Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 4 Vote(s) - 3.5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Канџите на УДБ-а
Author Message
mungos
Unregistered

 
#21

ванчотодор мислам дека треба да му објасниш на малина како србоманите ги затвораа вмро-овците.Оти овој мисли нешто друго.Не е лошо малку да му објасниш а не само да постираш текстови.
23-02-2010, 06:25 PM
Reply
raspberry Offline
Senior Member
****

Posts: 287
Joined: Feb 2010
Reputation: 9
#22

(23-02-2010, 06:25 PM)mungos Wrote: ванчотодор мислам дека треба да му објасниш на малина како србоманите ги затвораа вмро-овците.Оти овој мисли нешто друго.Не е лошо малку да му објасниш а не само да постираш текстови.
А ти неможеш ли?
Ако искаш аз мога да ти разкажа как са ги съдили тук в България като ванчомихайловисти или защо са разстреляни гораните например...
23-02-2010, 06:40 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#23

Можи не е проблем,човекот учи додека е жив.


А јас можам ама нема да ме разбериш!
23-02-2010, 06:41 PM
Reply
raspberry Offline
Senior Member
****

Posts: 287
Joined: Feb 2010
Reputation: 9
#24

пробвай....
Ако според теб намеквам, че всички са съдени защото се чувстват българи не e това, ако казваш че е нямало такива пак не е така.
23-02-2010, 06:45 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#25

Што имал Ченто со Бугарите? И знаеш за што го уапсија?
23-02-2010, 06:46 PM
Reply
vancevtodor Offline
Member
***

Posts: 194
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#26

(23-02-2010, 06:25 PM)mungos Wrote: ванчотодор мислам дека треба да му објасниш на малина како србоманите ги затвораа вмро-овците.Оти овој мисли нешто друго.Не е лошо малку да му објасниш а не само да постираш текстови.


Mungose eve go objasnuvanjeto. Iako mislam deka e izlishno. Toa go znae dobro i Malina. Site koi se borele za obedineta i samostojna Makedonija od 1945 pa do DENESKA , bile progonuvani i sudeni kako "VANCHOMIHAJLOVISTI", "BUGAROFILI", sorabtnici na BNRS......

Ako navistina srbokomunistite gi dokazale tie progoni, deka navistina progonetite bile Makedonci so Bugarska samosvest, koi vo Makedonija se borele da go srushat ustavniot poredok i Makedonija da ja prisoedinat kon Bugarija, nemashe zoshto da se PLASHAT DA SPROVEDAT LUSTRACIJA. No vo niedno dosie a gi ima okolu 50.000 na sudenite i progonuvanite za Samostojna i Obedineta Makedonija nema validen dokaz za obvinenieto deka tie ludje bile neshto drugo, OSVEN MAKEDONCI.


Quote:Досието ми го изгради мозаикот на случувањата околу мене во последните неколку години. Се што ми се случуваше, се сега имаше објаснување. Објаснувањето е просто: во сето тоа имало намера и систем. Намера да ми пропадне бизнисот. Сфатив, дека цело време сум бил “ местен “.
Па да почнеме. Сега ми е јасно дека Србија немала намера така лесно да ја пушти Македонија да се развива како независна држава. Инсталираната УДБА во Македонија со децении, требаше да ја држи Македонија под контрола, додека Србија ги решаваше поважните работи за неа во Хрватска и Босна И Херцеговина. Македонија била оставена за крај, веројатно поаѓајќи од тезата дека таа, е и најлесен плен. Во сите поважни партии биле ставани луѓе од УДБА, кои повремено, по потреба, биле активирани. Побогатите Македонци, вистински македонисти, кои ги помагале патриотските и демократските партии во Македонија, се ставени под удар на удбашките структури во ДБК при МВР на Македонија. Сценариото било едноставно, но страшно кон тие кон кои било наменето. Конкретно за мене: Откако сум проценет како опасност за "српската кауза" во Македонија, донесена е одлука да бидам финасиски уништен и компромитиран пред очите на моите истомисленици и македонската јавност. Залепена ми е етикета дека сум бугарски шпиун. Тоа е стара испробана формула на српските хегемонисти. На секого, кој има влијание ( економско или политичко) во промоција на македонската кауза, стави му етикета дека е "бугараш" или бугарски шпиун и си завршил работа. Потоа, тоа се користи како основ по кој се користат средства и човечки потенцијал на македонската држава спрема сопствените граѓани, кои таа иста Македонија ја помагаат и сакаат да се развие во демократска и просперитетна земја , и најстрашно за Србите- хегемонисти, независна држава.


ps. del od tekst na progonuvan od 1992 pa navaka. Izlezen e 2003 godina, vo Kumanovski Bulevar i Makedonski Svedok.
pps. se shto e nejasno na bilo koj, Malina, Vrhovist, Mungos...tuka sum da objasnam
23-02-2010, 08:21 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#27

Ванчотодор оваа ми е кристално јасно но проблемот е што бугарите мислат дека е оваа вистинската битка дека овие страдалници за Македонија се бугари.Како да му објасниш на некој кој се фака за зборот бугарин а не во која смисла е напишано нештото.


Денес имав средба со еден пријател жртва на Удба.Замисли кога го видел досието кодош му бил неговиот другар со кој секогаш одел секаде заедно и биле двајцата „заколнати„ патриоти.Ми спомнуваше за какви се не маки видел во Отешево.

Се надевам дека еден ден ќе можиме сите овие кодоши да ги објавиме доста со црни фломастери.
24-02-2010, 01:32 AM
Reply
vancevtodor Offline
Member
***

Posts: 194
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#28

(24-02-2010, 01:32 AM)mungos Wrote: Ванчотодор оваа ми е кристално јасно но проблемот е што бугарите мислат дека е оваа вистинската битка дека овие страдалници за Македонија се бугари.Како да му објасниш на некој кој се фака за зборот бугарин а не во која смисла е напишано нештото.


Денес имав средба со еден пријател жртва на Удба.Замисли кога го видел досието кодош му бил неговиот другар со кој секогаш одел секаде заедно и биле двајцата „заколнати„ патриоти.Ми спомнуваше за какви се не маки видел во Отешево.

Се надевам дека еден ден ќе можиме сите овие кодоши да ги објавиме доста со црни фломастери.

Mungose, nie zboruvame za argumentirani vistini. Sekoj koj doadja na forumov so dobra namera. Odnosno da razmeni misli i argumenti, toa ke go razbere. Onoj shto doadja po sluzbena zadacha, da mu gi donesesh site pedest iljadi nema da veruva. No za zal vo edno, ne si dokraj prav, golem del od Makedonci-taka se kazuvaat, velat deka:

"Јас ти тврдам од лични искуства дека најмалку 50% од “Судените за Македонија“ се залагаат токму за такви идеи,ПроБугарски или Прогрчки,како и ПроАлбански но и ПроСрпски во минатото и во последно време".
24-02-2010, 01:48 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#29

И што можам јас да им направам или ти да им го периме мозокот како тие нас?

Ја имам дома книгата,а и се запознав со некој од неа.Едно само да не си им во кожата,за татковината уште и нивните деца плаќаат.
24-02-2010, 01:53 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#30

(24-02-2010, 01:53 AM)mungos Wrote: И што можам јас да им направам или ти да им го периме мозокот како тие нас?

Ја имам дома книгата,а и се запознав со некој од неа.Едно само да не си им во кожата,за татковината уште и нивните деца плаќаат.

Da nema zabuna ovaa ne e moje mislenje:

(24-02-2010, 01:48 AM)vancevtodor Wrote: "Јас ти тврдам од лични искуства дека најмалку 50% од “Судените за Македонија“ се залагаат токму за такви идеи,ПроБугарски или Прогрчки,како и ПроАлбански но и ПроСрпски во минатото и во последно време".

Tuku go citirav, bidejki go iskazuva navoden Makedonec.
Koga toj ne priznava deka skoro vo site dosie na progonuvani i sudeni za "OBEDINETA I SAMOSTOJNA MAKEDONIJA" stoi deka navodno toa go pravele od probugarski pobudi, ne bi trebalo da im se lutime na Bugarite.

Toa e Mungose nashata nesrekja . Nashiov dvor e poln so djubre. koga ke go ischistime nego, lesno ke bide so komshiite.
24-02-2010, 02:41 AM
Reply
mungos
Unregistered

 
#31

Тоа е факт дека се манипулира со народот,но еден ден ќе заметиме ако не ние нашите поколенија.
24-02-2010, 03:06 AM
Reply
vancevtodor Offline
Member
***

Posts: 194
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#32

(24-02-2010, 03:06 AM)mungos Wrote: Тоа е факт дека се манипулира со народот,но еден ден ќе заметиме ако не ние нашите поколенија.


Rabotava Mungose mora nie da ja raschistime. Ovaa ne smee da se ostavi na pokolenijata. Ako go ostavime ke nema MAKEDONSKI POKOLENIJA.
24-02-2010, 03:57 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#33

Quote:СТОЈАН АНДОВ
Прикривањето на злосторството е злосторство


Професорот Александар Цанко Христов поблиску го запознав во 1970 година. Во подолго време нашите средби, иако ретки, не зближија и во разговорите минавме на „ти“. И во тие лични средби го добив впечатокот за неговата личност што можеше да се добие од неговите јавни настапи и научни трудови и без лично познанство. Во разговорот беше одмерен, внимаваше да не каже нешто повеќе од тоа што сака да го каже, но и да не остане недоискажан. Во почетокот на август 1995 година ми се јави по телефон и побара средба, велејќи дека има потреба за подолг разговор. Прејде на темата брзо и директно. Рече дека ден пред Водици (во јануари) 1945 година, длабоко ноќта, дошле луѓе од обезбедувањето на ЦК на КПМ, и го однеле директно на седница на Политбирото. Секретарот на ЦК, Лазар Колишевски, му рекол да седне до него, а потоа му рекол ноќта или најдоцна утрото да замине за Прилеп. Таму имало затворено повеќе од 300 луѓе за кои народот сметал дека се предавници и сигурно ќе бидат стрелани. Му рекол: „Твоја задача, Цанко, е да спречиш стрелање, никој да не биде стрелан“. Професорот ми рече дека му се пресекле нозете, побледел и загубил здив. Сепак проговорил: „Друже Лазо, зошто јас? Зошто не појде другарката Вера или другарот Лилјак?“ Колишевски едноставно му рекол: „Не, ти ќе појдеш, ти си обвинител“. Во тоа време професорот бил заменик-јавен обвинител на Македонија. Четири часа минале во разговор, што во убедување, што во подготовка како да ја изврши доверената задача. Во критичниот момент Колишевски му ја дал телеграмата што таа вечер стигнала од Тито. Во неа пишувало „Сместа престати са стрељањем. Иначе ви носите личну одговорност“.

Утрото, околу 6 часот, со џип тргнал за Прилеп, го возел офицер на ОЗН-а. Патот бил многу лош, му биле потребни часови да стигне до Велес, кога возачот му рекол дека немаат бензин до Прилеп. Го оставил во Комитетот и отишол во воената команда по бензин. За тоа време Христов разговарал со секретарот на Комитетот. Соговорникот го прашал што толку брза за Прилеп. Тој му објаснил со која задача тргнал на пат, а секретарот на велешкиот комитет му одговорил: „Е? Па ние во Велес таа веќе ја завршивме?!“. Во Прилеп стигнал во мракот. Неколку илјади луѓе пред зградата каде што биле затворениците извикувале: „Смрт на предавниците, сите на бесилка, сите да се стрелаат“. Имал тежок разговор со партиските раководители и некако со помош на телеграмата од Тито ги убедил. Тие донеле одлука стрелањето да се одложи, а потоа до стрелање во Прилеп и не дошло.

Професорот продолжи: „Но, во Велес се стрелани, а јас како одговорен функционер во Обвинителството не знаев. Затоа сите документи за стрелањето педесетина велешани се подоцна конструирани, во што јас не сум учествувал. Негде не стигна Титовата телеграма и на повеќе места во Македонија има луѓе што ја доживеаја судбината на велешани. Таков е случајот со Турците што беа стрелани во Дисан и со двајцата со претепување усмртени трговци, Угуров од Кавадарци и Бошков од Неготино. Без обвинение, без истрага, без суд. Колку што знам, негде пред велешкиот случај, или во тоа време, се стрелани приближно ист број луѓе во Кумановско. Се сомневам дека имаше стрелања и во Скопско, Тетовско, Гостиварско, Ресенско. Стреланите се затвореници, не го загубиле животот во борба. Не верувам и дека судел некој суд. Така животот го загубија сигурно неколку стотини луѓе. Но потоа, кога се вклучи Обвинителството, обвиненијата речиси во целост беа подготвувани во ОЗН-а, а потоа во УДБ-а. За сите политички гонети лица имаше политички став во пресудата да стои дека се народни непријатели и, по можност, ванчовисти“.

Професорот беше многу возбуден. Ми рече: „Ти си сега претседател на Собранието. Мислам оти е неопходно претставничкото тело на народот да донесе некој акт да им се извини на тие луѓе и на нивните семејства. Такви беа времињата. Ние во Обвинителството сето тоа добро го знаеме“.

Тој ми рече дека за овој чекор го охрабрил мојот говор на Конгресот на Либералната партија во почетокот на јули. Разговарал и со други, но резултатите од тие разговори многу го загрижиле. Рече: „Луѓето не сфаќаат колку е важен тој чекор за Македонија. Треба да се откријат, обелоденат сите такви случаи, да им се извиниме на луѓето и да се знае дека тоа било политика на помал број луѓе, која нашла извршители во службите, а добар дел и од тие извршители немал друг избор. Но, обелоденувањето на тие факти и извинувањето кон репресираните и кон нивните семејства ќе ја тргне таа црна дамка од сите оние што се бореа за идеали, а некои од нив и животите ги загубија, додека други пак не учествувале во тие работи“.

Многу размислував како да постапам. За ова што ми го зборуваше професорот Христов немав факти. Од друга страна, тој ме молеше да не се повикувам на него и ова што ми го кажува да не го споменувам додека е тој жив. Професорот Христов почина на 2 август 2000 година. Тој очигледно од нешто се плашеше и се колебаше. Експерти и политичари што во времето на тие настани биле активни и требало да ги знаат изјавуваа дека тоа е само црна пропаганда. Тогаш со уште 16 пратеници од ЛП решивме да поднесеме декларација во која баравме Собранието да им се извини на репресираните граѓани на РМ и на нивните семејства. Декларацијата ја поднесовме на 25 август 1995 година. Баравме да се создадат и законски услови за да може да се утврди фактичката состојба низ поединечни судски постапки. За тоа мислевме дека е потребно да се отворат архивите, оние „најтајните“ на КП, бидејќи архивите на државните органи очигледно содржат документи што се дополнително конструирани и правени. Но таа декларација не беше усвоена. Од тогаш е извршена ексхумација на убиените во Велешко и се покажа дека тој случај не е „црна пропаганда“. За жал, извештајот на Институтот за судска медицина за тој случај до ден-денес не и е познат на јавноста. Од МВР се предадени архивските материјали за осудуваните лица на Државниот архив. Станува збор за околу 22.000 судски пресуди за убедливо најголем број политички судени. Но, судовите не сториле ништо за да се расплетат тие работи. Во јавноста се уште е присутно мислењето дека не треба да се копа по тоа, дека со тоа се омаловажуваат основата на државата и сите придобивки од досегашниот развој на РМ. Теза многу слаба и неодржлива. Ниту една држава не може својата сила и стабилност да ги црпи со прикривање злосторства извршени од некои нејзини органи. Напротив, Македонија ќе ги покаже својата виталност и сила откако ќе го демистифицира ова прашање и ќе преземе мерки за вистинско помирување.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefau...rticleID=39689
07-03-2010, 03:24 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#34



19-03-2010, 10:14 PM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#35

Quote:Според кажувањето на Јонче Лабоски од с. Мислешево (извадок од книгата „Судени за Македонија“).

ЗА ЕДНО БЕВ ПРИТВОРЕН, ДРУГО МИ НАЈДОА

Роден сум во 1920 година во село Мислешево, Струшко. На дваесет и двегодишна возраст, во 1942 година, се вклучив во Народноослободителната борба. Нашата куќа беше отворена за илегалци, место за собирање на секаков вид помош за НОВМ.. Антифашистичкото движење во периодот 1941 - 1944 година беше за автономна и обединета Македонија. Поради тоа народот масовно се вклучи во борбата. Самата Република Македонија се ослободи. И се до 1945 година идеата за автономна и обединета Македонија беше присутна, односно до идењето на српскиот блок на власта на чело со Лазар Колишевски.
Бев ценет во селото. Ме избраа и за член на селскиот одбор. Неостварената идеа: автономна и обединета Македонија, ме мачеше, но никому не му зборував. Едно време почна насекаде да се зборува за тоа. Се осмелив на таа тема да поразговарам со Златан Прентоски. Меѓутоа зачестените притисоци за влегување во колективот (СРЗ) не оставија време за размислување за политиката.Нашето село даваше голем отпор. Не сакаше да влегува во колективот Исклучок од тоа правеа најизразените партијци и соработниците на УДБА.

Во почетокот на мај 1949 година власта изврши нечуен терор за влегување во колективот, но и народот се повеќе ја замрази власта, беше решен да не порушти. Власта почна со затворање. Прво беше затворена Винена Кајмакоска. Цело село отидовме во Струга да протестираме за нејзино ослободување, прво пред УДБА а потоа пред Народниот Фронт. Место Винена да ја ослобдиме уште осуммина не притворија ( Иљо, Златан и Аргил Прентоски, Владо Коцарев, Климе Мечкароски, Климе Мушикоски, Драга Маркоска и јас).

Неколку месеци бевме притвор, а домашните не знаеја кај сме. Власта ги мамеше де во Охрид, де во Битола сме биле, а ние бевме изложени на нечуен терор во Струшката УДБА. Каков беше односот на иследителите и другите ѕверови може да се види од тоа што кутрата Винена Кајмакоска од таму не излезе жива.

Ме притворија за невлегување во колективот, а во притворот ми иставија друго дело: сум бил организатор за автономна и обединета Македонија. Тоа излезе од кажувањето на Златан Прентоски. Јас не признавав, но Златан тоа до повторуваше кога УДБА ме ставаше под маса да слушам што ќе рече тој. Ми го пуштија и провокаторот Симон Попоски од село Ложани, кој беше третиран како имформбировец. Тој ми велеше: Речи , да се спасиш, сакав да го убијам Тито! Како така да речам? Од каде и како јас сум можел од Мислешево да го убијам Тита во Белград! Ако за тоа ме прашаат, како ќе им речам - му одговорив, прочитувајќи го кој е.

Не судеше Окружниот суд од Битола. Судењето беше во Младинскиот дом во Струга. Градот беше накитен, звучници поставени на сите страни да слуша насобраниот народ за судењето за да се исплаши и да влезе во колективот. На осуденичката клупа се најдовме осум души, бидејќи Винена Кајмакоска ја имаа убиено во притворот. Сите се товареа за колективот ( за организирање за невлегување на селаните во СРЗ), а јас и за пропаганда за автономна и обединета Македонија под протекторат на Америка. Сведок за тоа единствено против мене беше Златан Прентоски. Обвинителот тоа застапување за автономна и обединета Македонија под протекторат на Америка го прикажа како најголемо зло, ме прикажа како најголем непријател. На тоа реагирав , велејќи му: Кај се чуло и видело македонски обвинител да обвинува Македонци што си ја сакале Македонија!

Бранителот беше ставен по службена должност, но добро не бранеше. Велеше дека немаме никакво конкретно кривично дело и бараше наше ослободување. Но судот изрече строги казни: од 6 до 18 години лишување од слобода со присилна работа. Јас бев осуден на 12 години затвор и 5 години губење на сите граѓански права, освен родителските, по издржување на казната.

Подоцна во 1950 година, за обид за растурање на колективот (СРЗ) од нашето село со казни од 10 до 13 години затвор беа осудени :Ѓорѓи и Димко Мижимакоски, Власе Прентоски и Димитрија Рајчиноски.

По судењето, неколку дена бевме во Централниот затвор. Тамо прва средба ми беше со Ченто, затекнувајќиго како со хлорисана вода го чисти санитарниот јазол. Потоа бев префрлен во Идризово, кајшто извесно време работев во туланата, а најдолго во столарското одделение на „Препород“. Надзирателите: Русе, Ристо и Бошко беа неподносливи. Пропиште народ од нив. Храната: гершла, компири нелупени , немиени фрлени да се варат. Првите што ќе земеа ќе земеа водичка и лушпи, а последните: грутки и камења. Спиењето со ограничен простор, настегани како сардини во конзерва.

Ако во туланата не се исполнеше нормата, ни се намалуваше лебот на 300 грама. Писмо имавме право еднаш месечно со напишани најмногу 16 реда. На опачината од тој лист домашните ни одговараа. Посета имавме еднаш месечно( и во сите случаи, ако не бевме во карцер) , а јас посета имав еднаш годишно зашто моите немаа пари за превоз.

Како столар со месеци работев со еден Душан од Кумановско на вилите од Лазар Колишевски, Цветко Узуноски -Абаз и други големци во „Водно“.

Иако сум недоволно писмен, од маките што ги видов во притворот и во затворот, ја испеав, и често ја потпевнував, следната песничка:

Бог да и биет Дамјановците

што постанаја клети шпиуни.

На Ѓурѓовден спроти полноќи

привтасаја удбовците

и ги фатија седум прваци,

а и осмата кутра Драгана.

Дења тие зандани лежат,

а њоќе ги испитуват.

Коски им ломат ,ребра им кршат:

Кажвајте, зборвај седум прваци,

а и ти осма кутра Драгано,

кој ми те тебе натера

бунт да ми дигниш во среде село“.

Во затворот не носеа на приредби. На една приредба се прикажуваше Гоце Делчев како македонски војвода, борец, револуционер за слободата на Македонија. Од меѓу затворениците се чу глас: А море, Гоце, среќен си што си умрен! Ако беше жив, и ти ќе беше овде! Надлежните се втурнаа, но не успеаја да откријат кој извика зошто никој не го кажуваше. Меѓу нас затворениците се зборуваше дека така извикал курирот на Гоце Делчев, кој беше во Идризово затвор.

Политичките затвореници беа цврсти луѓе. Кај нив немаше цинкарење. Цинкароши беа криминалците. Еднаш не собраа сите затвореници и ни рекоа политичките затвореници да се построиме на една, а другите на друга страба. Стојмир од Ботун и Драган Шкурте од Волино се придружија кон политичките затвореници. Стана еден затвореник од Царев Двор, Ресенско, чие име го имам заборавено, ги фати за раменици и им рече: Марш вие криминалци, ни ја срамите нашата организација, нашата партија! Тие беа судени за кражба во „Рекопс“ - Охрид, а таму беа цинкароши и полоши од некои надзиратели.

Затворот во Идризово беше преполн. Таму цела Македонија беше затворена. Скоро немаше место од кое немаше затвореници.

Едно време дојде една делегација од западните земји. Делегацијата реагираше зошто има толку луѓе затворени што биле за Македонија под протектират на Америка и на другите западни земји кога се вели дека државата била ориентирана кон Запад, а не кон Источна Европа.

Од затвор бев ослободен на крајот од 1953 година, предупреден да не кревам повеке бунт. Со добиен патен билет за малиот воз си дојдов во затворските алишта. Толку бев пропаднат што родената ми мајка не ме позна. И уште веднаш мајка ми и жена ми ме прашаа: Да не си избеган?

Дома почнав одново куќа да куќам, бидејќи инвентарот и живата стока по моето затворање ја разграбиле. Трагично беше доаѓањето од затвор. Татко ми не го затекнав во живот. со големи маки закрепнав, а еве и денеска се познаваат рацеве кајшто бев врзуван со синџири во притворот.
Проклети да се шпиуни,

шпиуни клети кодоши,

трагата ни ја најдоа,

та што не нас предадоа...

Народна песна (фрагмент)
(This post was last modified: 20-03-2010, 01:51 AM by mara-popara.)
20-03-2010, 01:48 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#36

Se nadevam ABC ke prochita shto veli Tanasko:


Quote:СЕЌАВАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИК НА КОМУНИСТИЧКИТЕ ЌЕЛИИ

Му ја уништиле младоста, но не и сонот
За идејата за независна Македонија битолчанецот Танаско Талевски (82) проплукал крв низ озлогласените логори, но кога би морал, за истиот идеал уште еднаш би поминал низ страдањата

[Image: 21C575041C49B449B226696C3E8B2811.jpg]

Пеколот што го преживеав во времето на комунистичка Југославија не би му го посакал ни на најголемиот душман, а од сеќавањата и денес ми минуваат морници низ телото. Со овие зборови го разврзува животното патешествие 82-годишниот битолчанец Танаско Талевски, по потекло од демирхисарското село Журче.
Тој е еден од 300-те Македонци кои како политички затвореници биле сурово малтретирани во концентрационите логори на смртта во Добој, Босна и Херцеговина. Најголемиот дел од нив таму ги оставиле коските, заради единствениот „грев“ што ја сакале родната грутка и сонувале Македонија да ја видат независна и обединета.

Иако бил партизан, а по ослободувањето и воено лице, голем дел од младоста Талевски минал низ смрдливи ќелии, самици, јами, каменоломи, добиточни вагони... Затвореничкиот живот го вкусил на 23-годишна возраст, кога Воениот суд во Битола го прогласил за државен непријател и го осудил на доживотен затвор. Ваквите обвинувања му биле натоварени бидејќи јавно ја критикувал власта оти ги трошела парите од продажбата на македонското злато, тутунот, за изградба на главниот град на тогашна Југославија, Белград.

Тој бил префрлен во Централниот затвор во скопско Кале, каде што за време на шестмесечната тортура на КОС (служба за контраразузнавање) се претворил во жив костур.

- Моите не знаеја каде сум, ни дали сум жив. Кога за шест месеци дознаа и ме посетија во затворот, бев толку ослабен што не ме препозна ни мојата мајка кога и' се доближив. Имав само 42 килограми. Уште толку имав изгубено. Ако на мене не беше кожата, ќе ми испаднеа коските. Мајка ми по тоа пет години не стана од постела - се присетува Талевски.

Со месеци лежел во самица, затрупан во сопствениот измет. Просторијата била речиси без воздух, бидејќи единствениот отвор што го имала била шпионката, па не знаел дали е ден или ноќ. Го прехранувале со по едно канче вода и 200 грама леб.

Покрај физичките измачувања, бил и психички малтретиран. Се' уште ги памети пцостите на командантот Јегиќ упатени кон Македонија и иритирачките зборови дека е Бугарин, оти Македонци не постоеле.

По две години, поточно во 1949, околу 300 затвореници како најтврдокорни вмровци биле испратени на принудна работа во концентрациониот логор на смртта во Добој.

- Таму се изврши геноцид врз Македонците. Не' тепаа со црева, гуми, камшици, пендраци... Служевме како боксерски вреќи за стражарите да докажат пред командирите кој е појак. И претепани и болни моравме да ја исполниме нормата и да пренесеме по 1.000 кубици камен за 24 часа. Кој ќе потклекнеше, го ставаа во земуници со часови да седи до половина потопен во вода. Многу затвореници така измрзнаа. Мртвите тела ги ставаа меѓу живите, додека ја јадевме единствената чинија со помијата, што ни следуваше дневно. По две години ужас, стотина затвореници, чија идеологија и живот не успеаја да ги скршат ни најсуровите измачувања, на добиточни вагони беа вратени во Идризово. Слично како Евреите, македонските патриоти три дена поминаа натоварени по 40-мина во еден вагон, само со корка сува леб - раскажува тој.

Потоа Талевски бил затворен во логор во село Радуша, каде што спасувајќи му го животот на еден од милиционерите, државата по пет и пол години го ослободила. Но, по десет години, поради истите идеи, повторно одлежал уште осум месеци во затворот во Идризово.

- Кога излегов на слобода ме викнаа во внатрешни и ми рекоа: „Танас, ти си бистар човек, ако бидеш наш соработник, ќе ти дадеме убава работа“. Реков: Ако треба со рацете земја ќе копам за да најдам коренче да се прехранам, а кодош не бидувам - раскажува старецот.

Ни денес не жали за сопствените постапки. Вели дека доколку би морал да ја даде истата жртва за Македонија, уште еднаш би поминал низ страдањата. Но, му паѓа тешко зашто државата досега не сторила ништо за да им се оддолжи на овие херои. Најмногу го боли, како што вели, тоа што домашните предавници кои ловеа позиции на сметка на нивните трауми, поминале неказнето. Танаско Талевски, и покрај пеколот што го поминал, се' уште спие со картата од обединета Македонија над главата.

Жанета Здравковска
(This post was last modified: 20-03-2010, 01:56 AM by mara-popara.)
20-03-2010, 01:56 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#37

Quote:ЗАБОРАВЕНИ: Томе Шаламанов, суден за македонската кауза

ПРЕСУДАТА КАКО ДИПЛОМА


Зошто јас да дискутирам дали сум Бугарин или Македонец? Дали Бугаринот дискутира дали е Македонец, или Србинот дали е Србин? Ако јас припаѓам и имам чувство дека сум Македонец, зошто со некого да се впуштам во расправа дали сим Македонец или нешто друго. Тоа е негов проблем. Јас немам проблем, јас сум Македонец и друго не можам да бидам.
Јас не сакам рехабилитација. Мене пресудата ми е диплома – кој сум, што сум, и од пресудата не се откажувам. Со тоа сакам да го напуштам овој свет.
[Image: files?file= Шаламанов.jpg]

Господинот Томе Шаламанов е еден од многуте македонски борци за македонската кауза. Роден е на 30 Март во 1930 година во Струмица. Денес живее во Скопје. До пензионирањето работел во “Македонија Табак”. Во еден од документите во неговото досие, кое тој во текот на разговорот ни го презентираше, пишува дека тој бил личност која се наоѓала на другата страна на бариерата наспроти тогашниот режим. Пишува и дека бил активен член на “ванчомихајловистичката” организација. Тоа г. Шаламанов го демантира.



Ние бевме членови на една група која се бореше за самостојна обединета Македонија. Ние баравме, додека Македонија да се зацврсти и да застане на “здрави нозе”, да биде под заштита на една од големите сили во даден момент, од Америка. Во 1991, 1992, 1993 година, оваа идеја што ние сме ја носеле уште од 1947 година, господинот Глигоров ја присвојува за еден дел и бара заштита од Америка. Тоа значи дека ние уште како деца во однос на него предничиме со таа идеја. Всушност, таа идеја постоеше и пред 1947 година, затоа што ние имавме активности и пред тоа за што и бевме затворени во споменатата година. Осуден сум во 1947 година на 2 години затвор. По ослободувањето ме третираа како непријател, што не е точно. Не сме биле непријатели на македонскиот народ. Ние стихијно сме се групирале како носители на идејата за обединување на Македонија во една целина и таа да биде под заштита на некој меѓународен фактор, вклучувајки овде и некоја голема сила како што беше Амарика. Во досието пишува “и примал и извршувал поставени задачи”. Ние си ги распоредувавме задачите меѓу себе, не сме примале задачи, ние меѓусебно се договаравме. Не примавме задачи, туку сами си ги поставувавме. Нашите активности беа кон омасовување на нашата група, а во интерес на идејата која ја носевме. Идејата им ја објаснувавме на другите кои не беа вклучени во групата. Ја објаснувавме целта, некои организациони прашања, растурање на летоци. А дали нашата активност е ванчомихајловистичка можете сами да прочитате од приложеното писмо до “г-директор”, објаснува господинот Шаламанов.



“МАЛИТЕ КОДОШИ”

Господинот Шаламанов вели дека тие како деца немале можност ни од каде да прочитаат за историјата на Македонија, па и за идејата на Ванчо Михајлов, ниту пак биле на таква возраст за да имаат било какви сознанија од таа област. Единственото нешто за што се бореле била Македонија. Учествувал во растурање на летоци со содржина против постојаниот режим и бил како и сите негови соборци за рушење на СРЈ, т.е да се распадне СРЈ и да добиеме сопствена држава и сопствен развој. Но, се разбира не одбегнувајќи ја соработката со сите соседи. И тоа соработката на праведен начин, во која ќе имаме интерес и ние и тие. Но, тие сваќања како идеја денес се пооформени со оглед на годините кои поминале и сознанијата кои што ги добиле. Нивните активности по излегувањето од затворот уште повеќе продолжуваат.

За раководителите на затворот г. Шаламанов вели:

Господ да ги прости ти што си заминаа од овде, но немам зборови за опишување на тортурата. Вие сте слушнале од повеќе луѓе. Тортурата се вршеше не само во Идризово, туку и во Централниот затвор, па во Шамац – Сараево итн. Подобро е да не се сеќаваме какви беа тортурите и што поскоро да се заборават, за малку од малку да ја заборавиме омразата. По излегувањето од затворот, тортурата не само што продолжи, туку се зајакна. Полесно се живееше во затворот, отколку животот што го живееме по затворот, затоа што во затворот веќе го знаете кој ви е противник. Надвор вие не знаете кој ви се подметнува. Трпевме тортури, опасностите постојано не демнеа. Ќе излезете од дома а не знаете дали ќе се вратите. Родителите при секое ваше излегување се простуваат од вас, како да нема повеќе да ве видат, а тоа им се читаше во нивните погледи. Постојано ве следат. Затоа јас велам подобро да се заборават тие работи, ако може да се заборават. Меѓутоа, тешко е дека некој тоа ќе го заборави, затоа што сите ние сносиме психички последици и не само тоа. Ако не се уништени документите од тоа време, може да се прочита како се составувани списоците за лицата кои требаше да бидат отстранети, па и ликвидирани. Сето тоа е незамисливо. Како човек е способен за такви методи на малтретирање на друг човек, па макар бил и непријател. Јас само ќе ви речам кога историјата ќе ги собере сите податоци, ќе видите каков бил тој систем. Систем кој на ваков начин го положил испитот, никогаш да не се повтори. Но, се разбира, имало и убави работи раскажува г. Шаламанов и додава:

Зошто да дискутирам дали сум јас Бугарин или Македонец? Дали Бугаринот дискутира дали е Македонец или Бугарин, или Србинот дали е Србин? Ако јас припаѓам и имам чувство дека сум Македонец, зошто со некого да се впуштам во расправа дали сум Македонец или нешто друго. Тоа е негов проблем. Јас немам проблем, јас сум Македонец и друго не можам да бидам. Ако живеам во Бугарија сум носител на бугарско државјанство и таму можам да бидам само бугарски Македонец. Ако Бугаринот живее во Македонија и има македонско државјанство, може да биде само македонски Бугарин, а Србинот во Македонија врз основа на државјанството може да биде само македонски Србин. Што сакам да потенцирам? Оној кој живее во Македонија, независно на кој етникум припаѓа, по основ на државјанство е Македонец и ќе ги ужива правата кои му ги обезбедува државата, но ќе ги исполнува обврските кои произлегуваат од тие права. Тоа важи за сите, со тоа што никому нема да му се ускратат негувањата на нивните сваќања, култура, обичаи, т.е се што припаѓа на неговиот етникум и вера.




За Здружението “Радко” тој вели дека не го прочитал Статутот. Но, објаснува дека како што постои Здружение на Србите, може да постои и Здружение на другите националности и додава:

Кога веќе сме дозволиле да постојат вакви Здруженија, нека постојат, но во рамките на правата и обврските кои произлегуваат од Уставот. Не може да дојде Србин и мене да ми рече дека ”Македонец значи поробен Србин” или Бугарин да ми рече дека “Македонец значи поробен Бугарин”.

Кодошите Шаламанов ги нарекува “малите кодоши”. Треба да се осудат методите за создавање на кодошкиот систем кој го измислил тогашниот режим.



Р Е Х А Б И Л И Т А Ц И Ј А Т А


Кога на господинот Шаламанов му го поставивме прашањето за Предлог – законот за рехабилитација на прогонуваните и за бришењето на пресудите, тој нам ни го постави прашањето што подразбираме под поимот рехабилитација и одговори:

Јас под поимот рехабилитација подразбирам медицинска рехабилитација, што значи некој е медицински болен и дека треба последиците од болеста да се сведат на минимум. Но, треба да зборуваме за политичката. Јас не сакам рехабилитација. Мене пресудата ми е диплома кој сум, што сум, и од пресудата не се откажувам, со тоа сакам да го напуштам овој свет. Јас сега вам да ви поставам едно прашање: дали властите на СРЈ и подоцна СФРЈ, полагаа право на континуитет во Кралството Југославија? Секако полагаа. Дали судените комунисти за време на Кралството Југославија, властите на СРЈ и СФРЈ им предлагаа на комунистите да поднесуваат барање за рехабилитација? Не, туку ваквите луѓе уживаа посебно внимание. Идејата која сум ја носел во 1947 година, за која сум осуден и денеска ја носам. Ако се третира дека тоа претставувало кривично дело, во име на континуитетот и денес би требало да претставува кривично дело и сите би требало да бидеме таму каде што сме биле тогаш.

Тој повеќе тежи кон одредени признанија и права, а се разбира и материјалната подршка за оние на кои им е загрозена егзистенцијата. На нашата констатација дека е срамота луѓето кои се бореа за македонската кауза да се најдат во бедна матрејална состојба, Шаламанов одговори дека за тоа треба да прашаме некој друг и додаде:

Ние не можевме ништо да направиме на тој план. Уште од првиот ден се ставивме на располагање на Македонија. Не сакам поништување на пресудата, туку признание што не подразбира само материјализирање. Овдека во предност е предноста кон нашата идеја, она што нас не прави тоа што сме. Тоа се моите сваќања.



СТРУМИЧКАТА ПЕТОРКА




Господин Шаламанов ни раскажа за своите истомисленици, за Ѓорѓи Јармов, за Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев. Тогашниот систем создаде извршители да убијат пет прекрасни момчиња.

Таму луѓето од далечната 1946 – 47 година кои одеа по овие патишта, во сопствената средина, или пак нивните деца претставуваат авторитет. Не авторитет со силеџиство, туку авторитет со добар однос, добро учење, почитување, да не речам тие беа луѓе елита во своето однесување, не по богатсвото, туку по други карактеристики, со оглед на учењето, примарниот однос, вели г.Шаламанов.

Бидејќи тој добро ги познаваше овие млади луѓе, а со оглед на шпекулациите, го прашавме какво било нивното национално чувство, а тој ни одговори: Сите овие млади луѓе беа македонски патриоти и нивното национано самочувство беше само македонско и никакво друго. Во однос на врховизмот, се произнесувам дека ваквите идеи од каде доаѓам, сметам дека се подеднакво опасни за Македонија.

Господинот Шаламанов ни раскажа како од политички причини биле исклучени од гимназијата и распрснати низ Македонија. Меѓу нив биле и Љупчо Топчев во Охрид, Живко Костуранов во Штип, Стојан Терзиев во Кочани, Кирил Басеф во Куманово, Томе Шаламанов во Битола, па во Кавадарци. За тврдењата дека денешната ВМРО – ДПМНЕ само го злоупотребува името ВМРО, Шаламанов вели:

Јас сум припадник на ВМРО – ДПМНЕ. Програмата на ВМРО – ДПМНЕ ми беше најблиска до моите сваќања што ги имав уште од 1947 година. Не можам да ги прифатам програмите на другите партии, затоа што тие се дистанцираат од моето основно сваќање сврзано за Македонија, за тоа како таа ќе се развива. Мене ми е многу жал што Македонецот кон Македонецот се однесува онака како што се однесува. Партиите за основните постулати треба да се разберат и по пат на консензуз да ги утврдат. И, се разбира, да ги прифатат основните постулати, постулатите за постоењето на Македонија како држава и на Македонците како народ, да најдат врз тие основи заеднички јазик и став. По основа на развојот на идејата нека се подвојуваат.
20-03-2010, 02:01 AM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,424
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#38

(24-02-2010, 03:57 AM)vancevtodor Wrote:
(24-02-2010, 03:06 AM)mungos Wrote: Тоа е факт дека се манипулира со народот,но еден ден ќе заметиме ако не ние нашите поколенија.


Rabotava Mungose mora nie da ja raschistime. Ovaa ne smee da se ostavi na pokolenijata. Ako go ostavime ke nema MAKEDONSKI POKOLENIJA.

За ова си прав, да знаеш дека ќе нема, .. доколку ние не расчистиме сега.

‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
11-07-2011, 02:02 AM
Reply