Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 11 Vote(s) - 2.27 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Рецепти
Author Message
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#19

Полнет кромид


Потребни состојки:

8 големи главици кромид, 300-500 г домашни колбаси, 4-5 чешниња лук,1 китка магдонос,1 филџан за кафе лебни трошки (или сув леб),1 филџан за кафе млеко,1 филџан за кафе масло за јадење,1 говедска коцка за супа вода и сол по потреба.


Начин на приготвување: главиците кромид се лупат и се ставаат да се варат 5 минути во солена вода. Така сварени се вадат и се оставаат да се исцедат и да се оладат. Потоа со мала лажичка или сo нож се длабат во средината. Средината што ќе се извади ситно се сечка и се пропржува во тава на загреано масло околу 5 минути, колку да омекне и кромидот да добие стаклеста боја. Потоа се додаваат ситно исечканите домашни колбаси, истолчениот лук и лебните трошки или сувиот леб (кој претходно го потопуваме во млекото). Сето тоа добро се пржи и на крај се додава исечкан магдонос.


Главиците кромид во издлабената средина се полнат со приготвениот фил. Се редат во земјана тава една до друга исправени со отворот нагоре. Остатокот од филот се реди околу кромидот на дното од тавата.


Говедската коцка за супа ја ставаме со 2,5 дл вода да проврие. Полнетиот кромид во тавата го прелеваме со приготвената супа. Потоа ја ставаме тавата да се пече во загреана рерна на 250°С околу 45 минути. Повремено ја отвораме рерната за да провериме да не загори кромидот. Ако забележиме дека кромидот подгорува, тогаш ја намалуваме температурата на 200°С. Тавата е готова кога кромидот ќе омекне, ќе поцрвени и течноста од тавата ќе испари. Се служи топло со гарнир од варен ориз, варен компир и салата по вкус.
20-08-2010, 12:53 AM
Reply


Messages In This Thread
Рецепти - by mence - 01-01-2010, 07:23 PM
RE: Recepti - by mence - 01-01-2010, 08:06 PM
RE: Recepti - by mence - 01-01-2010, 08:09 PM
RE: Recepti - by mence - 04-01-2010, 03:02 AM
RE: Recepti - by mence - 05-01-2010, 01:51 PM
RE: Recepti - by mence - 05-01-2010, 03:23 PM
RE: Рецепти - by mence - 12-01-2010, 08:02 PM
RE: Рецепти - by mence - 13-01-2010, 02:27 PM
RE: Рецепти - by mence - 18-01-2010, 12:07 AM
RE: Рецепти - by mence - 28-01-2010, 02:27 PM
RE: Рецепти - by mence - 04-02-2010, 01:32 PM
RE: Рецепти - by mence - 08-02-2010, 01:59 AM
RE: Рецепти - by mence - 10-02-2010, 02:19 PM
RE: Рецепти - by mence - 10-02-2010, 08:13 PM
RE: Рецепти - by mence - 21-05-2010, 08:07 PM
RE: Рецепти - by mence - 21-05-2010, 08:18 PM
RE: Рецепти - by mence - 21-07-2010, 02:00 PM
RE: Рецепти - by mence - 23-07-2010, 01:41 PM
RE: Рецепти - by mence - 20-08-2010, 12:53 AM
RE: Рецепти - by mence - 01-09-2010, 04:23 PM
RE: Рецепти - by mence - 23-09-2010, 08:33 PM
RE: Рецепти - by Il Schismatico - 20-12-2010, 05:16 PM
RE: Рецепти - by Вовата - 20-12-2010, 07:40 PM
RE: Рецепти - by montehristo - 20-12-2010, 08:41 PM
RE: Рецепти - by Вовата - 20-12-2010, 08:54 PM
RE: Рецепти - by Вовата - 20-12-2010, 07:36 PM
RE: Рецепти - by Il Schismatico - 21-12-2010, 08:26 AM