, зашто тоа може да го направи и некој што пее на латински фонт, наместо на кириличен. Прашањето е дали ние сакаме да градиме идеологија или не? Секако, кој им зема на грев на сите тие што сакаат српски спортисти и слушаат турбо-фолк музика?

9. Кога ќе созрее мигот кога дебатите за бугарофили и србомани ќе бидат депласирани, и ќе говориме само за Македонци?
- Токму тоа сакав да го кажам. Ние се залагам за зајакнување на македонскиот идентитет. Јас ќе бидам среќен кога ќе навиваме за наши спортисти и во кафулињата ќе се слуша македонска музика.

РОЗОВА ПРИКАЗНА ИЛИ БОЛНА ВИСТИНА?

10. Ако не ви е приоритет да собирате гласови, како планирате да дојдете на власт, за да ги спроведете сите замисли за кои се залагате краткорочно и долгорочно?
- Ние планираме најпрво да ги разбудиме од сонот или хипнозата во моментов, кои владата ги создава преку разни медиуми и пи-ар алатки. Луѓето во една состојба на транс се задоени со квазипатриотизам, па постои огромна поделеност во рамки на македонското национално ткиво на патриоти и сите оние што не мислам како нив - предавници. Поради тоа, постои опасност дури и да пропадне државата. Откако народот ќе се освести и ќе сфати каде се наоѓа, сам да избере дали ќе гласа за розова приказна која е убава за слушање, но го носи во бездна, или ќе се одлучи за приказна која не е приемчива за ушите, ама е вистината и реална.
Тоа е стратегија, а во однос на тактиката не би сакал да откривам ништо, но во следните неколку месеци пријатно ќе бидете изненадени од неколку сериозни проекти на ВМРО-НП, која фактички е трета политичка сила во земјава. Да оставиме времето да покаже како понатаму НП ќе делува на политичката сцена.

11. Со оглед на тоа што МВР објави дека сте осомничен за прекршување на Законот за јавни набавки како директор на управата, дали тоа не ве гуши да делувате целосно и без кочници против власта? Притоа, неодамна најавивте дека на прес-конференција ќе обзнаните детали околу случајот против вас, но во меѓувреме тоа не се случи. Зошто?
- Ако се плашев од притисоци немаше да влегувам во политика, така што тоа не ме тангира и воопшто не влијание во моето политичко дејствување. Во однос на случајот против мене, станува збор за политичка монтажа, ама не би зборувал ништо повеќе. Воедно, мојот адвокат ме советуваше да не говорам јавно на оваа тема, затоа што секој еден збор може да го злоупотребат институциите.

12. Опозицискиот СДСМ соопшти дека предметот против вас е отворен само затоа што сте го откриле случајот „пари во шише“.
- Што се однесува на аферата „пари во шише“, кога таа се актуелизираше во јавноста, јас не бев на фунцкија. По моето заминување излегоа редица други компромитирачки документи по разни медиуми и сајтови, па некој излезе со етикета дека јас стојам зад тоа. Ама, ако тоа е точно, зошто немаше ниеден документ за фунцкионер на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи доколку навистина вадев, тоа ќе засегнеше токму некој од ДПМНЕ?
Целта на тоа беше да се оцрни моето има на меѓународен план, бидејќи одредени луѓе се свесни што значи протекување на информации од ваков тип за меѓународната заедница, каде името на Ване Цветанов котира многу добро.

Влатко Стојановски
07-03-2012, 01:31 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

10-05-2013, 12:44 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

Сурова и неизвесна судбина на Ване Цветанов. Власта нема милост спрема своите критичари:

Quote:Влошена здравствената состојба на Ване Цветанов

Понеделник, 10 Март 2014

Здравствената состојба на Ване Цветанов, еден од осомничените во аферата “Шпион“ е сериозно влошена. Неговата мајка Милева Цветанова, пред три дена го посетила во затворот во Шутка и дознала дека тој не ја прима потребната терапија, иако семејството редовно ги набавувало и ги доставувало потребните лекарства, пренесува 24 Вести.


[Image: vane-cvetanov-01.jpg]

- Шест месеци цревата не му работат, да го испитаат, да се установи, можеби веќе и оперативен зафат ќе треба, можеби и предоцна е веќе. Не само да му носиме ксероксати, психички некои, со пробиотик да биде шест месеци, дали може да издржи. Шест месеци се во прашање, со срецето исто така има проблеми, под итно треба коронографија да направи, тоа ги замолувам., да го испратат во болница на испитување, изјави Милева Цветанова.

Цветанова вели дека условите во кои е сместен нејзиниот син во затворот се ужасно лоши, имало влага и недостиг од дневна светлина.

- Тоа не е обична затворска соба, туку ќелија или просто кажано гробница во која моето дете полека го губи и она малку здравје што можеби веќе и го нема. Пред повеќе од 10 дена Ване напишал и испратил писмо до правобранител со молба да отиде да го посети. До сега нема ниту одговор, ниту пак самиот правобранител го посетил, вели Цветанова.

Мајката на Цветанов тврди и дека три дена пред тој првпат да даде изјава на суд, му биле дадени лекарства, по што не се сеќавал дека воопшто давал некаква изјава. Таа вели дека бара Народниот правобранител да го посети во затворот и да се увери во нехуманиот однос кон нејзиниот син. За тоа веќе информирала и организации за заштита на човековите права во Македонија, а размислува да испрати допис и до некои од странските амбасади.

http://maktel.mk/index.php?option=com_k2...Itemid=660
10-03-2014, 06:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(10-03-2014, 06:07 PM)hristo Wrote: Сурова и неизвесна судбина на Ване Цветанов. Власта нема милост спрема своите критичари:

Quote:Влошена здравствената состојба на Ване Цветанов

Понеделник, 10 Март 2014

Здравствената состојба на Ване Цветанов, еден од осомничените во аферата “Шпион“ е сериозно влошена. Неговата мајка Милева Цветанова, пред три дена го посетила во затворот во Шутка и дознала дека тој не ја прима потребната терапија, иако семејството редовно ги набавувало и ги доставувало потребните лекарства, пренесува 24 Вести.


[Image: vane-cvetanov-01.jpg]

- Шест месеци цревата не му работат, да го испитаат, да се установи, можеби веќе и оперативен зафат ќе треба, можеби и предоцна е веќе. Не само да му носиме ксероксати, психички некои, со пробиотик да биде шест месеци, дали може да издржи. Шест месеци се во прашање, со срецето исто така има проблеми, под итно треба коронографија да направи, тоа ги замолувам., да го испратат во болница на испитување, изјави Милева Цветанова.

Цветанова вели дека условите во кои е сместен нејзиниот син во затворот се ужасно лоши, имало влага и недостиг од дневна светлина.

- Тоа не е обична затворска соба, туку ќелија или просто кажано гробница во која моето дете полека го губи и она малку здравје што можеби веќе и го нема. Пред повеќе од 10 дена Ване напишал и испратил писмо до правобранител со молба да отиде да го посети. До сега нема ниту одговор, ниту пак самиот правобранител го посетил, вели Цветанова.

Мајката на Цветанов тврди и дека три дена пред тој првпат да даде изјава на суд, му биле дадени лекарства, по што не се сеќавал дека воопшто давал некаква изјава. Таа вели дека бара Народниот правобранител да го посети во затворот и да се увери во нехуманиот однос кон нејзиниот син. За тоа веќе информирала и организации за заштита на човековите права во Македонија, а размислува да испрати допис и до некои од странските амбасади.

http://maktel.mk/index.php?option=com_k2...Itemid=660



Се надевам не е нешто сериозно со здравјето.
Ване што имаше против власта, за перењето пари, го кажа. За тоа не го чепнаа.
Мислам дека сега го судат за неизвршување на задач и за промена на страната.
10-03-2014, 10:30 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(10-03-2014, 10:30 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(10-03-2014, 06:07 PM)hristo Wrote: Сурова и неизвесна судбина на Ване Цветанов. Власта нема милост спрема своите критичари:

Quote:Влошена здравствената состојба на Ване Цветанов

Понеделник, 10 Март 2014

Здравствената состојба на Ване Цветанов, еден од осомничените во аферата “Шпион“ е сериозно влошена. Неговата мајка Милева Цветанова, пред три дена го посетила во затворот во Шутка и дознала дека тој не ја прима потребната терапија, иако семејството редовно ги набавувало и ги доставувало потребните лекарства, пренесува 24 Вести.


[Image: vane-cvetanov-01.jpg]

- Шест месеци цревата не му работат, да го испитаат, да се установи, можеби веќе и оперативен зафат ќе треба, можеби и предоцна е веќе. Не само да му носиме ксероксати, психички некои, со пробиотик да биде шест месеци, дали може да издржи. Шест месеци се во прашање, со срецето исто така има проблеми, под итно треба коронографија да направи, тоа ги замолувам., да го испратат во болница на испитување, изјави Милева Цветанова.

Цветанова вели дека условите во кои е сместен нејзиниот син во затворот се ужасно лоши, имало влага и недостиг од дневна светлина.

- Тоа не е обична затворска соба, туку ќелија или просто кажано гробница во која моето дете полека го губи и она малку здравје што можеби веќе и го нема. Пред повеќе од 10 дена Ване напишал и испратил писмо до правобранител со молба да отиде да го посети. До сега нема ниту одговор, ниту пак самиот правобранител го посетил, вели Цветанова.

Мајката на Цветанов тврди и дека три дена пред тој првпат да даде изјава на суд, му биле дадени лекарства, по што не се сеќавал дека воопшто давал некаква изјава. Таа вели дека бара Народниот правобранител да го посети во затворот и да се увери во нехуманиот однос кон нејзиниот син. За тоа веќе информирала и организации за заштита на човековите права во Македонија, а размислува да испрати допис и до некои од странските амбасади.

http://maktel.mk/index.php?option=com_k2...Itemid=660



Се надевам не е нешто сериозно со здравјето.
Ване што имаше против власта, за перењето пари, го кажа. За тоа не го чепнаа.
Мислам дека сега го судат за неизвршување на задач и за промена на страната.

Ако е така како што велиш:

Мислам дека сега го судат за неизвршување на задач и за промена на страната.

Тоа значи дека спорот помеѓу Никола Груевски и Љубчо Георгиевски не е симулиран ( формален) туку суштински. Затоа што Ване Цветанов додека беше на слобода активно ги презентираше ставовите на ВМРО-НП.
11-03-2014, 09:40 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(11-03-2014, 09:40 AM)hristo Wrote:
(10-03-2014, 10:30 PM)ЈорданПетровски Wrote: Се надевам не е нешто сериозно со здравјето.
Ване што имаше против власта, за перењето пари, го кажа. За тоа не го чепнаа.
Мислам дека сега го судат за неизвршување на задач и за промена на страната.


Ако е така како што велиш:

Мислам дека сега го судат за неизвршување на задач и за промена на страната.

Тоа значи дека спорот помеѓу Никола Груевски и Љубчо Георгиевски не е симулиран ( формален) туку суштински. Затоа што Ване Цветанов додека беше на слобода активно ги презентираше ставовите на ВМРО-НП.



Христо, Ване не е уапсен за ради презентирање на ставовите на НП. Никој од уапсените не e близок со Љупчо и неговата НП.
Ване не ја изврши задачата за која беше пратен во САД. По враќањето од САД, Ване помисли дека е помоќен од службите, тој ја повтори грешката на Љубе.
11-03-2014, 01:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Zoran Božinovski added 5 new photos.
December 23 at 5:59am · 


5,17 MILIJARDI PRIČINI KONEČNO DA SE KAŽE DEKA E DOSTA!!!!!!
Podatokot deka 5,17 milijardi USD ,,isčeznale,, od Makedonija za period od deset godini, objaven od Global Finance Integrity i vesta objavena po povod posledniot publiciran izveštaj, možebi ne ve potrese i ne ve vozbudi premnogu. Naviknavte da ve pljačkosuva koj i da dojde na vlast (vo kombinacija so DUI ili DPA!?), pa ovaa vest ja primivte kako i sekoja senzacionalna i frapantna, kakvi ovaa vlast emitira i producira sekojdnevno. Nekoj duri se najde umen da objasni deka NE se toa ,,isčeznati,, budžetski pari, tuku ,,pereni,, bile. Što treba da znači deka VIE kako gradjani ne ste ošteteni tuku nekoj tamu daleku od Makedonija, nekoj mafijaš e ošteten.
ŠEST godini čekam da stignam do data bazata na Upravata za sprečuvanje na perenje pari, za sraboteni nad 150 slučai koi vkupno soddržat ,,ispran,, kriminal od okolu 5 milijardi USD. Tie nad 150 slučai gi ima sraboteno nekogašniot direktor na ovaa uprava, VANE CVETANOV, niz denonokna makotrpna rabota so negoviot sorabotnički tim. Po smenata na Cvetanov, ovoj ekspertski maestralen tim e eliminiran, rasturen i sozdaden e nov, poslušen! Nov tim koj ne se meša vo rabotata za koja e platen od VAŠ džep. Ne e preuveličuvanje ako vi kažam deka VAŠ i moj nacionalen heroj e VANE CVETANOV. Vistina e deka vo slučajot ŠPION e involviran zaradi našata posledna sredba vo Vranje na 12.09.2013., samo tri dena pred negovoto apsenje i pritvoranje vo Skopje. Onie što go uapsija i što mu montiraa prazno obvinenie i podocna straotna golgota, mačenje i ucenuvanje vo pritvor, imaa pogrešen vpečatok deka CVETANOV na mene vo Vranje mi go donel i predal eksterniot disk so kompletnata data baza na Upravata, so sraboteni slučai do krivična prijava. Za žal toj toa ne go stori togaš. I sega edvaj go dobiv, preku moj prijatel koj posle tolku godini mačenje uspea da pristapi do kompjuterot na ZORAN TRAJČEVSKI (direktor na Agencijata za audio i audiovizuelni uslugi na RM), vo koj gi čuva ovie podatoci. Nemam precizno soznanie dali Trajčevski dal soglasnost ova da bide snimeno i da stigne do mene ili samo dal premolčena soglasnost. Ne e ni bitno, ama bitno e deka istata ovaa data baza ja imaat vo kopija i JOVAN PETROVSKI, eks direktor na Mobimak, VLATKO SERAFIMOV, eks organizacionen sekretar na SDSM, Branko Crvenkovski, eks premier i pretsedatel na RM i negoviot kum i telohranitel ZOKO MIRAVAC. Kopija od bazata imaše i javna ličnost koja denes ne e medju živite. Od koi pričini ovie imateli na bazata ne napravile ništo taa da stigne do javnosta, za da se izvrši pritisok vrz izvršnata vlast da bidat procesuirani, jas nema da špekuliram. Nema da špekuliram ni što pravele so ovie podatoci site pogore imenuvani i za što im služat. Od denes prašuvajte gi VIE, ne se sramuvajte. Oti, što i da pravele so ova, součestvuvale vo nepostapuvanje i sprečuvanje pravda. Notoren fakt e deka do denes postoenjeto na ovaa data baza beše samo javna tajna. Bev uporen poslednite šest godini i dojdov do nea. Od denes pa natamu ke bide naša surova realnost.
Slednite dva, možebi i poveke meseci ke vi ovozmožam sloboden pristap do nea. Podatocite vo nea ukažuvaat na mnogu teški prekršuvanja na site možni zakoni, na crno finansiranje na politički partii i poedinci, duri i finansiranje na teroristički grupi niz svetot. Familijata na vlast vo RM za devet godini vladeenje uspeala da ja sobere skoro pa kompletnata svetska ,,peračka,, reprezentacija i im ja stavila na usluga Republika Makedonija, NBRM, nejzinite komercijalni banki, instituciite na sistemot. Ednostavno kažano, rabotele za site možni mafii, za provizii od koi na običniot smrtnik mu se vrti vo glava. I što e posebno važno, na mafijašite koi im bile klienti im garantirale tajnost, bezbednost i nekaznivost. Ednostavno, ja rentirale Republika Makedonija, od nea napravile servis na svetskata mafijata koja ,,pere,, crni pari. Denes taa mafija doznava deka ovaa data baza veke ja imaat najmalku desetina koi ne se bliski do Nikola Gruevski i bratučedite. Gi lažele mafijašite deka nikogaš nema da se doznae kako i kolku pari ,,isprale,, vo Makedonija i odnele na razni strani niz svetot. A ne zaboravile da im naplatat mrsna provizija koja se dviži pomedju 15 i 25% po transakcija.
Od ovoj moment natamu, APELIRAM da se krenete javno i da zastanete vo zaštita na praktično ,,ubieniot,, VANE CVETANOV. Toj e VAŠ i moj heroj. Denes zaboravam deka svedočel protiv mene vo slučajot ŠPION. Bil izmačuvan, bil psihički maltretiran, bil truen so lekovi, se dodeka ne go ,,skršile,, prisilno da potpiše sorabotnička izjava i da bira: dali da svedoči protiv mene kako što barale i da si go spasi uništeniot život ili da se ubie i da si gi prekrati makite vo ŠUTKA! Od den na den ke čitate što srabotil ovoj GOLEM ČOVEK i kakva žrtva dal. Sram da im e na onie koi ne go zaštitile a možele, posle prvite napadi na MVR DPMNE vrz nego. Organizirajte se i pomognete mu da se vrati medju živite, vo momentov e vo očajna položba i edvaj preživuva! Bandata NIKOGAŠ nema da mu gi prosti ovie rešeni 150 slučai za nivni kriminalni aktivnosti, slučai koi NIKOGAŠ ne zastaruvaat...
Vo prilog na ovoj tekst vi davam fotografii od DEL od celata DATA BAZA kolku da imate vizuelna pretstava za što točno stanuva zbor. Vo prašanje e materijal vo PDF format, so vkupna ,,težina,, od ogromni 28 gigabajti smesteni vo 2.959 folderi. Eksterniot disk fizički ne e kaj mene, za da ne im padne na pamet na budalite pak da raspišuvaat nova poternica, a ovdešnite vlasti da mi dojdat na gosti. Celata data baza e krenata vo virtuelniot prostor, dovolen broj moi sorabotnici imaat pristap do nea. Dokolku nešto mi se sluči, tie ke prodolžat od mestoto na koe sum zastanal...
Za kratko vreme, okolu polovina čas od ovaa objava, sleduva prezentacija na PRVIOT SLUČAJ: ,,ŠIŠETO NA KERIM,,. Šišeto polno so famoznite 750.000 evra fateni na ungarska granica. Slučaj NIKOGAŠ procesuiran a sraboten od ekipata na VANE CVETANOV. Čitajte gi vnimatelno dokazite, čitajte ja prijavata od Upravata do UBK. Pa ušte od ovoj prv slučaj ke sfatite deka site NE sme isti pred zakonot vo RM. Za ovoj kriminal SRDJAN KERIM naskoro očekuva nagrada: da stane Generalen sekretar na OON!!!
25-12-2015, 05:40 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,387
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

Јордан се сомневаше во Ване Цветанов дека му спремил атентат преку оштетување кочници на неговото возило. Сега на Јордана Ване е јунак и пол. Удбаши од сите земји, обединете се...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
25-12-2015, 08:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Повторното актуелизирање на извештаите на комисијата за перење на пари изготвени од Ване Цветанов ме натера да напишам и јас некој збор бидејки имаше обид да бидам инволвиран во случајот.
2011 година напишав текст  ПРИКАЗНАТА ЗА ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ВАНЕ ЦВЕТАНОВ ВО САД во врска со случувањата, поточно Цветановото патешествие во САД, каде наводно ке барал азил.
Денеска после објавените бомби на Заев сум уште посигурењн дека мисијата на Цветанов е сценарио на власта и имала за цел да ме инволвира во објавувањето на "доказите за големите афери".
Од онаа што го дознавме од Заев ми стана јасно дека сите разговори на Цветанов биле прислушкувани а тоа говори дека власта немала да дозволи Цветанов да изнесе материјали кои ке ја компромитираат. Цветанов материјалите ги нудел и му ги предал на Бранко Црвенковски, наводно ги дал и на уште некои функционери на СДСМ, дали власта ке дозволела Цветанов да ги даде материјалите ако знаела за намерите на Цветанов а знаела од прислушкуваните разговори?? Дали власта ке го пуштеше Цветанов да се прошета до САД и да се врати во Македонија ден по изборите без да го чепне.
Многумина ке ми кажат па ете го уапсија и го осудија Цветанов, да го уапсија и осудија ама јас мислам, поточно длабоко сум убеден дека причината за апсењето и судењето е во тоа што Цветанов се обидел да го уценува Груевски, затоа и дел од обвиненијата во аферата ШПИОН, барем по онаа што сум прочитал се многу нелогични а со тоа и неиздржани. Нелогични се, бидејки власта несмее да ја обзнани вистинската причина, вистинското дело, бидејки со тоа ке ја открие сопствената улога во обидот за местење на врвот на СДСМ со документите од комисијата за перење на пари.
Разбирам зошто бил обидот да се намести Бранко Црвенковски и други функционери од СДСМ но зошто во таа местенка и јас бев цел не ми е јасно. Дека имале некоја сериозна причина да ме местат и мене говори фактот што го пратија Цветанов дури во САД.
Со овие сознанија кои ги имам денеска ми станува јасно дека целта на Цветанов не била моја ликвидавција како што предпоставував во текстот од 2011 година.
(This post was last modified: 26-12-2015, 04:45 PM by ЈорданПетровски.)
26-12-2015, 03:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

28-12-2015, 11:00 PM
Reply