Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 10 Vote(s) - 3.7 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВАНЕ ЦВЕТАНОВ-НОВ ЈУНАК ОД МАКЕДОНИЈА
Author Message
nikoj Offline
Member
***

Posts: 218
Joined: Dec 2010
Reputation: 6

(30-12-2010, 04:38 AM)NACIONALIST Wrote:
(30-12-2010, 04:27 AM)nikoj Wrote: Spored kolumnite i postovite dobivam vpecatok deka Gospodinot Cvetanov razmisluva so svoja glava a ne so glavata na Gruevski. Covek koj razmisluva so svoja glava vo momentot e ona sto na Makedonija i treba. Mozebi Gospodinot Cvetanov treba da se obide da formira politicka partija. 2012 e izborna godina i moze mnogu da se sraboti do togas. Mozebi covek kako neko moze da bide svetlo na krajot od tunelot. Mozebi bas toj ke bide incijatorot na konecno osamostojuvanje na Makedonija. Ni treba eden takov. Neli?

Ti ozbilno ova go mislis ili se MAJTAPIS SO VANETA, pa gledas deka covekov e kako muva bez glava, nikoj ne go esapi nitu go svaka seriozno, a ti uste go teras i partija na napravi,,, gospod da cuva i da brani
Lugjeto ne go svakaat seriozno zatoa sto na TV im se servira taka. Ako covekot istapil od DPMNE koga e na vlast. I glavna pricina e deka ne postapuvale po negovite prijavi za kriminal. Togas moze da se konstatira deka covekot ima kredibilitet e edinstven takoj vo javniot zivot vo MKD. Znaci ne postoi drug kako nego koj ne prifatil samo da bide figura so koja ke se manipulira a da izvrsuval funcija od prviot ili vtoriot esalon na vlasta. Dokolku covekot saka Makedonija da bide ubavo mesto za ziveenje a ne samo mesto na ragjanje. Togas edinstveno so formiranje na politicka partija, so vistinski izbor na ljugje koi bi rakovodele so partijata i so podrska od gragjanite na legalni izbori ke moze nesto da smeni. Neli e taka spored ustavot na RM. Dokolku ponudi fakti i dobra programa so podrska od nadvor (mislam na prijatelski demokratski zemji koi sakat da ja vidat makedonija kako uspesen sojuznik, nikako na eden od sosedite) moze nesto i da napravi. Inaku ako ostane vaka kako sto e za edna do dve godini narodot ke zaboravi koj e i sto e. Postojnive politicari so pomos na nivnite veke poznati metodi ke mu unistat zivotot i ke go nateraat da se iseli nadvor i da bide samo eden poveke borec za makedonija koj zivee i raboti nadvor od MKD a ima MESTO NA RAGANJE vo istata.
DOBIV GREEN CARD FOR USA. VEKE SE OSEKAM KO AMERIKANEC.
30-12-2010, 05:13 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(30-12-2010, 05:13 AM)nikoj Wrote:

AplauzAplauzAplauz
30-12-2010, 08:49 AM
Reply
REX Offline
Member
***

Posts: 63
Joined: Dec 2010
Reputation: 6

(30-12-2010, 04:27 AM)nikoj Wrote:
(30-12-2010, 01:41 AM)Solenik Wrote:
Quote:КОЛУМНА
Новата македонска борба
среда, 29 декември 2010 21:31

НУЖНОСТ ОД НАРОДНО ПРОЧИСТУВАЊЕ

ИГРИ СО ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ

Во секој случај, целта на Тајните полиции на КПЈ(М), била и сеуште е’ комплетна потчинетост на населението. Затоа, оние кои тие ги гледаат како опозиционен елемент мора да ги стават под своја капа. Додека методите се променти, сепак, и во децениите кога своите противници ги испраќале на робија и во скоро трите децении кои следат, целта им била и сеуште е психолошко и духовно кршење на опозиционерите, а се’ со цел и тие да станат дел од состемот, т.е. Соработници.

Тука, на кратко би го спомнале случајот на Ване Цветанов, кој во текот на изминатава година истапи од Владата на Груевски. Неговото образложение беше дека тоа е поради недејствувањето на Владата во бројните случаи на криминал кои неговата Агенција за спречување на перење пари ги има откриено и предадено на МВР и Јавното обвинителство. Во месеците кои следеа, Цветанов остана изолиран, па дури и шиканиран од членството на ВМРО-ДПМНЕ, не може да се вработи (внимавајте, ниту фирма во сопственост на некој близок на СДСМ му нема понудено вработување), а и апанажата му доцни неколку месеци.

Од друга страна, Цветанов добива чести покани од некои веќе истрошени и извалкани политичари да им се придружи. Истовремено и медуимите кои му даваат простор на македоскиот етер го охрабруваат да говрори со речникот на СДСМ, со цел комплетно да го искомпромитираат, и на крај да остане без друг избор, освен да моли да го примат назад во КПЈ(М).

Компромитацијата на личноста е посебно значаен метод во работите на Тајните служби при КПЈ(М). Сигурно дека сите се сеќавате на досието на Али Ахмети, и неговите педофилски тенденции. Најчесто Службата успева во целта – превтување на противник, "Предмет на Обработка", во Соработник – преку мешањето во бракот. Но, тука секако се и случаите со "фаќање" на "Предметот" "во криминални дејанија". Во овие случаи, безмалку секогаш е вклучен припадник на Тајните полиции, кој го иницира и охрабрува криминалното дело.

Доколку сево ова не раѓа плод, тогаш врз "Предметот на Обработка" се врши финансиски притисок: бркање од работа, попречување на академската кариера или уништување на приватниот бизнис. На крајот, опциите за "Предметот на Обработка" се две:
(1) Да прифати да стане Соработник на Службата, што значи експресно враќање на кариерата на патот кон врвот; или
(2) Да стане Пример за што им се случува на одметниците од системот, што значи понатамошно преживување на работ на егзистенцијата, како и општи понижувања и исмејувања од Соработниците на Службата.
Spored kolumnite i postovite dobivam vpecatok deka Gospodinot Cvetanov razmisluva so svoja glava a ne so glavata na Gruevski. Covek koj razmisluva so svoja glava vo momentot e ona sto na Makedonija i treba. Mozebi Gospodinot Cvetanov treba da se obide da formira politicka partija. 2012 e izborna godina i moze mnogu da se sraboti do togas. Mozebi covek kako neko moze da bide svetlo na krajot od tunelot. Mozebi bas toj ke bide incijatorot na konecno osamostojuvanje na Makedonija. Ni treba eden takov. Neli?

Со оглед на фактот дека сум нов на форумов, на почетокот би сакал да ги поздравам сите кои се активни на истиот, и да му порачам на администраторот дека подолго време го следам форумот, досега само пасивно и моето скромно мислење е дека истиот е одличен

Што се однесува до Г-динот Цветанов мислам дека е голем професионалец кој УСППФТ ја издигна и од една маргинализирана индситуција успеа да ја направи сериозен фактор во борбата против перењето на пари. Никој мислам дека потполно си во право, затоа што е очигледно дека тој размислува со своја глава, и може многу да придонесе за излезот на Македонија од ова две децениско сивило. Но сметам дека Ване има огромно искуство во политиката, затоа што повеќе години бил активен член на ВМРО (според моите информации тој бил член и активно на терен работел за партијата многу пред Груевски и грото од денешните функционери да станат членови на ВМРО), ја знае точно состојбата на терен, но и целокупно во државата, и свесен е дека во овие услови нема никакви шанси да успее преку формирање на политичка партија да стане фактор во државата. Но сигурен сум дека тој со неговата доблест и истапувањето од функција има придобиено многу од членовите во ВМРО кои сега поради страв и поради својата сервилност неможат отворено да ја изразат таа подршка. Сигурен сум дека многумина во ВМРО го имаат истото мислење како и Цветанов за врхушката на партијата, не немаат сите храброст како него да истапат во отворен судир со истата. Меѓутоа тој ќе има шанси по детронизирање на партијата од власт (кое сакале или не да го прифатиме седува најверојатно во 2011 година) да се врати во ВМРО и да се кандидира за лидер на партијата, а мислам дека ВМРО и „вистинските“ ВМРО-овци заслужуваат едена таков човек за лидер на партијата
31-12-2010, 10:51 AM
Reply
nikoj Offline
Member
***

Posts: 218
Joined: Dec 2010
Reputation: 6

(31-12-2010, 10:51 AM)REX Wrote:

Prvo da ti posakam dobredojde na forumov. Vidi sega vaka. Moras da imas predvid deka DPMNE (izbegnuvam korostenje na VMRO poradi toa sto ovie banditi ne zasluzuvaat da se kitat so ovie 4 bukvi) momentalno ja kontrolira politickata situacija vo zemjava. Ne zboruvam od anketi nego fakt e deka opozicijata e mnogu slaba a i vcera stana pojasno za sto se spremaat koga Manevski so polna usta objavi deka OTKRILE 15000 umreni na glasacniot spisok. Deka stanuva zbor za pogolem broj od gorespomenatiot e jasno na malite deca neli. Taka kako e ke tera dodeka ne dojde nekade april 2012 koga ke bidat redovnite izbori. Vonredni nema da ima zatoa sto DPMNE treba samoto da go raspusti parlamentot. Za Vane ne znam mnogu ama ako e taka kako sto velis ti deka covekot e iskusen na teren. Odma neka formira partija i neka trca po narodot. Oti ako ceka na koka ti go narece detroniziranje na DPMNE ke se naceka. Nikako ne mu trebaat tie sto sega se plasat da zboruvaat koi ti gi nerekuvas VISTINSKI DPMNEJCI. Oti ako sega se plasat da zboruvat i molcat a gledaat kriminal toa znaci deka se samo POLTRONI koi ke mu zabijat noz vo grb. Uste edna rabota. Po tvojot post smetam deka ti mislese deka DPMNE ke izgubi na rednive izbori i Vane da stane predsedatel neli. Toa se 6 godini do prvata sansa da vleze vo parlament. So jaka kampanja i vistinski ljuge nmoze da se nadeva na minimum 4-6 mesta na narednite izbori ako izleze so dobra programa i silna podrska od Zapad. Ova gozboram po toa sto ima mnogu neutralni glasaci a ima i takvi koi bi glasale za Crniot Gjavol ama ne za ovie banditi koi se momentalno na politickata scena. A koga ke vleze vo parlament ima 24 casa kampanja 4 godini. Kako konstruktivna opzicija na sekoja partija sto ke bide na vlast bez pazarenje so drugite so argumenti za 4 gidini na istite izbori na koj ti velese da izleze po prv pat ke moze da ima povekje pratenici. Zname deka pogolemiot broj na ljugje ocekuva brzi promeni ama drzava se pravi so vekovi. Treba vreme ovie nasi djubrinja da se iscistat. Ne e lesno.
DOBIV GREEN CARD FOR USA. VEKE SE OSEKAM KO AMERIKANEC.
31-12-2010, 11:50 AM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6

(31-12-2010, 10:51 AM)REX Wrote: Со оглед на фактот дека сум нов на форумов, на почетокот би сакал да ги поздравам сите кои се активни на истиот, и да му порачам на администраторот дека подолго време го следам форумот, досега само пасивно и моето скромно мислење е дека истиот е одличен

Of-topic
REX, од екипата на Котле ти пожелам добредојде на форумот.

Благодарам за пофалбите.
01-01-2011, 05:42 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

Quote:Ване Цветанов
петок, 31 декември 2010 15:22

СРЕЌНА НОВА!

Еве сме на крајот на 2010. година, а пред самиот почеток на 2011. Пред се' да им посакам многу здравје, среќа и радости во Новата година на сите читатели, и искрено да го помолиме Бога, да ни даде повеќе мудрост, да можеме да одолеваме на искушенијата, и сила да правиме доби дела. Хуманоста е човечка особина, и треба што почесто да ја покажуваме и потврдуваме со добри дела. Предпразничниот период е карактеристичен и како период на подроци, секој секому подарува, нешто за Новата година, за Божик, за други празници и поводи... Да се избере подарок воопшто не е едноставна работа, бидејќи треба да се погоди подарокот. Секогаш кога бираме подарок, не' прогонуват мислите: дали ќе израдуваме доволно, дали ќе се допадне подарокот, дали ќе биде од полза?

Еве некој совет, еден од најдобрите подароци е да се подари книга, добра книга... За Христијаните најдобра книга е светото писмо Библијата, за Муслиманите Коранот, и така натаму, за секоја религија постои Света книга. Важното е дека сите тие книги не' учат да бидеме толерантни, хумани, да имаме почит и пред се' - да бидеме луѓе. Добрите и искрените луѓе, несомнено би ги израдувал ваков подарок.

Но, себичните, лошите, самобендисаните, алчните, кои веќе се налепени како мува на онакво, во или околу власта, ги интерсираат парите, личниот интерес, и пред се' мислата како да му се упикаат подлабоко и повеќе на Фирерот, упс! Се извинувам, "Лидерот". Еве добар совет за сите Преродбеници и ареалистични поданици, кои заслепени од сопствениот мизерен интерес не сакаат да ги отворат очите, и да ја видат вистината околу себе, но и самите себе пред се'. Изборот за новогодишниот подарок несомнено би бил повторно книга, но за нив, најдобра книга би била "1984", од Џорџ Орвел.

Преку ова дело слободно можат да си ги приповторат механизмите на владеење, механизмите на манипулирање, а пред се ќе ја усовршат главната особина: како да ги си бришат и мислите од сопствените глави, и како да ја контролрираат и потсвеста. На овој начин целосно ќе се вклопат во веќе изградениот систем, и ќе имаат успешни перспективи, избегнување на сите ризици - евентуално да не им излета некоја мисла.

По што ќе остане запаметена 2010? - Оваа година ќе биде запаметена по една единствена работа: разоткривањето на вистинското лице на Никола Груевски. Човекот кој со својот мил поглед, и со своите чести изјави за правда, праведност, карактер и верба, успеа да ја стекне довербата во партијата после 2004. година, за преку создавање на овие лажни очекувања издејствува бланко поддршка од членството. Потоа, преку декларирањето на овие лаги, успеа да заведе огромен процент од народот, за да на крај колуминира со високи успеси во 2008. и 2009. година.

Но, на секоја лага и доаѓа крајот, па така и на лагите на господинот Груевски. Но, да си признаеме, многу лаги, многу труд за разоткривање... Но, оваа година, фала му на Господа, почна да се разобликува Волкот во јагнешка кожа, и лека полека почна да паѓа митот за големиот водач и лидер. Лека полека, уште од самиот почеток на годината почнаа да излегуваат проблеми и афери, кои најпрво почнаа да раѓаат сомненија. Многу е тешко човек да си признае дека е измамен и дека згрешил, па така полесно му е да бара оправдувања за култниот лик. Оправдувањата за Груевски беа многу, и тој вешто ги користеше со години.

Кога беше опозиција, виновна му беше Власта. Па дојде на власт. Тогаш виновна стана опзицијата. Па затоа од наридот доби високо мнозинство. Тогаш пак, виновни станаа Градоначалниците од СДСМ, и Претседателот на Државата, па на подарок од народот ги доби и тие позиции... Сега веќе нема бегање. Но кај нас може, почна вината да се префрла де на надворешни, де на внатрешни непријатели... Повторно манипулации, спинови, одвлекување на јавноста од проблемите, креирање на јавно мислење, па дури и служење со методи од горе споменатата книга!

Но, доброто, и важното е што голем број од народот почна да се сомнева. Народот сака да живее, сака подобри услови за живот, поквалитетен стандард, поголема безбедност и демократија. Но, секојдневно стандардот на граѓаните паѓа, продуктите поскапуваат, а платите и пензиите после двете покачувања престанаа да се накачуваат. Но, и овие покачувања ги почувствуваа само оние кои се на државни јасли, дали плата или пензија.

Што да каже бизнис заедницата? Казните, секојдневните инспекции, контроли, тортура, сеење страв станаа препознатлив бренд за оваа Влада. По долгогодишно манипулирање, оваа година конечно почна да завршува приказната дека "Груевски е добар, но тие околу него се лоши, не го информираат, го лажат, а човекот си е супер, ама ете..." Голем дел од граѓаните почна да се буди, почна да гледа со свои очи, да размислува со сопствен ум. Конечно голем дел од народот виде дека "Царот е гол"!

Ако земеме да ги анализираме сите ветувања на Груевски, од 2004-та до денеска, ќе сватиме дека се' што кажал - излажал! Лажеше и внатре во партијата, го излажа и народот на сите изборни циклуси. Знаејќи дека човекот сака да биде запаметен во историјата, предлагам да се формира Иницијативен одбор за избор на Најголем лажго во историјата на Македонија. По формирањето на одборот, наградата да биде споменик исто толку голем како оној на Александар, на центарот на самиот плоштад. Јас го предлагам првиот кандидат, Никола Груевски - гласањето може да почне.

Да се обидам накратко да ја објаснам причината, зошто токму Груевски го предлагам за избор на најголем лажго? Ќе бидам конкретен, ќе зборувам односно, ќе ги сублимирам темите кои досега сум ги отворил. Нема да зборувам сега за промашените реформи во здравството, за честите смртни случаи и кризата и аферите кои секојдневно се чувствуваат таму. Нема да зборувам за неизградените, а ветени афтопатишта, секојдневните сообраќајки и огромниот број на жртви. Воопшто нема да потсетам дека не се изгради ни километер нов афтопат за пет години.

Нема да спомнам ништо ни за промашените реформи во земјоделието, нема да прашам зошто земјоделците живеат уште полошо, и покрај субвенциите? Еве нема ни да прашам што бидна со долгонајавуваните Чебрен и Галиште? Еве нема да спомнам за реформате во судството, ниту за бегствата од затворите. Немам намера ниту да спомнам за погубните политики со Администрацијата. Најголем дел од буџетот оди токму за таа Администрација, која се однесува непрофесионално кон своите граѓани... Ќе зборувам, односно ќе се обидам да ги разобличам лагите на Груевски само во една област, борбата против организираниот криминал и корупцијата. За останатите теми ќе оставам простор и други да кажат нешто.

Омилена тема на Груевски, од 2005-2008. година, беше критикувањето колку СДСМ бил криминализиран, колку се крадело, како тој кога ќе дојдел, ќе расчистел бескомпромисно со криминалот. До душа и денеска сеуште се обидува да ја вергла таа приказна, ама не му оди, веќе станува проѕирен! Но, да почнеме едно по едно.

Прво, зошто веќе петта година го кочи развојот и буџетот на Јавното обвинителство? Секоја година буџетот на МВР се зголемува во просек од дваесетина милиони евра, или кажано на друг јазик, за пет години, МВР има потрошено приближно двесте милиони евра повеќе, споредено со последниот буџет од СДСМ. Значи, буџетот на Обвинителството е мизерен, немаат средства за хартија, немаат возила, понекогаш и телефоните им ги исклучуваат поради неплатени сметки, а платите им се ниски.

Да направиме особен осврт на Одделот за борба против организиран криминал при обвинителството. Обвинителите кои треба да се борат против сериозни криминални структури, земаат исти плати како Обвинителите кои работат дела за кражби на кокошки и кражби на дрвја? Споредено само со соседните земји, каде почнаа сериозни процеси, Обвинителите од овој оддел земаат двојна или тријна плата од своите колеги.

Следно, кај нас овие обвинители ниту имаат хардвер, ниту софтвер, за директен достап до базите на податоци на МВР и останатите институции вклучени во борбата против криминал. Ниту пак имаат кадар, односно помошници, стручни експерти, правници економисти... десетина обвинители, со две секретарки, една кафекуварка и еден возач се борат против организираниот криминал! Нема пари за нив? Криза било, а за зголемување на буџетот на МВР не е криза.

МВР се наметнаа и станаа шефови на обвинителите, што е директен доказ за крајно селективна борба против криминалот! А патем, да го прашам Груевски, каде се оправдувањата и резултатите од двестете милиони евра потрошени повеќе (од буџетскиот просек) од 2005-та наваму?Исто така сакам да го прашам кандидатот за Најголем лажго, зошто не сакаше да се намали лимитот за кеш трансакции по Законот за спречување на перење пари? Сегашниот лимит е 15.000 евра, а предлогод беше да се симне на 5.000 евра. Значи секоја трансакција над 5.000 евра ќе требаше да оди преку банка. На овој начин ќе се зголемеше увидот во изворите на сива економија, шверц, и останати криминални појави. Културата за користење на банкарски услуги ќе се зголемеше, а исто така и обртот на самите банки, со што ќе се создадеа и подобри банкарски услуги за граѓаните.

Исто така Груевски е должен да одговори, зошто бега од темата конфискација? На овој народ му е преку глава од флоскули "ние имаме законско решение, со новиот ЗКП е решено..." е добро, ако е решено со новиот ЗКП, треба да одговорат во кои случаи ќе се применува проширената конфискација? Не е целосно решено ниту дефинирано, кој треба да покрене постапка, во кои случаи, за кои кривични дела задолжително би се повела постапка за докажување на потеклото на имотот. Ова остава уште еден сериозен вентил за селективност, уцени, рекети, тортура. Зошто не е дефинирана одговорноста, ако во одреден случај се пропушти да се отвори ваква постапка?

Во соседните земји, постојат сисеми, каде за група на кривични дела задолжително се отвара постапка за потеклото на имотот. Без исклучоци, без произволности, без селективност. Децидно е напишано, за кривичните дела (се набројуваат сите кривични дела од областа на организираниот криминал) задолжително се отвара постапка за потеклото на имотот. Теретот на докажување е на обвинетиот или веќе осудениот. За се' што ќе докаже дека е наследство, или пак легално сетекнато, му се остава, се што не може да докаже како го стекнал, автоматски легнува на буџетот на државата, или се конфискува од државата.

Зошто Груевски две години бегаше од вакво законско решение? Која е причината Што упорно го кочеше и на крај го стопираше, односно, го изврте ова законско решение? Кои интереси има Груевски да бега од законски решенија кои би расчистиле со криминалот - бидејќи така ветуваше, а и сеуште глуми дека е борец против криминалот? Исто така е должен да одговори, зошто се врши селективна борба против криминалот? Зошто огромен број на извештаи немаат никаков исход, и се закочени во лавиринтите на МВР?

Исто така Груевски е должен да одговори на прашањето кое беше официјално поставено и од страна на официјалните оценувачи од Брисел, кои го следат напредокот на реформите во целата држава. А прашањето во Брисел било, зошто беше сменет директорот Цветанов? - Заклучокот бил: "ние мислевме дека Цветанов успеа да ја извлече институцијата од зависноста од политиката, но сме се излажале..." Груевски е должен да објасни зошто во моменти кога Управата за спречување на перње пари почна да функционира беспрекорно, бројот на вработени го намали од педесет на триесет?

Груевски е должен исто така да објасни зошто по моето заминување, беа отпуштени или прераспоредени по други институции уште пет професионалци? Така што, бројот на вработени во Управата е околу дваесет и четири. Должен е да објасни, зошто беа отпуштени дваесет и пет луѓе односно половината од составот - луѓе со огромен број на поминати обуки, луѓе во кои беше вложен огромен труд, време, енергија. Овие луѓе посетуваа и огромен број на обуки преку Твининг проектот со Институтот за фискални студии од Мадрид - проект кој чинеше милион и петстотини илјади евра, финансирани од ЕУ!

Исто така, не слушнавме и некое поиздржано објаснување за целата местенка и игра со Антикорупциската. Имаше доста подебели ревизорски извештаи за Владата, за транспорт и врски, за образование, за култура, и еден куп останати државни институции. Но не видов ниту еден друг предлог за разрешување?

Кога излегов на пресот, и ги опоменав мафијашките структури, и нивната поврзаност со Селами, мислев токму на Власта! Ако Селами не работеше под директива, и ако беше толку професионален и независен, должен е да одговори - зошто по принципот на злоупотреба на мнозинство гласови во Комисијата, игра по нотите на Груевски? Одовде, нашиот фаворит за Најголем лажго, треба да одговори: кој му е интересот за целосна контрола над Антикорупциска, со што ги држи, и зошто го злоупотребува своето влијание во Антикорупциска, за негови дворски игри, и политички пресметки?

За крај, "големиот Борец против корупцијата и организираниот криминал", е должен да ги каже резултатите од борбата против криминалот за неговите два мандата. Прво, ако сака да плука по лошата приватизација, како што кукавички знае да обвинува, мора да одговори: што направи како Министер за финансии, кога под него беа УЈП и царината, институции преку кои уште тогаш можеше да исправи одредени неправди? Но, сега се фали со пресудата против тогашниот Шеф на царината. Дали Груевски заборава дека тој му беше директен претпоставен на Даравелски!? Значи или немал поим од работата, или бил замешан!

Второ, Груевски е должен да одговори кои се резултатите од борбата против криминалот за изминатите четири и пол години додека е Премиер? Да не се фали, колку камери имаше, колку луѓе беа сликани, колку сензации и циркуси направи... Затоа што ако сите оние кои брутално беа апсени, малтертирани, омаловажени, почнат да ја тужат државата во Стразбур, кај ќе и' биде крајот? Груевски е должен да каже, колку правосилни пресуди има за предмети сработени од оваа Влада? Должен е да каже колкава сума на имот е конфискувана, од предмети сработено од оваа Влада. Должен е да даде отчет пред народот за она кое секојдневно го ветуваше - дека ќе се справи со криминалот! Неселективно!

Накратко, ова се квалификациите и фактите кои ја крепат мојата предлог-кандидатура, за Никола Груевски да биде прогласен за Најголем лажго, во последните сто години, а особено за 2010-та, со факти. Моите факти беа само од една област, кога би се собрале сите лаги, од сите области, човеков навистина заслужува, и затоа тој е мојот фаворит!

Сосема за крај, им посакувам многу здравје среќа и радости во Новата година на сите читатели, на сите граѓани на Република Македонија и на сите Македонци по светот. Да се надеваме, дека како и до сега, Господ ќе не' чува и нас и државата од самите нас, а особено од оваа Власт!
01-01-2011, 06:11 PM
Reply
goran16ta Offline
локал патриот
***

Posts: 118
Joined: Oct 2010
Reputation: 8

редовно ги читам колумните на ване овде на форумот и се добри но со напад само на власта на ниту збор за опозицијата и чудно е тоа што сегаод кога си замина збора против а пред тоа некоја година работеше за нив што значи касно ги проценил но тоа не значи дека не е добар човек односно стручен и сигурно е без корупциска дамака оти на толкави напади кон власат ќе му чукнеја некоја кривичнна
Значи добар е сега за сега Icon_razz друго ако го чита форумот баш би сакал или некој од тука ако е во контакт со него да праша дали може да ги објави онака по дворови документите од случаевите што тој ги водеше па да ги видиме во јавност кој се тие тајкуни и фирми оти во владата му ги одбија па ако не крај краева нека подносе некоја пријава на суд за некој криминал кој може да го докаже или нека прозива(фирми и личности) јавно на прес или некоја тв во емисија како бачев за керим и пописот и ред други работи
Pishtoldzija
04-01-2011, 02:45 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

Quote:КОЛУМНА
Прогнози за изборите 2011
петок, 21 јануари 2011 17:00

КАКО ДО ПОДОБАР ЖИВОТ

Се живее прекрасно, и кој говори спротивно е предавник! Ако многу знае, може пред куќи да најде неколку задоволни граѓани, со транспарент в раце, кои ќе му ја затнат устата на предавникот! Тоа што цените поскапуваат секојдневно, потрошувачката кошничка за една година од дванаесет илјади денари е поскапена на петнаесет илјади денари, што степенот на сиромаштија достигна повеќе од триесет проценти е чиста лага

Во дваесетата година на независност, несомнено се потврдува дека сме биле романтичарски народ. Нашиот народ сакал да слуша убави приказни, сакал да фантазира, да се надева на подобро утре... на луѓево очигледно многу повеќе им се допаѓало да слушнат убаво предизборно ветување, кое за миг ќе ги внесе во светот на мечтите и фантазиите.

Токму бегањето од соочување со фактите, бегањето од реалноста, не донесе до денешното дереџе. Каде сме сега? Поминаа хх изборни циклуси, кампањи, ветувања, но ништо не се смени на подобро, туку напротив, секој ден сме се повеќе уназадени, и економски, и културолошки.

Останаа ветувањата, убавите зборови, а стандардот и квалитетот на живот никако да мрднат. Ако се погледнат програмите, платформите и предизборните ветувања, на сите парламентарни избори се повторуваат. Граѓаните се' веќе уморни да слушаат празни ветувања. Не знам дали постои човек во државава, кој не учествувал или не одработил за одредена политичка партија, директно или индиректно, барем во еден изборен циклус. Најголемиот дел се имат соочено со разочарувања, пад на моралот, на еланот...

Но, дали сте помислиле дека токму тоа откажување и бегање од политиката на квалитетните луѓе некому му одговарало? Во минатата колумна пргнозирав избори за оваа година. Во оваа колумна ќе се обидам да направам кратка анализа, што би се случило на тие избори, кои се факторите кои клучно ќе влијаат на резултатите, и на крај како би требало да се постават грѓаните, да би се избориле за сопствениот интерс.

Прво кој владее денес? Со цврсто мнозинство во парламентот, со преседател на држава и шеесетина градоначалници, управува партијата чиј претседател е Груевски. Политиката со која владее е целосна во контрола на општеството, од медиуми до интелектуалци и универзитетски професори. За влијанието во инститиуциите и притисоците врз судството не треба да се повторувам.

Е сега, кога живееме во едно толку демократски развиено општество, со толку многу убавини, што младите не ни помислуваат да си ја напуштат Татковината, бидејќи се живее најубаво и најбезбезбедно на светот, наеднаш некој сака да го подели општеството, и да зборува спротивно од идилата. Какви предавници! Наеднаш виновни се оние што потсетуваат дека сите стратешки, политички и економски битки ги губиме. Ма, како смее некој да каже дека останавме "слепо црево" на Балканот? Не заобиколија сите нафтоводи, но криви ни се другите, клетите Грци, а тоа што не изградивме километер автопат во изминативе пет години, крива е опзицијата!

Виновна е опзицијата и за лошите извештаи од Брисел, и за дипломатските гафови, и за излажаните земјоделци. Опзицијата ги излажа земјоделците да си го дадат житото по седум денари (кое на многумина и не е платено), а сега цената е тринаесет денари, и се плаќа веднаш. Што изгубија по шест денари од килограм, виновни се други, но Владата е заслужна за двата денари субвенции. За лозарите, за скапаното и неоткупено грозје виновни се други, но Владата дава субвенции. За намалената цена на тутунот во просек по евро и половина од минатата година по килограм и профитот од триесетина милиони евра разлика на грбот на тутунарите, никој ништо не знае, но Владата е тука да се пофали за субвенциите од евро за кило.

Се живее прекрасно, и кој говори спротивно е предавник! Ако многу знае, може пред куќи да најде неколку задоволни граѓани, со транспарент в раце, кои ќе му ја затнат устата на предавникот! Тоа што цените поскапуваат секојдневно, потрошувачката кошничка за една година од дванаесет илјади денари е поскапена на петнаесет илјади денари, што степенот на сиромаштија достигна повеќе од триесет проценти е чиста лага!

Цената на бензинот е скоро осумдесет денари, односно скоро иста со цената во времето кога барел нафта беше повеќе од сто и четириесет долари! Ако сега барелот не е повеќе од сто долари, се поставува прашањето каде одат парите од разликата? Ако се направи анализа колку бензин се троши дневно, и ако се земе предвид дека повеќе од половината од цената оди за државата, во акцизи и даноци, откриваме уште еден вентил преку кој ни ги цицаат парите. Во Германија, на секоја бензиска пумпа стои табела колку од цената на бензинот оди за државата. Ако кај нас се направи тоа, убеден сум дека на секое точење бензин, граѓаните ќе помислуваат на убави работи, како на скулптури, споменици и останати важни културни потфати и проекти!

Но, ако не чини нешто, не лутете се, па не е виновна Владата. Не може да стигне секаде, но верувајте сега сме на крајот од тунелот, го гледаме светлото! Еве се гледаат долго најавуваните странски инвеститори, на бели коњи идат од сите страни, носат милијарди. Но, зоните нема да стигнат, нема место, па ќе мора да се градат нови! Ете, ова се маки...

Накратко, ова е идиличната економска состојба во која живееме, за која е заслужна политиката. Главен предзнак на сите кампањи (за парламентарни избори) е дека имало многу еуфорија, надеж, за подобра иднина, враќање на вербата дека конечно доаѓаат подобрите денови, бидејќи така ветувачки гласеа сите предизборни слогани. Вообичаено вербата и надежта траела првите две години, а потоа следеле разочарувања, апатија, сивило. Па така, Груевски си реши на две години да прави избори, и се погоди рецептот, го фати народот на емоции и на кондиција!

Да се потсетиме накратко на изборните резултати од парламентарните избори од девеесет и осмата до денеска. По апсолутното владеење на СДСМ и вонпарламентарното опзициско делување на ВМРО ДПМНЕ, во девеесет и осмата победија промените за достоинствен живот. Сооднос: ВМРО ДПМНЕ и ДА 62 пратеници, СДСМ 29 пратеници. На парламентарните избори во двеилјади и втората година резултатите беа во полза на коалицијата за Македонија заедно, предводена од СДСМ 60 пратеници, ВМРО ДПМНЕ и ЛП 33 пратеници. Во двеилјади шестатата, се водеше тешка рововска битка околу превземањето на власта, каде среќата си ја пробаа огромен број на политички партии и коалиции, кои се обидоа да се декларираат себе си како трета опција, како алтернатива на биполарноста, како можност за подобро утре...

Но ги потценија граѓаните, не се прават партии и коалиции месец дена пред избори, без никаква програма, платформа, не се излегува пред народ само со збор, без никакви гаранции. Најголемиот дел од тие партии успеаја да земат по неколку илјади гласови, но не успејаа да внесат ни по еден пратеник во Собранието. Некои пак имаа среќа и добија по некое пратеничко место. Но, важното е дека соодносот помеѓу коалииците предводени од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ беше 45 на 32 пратенички места.

Петнаесетина пратеници отидоа во рацете на неколку помали партии кои беа клучни за поддршка и коалицирање со нив. Комодитетот на ВМРО ДПМНЕ беше загрозуван секојдневно, па затоа во тој период се работеше на засилување на партиската машинерија, реклами, пропаганда, и се разбира кревање на рејтингот. Во најпогодниот момент се распишаа избори, преку кои се дојде до посакуваната апсолутна власт и исфрлање од игра на помалите партии.

Изборните резултати помеѓу коалициите, на предвремените парламентарни избори во двеилјади и осмата беа: ВМРО ДПМНЕ 63 пратеници, СДСМ 27 пратеници.(Во анализата не ги коментирав резултатите во албанскиот политички блок од причина што не ги познавам доволно добро состојбите, и не би сакал да шпекулирам). Сега да преминеме на анализа на денешната политичка состојба, и прогноза што би се случувало на пролетните предвремени избри.

Во ВМРО ДПМНЕ состојбата воопшто не е добра. Веќе станува јасно дека раководствто на партијата нема капацитет да се справи со неопходните проблеми кои се присутни во општеството. Незадоволството од граѓаните се пренесува секојдневно врз Општинските комитети. Раководствата на Општинските комитети се свесни за неуспехот со владеењето и немањето желба да се слушнат проблемите на граѓаните, но исплашено чекаат.

Раководството на партијата свесни за лошите резултати на сите полиња, и незадоволството кај базата, најверојатно ќе фингираат конфликт на мартовсккиот конгрес, на кој претставници од базата ќе предложат распишување на избори, а раководството ќе се држи до изгласаната одлука на Извршниот комитет. Се разбира, точката ќе се стави на гласање, и ќе победат делегатите на конгресот, односно, базата ќе го надгласа раководството. Суетите на базата ќе бидат задоволени, а истовремено ќе бидат мотивирани да истрчаат уште една битка за интересите на раководството.

Состојбите во опозициската СДСМ лека полека се подобруваат. Се зајакнува компактноста, присуството на терен е се' почесто, се обновуваат теренските структури. Но тоа воопшто не е доволно за победа над Груевски. Недостига отварање на партијата за масовен влез на нови кадри, кои пред се' би биле ЕУ и НАТО ориентирани. Сеуште немаме видено конкретна платформа, со готови законски решенија, во кои закони би се интервенирало, кои ефекти би ги постигнале, рокови и кадри. Мотивацијата се враќа, но треба уште многу работа.

ЛДП се обидува да се наметне како фактор на некоја трета опција. Се подготвуваат за самостојно излегување на избори, или пак создавање на некоја коалиција која би претставувала трета опција.

Обединети за Маќедонија успешно презимаат дел од старото гласачко тело на ВМРО ДПМНЕ кое е отфрлено и ставено во очај, од страна на таканареченото експертското крило, кое е составено од довчерашни третокласни отпадници од СДСМ. Но, освен секојдневните посети по терен и во оаа партија недостига отвореност и конкретна понуда.

ВМРО НП претрпе сериозни штети со трансверите на врвот на партијата во ДПМНЕ, се разбира за лични интереси. Но, членовите и гласачите си останаа таму. Партијата работи на терен, ги подготвува структурите, но, се чека на лидерот Георгиевски. Долго најавуваното негово политичко активирање сеуште не е на повидок, и доколку тој лично не се појави и активира, не гледам некакви шанси за нивно враќање на сцена.

Отприлика, ова е палетата на сегашната политичка понуда на македонскиот политички Пазар. Заеднички именител на сите овие партии е што дали партиите, дали политичарите, веќе дваесет години се на политичката сцена. Не случајно на сите анкети, незадоволството кај граѓаните расте, процентот на граѓани кои не подржуваат ниту една политичка опција не паѓа под педесет проценти.

Но, што да се прави со онаа половина на гласачи кои не сакаат да гласаат, или пак им се гади од политика и политичари? Како да се врати оптимизмот кај нив? Тоа зависи од сите партии, односно од онаа партија која искрено ќе се отвори и ќе престане да говори за идилата. Очигледно народов се трезни, и токму од слушањето на приказни за идилата му збоктисало. Време е да се отворат картите. Што е тука е, нема бегање, треба да ги погледнеме фактите и реалноста.

Траба да се престане со обвинувањата кој за што е крив, кој правел грешки до деведесет и осма, кој до две илјади и втора, кој до две илјади и шеста. За сите тие периоди имало избори, и тие што грешеле си ја платиле цената. Како што и за грешките од овие пет години ќе се плати цената, дали на една или на две рати ќе покаже времето.

Изборите во двеилјади и единаесета ќе бидадт многу слични со изборите од двеилјади и шестата. Ќе се појават премногу нови партии, платформи, коалиции. Некои ќе бидат помагани од големите политички партии, некои со искрена желба ќе се обидат да си ја пробаат среќата. Клучен фактор за резултатите ќе биде излезноста на граѓаните. Големите партии се сигурни во своето цврсто и лојално гласачко тело, кое е минимум по двесте и дваесет илјади гласачи.

Особено партијата на власт нема интерес од висок процент на излезеност, со надеж дека незадоволните ќе си останат дома. СДСМ се надева на пријатно изненадување, односно казна на Владата, и гласање против власта, како во двеилјади и втората година. Ако излезат на гласање околу деветстотини и триесет илјади гласачи како во 2006 година, (2008 излегоа 987.000), и ако ги одземеме околу двесте илјади гласачи од албанскиот електорат, тогаш битката ќе биде за околу 730.000 гласачи.

Ако не се смени ништо посебно, двете најголеми коалиции ќе си поделат од петстотини до петстотини и педесет илјади гласови. Остануват околу двеста до двеста и педесет илјади сеуште неопределени гласачи. Иднината, и владата ќе ја одлучат токму тие гласачи кои сеуште не одлучиле каде ќе гласаат. Прво, ако не видат сериозна платформа, и не мора да гласаат. Второ, не е добро сите помали партии и коалиции, да си ставаат на конто дел од тие гласови, без конкретна платформа. Сите мали политички партии се надеваат на овој контингент на гласови кои тешко би излегле на избори, но ако излезат, би гласале за некоја од помалите партии.

На крај, резултатот би бил многу сличен на 2006-тата. СДСМ и ВМРО ДПМНЕ би си поделиле од седумдесет и пет до осумдесет пратеници, сите помали партии заедно би освоиле петнаесетина пратеници. Околу коалицирањето, слично на 2006-та, целиот негативен набој ќе биде против власта, па овој пат, водени од ветеното пред гласачите, помалите партии ќе мораат да коалицираат со СДСМ, за конечно рушење на ова Влада.

Периодот кога на Груевски му тежеа коалициите, беше полесен за народот, мораше да работи потранспарентно, да се прилагодува, да прави компромиси. Периодот после 2008-ма е најлесниот и најубавиот за Груевски, но најтешкиот за граѓаните. За да се смени нешто, за да се придобијат тие одлучувачки двесте, до двесте и педесет илјади гласови, потребен е искрен и сериозен пристап, кој граѓаните сигурно ќе го препознаат. Јасна политичка платформа, со вадење на сите тешки и болни прашања, на маса. Јасен концепт за решенија и барање подршка за концептот.

Програма од сто чекори, од сто страници, во која се ветува мед и млеко, за сите граѓани и целни групи, веќе не поминува. Се бара кратка, конкретна, јасна програма во која акцентот ќе биде ставен на десетина прашања. Лустрација, расчистување со криминалот, реформи на државната администрација, планско производство во земјоделието, зголемување на субвенциите за земјоделците, информатички развој, инфраструктура, отварање на политиката за нови кадри, продуцирање на целосни законски решенија, отварање на дебати, тркалезни маси, работилници...

Платформата мора да биде со конкретни законски решенија, измени на закони, предлог кадровски решенија. Гаранции за целосно исполнување на програмата. Која партија ќе има капацитет и храброст да и погледне на вистината в очи, да се соочи со проблемите и граѓаните, ќе ја има честа да ги направи најголемите историски потези за оваа држава.

Ване Цветанов
21-01-2011, 06:03 PM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0

Site vakvi kazuvanja koi doagat od covek koj e bil vnatre u VMRO i znae sto e sto od 2006 se izraz na demokratija sto za SDSM e mislena imenka , no sepak ne mi se veruva deka pozadi site nastani vo RM koi bea izminati meseci stoi licno B.C so se celo SDSM ako nema podloga za nezadovolstvo t.e ako subvencii za zemjodelci se dojdeni na nivni smetki i se videle arno tie i nivni semejstva moze SDSM i B.C da posakuvat sto ne nema da gi ide kako i sto ne gi ide na teren na sporeduvanje vo se drugo kako alternetiva B.C nasproti GRUEVSKI sto ne mine kaj narod MAKEDONSKI , megutoa deka ZEMJODELIE e videlo air od pari milioni evra po se ne e e taka , deka ZDRAVSTVO e arno i EVROPSKO toa pa ic , deka obrazovanie e EVROPSKO i toa e AUT a i ete i spomenici pozelenuvat od sram oti po se ke da e deka SOROS B.C i negovi sateliti sipat nesto po izleani figuri i podmetnuvat deka e nekvalitet znaci ne e seka B.C e svemmoken otkolku deka u PRERODBA se vmetnati KADRI koi se toa go MINIRAT i rabotat u ineteres na B.C po TOSE ke da go proglasat i B.C za svetec oti em si e penzioner em za se on e kriv kako LIDER na OPOZICIJA u RM a gledame sto opozicija raboti kaj komsii ALBANIJA i BUGARIJA i toa toa se veke NATO i EVROPSKI DRZAVI
22-01-2011, 09:24 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

Во денешната колумна на Ване Цветанов во ФОКУС, има еден дел посветен на негово видување на иднината на Македонија. Тој дел се совпаѓа со моето видување за можната иднината на МК кажана пред повеќе месеци. Еве го делот на текстот на Ване посветена за тоа:

...Се повеќе се отвара сценариото за поделба на Република Македонија. Прогнозата е дека западниот дел би се припоил кон Косово, а остатокот би се припоил на Србија. Прашањето ми е , кој од денешните политичари би ја понел таа одговорност? Или денешната битка за секоја педа медијумски простор е токму во име на таа операција? Со какви приказни тогаш ке не замајуваат медијумите? Веројатно главното политичко оправдување ќе биде-името го зачувавме, оти нели ќе сме федерација, идентитетот е зачуван, јазикот исто така зачуван, а државата што отишла јабана-никому ништо!...
28-01-2011, 02:38 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8

(28-01-2011, 02:38 PM)hristo Wrote: Во денешната колумна на Ване Цветанов во ФОКУС, има еден дел посветен на негово видување на иднината на Македонија. Тој дел се совпаѓа со моето видување за можната иднината на МК кажана пред повеќе месеци. Еве го делот на текстот на Ване посветена за тоа:

...Се повеќе се отвара сценариото за поделба на Република Македонија. Прогнозата е дека западниот дел би се припоил кон Косово, а остатокот би се припоил на Србија. Прашањето ми е , кој од денешните политичари би ја понел таа одговорност? Или денешната битка за секоја педа медијумски простор е токму во име на таа операција? Со какви приказни тогаш ке не замајуваат медијумите? Веројатно главното политичко оправдување ќе биде-името го зачувавме, оти нели ќе сме федерација, идентитетот е зачуван, јазикот исто така зачуван, а државата што отишла јабана-никому ништо!...
Хаха..добро бе еве и вечерва го гледав Васко Ефтов...ми подгрева некоја си заговори,поделби...ама оноа апла со сила ти вика дека работата е готова за војна,само дека се чека сигналната сирена и да започне...

Како и да е, ако се дава премногу внимание на овие "поделби" и "тензии",секако дека на луѓето во главите ќе им се всади страв,па ќе бараат радикални политички опции за да ги одбранат нивните права... итн ..итн..и со тоа може многу полесно да се оствари желбата на некои, за делби и немири и сл....

Затоа јас од поодамна текстовите,и изјавите на Ване ги земам со доза на резерва,бидејќи знаеме дека многу вакви херои,на крајот излегуваат нечии марионетки,или по мое "камикази од повисок ранг"(примерот со Филип)...

Но не само поради сомнежите...туку ако може еден Божиновски да изнесува имиња,датуми и места,и тоа на основа на документи кој ги прима од трети страни(и е свесен дека може да изгине заради тие изјави) и кој никогаш не бил директно инволвиран во процес на согледување,и спречување на криминални дејанија,а сепак имал храброст да зборува толку оворено....

....не гледам зошто Ване сите работи ги вртка од околу и не замара со социолошки анализи... со поделби,и сл. сценарија,а не сака јасно и гласно да се изјасни за оние работи што "демек" тој за прв пат ги открива и што се клучен фактор за нелегалните протоци на пари...се запрашал некој од вас зошто????!!!(овакви пасивни херои-аналитичари ги имаме со лопата ги ринеш)
(This post was last modified: 29-01-2011, 01:36 AM by Makedonec.)
29-01-2011, 01:33 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,954
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(29-01-2011, 01:33 AM)Makedonec Wrote: ....не гледам зошто Ване сите работи ги вртка од околу и не замара со социолошки анализи... со поделби,и сл. сценарија,а не сака јасно и гласно да се изјасни за оние работи што "демек" тој за прв пат ги открива и што се клучен фактор за нелегалните протоци на пари...се запрашал некој од вас зошто????!!!(овакви пасивни херои-аналитичари ги имаме со лопата ги ринеш)

Лесно е да бараме, но дали некој го зпрашал Ване дали има работа, егзитенција. Дали некој му понудил работа. Дали ако проговори докрај и ако Грујо покрене судски процес против него ке се собере адвокатска екипа која ке го брани бес пари. Дали некој ке му дава некаква помош на неговото семејство. Дали некој ке излезе на протести заради тоа.

29-01-2011, 02:26 AM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8

(29-01-2011, 02:26 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:

Види сега и Стојан Андов,знае за сите се,и сегде кажува лустрации,чистење на службите и сл...но сепак 100 години не врти во круг и не презема никаква радикална акција,а има доволно пари за наредните 3 животи,ако му дојде густо...е за такви пасивни херои мислев!
29-01-2011, 02:36 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,954
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(29-01-2011, 02:36 AM)Makedonec Wrote:

Андов си ја одработува агендата затоа никој не го чепка. Тој во неговите писаниа во ФОКУС изнесе само многу лаги и се обиде да ги оправда антимакедонските потези кои тој директно ги носеше од 1990 до денеска . Нормално во сето тоа ке пуштеше по некоја интересена информација ама никогаш да каже дека тој бил директен сведок. И онаа неговотолкување на историјата ????

Јас зборувам за слободни стерелци а мислам дека Ване е таков. Го покажа тоа, не пристапи на ниту една партија .
29-01-2011, 02:48 AM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8

(29-01-2011, 02:48 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:

(уххх воздишки) Знаеш како е Јордане..."Кога ќе се изгориш на млеко ќе дуваш и на јогурт !"(мораш да ме сфатиш)

(This post was last modified: 29-01-2011, 02:57 AM by Makedonec.)
29-01-2011, 02:57 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,954
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(29-01-2011, 02:57 AM)Makedonec Wrote: (уххх воздишки) Знаеш како е Јордане..."Кога ќе се изгориш на млеко ќе дуваш и на јогурт !"(мораш да ме сфатиш)

Разбирам, ама сепак, Ване не пријде во ниедна партија, не формира своја партија. Сигурен сум дека ке му "погнеа" да формира парија ако пројавел желба . Додуша незмам можеби и имал таква понуда.

За да имаме повеке такви "слободни стрелци" треба да сториме некои од работите кои ги наведов погоре. Економската независност и правна заштита ке им даде на многу луѓе повеке сигурност да кажат повеке.
29-01-2011, 03:09 AM
Reply
nikoj Offline
Member
***

Posts: 218
Joined: Dec 2010
Reputation: 6

Зошто Ване не пишува повеќе на КОТЛЕ. Да не е под притисок на некого. Или се истрошил со темите. Имам чуство дека некако мистериозно се повлекува човекот. А и забележувам послаба активност на членовите. Малку ми е чудно. Или само на мене ми се чини.
DOBIV GREEN CARD FOR USA. VEKE SE OSEKAM KO AMERIKANEC.
29-01-2011, 12:12 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(29-01-2011, 12:12 PM)nikoj Wrote: Зошто Ване не пишува повеќе на КОТЛЕ. Да не е под притисок на некого. Или се истрошил со темите. Имам чуство дека некако мистериозно се повлекува човекот. А и забележувам послаба активност на членовите. Малку ми е чудно. Или само на мене ми се чини.

Ване Цветанов пишува за ФОКУС, секоја недела. Фактички тие од ФОКУС се постираат и на КОТЛЕ. А, колку КОТЛЕ ке биде активно зависи од нас самите.

29-01-2011, 12:37 PM
Reply
nikoj Offline
Member
***

Posts: 218
Joined: Dec 2010
Reputation: 6

(29-01-2011, 12:37 PM)hristo Wrote:
(29-01-2011, 12:12 PM)nikoj Wrote: Зошто Ване не пишува повеќе на КОТЛЕ. Да не е под притисок на некого. Или се истрошил со темите. Имам чуство дека некако мистериозно се повлекува човекот. А и забележувам послаба активност на членовите. Малку ми е чудно. Или само на мене ми се чини.

Ване Цветанов пишува за ФОКУС, секоја недела. Фактички тие од ФОКУС се постираат и на КОТЛЕ. А, колку КОТЛЕ ке биде активно зависи од нас самите.

Значи лошо сум разбрал дека ова е негова последна колумна на КОТЛЕ. Оти на почетокот човекот се заблагодарува на КОТЛЕ а и КОТЛЕ му се заблагодарува на досегашната работа.
DOBIV GREEN CARD FOR USA. VEKE SE OSEKAM KO AMERIKANEC.
29-01-2011, 02:10 PM
Reply
goran16ta Offline
локал патриот
***

Posts: 118
Joined: Oct 2010
Reputation: 8

(29-01-2011, 12:37 PM)hristo Wrote:
(29-01-2011, 12:12 PM)nikoj Wrote: Зошто Ване не пишува повеќе на КОТЛЕ. Да не е под притисок на некого. Или се истрошил со темите. Имам чуство дека некако мистериозно се повлекува човекот. А и забележувам послаба активност на членовите. Малку ми е чудно. Или само на мене ми се чини.

Ване Цветанов пишува за ФОКУС, секоја недела. Фактички тие од ФОКУС се постираат и на КОТЛЕ. А, колку КОТЛЕ ке биде активно зависи од нас самите.

Сепак тоа не е целосен одговор
Понудете му вие нека пишува само за котле не мора да пишува за фокус што значи ако има некој проблем со фокус
Друго ако имате било каква информација(за прекинот на колумните) мислам на смејни проблеми здраствени или слично кажете тоа би бил одговор а не дека не пишува за фокус и крај Icon_wink

Pishtoldzija
30-01-2011, 12:25 PM
Reply